GTC 400 C Professional - камера BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GTC 400 C Professional BOSCH во PDF формат.
| Вид на производ | Термичка камера |
| Марка | Bosch |
| Модел | GTC 400 C Professional |
| Резолуција на инфрацрвен сензор | 160 x 120 пиксели |
| Термичка чувствителност | < 50 mK |
| Опсег на мерење температура | -10 °C до +400 °C |
| Прецизност на мерење (типична) | ±3 °C (од -10 до +100 °C) ; ±3 % (>+100 °C) |
| Видно поле (FOV) | 53 x 43° |
| Екран | TFT боја 3.5", резолуција 320 x 240 |
| Внатрешна меморија | 500 слики (JPG формат) |
| Напојување | 4 AA (LR6) батерии или Li-Ion акумулатор 10,8/12 V |
| Траење | 2 ч (батерии) / 5 ч (акумулатор) |
| Поврзување | WiFi, Bluetooth 4.2, micro-USB 1.1 порт |
| Димензии (Д x Ш x В) | 233 x 95 x 63 mm |
| Тежина | 0,54 kg |
| Степен на заштита | IP 53 |
| Вградена визуелна камера | Да |
| Функции за мерење | Детекција на топли/ладни точки, преклопување на реална слика, палети на бои |
| Одржување | Чистете со сува крпа; не користете остри предмети на леќата |
| Безбедност | Не користете во експлозивна атмосфера; извадете го акумулаторот пред одржување |
| Сервис по продажба | Bosch; поправка од квалификуван персонал со оригинални делови |
Frequently Asked Questions - GTC 400 C Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GTC 400 C Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот камера во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GTC 400 C Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GTC 400 C Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GTC 400 C Professional BOSCH
Македонски ...... Страна 224
Srpski Strana 234
Slovensko.... Stran 243
Hrvatski....Stranica 252
Eesti Lehekülg 261
Паметта за снимки е повредена
Безбедносни напомени

Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив. Доколку мерниот алат не се употребува според постојните упатства, можно е да се нарушат интегрираните предупредувања за заштита на мерниот алат. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА.
▶ Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин ће бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
▶ Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
▶ Пред било каква интервенција на мерниот уред (напр. монтажа, одржување итн.) како и при негов транспорт и одржување извадете ги батериите од мерниот уред.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија.
▶ Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
▶ При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот.
Доколку полночат кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар.
▶ Користете батерии кои се соодветни на Вашиот мерен уред од Bosch. Само на тој начин батеријата їе се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира или да се прегрее.
▶ Батерискиот адаптер е наменет исклучиво за предвидените мерни уреди на Bosch и не смее да се користи со електрични апарати.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе време, извадете ги батериите. Доколку се подолго време складирани, батериите може да кородираат и да се испразнат.
Заштитете го мерниот уред од влага и снег, особено делот кај камерата и инфрацрвената лека.
Приемната лека може да се замагли и да ги измени резултатите од мерењето. Погрешните подесувања на уредот, како и влијателните фактори може да доведат до грешни мерења. Објектите може да се претстават како потопли или поладни, што може да доведе до опасност при допир.
▶ Високите температурните разлики во една топлотна слика може да доведат до тоа, само високите температури да се прикажат во една боја, која е поврзана со ниските температури. Контактот со таква површина може да доведе до изгореници!
▶ Прецизни температурни мерења се можни, доколку подесениот степен на емисија и степенот на емисија на објектот се совпајаат. Објектите може со температура и/или боја да се претстават како потопли или поладни, што може да доведе до опасност при допир.
▶ Внимание! При користењето на мерниот уред со Bluetooth® може да настанат пречки на другите уреди и системи, авиони и медицински апарати (на пр. пејсмејкер, апаратчиња за слушање). Исто така не може соседема да се исключат штетните влијанија наLuřeto и животните во непосредната околина. Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во близина на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски уреди, области со опасност од експлозија и во близина на мински полиња. Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во авиони. Избегнувајте долготрајна употреба во директна близина на телото.
▶ Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс. Треба да се внимава на локалните оперативни ограничувања, напр. во авиони или болници.
Опис на производот и мокноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на мерниот уред, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба.
Bluetooth ^® -ознаката со зборови, како и сликите (логоата) се регистрирани трговски марки и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со зборови/спики се врши со лиценца преку Robert Bosch Power Tools GmbH.








