8260 - Мултифункционални алати DREMEL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 8260 DREMEL во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Мултифункционални алати во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 8260 - DREMEL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 8260 на марката DREMEL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 8260 DREMEL
Оригинална EU-изјава за сообразност Мала ротациона алатка Број на артикл Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај:
7. Окрените алат ручно и проверите да ли има
искакања. Ако је очигледно присуство искакања, поновите поступак.
8. Када се активира дугме за блокирање
- Дрво треба да се сече при великој брзини.
- Гвожђе или челик треба да се секу при великој
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА, УПАТСТВА, ИЛУСТРАЦИИ И СПЕЦИФИКАЦИИ КОИ СЕ ПРИЛОЖЕНИ СО ОВАА АЛАТКА. Доколку не се почитуваат сите долунаведени упатства, може да дојде до електричен шок, пожар и/или сериозни повреди. Чувајте ги сите предупредувања и упатства за идно користење. Изразот „електричен алат“ во предупредувањата се однесува на електричниот алат кој се приклучува на електрична мрежа (со кабел) или на електричен алат со батерија (без кабел). БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНИОТ ПРОСТОР a. Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Неуредните и темни работни простори можат да предизвикаат незгоди.b. Не работете со електричниот алат во експлозивна средина, како на пр. во близина на запалливи течности, гасови или прашина. Електричните алати прават искри кои можат да ја запалат прашината или пареата.c. Додека работите со електричниот алат, оддалечете ги децата и другите лица. Невниманието може да биде причина за губење на контролата. ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ a. Приклучницата на алатот мора да одговара на штекерот. Никогаш и на никаков начин немојте да ја модифицирате приклучницата. Немојте да користите адаптери на штекер со заземjени електрични алати. Оригиналните приклучници и соодветните штекери го намалуваат ризикот од електричен шок.b. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини, какви што се цевки, радијатори, шпорети и фрижидери. Ризикот од електричен шок е зголемен ако Вашето тело е заземјено.c. Не изложувајте го алатот на дожд или влажни услови. Водата што ќе продре во електричниот алат ќе го зголеми ризикот од електричен шок.d. Немојте да го злоупотребувате кабелот. Кабелот никогаш не користете го за носење, влечење или за исклучување на електричниот алат. Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови
205и подвижни делови. Оштетените или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од електричен шок. e. Кога работите со електричниот алат надвор, користете продолжен кабел кој е погоден за надворешна употреба. Користењето на кабел кој е погоден за надворешна употреба го намалува ризикот од електричен шок. f. Ако работењето со електричен алат на влажна локација не може да се избегне, користете oосигурувач со диференцијална струјна заштита (RCD - residual current device). Користењето осигурувач со диференцијална струјна заштита при дефект го намалува ризикот од електричен шок. ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ a. Бидете внимателни, внимавајте што правите и користете здрав разум додека ракувате со електрични алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекарства. Само еден момент на невнимание додека ракувате со електричен алат може да доведе до сериозни телесни повреди. b. Користете опрема за лична заштита. Секогаш носете заштита за очите. Заштитната опрема, како на пр. маска против прашина, нелизгачки заштитни чевли, заштитен шлем или заштита за ушите, која се користи во соодветни услови, ќе ја намали можноста од повреди на лицата. c. Избегнувајте случајно вклучување. Уверете се дека прекинувачот е во исклучена положба „o“ пред да го приклучите на електрична мрежа и/или патронот со батерија. Носењето на електричниот алат со прстот на прекинувачот или приклучувањето на електричниот алат додека прекинувачот е во положба „on“ може да предизвика несреќа. d. Отстранете ги сите средства за подесување и сите клучеви пред да го вклучите електричниот алат. Ако оставите клуч или средство за подесување прикачени на некој ротационен дел од електричниот алат, тоа може доведе до телесна повреда. e. Не пресегнувајте се премногу. За сето време одржувајте стабилна положба и рамнотежа. Тоа Ви овозможува подобра контрола над електричниот алат во неочекувани ситуации. f. Носете прописна облека. Немојте да носите широка облека или накит. Косата, облеката и нараквиците држете ги понастрана од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса можат да се заплеткаат меѓу подвижните делови. g. Ако на уредите е прикачен вшмукувач на прашина, проверете дали се добро споени и дали правилно се користат. Користењето собирач на прашина може да ги намали опасностите предизвикани од прашина. h. Не дозволувајте фактот дека имате искуство со функционирањето на други видови на алатки да ви влијае врз употребата на оваа алатка и поради тоа да ги игнорирате безбедносните правила. Само едно нивнимателно дејство е доволно за да ве повреди во дел од секунда. КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИОТ АЛАТ a. Немојте да го форсирате електричниот алат. Користете соодветен електричен алат кој е потребен за Вашата дадена ситуација. Со соодветниот електричен алат подобро и побезбедно ќе ја завршите работата за која е дизајниран. b. Немојте да го користите електричниот алат доколку не работи прекинувачот on/o. