8150 - Мултифункционални алати DREMEL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 8150 DREMEL во PDF формат.
Прашања на корисниците за 8150 DREMEL
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Мултифункционални алати во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 8150 - DREMEL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 8150 на марката DREMEL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 8150 DREMEL
① Прочитајте го упатството.
② Носете заштита за слухот.
③ Носете заштитни очила.
④ Носете маска за заштита од прав.
⑤ Не фрлајте ги електричните алати во домашната канта за отпадоци.
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАНЬЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати
создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот
алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
He го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
▶ Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасности од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за сите примени
Безбедносни предупредувања за брусење, шмирглање, жичано четкање, полирање, резбање или абразивно сечење
▶ Овој електричен алат е наменет да функционира како алат за брусење, шмирглање, жичано четкање, полирање, резбање и сечење. Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции приложени подолу може да предизвикаат струен удар, пожар и/или тешки повреди.
▶ Не користете дополнителна опрема која не е специјално дизајнирана и не е препорачана од производителот на алатот. Само затоа што дополнителната опрема може да се вгради во вашиот електричен алат, не значи дека може да се обезбеди безбедно работење.
▶ Утврдената брзина на дополнителната опрема за брусење, мора да биде најмалку еднаква на максимальната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема за брусење која работи побрзо од утврдената брзина може да се скрши и да се распрска насекаде.
▶ Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата дополнителна опрема мора да биде во рамките на класата на вашиот електричен алат. Дополнителна опрема со несоодветна величина не може соодветно да се контролира.
▶ Големината на осовината на дисковите, брусниот валјак или другата дополнителна опрема, мора правилно да се вклопува во вретеното или затезната чаура на електричниот алат.
Дополнителната опрема која не е соодветна на хардверот на електричниот алат не може да одржува рамнотежа, заради прекумерните вибрации и може да предизвика губење на контрола.
▶ Вретенаста брусна четка, брусен валјак, резачи и другата дополнителна опрема мора целосно да бидат вметнати во затезната чаура или полугата. Ако вретеното не е довольно зацврстено и/или валјакот премногу стрчи, валјакот може да се олабави и да отпадне со голема брзина.
He користете оштетена дополнителна опрема. Пред употреба проверете ја дополнителната опрема, како на пр., абразивните дискови за иверки и струготини, брусниот валјак за отвори, стружење или претерано абење, жичаната четка со олабавени или пукнати жици. Ако електричниот алат или дополнителната опрема падне, проверете дали е оштетена или инсталирајте неоштетена дополнителна опрема. По проверката или инсталирањето на дополнителна опрема, вие и luѓето во близина поместете се подалеку од рамнината на ротирачката опрема, и включете го електричниот алат на максимальна брзина без оптоварување една минута. Оштетената
дополнителна опрема вообичаено се расипува во текот на овој тест период.
▶ Носете лична заштитна опрема. Во зависност од примената, користете штитник за лице, безбедносни или заштитни очила. Како што е соодветно, носете маска за заштита од прашина, штитници за уши, ракавици и работничка престилка, којашто ги запира малите абразивни парчиња или парчиња од делот што го обработувате. Заштитата за очи мора да овозможи спречување на остатоци што се распрескуваат при работењето. Маската против прав или респираторот мора да ги филтрира честичките што се генерираат при работењето. Долготрајна изложеност на интензивна бучава може да доведе до губење на слухот.
▶ Луғето во ваша близина треба да бидат оддалечени од работниот простор. Секој што влегува во работниот простор мора да носи лична заштитна опрема. Парчиња од делот што го обработувате или расипана дополнителна опрема може да експлодира и распрска и да предизвика повреда надвор од непосредната работна површина.
▶ Држете го електричниот алат само за изолираната површина додека сечете за опремата за сечење да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
▶ Секогаш цврсто држете го алатот со раце за време на включувањето. Реакциониот вртежен момент на моторот се забруза до максимум, и може да предизвика искривување на алатот.
