GLL 12-22 G Professional - Ласерски покажувач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLL 12-22 G Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GLL 12-22 G Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Ласерски покажувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLL 12-22 G Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLL 12-22 G Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLL 12-22 G Professional BOSCH
Македонски...... Страница 164
Srpski ...... Strana 180
繁體中文……頁 196
한국어 ......페이지 209
عربية 225
241 صفحه فارسی


text_image
(1) (2) (3) (4) (5)GLL 12-22

text_image
GLL 12-22 (6) (9)(8)(7) (10) (11) (12) (13) (14) (15) (16) (17) (18) (19) (20) (21) (22) (23) (24) (25) (26) (27) (28) (29) (30) (31) (32) (33) (34) (35) (36) (37) (38) (39) (40) (41) (42) (43) (44) (45) (46) (47) (48) (49) (50) (51) (52) (53) (54) (55) (56) (57) (58) (59) (60) (61) (62) (63) (64) (65) (66) (67) (68) (69) (70) (71) (72) (73) (74) (75) (76) (77) (78) (79) (80) (81) (82) (83) (84) (85) (86) (87) (88) (89) (90) (91) (92) (93) (94) (95) (96) (97) (98) (99) (Laser Radiation. Do not stare into beam. Class 2 Consumer Laser Product EN 50689-2021 IEC 60825-1:2014 < 5 mW, 630-650 nm (Laser Radiation. Do not stare into beam. Class 2 Consumer Laser Product EN 50689-2021 IEC 60825-1:2014 < 5 mW, 500-540 nm1 609 92A 8C4 | (05.07.2023) Bosch Power Tools

Bosch Power Tools 1 609 92A 8C4 | (05.07.2023)
6
D

Безбедносни напомени

Сите упатства треба да се прочитают и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги
оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.
▶ Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
▶ Мерниот уред се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна).
Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите
лицата, да предизвикате несре́ки или да ги оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
▶ Не правете промени на ласерскиот уред.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
▶ Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
▶ Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица.
▶ Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
He ja отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата će се заштити од опасно преоптоварување.
166 | Македонски
▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.


Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

Не ги принесувајте мерниот уред и магнетната опрема во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Преку магнетите на мерниот уред и опремата се произведува поле, коешто може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди.
▶ Држете ги мерниот уред и магнетната опрема подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетите од мерниот уред и опремата може да дојде до неповратни загуби на податоците.
Безбедносни напомени за мрежен напојувач
Овој адаптер не е предвиден за употреба од деца и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или со недоволно искусство и знаење. Овој адаптер може да го користат деца над 8 години како и лица со ограничени физички, сензорни и ментални способности или со недоволно искусство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со адаптерот и ги разбираат опасностите кои може да произлезат од тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.