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со помош на прекинувач, е опасен и мора да се поправи. c. Исклучете ја приклучницата од штекерот и/или патронот со батеријата од електричниот алат пред да правите било какви подесувања, пред да го менувате приборот или пред да го одложите алатот. Ваквите превентивни мерки на безбедност го смалуваат ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. d. Чувајте го алатот подалеку од дофатот на деца и не дозволувајте им на лицата кои не се упатени во алатот или во овие упатства да ракуваат со алатот. Електричните алати можат да бидат опасни во рацете на корисници кои не се обучени. e. Одржувајте ги електричните алати. Проверете дали спојните или подвижните делови се добро нагодени, дали деловите се во исправна состојба, и сите други услови кои би можеле да влијаат врз работата со електричниот алат. Ако алатот е оштетен, дајте го на поправка пред повторната употреба. Многу несреќи биле предизвикани од лошо одржуван електричен алат. f. Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Кога правилно се одржува алатот за сечење со остри рабови за сечење, помала е веројатноста тој да се заглави и полесно се контролира. g. Електричниот алат, приборот и бургиите користете ги во согласност со овие упатства, земајќи ги предвид работните услови и работата што треба да се заврши. Употребата на електричниот алат за работи коишто тој не е предвиден, може да предизвика опасни ситуации. h. Одржувајте ги дршките и површините за фаќање суви, чисти и незамастени. Лизгавите дршки и површини за фаќање не дозволуваат безбедно ракување и контрола на алатката во неочекувани ситуации. КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА АЛАТОТ НА
a. Полнете само со помош на полнач којшто го препорачува производителот. Полначот кој одговара за еден вид батерии може да предизвика пожар ако се користи со друг вид
b. Користете го електричниот алат само со специфично дизајнираните батерии. Употребата на било кој друг вид батерии може да предизвика ризик од повреди и пожар. c. Кога батериите не се користат, држете ги настрана од други метални предмети какви што се спојки, метални пари, клучеви, клинови, шрафови или други ситни метални предмети кои можат да предизвикаат спојување на едниот приклучок на батеријата со другиот. Краткото спојување на приклучоците на батериите може да предизвика изгореници или пожар. d. Во случај на ненаменска употреба, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. Ако дојде до случаен контакт, измијте се со вода. Ако течноста дојде во контакт со очите, побарајте медицинска
207помош. Течноста која истекла од батериите може да предизвика иритација или изгореници. СЕРВИСИРАЊЕ a. Вашиот електричен алат нека го сервисира квалификуван сервисер со користење само на идентични резервни делови. На овој начин ќе се обезбеди одржување на сигурноста на електричниот алат. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА СИТЕ ВИДОВИ ОПЕРАЦИИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА КОИ СЕ ВООБИЧАЕНИ ЗА БРУСЕЊЕ, ШМИРГЛАЊЕ, ЧЕТКАЊЕ СО ЖИЦА, ПОЛИРАЊЕ, РЕЗБАЊЕ ИЛИ АБРАЗИВНО СЕЧЕЊЕ a. Овој електричен алат е наменет за употреба при глодање, брусење, работење со жичена четка, полирање или сечење. Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, илустрации и спецификации кои се приложени со оваа алатка. Доколку не се почитуваат сите долунаведени упатства, може да дојде до електричен шок, пожар и/или сериозни повреди. b. Не користете прибор кој не е специјално дизајниран и препорачан од страна на производителот на алатот. Самото тоа што на Вашиот алат може да се приклучи прибор не значи дека е осигурено и безбедно
c. Номиналната брзина на приборот за брусење мора да биде поголема или еднаква на максималната брзина што е означена на алатот. Приборот за брусење кој работи со брзина поголема од неговата номинална брзина, може да се скрши и да се разлета. d. Надворешнот пречник и дебелината на Вашиот прибор мора да бидат во рамките на капацитетот на Вашиот електричен алат. Приборот со неисправна големина не може да соодветно да се контролира. e. Големината на вретеното на шајбната, на добошите за брусење или на кој и да е друг прибор мора да се фаќа на вретеното или стезната глава на електричниот алат. Приборот кој не одговара на вретеното на електричниот алат ќе се врти ексцентрично, додатно ќе вибрира и може да предизвика губење на контролата. f. Шајбните кои се монтираат на осовинката, добошите за брусење, секачите или другиот прибор мора да бидат целосно вметнати во стезната глава или прстен. Доколку осовинката е недоволно прицврстена и/ или пак испустот на шајбната е предолг, монтираната шајбна може да се олабави и да испадне при висока брзина. g. Немојте да користите оштетен прибор. Пред секоја употреба проверете дали на приборот, како што е брусната плоча или брусната подлога, има пукнатинки или ломови и дали се прекумерно изабени, дали на жичената четка има лабави или искршени жици. Ако електричниот алат или приборот Ви паднале, проверете дали има оштетувања или монтирајте неоштетен прибор. По прегледувањето и монтирањето на приборот, тргнете ја од себе и од останатите присутни лица површината на ротациониот прибор и во траење од една минута вклучете го електричниот алат да работи со максимален број на вртежи. Оштетениот прибор обично ќе се скрши во текот на ова тестирање. h. Носете опрема за лична заштита. Во зависност од уредот, користете заштита за лицето, заштита за очите или заштитни очила. Ако е потребно, носете маска против прашина, заштита за ушите, ракавици и работна престилка која може да заштити од мали честички или отпадоци од брусење. Заштитата за очи мора да штити од разлетаните честички кои настануваат при различни операции. Маската за прашина или респираторната маска мора да бидат во можност да заштитат од разлетаните честички кои настануваат при Вашето работење. Доколку подолготрајно сте изложени на висока бучава, тоа може да предизвика губење на слухот.