Македонски | 225
Употреба со соодветна намена
Оваа термовизиска камера е наменета за бесконтактно мерење на површински температури.
Прикажаната топлотна слика ја покажува распределбата на топлината на детектираниот дел на инфрацрвената лека и со тоа овозможува температурните разлики да се прикажат со различни бои.
На тој начин, при прописна употреба, површините и објектите може да се пребаруваат за температурни разлики одн. абNORMALности без да се допираат, за да се направат видливи компонентите и/или можните пропусти, меѓу кои:
- Топлотни изолации и изолирања (на пр. наогање на топлински мостови)
- Активни грејни водови и водови за топла вода (на пр. подно греење) во подови и сидови
- Прегреани електрични компоненти како на пр. осигурувачи или терминали
- Машински делови (на пр. прегревање поради дефектен кугличен лагер)
Мерниот уред не смее да се користи за мерење на температурата кај лица и животни или за други медицински цели.
Мерниот уред не е погоден за мерење на температури на гасови или на течности.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерните апарати на графичката страница.
1 Заштитно капаче за визуелна камера и инфрацрвен сензор
2 Сериски број
3 Капаче на микро-USB-приклучокот
4 Микро-USB-приклучок
5 Копче со стрелка на
8 Копче со стрелка десно
9 Копче за вклучување-исклучување
Технички податоци
| Термовизиска камера GTC 400 C | |
| Број на дел/артикл | 3 601 K83 1.. |
| Резолуција на инфрацрвениот сензор | 160 x 120 |
| Термичка чувствителност | <50mK |
| Спектрален опсег | 8-14μm |
| Видливо поле (FOV) | 53 x 43° |
| Оддалеченост на фокусот | ≥0,3M |
| Фокус | фиксен |
| Мерно поле површинска температура | -10...+400 °C |
Серискиот број 2 на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на вашиот мерен уред.
1) при околна температура од 20–23 °C и степен на емисија од >0,999, мерно растојание: 0,3 m, време на работа: >5 min
2) ограничена јачина при температури < 0 °C
Техничките податоци се на испорачаната батерија.
Bosch Power Tools 1 609 92A 3RD | (22.8.17)









226 | Македонски
| Термовизиска камера GTC 400 C | |
| Точност при мерењето (типична) | |
| Температура на површ.1) | |
| -10...+10 °C | ±3°C |
| 10...100 °C | ±3°C |
| >+100 °C | ±3% |
| Тип на екран | TFT |
| Големина на екранот | 3,5" |
| Резолуција на екранот | 320 x 240 |
| Формат на слика | .jpg |
| Зачувани слики по постапка на зачувување | 1 хтоплотна слика (скриншот)1 х визуелна реална слика вкл. температурни вредности (метадати) |
| Број на слики во внатрешната меморија на слики (типичен) | 500 |
| Интегрирана визуелна камера | ● |
| Батерии (алкални мангански) | 4 x 1,5 V LR6 (AA) (со батериски адаптер) |
| Акумулатор (литиум-јонска) | 10,8 V/12 V |
| Времетраење на работа | |
| – Батерии (алкални мангански) | 2,0 ч |
| – Акумулатор (литиум-јонска) | 5,0 ч |
| USB-приклучок | 1.1 |
| Снабдување со електрична енергија | |
| TrackMyTools-Bluetooth®-модул | |
| – Копчеста батерија | CR2450 (3-V-литиумска батерија) |
| – Рок на траење на батеријата околу | 60 Месеци |
| Bluetooth® | Bluetooth® 4.2 (Ниска енергија) |
| Макс. јачина на испраќање Bluetooth® | 3,2 mW |
| Радиофреквенциски спектар Bluetooth® | 2,402 -2,480 GHz |
| Безжична конекција | WiFi |
| Макс. јачина на испраќање WiFi | 30 mW |
| Опсег на оперативна фреквенција WiFi | 2,400 -2,483 GHz |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | 0,54 кг |
| Димензии (Должина х Ширина х Висина) | 233 x 95 x 63 мм |
| Вид на заштита (освен преградата за батерии) | IP 53 |
| Дозволени околни услови | |
| – Температура на полнење | 0...+45 °C |
| – Оперативна температура2) | -10...+45 °C |
| – Температура при складирање | -20...+70 °C |
| – Релативна влажност на воздухот (не кондензирачка) | 20...80 % |
| Препорачани батерии | GBA 10,8 VGBA 12 V |
| Препорачани полначи | AL 11.. CVGAL 12.. CV |
Серискиот број 2 на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на вашиот мерен уред.
1) при околна температура од 20–23 °C и степен на емисија од >0,999, мерно растојание: 0,3 m, време на работа: >5 min
2) ограничена јачина при температури < 0 °C
Техничките податоци се на испорачаната батерија.
Македонски | 227
Монтажа
Напојување со енергија
Мерниот уред може да се користи со обични батерии (АА-батерии тип LR6 или сличен) или со литиум-јонски батерии од Bosch.
Работа со батериски адаптер (може да се извади) (види слика А)
Батериите се ставаат во батерискиот адаптер.
▶ Батерискиот адаптер е наменет ислучиво за предвидените мерни уреди на Bosch и не смее да се користи со електрични апарати.
За ставање на батериите ставете ја обвивката на батерискиот адаптер 21 во отворот за акумулаторот 18. Ставете ги батериите според сликата на капачето за затворање 20 во обвивката. Ставете го капачето за затворање над обвивката, додека не се вклопи правилно и не легне рамно со дршката на мерниот уред.

