GSH 3 Professional - чекан BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSH 3 Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GSH 3 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот чекан во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSH 3 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSH 3 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSH 3 Professional BOSCH
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што
користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат
за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
He го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
98 | Македонски
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за чекани
Безбедносни упатства за сите типови работа
▶ Носете штитници за уши. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.
▶ Користете дополнителни рачки, доколку се испорачани со алатот. Губење на контрола може да предизвика телесни повреди.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
Дополнителни безбедносни напомени
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување и може да предизвика електричен удар.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Кратко по употребата не ги допирајте алатите за вметнување или соседните делови на кукиштето. За време на работата тие може да бидат многу жешки и да предизвикаат изгореници.
▶ Бидете внимателни за време на кршењето со длето. Деловите што пагаат од материјалот за кршење може да ги повредат присутните или себе си.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Наменета употреба
Електричниот алат е наменет за длетување во бетон, цигли, камен и асфалт, како и со соодветна опрема за отстранување плочки, малтер, остатоци од лепило и штук.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Капак за заштита од прав
(2) Чаура за заклучување
(3) Прстен за подесување на длетото (Vario-Lock)
(4) Копче за фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување
(5) Прекинувач за включување/исклучување
(6) Дополнителна рачка (изолирана површина на рачката)
(7) Рачка (изолирана површина на рачката)
Технички податоци
| Ударен чекан GSH 3 E | |
| Број на дел | 0 611 320 7.. |
| Номинална јачина W 650 | |
| Број на удари min | -1 | 0-3500 |
| Прифат на алатот SDS plus | ||
| Тежина ^A1 | kg 3,7 | |
| Класа на заштита | ☐/II |
A) Тежина без кабел за струја и без приключок за струја Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN IEC 62841-2-6.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 89 dB(A); ниво на звучна јачина 97 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN IEC 62841-2-6:
Длетување: a_h = 20,5 m/s^2 , K = 1,5 m/s ^2
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Дополнителна рачка
▶ Користете го Вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (6).
Дополнителната рачка (6) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите.
– Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (6) во правец спротивно на стрелките од часовникот и навалете ја (6) во саканата позиција. Потоа повторно зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка (6) во правец на стрелките од часовникот.
Промена на алат
Co SDS plus прифатот за алат можете едноставно и лесно, без користење на дополнителни алати, да го замените алатот за вметнување.
Капакот за заштита од прав (1) го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот проверете дали капакот за заштита од прав (1) е оштетен.
▶ Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
Ставање на алатот за вметнување (види слика А)
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со повлекување на алатот.
Вадење на алатот за вметнување (види слика В)
– Турнете ја чаурата за заклучување (2) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
Употреба
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
Вклучување/исклучување
– За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) и држете го притиснат.
- За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (5) притиснете го копчето за фиксирање (4).
– За да го исключите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (4), кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) и потоа отпуштете го.
На ниски температури електричниот алат дури по одреден период го постигнува целосниот капацитет на удари. Ова стартно време може да го скратите, така што алатот што е вметнат во електричниот апарат їе го притиснете еднаш на подот.
Подесување на бројот на удари
Бројот на удари на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ће го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (5).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (5) се постигнува мал број на удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на удари.
Промена на позицијата за длетување (Vario Lock)
Длетото може да го фиксирате во 12 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција.
- Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Притиснете го прстенот за подесување на длетото (3) нанапред и со помош на прстенот за подесување (3) свртете го длетото во саканата позиција. - Отпуштете го прстенот за подесување на длетото (3) и вртете го длетото додека не се вклопи.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на прилучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
▶ Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
Подмачкување на електричниот алат
Електричниот алат е подмачкан со масло.
Менувањето на маслото за подмачкување е потребно само во рамки на одржување или поправка од страна на овластена сервисна служба за Bosch-електрични алати. Затоа мора да се користи соодветното Bosch-масло.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевик 47НЬ, број 3
1000 Скопје
E-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Mo6.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЖКА"
Јани Лукровски 66; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
E-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел:+389 2 3174-303
Mo6:+389 70 388-520,-530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Електричните алати кои повеке не се употребливи мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија
врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.