BOSCH GLM 10025 C Professional - Ласерски покажувач

GLM 10025 C Professional - Ласерски покажувач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLM 10025 C Professional BOSCH во PDF формат.

📄 537 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GLM 10025 C Professional - page 388
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GLM 10025 C Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Ласерски покажувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLM 10025 C Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLM 10025 C Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLM 10025 C Professional BOSCH

Македонски....Страница 388

Srpski....Strana 404

Slovenščina ....Stran 420

Hrvatski....Stranica 436

Eesti Lehekülg 451

mk За дополнителни информации за производот, посетете го онлајн упатството за работа.

sr Za dodatne informacije o proizvodu pogledajte online uputstvo za upotrebu.

(19) Резбови отвор 1/4" за статив

(20) Приемаща леща

Безбедносни напомени

BOSCH GLM 10025 C Professional - Безбедносни напомени - 1

Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.

▶ Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
▶ Мерниот уред се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна).
Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.

BOSCH GLM 10025 C Professional - Безбедносни напомени - 2

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреći или да ги оштетите очите.

Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
▶ Не правете промени на ласерскиот уред.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV- заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
▶ Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
▶ Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица.
▶ Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.

BOSCH GLM 10025 C Professional - Безбедносни напомени - 3

Заштитете го мерниот уред од топлина, на пр. исто така од постојана изложеност на сончеви зраци, орган, вода или влажност. Постои опасност од експлозија.

▶ Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс. Треба да се внимава на локалните оперативни ограничувања, на пр. во авиони или болници.

Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите (логоата) се регистрирани марки и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со зборови/ слики се врши со лиценца преку Robert Bosch Power Tools GmbH.

▶ Внимание! При користењето на мерниот уред со Bluetooth® може да настанат пречки на другите уреди и системи, авиони и медицински апарати (на пр. пејсмејкер, апаратчиња за слушање). Исто така не може целосно да се исклучи можноста за повреда на луге и животни во непосредна околина. Не

го користете мерниот уред со Bluetooth® во близина на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски уреди, области со опасност од експлозија и во близина на мински полиња. Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во авиони. Избегнувајте долготрајна употреба во директна близина на телото.

▶ Не го користете мерниот уред со вметнат USB-кабел.
▶ Не го користете мерниот уред како надворешна USB-меморија.
He фотографирајте луге или животни со мерниот уред, бидејки притоа може ласерскиот зрак да остане постојано включен. При включен ласерски зрак можете да ги заслепите лицата, да предизвикате несреći или да ги оштетите очите.
▶ Не го користете мерниот уред, доколку има оштетувања на стаклото на екранот (на пр. пукнатини на површината итн.). Постои опасност од повреда.

BOSCH GLM 10025 C Professional - Безбедносни напомени - 4

Не ги принесувајте мерниот уред и магнетната опрема во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Преку магнетите на мерниот уред и опремата се произведува поле, коешто може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди.

▶ Држете ги мерниот уред и магнетната опрема подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетите од мерниот уред и опремата може да дојде до неповратни загуби на податоците.

Безбедносни напомени за мрежен напојувач

▶ Овој адаптер не е предвиден за употреба од деца и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или со недоволно искусство и знаење. Овој адаптер може да го користат деца над 8 години како и лица со ограничени физички, сензорни и ментални способности или со недоволно искусство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со адаптерот и ги разбираат опасностите кои може да произлезат од тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.

BOSCH GLM 10025 C Professional - Безбедносни напомени за мрежен напојувач - 1

*Адаптерот држете го подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во адаптерот го зголемува ризикот од електричен удар.

▶ Одржувајте ја чистотата на адаптерот. Доколку се извалка, постои опасност од електричен удар.

▶ Пред секое користење, проверете го адаптерот. Не го користете адаптерот, доколку забележите оштетувања. Не го отворајте сами адаптерот и оставете го на поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе го поправи само со

оригинални резервни делови. Оштетени адаптери го зголемуваат ризикот од електричен удар.

Опис на производот и перформансите

Отворете ја преклопената страница со приказ на мерниот уред и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба.

Наменета употреба

Мерниот уред е наменет за мерење на далечини, должини, висини, растојанија, косини и за пресметување на површини и волумени.

Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор.

Мерните резултати може да се пренесат преку Bluetooth® на други уреди.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на сликите.

