DML805 - ламба MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот DML805 MAKITA во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот ламба во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник DML805 - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. DML805 на марката MAKITA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК DML805 MAKITA
Следново ги покажува симболите употребени за опремата. Бидете сигурни дека го разбирате нивното значење пред употребата.
- Прочитајте го упатството за работа.
- Само за внатрешна употреба
- Само за земји на ЕУ Не фрлајте ја електричната опрема или батериското пакување заедно со отпадниот материјал од домаќинството! Согласно со европските директиви, за отпад од електрична и електронска опрема и батерии и акумулатори и отпад од батерии и акумулатори, и нивната примена во согласност со националните закони, електричната опрема и батериите и батериските пакувања што го завршиле работниот век мора да бидат собрани издвоено и однесени во капацитет за рециклирање компатибилен со животната средина.
- Оптичко зрачење (ултравиолетово и инфрацрвено). Минимизирајте ја изложеноста на очите или кожата.
- Не гледајте во ламбата додека работи.
- Употребувајте соодветен штитник или заштита за очи.
- Изворот на светлина што се наоѓа во оваа светилка треба да биде заменет само од овластен сервисен центар.
- Обрнувајте особено внимание и
ВАЖНИ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРЕДУПРЕДУВАЊE: При употреба на светилки, секогаш треба да се следат основните мерки на претпазливост за да се намали ризикот од пожар, струен удар и лична повреда, вклучувајќи го следново: ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ УПАТСТВА.
1. Кога светилката не се употребува, секогаш
исклучувајте ја и извлекувајте ја од напојување / вадете ја батеријата од светилката.
2. Не покривајте ја или обвиткувајте ја светилката
со платно или картон и сл. Покривањето или обвиткувањето на истиот може да предизвика
- Како резултат на нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите за производот се предмет на измени без известување.
- Спецификациите и батеријата може да се разликуваат од земја до земја.
- Тежина, со батерија, според EPTA-постапка 01/2003
- Оваа вредност е само советодавна. Таа може да се разликува во зависност од состојбата и опкружувањето на батеријата. 1 Рамка 2 Основа 3 Завртка 4 Блокатор на капак 5 Капак на батерија 6 Батерија 7 Сијалички на индикаторот 8 Копче Провери 9 Приклучок (обликот може да се разликува од земја до
3. Не употребувајте ја светилката на влажни или
мокри места. Не изложувајте ја светилката на дожд или снег. Не чистете го во вода.
4. Не употребувајте ја светилката во експлозивни
атмосфери, како во присуство на запаливи течности, гасови или прав.
5. Приклучоците на светилката мора да одговараат
на приклучницата. Никогаш не модификувајте го приклучокот на кој било начин. Не употребувајте никакви адаптери на приклучоците со заземјени светилки. Оригиналните приклучоци и приклучниците што им одговараат ќе го намалат ризикот од струен удар.
6. Избегнувајте телесен контакт со заземјени
површини како што се цевки, радијатори, шпорети и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар доколку вашето тело е заземјено.
7. Не употребувајте го кабелот за други намени.
Никогаш не употребувајте го кабелот за носење, влечење или за извлекување од напојување на светилката. Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
8. Доколку надворешниот флексибилен кабел или
жица на оваа светилка е оштетен, исклучиво треба да биде заменет од овластен сервисен центар за да се избегне опасност.
9. Не гледајте директно во LED светилката или
изворот на светлина. Ламбата е класифицирана во група на ризик 1. a) Ламбата или системот на ламбата е надвор од Групата со исклучоци и ризикот за лицето кое гледа во истата зависи од тоа како корисниците ќе го монтираат и употребуваат производот; b) Најограничувачки ризик од оптичко зрачење и други ризици од оптичко зрачење надвор од Групата со исклучоци. c) Правилно склопување, монтирање, одржување и безбедна употреба, вклучувајќи јасни предупредувања што се однесуваат на мерките на претпазливост за да се избегне можно изложување на опасно оптичко зрачење. d) Совети за постапки за безбедно функционирање и предупредувања кои се однесуваат на разумно предвидливи погрешни употреби, дефекти и режими на ризично откажување. e) НАПОМЕНА: Овој производ емитира ултравиолетово и инфрацрвено зрачење. f) ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој производ емитира инфрацрвено зрачење. g) ВНИМАНИЕ: Можно опасно оптичко зрачење се емитира од овој производ. h) Минимизирајте ја изложеноста на очите или кожата. Употребувајте соодветен штитник.
i) Употребувајте соодветен штитник или заштита за
j) Не гледајте во ламбата додека работи. Може да биде штетно за очите. k) Изложеноста може да доведе до иритација на очите или кожата. Избегнувајте изложеност на
Употреба и грижа за светилката со батерија
1. Полнете само со полначот посочен од
производителот. Полначот што е соодветен за еден тип на батерија може да предизвика ризик од пожар кога се употребува со друга батерија.
