AdvancedTemp - термометар BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AdvancedTemp BOSCH во PDF формат.
Frequently Asked Questions - AdvancedTemp BOSCH
Прашања на корисниците за AdvancedTemp BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот термометар во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AdvancedTemp - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AdvancedTemp на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AdvancedTemp BOSCH
Македонски....Страница 367
Srpski ...... Strana 384
Slovenščina .... Stran 401
лампичка (15) не свети.
Безбедносни напомени

Сите упатства треба да се прочитают и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги
оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО ЧУВАЛТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.
▶ Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
▶ Мерниот уред се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна).
Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреći или да ги оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
▶ Не правете промени на ласерскиот уред.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраćajot. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
▶ Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин će бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
▶ Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица.
▶ Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
▶ Поради технички услови, мерниот уред не може да гарантира стопроцентна сигурност. Влијанијата на околината (на пр. прашина или пареа во мерното подраче), температурни разлики (на пр. поради греалки), како и особините и Costaјбата на мерните површини (на пр. високо рефлективни или транспарентни материјали) може да ги нарушат мерните резултати.
Опис на производот и перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за бесконтактно мерење на површинска температура, амбиентална температура и релативна влажност на воздухот. Тој ја пресметува температурата на точката на росење и укажува на топлинските мостови и опасноста од појава на мувла. Со мерниот уред не може да се детектираат спори на мувла.
Мерниот уред не смее да се користи за мерење на температурата на лугето или животните или за други медицински цели.
Мерниот уред не е погоден за мерење на температури на гасови. или течности.
Мерниот уред не е наменет за комерцијална употреба.
Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен простор.
Овој производ е потрошувач-ласерски уред според EN 50689.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница.
(1) Копче за мерење
(2) Излезен отвор за ласерскиот зрак
(3) Приемна лека за инфрацрвено зрачење
(4) Сензор за влажност на воздухот и температура
(5) Налепница степен на емисија
(6) Натпис за предупредување на ласерот
(7) Сериски број
(8) Прицврстувач, врвки за држење
(9) Капак на преградата за батерии
(10) Фиксирање на капакот од преградата за батерии
(11) Копче за назад/копче за бришење
(12) Копчето за вклучување/исклучување/копче за режим
(13) Копче за степен на емисија
(14) Екран
(15) Сигнални светла
(16) Заштитна чанта
Елементи за приказ
(a) Приказ за режим на предупредување за мувла
370 | Македонски
(b) Приказ за режим на топлински мостови
(c) Приказ на режим на референтна температура
(d) Приказ за режим на температура на површини
(e) Степен на емисија
(f) Мерна единица на мерење на температурата
(g) Приказ на батерии
(h) актуелна мерна вредност на температура на површината
(i) претходна мерна вредност на температура на површината
(j) Референтна вредност на температурата на површината
(k) Вредност на разликата на температурата на површината
(I) Ознака за вредност на разликата
(m) Ознака референтна вредност
(n) Приказ на резултат од тестот
(o) Ознака на температура на површината
(p) Ознака на температура на точката на росење
(q) Температура на точката на росење
(r) Ознака на околна температура
(s) Мерна вредност на околна температура
(t) Ознака на релативна влажност на воздухот
(u) Мерна вредност на релативна влажност на воздухот
Технички податоци
| Термодетектор AdvancedTemp | |
| Број на дел | 3 603 F83 2.. |
| Мерно поле | |
| – Температура на површината –30 ... +500 °C | |
| – Околна температура –5 ... +50 °C | |
| – Релативна влажност на воздухот 10 ... 90 % | |
| Мерна точност | |
| Температура на површината ^A)B) | |
| – –30 ... –10 °C ±(1,5 + 0,1 × |t|) °C | c) |
1 609 92A 85E | (19.10.2022) Bosch Power Tools
Термодетектор AdvancedTemp
| - -10 ... 0°C ±2,5°C | |
| - 0 ... 100°C ±1,5°C | |
| - 100 ... 500°C ±0,015 × t°C | |
| Околна температура ±1 °C | |
| Релативна влажност на воздухотB) | |
| - < 20% ±3% | |
| - 20 ... 60% ±2% | |
| - 60 ... 90% ±3% | |
| Изглед (сооднос на мерното растојание : мерна точка)D)E) | 12:1 |
| Оперативна температура -5°C ... +50°C | |
| Температура при складирање -20°C ... +70°C | |
| Макс. оперативна висина преку референтната висина | 2000 m |
| Макс. релативна влажност на воздухот. 90% | |
| Степен на извалканост според IEC 61010-1 2 | F) |
| Класа на ласер 2 | |
| Тип на ласер (типично) 650 nm, < 1 mW | |
| Отстапување од ласерска точка ≤ 1,5 mrad | |
| Батерии 2 × 1,5 V LR6 (AA) | |
| Времетраење на работа околу. 8 h | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | 0,28 kg |
372 | Македонски
Термодетектор AdvancedTemp
A) при 0,75–1,25 m мерно растојание до површината
В) при околна температура од 21-25 °C
C) при 0,1–0,3 m мерно растојание до површината
D) Податоци во согласност со VDI/VDE 3511 лист 4.3 (датум на објава јули 2005); важи за 90 % од мерниот сигнал.
Во сите подрачја, надвор од прикажаните големини во Технички податоци, може да дојде до отстапувања на мерните резултати.
E) се однесува на инфрацрвено мерење, погледнете го графичкиот приказ:

