4250 - Мултифункционални алати DREMEL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 4250 DREMEL во PDF формат.
Прашања на корисниците за 4250 DREMEL
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Мултифункционални алати во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 4250 - DREMEL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 4250 на марката DREMEL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 4250 DREMEL
КОРИШТЕЊЕ И ОДРЖАВАЊЕ ЕЛЕКТРИЧНОГ АЛАТА
ДОДАТНА ОПРЕМА ЗА БАЛАНСИРАЊЕ
Увек држите алат окренут од вашег лица. Прибор може да се оштети за време руковања и може да се распадне у парчад при великој брзини.
Подешавање за жичане четке (4250/4300) = 5-10
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА,
Доколку не се почитуваат сите долунаведени упатства, може да дојде до електричен шок, пожар и/или сериозни повреди. Чувајте ги сите предупредувања и упатства за идно користење. Изразот „електричен алам“ во предупредувањата се однесува на електричниот алам кој се приклучува на електрична мрежа (со кабел) или на електричен алам со батерија (без кабел).
БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНИОТ ПРОСТОР
a. Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Неуредните и темни работни простори можат да предизвикаат незгоди.
b. Не работете со електричниот алат во експлозивна средина, како на пр. во близина на запалливи течности, гасови или прашина. Електричните алати прават искри кои можат да ја запалат прашината или пареата.
с. Додека работите со електричниот алат,
оддалечете ги децата и другите лица.
Невниманието може да биде причина за губење на
контролата.
ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ
a. Приклучницата на алатот мора да одговара на штекерот. Никогаш и на никаков начин немојте да ја модифицирате приклучницата. Немојте да користите адаптери на штекер со заземјени електрични алати. Оригиналните приклучници и соодветните штекери го намалуваат ризикот од електричен шок.
b. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини, какви што се цевки, радијатори, шпорети и фрижидери. Ризикот од електричен шок е заголемен ако Вашето тело е заземјено.
с. Не изложувајте го алатот на дожд или влажни услови. Водата што ће продре во електричниот алат ће го зголеми ризикот од електричен шок.
d. Немојте да го злоупотребувате кабелот. Кабелот никогаш не користете го за носење, влечење или за ислучување на електричниот алат. Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови и подвижни делови. Оштетените или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од електричен шок.
e. Koga работите со електричниот алат надвор, користете продолжен кабел кој е погоден за надворешна употреба. Користењето на кабел кој е погоден за надворешна употреба го намалува ризикот од електричен шок.
f. Ако работењето со електричен алат на влажна локација не може да се избегне, користете осигурувач со диференцијална струјна заштита (RCD - residual current device). Користењето осигурувач со диференцијална струјна заштита при дефект го намалува ризикот од електричен шок.
ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ
a. Бидете внимателни, внимавајте што правите и користете здрав разум додека ракувате со електрични алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекарства.
Само еден момент на невнимание додека ракувате со електричен алат може да доведе до сериозни телесни повреди.
b. Користете опрема за лична заштита. Секогаш носете заштита за очите. Заштитната опрема, како на пр. маска против прашина, нелизгачки заштитни чевли, заштитен шлем или заштита за ушите, која се користи во соодветни услови, їе ја намали можноста од повреди на лицата.
с. Избегнувајте случајно вклучување. Уверете се дека прекинувачот е во исключена положба „off“ пред да го приключите на електрична мрежа и/или батерија. Носењето на електричниот алам со прстот на прекинувачот или приклучувањето на електричниот алам додека прекинувачот е во положба „оп“ може да предизвика несреќа.
d. Отстранете ги сите средства за подесување и
сите клучеви пред да го включите електричниот алат. Ако оставите луч или средство за подесување прикачени на некој ротационен дел од електричниот алат, тоа може доведе до телесна повреда.
e. Не пресегнувајте се премногу. За сето време одржувајте стабилна положба и рамнотежа. Тоа Ви овозможува подобра контрола над електричниот алат во неочекувани ситуации.
f. Носете прописна облека. Немојте да носите широка облека или накит. Косата, облеката и нараквиците држете ги понастрана од подвижните делови. Широката облека, накитот или долаата коса можат да се заплеткаат меѓу подвижните делови.
9. Ако на уредите е прикачен вшмукувач на прашина, проверете дали се добро споени и дали правилно се користат. Користењето собирач на прашина може да ги намали опасностите предизвикани од прашина.
h. Не дозволувајте фактот дека имате искусство со функционирањето на други видови на алатки да ви влијае врз употребата на оваа алатка и поради тоа да ги игнорират безбедносните правила. Само едно нивнимателно дејство е довольно за да ве повреди во дел од секунда.
КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИОТ АЛАТ
a. Немојте да го форсирате електричниот алат. Користете соодветен електричен алат кој е потребен за Вашата дадена ситуација. Со соодветниот електричен алат подобро и побезбедно ќе ја завршите работата за која е дизајниран.
b. Немојте да го користите електричниот алат доколку не работи прекинувачот on/off.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со помош на прекинувач, е опасен и мора да се поправи.