(1) Екран
(2) Мерно копче
(3) Меко копче десно
(4) + Копче плус
(5) Копче за зумирање
(6) Прифат за лента за носење
(7) Копче за отпуштање на чивија-граничник
(8) Чивија-граничник
(9) ① Копче за вклучување-исклучување
(10) Копче за приказ на цели (GLM 100-25 C)
(11) Копче за камера (GLM 150-27 C)
(12) Копче минус
(13) Меко копче лево
(14) Func Функциско копче

392 | Македонски

(15) Натпис за предупредување на ласерот
(16) Сериски број
(17) Капак на преградата за батерии (GLM 100-25 C)

(18) USB-отвор (GLM 150-27 C)

(19) 1/4"-навој на стативот

(20) Приемна лека

(21) Излез на ласерскиот зрак

(22) Камера

(23) Лента за носење ^A)

(24) Заштитна чанта

(25) Поклопец со навој (GLM 100-25 C)

(26) Батерии (GLM 100-25 C)

(27) USB-кабел (GLM 150-27 C)

A) Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандартниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Елементи за приказ

(a) Редови со резултат
(b) Приказ на цели (мрежен фокус)
(c) Приказ на агол на закосување
(d) датум/Време
(e) Референтно ниво на мерењето
(f) Статус Bluetooth®

* Bluetooth® активиран, воспоставена е врска

(g) Приказ на состојбата на наполнетост

(h) Редови со измерената вредност

(i) Основни поставки

(j) Приказ за мерна функција

(k) Внатреш.меморија

(I) Назад
(m) Интегрирана помошна функција
(n) Почетен екран
(o) Мени за дополнителни основни поставки
(p) Мени Основни поставки
(q) Мени за мерни функции

Технички податоци

Дигитален ласерски мерен уред на далечинаGLM 100-25 C GLM 150-27 C
Број на дел3 601 K72 Y.. 3 601 K72 Z..
Мерно полеA)0,08–100 m0,08–150 m
Мерно поле (неповолни услови)B)0,08–60 m0,08–60 m
Мерна точностA)±1,5 mm±1,5 mm
Мерна точност (неповолни услови)B)±3,0 mm±3,0 mm
Најмала единица на приказ 0,5 mm0,5 mm
Општо
Оперативна температураC)-10 °C ... +45 °C-10 °C ... +45 °C
Дозволени граници на температура за полнење+5 °C ... +40 °C
Температура при складирање –20 °C ... +70 °C –20 °C ... +70 °C
Макс. релативна влажност на воздухот.90 %90 %
Макс. оперативна висина преку референтната висина2000 m2000 m
Степен на извалканост според IEC 61010-12D)2D)
Класа на ласер 2 2
Тип на ласер 650 nm, < 1 mW 650 nm, < 1 mW
Отстапување на ласерскиот зрак < 1,5 mrad (целосен агол)< 1,5 mrad (целосен агол)

394 | Македонски

Дигитален ласерски мерен уред на далечинаGLM 100-25 C GLM 150-27 C
Автоматика за ислучување по прибл.
– Ласер 20 s 20 s
– Мерен уред (без мерење) 5 min 5 min
Батерии 3 × 1,5 V LR6 (AA)
Батерија Литиум-јонска
Номинален напон3,6 V ---
Капацитет 3120 mAh
Број на батериски келии 1
препорачан Micro-USB-кабел2 609 120 670
Приклучок за напојување
Време на полнење ^E) околу 5,5 h
Излезен напон5,0 V ---
Излезна струја 1000 mA
Препорачан приклучок за напојување ^F) 2 609 120 713 (EU)2 609 120 718 (UK)1 600 A01 3A0 (ARG)1 600 A01 3A1 (MEX)1 600 A01 3A2 (BRL)
Пренос на податоци
Bluetooth® Bluetooth® 4.2Low Energy ^G) Bluetooth® 4.2Low Energy ^G)
Опсег на оперативна фреквенција2402-2480 MHz2402-2480 MHz