text_image
0,18 m 1 m 1,5 cm 8,3 cmF) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.
За јасна идентификација на Вашиот мерен уред служи серискиот број (7) на спецификационата плочка.
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.
За отворање на поклопецот на преградата за батерии (9) притиснете на блокадата (10) и отворете го поклопецот на преградата за батерии. Ставете ги батериите. Притоа внимавајте на половите во согласност со приказот на внатрешната страна на поклопецот од преградата за батерии.
Приказот за батерии (g) ја прикажува наполнетоста на батеријата:
Приказ Капацитет
| 76%...100% | |
| 51%...75% |
1 609 92A 85E | (19.10.2022) Bosch Power Tools
Приказ Капацитет
| 26% ... 50% | |
| 15 min ... < 25% | |
| максимум 15 min |
Доколку приказот за статусот на батерии (g) трепка со ознака за празни батерии мора да ги смените батериите.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
▶ Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите.
При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
▶ Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
▶ Внимавајте на правилната аклиматизација на мерниот уред. При големи температурни осцилации времето на аклиматизација може да изнесува до 30 min, во екстремни ситуации до 90 min. Ова може на пример да се случа и ако го чувате мерниот уред во ладен автомобил и потоа спроведувате мерење во топла зграда.
▶ Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силните надворешни влијанија и при девијации во функционалноста, мерниот уред треба да се провери во овластена сервисна служба на Bosch.
▶ Не ги затворајте или покривајте сензорот за влажност на воздухот и температура (4), приемната лека (3) и излезниот отвор на ласерот (2).
Вклучување/исклучување
Мерниот уред може да го включите со Копче за вклучување/исклучување/копче за режим (12) или со Копче за мерење (1). По кратка секвенца на стартување, мерниот уред е секогаш подготовен за употреба во режим на температура на
374 | Македонски
површината и со зачуван степен на емисија од последното ислучување. Сё уште не е започнато мерење, ласерот е ислучен. По активирање на Копчето за мерење (1) мерниот уред го започнува мерењето.
▶ Не го оставајте включениот мерен уред без надзор и исключете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
▶ Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете го копчето за вклучување/исклучување/копчето за режим (12) околу 2 s.
Ако околу 5 mін, не се притисне ниедно копче на мерниот уред, мерниот уред се ислучува автоматски заради заштита на батериите.
Подготовка за мерење
Менување на мерната единица за мерење на температурата
За да менувате помеѓу мерните единици Целзиусови и Фаренхајти, притиснете го копчето степен на емисија (13) околу 3 s.
Актуелната поставка се појавува на екранот за мерна единица за мерење на температурата (f).
Степенот на емисија при мерење на температурата на површини
За одредување на температурата на површината, Ѽе се измери бесконтактно природното инфрацрвено топлинско зрачење, коешто го испраќа целниот објект. За точни мерења, мора поставениот степен на емисија на мерниот уред да се провери пред секое мерење и доколку е потребно за се прилагоди на мерниот објект.
За менување на степенот на емисија кратко притискајте го копчето за степен на емисија (13) додека на приказот Степен на емисија (e) не се избере соодветниот степен на емисија за следното мерење. Потврдете го изборот со копчето за мерење (1) или со копчето за вклучување/исклучување/копче за режим (12).

