DREMEL Versa PC10 - Мултифункционални алати

Versa PC10 - Мултифункционални алати DREMEL - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Versa PC10 DREMEL во PDF формат.

📄 128 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice DREMEL Versa PC10 - page 112
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : DREMEL

Модел : Versa PC10

Категорија : Мултифункционални алати

Преземете ги упатствата за вашиот Мултифункционални алати во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Versa PC10 - DREMEL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Versa PC10 на марката DREMEL.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Versa PC10 DREMEL

Оригинална EU-изјава за сообразност Мала ротациона алатка Број на артикл Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај:

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА И СИТЕ УПАТСТВА Ако не се следат предупредувањата и упатствата, може да дојде до повреда. ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ a. Бидете внимателни, внимавајте што правите 111и користете здрав разум додека ракувате со електричниот алат. Не користете го електричниот алат ако сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекарства. Само еден момент на невнимание додека ракувате со електричен алат може да доведе до сериозни телесни повреди. b. Користете опрема за лична заштита. Секогаш носете заштита за очите. c. Не пресегнувајте се премногу. За сето време одржувајте стабилна положба и рамнотежа. Тоа Ви овозможува подобра контрола над електричниот алат во неочекувани ситуации. d. Носете прописна облека. Немојте да носите широка облека или накит. Косата, облеката и нараквиците држете ги понастрана од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса можат да се заплеткаат меѓу подвижните делови. УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ НА АЛАТОТ a. Немојте да го форсирате алатот. Користете соодветен алат кој е потребен за вашата дадена ситуација. Со соодветниот алат подобро и побезбедно ќе ја завршите работата за која е дизајниран. b. Немојте да го користите алатот доколку не работи прекинувачот за вклучување и исклучување. Секој алат којшто не може да се контролира со помош на прекинувач, е опасен и мора да се поправи. c. Чувајте го алатот подалеку од дофат на деца и не дозволувајте им на лицата кои не се упатени во алатот или во овие упатства да ракуваат со него. Алатите можат да бидат опасни во рацете на корисници кои не се обучени. d. Одржувајте ги алатите. Проверете дали спојните или подвижните делови се добро нагодени, дали деловите се во исправна состојба, и сите други услови кои би можеле да влијаат врз работата со алатот. Ако алатот е оштетен, дајте го на поправка пред повторната употреба. Многу несреќи биле предизвикани од лошо одржуван

e. Ако постои некаква можност да биде оштетен од машината или детергенти или површината да се обезбои, се препорачува да се провери компатибилноста на безбедно место пред употребата. f. Не користете нерастворени киселини, ацетон или разредувачи. g. Не користете запаливи течности. h. Не допирајте или не внесувајте спроводливи предмети (како шрафцигер или слично) во micro-USB отворот.

i. Немојте да вршите никакви промени или

модификации на машината. Неовластените модификации може да ја попречат безбедноста на вашата машина, да предизвикаат зголемена бучава и вибрации и слаба работа. j. Алатот, приборот и бургиите користете ги во согласност со овие упатства, земајќи ги предвид работните услови и работата што треба да се заврши. Употребата на алатот за работи за коишто тој не е предвиден, може да предизвика опасни ситуации. КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА АЛАТОТ НА

a. Полнете само со помош на полнач којшто го препорачува производителот. Полначот кој одговара за еден вид батерии може да предизвика пожар ако се користи со друг вид батерии. b. Користете го алатот само со специфично дизајнираните батерии. Употребата на било кој друг вид батерии може да предизвика ризик од повреди и пожар. c. Кога батериите не се користат, држете ги настрана од други метални предмети какви што се спојки, метални пари, клучеви, клинови, шрафови или други ситни метални предмети кои можат да предизвикаат спојување на едниот приклучок на батеријата со другиот. Краткото спојување на приклучоците на батериите може да предизвика изгореници или пожар. d. Во случај на ненаменска употреба, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. Ако дојде до случаен контакт, измијте се со вода. Ако течноста дојде во контакт со очите, побарајте медицинска помош. Течноста која истекла од батериите може да предизвика иритација или изгореници. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА СИТЕ ВИДОВИ ОПЕРАЦИИ a. Операторот мора да ја користи машината согласно законите. Тој/таа мора да ги земе предвид локалните услови и да биде свесен/свесна за останатите луѓе, особено децата, додека работи со машината. b. Особена грижа треба да се примени кога се користи машината на височина. c. Не наведнувајте се низ прозорецот додека ја користите машината. d. Операторот е одговорен за луѓето што работат во областа. e. Не користете прибор кој не е специјално дизајниран и препорачан од страна на производителот на алатот. Самата можност да се приклучи прибор на вашиот алат, не означува дека тој е сигурен и безбеден за работа. f. Номиналната брзина на додатокот мора да биде поголема или еднаква на максималната брзина што е означена на алатот. Додатокот што работи со брзина поголема од неговата номинална брзина, може да се скрши и да се

