PXY695DE3E - Тава BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PXY695DE3E BOSCH во PDF формат.

BOSCH PXY695DE3E - Тава
📄 146 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH PXY695DE3E - page 132
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производПлоча за готвење
МаркаBosch
МоделPXY695DE3E
Димензии (Ш x Д x В)90 x 52 x 5 cm
Тежина15 kg
Напојување230 V / 50 Hz
Број на грејни зони5
Тип на грејни зониИндукција
Вкупна моќност7,4 kW
КонтролаТактилен екран
Главни функцииТајмер, автоматско исклучување, одржување топло
БезбедностЗаклучување за деца, детекција на садови, безбедносно исклучување
ЧистењеВитрокерамичка површина, лесна за чистење
Индекс на поправливост8/10
Гаранција2 години

Често поставувани прашања - PXY695DE3E BOSCH

Која е вкупната моќност на плочата за готвење Bosch PXY695DE3E?
Вкупната моќност е 7,4 kW, распределена на 5 индукциски грејни зони.
Како да го активирате заклучувањето за деца?
Притиснете го копчето заклучување (симбол за катанец) 3 секунди додека не се запали светлината.
Дали алуминиумските тави се компатибилни?
Не, само тави со магнетно дно (челик, леано железо) работат на индукциска плоча.
Како да ја исчистите витрокерамичката површина?
Користете специјален чистач за витрокерамика и мека крпа. Избегнувајте абразивни сунѓери.
Што да направам ако некое светло трепка?
Проверете го прирачникот за да го идентификувате кодот за грешка. Вообичаено, трепкачко светло означува копче притиснато премногу долго или прегревање.
Дали има тајмер?
Да, секоја грејна зона може да се програмира со тајмер од 0 до 99 минути.
Дали плочата за готвење се исклучува автоматски?
Да, ако не се притисне ниту едно копче одредено време, плочата автоматски се исклучува од безбедносни причини.
Која е длабочината на вдлабување?
Длабочината на вдлабување е околу 5 cm, со отвор од 87 x 49 cm.
Може ли да користам индукциска плоча со адаптер?
Не, адаптерите не се препорачуваат. Користете само тави компатибилни со индукција.
Каде да најдам резервни делови?
Резервните делови се достапни кај овластените продавачи на Bosch или на официјалната веб-страница. Проверете го прирачникот за референци.

Прашања на корисниците за PXY695DE3E BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Тава во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PXY695DE3E - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PXY695DE3E на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PXY695DE3E BOSCH

Користење според намената..132

BOSCH PXY695DE3E - 1

Важни сигурносни напомени..133

BOSCH PXY695DE3E - 2

Заштита на животна средина .133

Отстранување согласно прописите за животна средина .....133

BOSCH PXY695DE3E - 3

Безжичен сензор за температура. 134

Подготовка и нега на безжичниот сензор за температура .....134 Чистење .....136 Изјава за сообразност .....136

Останати информации за производите, опремата, резервните делови и сервис ке најдете на интернет:

www.bosch-home.com

Online-продажба:

www.bosch-eshop.com

BOSCH PXY695DE3E - 4

Користење според намената

Внимателно да се прочита упатството. Упатствата за употреба и монтажа чувајте ги за подоцнежна употреба или за следниот сопственик.

Откако ќе го отпакувате, проверете го уредот. Уредот не смее да се користи, доколку при транспорт е оштетен. Информирајте ја службата за корисници и оштетувањата документирајте ги во писмена форма, во спротивно се губи правото за надомест на штета.

Овој уред е погоден само за домашна употреба и за во затворен простор. Уредот користете го само за подготовка на храна и пијалаци. Процесот на готвење морате да го надгледувате. Краткотраен процес на готвење мора да се надгледува непрекинато. Уредот да се користи само во затворени простории.

Овој уред може да го користат деца над 8 години и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или лица без искуство и знаење, доколку тоа го прават под надзор, или им биле дадени упатства како

безбедно да го користат уредот и ги разбираат опасностите поврзани со него.

Децата не смеат да си играат со уредот. Децата не смеат да го чистат и одржуваат уредот, освен оние, кои имаат над 8 години или се постари и се под надзор.

При користење на функциите за готвење мора поставената рингла да соодветствува со ринглата, на којашто се наоѓа садот со сензорот за температура.

BOSCH PXY695DE3E - Користење според намената - 1

Важни сигурносни

напомени

⚠️ Предупредување

Безжичниот сензор за температура е магнетен. Магнетните елементи може да ги оштетат електронските импланти, на пр. пејсмејкер или пумпи за инсулин. Луѓе кои носат електронски импланти не треба да го доведуваат сензорот за температура во џебовите на нивната облека и да држат минимум растојание од 10 см во однос на пејсмејкерот или сличен медицински уред.

⚠️ Предупредување Опасност од повреда!

Батеријата во безжичниот сензор за температура може да се оштети или пукне, ако стане премногу жешка. Извадете го сензорот по готвењето од плочата за готвење и не го ставајте во близина на извори на топлина. Сензорот за температура може да биде многу жежок при отстранувањето од садот за готвење. За вадењето користете кујнски ракавици или кујнска крпа.

BOSCH PXY695DE3E - ⚠️ Предупредување Опасност од повреда! - 1

Заштита на животна средина

Отстранување согласно прописите за животна средина

Амбалажата отстранете ја согласно прописите за животна средина.

BOSCH PXY695DE3E - Отстранување согласно прописите за животна средина - 1

Овој апарат е означен според европскиот пропис 2012/19/E3 за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment – WEEE). Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.

Безжичниот сензор за температура е опремен со батерија. Еколошки отстранете ја потрошената батерија.