– Висок степен на емисија (≈ 0.95): бетон (сув), цигла (црвена, груба), песочен камен (груб), мермер, пластика (PE, PP, PVC), гума, анодизиран алуминиум (мат), плочки, боја за грејно тело, дрво, малтер, покривна облога, тапет, леплива лента, лак боја, штук
– Среден степен на емисија (≈ 0.85): гранит, емајл, леано железо, шамот, камен за поплочување, текстил, линолеум, хартија, лесонит
– Низок степен на емисија (≈ 0.75): Плута, порцелан (бел), кожа, природен камен
– i: Дополнителни информации
Скенирајте го QR-кодот за да добиете дополнителни
информации.
▶ Точни мерења на температурата се можни доколку степенот на емисија и степенот на емисија на објектот се совпаѓаат. Објектите може да бидат прикажани при превисока или прениска температура, што може да доведе до опасност при контакти.
Мерна површина при мерења на температурата на површини
Ласерскиот круг генериран од мерниот уред ја покажува мерната површина, чие инфрацировено зрачење се одредува при бесонтактно мерење на температурата на површината.
Средната ласерска точка го означува центарот на мерната површина. За оптимален резултат од мерењето, порамнете го мерниот уред така што ласерскиот зрак ја погодува мерната површина вертикално во оваа точка.
▶ Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
Големината на ласерскиот круг и со тоа големината на мерната површина се зголемуваат со растојанието помеѓу мерниот уред и мерниот објект. Оптималното мерно растојание изнесува 0,75 m до 1,25 m.
▶ Не го оставајте мерниот уред директно на жешки површини. Топлината може да го оштети мерниот уред.
Прикажаниот резултат на мерење е средната вредност на измерените температури во рамките на мерната површина.
Напомени за мерните услови
Високо рефлектирачки, сјајни или транспарентни површини (на пр. сјајни плочки, предници од не'ргосувачки челик или садови за готвење) може да го попречат мерењето на температурата на површините. По потреба, облепете ја мерната
376 | Македонски
површина со темна, мат леплива лента, којашто е добар спроводник на топлина. Оставете ја лентата кратко да се темперира на површината.
Во принцип, мерењето на транспарентни материјали не е можно.
Поради тоа мерните результати ке бидат попрецизни и посигурни доколку се подобри и постабилни мерните услови.
Сензорот за влажност на воздухот и за околната температура (4) може да се оштетат поради хемиски штетни материи како на пр., испарувања на лакови и бои.
Инфрацрвеното мерење на температурата се попречува поради чад, пареа или правлив воздух.
Затоа пред мерењето проветрете ја просторијата, особено ако воздухот е загаден или има пареа. На пр. не мерете во бањата веднаш по туширање.
По проветрувањето оставете ја просторијата да се истемперира, додека не се постигне вообичаената температура.
Околната температура и релативната влажност на воздухот се мерат директно на мерниот уред со сензорот за влажност на воздухот и сензорот за околна температура (4). За да добиете уверливи резултати, не го држете мерниот уред директно над или покрај извори на пречки како греење или отворени течности. Во никој случај не го покривајте сензорот (4).
Мерни функции
Единично мерење
Со еднократно притискање на копчето Мерење (1) го включувате ласерот и го активирате единичното мерење во избраниот режим. Процесот на мерење може да трае од 1 до 2 s. Резултатот од мерењето е прикажан во делот на екранот со бела позадина.
По завршување на мерењето, ласerot автоматски се исклучува.
Последните резултати од мерењето се прикажуваат на екранот.
Континуирано мерење
За континуирани мерења во избраниот режим, држете притиснато на копчето за мерење (1). Ласерот останува включен. Насочете го ласерскиот круг во бавно движење на сите површини чија температура сакате да ја измерите. За мерење на влагата и околната температура, поместете го мерниот уред полека низ просторијата.
Приказот на екранот и сигналното светло (15) се ажурираат постојано. Штом će го пуштите копчето за мерење (1) мерењето će се прекине и ласерот će се исклучи.
Последните резултати од мерењето се прикажуваат на екранот. Сигналното светло останува непроменето на последниот приказ.
Избор на режим

