DREMEL 8240 - Мултифункционални алати

8240 - Мултифункционални алати DREMEL - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 8240 DREMEL во PDF формат.

📄 344 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice DREMEL 8240 - page 309
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за 8240 DREMEL

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Мултифункционални алати во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 8240 - DREMEL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 8240 на марката DREMEL.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 8240 DREMEL

МК Пред да почнете со работа, заради постинување на оптимален учинок, оставете ја Вашата свитлива осовина да работи 2 минути во вертикална положба.

КОРИШТЕЊЕ И ОДРЖАВАЊЕ ЕЛЕКТРИЧНОГ АЛАТА

f. Алат за резање одржавајте оштрим и чистим. Правилно одржаван алат за

КОРИШТЕЊЕ И ОДРЖАВАЊЕ АЛАТА НА БАТЕРИЈЕ

сте изложени дугој галами, можете изгубити слух.

3 од 3 трајна зелена светла = 67-100%

2 од 3 трајна зелена светла = 34-66%

1 од 3 трајна зелена светла = 16-33%

1 од 3 зелена светла која трепере = 0-15%

ДОДАТНА ОПРЕМА ЗА БАЛАНСИРАЊЕ

Прибор може да се оштети за време руковања и може да се распадне у парчад при великој брзини.

- Дрво треба да се сече при великој брзини.

- Гвожђе или челик треба да се секу при великој брзини.

Доколку не се почитуваат сите долунаведени упатства, може да дојде до електричен шок, пожар и/или сериозни повреди. Чувајте ги сите предупредувања и упатства за идно користење. Изразот „електричен алам“ во предупредувањата се однесува на електричниот алам кој се прилучува на електрична мрежа (со кабел) или на електричен алам со батерија (без кабел).

БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНИОТ ПРОСТОР

a. Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Неуредните и темни работни простори можат да предизвикаат незгоди.
b. Не работе со електричниот алат во експлозивна средина, како на пр. во близина на запалливи течности, гасови или прашина. Електричните алати прават искри кои можат да ја запалат прашината или пареата.
с. Додека работите со електричниот алат, оддалечете ги децата и другите лица. Невниманието може да биде причина за губење на контролата.

ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ

a. Приклучницата на алатот мора да одговара на штекерот. Никогаш и на никаков начин немојте да ја модифицирате приклучницата. Немојте да користите адаптери на штекер со заземјени електрични алати. Оригиналните приклучници и соодветните штекери го намалуваат ризикот од електричен шок.
b. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини, какви што

се цевки, радијатори, шпорети и фрижидери. Ризикот од електричен шок е зголемен ако Вашето тело е заземјено.

с. Не изложувајте го алатот на дожд или влажни услови. Водата што їе продре во електричниот алат їе го зголеми ризикот од електричен шок.
d. Немојте да го злоупотребувате кабелот. Кабелот никогаш не користете го за носење, влечење или за ислучување на електричниот алат. Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови и подвижни делови. Оштетените или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од електричен шок.
e. Kога работите со електричниот алат надвор, користете продолжен кабел кој е погоден за надворешна употреба. Користењето на кабел кој е погоден за надворешна употреба го намалува ризикот од електричен шок.
f. Ако работењето со електричен алат на влажна локација не може да се избегне, користете оосигурувач со диференцијална струјна заштита (RCD - residual current device). Користењето осигурувач со диференцијална струјна заштита при дефект го намалува ризикот од електричен шок.

ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ

a. Бидете внимателни, внимавајте што правите и користете здрав разум додека ракувате со електрични алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекарства.

Само еден момент на невнимание додека ракувате со електричен алат може да доведе до сериозни телесни повреди.

b. Користете опрема за лична заштита. Секогаш носете заштита за очите. Заштитната опрема, како на пр. маска против прашина, нелизгачки заштитни чевли, заштитен шлем или заштита за ушите, која се користи

во соодветни услови, їе ја намали можноста од повреди на лицата.

с. Избегнувајте случајно вклучување. Уверете се дека прекинувачот е во исключена положба „off“ пред да го приключите на електрична мрежа и/или патронот со батерија, пред подигнување или носење на алатот. Носењето на електричниот алам со прстот на прекинувачот или прилучувањето на електричниот алам додека прекинувачот е во положба „on“ може да предизвика несреќа.
d. Отстранете ги сите средства за подесување и сите клучеви пред да го включите електричниот алат. Ако оставите клуч или средство за подесување прикачени на некој ротационен дел од електричниот алат, тоа може доведе до телесна повреда.
e. Не пресегнувајте се премногу. За сето време одржувајте стабилна положба и рамнотежа. Тоа Ви овозможува подобра контрола над електричниот алат во неочекувани ситуации.
f. Носете прописна облека. Немојте да носите широка облека или накит. Косата, облеката и нараквиците држете ги понастрана од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса можат да се заплеткаат меѓу подвижните делови.
g. Ако на уредите е прикачен вшмукувач на прашина, проверете дали се добро споени и дали правилно се користат. Користењето собирач на прашина може да ги намали опасностите предизвикани од прашина.
h. Не дозволувајте фактот дека имате искусство со функционирањето на други видови на алатки да ви влијае врз употребата на оваа алатка и поради тоа да ги игнорирате безбедносните правила. Само едно нивнимателно дејство е довольно за да ве повреди во дел од секунда.

КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИОТ АЛАТ

a. Немојте да го форсирате електричниот алат. Користете соодветен електричен алат кој е потребен за Вашата дадена ситуација. Со соодветниот електричен алат подобро и побезбедно ке ја завршите работата за која е дизајниран.

b. Немојте да го користите електричниот алат доколку не работи прекинувачот on/off. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со помош на прекинувач, е опасен и мора да се поправи.

с. Исключете ја приклучницата од штекерот и/или патронот со батеријата од електричниот алат пред да правите било какви подесувања, пред да го менувате приборот или пред да го одложите алатот. Ваквите превентивни мерки на безбедност го смалуваат ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.

d. Чувајте го алатот подалеку од дофатот на деца и не дозволувајте им на лицата кои не се упатени во алатот или во овие упатства да ракуваат со алатот. Електричните алати можат да бидат опасни во рацете на корисници кои не се обучени.

e. Одржувајте ги електричните алати. Проверете дали спојните или подвижните делови се добро нагодени, дали деловите се во исправна состојба, и сите други услови кои би можеле да влијаат врз работата со електричниот алат. Ако алатот е оштетен, дајте го на поправка пред повторната употреба. Многу несреći биле предизвикани од лошо одржуван електричен алат.

f. Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Кога правилно се одржува алатот за сечење со остри рабови за сечење, помала е веројатноста тој да се заглави и полесно се контролира.

g. Електричниот алат, приборот и бургиите користете ги во согласност со овие упатства, земајки ги предвид

работните услови и работата што треба да се заврши. Употребата на електричниот алат за работи коишто тој не е предвиден, може да предизвика опасни ситуации.

h. Одржувајте ги дршките и површините за фаќање суви, чисти и незамастени. Лизгавите дршки и површини за фаќање не дозволуваат безбедно ракување и контрола на алатката во неочекувани ситуации.

КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА АЛАТОТ НА БАТЕРИИ

a. Полнете само со помош на полнач којшто го препорачува производителот. Полначот кој одговара за еден вид батерии може да предизвика пожар ако се користи со друг вид батерии.
b. Користете го електричниот алат само со специфично дизајнираните батерии. Употребата на било кој друг вид батерии може да предизвика ризик од повреди и пожар.
с. Кога батериите не се користат, држете ги настрана од други метални предмети какви што се спојки, метални пари, клучеви, клинови, шрафови или други ситни метални предмети кои можат да предизвикаат спојување на едниот приклучок на батеријата со другиот. Краткото спојување на приклучоците на батериите може да предизвика изгореници или пожар.
d. Во случај на ненаменска употреба, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. Ако дојде до случаен контакт, измијте се со вода. Ако течноста дојде во контакт со очите, побарајте медицинска помош. Течноста која истекла од батериите може да предизвика иритација или изгореници.

СЕРВИС

a. Вашиот електричен алат нека го сервисира квалификуван сервисер со користење само на идентични резервни делови. На овој начин ће се

обезбеди одржување на сигурноста на електричниот алат.

БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА КОЙ СЕ ВООБИЧАЕНИ ЗА БРУСЕЊЕ, ШМИРГЛАЊЕ, ЧЕТКАЊЕ СО ЖИЦА, ПОЛИРАЊЕ, РЕЗБАЊЕ ИЛИ АБРАЗИВНО СЕЧЕЊЕ

a. Овој електричен алат е наменет за употреба при глодање, брусење, работење со жичена четка, полирање или сечење. Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, илустрации и спецификации кои се приложени со оваа алатка. Доколку не се почитуваат сите долунаведени упатства, може да дојде до електричен шок, пожар и/или сериозни повреди.

b. Не користете прибор кој не е специјално дизајниран и препорачан од страна на производителот на алатот. Самото тоа што на Вашиот алат може да се приклучи прибор не значи дека е осигурено и безбедно работење.

с. Номиналната брзина на приборот за брусење мора да биде поголема или еднаква на максимальната брзина што е означена на алатот. Приборот за брусење кој работи со брзина поголема од неговата номинална брзина, може да се скрши и да се разлета.

d. Надворешнот пречник и дебелината на Вашиот прибор мора да бидат во рамките на капацитетот на Вашиот електричен алат. Приборот со неисправна големина не може да соодветно да се контролира.

e. Големината на вретеното на шајбната, на добошите за брусење или на кој и да е друг прибор мора да се фака на вретеното или стезната глава на електричниот алат. Приборот кој не одговара на вретеното на електричниот алат ќе се врти ексцентрично, додатно ќе вибрира

и може да предизвика губење на контролата.

f. Шајбните кои се монтираат на осовинката, добошите за брусење, секачите или другиот прибор мора да бидат целосно вметнати во стезната глава или прстен. Доколку осовинката е недоволно прицврстена и/или пак испустот на шајбната е предолг, монтираната шајбна може да се олабави и да испадне при висока брзина.

g. Немојте да користите оштетен прибор. Пред секоја употреба проверете дали на приборот, како што е брусната плоча или брусната подлога, има пукнатинки или ломови и дали се прекумерно изабени, дали на жичената четка има лабави или искршени жици. Ако електричниот алат или приборот Ви паднале, проверете дали има оштетувања или монтирајте неоштетен прибор. По прегледувањето и монтирањето на приборот, тргнете ја од себе и од останатите присутни лица површината на ротациониот прибор и во траење од една минута включете го електричниот алат да работи со максимален број на вртежи. Оштетениот прибор обично će се скрши во текот на ова тестирање.