Адаптерот држете го подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во erot го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Одржувајте ја чистотата на адаптерот. Доколку се извалка, постои опасност од електричен удар.
▶ Пред секое користење, проверете го мрежниот напојувач. Не користете го мрежниот напојувач доколку забележите оштетувања. Не отворајте го сами мрежниот напојувач и оставете го на поправка само кај Bosch или кај овластен сервисен центар кој ќе користи само оригинални резервни делови.
Оштетени мрежни напојувачи го зголемуваат ризикот од електричен удар.
Опис на производот и перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални и вертикални линии.
Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен простор.
Овој производ е потрошувачки ласерски производ во согласност со EN 50689.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница.
(1) Излезен отвор за ласерскиот зрак
(2) Прекинувач за включување/исклучување
(3) Магнетски ротационен држач
(4) Издолжени отвори за прицврстување
(5) Магнет
(6) Прифат на стативот 1/4"
(7) Индикатор за наполнетост на литиум-јонскиот батериски пакет ^a)
(8) USB Type-C®-порта ^a)b)
(9) Литиум-јонски батериски пакет ^a)
(10) Механизам за фиксирање на литиум-јонскиот батериски пакет ^a)
(11) Фиксирање на капакот од преградата за батерии
(12) Капак на преградата за батерии
(13) Сериски број
(14) Натпис за предупредување на ласерот
(15) USB Type-C® кабел ^a)
(16) Заштитна чанта
(17) Ласерски заштитни очила ^a)
(18) Статив ^a)
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
b) USB Type-C® и USB-C® се трговски ознаки за USB Implementers Forum.
168 | Македонски
Технички податоци
| Линиски пасер GLL 12-22 GLL 12-22 G | ||
| Број на дел | 3 601 K65 2.. 3 601 K65 3.. | |
| Работно полеA) | 12 m 12 m | |
| Точност на нивелирањeB)(C)(D) | ±0,8 mm/m ±0,6 mm/m | |
| Поле на самонивелирање ±3,5° ±3,5° | ||
| Време на нивелирање < 6 s < 6 s | ||
| Оперативна температура -10 °C ... +40 °C -10 °C ... +40 °C | ||
| Температура при складирање -20 °C ... +70 °C -20 °C ... +70 °C | ||
| Макс. оперативна висина преку референтната висина | 2000 m 2000 m | |
| Макс. релативна влажност на воздухот 90 % 90 % | ||
| Степен на извалканост споредIEC 61010-1 | 2E) | 2E) |
| Класа на ласер 2 | 2 | |
| Тип на ласер | < 5 mW,630–650 nm | < 5 mW,500–540 nm |
| С6 | 5 | 5 |
| Отстапување | 25 × 5 mrad(целосен агол) | 25 × 5 mrad(целосен агол) |
| Прифат за стативот | 1/4" | 1/4" |
| Напојување со енергија | ||
| – Литиум-јонски батериски пакет | 3,7 V | 3,7 V |
| – Батерии (алкални-мангански) | 2 × 1,5 V LR6 (AA) | 2 × 1,5 V LR6 (AA) |
| Времетраење на режимB) | 10 h | 8 h |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | 0,35 kg | 0,35 kg |
| Димензии (должина × ширина × висина) | 104 × 64 × 100 mm | 104 × 64 × 100 mm |
| Вид на заштита | IP55 IP55 | |
| Литиум-јонски батериски пакет (опрема) | BA 3.7V 1.0Ah A | BA 3.7V 1.0Ah A |
1609 92A 8C4 | (05.07.2023)
Bosch Power Tools
Линиски ласер GLL 12-22 GLL 12-22 G
Приклучок за напојување (опрема)
| Излезен напон 5,0 V 5,0 V | == | == |
| Работно поле на излезна струја 500 mA 500 mA | ||
| Препорачан приключок за напојување ^F) | ||
| - EU | 2 609 120 713 | 2 609 120 713 |
| - UK | 2 609 120 718 | 2 609 120 718 |
| - ARG | 1 600 A01 3A0 | 1 600 A01 3A0 |
| - BRA | 1 600 A01 3A2 | 1 600 A01 3A2 |
| - MEX | 1 600 A01 3A1 | 1 600 A01 3A1 |
| - KOR | 2 609 120 716 | 2 609 120 716 |
| - AUS | 2 609 120 717 | 2 609 120 717 |
Серискиот број (13) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред.
С) важи во нивелирана положба (0°)
D) Дадените вредности предвидуваат нормални до поволни услови на околината (на пр. нема вибрации, нема магла, нема чад, нема изложеност на сончеви зраци). По екстремни температури може да дојде до отстапување во точноста.
E) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.
F) Дополнителни технички податоци може да најдете на: https://www.bosch-professional.com/ecodesign
170 | Македонски
Снабдување со енергија на мерниот уред
Мерниот уред може да се користи или со Boschлитиум-јонски батериски пакет (9) или со обични батерии.
Напомена: Никогаш не складирајте го мерниот уред без вметнат поклопец на преградата за батерии (12) или литиум-јонскиот батериски пакет (9), особено во околина со прашина или влага.
Работење со литиум-јонски батериски пакет
Ставање/менување на литиум-јонски батериски пакет
За промена на батериите од литиум-јонскиот батериски пакет (9) извадете го поклопецот на преградата за батерии (12) заедно со батериите.
Вметнете го литиум-јонскиот батериски пакет (9) и заклучете го механизмот за заклучување (10).
За да го извадите литиум-јонскиот батериски пакет (9) притиснете на механизмот за заклучување (10) и извадете го литиум-јонскиот батериски пакет од мерниот алат.
Полнење на литиум-јонскиот батериски пакет
▶ За полнење, користете го препорачаниот USB-мрежен напојувач или USB-мрежен напојувач, чиј излезен напон и минимална излезна струја ги исполнуваат барањата во поглавјето „Технички податоци“. Притоа внимавајте на упатството за користење на USB-мрежниот напојувач.
Препорачан мрежен напојувач: види „Технички податоци“.
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот напојувач. Мрежните напојувачи означени со 230 волти исто така може да се користат и на 220 волти.
▶ Полнете ја батеријата преку USB-приключок само на амбиентални температури помеѓу +10 °C и +35 °C. Полнењето надвор од температурниот опсег може да ја оштети батеријата или да го зголеми ризикот од пожар.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ако нивото на наполнетост на литиум-јонскиот батериски пакет е ниско, ласерските линии їе трепкаат бавно околу 1 минута.
Ако литиум-јонскиот батериски пакет е празен, ласерските линии će трепкаат брзо околу 10 секунди и потоа мерниот алат će се ислучи.
Отворете го поклопецот на USB Type-C®-портата (8). Поврзете го USB-приклучокот во USB-мрежниот напојувач со USB-кабел (15). Поврзете го USB-мрежниот напојувач во струја.
Жолта Литиум-јонскиот батериски пакет е делумно наполнет.
Зелена Литиум-јонскиот батериски пакет е целосно наполнет.
Црвена Номиналниот напон или струјата за полнење не се соодветни.
Кога полнењето їе заврши, извадете го USB-кабелот (15). Затворете го капакот на USB Type-C®-портата (8) за заштита од прав и вода.
Работа со батерии
За да се префрлите од литиум-јонски батериски пакет (9) на обични батерии, извадете го литиум-јонскиот батериски пакет (9).
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.
Ставете ги батериите.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.
Ставете го поклопецот на преградата за батерии (12) и фиксирајте го.
Доколку батериите се слаби, ласерските зраци трепкаат бавно околу 1 минута.
Ако батериите се празни, ласерските линии їе трепкаат брзо околу 10 секунди и потоа мерниот алат їе се ислучи.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
▶ Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите.
При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
▶ Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
172 | Македонски
▶ Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира и направете проверка за точноста секогаш пред да продолжите со работа (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница 173). При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
▶ Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете контрола на точноста (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница 173).
▶ Исклучете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
Пред да започнете со работа, ставете го мерниот уред на магнетниот ротационен држач (3) така што излезниот отвор (1) да биде слободен.
За вклучување на мерниот уред притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во позиција „ON“. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта ласерски линии од излезниот отвор (1).
▶ Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во позиција OFF. При исклучување, осцилирачката единица се блокира.
Дозволете мерниот уред повторно да се вклопи на ротациониот држач (3) кога го ислучувате и транспортирате.
▶ Не го оставајте включениот мерен уред без надзор и исключете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
GLL 12-22 G: При надминување на највисоката дозволена работна температура од 40 °C се ислучува заради заштита на ласерската диода. Откако їе се олади, мерниот уред е повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на стативот (18).
Ставете го мерниот уред на магнетниот ротационен држач (3) така што излезниот отвор (1) да биде слободен.
По вклучувањето, автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±3,5°. Нивелирањето е завршено штом ласерските линии светат постојано и не се движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејки подлогата на мерниот уред отстапува повеće од 3,5° од хоризонталата, ласерските линии трепкаат постојано и брзо, и мерниот алат работи без автоматско нивелирање. Ласерските линии остануваат включени, а двете вкрстени линии не мора да се една кон друга во прав агол.
За повторно да работите со автоматско нивелирање, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте да се самонивелира. Штом мерниот уред їе се најде и израмни во полето на самонивелирање од ±3,5° ласерските линии повторно светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска линија во однос на референтните точки за да се избегнат грешки со поместување на мерниот уред.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено температурните разлики кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Се препорачува мерниот уред да го користите на статив за да ги минимизирате термичките влијанија од топлината што се крева од подот. Доколку е возможно, поставувате го мерниот уред во средината на работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр. падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Најпрво проверете ја точноста на висините како и нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а потоа точноста на нивелирањето на вертикалната ласерска линија.
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го надмине максимальното отстапување, тогаш треба да се поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
Проверка на точности на висината на хоризонталната линија
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од 5 m на цврста подлога помеѓу два сида А и В.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на сидот А на еден статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Ставете го мерниот уред на магнетниот ротационен
174 | Македонски
држач (3) така што излезниот отвор на ласерот (1) да биде слободен. Включете го мерниот уред.

