GLM 500 Professional - Ласерски покажувач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLM 500 Professional BOSCH во PDF формат.
Frequently Asked Questions - GLM 500 Professional BOSCH
Преземете ги упатствата за вашиот Ласерски покажувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLM 500 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLM 500 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLM 500 Professional BOSCH
Не изхвърляйте измервателните уреди и акумулаторните батерии/ батериите при битовите отпадъци! Само за страни от ЕС: Съгласно европейска директива 2012/19/EС измервателните уреди, които не могат да се ползват повече, а съгласно европейска директива 2006/66/EО повредени или изхабени обикновени или акумулаторни батерии трябва да се събират и предава за оползотворяване на съдържащите се в тях суровини.Македонски Безбедносни напомени Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги оштетувајте предупредувачките знаци. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД. u Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење. Мерниот уред се испорачува со предупредувачки знак (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна со број (12)). u Доколку текстот на налепницата за предупредување не е на вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на вашиот јазик пред првата употреба. Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите очите. u Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак. u Не правете промени на ласерскиот уред. u Не ги користете ласерските заштитни очила како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење. Македонски | 349 Bosch Power Tools 1 609 92A 4RG | (15.11.2018)350 | Македонски 1 609 92A 4RG | (15.11.2018) Bosch Power Tools u Не ги користете ласерските заштитни очила како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските заштитни очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои. u Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред. u Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да заслепат други лица. u Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Опис на производот и перформансите Отворете ја преклопената страница со приказ на мерниот уред и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба. Наменета употреба Мерниот уред е наменет за мерење на далечини, должини, висини, растојанија, косини и за пресметување на површини и волумени. Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница. (1)
(2) Мерно копче [ ] (3) Плус копче [+] (4) Копче за избирање на референтно ниво (5) Копче за вклучување-исклучување [ ] (6) Копче за меморирање [ ] (7) Функционално копче [Func] (8) Минус копче [−] (9) Капак на преградата за батерии (10) Фиксирање на капакот од преградата за батерии(11) Сериски број (12) Предупредувачки знак на ласерот (13) 1/4"-навој на стативот (14) Приемна леќа (15) Излез на ласерскиот зрак (16) Ласерска целна табла
(17) Ласерски заштитни очила
Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Елементи на приказот (избор) (a) Статусна лента (b) Рефрентно ниво на мерењето (c) Приказ на батерии (d) Редови со измерената вредност (e) Редови со резултат (f) Мерни функции (g) Приказ на агол на закосување (h) Основни поставки Технички податоци Дигитален ласерски мерен уред на далечина GLM 500 Број на дел/артикл 3 601 K72 H.. Поставка Мерна единица m, ft, in Мерно поле (типично) 0,05–50 m
Точност при мерењето (типични, неповолни услови) ±3,0 mm
Најмала единица на приказ 0,5 mm Индиректно мерење на растојание и либела Мерно подрачје 0°–360° (4x90°) Македонски | 351 Bosch Power Tools 1 609 92A 4RG | (15.11.2018)352 | Македонски 1 609 92A 4RG | (15.11.2018) Bosch Power Tools Дигитален ласерски мерен уред на далечина GLM 500 Мерење на косини Мерно подрачје 0°–360° (4x90°) Точност при мерењето (типична) ±0,2° C)D)E) Најмала единица на приказ 0,1°