с. Исклучете ја приклучницата од штекерот и/или батеријата од електричниот алат пред да правите било какви подесувања, пред да го менувате приборот или пред да го одложите алатот. Ваквите превентивни мерки на безбедност го смалуваат ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
d. Чувајте го алатот подалеку од дофатот на деца и не дозволувајте им на лицата кои не се упатени во алатот или во овие упатства да ракуваат со алатот. Електричните алати можат да бидат опасни во рацете на корисници кои не се обучени.
e. Одржувајте ги електричните алати. Проверете дали спојните или подвижните делови се добро нагодени, дали деловите се во исправна состојба, и сите други услови кои би можеле да влијаат врз работата со електричниот алат. Ако алатот е оштетен, дајте го на поправка пред повторната употреба. Многу несреќи биле предизвикани од лошо одржуван електричен алат.
f. Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Кога правилно се одржува алатот за сечење со
остри рабови за сечење, помала е веројатноста
тој да се заглави и полесно се контролира.
g. Електричниот алат, приборот и бургиите користете ги во согласност со овие упатства, земајки ги предвид работните услови и работата што треба да се заврши. Употребата на електричниот алат за работи кошито тој не е предвиден, може да предизвика опасни ситуации.
h. Одржувајте ги дршките и површините за факање суви, чисти и незамастени. Лизгавите дршки и
површини за факање не дозволуваат безбедно ракување и контрола на алатката во неочекувани ситуации.
СЕРВИСИРАЊЕ
a. Вашиот електричен алат нека го сервисира квалификуван сервисер со користење само на идентични резервни делови. На овој начин ке се обезбеди одржување на сигурноста на електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА КОЙ СЕ ВООБИЧАЕНИ ЗА БРУСЕЊЕ, ШМИРГЛАЊЕ, ЧЕТКАЊЕ СО ЖИЦА, ПОЛИРАЊЕ, РЕЗБАЊЕ ИЛИ АБРАЗИВНО СЕЧЕЊЕ
a. Овој електричен алат е наменет за употреба при глодање, брусење, работење со жичена четка, полирање или сечење. Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, илустрации и спецификации кои се приложени со овој алат. Доколку не се почитуваат сите допунаведени упатства, може да дојде до електричен шок, пожар и/или сериозни повреди.
b. Не користете прибор кој не е специјално дизајниран и препорачан од страна на производителот на алатот. Самото тоа што на Вашиот алат може да се приклучи прибор не значи дека е осигурено и безбедно работење.
с. Номиналната брзина на приборот за брусење мора да биде поголема или еднаква на максималната брзина што е означена на алатот. Приборот за брусење кој работи со брзина поголема од неговата номинална брзина, може да се скриши и да се разлета.
d. Надворешнот пречник и дебелината на
Вашиот прибор мора да бидат во рамките
на капацитетот на Вашиот електричен алат.
Приборот со неисправна големина не може да
соодветно да се контролира.
e. Големината на вретеното на шајбната, на добошите за брусење или на кој и да е друг прибор мора да се фаћа на вретеното или стезната глава на електричниот алат. Приборот кој не одговара на вретеното на електричниот алат ће се врти ексцентрично, додатно ће вибрира и може да предизвика губење на контролата.
f. Шајбните кои се монтираат на осовинката, добошите за брусење, секачите или другиот прибор мора да бидат целосно вметнати во стезната глава или прстен. Доколку осовинката е недоволно прицерстена и/или пак испустот на шајбната е предолг, монтираната шајбна може да се олабави и да испадне при висока брзина.
g. Немојте да користите оштетен прибор. Пред
секоја употреба проверете дали на приборот, како
што е брусната плоча или брусната подлога, има
пукнатинки или ломови и дали се прекумерно
изабени, дали на жичената четка има лабави
или искршени жици. Ако електричниот алат
или приборот Ви паднале, проверете дали има
оштетувања или монтирајте неоштетен прибор.
По прегледувањето и монтирањето на приборот,
тргнете ја од себе и од останатите присутни
лица површината на ротациониот прибор и во
траење од една минута включете го електричниот
алат да работи со максимален број на вртежи.
Оштетениот прибор обычно ће се скрши во текот на ова тестирање.
h. Носете опрема за лична заштита. Во зависност од уредот, користете заштита за лицето, заштита за очите или заштитни очила. Ако е потребно, носете маска против прашина, заштита за ушите, ракавици и работна престилка која може да заштити од мали честички или отпадоци од брусење. Заштитата за очи мора да штити од разлетаните честички кои настануваат при различни операции. Маската за прашина или респираторната маска мора да бидат во можност да заштитам од разлетаните честички кои настануваат при Вашето работење. Доколку подолеотрајно сте изложени на висока бучава, тоа може да предизвика губење на слухот.
i. Лицата кои се наогаат во близина нека стојат на доволна оддалеченост од работниот простор. Лицата што ће останат во Вавиот работен простор мора да носат опрема за лична заштита. Честички од работниот предмет или од скршениот прибор можат да летаат наоколу и да предизикает повреда надвор од непосредниот работен простор.
j. Електричниот алат држете го само за делови кога извршувате работи при кои алатот за сечење може да дојде во контакт со скриени електрични водови или со сопствениот мрежен кабел. Опремата за сечење која ќе дојде во допир со жица под напон, може да предизвика изложените метални делови од електричниот алат да дојдат под напон и да предизвика електричен шок за операторот.
k. Алатот секогаш држете го цврсто во рацете при стартувањето. Реакцијата на вртежниот момент на моторот, додека се забрзува до полна брзина, може да предизвика алатката да се изврти.