i. Лицата кои се наоѓаат во близина нека стојат
на доволна оддалеченост од работниот простор. Лицата што ќе останат во Вашиот работен простор мора да носат опрема за лична заштита. Честички од работниот предмет или од скршениот прибор можат да летаат наоколу и да предизвикаат повреда надвор од непосредниот работен простор. j. Електричниот алат држете го само за делови кога извршувате работи при кои алатот за сечење може да дојде во контакт со скриени електрични водови. Опремата за сечење која ќе дојде во допир со жица под напон, може да предизвика изложените метални делови од електричниот алат да дојдат под напон и да предизвика електричен шок за операторот. k. Алатот секогаш држете го цврсто во рацете при стартувањето. Реакцијата на вртежниот момент на моторот, додека се забрзува до полна брзина, може да предизвика алатката да се изврти. l. Секогаш кога е можно, користете штипалки за да го прицврстите обработуваното парче. Никогаш не држете мало обработувано парче во едната рака, а алатот во другата, додека е во употреба. Ако го прицврстите малото обработувано парче, тоа ќе Ви овозможи да ги користите рацете за да ја контролирате алатката. Тркалезниот материјал, како што се шипки со типли или цевки имаат тенденција да се виткаат додека ги сечете, па може да предизвикаат бургијата да се извитка или да искокне кон Вас. m. Никогаш не спуштајте го електричниот алат додека движењето на приборот целосно не запре. Ротирачкиот прибор може да ја зафати површината на која го одлагате, а Вие да изгубите контрола над електричниот алат. n. Откако ќе смените бургија или ќе направите било какво дотерување, проверете дали стезната чаура стезната глава или кој и да е друг дел за подесување е безбедно прицврстен. Лабавите делови за подесување можат неочекувано да се слизнат и да предизвикуваат губење на контролата, а слободно ротирачките компоненти сосила ќе бидат исфрлени. o. Никогаш не вклучувајте го електричниот алат додека го носите. Случајниот контакт со ротациониот прибор би можел да Ви ја зафати облеката, а некој дел од приборот би можел да Ви се зарие во телото. p. Редовно чистете ги отворите за вентилација на Вашиот електричен алат. Вентилаторот на моторот ја привлекува прашината во
207внатрешноста на куќиштето, и прекумерното насобирање на метален прав може да предизвика електрична опасност. q. Немојте да ракувате со електричниот алат во близина на запалливи материи. Искрите би можеле да ги запалат тие материјали. r. Немојте да користите прибор кој изискува течни средства за ладење. Користењето вода или други течности за ладење може да предизвика електричен шок. ПОВРАТЕН УДАР И СООДВЕТНИ ПРЕДУПРЕДУВAЊА Повратниот удар е ненадејна реакција поради блокирана или заглавена брусна плоча, брусна лента, четка или некој друг прибор. Заглавувањето или блокирањето предизвикува брзо придушување на ротирачкиот прибор кое, пак, предизвикува неконтролираната електрична алатка да биде присилена во правец спротивен од правецот на вртење на приборот. На пример, ако брусната плоча се блокира или заглави во некое работно парче, работ на брусната плоча која се заглавила во работното парче може да се зарие во површината на материјалот и да предизвика испаѓање на плочата или повратен удар. Брусната плоча може да отскокне кон или одкај лицето кое ракува со алатот, зависно од правецот на вртење на брусната плоча на местото на блокирање. Брусната плоча може и да се искрши под вакви околности. Повратниот удар е последица на погрешна употреба на електричниот алат и/или неисправно работење или услови, и може да се избегне ако се преземат соодветните долунаведени мерки на претпазливост. a. Електричниот алат држете го цврсто и Вашето тело нека биде во положба во која е во состојба да им се спротивстави на силите на повратниот удар. Оператерот може да го контролира повратниот удар доколку се преземат исправни мерки на претпазливост. b. Бидете посебно внимателни кога работите на агли, остри рабови и сл. Избегнувајте одбивање или блокирање на приборот. Аглите, острите рабови или одбивањето на приборот доведуваат до блокирање на ротациониот прибор и тоа може да предизвика губење на контролата или повратен удар. c. Немојте да приклучувате лист од назабена пила. Таквите продолжетоци честопати предизвикуваат повратен удар и доведуваат до губење на контролата. d. Бургијата секогаш ставајте ја во материјалот во истиот правец како остриот крај кој излегува од материјалот (кое е во истиот правец во кој паѓаат отпадните иверки). Ако алатот врти во погрешен правец, тоа ќе предизвика остриот крај од бургијата да излезе од работа и ќе го повлече алатот во овој правец. e. Кога користите ротациона пила, шајбни за сечење, високобрзински секачи или секачи од волфрам и тврд метал, обработуваното парче секогаш нека биде безбедно прицврстено. Овие шајбни ќе се заглават ако се ставени лабаво во жлебот и може да има повратен удар. Ако шајбната за сечење се заглави, самата шајбна обично ќе се скрши. Кога ротациската турпија, високобрзинскиот секач или секачот од волфрам или од тврд метал ќе се заглават, тие можат да испаднат од жлебот, а Вие може да ја изгубите контролата над алатката. БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ВРСКА СО БРУСЕЊЕТО И АБРАЗИВНОТО СЕЧЕЊЕ a. Користете само шајбни кои се препорачани за Вашиот електричен алат и само за препорачани намени. На пример: немојте да брусите со бочната страна од брусната плоча. Абразивните плочи за сечење се предвидени за периферно брусење, а бочната примена на сила врз брусната плоча може да предизвика тие да се се скршат. b. За навојни абразивни конуси и приклучоци користете само неоштетени шајбни со осовинки со необработени прирабници кои се со исправна големина и должина. Исправните осовинки ќе ја намалат можноста