За да го повикате режимот на менито, притиснете го копчето за вклучување/исклучување/копчето за режим (12). Со копчето за вклучување/исклучување/копчето за режим (12) изберете го саканиот режим. Потврдете го вашиот избор со копчето за мерење (1) или со копчето степен на емисија (13). Притиснете го копчето за назад/копчето за бришење (11), за да се вратите на претходниот режим.
Во режимот на температура на површини се мери температурата на површината на мерниот објект. Притиснете го копчето за мерење (1) и насочете го ласерскиот круг вертикално на средината на мерниот објект. Измерената температура на површината (h) се прикажува во делот на екранот со бела позадина. При следното мерење, на приказот се појавува претходно измерената вредност (i). Притиснете го копчето за назад/копчето за бришење (11), за да ја избришете мерната вредност (h) во делот на екранот со бела позадина. Сигналното светло (15) не свети во режимот на
температура на површината.
Во овој режим може, на пр., да ја измерите температурата на грејните тела, подното гreeње или внатрешноста на фрижидерот.
Режим на референтна температура


Во режимот на референтна температура, се споредуваат 2 измерени температури на површината и се прикажува нивната разлика. На овој начин може да се измерат значителни температурни разлики на 2 различни места на една или повеće површини.
Притиснете го копчето за мерење (1), за да ја измерите референтната вредност (j). Сите последователни измерени вредности поставени во однос на референтната вредност (j). Температурната разлика (k) се прикажува на екранот веднаш по ново мерење. Со секое ново мерење, измерената вредност (h) се ажурира во делот на екранот со бела позадина и повторно се
пресметува разликата до референтната вредност.
Ако новата мерна вредност (h) е повеće од 1 °C пониска од референтната вредност (j), сигналното светло (15) свети во сина боја. Ако новата мерна вредност (h) е повеće од 1 °C повисока од референтната вредност (j), сигналното светло (15) свети во црвена боја. Ако вредноста на разликата (k) е во опсегот од ±1 °C, сигналното светло (15) не свети.
Во режимот на топлински мостови се мерат температурата на површината и на околината и се споредуваат едни со други. Доколку има големи разлики помеѓу двете температури, се издава предупредување за топлински мостови (види „Топлински мостови“, Страница 382).
Притиснете го копчето за мерење (1) и насочете го ласерскиот круг вертикално на средината на мерниот објект. По завршување на мерењето, се прикажува измерената температура на површината (h). Околната температура (s) автоматски се прикажува пред мерењето.
Мерниот уред автоматски ги споредува вредностите и го толкува резултатот на следниов начин:

зелено сигнално светло (15): мала разлика во температурата, нема топлински мостови.

жолто сигнално светло (15): температурна разлика во граничниот опсег, може да има топлински мостови во мерното поле; доколку е потребно, повторете го мерењето подоцна.

црвено сигнално светло (15): ознаката означува, дека температурата на површината во рамките на мерната површина значително отстапува од околната температура. Во мерното поле има топлински мост, што укажува на слаба изолација. Просторијата е премногу студена – ако се загрева нормално, ниската температура укажува на целокупната слаба изолација.
Во случај на топлински мостови, доколку е потребно, проверете ја топлинската изолација во оваа област, со помош на градежни експерти.
Во режимот на предупредување за мувла се мерат околната температура и релативната влажност на воздухот (види „Релативна влажност на воздухот“, Страница 382). Температурата на точката на росење се пресметува од двете вредности (види „Температура на точката на росење“, Страница 382). Се мери и температурата на површината.
Температурата на точката на росење се споредува со температурата на површината и резултатот се толкува во однос на ризикот од мувла.
Релативната влажност на воздухот (u), околната температура (s) и пресметаната температура на точката на росење (q) автоматски се одредуваат и прикажуваат.
Притиснете го копчето за мерење (1) и насочете го ласерскиот круг вертикално на средината на мерниот објект. Мерната вредност на температурата на површината (h) се прикажува во делот на екранот со бела позадина.
Мерниот уред автоматски ги споредува вредностите и го толкува резултатот на следниов начин:

зелено сигнално светло (15): моменталните услови не покажуваат опасност од создавање на мувла.