I. Секогаш кога е можно, користете штипалки за да го прицврстите обработуваното парче. Никогаш не држете мало обработувано парче во едната рака, а алатот во другата, додека е во употреба. Ако го прицврстите малото обработувано парче, тоа ће Ви овозможи да ги користите рацете за да ја контролирате алатката. Тркалезниот материјал, како што се шипки со типли или цевки имаат тенденција да се виткаат додека ги сечете, па може да предизвикаат бургијата да се извитка или да искокне кон Вас.
m. Кабелот држете го настрана од приборот кој се ротира. Ако изгубите контрола, кабелот може да се пресече или да се заплетка, а ротациониот прибор може да Ви ја повлече бланката или раката.
n. Никогаш не спуштајте го електричниот алат додека движењето на приборот целосно не запре. Ротирачкиот прибор може да ја зафати површината на која го одлагате, а Вие да изгубите контрола над електричниот алат.
о. Откако ќе смените бургија или ќе направите било какво дотерување, проверете дали стезната чаура стезната глава или кој и да е друг дел за подесување е безбедно прицврстен. Лабавите делови за подесување можат неочекувано да се слизнат и да предизвикуваат губење на контролата, а слободно ротирачките компоненти сосила ќе бидат исфрлени.
р. Никогаш не вклучувајте го електричниот алат додека го носите. Случајниот контакт со ротациониот прибор би можел да Ви ја зафати облеката, а некој дел од приборот би можел да Ви се зарие во телото.
q. Редовно чистете ги отворите за вентилација
на Вашиот електричен алат. Вентилаторот на моторот ја привлекува прашината во внатрешноста на куќиштето, и прекумерното насобирање на метален прав може да предизвика електрична опасност.
г. Немојте да ракувате со електричниот алат во близина на запалливи материи. Искрите би можеле да ги запалат тие материјали.
s. Немојте да користите прибор кој изискува течни средства за ладење. Користењето вода или други течности за ладење може да предизвика електричен шок.
ПОВРАТЕН УДАР И СООДВЕТНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Повратниот удар е ненадејна реакција поради блокирана или заглавена брусна плоча, брусна лента, четка или некој друг прибор. Заглавувањето или блокирањето предизвигува брзо придушување на ротирачкиот прибор кое, пак, предизвигува неконтролираната електрична алатка да биде присилена во правец спротивен од правецот на вртење на приборот.
На пример, ако брусната плоча се блокира или заглави во некое работно парче, работ на брусната плоча која се заглавила во работното парче може да се зарие во површината на материјалот и да предизвика испаћање на плочата или повратен удар. Брусната плоча може да отскокне кон или одкај лицето кое ракува со алатот, зависно од правецот на вртење на брусната плоча на местото на блокирање. Брусната плоча може и да се искрши под вакви околности.
Повратниот удар е последица на погрешна употреба на електричниот алат и/или неисправно работење или услови, и може да се избегне ако се преземат соодветните долунаведени мерки на претпазливост.
a. Електричниот алат држете го цврсто и Вашето тело нека биде во положба во која е во состојба да им се спротивстави на силите на повратниот удар. Оператерот може да го контролира повратниот удар доколку се преземат исправни мерки на претпазливост.
b. Бидете посебно внимателни кога работите на агли, остри рабови и сл. Избегнувајте одбивање или блокирање на приборот. Аглите, острите рабови или одбивањето на приборот доведуваат до блокирање на ротациониот прибор и тоа може да предизвика губење на контролата или повратен удар.
с. Немојте да приклучувате лист од назабена пила. Таквите продолжетоци честопати предизвикуват повратен удар и доведуват до губење на контролата.
d. Бургијата секогаш ставајте ја во материјалот во истиот правец како остриот крај кој излегува од материјалот (кое е во истиот правец во кој пафаат отпадните иверки). Ако алатот врти во погрешен правец, тоа ће предизвика остриот крај од бургијата да излезе од работа и ће го повлече алатот во овој правец.
e. Kogа користите ротациона пила, шајбни за сечење, високобрзински секачи или секачи од волфрам и тврд метал, обработуваното парче секогаш нека биде безбедно прицврстено. Овие шајбни ће се заглават ако се ставени лабаво во жлебот и може да има повратен удар. Ако шајбната за сечење се заглави, самата шајбна обычно ће се скрши. Кога ротациската турпија, високобрзинскиот секач или секачот од волфрам или од тврд метал ће се заглават, тие можат да испаднат од жлебот, а Вие може да ја изгубите контролата над алатката.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ВРСКА СО БРУСЕЊЕТО И АБРАЗИВНОТО СЕЧЕЊЕ
a. Користете само шајбни кои се препорачани за Вашиот електричен алат и само за препорачани намени. На пример: немојте да брусите со бочната страна од брусната плоча. Абразивните плочи за сечење се предвидени за периферно брусење, а бочната примена на сила врз брусната плоча може да предизвика тие да се се скришат.
b. За навојни абразивни конуси и приклучоци користете само неоштетени шајбни со осовинки со необработени прирабници кои се со исправна големина и должна. Исправните осовинки ће ја намалат можноста за кршење.