c. Избегнувајте да ја заглавувате плочата за сечење или да применувате премногу голем притисок. Не обидувајте се да правите премногу длабоко сечење. Преоптоварувањето на брусната плоча го зголемува напрегањето и уште повеќе ја искривува или блокира плочата, како и можноста за повратен удар или кршење на
d. Не доведувајте го Вашето тело во положба пред или зад ротирачката шајбна плоча. Ако плочата на местото на работење се движи од Вашето тело нанапред, во случај на повратен удар, електричниот алат со ротирачката шајбна може да отскокне директно кон Вас. e. Ако брусната плоча се заглави и иако од било која причина престанете со работата, исклучете го алатот и држете го мирно сè додека брусната плоча целосно не се смири. Никогаш не обидувајте се да ја извадите плочата за сечење од работното парче додека брусната плоча сè уште се врти, бидејќи во спротивно може да дојде до повратен удар. Проверете и отстранете ја причината за заглавување или блокирање на
f. Немојте повторно да го вклучувате алатот за сечење додека тој се наоѓа во работното парче. Брусната плоча нека ја достигне својата полна брзина и потоа внимателно продолжете со сечењето. Брусната плоча може да се заглави, да отскокне или да предизвика повратен удар доколку алатот повторно се вклучи додека е на работното
g. Потпрете ги плочите или големите работни парчиња за да го намалите ризикот од блокирање на брусната плоча и од повратен удар. Големите работни парчиња можат да се свиткаат под својата сопствена тежина. Мора да се стават потпирки под работното парче во близина на работ на работното парче од двете страни на брусната плоча. h. Бидете посебно претпазливи кога правите засечување во веќе постоечките ѕидови или во некои други непрегледни подрачја. Плочите за сечење можат да ги пресечат гасоводните или водоводните цевки, електричните инсталации или некои други предмети и така да предизвикаат повратен удар. БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ВРСКА СО ЖИЧЕНИТЕ ЧЕТКИ a. Имајте предвид дека жичените четки и во текот на вообичаената употреба губат парчиња од жицата. Не ги преоптоварувајте жиците со прекумерно притискање врз четката. Парченцата од жица можат лесно да
- 209продрат низ тенката облека и/или да продрат до кожата.b. Дозволете ù на четкичката да работи со работна брзина барем една минута пред да ја користите. За ова време, никој не треба да стои пред или покрај четкичката. При ова воведно стартување, ќе бидат исфрлени лабавите влакна или жички.c. Отпадоците од ротирачката жичена четка насочете ги спротивно од Вас. Малите честички и ситните делчиња од жицата може да бидат исфрлени под голема брзина за време на употребата на овие четки и може да Ви се забоднат во кожата.d. Немојте да пречекорувате 15.000 врт./мин. кога користите жичени четки НЕМОЈТЕ ДА РАБОТИТЕ СО МАТЕРИЈАЛИ ШТО СОДРЖАТ АЗБЕСТ) (азбестот се смета за канцероген) ПРЕЗЕМЕТЕ ЗАШТИТНИ МЕРКИ АКО ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА СЕ СОЗДАДЕ ПРАШИНА КОЈА Е ШТЕТНА ПО ЗДРАВЈЕТО, ЗАПАЛИВА ИЛИ ЕКСПЛОЗИВНА (некои видови прашина се сметаат за канцерогени); носете заштитна маска против прашина и користете правосмукалка/смукалка за отпадоци, ако може да се приклучи СПЕЦИФИКАЦИИ Број на моделот p. 8260
- Напон p. 12
- VБрзина p. 30
- .000/minКапацитет на стезнатачаура p. 3
- ,2 mmМакс. прибор ∅ p. 38
- ,1 mmКапацитет на батеријата . 3,0 AhТежина p. 0
- ,55kg GAL 12V-20 2607226399 (O.K. 2607226401)Влез p. 220
- -240 Vac, 50/60 Hz, 32 WИзлез .6-12.0 Vdc, 2 AТежина p. 3
- ЕУ 0,247 kg (О.К. 0,251kg)АВС: GAL 12V-20 2607226403Влез p. 220
- -240 Vac, 50/60 Hz, 32 WИзлез ,6 V-12 V , 2 AСекогаш проверете дали напонот е ист како напонот што е наведен на плочката од полначот. p. 3
A. Навртка на стезната чаураB. Стезна чаураC. Капаче (EZ Twist со интегриран клуч*)D. ОсовинаE. Копче за блокирање на осовинатаF. Прекинувач за вклучување/исклучувањеG. Бирање на варијабилна брзинаH. Црвено LED светло за предупредувањеI. Bluetooth LED светлоJ. Индикатор на брзинаK. Мерач на горивоL. Патрон со батеријаM. Поклопец за ослободување на батериитеN. ЗакачалкаO. Отвори за вентилирањеP. Клуч за стезна чаура ПОЛНЕЊЕ И БАТЕРИИ
- Овој полнач може да го употребуваат деца на возраст 8 и поголеми, како и лица коишто имаат физички, сензорни или ментални ограничувања или недостаток од искуство или познавање само доколку лицето одговорно за нивната безбедност ги надгледува или им дава инструкции како безбедно да го користат полначот, и само доколку ги разбираат опасностите од користењето (во спротивно постои опасност од грешки во работењето или повреди)
- Надгледувајте ги децата (така ќе се осигурите дека децата не си играат со
- Користете го само DREMEL полначот GAL 12V-20 2607226399 или 2607226401 (ОК) или 2607226403 (АВС) и DREMEL патронот со батеријата 1607A350KW со овој алат• Не изложувајте го алатот/полначот/батеријата на дожд• Не полнете ја батеријата во влажни или мокри средини• Не употребувајте го полначот кога е оштетен; однесете го во една од официјално регистрираните сервисни станици на DREMEL за безбедносна проверка• Не употребувајте го полначот кога кабелот или приклучокот е оштетен; кабелот или приклучокот треба веднаш да бидат сменети во една од официјално регистрираните сервисни станици на DREMEL• Не употребувајте ја батерија кога е оштетена; истата треба веднаш да се замени
209• Не расклопувајте го полначот или батеријата
- Не се обидувајте да полните батерии што не се полнат со полначот
- Дозволени надворешни температури (алат/ полнач/батерија): – при полнење 0... +45ºC – при работа -20... +50ºC – при складирање -20... +50ºC ПАТРОНОТ СО БАТЕРИЈАТА ЗА ПОЛНЕЊЕ Детални информации за полнење на батеријата на Вашиот алат може да се пронајдат во апликацијата Dremel App.