▶ Користете менгеме за да го прицврстите делот што се обработува, секогаш кога е можно. Никогаш не држете мал дел што се обработува во едната рака, и алатот во другата рака за време на сечењето. Ако го прицврстите малиот дел што се обработува, со рацете ће можете да го контролирате алатот. Тркалезниот материјал, како на пр. дрвени прачки, цевки или цевчиња, може да се тркалаат за време на сечењето, и да предизвикаат сечилото да се навали или да отскокне кон вас.
▶ Не го оставајте електричниот алат долу додека дополнителната опрема не запре целосно. Ротирачката опрема може да ја зафати површината и да го повлече електричниот алат надвор од ваша контрола.
По менување на сечилата, или по нивно подесување, уверете се дека навртката на затезната чаура, полугата или некој друг дел се безбедно прицврстени. Олабавените делови може ненадејно да се поместат, да предизвикаат губење контрола, и олабавените ротирачки делови їе бидат силно отфрлени.
▶ Не го вклучувајте електричниот алат додека го држите свртен кон вас. Случаен контакт со ротирачка дополнителна опрема може да ја закачи вашата
облека, со повлекување на дополнителната опрема кон вашето тело.
▶ Редовно чистете ги воздушните вентили на електричниот алат. Вентилаторот на моторот повлекува прав во кукиштето, а претераната акумулација на метален прав може да предизвика опасност од електричен удар.
▶ Не работете со електричниот алат во близина на запаливи материјали. Искрите можат да ги запалат овие материјали.
He користете дополнителна опрема за која се потребни течни разладувачи. Користењето вода или други течни разладувачи може да доведе до смрт или струен удар.
Одбивање и слични предупредувања
Одбивање е ненадејна реакција на приклештен или закачен ротирачки диск, потпорен диск, четка или друга дополнителна опрема. Приклештувањето или закачувањето предизвикува брзо маневрирање на ротационата дополнителна опрема, кое од друга страна, предизвикува присилно насочување на неконтролираниот електричен алат во спротивен правец од ротирањето на опремата.
На пример, ако абразивен диск е закачен или приклештен за делот што го обработувате, острицата на дискот која влегува во приклештената точка може да се зарие во површината на материјалот и дискот да се помести или ослободи. Дискот може да скокне или да се одбие од операторот, во зависност од неговата насока на движење на точката на приклештување. Абразивните дискови, исто така, може да се искршат под овие услови. Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или несоодветно работење или услови, и може да се избегне со преземање на соодветните превентивни мерки наведени подолу.
Цврсто држење на електричниот алат и позиционирање на вашето тело и рака за да се овозможи отпор на силите на одбивање.
Операторот може да ги контролира реакциите на силата на одбивање, доколку се преземат соодветни превентивни мерки.
▶ Обрнете посебно внимание при изработка на агли, остри ивици и др. Избегнувајте отскокнување и закачување на дополнителната опрема. Аглите, острите ивици или отскокнувањето може да доведат до закачување на дополнителната опрема и да предизвикаат губење на контрола или одбивање.
▶ Не закачувајте назабено сечило за пила. Овие сечила предизвикуваат брзи одбивања и губење на контрола.
Секогаш вметнувајте го сечилото во материјалот во истата насока од која острицата на сечилото излегува од материјалот (а тоа е истата насока во која ивериците се исфрлаат). Ако го вметнувате алатот во погрешна насока, тоа може да предизвика острицата на сечилото да излезе од делот што се обработува, и да го повлече алатот во насока на делот што се обработува.
▶ При користење на ротирачки стругови, дискови за сечење, сечила со голема брзина или волфрамкарбид сечила, секогаш безбедно прицврстувајте го делот што се обработува. Овие дискови се заглавуваат ако жлебот незначително се накоси и може да се приклештат. Ако одвоениот диск се заглави, вообичаено се крши. Ако ротирачкиот струг, сечилото со голема брзина или волфрамкарбид сечилото се заглават, истите може да се одвојат од жлебот и може да изгубите контрола врз алатот.
Безбедносни предупредувања специфични за брусење и абразивно сечење
▶ Користете само видови на дискови коишто се препорачуваат за вашиот електричен алат, за препорачана употреба. На пример: не користете диск за сечење за странично брусење. Абразивните дискови за сечење се наменети за периферно брусење, страничните сили што се применуваат на овие дискови може да предизвикаат нивно распарчување.