Температура при складирање –20 °C ... +70 °C Релативна влажност на воздухот макс. 90 % макс. оперативна висина преку референтната висина 2000 m Степен на извалканост според IEC61010-1 2
Класа на ласер 2 Тип на ласер 635nm, <1mW Дијаметар на ласерски зрак (при 25°C) околу – на 10m растојание 9mm
– на 50m растојание 45mm
Автоматика за исклучување по околу – Ласер 20 s – Мерен уред (без мерење) 5 min Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 0,10 kg Димензии 106 x 45 x 24 mm Вид на заштита IP 54 (заштита од прав и прскање на вода)
Батерии 2 x 1,5 V LR03 (AAA)Дигитален ласерски мерен уред на далечина GLM 500 Батериски ќелии 2 x 1,2 V HR03 (AAA) A) При мерење од предниот раб на мерниот уред, за висока рефлексија на целта (на пр. варосан ѕид) важи слаба осветленост на позадината и 25 °C оперативна температура. Дополнително треба да се пресмета растојание од ±0,05mm/m. B) При мерење од задниот раб на мерниот уред за висока рефлексија на целта (на пр. темно обоен ѕид), важи јака осветленост на позадината и – 10 °C до +45 °C оперативна температура. Дополнително треба да се пресмета растојание од ±0,15 mm/m. C) По калибрација од страна на корисникот на 0° и 90°; мора да се земе предвид дополнителна грешка на закосување од ± 0,01° / степени до 45° (макс.). Како референтно ниво на мерењето на косини служи левата страна на мерниот уред. D) при 25°C оперативна температура E) Како референтно ниво на мерењето на косини служи левата страна на мерниот уред. F) Во функцијата Континуирано мерење, макс. оперативна температура изнесува +40 °C. G) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација. H) извадена преграда за батерии Серискиот број (11) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред.
Ставање/менување на батерии За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански
Со 1,2‑волтни батерии се возможни помалку мерења отколку со 1,5‑волтни
За да го отворите капакот од преградата за батерии (9) притиснете на механизмот за заклучување (10) и извадете го капакот од преградата за батерии. Вметнете ги батериите одн. акумулаторските батерии. Притоа внимавајте на половите во согласност со приказот на внатрешната страна од преградата за батерии. Доколку ознаката за батерија се појави за прв пат на екранот, можни се уште околу 100 мерења. Доколку ознаката за батерија е празна и трепка црвено, не може да мерите. Заменете ги батериите одн. акумулаторските батерии. Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет. u Доколку не сте го користеле мерниот уред подолго време, извадете ги батериите од него. Доколку се подолго време складирани, батериите може да кородираат и да се испразнат. Македонски | 353 Bosch Power Tools 1 609 92A 4RG | (15.11.2018)354 | Македонски 1 609 92A 4RG | (15.11.2018) Bosch Power Tools
Ставање во употреба u Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак. u Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви
u Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши. u Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете проверка на точноста (види „Проверка на точноста и калибрирање на мерењето на косини (види сликиE1–E2)“, Страница361). Вклучување/исклучување – За вклучување на мерниот уред и ласерот притиснете кратко на мерното копче (2) [ ]. – За вклучување на мерниот уред без ласер, притиснете кратко на копчето за вклучување-исклучување (5) [ ]. u Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост. За исклучување на мерниот уред држете го притиснато копчето за вклучување- исклучување (5) [ ]. При исклучување на мерниот уред, во меморијата остануваат зачувани вредностите и поставките на уредот. Процес на мерење По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во функција на должинско мерење. За друга мерна функција притиснете на копчето (7) [Func]. Изберете ја саканата мерна функција со копчето(3)[+] или копчето(8)[–] од (види „Мерни функции“, Страница356). Активирајте ја мерната функција со копчето(7)[Func] или со мерното копче (2) [ ].