1. Приклучете го кабелот на полначот во Вашиот
нормален штекер. Без да ја ставате батеријата, ќе се запали („ОN“) зелената светилка на полначот. Oва покажува дека полначот добива струја и е подготвен за работа.
2. За да го извадите патронот со батеријата од
алатот, притиснете ги јазичињата и извадете ја батеријата од алатот.
3. Кога ќе го вметнете патронот со батеријата во
полначот, зеленото светло на полначот ќе почне да „ТРЕПКА“. Ова покажува дека батеријата добива брзо полнење.
4. Кога светлото на индикаторот ќе престане да
„ТРЕПКА“ (и ќе остане постојано зелено светло), брзото полнење е завршено. Патронот со батеријата е целосно наполнет и може да се извади од полначот. Светлото ќе престане да трепка за пократко време доколку патронот со батеријата не бил сосема испразнет.
5. Кога ќе почнете со полнењето на патронот со
батеријата, постојано зеленото светло може исто така да значи и дека патронот со батеријата е премногу жежок или премногу ладен. Брзо полнење е можно само ако температурниот опсег на патронот со батеријата е помеѓу 0°C и 45°C. Штом патронот со батеријата ќе го достигне точниот температурен опсег, полначот на батеријата автоматски ќе се префрли на брзо полнење.
6. Патронот со батеријата може да се користи иако
светлото можеби сè уште трепка. На светлото можеби ќе му треба повеќе време да престане да трепка, зависно од температурата.
7. Значителното смалување на работното време
по едно полнење може да значи дека работниот век на батеријата е при крај и дека батеријата треба да се замени.
8. Немојте да заборавите да го исклучите полначот
СЕКОГАШ ИСКЛУЧЕТЕ ГО АЛАТОТ ПРЕД ДА ГО МЕНУВАТЕ ПРИБОРОТ Користете само тестиран Dremel прибор. Погрижете се да ги прочитате упатствата што Ви се приложени со Вашиот Dremel прибор за натамошни информации во врска со неговата употреба. Внимателно ракувајте и чувајте го приборот за да не дојде до поткршување и напукнување. МЕНУВАЊЕ НА ПРИБОРОТ
A. Навртка на стезната чаура B. Стезна чаура (3,2 mm) C. Капаче (EZ Twist со интегриран клуч*) D. Стезна глава Dremel 4486* E. Копче за блокирање на осовината F. Клуч *) не е стандардно вклучено
1. Притиснете го копчето за блокирање на
осовината и вртете ја осовината со рака додека копчето не ја блокира осовината. Да не се активира механизмот за заклучување на осовината додека алатот работи.
2. Додека е блокирана осовината, олабавете ја (и
не тргајте ја) навртката на стезната чаура. Ако е потребно, употребете клуч за стезната чаура.
3. Целосно ставете ја бургијата или вретеното од
приборот во стезната чаура.
4. Додека е блокирана осовината, затегнете ја
Капчето за врвот има интегриран клуч кој ви овозможува да ја олабавувате и стегате стезната чаура без да го користите стандардниот клуч.
1. Одвртете го капчето од алатката, израмнете
го челичниот додаток од внатрешната страна на капчето со помош на навртката на стезната
2. Со притиснато копче за блокирање, вртете го
капчето спротивно од правецот на вртење на стрелките на часовникот додека ја олабавите навртката на стезната чаура. Да не се активира механизмот за заклучување на осовината додека алатот работи.
3. Целосно ставете ја бургијата или вретеното од
приборот во стезната чаура.
4. Со притиснато копче за блокирање, вртете го
капчето во правецот на вртење на стрелките на часовникот додека ја стегнете навртката на стезната чаура.
5. Зашрафете го капчето повторно во неговата
првобитна положба. DREMEL CHUCK 4486 Стезната глава Dremel ви овозможува брзо и лесно да ги менувате додатоците на алатите Dremel без да ги менувате стезните чаури. Може да се користи прибор со осовина од 0,8 – 3,2 mm. За да се разлабави, притиснете го копчето за блокирање на осовината прво и вртете ја осовината со рака додека копчето не ја блокира осовината. Да не се активира механизмот за заклучување на осовината додека алатот работи. Кога осовината е заклучена, користете го клучот или EZ Twist капачето за врв за да ја разлабавите стезната глава и да ги отворите стегите. Извадете го приборот од стезната глава. Доколку е потребно, продолжете да ја разлабавувате стезната глава за новиот прибор да влезе во стегите. Ставете го новиот додаток во стезната глава доволно длабоко така што ќе има растојание од 6 mm помеѓу крајот на стезната глава и почетокот на работниот дел на додатокот. Додека осовината е заклучена, затегнете ја стезната глава со помош на капачето за врвот EZ Twist или клучот за да го прицврстите додатокот. СОВЕТИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СТЕЗНАТА ГЛАВА DREMEL
- Стезната глава Dremel и стезната чаура и системот на завртки за стезната чаура се заменливи делови на овој алат. Стезната глава ќе ви помогне лесно да ги менувате приборите, а стезната чаура и завртката за стезната чаура ќе ви овозможат прецизно држење на место на приборот, особено во случај кога има големо странично оптоварување на алатот.
- Доколку забележите дека приборот се лизга од стезната глава, со помош на EZ Twist капчето
211или клуч затегнете ја стезната глава околу битот. Доколку и понатаму доаѓа до лизгање, обидете се со стезната чаура и завртката за стезната чаура.