h. Носете опрема за лична заштита. Во зависност од уредот, користете заштита за лицето, заштита за очите или заштитни очила. Ако е потребно, носете маска против прашина, заштита за ушите, ракавици и работна престилка која може да заштити од мали честички или отпадоци од брусење. Заштитата за очи мора да штити од разлетаните честички кои настануваат при различни операции. Маската за прашина или респираторната маска мора да бидат во можност да заштитат од разлетаните честички кои настануваат при Вашето работење. Доколку подолготрајно сте изложени на висока бучава, тоа може да предизвика губење на слухот.

i. Лицата кои се наогаат во близина нека стојат на доволна оддалеченост од работниот простор. Лицата што їе останат во Вашиот работен простор мора да носат опрема за лична заштита. Честички од работниот предмет или од скршениот прибор можат да летаат наоколу и да предизвикаат повреда надвор од непосредниот работен простор.

j. Електричниот алат држете го само за делови кога извршувате работи при кои алатот за сечење може да дојде во контакт со скриени електрични водови. Опремата за сечење која ќе дојде во допир со жица под напон, може да предизвика изложените метални делови од електричниот алат да дојдат под напон и да предизвика електричен шок за операторот.

k. Алатот секогаш држете го цврсто во рацете при стартувањето. Реакцијата на вртежниот момент на моторот, додека се забрзува до полна брзина, може да предизвика алатката да се изверти.

I. Секогаш кога е можно, користете штипалки за да го прицврстите обработуваното парче. Никогаш не држете мало обработувано парче во едната рака, а алатот во другата, додека е во употреба. Ако го прицврстите малото обработувано парче, тоа ће Ви овозможи да ги користите рацете за да ја контролирате алатката. Тркалезниот материјал, како што се шипки со типли или цевки имаат тенденција да се виткаат додека ги сечете, па може да предизвикаат бургијата да се извитка или да искокне кон Вас.

m. Никогаш не спуштајте го електричниот алат додека движењето на приборот целосно не запре. Ротирачкиот прибор може да ја зафати повершината на која го одлагате, а Вие да изгубите контрола над електричниот алат.

п. Откако ће смените бургија или ће направите било какво дотерување, проверете дали стезната чаура

стезната глава или кој и да е друг дел за подесување е безбедно прицврстен. Лабавите делови за подесување можат неочекувано да се слизнат и да предизвигуваат губење на контролата, а слободно ротирачките компоненти сосила їе бидат исфрлени.

о. Никогаш не вклучувајте го електричниот алат додека го носите. Случајниот контакт со ротациониот прибор би можел да Ви ја зафати облеката, а некој дел од приборот би можел да Ви се зарие во телото.
р. Редовно чистете ги отворите за вентилација на Вашиот електричен алат. Вентилаторот на моторот ја привлекува прашината во внатрешноста на куќиштето, и прекумерното насобирање на метален прав може да предизвика електрична опасност.
q. Немојте да ракувате со електричниот алат во близина на запалливи материи. Искрите би можеле да ги запалат тие материјали.
г. Немојте да користите прибор кој изискува течни средства за ладење. Користењето вода или други течности за ладење може да предизвика електричен шок.

ПОВРАТЕН УДАР И СООДВЕТНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА

Повратниот удар е ненадејна реакција поради блокирана или заглавена брусна плоча, брусна лента, четка или некој друг прибор. Заглавувањето или блокирањето предизвикува брзо придушување на ротирачкиот прибор кое, пак, предизвикува неконтролираната електрична алатка да биде присилена во правец спротивен од правецот на вртење на приборот. На пример, ако брусната плоча се блокира или заглави во некое работно парче, работ на брусната плоча која се заглавила во работното парче може да се зарие во површината на материјалот и да предизвика испаћање на плочата или повратен удар. Брусната плоча може да отскокне кон или одкај лицето кое ракува со алатот, зависно

од правецот на вртење на брусната плоча на местото на блокирање. Брусната плоча може и да се искрши под вакви околности. Повратниот удар е последица на погрешна употреба на електричниот алат и/или неисправно работење или услови, и може да се избегне ако се преземат соодветните долунаведени мерки на претпазливост.

a. Електричниот алат држете го цврсто и Вашето тело нека биде во положба во која е во состојба да им се спротивстави на силите на повратниот удар. Оператерот може да го контролира повратниот удар доколку се преземат исправни мерки на претпазливост.
b. Бидете посебно внимателни кога работите на агли, остри рабови и сл. Избегнувајте одбивање или блокирање на приборот. Аглите, острите рабови или одбивањето на приборот доведуват до блокирање на ротациониот прибор и тоа може да предизвика губење на контролата или повратен удар.
с. Немојте да приклучувате лист од назабена пила. Таквите продолжетоци честопати предизвикуват повратен удар и доведуват до губење на контролата.
d. Бургијата секогаш ставајте ја во материјалот во истиот правец како остриот крај кој излегува од материјалот (кое е во истиот правец во кој пағаат отпадните иверки). Ако алатот врти во погрешен правец, тоа ће предизвика остриот крај од бургијата да излезе од работа и ће го повлече алатот во овој правец.
e. Kога користите ротациона пила, шајбни за сечење, високобрзински секачи или секачи од волфрам и тврд метал, обработуваното парче секогаш нека биде безбедно прицврстено. Овие шајбни ће се заглават ако се ставени лабаво во жлебот и може да има повратен удар. Ако шајбната за сечење се заглави, самата шајбна обично ће се скриш. Кога ротациската турпија, високобрзинскиот секач или секачот од волфрам или од тврд

метал їе се заглават, тие можат да испаднат од жлебот, а Вие може да ја изгубите контролата над алатката.

БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ВРСКА СО БРУСЕЊЕТО И АБРАЗИВНОТО СЕЧЕЊЕ

a. Користете само шајбни кои се препорачани за Вашиот електричен алат и само за препорачани намени. На пример: немојте да брусите со бочната страна од брусната плоча. Абразивните плочи за сечење се предвидени за периферно брусење, а бочната примена на сила врз брусната плоча може да предизвика тие да се се скршат.
b. За навојни абразивни конуси и приклучоци користете само неоштетени шајбни со осовинки со необработени прирабници кои се со исправна големина и должна. Исправните осовинки ќе ја намалат можноста за кршење.
с. Избегнувајте да ја заглавувате плочата за сечење или да применувате премногу голем притисок. Не обидувајте се да правите премногу длабоко сечење. Преоптоварувањето на брусната плоча го зголемува напрегањето и уште повеće ја искривува или блокира плочата, како и можноста за повратен удар или кршење на плочата.
d. Не доведувајте го Вашето тело во положба пред или зад ротирачката шајбна плоча. Ако плочата на местото на работење се движи од Вашето тело нанапред, во случај на повратен удар, електричниот алам со ротирачката шајбна може да отскокне директно кон Вас.
e. Ако брусната плоча се заглави и иако од било која причина престанете со работата, исключете го алатот и држете го мирно сё додека брусната плоча целосно не се смири. Никогаш не обидувајте се да ја извадите плочата за сечење од работното парче додека брусната плоча сё уште се врти, бидејки во спротивно

може да дојде до повратен удар. Проверете и отстранете ја причината за заглавување или блокирање на шајбната.

f. Немојте повторно да го вклучувате алатот за сечење додека тој се наоја во работното парче. Брусната плоча нека ја достигне својата полна брзина и потоа внимателно продолжете со сечењето. Брусната плоча може да се заглави, да отскокне или да предизвика повратен удар доколку алатот повторно се вклучи додека е на работното парче.

g. Потпрете ги плочите или големите работни парчиња за да го намалите ризикот од блокирање на брусната плоча и од повратен удар. Големите работни парчиња можат да се свиткаат под својата сопствена тежина. Мора да се стават потпирки под работното парче во близина на работ на работното парче од двете страни на брусната плоча.

h. Бидете посебно претпазливи кога правите засечување во веке постоечките сидови или во некои други непрегледни подрачуја. Плочите за сечење можат да ги пресечат гасоводните или водоводните цевки, електричните инсталации или некои други предмети и така да предизвикаат повратен удар.

БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ВРСКА СО ЖИЧЕНИТЕ ЧЕТКИ

a. Имајте предвид дека жичените четки и во текот на вообичаената употреба губат парчиња од жицата. Не ги преоптоварувајте жиците со прекумерно притискање врз четката. Парченцата од жица можат лесно да продрат низ тенката облека и/или да продрат до кожата.

b. Дозволете щ на четкичката да работи со работна брзина барем една минута пред да ја користите. За ова време, никој не треба да стои пред или покрај четкичката. При ова воведно стартување, ќе видат исфрлени лабавите влакна или жички.

с. Отпадоците од ротирачката жичена четка насочете ги спротивно од Вас. Малите честички и ситните делчиња од жицата може да бидат исфрлени под голема брзина за време на употребата на овие четки и може да Ви се забоднат во кожата.
d. Немојте да пречекорувате 15.000 врт./ мин. кога користите жичени четки

НЕМОЈТЕ ДА РАБОТИТЕ СО

МАТЕРИЈАЛИ ШТО СОДРЖАТ

АЗБЕСТ) (азбестот се смета за канцероген)

ПРЕЗЕМЕТЕ ЗАШТИТНИ МЕРКИ АКО ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА СЕ СОЗДАДЕ ПРАШИНА КОЈА Е ШТЕТНА ПО ЗДРАВЛЕТО, ЗАПАЛИВА ИЛИ ЕКСПЛОЗИВНА (некои видови прашина се сметаат за канцерогени); носете заштитна маска против прашина и користете правосмукалка/смукалка за отпадоци, ако може да се приклучи

СПЕЦИФИКАЦИИ

Број на моделот.....8240

Напон....12 V

Брзина 35.000/min

батеријата ..... 2,0 Ah

Тежина 0,66 kg

GAL 12V-20 ПОЛНАЧ

2607226399 (O.K. 2607226401)

Влез 220-240 Vac, 50/60 Hz, 32 W

Секогаш проверете дали напонот е ист како напонот што е наведен на плочката од полначот.