с. Избегнувајте да ја заглавувате плочата за сечење или да применувате премногу голем притисок. Не обидувајте се да правите премногу длабоко сечење. Преоптоварувањето на брусната плоча го зголемува напрегањето и уште повеќе ја искривува или блокира плочата, како и можноста за повератен удар или кршење на плочата.
d. Не доведувајте го Вашето тело во положба пред или зад ротирачката шајбна плоча. Ако плочата на местото на работење се движи од Вашето тело нанапред, во случај на повратен удар, електричниот алам со ротирачката шајбна може да отскокне директно кон Вас.
e. Ако брусната плоча се заглави и иако од
било која причина престанете со работата,
исключете го алатот и држете го мирно сё додека
брусната плоча целосно не се смири. Никогаш
не обидувајте се да ја извадите плочата за
сечење од работното парче додека брусната
плоча сё уште се врти, бидејки во спротивно
може да дојде до повратен удар. Проверете и
отстранете ја причината за заглавување или
блокирање на шајбната.
f. Немојте повторно да го вклучувате алатот за сечење додека тој се наога во работното парче. Брусната плоча нека ја достигне својата полна брзина и потоа внимателно продолжете со сечењето. Брусната плоча може да се заглави, да отскокне или да предизвика повратен удар доколку алатот поеторно се вклучи додека е на работното парче.
g. Потпрете ги плочите или големите работни парчиња за да го намалите ризикот од блокирање на брусната плоча и од повратен удар. Големите работни парчиња можат да се свиткаат под својата сопствена тежина. Мора да се стават потпирки под работното парче во близина на работ на работното парче од двете страни на брусната плоча.
h. Бидете посебно претпазливи кога правите засечување во веке постоечките сидови или во некои други непрегледни подрачја. Плочите за сечење можат да ги пресечат гасоводните или водоводните цевки, електричните инсталации или некои други предмети и така да предизвикаат повратен удар.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ВРСКА СО ЖИЧЕНИТЕ ЧЕТКИ
a. Имајте предвид дека жичените четки и во текот на вообичаената употреба губат парчиња од жицата. Не ги преоптоварувајте жиците со прекумерно притискање врз четката. Парченцата од жица можат лесно да продрат низ тенката облека и/или да продрат до кожата.
b. Дозволете љ на четкичката да работи со работна брзина барем една минута пред да ја користите.
За ова време, никој не треба да стои пред или покрај четкичката. При ова воведно стартување, ће бидат исфрлени лабавите влакна или жички.
с. Отпадоците од ротирачката жичена четка насочете ги спротивно од Вас. Малите честички и ситните делчиња од жицата може да бидат исфрлени под голема брзина за време на употребата на овие четки и може да Ви се забоднат во кожата.
d. Немојте да пречекорувате 15.000 врт./мин. кога користите жичени четки
НЕМОЈТЕ ДА РАБОТИТЕ СО МАТЕРИЈАЛИ ШТО СОДРЖАТ АЗБЕСТ 2)(азбестот се смета за канцероген)
ЕКСПЛОЗИВНА (некои видови прашина се сметаат за канцерогени); носете заштитна маска против прашина и користете правосмукалка/смукалка за отпадоци, ако може да се приклучи
СПЕЦИФИКАЦИИ
Број на моделот..... 3000
Влезна мокност ..... 130 W
Напон....230 V, 50 Hz
Брзина 33.000/min
Број на моделот.....4000
Влезна мокност ..... 175 W
Напон 230-240 V, 50-60 Hz
Брзина 35.000/min
Број на моделот..... 4250
Влезна мойност ..... 175 W
Напон 220-240 V, 50-60 Hz
Брзина 35.000/min
Број на моделот..... 4300
Влезна мокност ..... 175 W
Напон....220-240 V, 50-60 Hz
Брзина 35.000/min
Користете потполно одмотани и сигурни продолжени кабли со капацитет од 5 ампера.
Секогаш проверете дали напонот е ист како напонот што е наведен на плочката од алатот.
ОПШТО ⑦
A. Навртка на стезната чаура
В. Стезна чаура
C. Капаче за врвот (EZ Twist со интегриран клуч*)
D. Копче за блокирање на осовината
E. Лизгачки прекинувач за вклучување/исклучување и поставување брзина (3000)
E. Прекинувач за включување/исклучување (4000/4250/4300)
F. Закачалка
G. Поклопец за четкичката
Н. Отвори за вентилирање
I. Копче за поставување брзина (4000/4250/4300)
J. Клуч за стезна чаура
К. Модул за осветлување (4300)
L. Стезна глава Dremel (4300)
*) не е стандартно включено
МОДУЛ ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ I и II (4300)
⑧
М. Прекинувач за включување/исклучување
N. Лизгач (I)
О. Завртка
Р. Преграда за батерии
Q. Батерии (2 x CR1025)
R. Капаче за врв од нов стил
S. Капаче за врв од стар стил
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го осветли директно полето на работа на електричниот апарат и не е погодно за просторно осветлување во домaćинството.