▶ За навојни абразивни конуси и клинови, користете ислучиво неоштетени дискови за вретено, со нерамни прирабници и со правилна величина и должна. Соодветните вретена ќе го намалат ризикот од кршење.
He ro „притискајте“ дискот за сечење и не применувајте прекумерен притисок. Не настојувајте да направите прекумерно длабок засек. Преоптоварувањето на дискот го зголемува оптоварувањето и осетливоста на виткање и закачување на дискот во засекот и можноста за приклештување или кршење на дискот.
He ja ставајте вашата рака во линија, или зад ротирачкиот диск. Кога дискот, во текот на операцијата, се движи подалеку од вашата рака, одбивањето може да го придвижи ротирачкиот диск и електричниот алат директно кон вас.
Koga дискот е приклештен, закачен, или кога го прекинува сечењето заради некоја причина, исключете го алатот и држете го неподвижен додека дискот целосно не запре. Никогаш не настојувајте да го извадите дискот за сечење од засекот додека се движи или може да дојде до одбивање. Проверете и поправете го за да ја елиминирате причината за приклештувањето или закачување.
He започнувајте повторно со сечење во делот што го обработувате. Почекајте додека дискот да достигне целосна брзина и внимателно влезете повторно во засекот. Дискот може да се навали, придвижи или одбие ако го рестартирате електричниот алат во делот што го обработувате.
▶ Потпрете ги плочите или преголемиот дел што го обработувате за да го намалите ризикот од приклештување и одбивање на дискот. Големите делови што ги обработувате се искривуваат под својата тежина. Потпирачите мора да се стават под делот што го обработувате, покрај линијата на засекот
и покрај ивицата на делот што го обработувате на двете страни на дискот.
▶ Користете дополнителни мерки за претпазливост кога правите „цебен засек“ во постоечки сидови или други слепи површини. Испакнат диск може да пресече цевки за гас или вода, електрични жици или предмети коишто може да предизвикаат одбивање.
Безбедносни предупредувања специфични за жичано четкање
▶ Внимавајте бидејки четката исфрла жичани влакна дури и за време на вообичаени операции. Не ги преоптоварувајте жиците со преоптоварување на четката. Жичаните влакна може лесно да навлезат во лесни алишта и/или кожа.
▶ Оставете ги четките да работат на соодветна брзина најмалку една минута пред да почнете со нивно користење. За ова време, никој не треба да стои пред или во линија со четката. Олабавените влакна или жици може да се откачат за време на работата.
▶ Насочете го вртењето на жичаната четка подалеку од вас. Може да излетаат мали честички или делови од жицата, со јак интензитет за време на користењето на овие четки и можат цврсто да навлезат во кожата.
Дополнителни безбедносни напомени
▶ Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ Електричниот алат не е погоден за стационарна употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на менгеме или на работна клупа.

text_image
max.50°CЗаштитете го електричниот алат од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија.
Опис на производот и перформансите


Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Наменета употреба
Електричниот алат е наменет за брусење и отстранување на остатоци од метал со корундни брусни тела, како и за работење со алати со брусна лента, за брусење со брусна хартија, како и за глодање.
Електричниот апарат има дополнителна намена за четкање и полирање на метали.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Затезен клуч
(2) Затезна навртка
(3) Затезна клешта
(4) Работно светло
(5) Чаура со интегриран прстенест клуч
(6) Вратило за прифат
(7) Копче за блокирање на вретеното
(8) Отвори за вентилација
(9) Приказ за наполнетост на батеријата
(10) Прекинувач за включување/исклучување
(11) Копче за контрола на бројот на вртежи
(12) Micro-USB-приклучок
(13) Капак за микро-USB-приклучок
(14) USB Type-C® кабел ^a)
(15) Рачка (изолирана површина на рачката)
(16) Димензија на тенко вратило L_0
a) USB Type-C® и USB-C® се трговски ознаки за USB Implementers Forum.
