GDE 28 D Professional - чекан BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GDE 28 D Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GDE 28 D Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот чекан во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GDE 28 D Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GDE 28 D Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GDE 28 D Professional BOSCH
Македонски...... Страница 63
Srpski ...... Strana 66
Slovenščina ....Stran 68
Hrvatski....Stranica 70
Безбедносни напомени
▶ Прочитајте и строго почитувајте ги безбедносните напомени од упатството за работа на електричниот алат што се користи со уредот за всисување.
▶ Внимание опасност од пожар! Не обработувајте метални материјали со монтиран уред за всисување. Жешките метални струготини може да ги запалат деловите од уредот за всисување.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Уредот за всисување е наменет за вовлекување на правта при дупчење во бетон или сидни конструкции.
Уредот за всисување смее да се употребува само со следните чекани за дупчење:
- GBH 18V-28 DC
При дупчење во дрво, камен, метал или пластика, не смее да се користи уредот за всисување.
Напомена: Овој уред за всисување е наменет само за повремено дупчење со помал дијаметар. За долго работење и/или дупки со голем дијаметар, користете ги уредите за всисување GDE 16 plus или GDE 68 со надворешен всисувач за прашина, на пр. GAS 35 M AFC.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на насликаните компоненти се однесува на приказот на уредот за всисување на графичката страница.
(1) Продолжеток
(2) Окце за прав за SDS plus-фиксна глава за дупчење до 28 mm дијаметар на дупчење
(3) Окце за прав за SDS plus-фиксна глава за дупчење до 16 mm дијаметар на дупчење
(4) Копче за подесување на длабочината на дупчење
(5) Водилка со скала за граничникот за длабочина
(6) Копче за подесување на должината на дупчалката
(7) Копче за отклучување на кутијата за прав
(8) Копче за отклучување на уредот за всисување
(9) Кутија за прав
(10) Вртливо тркалце за механичко чистење на филтерот
(11) Прозорче за всисување на воздух
(12) Вод за ку́киштето
(13) Водечка дупка за чекан за дупчење
(14) Копче за отклучување
(15) Клапна на кутијата за прав
(16) НЕРА-филтер
Технички податоци
| Уред за всисување GDE 28 D | |
| Број на дел | 1 600 A02 1CV1 600 A02 1CY |
| Дијаметар на дупчење ^A) | mm 4–28 |
| Макс. должна набургијата ^B) | mm 265 |
| Макс. длабочина надупчење | mm 100 |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | kg 0,8 |
A) со окце за прав (3) до 16 mm дијаметар на дупчење, со окце за прав (2) од 16–28 mm дијаметар на дупчење
В) со продолжеток (1) за окце за прав
Монтажа
Прицврстување на уредот за всисување (види слики A1-A2)
– Поставете го чеканот за дупчење со водечката дупка (13) на водот за куќиштето (12) на уредот за всисување и ставете го уредот на чеканот за дупчење. Треба да слушнете кога ће се вклопи уредот за всисување. Обележувачите на уредот за всисување и чеканот за дупчење мора да стојат еден над друг.
– За вадење притиснете го копчето за отлучување (8), држете го притиснато и влечете го уредот за всисување нанадвор од чеканот за дупчење.
Употреба
▶ Никогаш не го користете уредот за всисување без филтер. Ако го користите уредот за всисување без филтер може да се фрлат поголеми честички од прав од дупчењето кон корисникот и да се оштети електричниот алат.
▶ Користете само неоштетен филтер (без пукнатини, дупчиња итн.). Веднаш заменете го оштетениот филтер.
▶ Никогаш не го фаќајте електричниот алат за уредот за всисување.
▶ За време на работата не го држете електричниот алат со монтираниот уред за всисување на уредот за всисување туку секогаш за рачката и помошната рачка на електричниот алат.
Напомена: Водилката (5) е затегната со пружина. При притискање на копчето (6) за подесување на должината на бургијата, може водилката да се исфрили нанапред.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
Вметнување/вадење на бургијата (види слика В)
– Притиснете го копчето (6) за подесување на должината на бургијата и извлечете ја водилката (5) нанадвор до крај.
– Повторно отпуштете го копчето (6).
- Вметнете го врвот на бургијата одзади низ окцето за прав (3) и потоа вметнете го во главата за дупчење според упатствата на Вашиот електричен алат.