ОПШТО ⑦

A. Навртка на стезната чаура
В. Стезна чаура
C. Капаче (EZ Twist со интегриран клуч*)
D. Копче за блокирање на осовината
Е. Прекинувач за включување/исклучување
F. Прекинувач за променлива брзина
G. Светла на индикаторот за состојбата на полнење на батериите
Н. Батерија
I. Поклопец за ослободување на батериите
J. Закачалка
К. Отвори за вентилирање
L. Клуч
М. Полнач
N. Зелено светло

ПОЛНЕЊЕ И БАТЕРИИ

- Овој полнач може да го употребуваат деца на возраст 8 и поголеми, како и лица коишто имаат физички, сензорни или ментални ограничувања или недостаток од искусство или познавање само доколку лицето одговорно за нивната безбедност ги надгледува или им дава инструкции како безбедно да го користат полначот, и само доколку ги разбираат опасностите од

користењето (во спротивно

постои опасност од грешки во

работењето или повреди)

- Надгледувајте ги децата (така ће се осигурите дека децата не си играат со получот)

  • Користете го само DREMEL полночат GAL 12V-20: 2607226399 (EY); 2607226401 (OK); 2607226403 (ABC).
  • Не изложувајте го алатот/полначот/батеријата на дожд.
  • Не полнете ја батеријата во влажни или мокри средини.
  • Не употребувајте го полночат кога е оштетен; однесете го во една од официјално регистрираните сервисни станици на DREMEL за безбедносна проверка.
  • Не го употребувајте полночот кога кабелот или приклучокот е оштетен; кабелот или приклучокот треба веднаш да бидат сменети во една од официјално регистрираните сервисни станици на DREMEL.
  • Не употребувајте ја батерија кога е оштетена; истата треба веднаш да се замени.
  • Не расклопувајте го полначот или батеријата.
  • Не се обидувајте да полните батерии што не се полнат со полначот.
  • Дозволени надворешни температури (алат/полнач/батерија):
  • при полнење 0... +45°C
  • при работа -20... +50°C
  • при складирање -20... +50°C

3 од 3 постојани зелени светла = 67-100%

2 од 3 постојани зелени светла = 34-66%

1 од 3 постојани зелени светла = 16-33% 1 од 3 зелени светла трепка = 0-15%

Вашиот алат е опремен со напредна електроника која ги штити Li-Ion їелиите во батеријата од оштетување пради прекумерна работна температура и/или потрошувачка на струја. Ако светлата светат црвено и/или алатот престане да работи во текот на поголемо оптоварување, тоа најверојатно покажува дека Li-Ion їелите се речиси на макс. работна температура, а патронот со батеријата треба или да се смени или да се остави да се излади до собна температура пред да продолжите со употребата. Ако алатот автоматски се ислучува поради преоптовареност, прекинувачот мора да се исклучи за неколку секунди, за да му се овозможи на колото да се ресетира пред да се продолжи со употребата.

ПАТРОНОТ СО БАТЕРИЈАТА ЗА ПОЛНЕЊЕ

  1. Приклучете го кабелот на полначот во Вашиот нормален штекер. Без да ја ставате батеријата, Ѽе се запали („ON“) зелената светилка на полначот. Ова покажува дека полначот добива струја и е подготвен за работа.
  2. За да го извадите патронот со батеријата од алатот, притиснете ги јазичињата и извадете ја батеријата од алатот.
  3. Кога ће го вметнете патронот со батеријата во полначот, зеленото светло на полначот ће почне да „ТРЕПКА“. Ова покажува дека батеријата добива брзо полнење.
  4. Кога светлото на индикаторот ће престане да „ТРЕПКА“ (и ће остане постојано зелено светло), брзото полнење е завршено. Патронот со батеријата е целосно наполнет и може да се извади од полначот. Светлото ће престане да трепка за пократко време доколку патронот со батеријата не бил сосема испразнет.
  5. Кога ће почнете со полнењето на патронот со батеријата, постојано зеленото светло може исто така да

значи и дека патронот со батеријата е премногу жежок или премногу ладен. Брзо полнење е можно само ако температурниот опсег на патронот со батеријата е помеѓу 0°C и 45°C. Штом патронот со батеријата ће го достигне точниот температурен опсег, полночат на батеријата автоматски ће се префрли на брзо полнење.

  1. Патронот со батеријата може да се користи иако светлото можеби се уште трепка. На светлото можеби ќе му треба повеće време да престане да трепка, зависно од температурата.
  2. Значителното смалување на работното време по едно полнење може да значи дека работниот век на батеријата е при крај и дека батеријата треба да се замени.
  3. Немојте да заборавите да го исклучите полначот додека е складиран.

ПРИБОР

Користете само тестиран Dremel прибор. Погрижете се да ги прочитате упатствата што Ви се приложени со Вашиот Dremel прибор за натамошни информации во врска со неговата употреба. Внимателно ракувајте и чувајте го приборот за да не дојде до поткршување и напукнување.

МЕНУВАЊЕ НА ПРИБОРОТ ⑨

A. Навртка на стезната чаура
В. Стезна чаура (3,2 mm)
C. Капаче (EZ Twist со интегриран клуч*)
D. Стезна глава Dremel 4486*
E. Копче за блокирање на осовината
F. Клуч

  1. Притиснете го копчето за блокирање на осовината и вртете ја осовината со рака додека копчето не ја блокира осовината.

Да не се активира механизмот за заклучување на осовината додека алатот работи.

  1. Додека е блокирана осовината,

олабавете ја (и не тргајте ја) навртката на стезната чаура. Ако е потребно, употребете клуч за стезната чаура.

  1. Целосно ставете ја бургијата или вретеното од приборот во стезната чаура.
  2. Додека е блокирана осовината, затегнете ја стезната чаура.

EZ TWIST CO ИНТЕГРИРАН КЛУЧ ⑩

Капчето за врвот има интегриран клуч кој ви овозможува да ја олабавувате и стегате стезната чаура без да го користите стандартниот клуч.