- Стегите на стезната глава може да се изместат поради што додатокот може да не се врти правилно и концентрично (да се исфрла од
За повторно да ги наместите стегите, следете ги следните чекори:
1. Извадете го приборот од стезната глава.
2. Исчистете ја стезната глава.
3. Притиснете на копчето за заклучување на
осовината и затегнувајте ја стезната глава сè додека стегите не се рашират, приближно 3 mm.
4. Силно притиснете го крајот на стезната глава
врз тврда рамна површина и проверете дали стегите се поставени аксијално.
5. Продолжете рачно да ја затегате стезната глава
сè додека стегите не се затворат целосно.
6. Разлабавете ја стезната глава и повторно
ставете го приборот сосема право.
7. Рачно вртете го алатот и внимавајте дали има
некакво исфрлање од оска. Доколку очигледно има некакво изместување, повторете ја постапката.
8. Кога осовината е заклучена, затегнете ја
стезната глава со помош на EZ Twist капче или клуч за приборот да се постави на
9. Вклучете го алатот на најмала брзина и
проверете дали има некакво изместување. Доколку очигледно има некакво изместување, проверете дали приборот е поставен право, па повторете ја постапката. ПРИБОР ЗА БАЛАНСИРАЊЕ За прецизно работење, важно е целиот прибор да биде во добра рамнотежа (исто како кај пневматиците на Вашиот автомобил). За дотерување или балансирање на приборот, полека олабавете ја навртката на стезната чаура и завртете го приборот или стезната чаура за 1/4. Повторно стегнете ја навртката на стезната чаура и вклучете го ротациониот алат. Врз основа на звукот и осетот, треба да сте во состојба да кажете дали Вашиот прибор работи избалансирано. Продолжете со ваквото дотерување сè додека не го постигнете најдобриот баланс.
Алатот Dremel доаѓа со следните додатоци кои овозможуваат повеќенаменско користење:
- Флексибилна оска *) за прецизно и детално работење или работење на тешко достапни места (225 - страници 7-8)
- Штитник за заштита од прав и искри (550 - страница 9)
- Повеќенаменски комплет за сечење за контролирано сечење разновидни материјали (565/566 - страница 10)
- Комплет за вадење фуга меѓу ѕидни и подни плочки (568 - страница 11)
- Правоаголен додаток за користење на додатоците под прав агол на тешко достапни места (575 - страница 12)
- Платформа за обликување за шмирглање и брусење под совршен агол од 90° и 45° (576 - страница 13)
- Рачка за прецизно работење за уште подобра контрола над алатот (577 - страница 13)
- Острилка за косилки за трева и градинарски алатки за лесно и брзо острење под оптимален агол (675 - страница 14)
- Додатокот за праволиниско и кружно сечење овозможува сечење на совршени кружни отвори и праволиниски резови (678 - страница 15)
- Вретено „EZ SpeedClic“ за монтирање додатоци „EZ SpeedClic“ (страница 16) *) Доколку за првпат користите нова флексибилна осовина, држете ја во вертикална положба две минути на најголема брзина на алатот. НАПОМЕНА: Само дел од додатоците кои се наведени погоре доаѓаат како стандардна опрема на алатите/комплетите
ПОВРЗУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА DREMEL APP
- Преземете ја апликацијата Dremel App на Вашиот iOS или Android уред од App Store или Google Play.
- Инсталирајте ја апликацијата Dremel App на Вашиот смарт уред или проверете дали ја користи последната верзија на апликацијата.
- Вклучете ја Dremel App на смарт уредот и кликнете на „ Поврзете ја мојата алатка“ во делот од апликацијата „My Dremel“.
- Следете ги упатствата на апликацијата за да го споите алатот со смарт уредот. За да го споите алатот со смарт уредот со помош на Bluetooth технологија, проверете дали алатот е исклучен и на 1 метар/ 3 стапки од смарт уредот.
- Откако ќе се поврзе, опсегот на поврзување во линија без пречки е до 20 метри / 65 стапки.
Првиот чекор во користењето на мултифункцоналниот алат е да го „почувствувате“ в рака. Земете го в рака и проценете ја неговата тежина и баланс. Почувствувајте го конусот на куќиштето. Овој облик овозможува алатот да го држите како пенкало или молив. ВАЖНО! Првин вежбајте на некој отпадок од материјалот за да видите како работи алатот при големи брзини. Имајте на ум дека Вашиот мултифункционален алат најдобро ќе работи при дозволена брзина, во комбинација со исправниот Dremel прибор и приклучоци. Ако е можно, немојте да го притискате алатот за време на користењето. Наместо тоа, полека спуштете го ротациониот прибор на работната површина на местото на което сакате да почнете со работа. Концентрирајте се на тоа алатот да го водите по работното парче користејќи многу мал притисок со раката. Дозволете му на приборот да си ја изврши својата работа. Обично е подобро работата да се изврши со алатот во повеќе фази, отколку да ја завршите целата работа со едно поминување. Нежниот допир Ви овозможува најдобра контрола и ја смалува можноста од правење грешка. ДРЖЕЊЕ НА АЛАТОТ Алатот секогаш држете го свртен настрана од Вашето лице. Приборот може да се оштети за време на ракувањето и може да се распадне на парчиња при голема брзина. Кога го држите алатот, немојте со раката да ги покривате отворите за вентилација. Блокирањето на отворите за вентилација може да предизвика прегревање на моторот.