Производот содржи литиумска/мала цилиндрична батерија. Ако проголтате нова или користена литиумска/мала цилиндрична батерија, или пак ако некако навлезе во вашето тело, може да предизвика сериозни внатрешни изгореници и смрт во рок од 2 часа. Секогаш целосно затворајте ја преградата за батериите. Доколку преградата за батериите не се затвора целосно, не користете го производот, отстранете ги батериите и чувајте ги подалеку од дофат на деца. Доколку сметате дека сте проголтале батерија, или пак се наоћа во кој било дел од телото, веднаш побарајте медицинска помош.
ПРВИЧНО ПОСТАВУВАЊЕ
Со цел да ја користите светилката за прв пат, прво извадете го заштитното јазиче од преградата за батериите. Извадете го ова јазиче, па проверете дали светилката свети со помош на прекинувачот поставен на горната страна од уредот. Доколку светилката не свети, проверете со помош на мал шрафцигер дали батериите се убаво наместени и проверете дали се отстранети сите заштитни јазичиња.
МЕНУВАЊЕ НА БАТЕРИИТЕ
За да ги промените батериите за светилката, одвртете го капчето за да ја отстраните светилката. Потоа, разлабавете ја завртката на преградата за батерии со мал шрафцигер. Не вадете ја целосно завртката. Извадете го кукиштето на преградата за батерии од долната страна на модулот. Извадете ги старите батерии со лизгање и ставете нови, притоа внимавајте новите батерии да се поставени соодветно во насоката во која биле поставени старите. Откако ће ги ставите новите батерии, поставете го кукиштето на преградата за батерии и повторно затегнете ја завртката. При повторното склопување, проверете дали прекинувачот и лизгачот се на иста „ON (I)“ или „OFF (O)“ позиција. Така, прекинувачот ће легне во „вилушката“ на лизгачот. (I)
За да го инсталирате модулот за светилката на алатот, одвртете го капчето од крајот на алатот. Лизнете го модулот за светилката до крајот на алатот, при што светилката треба да е свртена нанапред. Повторно затегнете го капчето на крајот на алатот за прстенот на модулот за светилката да се притисне во соодветната позиција. Модулот за осветлување работи само со капачето за вре со нов дизајн R кое се испорачува со алатот.
За да го включите или исключите светлото
– ставете го лизгачот во положба ON или OFF (I)
– притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (II)
За да смените положба на модулот за осветлување, едноставно разлабавете го капачето за врвот, завртете го модулот за осветлување во саканата положба и повторно затегнете го капачето за врвот.
ПРИБОР
СЕКОГАШ ИСКЛУЧУВАЈТЕ ГО АЛАТОТ ОД ШТЕКЕР ПРЕД ДА МЕНУВАТЕ ПРИБОР
Користете само Dremel алат кој е тестиран и кој е високо продуктивен. Погрижете се да ги прочитате упатствата што Ви се приложени со Вашиот Dremel прибор за натамошни информации во врска со неговата употреба. Внимателно ракувајте и чувајте го приборот за да не дојде до поткршување и напукнување.
МЕНУВАЊЕ НА ПРИБОРОТ ⑨
A. Навртка на стезната чаура
В. Стезна чаура (3,2 mm)
C. Капаче (EZ Twist со интегриран клуч*)
Е. Копче за блокирање на осовината
F. Клуч
- Притиснете го копчето за блокирање на осовината и вртете ја осовината со рака додека копчето не ја блокира осовината. Да не се активира механизмот за заклучување на осовината додека алатот работи.
- Додека е блокирана осовината, олабавете ја (и не тргајте ја) навртката на стезната чаура. Ако е потребно, употребете клуч за стезната чаура.
- Целосно ставете ја бургијата или вретеното од приборот во стезната чаура.
- Додека е блокирана осовината, затегнете ја стезната чаура.
EZ TWIST CO ИНТЕГРИРАН КЛУЧ ⑩
Капчето за врвот има интегриран клуч кој ви овозможува да ја олабавувате и стегате стезната чаура без да го користите стандартниот клуч.
- Одвртете го капчето од алатката, израмнете го челичниот додаток од внатрешната страна на капчето со помош на навртката на стезната чаура.
- Со притиснато копче за блокирање, вртете го капчето спротивно од правецот на вртење на стрелките на часовникот додека ја олабавите навртката на стезната чаура. Да не се активира механизмот за заклучување на осовината додека алатот работи.
- Целосно ставете ја бургијата или вретеното од приборот во стезната чаура.
- Со притиснато копче за блокирање, вртете го капчето во правецот на вртење на стрелките на
часовникот додека ја стегнете навртката на стезната чаура.
- Зашрафете го капчето повторно во неговата првобитна положба.
СТЕЗНА ГЛАВА DREMEL 4486 (4300)
Стезната глава Dremel ви овозможува брзо и лесно да ги менувате додатоците на алатите Dremel без да ги менувате стезните чаури. Може да се користи прибор со осовина од 0,8 – 3,2 mm.
За да се разлабави, притиснете го копчето за блокирање на осовината прво и вртете ја осовината со рака додека копчето не ја блокира осовината. Да не се активира механизмот за заклучување на осовината додека алатот работи.
Koga осовината е заклучена, користете клуч или EZ Twist капчето за врв за да ја разлабавите стезната глава и да ги отворите стегите.
