GHT 130 Professional - чекан BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GHT 130 Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GHT 130 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот чекан во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GHT 130 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GHT 130 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GHT 130 Professional BOSCH
(19) Винт за регулиране бауденово жило
Технически данни
Безбедносни напомени

Прочитајте ги сите приложени безбедносни напомени и упатства на Floor Removal Cart и чеканот што се употребува. Грешките настанати како
резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.

Никогаш не посегнувајте во пределот на механизмот за преклопување. Може да се повредите.



▶ Носете дополнителна заштитна опрема како заштитни очила, заштита за слух, заштитна маска за дишење и заштитни чевли.
▶ Проверете дали чеканот е ислучен пред да го включите или ислучите кабелот за напојување. Приклучете го само штекерот за работа.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Монтирајте го чеканот на количката само кога количката е на рамна површина. Количката може неконтролирано да се движи и чеканот да падне. Постои опасност од повреда.
▶ Уверете се дека чеканот е правилно монтиран и сите завртки се затегнати пред да започнете со работа или да ја транспортирате количката со монтиран чекан. Во спротивно, чеканот може да се движи неконтролирано. Постои ризик од повреда.
▶ Пред секое монтирање на чеканот на количката и пред секоја употреба на монтираниот чекан, проверете дали е оштетен водот за напојување. Кога ракувате со монтираниот чекан, внимавајте да не го оштетите кабелот за напојување. Оштетениот кабел за напојување треба да го замени овластен Bosch сервисен центар. Оштетениот кабел за напојување може да доведе до струен удар ако дојде во контакт со количката.
▶ Користете само алатки за вметнување што се одобрени во упатството за работа за чеканот.
He пуштајте ја количката со монтиран чекан и не транспортирајте додека чеканот е поставен. Во случај на ненамерно движење на количката, може да се активира ударната функција на чеканот.
▶ Користете го чеканот монтиран на количката само на рамна површина и само со тркала монтирани на двете страни. Во спротивно, количката може да се преврти.
▶ Уверете се дека монтираниот чекан е поставен во исправена положба по употребата. Така, количката е повидлива и може да се избегнат нескреки.
Опис на производот и перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Floor Removal Cart e дизајнирана да обезбеди ергономска поддршка при отстранување на подните облоги како што се плочки, винил или дрво со ударен чекан. Ja поддржува тежината на ударниот чекан и овозможува рамномерен агол на работа при работа со подни облоги. Floor Removal Cart може да се користи само со Bosch GSH 16-28 или Bosch GSH 16-30.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на прикажаните компоненти се однесува на приказот на производот на графичката страница.
(1) Млазница за подмачкување
(2) Рамка на количка
(3) Подесување на аголот на лостот за отклучување
(4) Заштитен држач
(5) Дел за држење
(6) Кука за кабел
(7) Транспортно тркало
(8) Држач на монтажен блок
(9) Држач за алат на монтажен блок
(10) Горна плоча
(11) Расцепка за транспортно тркало
(12) Сет за прицврстување на транспортното тркало
(13) Навојна шипка со јазиче
(14) Сет за прицврстување Bosch GSH 16-28 и Bosch GSH 16-30
(15) Завртка за рачка
(16) Монтажна плоча за рачка
(17) Завртка за подесување агол
(18) Сигурносна навртка за сајла
(19) Завртка за подесување сајла
Технички податоци
| Floor Removal Cart GHT 130 | |
| Број на дел | 1 600 A02 WM0 |
Floor Removal Cart GHT 130
| Број на можни работни позиции | 5 |
| Димензии | |
| – Висина (највисока позиција) | mm 1100 |
| – Должина (највисока позиција) | mm 780 |
| – Висина (најниска позиција) mm 640 | |
| – Должина (најниска позиција) | mm 1000 |
| – Ширина mm 570 | |
| Приближна тежина (без ударен чекан) | kg 27 |
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависат од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Монтажа
Обем на испорака за алат за монтажа