211За најдобра контрола кај деталните работи држете го мултифункционалниот алат во раката како пенкало помеѓу палецот и показалецот. Методата на држење дршка за „голф“ се користи за потешки операции, какви што се брусење или сечење. ON/OFF (ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО) Алатот се вклучува („ON“) со помош на лизгачки прекинувач кој се наоѓа на горната страна од куќиштето на моторот. ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ („ON“), лизнете го копчето нанапред. ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ („OFF“), лизнете го копчето наназад. ЕЛЕКТРОНСКИ МОНИТОРИНГ Вашиот алат е опремен со интерен електронски систем за надгледување кој овозможува „мек старт“, кој ги намалува ударите што се случуваат поради стартот со висок вртежен момент. Системот исто така помага да се максимизира учинокот на моторот и на батеријата со смалување на напонот според алатот, кога ќе дојде до блокада (види го делот „Заштита од блокада“). Моторот и патронот со батеријата се штитат со смалување на напонот според моторот во овие ситуации. НАУЧЕТЕ ГИ БРЗИНИТЕ Откако ќе се исклучи алатот:
- Ако повторно го вклучите алатот во рок од 5 минути, алатот ќе се вклучи на последната подесена брзина.
- Ако го вклучите по 5 минути, алатот ќе се вклучи на автоматски подесената брзина од
БИРАЊЕ НА ВАРИЈАБИЛНА БРЗИНА Вашиот алат е опремен со лизгачки прекинувач за менување на брзината. Брзината може да се подесува во текот на работењето, со лизгање на прекинувачот напред или назад помеѓу некоја од поставките. За да ја изберете соодветната брзина за секој вид работа, користете парче од материјалот за
Видете ја табелата на стр. 17-18 за да ја одредите соодветната брзина за материјалот со којшто работите и кој прибор да го употребите. Немојте да пречекорувате 15.000 врт./мин. кога користите жичени четки. Повеќето операции можат да се извршат ако алатот го подесите на највисок степен. Меѓутоа, извесни материјали (некои видови пластика и метали) можат да се оштетат бидејќи високата брзина се ослободува топлина, и мораат да се обработуваат со релативно мали брзини. Работењето со мали брзини (15.000 врт./мин. или помалку) обично е најдобро за полирање со прибор за полирање со филц. Сите работи на четкање вршете ги со помали брзини за да го спречите испаѓање на парчиња жица од лежиштето на четката. Дозволете му на алатот да ја завршат работата за Вас кога користите помала брзина. Повисоките брзини се посоодветни за тврдо дрво, метал и стакло, како и за дупчење, резбање, сечење, гравирање и врежување жлебови во дрво. Некои упатства во врска со брзината на алатот:
- Пластиката и останатите материјали кои се топат на ниски температури, треба да се режат при ниски брзини.
- Полирањето, гланцањето и чистењето со жичена четка мора да се прави при брзини кои не се поголеми од 15.000 врт./мин., за да се спречи оштетувањето на четката и на Вашиот
- Дрвото треба да се сече со висок број на
- Железото или челикот треба да се сечат со висок број на вртежи.
- Доколку ножот од брзорезен челик почне да вибрира, тоа обично значи дека работи со премал број на вртежи.
- Aлуминиум, легури од бакар, од олово, цинк и калај може да се сечат при различни брзини, во зависност од видот на сечењето. Користете парафин (не вода) или друго соодветно средство за подмачкување на ножот, за да спречите сечениот материјал да се лепи на запците од ножот. НАПОМЕНА: Не е добро да го зголемувате притисокот врз алатот ако алатот не работи исправно. Обидете се со друг прибор или со подесување на друга брзина за да го постигнете саканиот резултат. УПРАВУВАЊЕ СО ПОДЕСУВАЊЕТО НА БРЗИНАТА ВО АПЛИКАЦИЈАТА Можете однапред да изберете брзина помеѓу
5.000 - 30.000 врт./мин. на Dremel App.
- Кога ќе ја изберете посакуваната брзина на апликацијата, соодветната брзина ќе трепка 10 секунди на индикаторот на брзина J на алатот 7.
- Морате да го вклучите алатот во рок од 10 секунди, алатот ќе се вклучи на автоматски подесената брзина од 15.000 врт./мин. НАУЧЕТЕ ГИ РЕЖИМИТЕ НА LED Ако го исклучите алатот додека батеријата е уште поврзана на алатот, LED режимите се следни:
- Bluetooth LED светлото постојано ќе свети 5 минути под услов Вашиот алат да е сè уште поврзан на Вашиот смарт уред.
- LED светлото за брзина постојано ќе свети 5 минути за да го покаже последното подесување на брзината.
- LED светлата за предупредување, мерачот на батерија и логото на Dremel постојано ќе светат 30 секунди. За да ги исклучите сите LED светла, исклучете го алатот и извадете ја батеријата. ЦРВЕНО LED СВЕТЛО ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Црвеното LED светло за предупредување H ќе свети од една од следните причини:
- Екстремна температура на алатот: исклучете го алатот и отстранете го приборот (Бидете внимателни - приборот може да биде жежок). Потоа исклучете го алатот и оставете го да работи без оптоварување за вентилаторот на моторот да помогне да се излади алатот.
- Екстремна температура на батеријата: исклучете го алатот, отстранете ја батеријата и оставете ја батеријата да се врати на нормална работна температура пред да продолжите со употреба.
- Предупредување за блокада / преоптоварување на алатот: премногу притисок се нанесува на алатот. Намалете го притисокот при држење и насочување на алатот. Дозволете брзината на алатот да си ја изврши својата работа. Кога ќе засветли црвеното LED светло за предупредување, можете да пронајдете детални информации и совети како да го спречите ова во Dremel App.
213BLUETOOTH LED СВЕТЛО Bluetooth LED I светлото укажува дека алатот е поврзан на смарт уредот 7.