Извадете го приборот од стезната глава. Доколку е потребно, продолжете да ја разлабавувате стезната глава за новиот прибор да влезе во стегите. Ставете го новиот додаток во стезната глава довольно длабоко така што ће има растојание од 6 mm помећу крајот на стезната глава и почетокот на работниот дел на додатокот. Додека осовината е заклучена, затегнете ја стезната глава со помош на капачето за врвот EZ Twist или клучот за да го прицврстите додатокот.
СОВЕТИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СТЕЗНАТА ГЛАВА DREMEL
- Стезната глава Dremel и стезната чаура и системот на завртки за стезната чаура се заменливи делови на овој алат. Стезната глава ће ви помогне лесно да ги менувате приборите, а стезната чаура и завртката за стезната чаура ће ви овозможат прецизно држење на место на приборот, особено во случај кога има големо странично оптоварување на алатот.
- Доколку забележите дека приборот се лизга од стезната глава, со помош на EZ Twist капчето или клуч затегнете ја стезната глава околу битот. Доколку и понатаму доаға до лизгање, обидете се со стезната чаура и завртката за стезната чаура.
- Стегите на стезната глава може да се изместат поради што додатокот може да не се врти правилно и концентрично (да се исфрла од оска).
За повторно да ги наместите стегите, следете ги следните чекори:
-
Извадете го приборот од стезната глава.
-
Исчистете ја стезната глава.
-
Притиснете на копчето за заклучување на осовината и затегнувајте ја стезната глава сё додека стегите не се рашират, приближно 3 mm.
-
Силно притиснете го крајот на стезната глава врз тврда рамна површина и проверете дали стегите се поставени аксијално.
-
Продолжете рачно да ја затегате стезната глава сё додека стегите не се затворат целосно.
-
Разлабавете ја стезната глава и повторно ставете го приборот сосема право.
-
Рачно вртете го алатот и внимавајте дали има некакво исфрлање од оска. Доколку очигледно има некакво изместување, повторете ја постапката.
-
Кога осовината е заклучена, затегнете ja стезната глава со помош на EZ Twist капче или клуч за приборот да се постави на место.
-
Включете го алатот на најмала брзина и проверете дали има некакво изместување. Доколку очигледно има некакво изместување, проверете дали приборот е поставен право, па повторете ја постапката.
ПРИБОР ЗА БАЛАНСИРАЊЕ
За прецизно работење, важно е целиот прибор да биде во добра рамнотежа (исто како кај пневматиците на Вашиот автомобил). За дотерување или балансирање на приборот, полека олабавете ја навртката на стезната чаура и завртете го приборот или стезната чаура за
1/4. Повторно стегнете ја навртката на стезната чаура и включете го ротациониот алат.
Врз основа на звукот и осетот, треба да сте во состојба да кажете дали Вашиот прибор работи избалансирано.
Продолжете со ваквото дотерување сё додека не го постигнете најдобриот баланс.
ДОДАТОЦИ
Алатот Dremel doafa со следните додатоци кои овозможуваат пове́наменско користе́ње:
- Флексибилна оска *) за прецизно и детално работење или работење на тешко достапни места (225 - страници 7-8)
- Штитник за заштита од прав и искри (550 - страница 9)
- Повећенаменски комплет за сечење за контролирано сечење разновидни материјали (565/566 - страница 10)
- Комплет за вадење фуга меѓу сидни и подни плочки (568 - страница 11)
- Правоаголен додаток за користење на додатоците под прав агол на тешко достапни места (575 - страница 12)
- Платформа за обликување за шмирглање и брусење под свршен агол од 90° и 45° (576 - страница 13)
- Рачка за прецизно работење за уште подобра контрола над алатот (577 - страница 13)
- Острилка за косилки за трева и градинарски алатки за лесно и брзо острење под оптимален агол (675 - страница 14)
- Додатокот за праволиниско и кружно сечење овозможува сечење на совершени кружни отвори и праволиниски резови (678 - страница 15)
*) Доколку за првпат користите нова флексибилна осовина, држете ја во вертикална положба две минути на најголема брзина на алатот.
НАПОМЕНА: Само дел од додатоците кои се наведени погоре доагаат како стандардна опрема на алатите/комплетите
КОРИСТЕЊЕ
ПОЧЕТОК
Првиот чекор во користењето на мултифункционалниот алат е да го „почувствувате“ в рака. Земете го в рака и проценете ја неговата тежина и баланс. Почувствувајте го конусот на кукиштето. Овој облик овозможува алатот да го држите како пенкало или молив.
ВАЖНО! Првин вежбајте на некој отпадок од материјалот за да видите како работи алатот при големи брзини. Имајте на ум дека Вашиот мултифункционален алат најдобро ће работи при дозволена брзина, во комбинација со исправниот Dremel прибор и приклучоци. Ако е можно, немојте да го притискате алатот за време на користењето. Наместо тоа, полека спуштете го ротациониот прибор на работната површина на местото на което сакате да почнете со работа. Концентрирајте се на тоа алатот
да го водите по работното парче користејки многу мал притисок со раката. Дозволете му на приборот да си ја изврши својата работа.
Обично е подобро работата да се изврши со алатот во повеće фази, отколку да ја завршите целата работа со едно поминување. Нежниот допир Ви овозможува најдобра контрола и ја смалува можноста од правење грешка.