A) ограничена мокност на температури < 0 °C
Технички податоци
| Батериски алат со повеќе ротации | 8150 | |
| Број на дел | F 013 815 0.. | |
| Номинален напон V= 7,2 | ||
| Номинален број на вртежи min | -1 | 30000 |
| Макс. дијаметар на затезната клешта | mm 3,2 | |
| макс. димензии на опрема mm 45 | ||
| Заштита од рестартирање ● | ||
| Тежина kg 0,4 | ||
| препорачана околна температура при полнење | °C 0 ... +45 | |
| Напон при полнење V 5 | ||
| Струја за полнење mA 1000 | ||
| дозволена околна температура при работење ^A) и при складирање | °C -20 ... +50 | |
| Батерија Литиум-јонска | ||
| Капацитет Ah 2,0 | ||
| Енергија Wh 14,4 | ||
| Број на батериски їелии 2 | ||
| препорачан мрежен напојувач | ||
| Број на дел(5 V; 1000 mA) | 2 615 051 0AB2 615 051 0AC | |
| Макс. време на полнење(5 V; 1000 mA) | min 270 | |
| Макс. време на полнење(5 V; 2000 mA) | min 180 | |
| препорачан USB Type-С® кабел | ||
| Број на дел | 2 610 067 885 | |
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 60745-2-23.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 74 dB(A); ниво на звучна јачина 82 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски эбир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-23:
$$ a _ {n} = 1 1, 4 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2} \mathrm{K} = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2} $$
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој уредот е ислучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.
Батерија
Полнење на батеријата
▶ За полнење користете го препорачаниот USB-мрежен дел или мрежен дел со 5 V и најмалку 1,0 A.
Почитувајте го упатството за користење на USB-
мрежниот дел.
Препорачан мрежен дел: види поглавје Технички податоци.
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот напојувач.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја. Отворете го капакот.
Приключете го електричниот алат преку USB-кабел на мрежниот напојувач.
Приказот за наполнетост на акумулаторската батерија го прикажува напредокот на полнењето. За време на процесот на полнење, приказот трепка зелено. Батеријата е целосно наполнета, доколку приказот непрекинато свети зелено.
При подолго некористење извадете го електричниот алат од струјното напојување.
Електричниот алат не може да се користи за време на процесот на полнење.
Приказ за наполнетост на батеријата
Приказ за наполнетост на батеријата за време на работењето
Приказот за наполнетост на батеријата ја покажува наполнетоста на батеријата при включен електричен алат.
LED Капацитет
Приказ за наполнетост на батеријата за време на полнењето
Приказот за наполнетост на батеријата го прикажува напредокот на полнењето.
LED Капацитет
Приказот за капацитет од 100 % останува активен околу 10 минути. Приказот се гаси предвреме ако кабелот за полнење се ислучи пред да истече времето за полнење
или ако се открие грешка (види „Отстранување грешки“, Страница 171)
Монтажа
▶ Користете само тестирана опрема со високи перформанси од Dremel. Прочитајте ги упатствата што доағаат со опремата од Dremelза повеće информации за користење. Внимателно ракувајте и чувајте ја опремата за да не дојде до пукнатини и цепнатинки.
Монтирање на алатот за вметнување
▶ При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте држачот на алатот за вметнување да лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку држачот на алатот за вметнување не е довольно длабоко вметнат во прифатот за алат, алатот што се вметнува може да се слизне и да не може повеće да се контролира.
▶ Користете само исправни, неизабени алати за вметнување. Дефектните алати за вметнување може на пр. да се скршат и да доведат до повреди и материјални штети.
▶ Користете само соодветни и неоштетени вилушкасти клучеви (види „Технички податоци“).
Чаура (5) со интегриран прстенест клуч (видете слики А и С)
Чаурата (5) има интегриран прстенест клуч. Ова овозможува олабавување и затегнување на затезната навртка (2) без употреба на затезен клуч (1).
– Олабавете ја чаурата (5) така што ће ја свртите налево. Лизнете ја чаурата нанапред над затезната навртка (2). Чаурата (5) сега може да се користи како прстенест клуч.