жолто сигнално светло (15): вредностите се наогаат на границите, внимавајте на собната температура, топлинските мостови, како и влажноста на воздухот и по потреба, повторете го мерењето подоцна.
380 | Македонски

црвено сигнално светло (15): постои зголемена опасност од создавање мувла, бидејки влажноста на воздухот е превисока или температурата на површината е близу до границата на температурата на точката на росење.
Ако постои ризик од мувла, во зависност од причината, треба да ја намалите влажноста на воздухот со почесто и темелно проветрување, зголемување на собната температурата или отстранување на топлински мостови. Доколку е потребно, контактирајте градежни експерти.
Напомена: со мерниот уред не може да се детектираат спори на мувла. Тој само покажува дека доколку условите останат исти, може да дојде до создавање на мувла.
Дефект – причини и помош
Измерени вредности надвор од мерниот опсег
Ако измерените вредности на мерниот објект во ласерскиот круг се надвор од мерниот опсег, се појавуваат приказите:

text_image
>500 °C 46% >50 °C500 °C – температурата на површината е превисока.

<-30 °C -- температурата на површината е прениска.
Кај околна температура: > 50 °C (превисока) или < -5 °C (прениска)
Вредностите на овој објект не може да се измерат. Насочете го ласерскиот круг кон друг објект и започнете ново мерење.
Внатрешна грешка

text_image
°C ERRORМерниот уред има внатрешна грешка и се исклучува по 5 s. За да го ресетирате софтверот, извадете ги батериите, почекајте неколку секунди и повторно ставете ги батериите.
Ако грешката продолжи да се појавува и после тоа, мерниот уред треба да биде проверен од страна на сервисната служба на Bosch.
Објаснување на поимите
Степен на емисија
Степенот на емисија на еден објект зависи од материјалот и структурата на неговата површина. Тој означува колкаво инфрацирвено топлинско зрачење оддава објектот во споредба со идеален топлински емитер (црни тела, степен на емисија є = 1) и изнесува вредност помеѓу 0 и 1.
382 | Македонски
Топлински мостови
Топлинскиот мост е означен како место на надворешниот сид на зграда, каде што поради конструкцијата доага до локално зголемена загуба на топлина.
Топлинските мостови може да доведат до зголемен ризик од мувла.
Релативна влажност на воздухот
Релативната влажност на воздухот наведува колку е заситен воздухот со водена пареа. Податокот е даден како процент од максималната количина на водена пареа којашто може да ја прифати воздухот. Максималната количина на водена пареа зависи од температурата: колку е повисока температурата, толку повеće водена пареа може да прифати воздухот.
Доколку релативната влажност на воздухот е превисока, се зголемува опасности од создавање мувла. Прениската влажност на воздухот може да доведе со здравствени потешкотии.
Температура на точката на росење
Температурата на точката на росење наведува на која температура започнува да кондензира водената пареа содржана во воздухот. Температурата на точката на росење зависи од релативната влажност на воздухот и температурата на воздухот.
Доколку температурата на една површина е пониска од температурата на точката на росење, тогаш водата почнува да кондензира на оваа површина.
Кондензираната вода на површините е главна причина за создавање на мувла.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Проверете го мерниот уред пред секоја употреба. При видливи оштетувања или олабавени делови во внатрешноста на мерниот уред, безбедното функционирање не е повеке загарантирано.
Одржувајте ја чистотата на мерниот уред, за да може добро и безбедно да работите.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со сува, мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.
При чистењето во мерниот алат не смее да навлезе течност.
Внимателно исчистете ги сензорот за влажност на воздух и за температура (4), приемната лека (3) и излезниот отвор на ласерот (2):
Осигурете се дека нема да останат влакна на приемната лека или на излезниот отвор на ласерот. Не обидувајте се да ја отстраните нечистотијата од сензорот или
приемната лека со остри предмети. Доколку е потребно, може внимателно да ја издувате нечистотијата со компримиран воздух без масло.
Не го чувајте мерниот уред во пластично кесе бидејки испарувањата може да го оштетат сензорот за влажност на воздухот и сензорот за температура (4). Не лепете налепници во близина на сензорот на мерниот уред.
Не го складирајте мерниот уред подолг период надвор од границите на влажност на воздухот од 30 до 50 %. Доколку мерниот уред се складира на превлажно или пресуво место, може да доведе до погрешни мерења.
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во испорачаната заштитна чанта.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во заштитната чанта.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба će одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така će најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Мерните уреди, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, мерните уреди што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.