  1. Одвртете го капчето од алатката, израмнете го челичниот додаток од внатрешната страна на капчето со помош на навртката на стезната чаура.
  2. Со притиснато копче за блокирање, вртете го капчето спротивно од правецот на вртење на стрелките на часовникот додека ја олабавите навртката на стезната чаура. Да не се активира механизмот за заклучување на осовината додека алатот работи.
  3. Целосно ставете ја бургијата или вретеното од приборот во стезната чаура.
  4. Со притиснато копче за блокирање, вртете го капчето во правецот на вртење на стрелките на часовникот додека ја стегнете навртката на стезната чаура.
  5. Зашрафете го капчето повторно во неговата првобитна положба.

DREMEL CHUCK 4486

Стезната глава Dremel ви овозможува брзо и лесно да ги менувате додатоците на алатите Dremel без да ги менувате стезните чаури. Може да се користи прибор со осовина од 0,8 – 3,2 mm.

За да се разлабави, притиснете го копчето за блокирање на осовината прво и вртете ја осовината со рака додека копчето не ја блокира осовината. Да не се активира механизмот за заклучување на осовината додека алатот работи.

Кога осовината е заклучена, користете го клучот или EZ Twist капачето за врв за да ја разлабавите стезната глава и да ги

отворите стегите.

Извадете го приборот од стезната глава. Доколку е потребно, продолжете да ја разлабавувате стезната глава за новиот прибор да влезе во стегите. Ставете го новиот додаток во стезната глава довольно длабоко така што ќе има растојание од 6 mm помеѓу крајот на стезната глава и почетокот на работниот дел на додатокот. Додека осовината е заклучена, затегнете ја стезната глава со помош на капачето за врвот EZ Twist или клучот за да го прицврстите додатокот.

СОВЕТИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СТЕЗНАТА ГЛАВА DREMEL

- Стезната глава Dremel и стезната чаура и системот на завртки за стезната чаура се заменливи делови на овој алат. Стезната глава ће ви помогне лесно да ги менувате приборите, а стезната чаура и завртката за стезната чаура ће ви овозможат прецизно држење на место на приборот, особено во случај кога има големо странично оптоварување на алатот.

  • Доколку забележите дека приборот се лизга од стезната глава, со помош на EZ Twist капчето или клуч затегнете ја стезната глава околу битот. Доколку и понатаму доаға до лизгање, обидете се со стезната чаура и завртката за стезната чаура.
  • Стегите на стезната глава може да се изместат поради што додатокот може да не се врти правилно и концентрично (да се исфрла од оска).

За повторно да ги наместите стегите, следете ги следните чекори:

  1. Извадете го приборот од стезната глава.
  2. Исчистете ја стезната глава.
  3. Притиснете на копчето за заклучување на осовината и затегнувајте ја стезната глава сё додека стегите не се рашират, приближно 3 mm.
  4. Силно притиснете го крајот на стезната глава врз тврда рамна површина и проверете дали стегите се поставени аксијално.
  5. Продолжете рачно да ја затегате

стезната глава сё додека стегите не се затворат целосно.

  1. Разлабавете ја стезната глава и повторно ставете го приборот сосема право.
  2. Рачно вртете го алатот и внимавајте дали има некакво исфрлање од оска. Доколку очигледно има некакво изместување, повторете ја постапката.
  3. Kога осовината е заклучена, затегнете ја стезната глава со помош на EZ Twist капче или клуч за приборот да се постави на место.
  4. Включете го алатот на најмала брзина и проверете дали има некакво изместување. Доколку очигледно има некакво изместување, проверете дали приборот е поставен право, па повторете ја постапката.

ПРИБОР ЗА БАЛАНСИРАЊЕ

За прецизно работење, важно е целиот прибор да биде во добра рамнотежа (исто како кај пневматиците на Вашиот автомобил). За дотерување или балансирање на приборот, полека олабавете ја навртката на стезната чаура и завртете го приборот или стезната чаура за 1/4. Повторно стегнете ја навртката на стезната чаура и включете го ротациониот алат.

Врз основа на звукот и осетот, треба да сте во состојба да кажете дали Вашиот прибор работи избалансирано. Продолжете со ваквото дотерување сё додека не го постигнете најдобриот баланс.

ДОДАТОЦИ

Алатот Dremel доаға со следните додатоци кои овозможуваат повекенаменско користење:

  • Флексибилна оска *) за прецизно и детално работење или работење на тешко достапни места (225 - страници 9-10)
  • Штитник за заштита од прав и искри (550 - страница 11)
  • Повеќенаменски комплет за сечење за контролирано сечење разновидни материјали (565/566 - страница 12)

  • Комплет за вадење фуга меѓу сидни и подни плочки (568 - страница 13)

  • Правоаголен додаток за користење на додатоците под прав агол на тешко достапни места (575 - страница 14)
  • Платформа за обликување за шмирглање и брусење под свршен агол од 90° и 45° (576 - страница 15)
  • Рачка за прецизно работење за уште подобра контрола над алатот (577 - страница 15)
  • Острилка за косилки за трева и градинарски алатки за лесно и брзо острење под оптимален агол (675 - страница 16)
  • Додатокот за праволиниско и кружно сечење овозможува сечење на совершени кружни отвори и праволиниски резови (678 - страница 17)
  • Вретено „EZ SpeedClic“ за монтирање додатоци „EZ SpeedClic“ (страница 18)

*) Доколку за превпат користите нова флексибилна осовина, држете ја во вертикална положба две минути на најголема брзина на алатот.