За вадење на батериите притиснете на копчињата за отклучување 19 на капачето за затворање 20 и повлечете го. Притоа внимавајте да не испаднат батериите. Држете го мерниот уред со отворот за акумулатор 18 нагоре. Извадете ги батериите. За даја извади
внатрешната обвивка 21 од отворот за акумулаторот 18, посегнете во процепот на обвивката 22 и извлечете ја од мерниот уред со лесен притисок на страничниот сид (види слика В).
Напомена: За вадење на батеријата не користете алат (на пр. одвртувач), инаку обвивката може да се скрши. Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе време, извадете ги батериите. Доколку се подолго време складирани, батериите може да кородираат и да се испразнат.
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за вашиот мерен уред може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на мерниот уред.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Користете ги само полначите коишто се наведени во Технички податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонскиот акумулатор што се користи за Вашиот мерен уред.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не ї наштетува на батеријата.
▶ По автоматското ислучување на мерниот уред, не притискајте на копчето за вклучување- ислучување. Батеријата може да се оштети.
За ставање на наполнетиот акумулатор 23 притиснете го истиот во отворот за акумулатор 18, додека не се вклопи правилно и не легне рамно со дршката на мерниот уред.
За вадење на батеријата 23 притиснете на копчињата за отклучување 19 и извлечете ја од отворот 18. Притоа не употребувајте сила.
Приказ на состоитјбата на наполнетост
Приказот на состојбата на наполнетост f на екранот ја покажува состојбата на наполнетост на батериите одн. акумулаторот 23.
Приказ Капацитет
| >2/3 | |
| ≤2/3 | |
| ≤1/3 | |
| ≤10% | |
| Менување на батериите одн.акумулаторот |
Употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
▶ Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете го мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или осцилации во температурата, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
▶ Внимавајте на правилната аклиматизација на мерниот уред. При јаки температурни осцилации или околни услови што можат многу да се променат може да се наруши точноста на мерењето на мерниот уред, додека тој целосно не се аклиматизира.
▶ Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мерниот уред. По силните надворешни влијанија и при девијации во функционалноста, мерниот уред треба да се провери во овластена сервисна служба на Bosch.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За мерење отворете го заштитното капаче 1. За време на работата внимавајте да не се затвори или покрие инфрацрвеното мерно поле.
За вклучување на мерниот уред, притиснете го копчето за вклучување-исклучување 9. На екранот 14 се појавува стартна секвенца. По стартната секвенца, мерниот уред веднаш започнува со мерењето и континуирано го извршува сё до исклучувањето.
Напомена: Во првите минути може да се случаи мерниот уред почесто да се самоподесува, бидејки температурата на сензорот и околната температура сё уште не се изедначени. Новото калибрирање овозможува прецизно мерење. За време на калибрирањето топлотната слика кратко се замрзнува.