2. Употребувајте ги светилките само со конкретно
наведените батерии. Употребата на поинакви батерии може да доведе до ризик од повреда и
3. Кога батеријата не се употребува, чувајте ја
настрана од други метални предмети како што се спојувалки за хартија, парички, клучеви, шајки, завртки или други мали метални предмети што може да направат спој од едниот до другиот пол на батеријата. Предизвикување на краток спој со спојување на половите на батријата може да предизвика изгореници или пожар.
4. При несоодветна употреба, течноста може да
истече од батеријата; избегнувајте контакт со истата. Доколку ненадејно дојдете во контакт, измијте со вода. Ако течноста дојде во контакт со очите, дополнително побарајте медицинска помош. Течноста која истекла од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. ВАЖНИ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА
1. Пред употребата на батеријата, прочитајте ги
сите упатства и ознаки за предупредување на (1) полначот за батерии, (2) батеријата и (3) производот што ја употребува батеријата.
2. Не расклопувајте ја батеријата.
3. Доколку времето на работа стане претерано
кратко, веднаш престанете со работа. Тоа може да доведе до ризик од прегревање, можни изгореници, па дури и до експлозија.
4. Доколку електролит ви навлезе во очите,
исплакнете ги со чиста вода и веднаш побарајте медицинска помош. Тоа може да доведе до губење на вашиот вид.
5. Не предизвикувајте краток спој на батеријата.
(1) Не допирајте ги половите со материјал кој е
(2) Избегнувајте чување на батеријата во сад со други метални предмети како што се шајки, парички и слично. (3) Не изложувајте ја батеријата на вода или
Краткиот спој на батеријата може да предизвика голем проток на електрична енергија, прекумерно загревање, можни изгореници, па дури и распаѓање на истата.
6. Не складирајте ја светилката и батеријата на
места каде што температурата може да достигне или надмине 50°C.
7. Не палете ја батеријата дури и ако е сериозно
оштетена или потполно истрошена. Батеријата може да експлодира во оган.
8. Внимавајте да не ја испуштите или удрите
9. Не употребувајте оштетена батерија.
10. Следете ги вашите локални прописи за фрлање
на батеријата во отпад.94 Совети за одржување на максимален рок на употреба на батеријата
1. Полнете ја батеријата пред потполно да се
Секогаш запирајте го функционирањето на светилката и полнете ја батеријата кога ќе забележите помала сила на светилката.
Прекумерното полнење го скратува работниот век на батеријата.
3. Полнете ја батеријата на собна температура од
10°C – 40°C. Оставете жешката батерија да се излади пред да ја полните.
4. Полнете ја батеријата еднаш на секои шест
месеци доколку не ја употребувате подолг временски период. Чувајте ги сите предупредувања и упатства за да ги прочитате по потреба.
- Секогаш проверувајте дали светилката е исклучена, извлечена од напојување и дали батеријата е извадена пред да вршите каква било работа на светилката. Склопување на рамката и основата (Сл. 1) Склопете ја работната светилка како што следи:
1. Отстранете ги завртките.
2. Ставете ги нозете на рамката во основата.
3. Порамнете ги отворите на рамката и основата.
4. Стегнете ги со завртки.
- Секогаш проверувајте дали светилката е исклучена, извлечена од напојување и дали батеријата е извадена пред да го прилагодувате или проверувате работењето на светилката. Употреба со батерија: Монтирање или отстранување на батеријата
- Секогаш исклучувајте ја светилката и извлекувајте ја од напојување пред монтирањето или отстранувањето на батеријата.