g. Надворешнот пречник и дебелината на вашиот прибор мора да бидат во рамките на капацитетот на алатот. За несоодветно димензионираните додатоци не може адекватно да се постави заштита и да се контролираат. h. Приборот со навојно прикачување мора да се совпаѓа со навојот на вретеното. Отворот на приборот што се прикачува со подлошки мора да се совпаѓа со дијаметарот на подлошката. Приборот кој не одговара на вретеното на алатот ќе се врти ексцентрично, додатно ќе вибрира и може да предизвика губење на контролата.

i. Немојте да користите оштетен прибор.

  • Проверете пред секоја употреба дали на приборот, како што е брусната плоча или брусната подлога, дали има пукнатинки и дали се прекумерно изабени и дали на жичената четка има лабави или искршени жици. Ако алатот или приборот ви паднале, проверете дали има оштетувања или монтирајте неоштетен прибор. По прегледувањето и монтирањето на приборот, оддалечете се и останатите присутни лица од површината на ротациониот прибор и вклучете го електричниот алат да работи во траење од една минута со максимален број на вртежи. 112Оштетениот прибор обично ќе се скрши во текот на ова тестирање.j. Овој уред не е наменет за употреба од страна на лица (вклучително деца) со намалени телесни, сензорни или ментални способности, или лица кои немаат доволно искуство и знаење, освен ако се под надзор и ако добиваат упатства за ракување со уредот од лице кое е одговорно за нивната безбедност.k. Лицата кои се наоѓаат во близина нека стојат на доволна оддалеченост од работниот простор. Лицата што ќе останат во Вашиот работен простор мора да носат опрема за лична заштита. Честички од работниот предмет или од скршениот прибор можат да летаат наоколу и да предизвикаат повреда надвор од непосредниот работен простор.l. Никогаш не спуштајте го алатот додека движењето на приборот целосно не запре. Ротирачкиот прибор може да ја зафати површината на која го оставате, а вие да изгубите контрола над алатот.m. Никогаш не вклучувајте го алатот додека го носите. Случајниот контакт со ротациониот прибор би можел да Ви ја зафати облеката, а некој дел од приборот би можел да Ви се зарие во телото.n. Децата треба да бидат надгледувани за да се осигурите дека нема да си играат со уредот. НЕМОЈТЕ ДА РАБОТИТЕ СО МАТЕРИЈАЛИ ШТО СОДРЖАТ АЗБЕСТ (азбестот се смета за канцероген) ПРЕЗЕМЕТЕ ЗАШТИТНИ МЕРКИ АКО ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА СЕ СОЗДАДЕ ПРАШИНА КОЈА Е ШТЕТНА ПО ЗДРАВЈЕТО, ЗАПАЛЛИВА ИЛИ ЕКСПЛОЗИВНА (некои видови прашина се сметаат за канцерогени); носете заштитна маска против прашина и користете правосмукалка за отпадоци, ако може да се приклучи СПЕЦИФИКАЦИИ Број на моделот
  • PC10Напон p. 3
  • ,6 VБрзина p. 2
  • .200/minМакс. прибор ∅ p. 64
  • mmКапацитет на батеријата p. 7
  • ,2 AhТежина p. 0
  • ,452 kg Влез p. 100
  • -240 Vac, 50/60 Hz, 150 mAИзлез p. 5
  • ,0 Vdc, 1,0 AТежина ,1 kgСекогаш проверете дали напонот е ист како напонот што е наведен на плочката од полначот. p. 0