Дигитален ласерски мерен ured на далечина

GLM 100-25 C GLM 150-27 C

Макс. јачина на испраќање 8 mW 8 mW

A) При мерење од предниот раб на мерниот уред, за висока рефлексија на целта (на пр. бел варосан сид) важи слаба осветленост на позадината и оперативна температура од 25 °C; дополнительно се пресметува отстапување зависно од растојанието од ±0,05 mm/m.
В) При мерење од предниот раб на мерниот уред, за висока рефлексија на целта (на пр. бел варосан сид) важи силна осветленост на позадината и оперативна температура од 25 °C и големи висини. Дополнително, може да се пресмета отстапување од ±0,15 mm/m во зависност од растојанието.
С) Во функцијата Континуирано мерење, макс. оперативна температура изнесува +40 °C.
D) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.
E) При 25 °C оперативна температура. Време на полнење со 1 А-USB-полнач. Брзо полнење при исключен мерен уред.
F) Дополнителни технички податоци може да најдете на: https://www.bosch-professional.com/ecodesign
G) Kaj Bluetooth® уредите со ниска енергија, во зависност од моделот и оперативниот систем не е возможно воспоставување на врската. Bluetooth® уредите мора да го поддржуваат GATT-proфилот.
За јасна идентификација на Вашиот мерен уред служи серискиот број (16) на спецификационата плочка.

Вметнување/менување на батеријата

GLM 100-25 C

i Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
i Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.

Доколку не сте го користеле мерниот уред подолго време, извадете ги батериите од него. Доколку се подолго време складирани, батериите може да кородираат и да се испразнат.

▶ За полнење, користете USB мрежен напојувач, чии технички податоци (напон и струја за полнење) одговараат на препорачаните мрежни напојувачи. Притоа внимавајте на упатството за користење на USB-мрежниот напојувач. Препорачан мрежен напојувач: види технички податоци.
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот напојувач. Мрежните напојувачи означени со 230 волти исто така може да се користат и на 220 волти.

i Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети поради интернационалните прописи за транспорт. За да се обезбеди целосна моćност на батеријата, целосно наполнете ја батеријата пред првата употреба.

BOSCH GLM 10025 C Professional - GLM 100-25 C - 1

За дополнителни информации посетете го онлајн упатството за користење: www.bosch-pt.com/manuals

Употреба

Ставање во употреба

▶ Не го оставајте включениот мерен уред без надзор и исключете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
▶ Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
He го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
▶ Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да продолжите со работа, секогаш извршувајте проверка на точноста (види „Проверка на точноста“, Страница 402).

Вклучување/исклучување

» Притиснете го копчето на да го включите мерниот уред и ласерот.
Мерниот уред може да го включите и без ласерот така што їе го притиснете копчето Ⓞ
» Држете го копчето притиснато за да го исключите мерниот уред.
Вредностите и поставките на уредот остануваат зачувани во меморијата.

Камера

Притиснете го копчето 🚫 за да ја включите или исключите камерата.

По исклучување на мерниот уред, избраната состојба останува зачувана.

За поголеми растојанија (околу > 5 m), дополнительно се прикажува ознака за цел за означување на мерната точка.

BOSCH GLM 10025 C Professional - Камера - 1

За дополнителни информации посетете го онлајн упатството за користење: www.bosch-pt.com/manuals

Процес на мерење

По вклучувањето, мерниот уред се наога во функција на должинско мерење.

Како референтно ниво за мерење, по включувањето, е избран задниот раб на мерниот уред. Може да го промените референтното ниво. (види „Бирање на референтно ниво“, Страница 398)

» Поставете го мерниот уред на саканата стартна точка на мерење (на пр. сид).

» Притиснете го копчето за да го започнете мерењето.

По процесот на мерење ласерскиот зрак їе се исклучи. За друго мерење повторете ја оваа постапка.

Измерените вредности и крајните резултати може да се собираат или одземаат.

Кога постојаниот ласерски зрак е включен и во функцијата на континуирано мерење, мерењето започнува веднаш по првото притискање на копчето

Вклучениот постојан ласерски зрак по мерењето не се исклучува Постојан ласерски зрак.

BOSCH GLM 10025 C Professional - Процес на мерење - 1

За дополнителни информации посетете го онлајн упатството за користење: www.bosch-pt.com/manuals

398 | Македонски

i Merniot yred за време на мерењето не смее да се поместува. Доколку е возможно, поставете го мерниот yred на цврста гранична или потпорна површина.

i Приемната лека (20), излезот на ласерскиот зрак (21) и камерата (22) не смеат да бидат покриени за време на мерењето.