- Држете ја светилката и батеријата цврсто кога ја монтирате или отстранувате батеријата. Доколку не успеете цврсто да ги задржите светилката и батеријата може да се случи истите да се лизнат од вашите раце и да дојде до оштетување на светилката и батеријата и до лична повреда. За да ја монтирате батеријата, ослободете го блокаторот на капакот и отворете го капакот на батеријата. Ставете ја батеријата. Порамнете го јазичето на батеријата со жлебот во куќиштето и наместете ја на соодветното место. Ставете ја до крај се додека не се намести на своето место со мало кликнување. Потоа затворете го капакот на батеријата. (Сл. 2) За да ја извадите батеријата, лизнете ја од светилката додека го лизгате копчето на предниот дел на батеријата.
- Секогаш монтирајте ја батеријата целосно на своето место. Во спротивно, таа може случајно да падне од светилката предизвикувајќи ви повреда вам или на некој околу вас.
- Не монтирајте ја батеријата на сила. Доколку батеријата не се вклопи лесно, таа не е соодветно
Прикажување на преостанатиот капацитет на батеријата (Сл. 3) (Само за батерии со „B“ на крајот на бројот на модел) Притиснете го копчето Провери на батеријата за да се прикаже преостанатиот капацитет на батеријата. Сијаличките на индикаторот светнуваат за неколку
Осветлено Исклучено Трепка 75% до 100% 50% до 75% 25% до 50% 0% до 25% Наполнете ја батеријата. Батеријата може да е неисправна.
- Во зависност од условите на употреба и околната температура, показателот може да покажува малку поинакви вредности од конкретниот капацитет. Употреба со електрично напојување: Поврзете го приклучокот на електричното напојување. (Сл. 4) Вклучување на LED светилката (Сл. 5) Притиснете го прекинувачот еднаш, светилката свети сјајно (висок режим). Притиснете го прекинувачот повторно, светилката свети умерено (низок режим). За да ја исклучите светилката, повторно притиснете го прекинувачот. Систем за заштита на батеријата (Сл. 6) Светилката е опремена со систем за заштита на батеријата за да го продолжи работниот век на батеријата. Кога батеријата ослабува, LED светилките се исклучуваат со исклучок на само една LED (таа во средината на вториот ред). Потоа, по приближно пет до десет минути, системот автоматски го исклучува напојувањето.95 ФУНКЦИОНИРАЊЕ
- Оваа работна светилка е наменета за теренска работа. Не употребувајте ја работната светилка за домашна потреба.
- Секогаш ставајте ја светилката на рамно и стабилно место. Во спротивно може да настане несакано
Прилагодување на аголот на работната светилка (Сл. 7) Олабавете ги копчињата на двете страни. Прилагодете го аголот на работната светилка. Потоа повторно стегнете ги копчињата. Употреба со троножен држач или стега (опционален прибор) (Сл. 8)
- Прочитајте ги внимателно упатствата за употреба за приборот пред да го употребите истиот со работната
- Кога го употребувате со троножен држач или стега не дозволувајте вкупната висина да надминува 1,75 м. Вие може да ја ставите работната светилка врз троножен држач или стега за да го олесните функционирањето.
- Секогаш проверувајте дали светилката е исклучена, извлечена од напојување и дали батеријата е извадена пред да вршите проверка или одржување.
- Никогаш не користете бензин, растворувач, алкохол или слично. Може да дојде до губење на бојата, деформација или пукнатини. Само работите на одржување опишани во ова упатство за работа може да се извршат од страна на корисникот. Секоја друга работа мора да се изврши од овластените сервисни центри на Makita.
Од време на време избришете ја надворешноста (телото на светилката) на светилката употребувајќи крпа натопена во сапуница. За да се одржува БЕЗБЕДНОСТА и ДОВЕРЛИВОСТА на производот, поправките, секое друго одржување или прилагодување треба да се изврши од страна на овластените сервисни центри на Makita, секогаш употребувајќи резервни делови Makita. ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
- Овој прибор или додатоци се препорачани за употреба со вашата светилка Makita наведена во ова упатство. Употребата на секаков друг прибор или додатоци може да претставува ризик од повреда за лицата. Употребувајте само прибор или додаток за нивната наведена цел. Доколку ви е потребна некаква помош за повеќе поединости во врска со овој прибор, обратете се до вашиот локален сервисен центар на Makita.
Notice-Facile