A. ДршкаB. Micro USB портаC. Сијалички за полнењеD. Навоен врат на осовинкаE. Micro USBF. USB кабел за полнењеG. USB H. Адаптер за напојувањеI. Копче за вклучување/исклучувањеJ. ОтворK. ИгличкаL. Заштита од прскање*M. Четка - PC364*N. Брусна подлогаO. Задна странаP. ПриборQ. Подлога за бришење бела пена – PC362*R. Сина микрофибер подлога што не се гребе – PC363*S. Кафена абразивна подлога за тешки работи – PC361**) не е стандардно вклучено ПОЛНЕЊЕ И БАТЕРИИ

  • Овој полнач може да го употребуваат деца на 8-годишна возраст и поголеми, како и лица коишто имаат физички, сензорни или ментални ограничувања или недостаток од искуство или познавање само доколку лицето одговорно за нивната безбедност ги надгледува или им дава инструкции како безбедно да го користат полначот, и само доколку ги разбираат опасностите од користењето (инаку постои опасност за грешки во работењето или за повреди).
  • Надгледувајте ги децата (така ќе се осигурите дека тие не си играат со
  • Користете само полначи што се совпаѓаат со точните спецификации како што е претходно опишано.
  • DREMEL полнач 26150510AB (U.K. 26150510AC) компатибилен со оваа алатка• Не изложувајте ја алатката/полначот/батеријата на
  • Не полнете ја батеријата во услови на влага 113• Не употребувајте го полначот кога тој е оштетен. Однесете го на безбедносна проверка кај официјален DREMEL сервисер
  • Не го употребувајте полначот кога се оштетени кабелот или приклучокот; треба веднаш да ги замените кај еден од официјалните сервисери на DREMEL
  • Не употребувајте ја батеријата кога е таа оштетена. Треба веднаш да се замени
  • Не расклопувајте го полначот или батеријата
  • Не обидувајте се да полните батерии што не се за повторно полнење со овој полнач

– 0...+45ºC кога се полни – -20...+50ºC додека работи – -20...+50ºC при складирање ПАТРОНОТ СО БАТЕРИЈАТА ЗА ПОЛНЕЊЕ Користете адаптер за напојување што се совпаѓа со спецификациите горе за полнење Dremel Versa. Полнење на Dremel Versa со USB кабел од Dremel. Користењето други USB кабли може да резултира со оштетување на алатот и имотот, како и со лични

Вашиот Dremel PC10 не го добивате фабрички целосно наполнет. Пред првата употреба, не заборавајте да го наполните алатот.

1. Приклучете USB кабел „F“ во USB портата на

адаптерот за напојување „H“. Ако не е вклучен адаптер за напојување, полнете ја алатката со USB приклучок од минимум 5V/1A.

2. Приклучете го адаптерот за напојување „H“ во

3. Приклучете micro USB „E“ во Micro USB портата „B“.

4. Индикаторот за наполнета батерија I го индицира

процесот на полнење. Сината LED сијаличка лоцирана на куќиштето од алатката под USB излезот ќе се вклучи за да сигнализира дека батеријата се полни. Кога алатот е целосно наполнет (прибл. 2 часа и 45 минути), полнењето автоматски ќе запре и сината LED сијаличка ќе се исклучи.

5. Нормално е за рачката на алатката да се затопли

додека таа се полни. Напомена: функцијата за полнење запира додека алатката работи и продолжува откако таа ќе биде исклучена.

6. Ако батеријата целосно се наполни, исклучете го

Micro USB крајот на кабелот „Е“ од алатката

7. Исклучете го адаптерот за напојување од штекерот

(освен ако полните друга алатка).

8. Кога батеријата е испразнета, алатот ќе се исклучи

автоматски. Tоа ќе биде ненадејно запирање, наместо постепеното забавување на вртењето на алатот. Едноставно наполнете ја повторно алатката. ВАЖНИ НАПОМЕНИ ВО ВРСКА СО ПОЛНЕЊЕТО Литиумската-јонска батерија ќе стои наполнета додека е складирана најмногу 2 години, така што секогаш ќе биде подготвена кога ви е потребна.

