GBH 2400 Professional - чекан BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GBH 2400 Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот чекан во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GBH 2400 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GBH 2400 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GBH 2400 Professional BOSCH
Безбедносни напомени Општи напомени за безбедност за електричните апарати Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел). Безбедност на работното место Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до несреќи. Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот. Електрична безбедност Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во ѕидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ OBJ_BUCH-861-007.book Page 133 Thursday, June 2, 2016 1:23 PM134 | Македонски 1 609 92A 2A6 | (2.6.16) Bosch Power Tools Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар. Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар. Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар. Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар. Безбедност на лица Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди. Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди. Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исклучен електричниот апарат, пред да го приклучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа. Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го вклучите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди. Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани
Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови. Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав. Користење и ракување со електричниот апарат Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат ќе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа. Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи. Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред. Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица. Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати.
т за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи. Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обѕир работните услови и дејноста што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот
Безбедносни напомени за чекани Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот. Користете ги дополнителни дршки, доколку се испорачани заедно со електричниот алат. Губењето на контролата може да доведе до повреди. OBJ_BUCH-861-007.book Page 134 Thursday, June 2, 2016 1:23 PMМакедонски | 135 Bosch Power Tools 1 609 92A 2A6 | (2.6.16) Држете го уредот за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува или шрафот може да наиде на скриени електрични кабли или сопствениот струен кабел. Контактот со струјниот кабел може металните делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до електричен
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување или може да предизвика електричен удар. При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот апарат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. Опис на производот и моќноста Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба. Употреба со соодветна намена Електричниот апарат е наменет за ударно дупчење во бетон, цигли и камен како и за фино длетување. Тој исто така е погоден за дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика. Електричните апарати со електронска регулација и тек лево/десно се исто така погодни за зашрафување. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката
1 Прифат на алат SDS-plus 2 Капак за заштита од прав 3 Чаура за заклучување 4 Прекинувач за менување на правецот на вртење 5 Копче за фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување 6 Прекинувач за вклучување/исклучување 7 Рачка (изолирана површина на дршката) 8 Копче за отклучување за прекинувачот за запирање на удари/вртежи 9 Прекинувач за запирање на удари/вртежи 10 Копче за подесување на граничникот за длабочина 11 Граничник за длабочина 12 Дополнителна дршка (изолирана површина на
13 Сигурносна завртка за запчестата глава за дупчење* 14 Запчеста глава за дупчење* 15 SDS-plus-вратило за прифат за главата за дупчење* 16 Отвор за вшмукување Saugfix* 17 Шраф за затворање Saugfix* 18 Граничник за длабочина Saugfix* 19 Телескопска цевка Saugfix* 20 Пеперутка-завртка Saugfix* 21 Водечка цевка Saugfix* 22 Универзален држач SDS-plus-вратило за прифат* *Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Информации за бучава/вибрации Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN60745-2-6. Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: ниво на звучен притисок 91 dB(A); ниво на звучна јачина 102dB(A). Несигурност K=3dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збор на трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со EN 60745-2-6: Ударно дупчење во бетон: a
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како OBJ_BUCH-861-007.book Page 135 Thursday, June 2, 2016 1:23 PM136 | Македонски 1 609 92A 2A6 | (2.6.16) Bosch Power Tools на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата. Технички податоци
Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. Дополнителна дршка Користете го вашиот електричен апарат само со дополнителна дршка 12. Свртете ја дополнителната дршка (види слика A) Дополнителната дршка 12 може да ја вртите по желба, за да си овозможите безбедна и неуморна работа. – Вртете го долниот дел на дополнителната дршка 12 наспроти движењето на стрелките од часовникот и навалете ја дополнителната дршка 12 во саканата позиција. Потоа зацврстете го долниот дел на дополнителната дршка 12 во правец на стрелките од часовникот. Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка да легне во предвидениот жлеб на куќиштето. Подесување на длабочина на дупчење (види слика B) Со граничникот за длабочина 11 може да се утврди длабочината на дупчење X. – Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина 10 и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната дршка 12. Избраздениот дел на граничникот за длабочина 11 мора да покажува надолу. – Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во прифатот за алат SDS-plus 1. Инаку, доколку SDS-plus- алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно подесување на длабочината на дупчење. – Извлечете го граничникот за длабочина до тој степен, да одговара на растојанието на саканата длабочина на дупчење меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина X. Бирање на глава за дупчење и алат За ударно дупчење и длетување потребен ви е SDS-plus- алат, што ќе се вметне во SDS-plus-главата за дупчење. За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за заштафување/одвртување се користат алати без SDS-plus (напр. дупчалка со цилиндрично вратило). За овие алати потребна ви е брзозатегачка глава за дупчење одн. запчеста глава за дупчење. Замена на запчестата глава за дупчење За да може да работите со алати без SDS-plus (напр. со дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате соодветна глава за дупчење (запчеста или брзозатезна глава за дупчење, опрема). Монтирање на запчестата глава за дупчење (види слика C) – Зашрафете го SDS-plus-вратилото за прифат 15 во запчестата глава за дупчење 14. Зацврстете ја запчестата глава за дупчење 14 со сигурносна завртка
13. Внимавајте сигурносната завртка да има лев
Вметнување на запчестата глава за дупчење (види слика C) – Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат и малку намастете го. – Запчестата глава за дупчење со вратилото за прифат ставете ја со вртење во прифатот за алат, додека самата не се заклучи. – Проверете дали е заклучена со влечење на запчестата глава за дупчење. Вадење на запчестата глава за дупчење – Турнете ја чаурата за заклучување 3 наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење 14. Замена на алатот Капакот за заштита од прав 2 го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на апаратот проверете дали капакот за заштита од прав 2 е оштетен. Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба. Чекани за дупчење GBH 2400 Број на дел/артикл
Контрола на бројот на вртежи
0–900 Прифат на алатот SDS-plus Дијаметар на грлото на
мм 50 Дијаметар на дупката макс:
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 кг 2,7 Класа на заштита /II Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. OBJ_BUCH-861-007.book Page 136 Thursday, June 2, 2016 1:23 PMМакедонски | 137 Bosch Power Tools 1 609 92A 2A6 | (2.6.16) Ставете SDS-max алат за вметнување (види слика D) Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и лесно без користење на дополнителни алати да го замените алатот што се вметнува. – Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се вметнува и малку намастете го. – Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи. – Проверете дали е заклучен со влечење на алатот. Со SDS-plus-алатот што се вметнува може слободно да се маневрира, условено од системот. Така, при празен од настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема влијание на прецизноста на дупчењето на дупката, бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето. Извадете го SDS-max алатот за вметнување (види слика E) – Турнете ја чаурата за заклучување 3 наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење. Ставање на алат за вметнување без SDS-plus Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното дупчење или длетување. – Вметнете запчеста глава за дупчење 14 (види „Замена на запчестата глава за дупчење“, страна 136). – Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење 14 додека не се отвори за да може да се стави алатот. Вметнете го алатот. – Клучот за затегање на главата за дупчење ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за дупчење 14 и затегнете го алатот. – Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи 9 во позиција „Дупчење“. Вадење на алатот за вметнување без SDS-plus – Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење 14 со помош на клучот за затегање на главата за дупчење во правец спротивен на стрелките на часовникот, додека не се извади алатот за вметнување. Вшмукување на прав со Saugfix (опрема) Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува. – Погрижете се за добра проветреност на работното
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. Монтирање на Saugfix (види слика F) За вшмукување на правта потребен ви е Saugfix (опрема). При дупчењето Saugfix амортизира наназад, така што главата на Saugfix секогаш стои припиена на подлогата. – Притиснете го копчето за подесување на граничникот за
и извадете го граничникот за длабочина
. Одново притиснете го копчето
и вметнете го Saugfix однапред во дополнителната дршка