Како референтно ниво за мерење, по вклучувањето, е избран задниот раб на мерниот уред. За промена на референтното ниво (види „Избирање на референтно ниво (види сликаA)“, Страница355). Поставете го мерниот уред на саканата стартна точка на мерење (на пр. ѕид). Напомена: Ако мерниот уред се вклучи со копчето за вклучување-исклучување (5) [ ], кратко притиснете на мерното копче (2) [ ] за да го вклучите ласерот. За активирање на мерењето, притиснете кратко на мерното копче (2) [ ]. Потоа ласерскиот зрак ќе се исклучи. За друго мерење повторете ја оваа постапка. u Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост. Напомена: Вообичаено, измерената вредност се појавува во рок од 0,5s, а најдоцна по околу 4s. Времетраењето на мерењето зависи од растојанието, светлосните услови и рефлектирачки својства на целната површина. По завршување на мерењето, ласерскиот зрак автоматски ќе се исклучи. Избирање на референтно ниво (види сликаA) За мерењето може да изберете три различни референтни нивоа: – заден раб на мерниот уред (на пр. при поставување на ѕидови), – преден раб на мерниот уред (на пр. при мерење, почнувајќи од еден раб на
– средина на навојот (13) (на пр. за мерења со статив) За избор на референтното ниво, притиснете го копчето (4). Со копчето (3) [+] или копчето (8) [–] или копчето (4) изберете го саканото референтно ниво. По секое вклучување на мерниот уред, задниот раб на мерниот уред е претходно поставен како референтно ниво. Мени „Основни поставки“ За да влезете во менито „Основни поставки“ (h), држете го притиснато копчето (7) [Func]. Изберете ја односната основна поставка и нејзиното подесување. За да излезете од менито „Основни поставки“, притиснете на копчето за вклучување-исклучување (5) [ ]. Осветлување на екранот Осветлувањето на екранот е постојано вклучено. Доколку не притиснете на копчето, осветлувањето на екранот се затемнува по околу 20 секунди заради заштита на
Македонски | 355 Bosch Power Tools 1 609 92A 4RG | (15.11.2018)356 | Македонски 1 609 92A 4RG | (15.11.2018) Bosch Power Tools Мерни функции Мерење на должини Изберете мерење на должини . За да го вклучите ласерскиот зрак, притиснете кратко на мерното копче (2) [ ]. За мерење притиснете кратко на мерното копче (2) [ ]. Измерената вредност ќе се прикаже долу на екранот.
m7.620 За секое понатамошно мерење повторете ги горенаведените чекори. Последната измерена вредност стои долу на екранот, а претпоследната над неа итн. Континуирано мерење При континуираното мерење, мерниот уред може релативно да се движи кон целта, при што измерената вредност ќе се ажурира на секои 0,5 s. На пр. може да се оддалечите на некое растојание од ѕидот, а моменталното растојание секогаш ќе биде читливо. Изберете континуирано мерење . За да го вклучите ласерскиот зрак, притиснете кратко на мерното копче (2) [ ]. Движете го мерниот уред додека не се прикаже бараното растојание долу на
-64° Со кратко притискање на мерното копче (2) [ ] го прекинувате континуираното мерење. Актуелната измерена вредност ќе се прикаже долу на екранот. Со повторно притискање на мерното копче (2) [ ] континуираното мерење одново стартува. Континуираното мерење автоматски се исклучува по 5 min. Мерење на површини Изберете мерење на површини . На крај, измерете ја ширината и должината едно по друго како кај мерењето на должини. Помеѓу двете мерења, ласерскиот зрак останува вклучен. Трасата што треба да се измери трепка на приказот за површинско мерење .19.355 m
Првата измерена вредност ќе се прикаже горе на екранот. По завршување на второто мерење површината автоматски ќе се пресмета и прикаже. Крајниот резултат стои долу на екранот, а поединечните измерени вредности над него. Мерење на волумен Изберете мерење на волумен . На крај, измерете ја ширината, должината и длабочината едно по друго како кај мерењето на должини. Помеѓу трите мерења, ласерскиот зрак останува вклучен. Трасата што треба да се измери трепка на приказот за мерење на волумен . 1474.8 m