- Bluetooth LED светлото постојано ќе трепка на алатот додека се обидува да се поврзе на смарт уредот.
- Потврдете го поврзувањето на алатот на смарт уредот со вртење на тастерот за варијабилна брзина G во која било насока 7.
- Откако ќе заврши овој процес треба да видите поврзан алат во апликацијата и Bluetooth LED светлото на алатот постојано е свети и нема повеќе да трепка. СВЕТЛА НА ИНДИКАТОРОТ ЗА СОСТОЈБАТА НА ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИИТЕ
3 од 3 постојани зелени светла = останува 70 - 100 %
2 од 3 постојани зелени светла = останува 40 - 70 %
1 од 3 постојани зелени светла = останува 20 - 40 %
1 од 3 зелени светла трепка = останува помалку од 20 % капацитет Детални информации за полнење на батеријата на Вашиот алат може да се пронајдат во апликацијата Dremel App. Вашиот алат е опремен со напредна електроника која ги штити Li-Ion ќелиите во батеријата од оштетување пради прекумерна работна температура и/или потрошувачка на струја. Ако светлата светат црвено и/или алатот престане да работи во текот на поголемо оптоварување, тоа најверојатно покажува дека Li-Ion ќелите се речиси на макс. работна температура, а патронот со батеријата треба или да се смени или да се остави да се излади до собна температура пред да продолжите со употребата. Ако алатот автоматски се исклучува поради преоптовареност, прекинувачот мора да се исклучи за неколку секунди, за да му се овозможи на колото да се ресетира пред да се продолжи со употребата. ЗАШТИТА ОД БЛОКАДА Овој алат има вградена заштита од блокада за да ги штити моторот и батеријата во случај на блокада. Ако вршите преголем притисок врз алатот предолго време, или ја заглавите бургијата во некое работно парче, особено при висок број на вртежи, моторот ќе застане. Едноставно извадете го алатот од материјалот во којшто Ви блокирал, и алатот повторно ќе почне да се врти со избраната брзина. Ако алатот продолжи со блокадата подолго од 5 секунди, алатот автоматски ќе се исклучи сам од себе. Оваа дополнителна карактеристика ќе продолжи да ги штити моторот и батеријата од оштетување. Кога батеријата ќе биде речиси празна, алатот може почесто од обично да се исклучува автоматски. Доколку се случува ова, време е да се наполни батеријата. ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ
Алатот најдобро се чисти со сув компримиран воздух. Секогаш носете заштитни очила кога ги чистите алатките со компримиран водух.
ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНАТ НЕСРЕЌИ, ПРЕД ЧИСТЕЊЕ СЕКОГАШ ИСКЛУЧУВАЈТЕ ГО ЕЛЕКТРИЧНИОТ АЛАТ И/ИЛИ ПОЛНАЧОТ ОД ИЗВОРОТ НА СТРУЈА Отворите за вентилација и прекинувачите мора да се одржуваат чисти и без туѓи материи. Не обидувајте се да го чистите алатот со пикање на остри предмети низ отворите.
ОДРЕДЕНИ СРЕДСТВА ЗА ЧИСТЕЊЕ И РАСТВОРУВАЧИ МОЖАТ ДА ГИ ОШТЕТАТ ПЛАСТИЧНИТЕ ДЕЛОВИ. Некои од нив се: бензин, јаглероден тетрахлор, хлорирани раствори за чистење, амонијак и детергенти за домаќинството кои содржат амонијак. СЕРВИС И ГАРАНЦИЈА Ние ви препорачуваме сервисирањето на сите алати да се врши во сервисите на Dremel. Овој продукт на Dremel има гаранција во склад со одредбите пропишани со закон/специфични за земјата; оштетувањата поради нормалното користење и абење, преоптоварување или непрописно користење се изземени од гаранцијата. Во случај на рекламација, алатот и/или полначот испратете ги до вашиот дистрибутер во нерасклопена состојба, заедно со доказот за
КОНТАКТ СО DREMEL За повеќе информации во врска со сервисирањето и гаранцијата, асортиманот на фирмата Dremel, поддршка и телефонски број посетете нè на www.dremel.com. БУЧАВОСТ И ВИБРАЦИИ Ниво на звучен притисок (стандардно отстапување 3dB) dB(A) <70
1,5 НАПОМЕНА: Наведената вкупна вредност(и) на вибрациите и наведената вредност(и) на произведување на бучава се измерени во согласност со стандардниот метод на тестирање и може да се користи за споредување на еден алат со друг; тие може да се користат и за прелиминарна процена на изложеноста. Емисијата на вибрации за време на стварната употреба на електричниот алат може да се разликува од наведената вкупна вредност, во зависност од начинот на кој го користите алатот. Направете процена на изложеноста во стварни услови на употреба и идентификувајте ги соодветните безбедносни мерки за лична заштита (земете ги предвид сите делови од работниот циклус, како што е времето кога алатот е исклучен и кога работи во празен ôд, освен времето на активирање).
213ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОТПАДОТ Алатот, батериите, приборот и амбалажата треба да се сортираат заради еколошко рециклирање.Определени региони наложуваат целиот електронски отпад да се собира и отстранува одделно на еколошки исправен начин. Проверете ги регулативите и законите за отстранување електронски отпад во Вашиот регион пред да го отстраните алатот и батеријата. САМО ЗА ЗЕМЈИ ОД ЕУ
Според Европската директива 2012/19/EC која се однесува на електричен и електронски отпад и нивната имплементација во склад со националното законодавство, електричните алати на кои им поминал векот на траење мора да се собираат одвоено и да се отстрануваат на еколошки исправен начин.
Notice-Facile