НАПОМЕНА: Само дел од додатоците кои се наведени погоре доағаат како стандардна опрема на алатите/ комплетите

КОРИСТЕЊЕ

ПОЧЕТОК

Првиот чекор во користењето на мултифункционалниот алат е да го „почувствувате“ в рака. Земете го в рака и проценете ја неговата тежина и баланс. Почувствувајте го конусот на куќиштето. Овој облик овозможува алатот да го држите како пенкало или молив. ВАЖНО! Првин вежбајте на некој отпадок од материјалот за да видите како работи алатот при големи брзини. Имајте на ум дека Вашиот мултифункционален алат најдобро ће работи при дозволена брзина, во комбинација со исправниот Dremel прибор и приклучоци. Ако е можно, немојте да го притискате алатот за време на

користењето. Наместо тоа, полека спуштете го ротациониот прибор на работната површина на местото на което сакате да почнете со работа. Концентрирајте се на тоа алатот да го водите по работното парче користејки многу мал притисок со раката. Дозволете му на приборот да си ја изврши својата работа.

Обично е подобро работата да се изврши со алатот во повеće фази, отколку да ја завршите целата работа со едно поминување. Нежниот допир Ви овозможува најдобра контрола и ја смалува можноста од правење грешка.

ДРЖЕЊЕ НА АЛАТОТ

Алатот секогаш држете го свртен настрана од Вашето лице. Приборот може да се оштети за време на

ракувањето и може да се распадне на парчиња при голема брзина.

Кога го држите алатот, немојте со раката да ги покривате отворите за вентилација.

Блокирањето на отворите за вентилација може да предизвика прегревање на моторот.

За најдобра контрола кај деталните работи држете го мултифункционалниот алат во раката како пенкало помеѓу палецот и показалецот.

Методата на држење дршка за „голф“ се користи за потешки операции, какви што се брусење или сечење.

ON/OFF (ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО)

Алатот се вклучува („ON“) со помош на лизгачки прекинувач кој се наога на горната страна од кукиштето на моторот.

ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ („ON“), лизнете го копчето нанапред.

ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ („OFF“), лизнете го копчето наназад.

ЕЛЕКТРОНСКИ МОНИТОРИНГ

Вашиот алат е опремен со интерен електронски систем за надгледување кој овозможува „мек старт“, кој ги намалува ударите што се случауваат поради стартот со висок вртежен момент. Системот исто така помага да се максимизира учинокот на моторот и на батеријата со смалување на напонот според алатот, кога ће дојде до блокада (види го делот „Заштита од блокада“). Моторот и патронот со батеријата се штитат со смалување на напонот според моторот во овие ситуации.

ЛИЗГАЧКИ ПРЕКИНУВАЧ ЗА ПРОМЕНА НА БРЗИНАТА

Вашиот алат е опремен со лизгачки прекинувач за менување на брзината.

Брзината може да се подесува во текот на работењето, со лизгање на прекинувачот напред или назад помеѓу некоја од поставките.

За да ја изберете соодветната брзина за секој вид работа, користете парче од материјалот за вежбање.

РАБОТНИ БРЗИНИ ⑬

Видете ја табелата на стр. 17-18 за да ја одредите соодветната брзина за материјалот со којшто работите и кој прибор да го употребите.

Немојте да пречекорувате 15.000 врт./мин. кога користите жичени четки.

Повекето операции можат да се извршат ако алатот го подесите на највисок степен. Меѓутоа, извесни материјали (некои видови пластика и метали) можат да се оштетат бидејки високата брзина се ослободува топлина, и мораат да се обработуваат со релативно мали брзини. Работењето со мали брзини (15.000 врт./мин. или помалку) обычно е најдобро за полирање со прибор за полирање со филц. Сите работи на четкање вршете ги со помали брзини за да го спречите испаћање на парчиња жица од лежиштето на четката. Дозволете му на алатот да ја завршат работата за Вас кога користите помала брзина. Повисоките брзини се посоодветни за тврдо дрво, метал и стакло, како и за дупчење, резбање, сечење, гравирање и врежување жлебови во дрво.

Некон упатства во врска со брзината на алатот:

- Пластиката и останатите материјали кои се топат на ниски температури, треба да се режат при ниски брзини.

  • Полирањето, гланцањето и чистењето со жичена четка мора да се прави при брзини кои не се поголеми од 15.000 врт./мин., за да се спречи оштетувањето на четката и на Вашиот материјал.
  • Дрвото треба да се сече со висок број на вртежи.
  • Железото или челикот треба да се сечат со висок број на вртежи.
  • Доколку ножот од брзорезен челик почне да вибрира, тоа обично значи дека работи со премал број на вртежи.
  • Алуминиум, легури од бакар, од олово, цинк и калај може да се сечат при различни брзини, во зависност од видот на сечењето. Користете парафин (не вода) или друго соодветно средство за подмачкување на ножот, за да спречите сечениот материјал да се лепи на запците од ножот.

НАПОМЕНА: Не е добро да го зголемувате притисокот врз алатот ако алатот не работи исправно.

Обидете се со друг прибор или со подесување на друга брзина за да го постигнете саканиот резултат.

ЗАШТИТА ОД БЛОКАДА

Овој алат има вградена заштита од блокада за да ги штити моторот и батеријата во случај на блокада. Ако вршите преголем притисок врз алатот предолго време, или ја заглавите бургијата во некое работно парче, особено при висок број на вртежи, моторот ће застане. Едноставно извадете го алатот од материјалот во којшто Ви блокирал, и алатот повторно ће почне да се врти со избраната брзина. Ако алатот продолжи со блокадата подолго од 5 секунди, алатот автоматски ће се исклучи сам од себе.