Бирање на референтно ниво

За мерењето може да изберете три различни референтни нивоа:

BOSCH GLM 10025 C Professional - Бирање на референтно ниво - 1

заден раб на мерниот уред (на пр. при поставување на сидови)

BOSCH GLM 10025 C Professional - Бирање на референтно ниво - 2

врвот на преклопената гранична плоча за 180° (на пр. за мерења од агли)

BOSCH GLM 10025 C Professional - Бирање на референтно ниво - 3

преден раб на мерниот уред (на пр. при мерење, почнувајки од еден раб на маса)

BOSCH GLM 10025 C Professional - Бирање на референтно ниво - 4

средина на навојот на стативот (19) (на пр. при мерење со статив)

BOSCH GLM 10025 C Professional - Бирање на референтно ниво - 5

За дополнителни информации посетете го онлајн упатството за користење: www.bosch-pt.com/manuals

Мени Основни поставки

Во менито Основни поставки може да ги најдете следниве основни поставки:

  • Bluetooth® включување/исклучување
    – Избирање на референтно ниво(види „Бирање на референтно ниво“, Страница 398)
  • Функција на тајмер
    – Вклучување/исклучување на постојан ласерски зрак
  • Калибрирање на мерењето косини (види „Проверка на точноста“, Страница 402)
  • Калибрирање на приказот на цели
  • Бришење на меморија (GLM 150-27 C)

  • Подесување на јазикот

  • Поставување на датум & час
  • Менување на мерната единица
  • Манување на аголната единица
  • Активирање на PRO360
  • Повикување на информации за уредот
  • Вклучување/исклучување на сигнални тонови
  • Прставување на време на исклучување
  • Поставување на време на затемнување
  • Поставување на осветленост на екранот
  • Вклучување/исклучување на автоматската ротација на екранот

» Кратко притиснете го копчето ■ и држете го притиснато копчето загда-го
отворите менито Основни поставки
» Изберете ја саканата поставката со копчето ▶или копчето .
» За да потврдите избор, притиснете го копчето Func
» За да го напуштите менито Основни поставки **питиснете го копчето или

копчето

BOSCH GLM 10025 C Professional - Мени Основни поставки - 1

За дополнителни информации посетете го онлајн упатството за користење:

www.bosch-pt.com/manuals

Мерни функции

Избирање/менување мерни функции

Во функциското мени їе ги најдете следниве функции:

  • Мерење должини
  • Мерење на површини
  • Мерење на волумен
  • индиректно мерење на растојанија

- индиректно мерење на висини

400 | Македонски

  • двојно индиректно мерење на висини
  • индиректно мерење на должини
  • Трапезоидно мерење

- Функција на трасирање

- Мерење косини/дигитална либела

- Континуирано мерење

» Изберете ја саканата мерна функција со копчето їли со копчето .

» За да го потврдите изворот, притиснете го копчето фили копчето .

BOSCH GLM 10025 C Professional - | Македонски - 1

За дополнителни информации посетете го онлајн упатството за користење: www.bosch-pt.com/manuals

Интегрирана помошна функција ?

BOSCH GLM 10025 C Professional - Интегрирана помошна функција ? - 1

flowchart
graph TD
    A["①"] --> B["②"]
    B --> C["③"]
    C --> D["?"]
    D --> E["?"]
    E --> F["?"]
    F --> G["?"]
    G --> H["?"]
    H --> I["✓"]

Помошната функција интегрирана во мерниот уред содржи детални анимации за поединечните мерни функции/мерни процеси.

» Отворете го менито функции.
» Изберете ја саканата функција со

копчето или со копчето и

Анимацијата го прикажува деталниот процес за избраната мерна функција.

» Притиснете го копчето да ја

паузирате анимацијата или да ја продолжите анимацијата.

» Притиснете го копчето или , за на го прикажете наредниот одн. претходниот чекор.

Bluetooth®-интерфејс

Активирање на Bluetooth®-интерфејс за пренос на податоци на мобилен уред

BOSCH GLM 10025 C Professional - Активирање на Bluetooth®-интерфејс за пренос на податоци на мобилен уред - 1

text_image 05.05.2017 7:26:12 30° 8.179 m 9.273 m 13.919 m 18.558 m 23.198m (f)

√ Проверете дали Bluetooth® интерфејсот е активиран на Вашиот мобилен уред.
» Кратко притиснете го копчето ■ и држете го притиснато копчето гвада го отворите менито
» Изберете * » Притиснете го копчето или копчето , за да
изберете ✝
» За да го потврдите изворот, притиснете го копчето Func

Основни поставки

BOSCH GLM 10025 C Professional - Основни поставки - 1

Се прикажува Bluetooth®-ознака во бело на екранот (f).

