MotoSaw MS20 DREMEL

MotoSaw MS20 - Пила DREMEL - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот MotoSaw MS20 DREMEL во PDF формат.

Page 114
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : DREMEL

Модел : MotoSaw MS20

Категорија : Пила

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник MotoSaw MS20 - DREMEL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. MotoSaw MS20 на марката DREMEL.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК MotoSaw MS20 DREMEL

). НАПОМЕНА: Наведената вкупна вредност на вибрациите е измерена во согласност со стандардниот метод на тестирање и може да се користи за споредување на еден алат со друг. Исто така може да се користи и во прелиминарната проценка на изложеност. !

заштиту за очи. Сигурносна опрема као што

је маска за заштиту од прашине, ципеле

за заштиту од клизања, заштитна кацига

f. Обуците се примерено. Немојте носити широку

се да су спојени и да се правилно користе.

Коришћење ових уређаја може да смањи

опасности повезане са прашином.

КОРИШЋЕЊЕ И ОДРЖАВАЊЕ

опасан и мора да се поправи.

Правилно одржаван алат за сечење са оштрим

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА И СИТЕ УПАТСТВА. Ако не се следат предупредувањата и упатствата, може да дојде до струен удар, пожар и/или сериозна повреда.

Чувајте ги сите предупредувања и упатства за идно користење.

Изразот „електричен алат“ во предупредувањата се однесува на електричниот алат кој се приклучува на електрична мрежа (со кабел) или на електричен алат со батерија (без кабел). БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНИОТ ПРОСТОР a. Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Неуредните и темни работни простори можат да предизвикаат незгоди.b. Не работете со електричниот алат во експлозивна средина, како на пр. во близина на запалливи течности, гасови или прашина. Електричните алати прават искри кои можат да ја запалат прашината или пареата.c. Додека работите со електричниот алат, оддалечете ги децата и другите лица. Невниманието може да биде причина за губење на контролата. ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ a. Приклучницата на алатот мора да одговара на штекерот. Никогаш и на никаков начин немојте да ја модифицирате приклучницата. Немојте да користите адаптери на штекер со заземjени електрични алати. Оригиналните приклучници и соодветните штекери го намалуваат ризикот од електричен шок.b. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини, како што се цевки, радијатори, шпорети и фрижидери. Ризикот од електричен шок е зголемен ако Вашето тело е заземјено.c. Не изложувајте го алатот на дожд или влажни услови. Водата што ќе продре во електричниот алат ќе го зголеми ризикот од електричен шок.d. Немојте да го злоупотребувате кабелот. Кабелот никогаш не користете го за носење, влечење или за исклучување на електричниот алат. Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови и подвижни делови. Оштетените или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од електричен шок.e. Кога работите со електричниот алат надвор, користете продолжен кабел кој е погоден за надворешна употреба. Користењето на кабел кој е погоден за надворешна употреба го намалува ризикот од електричен шок.f. Ако е неизбежно со електричниот алат да работите во влажна околина, користете осигурувач со диференцијална струјна заштита при дефект. Користењето на осигурувач со диференцијална струјна заштита при дефект го намалува ризикот од електричен шок. ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ a. Бидете внимателни, внимавајте што правите и користете здрав разум додека ракувате со електрични алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекарства. Само еден момент на невнимание додека ракувате со електричен алат може да доведе до сериозни телесни повреди.b. Користете опрема за лична заштита. Секогаш носете заштита за очите. Заштитната опрема, како на пр. маска против прашина, нелизгачки заштитни чевли, заштитен шлем или заштита за ушите, која се користи во соодветни услови, ќе ја намали можноста од повреди на лицата.c. Избегнувајте случајно вклучување. Уверете се дека прекинувачот е во исклучена положба „off“ пред да го приклучите на електрична мрежа и/или батерија. Носењето на електричниот алат со прстот на прекинувачот или приклучувањето на електричниот алат додека прекинувачот е во положба „on“ може да предизвика несреќа.d. Отстранете ги сите средства за подесување и сите клучеви пред да го вклучите електричниот алат. Ако оставите клуч или средство за подесување прикачени на некој ротационен дел од електричниот алат, тоа може доведе до телесна повреда.e. Не пресегнувајте се премногу. За сето време одржувајте стабилна положба и рамнотежа. Тоа Ви овозможува подобра контрола над електричниот алат во неочекувани ситуации.f. Носете прописна облека. Немојте да носите широка облека или накит. Косата, облеката и нараквиците држете ги понастрана од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса можат да се заплеткаат меѓу подвижните делови.g. Ако на уредите е прикачен вшмукувач на прашина, проверете дали се добро споени и дали правилно се користат. Користењето на овие уреди може да ја намали опасноста што е поврзана со прашината. КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА АЛАТОТ a. Немојте да го форсирате електричниот алат. Користете соодветен електричен алат кој е потребен за Вашата дадена ситуација. Со соодветниот електричен алат подобро и побезбедно ќе ја завршите работата за која е дизајниран.b. Немојте да го користите електричниот алат доколку не работи прекинувачот on/off. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со помош на прекинувач, е опасен и мора да се поправи.c. Исклучете ја приклучницата од штекерот и/или батеријата од електричниот алат пред да правите било какви подесувања, пред да го менувате приборот или пред да го одложите алатот. Ваквите превентивни мерки на безбедност го смалуваат ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. d. Чувајте го алатот подалеку од дофатот на деца и не дозволувајте им на лицата кои не се упатени во алатот или во овие упатства да ракуваат со алатот. Електричните алати можат да бидат опасни во рацете на корисници кои не се обучени.e. Одржувајте ги електричните алати. Проверете дали спојните или подвижните делови се добро подесени, дали деловите се во исправна состојба, и сите други услови кои би можеле да влијаат врз работата со електричниот алат. Ако алатот е оштетен, дајте го на поправка 114пред повторната употреба. Многу несреќи биле предизвикани од лошо одржуван електричен алат.f. Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Кога правилно се одржува алатот за сечење со остри рабови за сечење, помала е веројатноста тој да се заглави и полесно се контролира.g. Електричниот алат, приборот и бургиите користете ги во склад со овие упатства, земајќи ги предвид работните услови и работата што треба да се заврши. Употребата на електричниот алат за работи коишто тој не е предвиден, може да предизвика опасни ситуации. СЕРВИСИРАЊЕ a. Вашиот електричен алат нека го сервисира квалификуван сервисер со користење само на идентични резервни делови. На овој начин ќе се обезбеди одржување на сигурноста на електричниот алат. БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО

БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ПИЛИ a. Електричниот алат допирајте го само на изолираните делови кога извршувате работи при кои алатот за сечење може да дојде во контакт со скриени електрични водови или со сопствениот мрежен кабел. Опремата за сечење која ќе дојде во допир со жица под напон, може да предизвика изложените метални делови од електричниот алат да дојдат под напон и да предизвика електричен шок за операторот.b. Рацете држете ги подалеку од зоната на сечење. Не се пресегнувајте под работното парче. Контактот со листот на пилата може да доведе до повреди.c. Машината употребете ја врз работното парче дури откако ќе ја вклучите. Инаку постои опасност од повратен удар кога алатот за сечење ќе се заглави во работното парче.d. Кога сечењето ќе заврши, исклучете ја машината и потоа извлечете го сечилото од засечокот дури откако ќе се смири. На овој начин можете да избегнете повратен удар и можете безбедно да ја одложите машината.e. Користете само остри, беспрекорни сечила за пила. Искривените или тапи сечила можат да се скршат или да предизвикаат повратен удар.f. Не запирајте го сечилото со примена на страничен притисок после исклучувањето. Сечилото од пилата може да се оштети, да се скрши или да предизвика повратен удар.g. Користете соодветни детектори за да утврдите дали во работното подрачје има скриени инсталации, или побарајте помош од локална фирма за електродистрибуција. Контактот со електрични водови може да доведе до пожар и електричен шок. Оштетувањето на гасоводната инсталација може да доведе до експлозија. Продирањето на вода може да предизвика оштетување на имотот или електричен шок.h. Прицврстете го работното парче. Работното парче кое е прицврстено со уред за притегање или кое е ставено на менмеге, е побезбедно отколку кога се држи со рака.i. Рацете нека Ви бидат чисти. Мешањето на материјали е посебно опасно. Правот од лесни легури може да се запали или да експлодира.j. Секогаш почекајте машината потполно да се смири пред да ја положите. Вметнатата алатка може да се заглави и да доведе до губење на контролата над електричниот алат.k. Никогаш немојте да ја користите машината со оштетен кабел. Не допирајте го оштетениот кабел и извлечете го приклучокот од штекерот кога кабелот ќе се оштети за време на работењето. Оштетените кабли го зголемуваат ризикот од електричен удар. ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА

РАБОТНАТА МАСА Изразот „електричен алат“ во предупредувањата се однесува на електричниот алат кој се приклучува на електрична мрежа (со кабел) или на електричен алат со батерија (без кабел).a. Исклучете го прилучокот од изворот на струја и/или патронот со батеријата од алатот пред да правите какви било приспособувања или менување на приборот. Случајното вклучување на електричниот алат е причина за многу несреќи.b. Правилно монтирајте ја работната маса пред да го монтирате алатот. Правилното монтирање е важно за да се спречи ризикот од уривање.c. Безбедно прицврстете го алатот за работната маса пред да почнете со употребата. Електричниот алат кој „шета“ по работната маса може да предизвика губење на контролата.d. Работната маса поставете ја на цврста, рамна и нивелирана површина. Ако работната маса се лизга или се клати, електричниот алат или работното парче не можат да бидат стабилно и безбедно контролирани.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА И СИТЕ УПАТСТВА ПРИЛОЖЕНИ СО РАБОТНАТА МАСА И ЕЛЕКТРИЧНИОТ АЛАТ ШТО ТРЕБА ДА СЕ МОНТИРА. Ако не се следат предупредувањата и упатствата, може да дојде до струен удар, пожар и/или сериозна повреда.Чувајте ги сите предупредувања и упатства за идно користење. !

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НЕМОЈТЕ ДА РАБОТИТЕ СО МАТЕРИЈАЛИ ШТО СОДРЖАТ АЗБЕСТ (АЗБЕСТОТ СЕ СМЕТА ЗА КАНЦЕРОГЕН).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРЕЗЕМЕТЕ ЗАШТИТНИ МЕРКИ АКО ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА СЕ СОЗДАДЕ ПРАШИНА КОЈА Е ШТЕТНА ПО ЗДРАВЈЕТО, ЗАПАЛЛИВА ИЛИ ЕКСПЛОЗИВНА (некои видови прашина се сметаат за канцерогени); носете заштитна маска против прашина и користете правосмукалка/смукалка за отпадоци, ако може да се приклучи. ЖИВОТНА СРЕДИНА

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОТПАДОТ Алатот, приборот и амбалажата треба да се сортираат заради еколошки поволното рециклирање. 115САМО ЗА ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ Електричниот алат не фрлајте го во отпадот од домаќинствата!Според Европската директива 2012/19/EC која се однесува на електричен и електронски отпад и нивната имплементација во склад со националното законодавство, електричните алати на кои им поминал векот на траење мора да се собираат одвоено и да се отстрануваат на еколошки исправен начин. СПЕЦИФИКАЦИИ

ОПШТИ СПЕЦИФИКАЦИИ Dremel електромоторна пила 2-во-1 компактна пила за изрежување MS20 Номинален напон 220-240 V~50/60 HzНоминална моќност 70 WБрој на вртежи n o 1500-2250 min –1 Макс. длабочина на сечење 18 ммДлабочина на жлебот 250 ммДолжина на одот 8 ммТежина 1,1 кг ПРОДОЛЖЕНИ КАБЛИ Користете потполно одмотани и сигурни продолжени кабли со капацитет од 5 ампера. МОНТАЖА

