GBH 221 Professional - чекан BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GBH 221 Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот чекан во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GBH 221 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GBH 221 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GBH 221 Professional BOSCH
Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, 1 609 92A 77S | (11.01.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 145 метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен
u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните
u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи
Bosch Power Tools 1 609 92A 77S | (11.01.2022)146 | Македонски Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. Безбедносни напомени за чекани Безбедносни упатства за сите типови работа u Носете штитници за уши. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот. u Користете дополнителни рачки, доколку се испорачани со алатот. Губење на контрола може да предизвика телесни повреди. u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за опремата за сечење и прицврстувачот да не дојдат во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење и прицврстувачите дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар. Безбедносни упатства при користење на долги бургии со ротирачки хилти u Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и врвот на бургијата да биде во допир со делот што се обработува. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите. u Притискајте само во директна линија со бургијата и не вршете преголем притисок. Бургиите може да се искриват и скршат, со што може да изгубите контрола и да се повредите. Дополнителни безбедносни напомени u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување и може да предизвика електричен удар. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. u Кратко по употребата не ги допирајте алатите за вметнување или соседните делови на куќиштето. За време на работата тие може да бидат многу жешки и да предизвикаат изгореници. u Алатот за вметнување може да се заглави за време на дупчењето. Обезбедете сигурна положба и цврсто држете го електричниот алат со двете раце. Во спротивно, може да ја изгубите контролата врз електричниот алат. u Бидете внимателни за време на кршењето со длето. Деловите што паѓаат од материјалот за кршење може да ги повредат присутните или себе си. u При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за ударно дупчење во бетон, цигли и камен како и за фино длетување. Тој исто така е погоден за дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика. Електричните алати со електронска регулација и лев/десен тек се исто така погодни за завртување. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Брзозатегнувачка глава за дупчење
(2) SDS-plus глава за дупчење (3) Прифат на алат SDS-plus (4) Капак за заштита од прав (5) Чаура за заклучување (6) Прекинувач за менување на правецот на
(7) Копче за фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (8) Прекинувач за вклучување/исклучување (9) Копче за отклучување за прекинувачот за запирање на удари/вртежи (10) Прекинувач за запирање на удари/вртежи (11) Копче за подесување на граничникот за
(13) Граничник за длабочина (14) Рачка (изолирана површина на рачката) 1 609 92A 77S | (11.01.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 147 (15) Безбедносна завртка за запчестата глава за
(16) Запчеста глава за дупчење
(18) Предна чаура на брзозатегнувачка глава за
(19) Задна чаура на брзозатегнувачката глава за
(20) Универзален држач со SDS-plus-вратило за
Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Чекани за дупчење GBH 2-21 Број на дел/артикл 3611BA60.. Номинална јачина W 720 Број на удари min
0–4800 Јачина на поединечен удар согласно EPTA-Procedure 05:2016 J 2,0 Број на вртежи во празен
0–2000 Прифат на алатот SDS-plus Макс. дијаметар на дупката
оптимални перформанси со дијаметар на дупката6−12mm Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно ENIEC62841-2-6. Нивото на звук на електричниот алат оценето соА типично изнесува: ниво на звучен притисок 94dB(A); ниво на звучна јачина 105dB(A). Несигурност K=3dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност соENIEC62841-2-6: Ударно дупчење во бетон: a
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