228 | Македонски
За исклучување на мерниот уред, одново притиснете го копчето за вклучување-исклучување. Мерниот уред ги зачувува сите подесувања и потоа се исклучува.
Затворете го заштитното капаче 1 за безведен транспорт на мерниот уред.
Во менито за подесување можете да изберете дали и по колку време треба автоматски да се ислуччи мерниот уред (види „Време на ислучување“, страница 230).
Доколку акумулаторот одн. мерниот уред се наоға надвор од границите на температурата наведена во Технички податоци, тогаш мерниот уред автоматски се ислучува по кратко предупредување (види „Дефект – Причини и помош“, страна 232). Оставете го мерниот уред да се истемперира и потоа повторно включете го.
За да се заштеди енергија, включувајте го мерниот уред само доколку го користите.
Подготовка за мерење
Подесување на степенот на емисија при мерење на температурата на површини
Степенот на емисија на еден објект зависи од материјалот и структурата на неговата површина. Тој наведува, дали еден објект (во споредба со други објекти со иста температура) испраќа многу или малку инфрацирвено топлинско зрачење.
За одредување на температурата на површината, без контакт се мери природното инфрацрвено топлинско зрачење, коешто го испраќа целниот објект. За точни мерења, мора поставениот степен на емисија на мерниот уред да се провери при секое мерење и доколку е потребно за се прилагоди на мерниот објект.
Можете да изберете претходно подесени степени на емисија или да внесете точна бројна вредност. Подесете го саканиот степен на емисија преку менито
„Мерење“ >„Степен на емисија“ (види страница 230).
▶ Прецизни температурни мерења се можни, доколку подесениот степен на емисија и степенот на емисија на објектот се совпағаат.
Разликите во бои може да се должат на различните температури и/или на различните степени на емисија. При мошне различни степени на емисија прикажаните разлики во температура може значително да отстапуваат од реалните.
Доколку повеće мерни објекти се наоғаат под различен материјал одн. различна структура во мерното поле, тогаш прикажаните температурни вредности може да се поврзат со соодветните објекти за кои има подесено степен на емисија. Кај сите други објекти (со други степени на емисија) како напомена за температурните односи може да се користат прикажаните разлики во бои.
Површините со јака рефлексија или сјајни површини (на пр. сјајни плочки или блескави метали) можат да ги изменат одн. да влијаат врз прикажаните резултати. По потреба, облепете ја мерната површина со темна, матирана леплива лента, којашто е добар спроводник на топлина. Оставете ја лентата кратко да ја израмни температурата со онаа на површината.
При рефлектирачки површини внимавајте на поволниот мерен агол, за да не се фалсификува результатот поради рефлектираното топлинско зрачење од другите објекти. На пример, при вертикални мерења од предната страна, рефлексијата на Вашата сопствена телесна топлина може да влијае врз мерењето. На рамна површина може да се прикажат цртите и температурата на Вашето тело (рефлектирачка вредност), коишто не одговараат на фактичката температура на измерената површина (емитирана вредност одн. реална вредност на површината).
Мерењето низ транспарентни материјали (на пр. стакло или транспарентна пластика) во принцип не е возможно.
Поради тоа мерните резултати їе видат попрецизни и посигурни доколку се подобри и постабилни мерните услови.
Инфрацрвеното мерење на температурата се попречува поради чад, пареа/висока влажност на воздухот или правлив воздух.
Напомени за подобра точност на мерењата:
- Доближете го мерниот уред колку што е можно повеќе за да се минимизираат факторите за пречки меѓу вас и мерната површина.
– Пред мерењето проветрете ги внатрешните простории, особено ако воздухот е загаден или има пареа. По проветрувањето оставете ја просторијата да се истемперира, додека не се постигне вообичаената температура.










Македонски|229

Доделување на температури со помош на скалата
На десната страна на екранот се прикажува скала. Вредностите на горниот и долниот крај се ориентираат според максимальната одн. минимальната температура детектирана на топлотната слика. Доделувањето на боја на една температурна вредност на сликата се врши рамномерно (линеарно).
Со помош на различните тонови на бои може да се доделат температури во рамки на овие две гранични вредности. Температура која се наоға точно меғу максимальната и минималната вредност може на пример да се додели на средниот дел за бои.
За одредување на температурата на конкретен дел, движете го мерниот уред, така што покажувачот їе се насочи со температурниот приказ I кон саканата точка одн. дел.
Во автоматското подесување спектарот на бои на скалата линеарно се распределува врз целото мерно поле во максимальната одн. минималната температура (= рамно-мерно).
Термовизиската камера ги прикажува сите измерени температури во мерното поле во сооднос. Ако во некој дел, на пример во обоен приказ, топлината се прикаже со сина боја на палетата за бои, тоа значи дека сините делови припағаат на поладните мерни вредности во актуелното мерно поле. Но, сепак овие делови можат да бидат во температурен опсег, кој под одредени околности може да доведе до повреди. Затоа секогаш внимавајте на прикажаните температури на скалата одн. директно на покажувачот.