BOSCH PXY695DE3E - Отстранување согласно прописите за животна средина - 2

Безжичен сензор за температура

За подетални информации, погледнете го поглавјето „Функции за асистенција при готвење“ во упатството за употреба на полето за готвење. Прочитајте го упатството.

Подготовка и нега на безжичниот сензор за температура

Во овој извадок се содржани следните информации:

■ Лепење на силиконската лепенка ■ Користење на безжичен сензор за температура ■ Промена на батеријата

Сензорот за температура и силиконската лепенка можете да ги купите во специјализираната продавница или преку нашата техничка сервисна служба. Наведувајте го соодветниот референтен број.

00577921Сет со 5 силиконски лепенки
HEZ39050Сензор за температура и сет со 5 силиконски лепенки

Лепење на силиконската лепенка

Силиконската лепенка го фиксира сензорот за температура на садот за готвење.

Ако садот за готвење се користи за прв пат со функциите за готвење, мора да се залепи силиконска лепенка.

Постапете на следниот начин:

  1. Местото за лепење на садот мора да е без маснотии. Исчистете го садот, добро исушете го и истријте го местото за лепење на пр. со шпиритус.
  2. Извадете ја заштитната фолија од силиконската лепенка. Со помош на испорачаните шаблони залепете ја силиконската лепенка на соодветната висина на садот.

BOSCH PXY695DE3E - Лепење на силиконската лепенка - 1

  1. Притиснете ја силиконската лепенка, исто така и внатрешната површина.

На лепакот му е потребен 1 час за соодветно сушење. Садот за готвење за тоа време да не се користи или чисти.

Напомени

Садот со силиконска лепенка да не се остави долг временски период во растворот за плакнење. Доколку силиконската лепенка се одлепи, мора да се користи нова.

Користење на безжичен сензор за температура

Поставете го сензорот за температура до силиконската лепенка, за перфектно да се вклопи.

BOSCH PXY695DE3E - Користење на безжичен сензор за температура - 1

Бидете сигурни дека силиконската лепенка е целосно сува, пред да се употреби сензорот за температура.

Поставете го садот за готвење на тој начин, што сензорот за температура покажува на страничната надворешна површина на плочата за готвење. Сензорот за температура не смее да биде насочен кон друг жежок сад за готвење, за да се избегне прегревање. По готвењето отстранете го сензорот за температура од садот. Чувајте го на чисто, безбедно место и не во близина на извори на топлина.

Промена на батеријата

Ако се притисне ознаката на безжичниот сензор за температура и LED-сијаличката не светне, тогаш батеријата се испразнила.

Промена на батеријата:

  1. Извадете го силиконскиот капак од долниот дел на куќиштето. Одвртете ги завртките со одвртувач.

BOSCH PXY695DE3E - Промена на батеријата - 1

  1. Извадете го горниот дел од куќиштето. Извадете ја старата батерија. Ставете ја новата батерија. Притоа внимавајте на поларитетот.

BOSCH PXY695DE3E - Промена на батеријата - 2

За отстранување на батеријата не користете предмети од метал. Не ги допирајте контактите.

BOSCH PXY695DE3E - Промена на батеријата - 3

  1. Повторно спојте ги горниот и долниот дел на куќиштето. Притоа внимавајте на точната ориентација на контактните игли.

BOSCH PXY695DE3E - Промена на батеријата - 4

  1. Ставете го силиконскиот капак повторно на долниот дел од куќиштето на сензорот за температура.

BOSCH PXY695DE3E - Промена на батеријата - 5

Напомена: Користете само квалитетни батерии од типот CR2032. Тие траат особено долго.

mk

Чистење

Исчистете го сензорот за температура со мека крпа. Никогаш не го чистете во машина за миење садови. Не го потопувајте во вода и не го чистете под млаз вода.

Извадете го сензорот за температура од садот за готвење по готвењето. Чувајте го на чисто, безбедно место, на пример во пакувањето и не во близина на извори на топлина.

Силиконски лепенки

Да се чисти и исуши пред да се постави на сензорот за температура. Погоден за машина за миење садови.

Напомена: Садот со силиконска лепенка да не се остави долг временски период во растворот за плакнење.

Прозорец на сензорот за температура

Прозорецот за сензор мора секогаш да е чист и сув. Постапете на следниот начин:

Редовно отстранувајте ги нечистотиите и капките од маснотии. ■ За чистење користете мека крпа или памучни стапчиња и средство за чистење стакло.

Напомени

■ Не користете абразивни средства за чистење како сунгери и жици за триење или млеко за чистење. ■ Не го допирајте прозорецот за сензорот со прсти. Тој може да се извалка или изгребе.

Изјава за сообразност

Со ова Robert Bosch Hausgeräte GmbH изјавува дека уредот со безжичен сензор за температура е во согласност со основните барања и другите релевантни одредби од Директивата 1999/5/EG.

Деталната R&TTE изјава за сообразност ќе ја најдете на интернет на www.bosch-home.com на страницата на производот за вашиот уред, под дополнителни документи.

Логото и марката Bluetooth® се регистрирани знаци и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое користење на овие марки се врши преку лиценца од Robert Bosch Hausgeräte GmbH. Сите други марки и имиња на марки се сопственост на соодветните компании.

Содржина

BOSCH PXY695DE3E - Содржина - 1

Главна намена 3

BOSCH PXY695DE3E - Содржина - 2

Важни безбедносни информации....3

BOSCH PXY695DE3E - Содржина - 3

Заштита на животната средина 3

Еколошка обработка 3

BOSCH PXY695DE3E - Содржина - 4

Безжичен сензор за готвење 4

Подготовка и одржување на безжичниот сензор за готвење 4

Чистење 5

Изјава за сообразност....5

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : PXY695DE3E

Категорија : Тава