Дополнителна рачка u Користете го Вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (12). u Осигурајте се дека дополнителната рачка е секогаш цврсто затегната. Во спротивно, за време на работата може да ја изгубите контролата врз вашиот електричен алат. Навалување на дополнителната рачка (види слика A) Дополнителната рачка (12) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите. – Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (12) во правец спротивно на стрелките од часовникот и навалете ја (12) во саканата позиција. Потоа повторно зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка (12) во правец на стрелките од часовникот. Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка да легне во предвидениот жлеб на куќиштето. Бирање на глава за дупчење и алат За ударно дупчење и длетување потребен Ви е SDS-plus- алат, што ќе се вметне во SDS-plus-главата за дупчење. За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за завртување се користат алати без SDS- plus (на пр. дупчалка со цилиндрично вратило). За овие алати потребна Ви е брзозатезната глава за дупчење одн. запчеста глава за дупчење. Bosch Power Tools 1 609 92A 77S | (11.01.2022)148 | Македонски Менување на главата за дупчење Монтирање брзозатегнувачка глава за дупчење/ запчеста глава за дупчење (видисликаB) – Завртете го SDS-plus-вратилото за прифат(17) во брзозатегнувачка глава за дупчење(1) /запчеста глава за дупчење(16). Зацврстете ја брзозатегнувачка глава за дупчење(1) /запчестата глава за дупчење(16) со безбедносната завртка(15). Внимавајте сигурносната завртка да има лев навој. Вметнување на брзозатегнувачката глава за дупчење/запчеста глава за дупчење (видисликаB) – Исчистете го крајот за вметнување на SDS plus- вратилото за прифат(17) и малку намастете го. – Брзозатегнувачката глава за дупчење(1)/запчестата глава за дупчење(16) со вратилото за прифат ставете ја со вртење во прифатот за алат, додека самата не се
– Проверете дали е заклучена со влечење на брзозатегнувачката глава за дупчење(1)/запчестата глава за дупчење(16). Вадење на брзозатегнувачка глава за дупчење/ запчеста глава за дупчење – Вметнете ја чаурата за заклучување(5) наназад и извадете ја брзозатегнувачката глава за дупчење(1) / запчестата глава за дупчење(16). Промена на алат Капакот за заштита од прав (4) го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот проверете дали капакот за заштита од прав (4) е оштетен. u Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба. Замена на алат (SDS-plus) Ставање на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика C) Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и лесно да го замените алатот што се вметнува без користење на дополнителни алати. – Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се вметнува и малку намастете го. – Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи. – Проверете дали е заклучен со влечење на алатот. Со SDS-plus-алатот за вметнување може слободно да се маневрира поради системот. Така, при празен од настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема влијание на прецизноста на дупчењето на дупката, бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето. Вадење на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика
– Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење. Замена на алат, брзозатегнувачка заменлива глава за
Ставање на алатот за вметнување (видисликаE) Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното дупчење или длетување. – Вметнете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (1). – Држете ја цврсто задната чаура (19) на брзозатегнувачката глава за дупчење (1) и свртете ја предната чаура (18) во правец спротивен на стрелките на часовникот, додека не се вметне алатот. Вметнете го алатот. – Држете ја цврсто задната чаура на брзозатегнувачката глава за дупчење (1), а предната чаура свртете ја цврсто со рака во правец на стрелките на часовникот додека целосно не се вклопи. Со тоа, главата за дупчење автоматски се заклучува. – Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот. Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај, при вртење на истиот може да се слушне како се вклопува, а сепак да не се затвора. Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура во правец спротивен на стрелката. Потоа може да се затвори алатот за прифат. – Свртете го прекинувачот за запирање на удари/ вртежи (10) во позиција „Дупчење“. Вадење на алатот за вметнување (видисликаF) – Држете ја цврсто задната чаура(19) на брзозатегнувачката глава за дупчење. Отворете го прифатот за алат со вртење на предната чаура во правец на стрелката, додека не дојде во позиција каде може да се извади алатот. Вшмукување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува. – Погрижете се за добра проветреност на работното
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. 1 609 92A 77S | (11.01.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 149 Всисувач за прав со GDE16 Plus/GDE 68
За всисувачот за прав потребно е GDE 16 Plus (опрема) или GDE 68 (опрема). Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува. При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
Капаче за собирање на прав (опрема) За лесно собирање на прав без вшмукување потребно е капаче за собирање на прав.