Функции
Прилагодување на приказот на бои
Во зависност од мерната ситуација, различните палети на бои може значително да ја олеснат анализата на топлотната слика и појасно да ги прикажат објектите или работите на екранот. Со ова не се влијае врз измерените температури. Се менува само прикажувањето на температурната вредност.
За менување на палетата на бои останете во мерниот режим и притиснете на копчињата со стрелки десно 8 или лево 12.
Преклопување на топлотна и реална слика
За подобро ориентирање (= просторна распределба на прикажаната топлотна слика) може при израмнети температурни опсези дополнително да се додаде визуелна реална слика.
Напомена: Преклопувањето на топлотна и реална слика е точно на растојание од 0,55 м. При различни оддалечувања до мерниот објект може да дојде до отстапување меѓу реалната и топлотната слика.
Термовизиската камера Ви ги нуди следните можности:
Се прикажува исклучиво топлотната слика.
- Слика во слика
Прикажаната топлотна слика се пресекува и околниот дел се прикажува како реална слика. Оваа поставка го подобрува локалното доделување на мерното поле.
- Транспарентност
Прикажаната топлотна слика се поставува транспарентно врз реалната слика. На тој начин објектите може полесно да се препознаат.
Со притискање на копчињата со стрелки горе 5 или долу 10 можете да ја прилагодите поставката.
Фиксирање на скалата
Прилагодувањето на распределбата на бои во топлотната слика се врши автоматски, но сепак може да се замрзне со функциското копче десно 7. Ова овозможува споредливост на топлотните слики, којашто може да се регистрира во различни температурни услови (на пр. при проверка на повеće соби за топлински мостови).
За повторно да ја включите скалата на автоматски, одново притиснете го функциското копче десно 7. Сега температурите повторно се однесуваат динамички и се прилагодуваат на измерените максимальни и минимални вредности.
Мерни функции
За да повикате дополнителни функции, коишто може да Ви бидат од помош кај приказот, притиснете го копчето
„Func“ 6. Навигирајте низ прикажаните опции со лево/десно за да изберете функција. Изберете функција и одново притиснете го копчето „Func“ 6.
На располагање ви стојат следните мерни функции:
- „Автоматика“
Распределбата на бои во топлотната слика се извршува автоматски
- „Пребарувач на топлина“
Во оваа мерна функција како топлотна слика се прикажуваат само потоплите температури во мерното поле. Делот надвор од овие потопли температури се прикажува како реална слика во сиви тонови, за обоените бои да не се поврзат погрешно со температурите (на пр. црвен кабел во разводен ормар при барање на прегреани градежни елементи). Прилагодете ја скалата со копчињата нагоре 5 и надолу 10. Со тоа се зголемува одн. намалува прикажаниот температурен опсег. Уредот и понатаму ги мери минималните и максимальните температури и ги прикажува истите на краевите на скалата. Но, вие можете да контролирате кој температурен опсег да се прикаже со боја како топлотна слика.
- „Пребарувач на ладни делови“
Во оваа мерна функција како топлотна слика се прикажуваат само поладните температури во мерното поле. Делот надвор од овие поладни температури се прикажува како реална слика во сиви тонови, за обоените бои да не се поврзат погрешно со температурите (на пр. сина рамка од прозорец при барање на погрешна изолација). Прилагодете ја скалата со копчињата нагоре 5 и надолу 10. Со тоа се зголемува одн. намалува прикажаниот температурен опсег.






230 | Македонски
Уредот и понатаму ги мери минималните и максимальните температури и ги прикажува истите на краевите на скалата. Но, вие можете да контролирате кој температурен опсег да се прикаже со боја како топлотна слика.
-„Мануелно“
Ако во топлотната слика се измерат температури со големи отстапувања (на пр. грејни тела како топол објект при пребарување на топлински мостови), тогаш боите што се на располагање се распределуваат на висок број на температурни вредности во опсегот меѓу максимальната и минималната температура. Тоа може да доведе до тоа, малите температурни разлики веке да не може детално да се прикажат. За да се постигне детално прикажување на фокусната температура, постапете на следниот начин: Откако ће смените во режимот „Мануелно“ можете да ја подесите максимальната одн. минималната температура. На тој начин можете да го утврдите температурниот опсег, којшто е релевантен за вас и во којшто сакате да препознаете мали разлики. Поставката Ресетирање повторно автоматски ја прилагодува скалата на измерената вредност во видливото поле на инфрацрвениот сензор.
Главно мени
За да го отворите главното мени, притиснете на копчето „Func“ 6 за повикување на мерните функции. Сега притиснете го функциското копче десно 7.
- „Мерење“
- „Степен на емисија“ с:
За најчестите материјали на располагање имате зачувани степени на емисија. Во точката од менито „Материјал“ изберете го соодветниот материјал.
Соодветниот степен на емисија їе биде прикажан во редот подолу.
Доколку Ви е познат точниот степен на емисија на Вашиот мерен објект, истиот можете да го подесите како бројна вредност во точката од менито „Степен на емисија“.
-„Рефлектирачка температура“:
Подесувањето на овој параметар го подобрува мерниот резултат особено кај материјали со низок степен на емисија (= висока рефлексија). Најчесто, рефлектирачката температура одговара на околната температура.
Ако објектите со температури со големи отстапувања можат да влијаат врз мерењето во близина на мошне рефл ектирачки објекти, тогаш оваа вредност треба да се прилагоди.
-„Приказ“
Во оваа функција автоматски се означува најжешката точка (= мерен пиксел) во мерното поле со црвен покажувач на топлотната слика. Ова може да Ви олесни препознавање на критично место, на пр. лабав терминал во разводниот ормар.
Најладната точка (= мерен пиксел) во мерното поле автоматски се означува со син покажувач на топлотната слика. Ова може да Ви олесни препознавање на критично место, на пр. место што не дихтува во изолација.
- „Покажувач“ I: „ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО“ Покажувачот се прикажува во средината на топлотната слика и ја покажува измерената температурна вредност на ова место.
(види „Пренос на податоци“, страница 231)
- „Track My Tools“: „ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО“ (види „TrackMyTools“, страница 233)
-„Уред“
- „Јазик“
Под оваа мерна точка можете да го прилагодите јазикот на сите прикази.
-„Време и датум“ а
За да ги промените датумот и времето во приказот повикајте го подменито „Време и датум“. Во ова подмени можете да го промените и форматот на датумот и времето. За напуштање на подменито „Време и датум“ притиснете или на левото функциско копче 13 под знакот за штиклирање за да ги зачувате поставките, или десното функциско копче 7 под ознаката со крст, за да ги отфрлите промените.
- „Време на исклучување“
Со оваа точка од менито можете да го изберете временскиот интервал кога треба мерниот уред автоматски да се исклучи, доколку не се притисне ниедно копче. Исто така може да го деактивирате автоматското исклучување, доколку ја изберете поставката „Никогаш“.
- „Бришење на сите слики“
Со оваа точка од менито можете одеднаш да ги избришете сите податоци, коишто се наогаат во внатрешната меморија. Притиснете на копчето со стрелка лево 8 за „повеće ...“, за да влезете во подменито. Потоа притиснете или на левото функциско копче 13 под знакот за штиклирање, за да ги избришете сите податоци или на десното функциско копче 7 под ознаката со крст за да го прекинете процесот.
-„Информации за уредот“
Со оваа точка од менито можете да ги повикате информациите преку мерниот уред. Таму ќе го најдете серискиот број на мерниот уред и инсталираната верзија на софтвер.
За да излезете од менито и да се вратите во стандартниот екран за приказ, можете исто така да го притиснете и копчето 17.