– Свртете ја чаурата (5) налево, со активирана блокада на вретеното (7) за да ја олабавите затезната навртка (2).
– Вметнете ја оската на алатот за вметнување целосно во затезната клешта (3).
– Со активирана блокада на вретеното (7), свртете ја чаурата (5) надесно, за да ја прицврстите затезната навртка (2).
– Откако ће ја прицврстите затезната навртка (2), турнете ја чаурата малку наназад (5) и повторно затегнете ја.
Брусните тела мора да се движат беспрекорно кружно. Не ги употребувајте нетркалезните брусни тела, туку заменете ги со нови.
▶ Во никој случај не ја затегнувајте затегнувачката чаура со затегнувачката навртка, доколку не е монтирано брусно тело. Инаку, затегнувачката чаура може да се оштети.
▶ Користете само брусни клинови со соодветен дијаметар на држачот. Брусниот клин, чиј дијаметар на држачот не одговара на прифатот за алат на електричниот алат (види „Технички податоци“), не
може да се зацврсти добро и ја оштетува затегнувачката чаура.
▶ Алатот за вметнување мора да се затегне најмалку 10 mm. Со помош на внатрешните димензии на држачот L_0 од податоците на производителот може да го дознаете максимальниот дозволен број на вртежи на алатот за вметнување. Тој не смее да биде под максимальниот број на вртежи на електричниот алат.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
▶ Пред секоја употреба, проверете дали затезната клешта (3) и затезната навртка (2) имаат видливи оштетувања.
▶ Никогаш не држете го електричниот алат свртен кон вашето лице. Делови од оштетената опрема може да се откачат кога ќе се постигнат големи брзини. Работата може најдобро да ја извршите ако го држите електричниот алат како пенкало међу палецот и показалецот (видете слики D и E). За тешки работи како што се сечење или брусење, може да се користат и двете раце за држење на електричниот алат.
Вклучување/исклучување
Напомена: За ставање во употреба, копчето за контрола на бројот на вртежи (11) не смее да се наога во позиција 0 (режим на заклучување).
За ставање во употреба без работното светло притиснете го прекинувачот за включување/исклучување (10) и потоа отпуштете го.
За ставање во употреба со работното светло задржете го прекинувачот за включување/исклучување (10) и затемнете го работното светло доколку е потребно. Кога ќе се постигне саканиот интензитет на светлина,
отпуштете го прекинувачот за вклучување/ исклучување (10) за да го включите електричниот алат.
За да го исключите електричниот алат, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10) и потоа отпуштете го или ставете го копчето за контрола на бројот на вртежи (11) во позиција 0 (режим на заклучување). Работното светло се гаси за најмногу 10 секунди.
Фин старт
Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот момент при вклучување и го зголемува рокот на траење на моторот.
Поставување на бројот на вртежи
Со копчето за подесување на бројот на вртежи (11) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.
Потребниот број на вртежи зависи од материјалот којшто треба да се обработи и дијаметарот на алатот што се вметнува. Придржувајте се кон максимально дозволениот број на вртежи на алатот за вметнување.
| Степен Приближен број на вртежи во празен од (min ^-1 ) |
| 0 0 (режим на заклучување) | |
| 5 3500-6500 | |
| 10 7000-13000 | |
| 15^A) | 13500-17000 |
| 20 18500-22500 | |
| 25 22500-25500 | |
| 30 25500-30000 | |
A)Жичени четки
Користете мал број на вртежи кога работите со пластика и други материјали со ниска точка на топење.
Поголемиот број на вртежи се погодни за дрвени предмети, метали и стакло, како и за дупчење, резбање, сечење и глодање.
При полирање, сјајна завршна обработка и чистење, работете со број на вртежи не поголем од 15000 min ^-1 , за да не се оштети делот за обработка и алатот за вметнување.
Алуминиум, легури на бакар, легури на олово, легури на цинк и калај може да се обработуваат со различен број на вртежи во зависност од видот на сечењето.
Користете парафин (не вода) или друг соодветен подмачкувач за глодалката, за да спречите исечениот материјал да се залепи на глодалката.