  • Полначот е дизајниран за брзо полнење на батеријата само кога температурата е во распон меѓу 0°C и 45°C.
  • Значителното смалување на работното време по едно полнење може да значи дека работниот век на батеријата е при крај и дека батеријата треба да се замени. За сервисирање на алатката, стапете во контакт со некоја од официјално регистрираните сервисери на DREMEL
  • Ако батеријата не се полни исправно: a. Проверете го напонот на излезот така што ќе приклучите некој друг елетричен уред. b. Проверете дали излезот е поврзан со прекинувач за светло кој ја исклучува струјата кога светлата се исклучени. c. Проверете ги USB терминалите за валканици. Ако е потребно, исчистете ги со памучна крпа и

d. Проверете за да видите дали USB кабелот е соодветно поврзан со алатката и адаптерот за напојување. e. Ако сè уште немате исправно полнење, испратете го алатот и адаптерот за напојување во сервисниот центар на Dremel. Напомена: Со користењето на адаптери за напојување или батерии кои не ги испорачал Dremel, се поништува гаранцијата.

СЕКОГАШ ИСКЛУЧУВАЈТЕ ГО АЛАТОТ ПРЕД ДА МЕНУВАТЕ ДОДАТОЦИ Користете само Dremel алат кој е тестиран и кој е високо продуктивен. Погрижете се да ги прочитате упатствата што Ви се приложени со Вашиот Dremel прибор за натамошни информации во врска со неговата употреба. Внимателно ракувајте и чувајте ги додатоците. МЕНУВАЊЕ НА ПРИБОРОТ

За да го намалите ризикот од повреда, секогаш гледајте алатката да биде на „OFF“ пред да го замените приборот, како брусната подлога, пред да ја отстраните заштитата од прскање или пред да го сервирсирате алатот. ПРИКАЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА ОД ПРСКАЊЕ

За да ја прикачите заштитата од прскање: наредете ги игличките на заштитата со отворите на куќиштето на алатот. Вртете спротивно од стрелките на часовникот додека не биде припиена со алатот. Мора да ја прикачите заштитата од прскање пред да ја прикачите брусната подлога. ПРИКАЧУВАЊЕ НА БРУСНАТА ПОДЛОГА

За да ја прикачите брусната подлога: порамнете ја со навоите на излезниот врат на осовинка и со прст стегнете ја подлогата во насока на стрелките на часовникот. ПРИКАЧУВАЊЕ НА ПРИБОРОТ

Приборот е прикачен за брусната подлога со помош на систем на кука и јамка. За да го прикачите: порамнете ја задната страна, односно „јамката“, на приборот со страната со „кука“ на брусната подлога на алатката. Порамнете го приборот што е можно повеќе со центарот на брусната подлога, за да се ротира концентрично за оптимални резултати и лесна употреба. Приборот ќе ја надвиснува брусната подлога, што овозможува корисникот да допре до аглите и тесните простори. За да го отстраните: повлечете го приборот од брусната подлога. Држете го приборот за задната страна и отстранете го од брусната подлога, но не фаќајте го материјалот како сунѓер/микрофибер. За да ја прикачите четката: прво отстранете ја брусната подлога целосно, потоа прикачете ја четката со порамнување на навоите на излезниот врат на 114осовинка и стегнете ја четката со прсти со вртење во спротивна насока од стрелките на часовникот.

VERSA ПРИБОР. ДРУГИОТ ПРИБОР НЕ Е СОЗДАДЕН ЗА ОВАА АЛАТКА И МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ЛИЧНИ ПОВРЕДИ ИЛИ ОШТЕТУВАЊЕ НА ИМОТОТ. Чувајте го приборот на суво и на амбиентална температура за да избегнете оштетување.