– Насочете го ласерот во близина на sidот А и оставете го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината на точката, каде ласерските линии се вкрстуваат на sidот (точка I).

text_image
A 180° B I II– Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на спротивниот сид В (точка II).
– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во близина на sidот В, включете го и оставете го да се нивелира.

text_image
A I B II– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што точката на вкрстување на ласерските линии точно је ја погоди претходно означената точка II на сидот В.

text_image
A III d I 180° B II– Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените висината. Насочете го на сидот А, така што вертикалната ласерска линија проаға низ веке означената точка I. Оставете го мерниот уред да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на сидот А (точка III).
- Разликата d на двете означени точки I и III на сидот А го дава фактичкото отстапување од висината на мерниот уред.
На мерната линија од 2 × 5 m = 10 m максимальното дозволено отстапување изнесува:
GLL 12-22: 10 m × ±0,8 mm/m = ±8 mm. Разликата d меѓу точките I и III смее да изнесува најмногу 8 mm.
GLL 12-22 G: 10 m × ±0,6 mm/m = ±6 mm. Разликата d меѓу точките I и III смее да изнесува најмногу 6 mm.
Проверка на точности на нивелирање на хоризонталната линија
За проверка, потребна ви е слободна површина од околу 5 × 5 m.
– Монтирајте го мерниот уред во средина меѓу сидовите А и В на статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Ставете го мерниот уред на магнетниот ротационен држач (3) така што излезниот отвор на ласерот (1) да биде слободен. Включете го мерниот уред и оставете го да се нивелира.