За тоа внимавајте на приказот на обемот на испорака на почетокот на упатството за употреба.
Внимателно извадете ги сите испорачани делови на количката од амбалажата. Извадете ја целата амбалажа. Пред монтажата на количката, проверете дали се испорачани сите долунаведени делови:
- Рамка на количка (2)
- Дел за држење (5)
- 2 транспортни тркала (7) со соодветен сет за прицврстување (12) (4 подлошки и 4 расцепки)
– Сетот за прицврстување на ударниот чекан (14) опфаќа: 1 горна плоча (10), 2 држачи на монтажни блокови (8), 2 монтажни блокови на држачот за алат (9), 4 навојни шипки M10 (13), 4 вртливи навртки, 8 подлошки, 4 прстени-пружини и 4 безбедносни навртки
Ке ви требаат и следниве алати за монтажа (не се включени):
- Вилушкаст клуч 19 mm
- Вилушкаст клуч 17 mm
- Клешти
- Клуч со внатрешна шестаголна глава 2 mm
Монтирање на рачката (види слика А)
Олабавете ги завртките (15) на рачката со вилушкаст клуч 19 mm за да може да ја извадите монтажната плоча (16).
Поставете ја рачката (5) на горниот крај од рамката на количката (2). Поставете ја монтажната плоча (16) на
72 | Македонски
завртките (15) на рачката оддолу и прицврстете ги завртките (15).
Монтирање на транспортните тркала (види слики В-С)
Отстранете ги претходно поставените надворешни расцепки и подлошки од двата краја на осовината.
Поставете по едно транспортно тркало (7) на секоја осовина. Променете ги надворешните подлошки од краевите.
Вметнете една расцепка (11) низ надворешната дупка во осовината и наведнете ја за да го прицврстите транспортното тркало.
Монтирање на ударниот чекан (види слики D-H)
Монтажата треба да се врши само на рамна, хоризонтална површина. Пред да го монтирате ударниот чекан, извадете ја рачката за носење. Притоа внимавајте на упатството за користење на ударниот чекан.
Слика D:
– Поставете го најнискиот работен агол на количката (види „Поставување на работниот агол“, Страница 72).
– Поставете го долниот крај на рамката на количката на стабилна основа со соодветна висина така што потпорната површина за ударниот чекан да биде рамна.
Слики E-F:
- Поставете го држачот на монтажниот блок (8) на отворот на горната рамка на количката.
- Поставете го монтажниот блок на држачот за алат (9) на отворот на долната рамка на количката. Завртете го монтажниот блок за да одговара на ударниот чекан што треба да се користи како што е прикажано на сликата F.
– Вметнете по една навојна шипка (13) низ секој крај на монтажните блокови. Јазичињата на навојните шипки мора да бидат насочени кон надвор.
– Поставете една подлошка и една сигурносна навртка од сетот за прицврстување на ударниот чекан (14) на долниот крај на секоја навојна шипка. Лабаво затегнете ги сигурносните навртки со вилушкаст клуч од 17 mm.
Слика G:
- Поставете го ударниот чекан на монтажните блокови така што придушувањето на спиралната пружина на ударниот чекан да лежи во вдлабнатината на монтажниот блок на држачот за алат (9). Проверете дали завртките за блокирање или сигурносната спојка на држачот за алат на ударниот чекан се достапни за последователни промени на алатот. GSH 16-28: отворете ја сигурносната спојка.
Слика Н:
– Поставете го вториот држач на монтажниот блок (8) на горните навојни шипки, вториот монтажен блок на
држачот за алат (9) на долните навојни шипки (во иста насока како и долниот блок за монтажа на алат (9)). Турнете ги двата блока на ударниот чекан докрај.
– Поставете ја горната плоча (10) со вдлабнатината над држачот за алат на навојните шипки.
– Цврсто затегнете ги сигурносните навртки на долниот крај на навојната шипка со помош на вилушкаст клуч од 17 mm.
– Поставете подлошка и спирална подлошка од сетот за прицврстување на ударниот чекан на горниот крај на секоја навојна шипка (14).
– Поставете една вртлива навртка од сетот за прицврстување на ударниот чекан (14) на секоја навојна шипка и прицврстете ги.
Закачете го кабелот од ударниот чекан на држачот за кабел (6).
За монтирање на алатот што се вметнува во ударниот чекан, прочитајте го и следете го упатството за користење на ударниот чекан.
GSH 16-28: завртете ја сигурносната спојка на држачот за алат докрај кон монтажниот блок на држачот за алат (9) за да го заклучите алатот што се вметнува на своето место.
Употреба
Поставување на работниот агол
Ослободете го механизмот за заклучување за прилагодување на аголот пред да го прилагодите работниот агол со благо подигање на рачката на количката. Потоа повлечете ја рачката за ослободување (3) за подесување на аголот за да се ослободи сигурносната завртка.
Подигнете ја или спуштете ја количката до саканата работна висина. Отпуштете ја рачката за ослободување (3). Проверете дали сигурносната завртка за подесување на аголот е прицврстена безбедно.
Работење со ударниот чекан
Пред да го включите ударниот чекан проверете:
– дали количката е оштетена и дали сите завртки се прицврстени,
– дали ударниот чекан е цврсто прицврстен на
количката и не може да се мрда,
– дали алатот што се вметнува е правилно монтиран и прицврстен.
Поставете го саканиот работен агол.
Включете го ударниот чекан.
Кога работите, внимавајте да не се прегреат ударниот чекан или алатот што се вметнува.
Дополнителни информации за работа со ударниот чекан може да најдете во упатството за работа на ударниот чекан.
Транспорт
Доколку е потребно, носете ја количката со монтираниот чекан во парови. На овој начин їе избегнете повреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Редовно подмачкувајте ја сајлата за подесување на аголот со малку масло.
Ротирачката осовина може да се подмачкува со млазницата за подмачкување (1).
Повторно прилагодете ја сајлата за подесувањето на аголот ако сигурносната завртка веке не може безбедно да се ослободи (види слика I):
– Проверете дали сајлата е извиткана.
- Олабавете ја безбедносната навртка (18) со клешти.
– Подесете ја должината на сигурносната завртка со завртка за подесување (19).
– Повторно затегнете ја безбедносната навртка (18).
– Прицврстете ја завртката за подесување (17) со клуч со внатрешна шестаголна глава од 2 mm, за да нема растојание со сајлата. Имајте предвид дека е нормално да има малку растојание на сајлата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ке ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Количките, додатоците и пакувањето треба да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Уверете се дека пружината за прилагодување на висината е во опуштена состојба пред да ја фрлите количката.