– Пред вадење на бургијата повторно притиснете го копчето (6) и извлечете ја водилката (5) нанадвор до крај.
Подесување на должината на водилката (види слика С)
За чисто всисување и коректно поставување на граничникот за длабочина мора водилката (5) да е подесена на тој начин, што врвот на бургијата їе лежи рамно на окцето за прав /(3).

– Ставете ја саканата дупчалка во прифатот за алат на главата за дупчење.
– Притиснете го копчето (6), додека ја подесувате водилката (5) соодветно на должината на бургијата.
– Повторно отпуштете го
копчето (6).
Напомена: За складирање на уредот за всисување притиснете го копчето (6) и извлечете ја водилката (5) нанадвор до крај. Со тоа ће се ослободи пружината на водилката и ће се зголеми животниот век на пружината.
Подесување на длабочината на дупчење (види слика D)
Со копчето (4) за подесување на граничникот за длабочина може да се утврди саканата длабочина на дупчење X.
– Притиснете го копчето (4) и поместете го копчето на водилката (5), така што растојанието прикажано на сликата X će одговара на саканата длабочина на дупчење.
– Повторно отпуштете го копчето (4).
Монтирање на окцето за прав и продолжетокот (види слики E)
Во зависност од дијаметарот на дупчење мора да се замени окцето за прав (3)/(2):
- Окце за прав (3) за дупки со дијаметар 4 - 16 mm
- Окце за прав (2) за дупки со дијаметар 16-28 mm
Дополнително, мора да го замените окцето за прав, ако на површината за поставување на сидот има значителни траги од абење и поради тоа при всисување не се чисти правта со четката за всисување.
Вадење на окцето за прав:
– Притиснете го копчето за отклучување (14) и извлечете го окцето за прав нагоре од држачот.
Монтирање на окцето за прав:
– Вметнете го новото окце за прав од горе во држачот, додека не слушнете да се вклопи копчето за отклучување (14).
Продолжетокот (1) се користи доколку бургијата е со вкупна должна од 165–265 mm.
– Монтирајте и извадете го продолжетокот (1) во согласност со монтажата/вадењето на окцето за прав.
Механичко чистење на филтерот
Уредот за всисување има механичко чистење на филтерот, со што се отстранува насобраната прашина од НЕРА-филтерот (16). Редовно извршувајте го механичкото чистење на филтерот. На тој начин што НЕРА-филтерот се потчукнува, со што їе се овозможи постојан проток на воздух и постојана моќност на всисување.
– Свртете го вртливото тркалце (10) на механичкото чистење на филтерот во насока на стрелките од часовникот додека не се слушнат најмалку три кликнувања.
Празнење на кутијата за прав (види слики F1-F5)
Напомена: При сервис и чистење на кутијата за прав користете маска за заштита од прав.
Редовно празнете ја кутијата за прав (9) по завршување на работата или по потреба, за да ја одржите оптималната ефикасност на всисување. Со помош на прозорецот може да ја контролирате наполнетоста на кутијата за прав.
– Држете го електричниот алат со уредот за всисување хоризонтално и включете го неколку секунди. Со тоа се всисуваат остатоците од прав од каналот за всисување во кутијата за прав (9).
– Притиснете го копчето за отклучување (7) и навалете ја кутијата за прав (9) од уредот за всисување.
- Отворете ја клапната (15) додека не го покриете филтерот (16).
– Испразнете ја кутијата за прав (9) над соодветен сад за отпад.
– Извадете го евентуално НЕРА-фильтрот (16) од кутијата за прав и внимателно потчукнете го или исчеткајте ги ламelite на филтерот со меко метличе. По чистењето, повторно вметнете го НЕРА-фильтрот во кутијата за прав.
Напомена: Не го чистете НЕРА-филтерот со издувување со компримиран воздух.
- Потоа затворете ја клапната (15).
– Кутијата за прав поставете ја на спојката на уредот за всисување и навалете ја додека копчето за отклучување (7) не се вклопи.
– Редовно правете механичко чистење на филтерот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку батеријата не функционира повеće, обратете се кај овластената сервисна служба за Bosch-електрични алати.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
– Исчистете го уредот за всисување со сува, мека крпа.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Уредот за всисување, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
66 | Srpski