Напомена: не зголемувајте го притисокот врз делот што се обработува. Користете различен број на вртежи за да го постигнете посакуваниот резултат.
Ако електричниот алат почне да вибрира, работи премногу бавно. Зголемете го бројот на вртежи.
Заштита од преоптоварување
При преоптоварување моторот запира. Оставете го електричниот апарат неоптоварен на највисок број на вртежи во празен од околу 30 секунди да се олади.
Сопирачка за исфрлување од брзина
Вградената сопирачка за исфрлање од брзина го намалува продолженото работење на вратилото на моторот откако їе се исклучи електричниот алат.
Отстранување грешки
Состојбите на грешка се сигнализираат преку приказот за наполнетост на батеријата (9).
| LEDTrepkačko | Опис Помош | |
![]() | Електричниот алатили батеријата епремногу жешка | Оставете гоелектричниот алат ибатеријата да сеизладат (види„Технички податоци“,Страница 168) |
![]() | Електричниот алат неможе да се вклучи,бидејки состојбата нанаполнетост набатеријата епрениско, батеријатане може да се полни | Полнење набатеријата |
![]() | Струјата на полнење епревисока илипрекинувачот завклучување/исклучување(10)бил притиснат завреме на процесот наполнење или когаелектричниот алатбил во режим зазаклучување(копчето за контролана бројот на вртеживо позиција 0) | воспоставетеправилни услови заполнење или непритискајте гопрекинувачот завклучување/исклучување(10)завреме на полнење наелектричниот алатили во режим зазаклучување |
Совети при работењето
▶ Брусните алати и брусните плочи за сечење чувајте ги заштитени од удари.
▶ Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека не дојде во сostoјба на мирување.
▶ По силното оптоварување, оставете го електричниот алат уште неколку минути во празен од, за да се излади.
▶ Брусните тела за време на работењето стануваат многу жешки. Не допирајте ги пред да се оладат.
Прво направете неколку пробни намалувања за да го увидите однесувањето на електричниот алат, особено при голем број на вртежи. Спуштете го ротирачкиот алат за вметнување на работната површина и оставете го да ја допре точката каде што сакате да ја започнете работата. Поместете го алатот за вметнување со мал притисок за да постигнете оптимален резултат. Прекумерниот притисок ги намалува перформансите на електричниот алат и
172 | Srpski
предизвикува побрзо истрошување на алатот за вметнување.
Кога го држите електричниот алат, не покривајте ги отворите за воздух со рака. Блокирањето на отворите за воздух може да предизвика прегревање на моторот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку батеријата не функционира повеće, обратете се кај овластената сервисна служба за Dremel-електрични алати.
Чистете го електричниот алат редовно со помош на компресиран воздух.
Поправка и гаранција
Препорачуваме одржувањето и поправките да се вршат во сервисните центри на Dremel. Гаранцијата за овој производ на Dremel е во согласност со прописите специфични за земјата. Штетата предизвикана од нормално абење, преоптоварување или неправилно ракување е исключена од гаранцијата. Во случај на поплака, испратете го алатот и/или полначот до дилерот заедно со доказ за купување.
Податоци за контакт на Dremel
Дополнителни информации за поправки, гаранција, производи на Dremel, корисничка служба и телефонска поддршка може да најдете на www.dremel.com.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Електричната и електронската опрема или искористените батерии што веке не се употребливи мора да се собира посебно и да се фрла на еколошки начин. Користете ги соодветните системи за собирање. Неправилното фрлање може да биде штетно за животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
▶ При отстранување, вградените батерии смеат да се извадат само од страна на стручен персонал. Со отворање на обвивката на кујиштето, електричниот алат може да се уништи.
За да ја извадите батеријата од електричниот алат, притискајте на електричниот алат додека целосно не се испразни батеријата. Одвртете ги завртките на куќиштето и извадете ја обвивката на кукиштето, за да ги извадите батериите. За да избегнете краток спој, извадете ги поединечно еден по друг приклучоците на батеријата и потоа изолирајте ги половите. Дури и при целосното празнење во батеријата има преостанат капацитет, којшто може да се ослободи при краток спој.