m10.160 Првата измерена вредност ќе се прикаже горе на екранот. По завршување на третото мерење волуменот автоматски ќе се пресмета и прикаже. Крајниот резултат стои долу на екранот, а поединечните измерени вредности над него. Индиректно мерење на растојанија За индиректно мерење на растојанија, на располагање ви се три мерни функции, со кои може да се соопштат различни траси. Индиректното мерење на растојанија служи за соопштување на растојанија, кои не треба директно да се измерат, бидејќи има пречки во текот на зракот или нема целна површина како рефлектор на располагање. Оваа мерна постапка може да се примени само во вертикален правец. Секое отстапување во хоризонтален правец води кон мерни грешки. Напомена: Индиректното мерење на растојанија е секогаш поточно од директното мерење на растојанија. Во зависност од примената, мерните грешки може да се поголеми од директното мерење на растојанија. За подобрување на мерната точност препорачуваме користење на статив (опрема). Помеѓу поединечните мерења, ласерскиот зрак останува вклучен. a) Индиректно мерење на висина (види сликаB) Изберете индиректно мерење на висини . Внимавајте на тоа, мерниот уред да е на иста висина како и долната мерна точка. Потоа навалете го мерниот уред околу референтното ниво и измерете ја трасата како кај мерење на должината „1“ (на екранот е прикажана како црвена линија). Македонски | 357 Bosch Power Tools 1 609 92A 4RG | (15.11.2018)358 | Македонски 1 609 92A 4RG | (15.11.2018) Bosch Power Tools
45° m20.000 45.0° По завршување на мерењето, ќе се прикаже резултатот за бараната траса „X“ во редот со резултат (e). Измерените вредности за трасата „1“ и аголот „α“ стојат во редовите со измерени вредности (d). b) Двојно индиректно мерење на висина (види сликаC) Мерниот уред може да ги измери директно сите траси, коишто лежат на вертикалното ниво на мерниот уред. Изберете двојно индиректно мерење на висини . Измерете ги трасите „1“ и „2“ како при мерење на должини, по овој редослед.
-10° m10.154 45.0° m12.208 По завршување на мерењето, ќе се прикаже резултатот за бараната траса „X“ во редот со резултат (e). Измерените вредности за трасите „1“, „2“ и аголот „α“ стојат во редовите со измерени вредности (d). Внимавајте на тоа, референтното ниво на мерењето (на пр. задниот раб на мерниот уред) да стои точно на истото место при сите поединечни мерења за време на мерниот процес. c) Индиректно мерење на должина (види сликаD) Изберете индиректно мерење на должини . Внимавајте на тоа, мерниот уред да е на иста висина како и бараната мерна точка. Потоа навалете го мерниот уред околу референтното ниво и измерете ја трасата „1“ како кај мерење на должината.
60° m20.000 60.0° По завршување на мерењето, ќе се прикаже резултатот за бараната траса „X“ во редот со резултат (e). Измерените вредности за трасата „1“ и аголот „α“ стојат во редовите со измерени вредности (d). Мерење на косини/дигитална либела Изберете Мерење на косини/Дигитална либела . Мерниот уред автоматски префрла помеѓу две состојби. 1°2° 3° Дигиталната либела служи за проверка на хоризонтално или вертикално израмнување на еден објект (на пр. машина за перење, фрижидер итн.). Доколку се надмине косината 3°, топчето на екранот свети црвено.36.0° Мерењето на косини служи за мерење на нагорници и надолници (на пр. на скали, гелендери, при вклопување на мебел, при положување на цевки итн.). Како референтно ниво на мерењето на косини служи левата страна на мерниот уред. Доколку приказот трепка за време на мерниот процес, мерниот уред бил премногу навален на страна. Функции на меморијата Вредноста одн. крајниот резултат на секое завршено мерење автоматски ќе се
Приказ на зачуваната вредност Може да се повикаат максимум 20 вредности (измерени вредности или крајни резултати). Притиснете на копчето за меморирање (6) [ ].