ДРЖЕЊЕ НА АЛАТОТ
Алатот секогаш држете го свртен настрана од Вашето лице. Приборот може да се оштети за време на ракувањето и може да се распадне на парчиња при голема брзина.
Кога го држите алатот, немојте со раката да ги покривате отворите за вентилација. Блокирањето на отворите за вентилација може да предизвика прегревање на моторот.
За најдобра контрола кај деталните работи држете го мултифункционалниот алат во раката како пенкало помећу палецот и показалецот. ⑪
Методата на држење дршка за „голф“ се користи за потешки операции, какви што се брусење или сечење. ⑫
ON/OFF (ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО)
Алатот се вклучува („ON“) со помош на лизгачки прекинувач кој се наоға на горната страна од куќиштето на моторот.
ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ („ON“), лизнете го копчето нанапред.
ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ („OFF“), лизнете го копчето наназад.
Вашиот алат е опремен со интерен систем за електронска повратна врска која овозможува „мек старт“, кој го намалува притисокот што настанува поради стартот со висок број на вртежи. Овој систем исто така помага претходно избраната брзина да се одржува виртуелно константна помеfy состојба на неоптовареност и оптовареност.
ЛИЗГАЧКИ ПРЕКИНУВАЧ ЗА ПРОМЕНА НА БРЗИНАТА (3000)
Вашиот алат е опремен со лизгачки прекинувач за менување на брзината. Брзината може да се подесува во текот на работењето, со лизгање на прекинувачот напред или назад помеѓу некоја од поставките.
За да ја изберете соодветната брзина за секој вид работа, користете парче од материјалот за вежбање.
БИРАЊЕ НА ВАРИЈАБИЛНА БРЗИНА (4000/4250/4300)
Вашата алатка є опремена со бирање на варијабилна брзина. Брзината може да се дотерува во текот на работата, така што однапред ће го подесите бирањето или на некоја или помећу овие две поставки.
За да ја изберете соодветната брзина за секој вид работа, користете парче од материјалот за вежбање.
РАБОТНИ БРЗИНИ ⑬
Видете ја табелата на стр. 17-18 за да ја одредите соодветната брзина за материјалот со којшто работите и кој прибор да го употребите.
Немојте да пречекорувате 15.000 врт./мин. кога користите жичени четки.
Поставка за работење со жичена четка (4250/4300) = 5-10
Повекето операции можат да се извршат ако алатот го подесите на највисок степен. Меѓутоа, извесни материјали (некои видови пластика и метали) можат
да се оштетат бидејки високата брзина се ослободува топлина, и мораат да се обработуваат со релативно мали брзини. Работењето со мали брзини (15.000 врт./мин. или помалку) обычно е најдобро за полирање со прибор за полирање со филц. Сите работи на четкање вршете ги со помали брзини за да го спречите испаћање на парчиња жица од лежиштето на четката. Дозволете му на алатот да ја завршат работата за Вас кога користите помала брзина. Повисоките брзини се посоодветни за тврдо дрво, метал и стакло, како и за дупчење, резбање, сечење, гравирање и врежување жлебови во дрво.
Некои упатства во врска со брзината на алатот:
- Пластиката и останатите материјали кои се топат на ниски температури, треба да се режат при ниски брзини.
- Полирањето, гланцањето и чистењето со жичена четка мора да се прави при брзини кои не се поголеми од 15.000 врт./мин., за да се спречи оштетувањето на четката и на Вашиот материјал.
- Дрвото треба да се сече со висок број на вртежи.
- Железото или челикот треба да се сечат со висок број на вртежи.
- Доколку ножот од брзорезен челик почне да вибрира, тоа обично значи дека работи со премал број на вртежи.
- Алуминиум, легури од бакар, од олово, цинк и калај може да се сечат при различни брзини, во зависност од видот на сечењето. Користете парафин (не вода) или друго соодветно средство за подмачкување на ножот, за да спречите сечениот материјал да се лепи на запците од ножот.
НАПОМЕНА: Не е добро да го зголемувате притисокот врз алатот ако алатот не работи исправно. Обидете се со друг прибор или со подесување на друга брзина за да го постигнете саканиот резултат.
ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ
ВО ВНАТРЕШНОСТА НЕМА ДЕЛОВИ ШТО МОЖЕ ДА ГИ СЕРВИСИРА КОРИСНИКОТ (можете само да ги проверувате и менувате графитните четкички (3000/4250/4300)). ПРЕВЕНТИВНОТО ОДРЖУВАЊЕ ШТО ГО ВРШАТ НЕОВЛАСТЕНИ ЛИЦА МОЖЕ ДА ИМА ЗА РЕЗУЛТАТ НЕИСПРАВНО ПОВРЗУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИТЕ ЖИЦИ И КОМПОНЕНТИ,КОЕ, ПАК, МОЖЕ ДА ПРЕДИЗИВКА СЕРИОЗНИ ОПАСНОСТИ.
ПРОВЕРКА/ЗАМЕНА НА ГРАФИТНИТЕ ЧЕТКИЧКИ (3000/4250/4300) ⑭
Проверувајте ги четкиците дали се истрошени на секои 40-50 часа користење на алатот.