Македонски | 231
Зачувување на мерни резултати
Директно по вклучувањето мерниот уред започнува со мерењето и континуирано го извршува сё до исклучувањето.
За да зачувате една слика, насочете ја камерата кон саканиот мерен објект и притиснете на копчето Зачувај 11. Сликата се зачувува во внатрешната меморија на камерата. Алтернативно, притиснете го копчето Замрзнување на мерењето 17. Мерењето се замрзнува и Ви се прикажува на екранот. Ова Ви овозможува мирно набљудување на сликата. Ако не сакате да ја зачувате замрзнатата слика, со копчето 17 повторно се враćате во мерниот режим. Ако сакате да ја зачувате сликата во внатрешната меморија на камерата, притиснете на копчето Зачувај 11.
Повикување на зачуваните слики
За повикување на зачуваните слики постапете на следниот начин:
- Притиснете на функциското копче лево 13. Сега на екранот се појавува последната зачувана фотографија.
- За менување меѓу зачуваните топлотни слики, при- тиснете на копчињата со стрелки Десно 8 или Лево 12.
За бришење на одделните топлотни слики одете во галеријата:
- Притиснете на десното функциско копче 7 под ознаката Корпа.
- Потврдете ја постапката со левото функциско копче 13 или прекинете ја постапката на бришење со притискање на десното функциско копче 7 под ознаката Прекини.
Бришење на сите слики
Во менито „Бришење на сите слики“ можете одеднаш да ги избришете сите податоци, коишто се наогаат во внатрешната меморија.
Притиснете на копчето „Func“ 6 за повикување на мерните функции. Сега притиснете го десното функциско копче 7 и изберете „Уред“ > „Бришење на сите слики“. Притиснете на копчето со стрелка десно 8, за да го отворите подменито. Потоа притиснете или на левото функциско копче 13 под ознаката знакот за штиклирање, за да ги избришете сите податоци или на десното функциско копче 7 под ознаката со крст за да го прекинете процесот.
Пренос на податоци
Пренос на податоци преку USB-интерфејс
Отворете го капакот на микро-USB-отворот 3. Поврзете го микро-USB-отворот на мерниот уред со помош на испорачаниот микро-USB-кабел со Вашиот персонален или мобилен компјутер.
Сега включете ја термовизиската камера со копчето 9.
Отворете го пребарувают на податоци и изберете го дискот „BOSCH GTC 400 C“. Зачуваните JPG-датотеки може да се ископираат од внатрешната меморија на мерниот уред и да се поместат или избришат на Вашиот компјутер.
Штом ја завршите саканата постапка, извадете го дискот стандардно и повторно исключете ја термовизиската камера со копчето 9.
За време на работењето тргнете го микро-USB-кабелот и затворете го капакот 3.
Внимание: Секогаш прво одјавете го дискот од Вашиот оперативен систем (вадење на дискот), инаку внатрешната меморија на термовизиската камера може да се оштети.
Секогаш нека биде затворен капакот на USB-портата, за да не можат да навлезат прав или испрскана вода во кукиштето.
Напомена: Поврзувајте го мерниот уред само со еден компјутер или лаптоп. Уредот може да се оштети, ако го поврзете со друг уред.
Напомена: Микро-USB-портата служи ислучиво за пренос на податоци – преку неа не смее да се полнат батерии и акумулатори.
Дополнителна обработка на топлотни слики
Зачуваните топлотни слики можете дополнительно да ги обработите на Вашиот компіутер со Windows-оперативен систем. За тоа преземете го GTC-Transfer-софтверот од страницата на производи на термовизиската камера на www.bosch-professional.com/gtc.
Пренесување на податоци преку WiFi
Мерниот уред е опремен со WiFi модул, којшто овозможува безжичен пренос на зачуваните слики од Вашата термовизиска камера на мобилен краен уред.
За тоа како интерфејс за софтверот е потребна апликацијата (App) „Measuring Master“. Таа може да се преземе во соодветните продавници за апликации во зависност од крајниот уред:

Апликацијата „Measuring Master“ Ви овозможува безжи- чен пренос на Вашите слики, зголемен обем на функции и по едноставување на дополнителната обработка, како и препраќање на мерните податоци (на пр. преку е-маил). Информации за потребниот системски предуслов за WiFi- врска їе најдете на интернет страницата на Bosch на „www.bosch-professional.com/gtc“.
За да ја активирате/деактивирате WiFi-врската со мерниот уред, повикајте го главното мени, навигирајте со копчињата за избор „WiFi“ и активирате/деактивирате ја. На екранот се појавува приказот е. Проверете дали WiFi-интерфејсот на Вашиот мобилен краен уред е активиран.
По старт на Bosch-апликацијата (при активирани WiFi- модули) се воспоставува врска помеѓу мобилниот краен ured и мерниот уред. За тоа следете ги упатствата за употреба „Measuring Master“.







232 | Македонски
Дефект – Причини и помош
Во случај на дефект уредот ће се рестартира и потоа може повторно да се користи. Инаку, при постојани пораки за дефекти, Ви помага долунаведениот преглед.
Грешка Причина Помош
| Мерниот уред не може да се вклучи. | Акумулаторот одн. батериите се празни | Наполнете го акумулаторот одн. заменете ги батериите. | |
![]() | Акумулаторот е премногу топол одн. ладен | Оставете го акумулаторот да се темперира одн. заменете го. | |
![]() | Мерниот уред е премногу топол одн. ладен | Оставете го мерниот уред да се темперира. | |
![]() | ![]() | Меморијата на слики е дефектна | Форматирајте ја внатрешната меморија, така што ќе ги избришете сите слики (види „Бришење на сите слики“, страна 231). Доколку проблемот и понатаму постои, однесете го мерниот уред во овластена сервисна служба на Bosch. |
| Меморијата со слики е полна | По потреба префрлете ги слишком на друг медиум за зачувување на податоци (на пр. компјутер или ноутбук). Потоа избришете ги слишком во внатрешната меморија. | ||
![]() | Мерниот уред е дефектен | Однесете го мерниот уред во овластена сервисна служба на Bosch. | |
| Мерниот уред не може да се поврзе со еден компјутер. | Мерниот уред не е препознаен од компјутерот. | Проверете дали е ажурирана погонската единица на Вашиот компјутер. Можно е да е потребна нова верзија на оперативен систем на компјутерот. | |
| Микро-USB-приключокот или микро-USB-кабелот се дефектни | Проверете дали мерниот уред може да се поврзе со друг компјутер. Доколку не може, однесете го мерниот уред во овластена сервисна служба на Bosch. | ||
Објаснување на поимите
Инфрацрвено топлинско зрачење
Инфрацрвеното топлинско зрачење претставува електромагнетско зрачење коешто се испраја од секое тело. Количината на зрачењето зависи од температурата и степенот на емисија на телото.
Степен на емисија
Степенот на емисија на еден објект зависи од материјалот и структурата на неговата површина. Тој означува колкаво инфрацрвено топлинско зрачење оддава објектот во споредба со идеален топлински емитер (цини тела, степен на емисија ε = 1).
Топлински мостови
Како топлински мост се означува оној објект кој несакано спроведува топлина кон надвор или кон внатре и со тоа значително се разликува останатата одн. саканата температура на еден sid.
Бидејки температурата на површината на топлинските мостови е пониска отколку во останатиот простор, на овие места значително се зголемува опасноста од создавање на мувла.
Рефлектирана температура / Рефлексивност на еден објект
Рефлектираната температура се топлотни зрачења, коишто не излегуваат од самоот уред. Во зависност од структурата и материјалот околните зрачења се рефлектираат во објектот што се мери и со тоа го изменуваат фактичкиот резултат на температурата.
Оддалеченост на објектот
Растојанието меѓу мерниот objekt и мерниот уред влијае врз снимената големина на површината по пиксел. Со зголемена оддалеченост на објектот, можете да детектирате повеće objekti.
Вградениот Bluetooth® Low Energy модул овозможува персонализирање и статусна проверка на мерниот уред, како и пренесување на поставките и податоците што се базираат на Bluetooth®-безжичната технологија.
Снабдување со електрична енергија TrackMyTools-Bluetooth®-модул
Мерниот уред е опремен со копчеста батерија, за да може да биде детектиран од мобилен краен уред и без вметнат акумулатор 23 одн. вметнати батерии преку TrackMyTools. Дополнителни информации їе добиете директно на апликацијата на Bosch.