Горе на екранот ќе се прикаже бројот на меморираната вредност, долу односната меморирана вредност и лево мерната функција. Притиснете го копчето (3) [+], за да прелистувате нанапред низ зачуваните вредности. Притиснете на копчето (8) [–], за да прелистувате наназад низ зачуваните вредности. Доколку во меморијата нема расположлива вредност, долу на екранот ќе се прикаже „0.000“, а горе „0“. Најстарата вредност се наоѓа на позиција 1 во меморијата, а најновата вредност на позиција 20 (од 20 расположливи меморирани вредности). При зачувување на вредност секогаш се брише најстарата вредност во меморијата. Бришење на меморијата За бришење на содржината на меморијата притиснете на копчето за меморирање (6) [ ]. Потоа кратко притиснете на копчето за вклучување-исклучување (5) [ ], за да ја избришете прикажаната вредност. За бришење на сите вредности кои се во меморијата притиснете ги истовремено копчето (4) и копчето за вклучување-исклучување (5) [ ] и потоа отпуштете го копчето за вклучување-исклучување (5) [ ]. Собирање/одземање на вредности Измерените вредности и крајните резултати може да се собираат или одземаат. Собирање на вредности Во следниот пример е објаснето собирањето на површини: Македонски | 359 Bosch Power Tools 1 609 92A 4RG | (15.11.2018)360 | Македонски 1 609 92A 4RG | (15.11.2018) Bosch Power Tools Утврдете површина како што е опишано во делот „Мерење на површина“ (види „Мерење на површини“, Страница356).
Притиснете на копчето (3) [+]. Пресметаната површина и ознаката „+“ ќе се прикажат. Притиснете го мерното копче (2) [ ], за да стартувате друго мерење на површината. Утврдете ја површината како што е опишано во делот „Мерење на површина“ (види „Мерење на површини“, Страница356). Штом ќе заврши второто мерење, долу на екранот ќе се прикаже резултатот од второто мерење на површини. За да го прикажете крајниот резултат, притиснете одново на мерното копче (2) [ ]. Напомена: При мерење на должини веднаш се прикажува крајниот резултат. За да излезете од функцијата на собирање притиснете на копчето (7) [Func]. Одземање на вредности За одземање на вредности притиснете на копчето (8) [–]. Понатамошната постапка е слична на „Додавање на вредности“. Бришење на измерените вредности Со кратко притискање на копчето за вклучување-исклучување (5) [ ] можете да ги избришете последно добиените поединечни измерени вредности во сите мерни функции. Со повеќекратно притискање на копчето за вклучување-исклучување (5) [ ] ќе се избришат измерените вредности по обратен редослед. Менување на мерната единица Основната поставка е мерната единица „m“ (метар). Вклучете го мерниот уред. Држете го притиснато копчето (7) [Func], за да влезете во менито „Основни поставки“. Изберете „ft/m“. Притиснете го копчето (3) [+] или копчето (8) [–], за да ја промените мерната
За да излезете од точката на менито, притиснете на копчето за вклучување- исклучување (5) [ ]. По исклучување на мерниот уред, избраната поставка останува зачувана. Вклучување/исклучување на тонот Во основната поставка тонот е исклучен. Вклучете го мерниот уред.Држете го притиснато копчето (7) [Func], за да влезете во менито „Основни поставки“. Изберете . Притиснете го копчето (3) [+] или копчето (8) [–], за да го вклучите и исклучите тонот. За напуштање на точката на менито, притиснете на мерното копче (2) [ ] или на копчето за вклучување-исклучување (5) [ ]. По исклучување на мерниот уред, избраната поставка останува зачувана. Совети при работењето Општи напомени Приемната леќа (14) и излезот на ласерскиот зрак (15) не смеат да бидат покриени за време на мерењето. За време на мерењето, мерниот уред не смее да се движи. Доколку е возможно, поставете го мерниот уред на цврста подлога. Влијанија на мерното поле Мерното поле зависи од светлосните услови и рефлективните својства на целната површина. При јако надворешно осветлување, за подобра видливост на ласерскиот зрак, користете заштитни очила за ласер (17) (опрема) и целна табла за ласерот (16) (опрема), или засенете ја целната површина. Влијанија на мерниот резултат Поради физички ефекти не може да се исклучи фактот, дека при мерењето на различни површини доаѓа до погрешно мерење. Тука спаѓаат: – транспарентни површини (напр. стакло, вода), – површини што рефлектираат (напр. исполиран метал, стакло), – порозни површини (напр. изолациски материјали), – структурирани површини (напр. груб малтер, природен камен). Доколку е возможно, на овие површини користете целна табла за ласерот (16)