СЕКОГАШ УСОГЛАСЕТЕ СЕ СО УПАТСТВАТА ЗА УПОТРЕБА, ИСФРЛАЊЕ И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДАДЕНИ ОД ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НА СРЕДСТВОТО ЗА ЧИСТЕЊЕ. Неправилната употреба може да предизвика лична повреда и штета по имотот. Dremel Versa е создаден да работи со средства за чистење како спреј, пена, гел или течност. Пред да користите раствори за чистење, прочитајте ги и следете ги предупредувањата на производителот, како и упатствата за работа. Заштитете ја околната средина кога чистите за да ја заштитите од прскање. Користете ја заштитата од прскање на отворени површини за да спречите прскање. Се препорачува директна примена на вода и агенс за чистење на површината што треба да се чисти и/или приборот. Ако применувате вода или агенс за чистење директно на приборот, истресете ја прекумерната течност или вклучувајте го и исклучувајте го алатот брзо во заштитена околина (пр. во кофа или лавабо) со цел да спречите прскање. За да започнете со чистењето, притиснете го и пуштете го копчето за вклучување/исклучување (Слика 1) додека приборот е во контакт со површината што треба да се чисти. Алатот веднаш ќе ја постигне потребната брзина. Нежно притиснете ја површината што треба да се чисти, но не притискајте пресилно за алатот да може да работи. Движете го алатот со кружни движења. Не држете го алатот на иста точка повеќе од 5 секунди. За да го исклучите алатот, притиснете го и пуштете го копчето за вклучување/исклучување. EЛЕКТРОНСКО НАДГЛЕДУВАЊЕ Алатката е опремена со внатрешен електронски систем за надгледување со кој се максимизира работата на моторот и на батеријата со ограничување на струјата во алатката кога има преголем или премал напон. Ако алатот премногу долго мирува, автоматски ќе се исклучи. Штом се случи тоа, само притиснете го и пуштете го копчето за вклучување/исклучување двапати за алатот повторно да стартува, а потоа продолжете го да го користите. Кога батеријата ќе биде речиси празна, алатот може почесто да се исклучува од обично. Доколку се случува ова, време е да се наполни алатот.

Комплетот вклучува брусна подлога, заштита од прскање и 4 различни прибори. Тестирајте мал дел од површината што имате намера да ја чистите за да видите дали е прифатливо чистењето. ЗАШТИТА ОД ПРСКАЊЕ Се препорачува употреба на заштита од прскање за сите примени на влажно чистење. Држете ја заштитата од прскање во „продолжена“ позиција додека алатот работи со цел заштита од прскање вода и раствор за

За да допрете до тесните простори, заштитата од прскање може да се вовлече во „горна“ позиција. За целосно да ја отстраните заштитата од прскање, исклучете го алатот, одвртете ја брусната подлога, а потоа завртете ја заштитата од прскање за четвртина круг за да ја отстраните. Зашрафете ја назад брусната

ПОДЛОГА ЗА БРИШЕЊЕ БЕЛА ПЕНА – PC362* Повеќенаменска подлога препорачана за употреба на тврди површини, како работни површини, стакло, под, лајсни, врати, ѕидови што не се фарбани, чевли и рѓосувачки челични уреди. Поради микро-абразивната технологија, подлогата ќе помогне во отстранувањето дамки без потреба за абразивно средство за чистење; сепак, ако површината што се чисти не е доволно тврда, може да се изгребе од материјалот. Тестирајте мал дел со слабо притискање пред употреба. Не е препорачано за следните површини: Дрво со висок сјај, полирана и четкана површина, површина од сатен, лажна кожа или гола површина; нерѓосувачки челик; облога што не се лепи или телото на автомобил. СИНА МИКРОФИБЕР ПОДЛОГА ШТО НЕ СЕ ГРЕБЕ – PC363* Се препорачува за тешки задачи без гребење. Добро за употреба со тенџериња и тави, надворешноста на скара, лавабо, површината и решетката на шпорет, кујнски уреди и надворешен алат/опрема. КАФЕНА АБРАЗИВНА ПОДЛОГА ЗА ТЕШКИ РАБОТИ – PC361* Абразивната подлога има ситен песок за поагресивно чистење и отстранување, како подготовка на метал, мебел за двор, отстранување боја, необложен прибор за готвење и повеќе. Брзо сече и отстранува закоравени маси. ЦРНА НАЈЛОНСКА ЧЕТКА – PC364 Се користи за тешко четкање, како: талог, фелни од автомобил, лавабоа, вградени елементи, опрема, мебел за веранда и разни други површини во бањата