Пренос на податоци
TrackMyTools-Bluetooth®-модулот можете да го включите одн. исключите во поставките на уредот. Потоа се испраќа постојан сигнал.
Интервалот за испраќање на модулот изнесува осум секунди. Во зависност од околината, може да се потребни до три интервали за испраќање, пред да се препознае мерниот уред.
Напомена: Исключете го TrackMyTools, ако сакате да се задржите во деловите, каде е забрането емитувањето на радио-бранови, на пр. во авион.
Регистрирање и инсталација на апликацијата/веб апликацијата
За да можете да ја користите TrackMyTools, морате прво онлајн да се регистрирате.
За тоа отворете ја веб-страницата www.bosch-trackmytools.com и регистрирајте се. По завршувањето на регистрацијата ће ги добиете вашите пристапни податоци.
Преземете ја апликацијата TrackMyTools преку соодветниот App-Store (Apple App Store, Google Play Store) или повикајте ја веб-апликацијата преку
https://web.bosch-trackmytools.com. Тука можете да се најавите со вашите пристапни податоци.
Сега можете да додадете и да ја управувате вашата опрема со помош на апликацијата/веб апликацијата.
Напомена: Прво целосно проследете го туторијалот на апликацијата/веб апликацијата. Со тоа добивате подобар преглед на начинот за креирање на листи и за користењето на софтверот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Складирајте го и транспортирајте го мерниот уред само во соодветна кутија како што е оригиналното пакување одн. заштитната чанта (опрема). Не лепете налепници во близина на инфрацирвениот сензор на мерниот уред. Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
При чистењето во мерниот уред не смее да навлезе течност. Не се обидувајте да ја извадите нечистотијата од сензорот, камерата или приемната лека со остри предмети и не ги бришете камерата и приемната лека (опасност од гребнатини).
Ако сакате ново калибрирање на Вашиот мерен уред, Ве молиме обратете се во сервисниот центар на Bosch (адреси, види дел „Сервисна служба и совети при користење“).
Во случај на поправка пратете го мерниот уред во оригиналното пакување или заштитната чанта (опрема).
Вградената копчеста батерија смее да се извади само од страна на стручен персонал. Со отворање на куќиштето, мерниот уред може да се уништи. Одвртете ги завртките на куќиштето и извадете ја обвивката на куќиштето, за да ја извадите копчестата батерија.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вавшот производ како и резервните делови. Експлозивен цертеж и информации за резервни делови ће најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ke ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на спе цијалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку ку'киштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Мерните уреди, акумулаторот/батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за ўубре!








234 | Srpski
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европейската регулатива 2012/19/EU мерните уреди што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во дел „Транспорт“, страна 233.
Се задржува правото на промена.
Srpski
Uputstva o sigurnosti

Morate da pročitate sva uputstva i da na njih obratite pažnju. Ako merni alat ne upotrebljavate u skladu sa priloženim uputstvima, možete da ugrozite mere zaštite koje su integrisane u merni alat. OVA UPUTSTVA DOBRO ČUVAJTE.
▶ Neka Vam merni alat popravlja stručno osoblje i samo sa originalnim rezervnim delovima. Time se obezbedjuje, da sigurnost mernog alata ostaje sačuvana.
▶ Ne radite sa mernim alatom u okolini gde postoji opasnost od eksplozija, u kojoj se nalaze zapaljive tečnosti, gasovi ili prašine. U mernom alatu se mogu proizvesti varnice, koje bi zapalite prašinu ili isparenja.
▶ Pre svih radova na mernom alatu (npr. montaža, održavanje itd.) kao i prilikom njegovog transporta i čuvanja, iz mernog alata izvadite akumulatorsku bateriju odnosno baterije.
▶ Ne otvarajte akumulator. Postoji opasnost od kratkog spoja.

Zaštitite akumulator od toplote, na primer i od sunčevog zračenja, vatre, vode i vlage. Postoji opasnost od eksplozije.