Грешки при мерењето се исто така можни и кај накосо визирани целни површини. Исто така на измерената вредност може да влијаат и процепите за вентилација со различни температури или индиректно примените рефлексии. Проверка на точноста и калибрирање на мерењето на косини (види сликиE1– E2) Редовно проверувајте ја точноста на мерењето на косини. Ова се врши со помош на менување на правецот. Поставете го мерниот уред на една маса и измерете ја косината. Свртете го мерниот уред за 180° и одново измерете ја косината. Разликата помеѓу прикажаните износи смее да изнесува макс. 0,3°. Македонски | 361 Bosch Power Tools 1 609 92A 4RG | (15.11.2018)362 | Македонски 1 609 92A 4RG | (15.11.2018) Bosch Power Tools При големи отстапувања мерниот уред мора одново да се калибрира. За тоа изберете во поставките. Следете ги упатствата на екранот. По големи промени на температурата и по удари, препорачуваме да се изврши проверка на точноста и ев. калибрирање на мерниот уред. По промена на температурата, мерниот уред мора да се прилагоди на нормалната температура некое време пред да се изврши калибрација. Проверка на точноста на мерењето на растојание Точноста на мерниот уред може да ја проверите на следниов начин: – Изберете едно непроменливо мерно подрачје со должина од околу 3 до 10m, чија должина точно ја знаете (на пр. ширината на просторијата, отворот на вратата). Мерењето треба да се врши при поволни услови, т. е. мерното подрачје треба да биде во внатрешниот простор со слабо позадинско осветлување и целната површина на мерењето треба да биде мазна и добро да рефлектира. – Измерете го подрачјето 10 пати едно по друго. Отстапувањето од средната вредност при поединечните мерења смее да изнесува максимум ±4mm на целото мерно подрачје при поволни услови. Запишувајте ги мерењата, за да може подоцна да ја споредите точноста. Работење со статив (опрема) Користењето на стативот е особено потребно при големи растојанија. Мерниот уред со 1/4"-навој (13) поставете го на плоча со брзо ослободување на стативот (18) или на вообичаен фото-статив. Цврсто завртете ја брзо заменливата плоча со завртка за
Соодветно поставете го референтното ниво за мерење со стативот, со притискање на копчето (4) (референтно ниво за навој). Порака за грешка Доколку мерењето не може да се правилно да се изврши, на екранот се прикажува пораката за грешка „Error“. Исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го и одново стартувајте го мерењето. Мерниот уред ја контролира точната функција при секое мерење. Доколку се утврди дефект, на екранот стои само ознаката покрај него и мерниот уред се исклучува. Во ваков случај предадете го Вашиот мерен уред преку Вашиот трговец на сервисната служба на Bosch.Одржување и сервис Одржување и чистење Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред. Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности. Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори. Особено одржувајте ја чиста приемната леќа (14) со истата грижа, со која треба да се одржуваат очилата или леќата на фотоапарат. Во случај на дефект или поправка однесете го мерниот уред во овластена сервисна служба на Bosch. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема. За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10- цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Македонски | 363 Bosch Power Tools 1 609 92A 4RG | (15.11.2018)364 | Srpski 1 609 92A 4RG | (15.11.2018) Bosch Power Tools Отстранување Мерните уреди, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за
Notice-Facile