Ставање во употреба u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните алати означени со 230V исто така може да се користат и на 220V. Подесување на режимот на работа Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (10) изберете го начинот на работа на електричниот алат. – За да го промените начинот на работа, притиснете го копчето за отклучување (9) и свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (10) во саканата позиција додека не слушнете дека се вклопил. Напомена: Променете го режимот на работа само доколку електричниот алат е исклучен! Инаку електричниот алат може да се оштети. Позиција за ударно дупчење во бетон или
Позиција за Дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за
Позиција Vario-Lock за подесување на позицијата на длетото Во оваа позиција, прекинувачот за запирање на удари/вртежи(10)не се вклопува. Позиција за Длетување Подесување на правецот на вртење (види сликаG) Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (6) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (8) е притиснат ова не е
u Прекинувачот за менување на правецот на вртење(6) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од. Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и длетување секогаш поставувајте го на десен тек. – Десен тек: За дупчење и завртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (6) налево до крај. – Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (6) кон десно до крај. Вклучување/исклучување – За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (8). – За фиксирање на прекинувачот за вклучување/ исклучување(8) држете го истиот притиснат и дополнително притиснете на копчето за фиксирање(7). – За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување(8). При фиксиран прекинувач за вклучување/ исклучување(8), најпрво притиснете го и потоа отпуштете го. Подесување на бројот на вртежи/удари Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (8). Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување (8) се постигнува мал број на вртежи/ удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари. Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock) Длетото може да го фиксирате во 13 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција. – Ставете го длетото во прифатот за алат. – Свртете го прекинувачот за запирање на удари/ вртежи (10) во позиција „Vario-Lock“. – Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција за длетување. – Свртете го прекинувачот за запирање на удари/ вртежи (10) во позиција „Длетување“. Со тоа, прифатот за алат ќе се фиксира. – Поставете го правецот на вртење за длетување на
Длетување со функција за заклучување За подолго време да длетувате без постојано да го притискате прекинувачот за вклучување/исклучување (8), заклучете го прекинувачот за вклучување/ исклучување во начинот на работење „Длетување “. – За фиксирање притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (8) до крај и притиснете истовремено на копчето за фиксирање (7). Bosch Power Tools 1 609 92A 77S | (11.01.2022)150 | Македонски – За исклучување повторно притиснете на копчето за фиксирање (7). Напомена: Ако се префрлите на друг режим на работа додека прекинувачот за вклучување/исклучување е блокиран, електричниот алат ќе се исклучи. Совети при работењето u Електричниот алат ставете го на навртката/ завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се превртат. Подесување на длабочината на дупчење (види слика
Со граничникот за длабочина (13) може да се утврди длабочината на дупчење X. – Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина (11) и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната рачка (12). Избраздениот дел на граничникот за длабочина (13) мора да покажува надолу. – Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во прифатот за алат SDS-plus (3). Инаку, доколку SDS- plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно подесување на длабочината на дупчење. – Извлечете го граничникот за длабочина до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина ќе одговара на саканата длабочина на дупчење X. Спојка за заштита од преоптоварување u Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот алат секогаш држете го цврсто со двете дланки поради јачината со која работи и застанете во сигурна положба. u Исклучете го електричниот алат и олабавете го алатот што се вметнува, доколку се блокира електричниот алат. Доколку вклучите блокиран алат за дупчење настануваат многу моменти на
Вметнување на битови за одвртувач (види слика I) u Електричниот алат ставете го на навртката/ завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се превртат. За користење на битовите за одвртувач потребен ви е универзален држач (20) со SDS-plus-вратило за прифат
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат и малку намастете го. – Универзалниот држач ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи. – Проверете дали е заклучена со влечење на универзалниот држач. – Ставете еден бит за одвртувач на универзалниот држач. Користете само битови што се соодветни на главата за завртување. – За вадење на универзалниот држач вметнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и извадете го универзалниот држач (20) од прифатот за алат. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста. u Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба. – Исчистете го прифатот за алат (3) по секоја употреба. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: *
Notice-Facile