– Приклучете едно црево за вшмукување (дијаметар 19 мм, опрема) на отворот за вшмукување 16 од Saugfix. Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува. При вшмукување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален вшмукувач. Подесување на длабочината на дупчење на Saugfix (види слика G) Саканата длабочина на дупчење X може да се утврди и при монтиран Saugfix. – Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во прифатот за алат SDS-plus 1. Инаку, доколку SDS-plus- алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно подесување на длабочината на дупчење. – Олабавете ја пеперутка-завртката 20 на Saugfix. – Поставете го електричниот апарат без да го вклучувате на местото каде треба да дупчите. SDS-plus-алатот за вметнување притоа мора да легне на површината. –Водечката цевка 21 на Saugfix поставете ја во држачот, така што главата на Saugfix ќе легне на површината за дупчење. Не ја туркајте водечката цевка 21 над телескопската цевка 19 повеќе одошто е потребно, доволно е да се гледа што е можно поголем дел на сликата од телескопската цевка 19. – Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката 20. Олабавете го шрафот за затворање 17 на граничникот за длабочина од Saugfix. – Поместете го граничникот за длабочина 18 на телескопската цевка 19, така што растојанието прикажано на сликата X ќе одговара на длабочината на дупчење што сакате да ја постигнете. – Зацврстете го шрафот за затворање 17 во оваа
Ставање во употреба Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните апарати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V. OBJ_BUCH-861-007.book Page 137 Thursday, June 2, 2016 1:23 PM138 | Македонски 1 609 92A 2A6 | (2.6.16) Bosch Power Tools Подесување на начинот на работа Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи 9 изберете го начинот на работа на електричниот апарат. Напомена: Променете го начинот на работа само доколку електричниот апарат е исклучен! Инаку електричниот апарат може да се оштети. – За да го промените начинот на работа, притиснете го копчето за отклучување 8 и свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи 9 во саканата позиција додека не слушнете дека се вклопил. Поставете го правецот на вртење Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 4 може да го промените правецот на вртење на електричниот апарат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 6 е притиснат ова не е
Тек на десно: Свртете го прекинувачот за правец на вртење 4 од двете страни до крај во позиција . Тек на лево: Свртете го прекинувачот за правец на вртење 4 од двете страни до крај во позиција . Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и длетување секогаш поставувајте го на десен тек. Вклучување/исклучување –За вклучување на електричниот апарат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 6.
на прекинувачот за вклучување/исклучување, држете го истиот притиснат и дополнително притиснете на копчето за фиксирање
–За вклучување на електричниот апарат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување 6. Доколку сте го блокирале прекинувачот за вклучување/исклучување 6 најпрво притиснете го истиот и потоа отпуштете го. За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите. Подесување на бројот на вртежи/удари Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен апарат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување 6. Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување 6 се постигнуваат мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари. Спојка за заштита од преоптоварување Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот апарат секогаш држете го, поради јачината со која работи, цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Исклучете го електричниот апарат и олабавете го алатот што се вметнува, доколку се блокира електричниот апарат. Доколку вклучите блокиран алат за дупчење настануваат моменти на
Совети при работењето Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock) Длетото може да го фиксирате во36 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција. – Ставете го длетото во прифатот за алат. – Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи 9 во позиција „Vario-Lock“ (види „Подесување на начинот на работа“, страна 138). – Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција за длетување. – Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи 9 во позиција „Длетување“. Со тоа, прифатот за алат ќе се фиксира. – Поставете го правецот на вртење за длетување на десен
Вметнување на битови за одвртувач/зашрафувач (види слика H) Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен и се врти, тој може да се преврти и падне. За користење на битовите за одвртувач/зашрафувач потребен ви е универзален држач 22 со SDS-plus вратило за прифат (опрема). – Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат и малку намастете го. – Универзалниот држач ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи. – Проверете дали е заклучена со влечење на универзалниот држач. – Ставете еден бит за одвртувач/зашрафувач на универзалниот држач. Користете само битови што се соодветни на главата за зашрафување. Позиција за ударно дупчење во бетон
Позиција за Дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за зашрафување/одвртување Позиција Vario-Lock за подесување на позицијата на длетото Во оваа позиција, прекинувачот за запирање на удари/вртежи 9 не се
Позиција за Длетување OBJ_BUCH-861-007.book Page 138 Thursday, June 2, 2016 1:23 PMSrpski | 139 Bosch Power Tools 1 609 92A 2A6 | (2.6.16) – За вадење на универзалниот држач вметнете ја чаурата за заклучување 3 наназад и извадете го универзалниот држач 22 од прифатот за алат. Одржување и сервис Одржување и чистење Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста. Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба. – Исчистете го прифатот за алат 1 по секоја употреба. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Отстранување Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта
Notice-Facile