Деактивирање на Bluetooth®-интерфејс

» Кратко притиснете го копчето ■ и држете го притиснато копчето задаєго отворите менито Основни поставки
» Изберете *
» Притиснете го копчето или копчето , за на изберете .
» За да го потврдите изворот, притиснете го копчето Func
Се прикажува Bluetooth® -ознака во сиво на екранот.

USB-интерфејс

GLM 150-27 C: Пренос на податоци преку USB-интерфејс

Преку микро-USB-приклучок на мерниот уред може да се изврши пренос на податоци до одредени уреди со USB-интерфејс (на пр. компјутер, лаптоп).

Поврзете го мерниот уред преку микро-USB-кабел со Вашиот компјутер или лаптоп. Оперативниот систем на Вашиот компјутер или лаптоп автоматски го препознава мерниот уред како диск.

402 | Македонски

BOSCH GLM 10025 C Professional - | Македонски - 1

Штом мерниот уред се поврзе со компјутер или преносен компјутер преку Micro-USB-кабел, литиум-јонската батерија се полни. Времето на полнење а во зависност од струјата за полнење.

Проверка на точности

Редовно проверувајте ја точноста на мерењето на косини и мерење на растојанија.

BOSCH GLM 10025 C Professional - Проверка на точности - 1

За дополнителни информации посетете го онлајн упатството за користење: www.bosch-pt.com/manuals

Порака за грешка

BOSCH GLM 10025 C Professional - Порака за грешка - 1

Мерниот уред ја контролира точната функција при секое мерење. Доколку се утврди дефект, на екранот стои само ознаката покрај него и мерниот уред се исклучува. Во ваков случај предадете го Вашиот мерен уред преку Вашиот трговец на сервисната служба на Bosch.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во испорачаната заштитна чанта.

Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.

Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.

Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.

Внимателно исчистете ја приемната лека (20), излезниот отвор на ласерот (21) и камерата (22): Осигурајте се дека нема нечистотии на приемната лека, на излезниот отвор на ласерот и на камерата. Чистете ја приемната лека, излезниот отвор на ласерот и камерата само со средства коишто се наменети и за леки на фотоапарати. Не се обидувајте да ја извадите нечистотијата од приемната лека, излезниот отвор на ласерот или камерата со остри предмети и не ги бришете преку нив (опасност од гребнатини).

Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во заштитната чанта (24).

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и

информации за резервните делови исто така їе најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали.

Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Отстранување

BOSCH GLM 10025 C Professional - Отстранување - 1

Мерните уреди, полначите, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

404 | Srpski

BOSCH GLM 10025 C Professional - | Srpski - 1

Не ги фрлајте пиштолите за лепење, мерните уреди, полначите и батериите во домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Според европейската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, мерните уреди и полначите што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 403).

▶ При отстранување, вградените батерии смеат да се извадат само од страна на стручен персонал. Со отворање на обвивката на кујиштето, мерниот уред може да се уништи.

За да ја извадите батеријата од мерниот уред, притискајте на него додека целосно не се испразни батеријата. Одвртете ги завртките на куќиштето и извадете ја обвивката на куќиштето, за да ги извадите батериите. За да избегнете краток спој, извадете ги поединечно еден по друг приклучоците на батеријата и на крај изолирајте ги половите. Дури и при целосното празнење во батеријата има преостанат капацитет, којшто може да се ослободи во случај на краток спој.

Srpski

mk Co ova, Robert Bosch Power Tools GmbH потврдува дека типот на радио опрема GLM 100-25 C/GLM 150-27 C е во согласност со Директивата 2014/53/EU. Целосниот текст на Изјавата за сообразност на ЕУ може да го прочитате на следнава интернет страница:

sr Ovim Robert Bosch Power Tools GmbH izjavljuje da je radio-oprema tipa GLM 100-25 C/GLM 150-27 C u skladu sa direktivom 2014/53/EU. Kompletan tekst EC izjave o usaglašenosti je dostupan na sledećoj veb-adresi:

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GLM 10025 C Professional

Категорија : Ласерски покажувач