Трајните полипропиленски четки се поставени под агол за да можете подобро да навлезете во аглите. ЗАШТИТА ОД БЛОКАДА Овој алат има вградена заштита од блокада за да ги штити моторот и батеријата во случај на блокада. Ако примените преголем притисок врз алатката предолго, моторот ќе престане да работи. Едноставно тргнете го алатот од материјалот и рестартирајте го алатот со копчето за вклучување/исклучување. Кога батеријата ќе биде речиси празна, алатот може почесто од обично да се исклучува автоматски. Доколку се случува ова, време е да се наполни батеријата. ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ

ВНАТРЕ НЕМА ДЕЛОВИ ШТО МОЖЕ ДА ГИ СЕРВИСИРА КОРИСНИКОТ. ПРЕВЕНТИВНОТО ОДРЖУВАЊЕ ШТО ГО ВРШАТ НЕОВЛАСТЕНИ ЛИЦА МОЖЕ ДА ИМА ЗА РЕЗУЛТАТ НЕИСПРАВНО ПОВРЗУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИТЕ ЖИЦИ И КОМПОНЕНТИ,КОЕ, ПАК, МОЖЕ ДА ПРЕДИЗИВКА СЕРИОЗНИ ОПАСНОСТИ. Алатот најдобро се чисти со сув компримиран воздух. Секогаш носете заштитни очила кога ги чистите алатките со компримиран водух. 115! ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНАТ НЕСРЕЌИ, ПРЕД ЧИСТЕЊЕ СЕКОГАШ ИСКЛУЧУВАЈТЕ ГО ЕЛЕКТРИЧНИОТ АЛАТ И/ИЛИ ПОЛНАЧОТ ОД ИЗВОРОТ НА СТРУЈАОтворите за вентилација и прекинувачите мора да се одржуваат чисти и без туѓи материи. Не обидувајте се да го чистите алатот со пикање на остри предмети низ отворите. ОДРЕДЕНИ СРЕДСТВА ЗА ЧИСТЕЊЕ И РАСТВОРУВАЧИ МОЖАТ ДА ГИ ОШТЕТАТ ПЛАСТИЧНИТЕ ДЕЛОВИ. Некои од нив се: бензин, јаглероден тетрахлор, хлорирани раствори за чистење, амонијак и детергенти за домаќинството кои содржат амонијак. СЕРВИС И ГАРАНЦИЈА Ние Ви препорачување сервисирањето на сите алати да се врши во сервисите на Dremel. Овој продукт на Dremel има гаранција во склад со одредбите пропишани со закон/специфични за земјата; оштетувањата поради нормалното користење и абење, преоптоварување или непрописно користење се изземени од гаранцијата.Во случај на рекламација, алатот и/или полначот испратете ги до вашиот дистрибутер во нерасклопена состојба, заедно со доказот за купување. КОНТАКТ СО DREMEL За повеќе информации во врска со сервисирањето и гаранцијата, асортиманот на фирмата Dremel, поддршка и телефонски број посетете нè на www.dremel.com. БУЧАВОСТ И ВИБРАЦИИ Ниво на звучен притисок (стандардно отстапување 3dB) dB(A) 57Вибрации (троосен векторски збир) m/s

1,4 Непредвидливост на вибрации K m/s

1,5 НАПОМЕНА: Наведената вкупна вредност на вибрациите е измерена во согласност со стандардниот метод на тестирање и може да се користи за споредување на еден алат со друг. Исто така може да се користи и во прелиминарната проценка на изложеност.Емисијата на вибрации за време на стварната употреба на алатот може да се разликува од наведената вкупна вредност, во зависност од начинот на кој го користите алатот. Направете процена на изложеноста во стварни услови на употреба и идентификувајте ги соодветните безбедносни мерки за лична заштита (земете ги предвид сите делови од работниот циклус, како што е времето кога алатот е исклучен и кога работи во празен ôд, освен времето на активирање). ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОТПАДОТ Алатката, батериите, приборот и амбалажата треба да се сортираат заради еколошки поволното рециклирање. САМО ЗА ЗЕМЈИ ОД ЕУ

Според Европската директива 2012/19/EC која се однесува на електричен и електронски отпад и нивната имплементација во склад со националното законодавство, алати на кои им поминал векот на траење мора да се собираат одвоено и да се отстрануваат на еколошки исправен начин.