Оваа дополнителна характеристика ће продолжи да ги штити моторот и батеријата од оштетување. Кога батеријата ће биде речиси празна, алатот може почесто од обично да се ислучува автоматски. Доколку се случува ова, време е да се наполни батеријата.

ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ

ВНАТРЕ НЕМА ДЕЛОВИ ШТО МОЖЕ ДА ГИ СЕРВИСИРА КОРИСНИКОТ. ПРЕВЕНТИВНОТО ОДРЖУВАЊЕ ШТО ГО ВРШАТ НЕОВЛАСТЕНИ ЛИЦА МОЖЕ ДА ИМА ЗА РЕЗУЛТАТ НЕИСПРАВНО ПОВРЗУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИТЕ ЖИЦИ И КОМПОНЕНТИ КОЕ, ПАК, МОЖЕ ДА ПРЕДИЗИВКА СЕРИОЗНИ ОПАСНОСТИ.

Алатот најдобро се чисти со сув компримиран воздух. Секогаш носете заштитни очила кога ги чистите алатките со компримиран водух.

Отворите за вентилација и прекинувачите мора да се одржуваат чисти и без туғи материи. Не обидувајте се да го чистите алатот со пикање на остри предмети низ отворите.

ОДРЕДЕНИ СРЕДСТВА ЗА ЧИСТЕЊЕ И РАСТВОРУВАЧИ МОЖАТ ДА ГИ ОШТЕТАТ ПЛАСТИЧНИТЕ ДЕЛОВИ. Некои

од нив се: бензин, јаглероден тетрахлор, хлорирани раствори за чистење, амонијак и детергенти за дома Kinството кои содржат амонијак.

СЕРВИС И ГАРАНЦИЈА

Ние ви препорачуваме сервисирањето на сите алати да се врши во сервисите на Dremel.

Овој продукт на Dremel има гаранција во склад со одредбите пропишани со закон/специфични за земјата; оштетувањата поради нормалното користење и абење, преоптоварување или непрописно користење се изземени од гаранцијата. Во случај на рекламација, алатот и/или полначот испратете ги до вашиот дистрибутер во нерасклопена состојба, заедно со доказот за купување.

KOHTAKT CO DREMEL

За повеće информации во врска со сервисирањето и гаранцијата, асортиманот на фирмата Dremel, поддршка и телефонски број посетете hè на www.dremel.com.

БУЧАВОСТИ ВИБРАЦИИ

Ниво на звучен притисок (стандардно отстапување 3dB) dB(A) 69 Ниво на звучна моćност (стандардно отстапување 3dB) dB(A) 80 Вибрации (троосен векторски збир) m/s² Непредвидливост на вибрации K m/s²1,5

НАПОМЕНА: Наведената вкупна вредност(и) на вибрациите и наведената вредност(и) на произведување на бучава се измерени во согласност со стандартниот метод на тестирање и може да се користат за споредување на еден алам со друг; тие може да се користат и за прелиминарна процена на изложеноста.

Емисијата на вибрации за време на стварната употреба на електричниот алат може да се разликува од наведената вкупна вредност, во зависност од начинот на кој го користите алатот. Направете процена на изложеноста во стварни услови на употреба и идентификувајте ги соодветните безбедносни мерки за лична заштита (земете ги предвид сите делови од работниот циклус, како што е времето кога алатот е исключен и кога работи во празен од, освен времето на активирање).

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОТПАДОТ

Алатот, батериите, приборот и амбалажата треба да се сортираат заради еколошко рециклирање.

Определени региони наложуваат целиот електронски отпад да се собира и отстранува одделно на еколошки исправен начин. Проверете ги регулативите и законите за отстранување електронски

отпад во Вашиот регион пред да го отстраните алатот и батеријата.

САМО ЗА ЗЕМЈИ ОД ЕУ ⑥

Според Европската директива 2012/19/EC која се однесува на електричен и електронски отпад и нивната имплементација во склад со националното законодавство, електричните алати на кои им поминал векот на траење мора да се собираат одвоено и да се отстрануваат на еколошки исправен начин.

CAMO 3A OK2

Увозник за ОК: Robert Bosch Ltd. Broadwater Park North Orbital Road Uxbridge UB9 5HJ

SK

POUŽITÉ SYMBOLY

① PREČÍTAJTE SI TIETO POKYNY
② POUŽÍVAJTE OCHRANU SLUCHU
③ POUŽÍVAJTE OCHRANU ZRAKU
④ POUŽÍVAJTE PROTIPRACHOVÚ

MASKU

⑤ KONŠTRUKCIA TRIEDY II

⑥ NEVHADZUJTE ELEKTRICKÉ PRÍSTROJE DO DOMOVÉHO ODPADU

VŠEOBECNÉ BEZPEČNOSTNÉ UPOZORNENIA PRE ELEKTRICKÉ NÁRADIE

VÝSTRAHA

REŠPEKTUJTE VŠETKY

VÝSTRAŽNÉ UPOZORNENIA,

POKYNY, OBRÁZKY A ÚDAJE, KTORÉ STE DOSTALI S TÝMTO RUČNÝM ELEKTRICKÝM NÁRADÍM.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : DREMEL

Модел : 8240

Категорија : Мултифункционални алати