– На 2,5 m растојание од мерниот уред, на двата сида означете ја средината на ласерската линија (точка I на sidот А и точка II на sidот В).

– Поставете го мерниот уред, свртен за 180° на 5 m растојание и оставете го да се нивелира.
176 | Македонски
– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што средината на ласерските линии точно је ја погоди претходно означената точка II на сидот В.
– На сидот А обележете ја средината на ласерската линија како точка III (вертикално над или под точката I).
- Разликата d на двете означени точки I и III на сидот А го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од хоризонталата.
На мерната линија од 2 × 5 m = 10 m максимальното дозволено отстапување изнесува:
GLL 12-22: 10 m × ±0,8 mm/m = ±8 mm. Разликата d меѓу точките I и III смее да изнесува најмногу 8 mm.
GLL 12-22 G: 10 m × ±0,6 mm/m = ±6 mm. Разликата d меѓу точките I и III смее да изнесува најмногу 6 mm.
Проверка на точноста на нивелирањето на вертикалната линија
За контрола потребен ви е отвор од вратата, каде (на цврста подлога) на секоја страна од вратата има место од најмалку 2,5 m.
– Поставете го мерниот уред на 2,5 m растојание од отворот на вратата на цврста, рамна подлога (не на статив). Ставете го мерниот уред на магнетниот ротационен држач (3) така што излезниот отвор на ласерот (1) да биде слободен. Включете го мерниот уред и оставете го да се нивелира.

text_image
Ⅲ Ⅰ 2.5 m 2.6 m– Означете ја средината на вертикалната ласерска линија на подот од отворот на вратата (точка I), на 5 m растојание од другата страна на отворот од вратата (точка II), како и на горниот раб на вратата од отворот (точка III).

– Поставете го мерниот уред на другата страна на отворот од вратата директно зад точката II. Оставете го мерниот уред да се нивелира и насочете ја вертикалната ласерска линија така што нејзината средина єе поминува точно низ точките I и II.
– Обележете ја средината на ласерската линија на горниот раб на отворот на вратата како точка IV.
- Разликата d на двете означени точки III и IV го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од вертикалните линии.
– Измерете ја висината на отворот од вратата.
Максимално дозволеното отстапување го пресметувате на следниот начин:
GLL 12-22:
двојна висина на отворот на вратата × 0,8 mm/m
Пример: При висина од 2 m максимальното отстапување смее да изнесува
2 × 2 m × ± 0,8 mm/m = ± 3,2 mm. Точките III и IV смеат да лежат најмногу 3,2 mm една од друга.
GLL 12-22 G:
двојна висина на отворот на вратата × 0,6 mm/m
Пример: При висина од 2 m максимальното отстапување смее да изнесува
2 × 2 m × ± 0,6 mm/m = ± 2,4 mm . Точките III и IV смеат да лежат најмногу 2,4 mm една од друга.
▶ За обележување, секогаш користете ја само средината на ласерската линија. Ширината на ласерската линија се менува со оддалечувањето.
Работење со стативот
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (6) на навојот на стативот (18) или обичен фото статив. Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го включите мерниот уред.
178 | Македонски
Прицврстете го со магнетскиот ротационен држач (види слики C-D)
Со интегрираниот магнетски ротационен држач (3) може да го прицврстите мерниот уред на материјалите што може да се магнетизираат или на вертикалните површини.
Можности за прицврстување на ротациониот држач (3):
- со магнети (5) на материјали што може да се магнетизираат (види слика C),
– со вообичаена завртка за прицврстување на отворот за прицврстување (4) на дрво.
▶ Држете ги прстите подалеку од задниот дел на магнетниот ротационен држач кога го прикачувате ротациониот држач на површините. Поради јаката сила на влечење на магнетите (5), Вашите прсти може да се заглават.
Грубо центрирајте го магнетскиот ротационен држач (3) пред да го включите мерниот уред.
Дозволете мерниот уред повторно да се вклопи на ротациониот држач кога го исклучувате и транспортирате (види слика D).
Ласерски заштитни очила
Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во заштитната чанта (16).
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во заштитната ташна (16).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба će одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така će најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ке ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
180 | Srpski
Отстранување

Мерните уреди, акумулаторите/батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, мерните уреди што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 179).