Исто така, проверете ги четкичките кога алатот работи неправилно, губи сила или прави необични шумови.
Ако алатот го користите со изабени четкици, тоа може трајно да го оштети моторот.
Користете само оригинални резервни четкички DREMEL.
- Исключете го алатот и ставете го на чиста површина.
- Тргнете ги двете капачиња за четкичките со помош на клучот како шрафцигер.
- Тргнете ги двете четкички од алатот така што єе ги извлечете пружините што се прикачени.
- Проверете ги двете четкички. Ако некоја четкичка има должина помала од 3 mm и/или површината на четкичката е рапава или има дупчиња, заменете ја со нова:
– извадете ја пружината од четкичката
– фрлете ја старата четкичка и ставете нова четкичка
- Поставете ги четкиците (заедно со пружините) во алатот (четкиците може да се постават во алатот само во една насока).
- Вратете ги капачињата за четкичките со вртење на капачињата во насока на стрелките на часовникот (користете го клучот за да ги затегнете - не престегнувајте).
НАПОМЕНА: Ако е изабена само едната четкичка, заменете ги обете четкички за подобро работење на алатот.
Алатот најдобро се чисти со сув компримиран воздух. Секогаш носете заштитни очила кога ги чистите алатките со компримиран водух.

Отворите за вентилација и прекинувачите мора да се одржуваат чисти и без туғи материи. Не обидувајте се да го чистите алатот со пикање на остри предмети низ отворите.

ПЛАСТИЧНИТЕ ДЕЛОВИ. Некои од нив се: бензин, јаглероден тетрахлор, хлорирани раствори за чистење, амонијак и детергенти за домакинството кои содржат амонијак.
СЕРВИС И ГАРАНЦИЈА
Ние ви препорачуваме сервисирањето на сите алати да се врши во сервисите на Dremel.
Овој продукт на Dremel има гаранција во склад со одредбите пропишани со закон/специфични за земјата; оштетувањата поради нормалното користење и абење, преоптоварување или непрописно користење се изземени од гаранцијата.
Во случај на рекламација, алатот и/или полначот испратете ги до вашиот дистрибутер во нерасклопена costојба, заедно со доказот за купување.
KOHTAKT CO DREMEL
За повеće информации во врска со сервисирањето и гаранцијата, асортиманот на фирмата Dremel, поддршка и телефонски број посетете нё на www.dremel.com.
БУЧАВОСТ И ВИБРАЦИИ
3000
Ниво на звучен притисок (стандардно
отстапување 3dB) dB(A) 77,1
Ниво на звучна моїност (стандардно отстапување 3dB) dB(A) 88,1
Ниво на звучен притисок (стандардно отстапување 3dB) dB(A) 78,0
Ниво на звучна моїност (стандардно отстапување 3dB) dB(A) 89,0
Ниво на звучен притисок (стандардно отстапување 3dB) dB(A) 72,5
Ниво на звучна мокност (стандардно отстапување 3dB) dB(A)
Ниво на звучен притисок (стандардно отстапување 3dB) dB(A) 74,4
Ниво на звучна моїност (стандардно отстапување 3dB) dB(A)
Вибрации (троосен векторски збир) m/s ^2 18,0
Непредвидливост на вибрации К m/s ^2 3,3
85,4
НАПОМЕНА: Наведената вкупна вредност на вибрациите е измерена во согласност со стандартниот метод на тестирање и може да се користи за споредување на вден алат со друг. Исто така може да се користи и во прелиминарната проценка на изложеност.
ЕМИСИЈАТА НА ВИБРАЦИИ ЗА ВРЕМЕ НА СТВАРНАТА УПОТРЕБА НА ЕЛЕКТРИЧНИОТ АЛАТ МОЖЕ ДА СЕ РАЗЛИКУВА ОД НАВЕДЕНАТА ВКУПНА ВРЕДНОСТ, ВО ЗАВИСНОСТ ОД НАЧИНОТ НА КОЈ ГО КОРИСТИТЕ АЛАТОТ. Направете процена на изложеноста во стварни услови на употреба и идентификувајте ги соодветните безбедносни мерки за лична заштита (земете ги предвид сите делови од работниот циклус, како што е времето кога алатот е ислучен и кога работи во празен од, освен времето на активирање).
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОТПАДОТ
Алатот, приборот и амбалажата треба да се сортираат заради еколошко рециклирање.
САМО ЗА ЗЕМЈИ ОД ЕУ ⑥
Според Европската директива 2012/19/ЕС која се однесува на електричен и електронски отпад и нивната имплементација во склад со националното законодавство, електричните алати на кои им поминал векот на траење мора да се собираат одвоено и да се отстрануваат на еколошки исправен начин.
SK
POUŽITÉ SYMBOLY
① PREČÍTAJTE SI TIETO POKYNY
② POUŽÍVAJTE OCHRANU SLUCHU
③ POUŽÍVAJTE OCHRANU ZRAKU
④ POUŽÍVAJTE PROTIPRACHOVÚ MASKU
⑤ KONŠTRUKCIA TRIEDY II
⑥ NEVHADZUJTE ELEKTRICKÉ PRÍSTROJE DO DOMOVÉHO ODPADU