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ СЕКОГАШ ИСКЛУЧУВАЈТЕ ГО АЛАТОТ ПОРЕД МЕНУВАЊЕ НА ПРИБОРОТ, СТЕЗНАТА ЧАУРА ИЛИ СЕРВИСИРАЊЕ НА АЛАТОТ И ИЗВАДЕТЕ ГО ПАТРОНОТ СО БАТЕРИЈАТА. ОПШТО Електромоторната пила 2-во-1 е компактна пила за изрежување која е многу лесна за користење. Може да се користи било во стационарен режим на работа кога алатот е прицврстен за основата, било во режим на работа со држење в рака. Овој алат е наменет за вршење на прецизни прави и заоблени сечења на различни материјали, вклучувајќи меко дрво, тврдо дрво, иверици, ламинати, PVC или меки лимени плочи со помош на применливиот прибор којшто се препорачува од Dremel.СЛИКА 1A. Копче за откочување на папучата за притискањеB. Папуча за притискањеC. Јазиче за блокирање на граничникотD. Шина за водењеE. ПостољеF. Приклучок за правосмукалкаG. Прекинувач за вклучување/исклучувањеH. Преклопник за бирање на брзинаI. Стегалки за фиксирањеJ. Дупка за трајно прицврстувањеK. Копче за брзо деблокирањеL. Електромоторна пилаM. Јазиче за брзо менување на приборот МОНТИРАЊЕ И ВАДЕЊЕ НА ПРИБОРОТ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ИЗВАДЕТЕ ЈА ПРИКЛУЧНИЦАТА ОД ИЗВОРОТ НА СТРУЈА ПРЕД ДА МОНТИРАТЕ, ПОДЕСУВАТЕ ИЛИ ДА МЕНУВАТЕ БИЛО КАКОВ ПРИБОР. Ваквите превентивни безбедносни мерки го намалуваат ризикот од ненамерно вклучување на алатот.СЛИКА 2-6Ве молиме видете ги сликите 2 дo 6 за инструкции во врска со монтирање и вадење на приборот. ШМУКАЊЕ НА ПРАВОТ Вашиот алат е опремен со приклучок за шмукање на прашината. За да ја користите оваа функција, приклучете црево од правосмукалка на овој приклучок.СЛИКА 1 ГРАНИЧНИК Граничникот може да се користи за било која шина.Овој приклучок може да се користи како стапче за туркање или како граничник. Кога се користи како стапче за туркање, не е потребно да се блокира на шината со јазичето за блокирање на граничникот.Водилката може да се користи под различни агли. За да подесите агол, олабавете го лептирот на водилката и завртете ја главата во саканата положба.Граничникот може да се блокира на место со свртување на јазичето за блокирање на граничникот. Со ваквото активирање ќе се спречи водилката да се лизга по шината. СЛИКА 10-12 КОРИСТЕЊЕ

ПОЧЕТОК Ви благодариме што ја купивте електромоторната пила Dremel. Електромоторната пила 2-во-1 е компактна пила за изрежување која е многу лесна за користење. Таа може да се користи било во стационарен режим на работа, кога алатот е прицврстен за основата, било во режим на работа со држење в рака. Овој алат е наменет за вршење на прецизни прави и заоблени сечења на различни материјали, вклучувајќи меко дрво, тврдо дрво, иверици, ламинати, PVC или меки лимени плочи со помош на применливиот прибор којшто се препорачува од Dremel.Користењето на електромоторната пила во стационарен режим на работа Ви дава слобода да сечете разновидни материјали, држејќи го работното парче со обете раце. Во овој режим на работа можете прецизно и лесно да се занимавате со разни хобија или проекти за обработка на дрво.Користењето на електомоторната пила во режимот на работа со држење в рака се препорачува кога работното парче е преголемо или фиксирано, па затоа не може да се постави на основата. Tипичната работа со држење в рака се однесува на сечење или режење на помали парчиња материјал. Во режимот на работа со држење в рака, електромоторната пила функционира како резбарска лисна пила/убодна пила со моторче. 116СТАЦИОНАРЕН РЕЖИМ НА РАБОТА 1. Погрижете се основата да биде безбедно прицврстена за рамна работна површина со помош на приложените стеги. Основата може да биде перманентно прицврстена за работното постоље со обични шрафови низ 2 дупки што се наоѓаат на врвот од основата. СЛИКА 1 2. НЕМОЈТЕ да седите или да се потпирате на основата. Основата е наменета за потпирање на материјалот што се сече.3. Штом основата ќе биде обезбедена, прицврстете ја на неа електромоторната пила: првин провлечете го кабелот низ дупката на основата, а потоа едноставно вметнете го уредот во основата. Електромоторната пила е безбедно прицврстена кога уредот при рачна употреба и стационарната основа се израмнети. СЛИКА 2-44. Во основата користете ја само електромоторната пила Dremel. Не е предвидено на основата да се користат други електрични алати.5. За чиста работна средина и за подобра видливост, на приклучокот за прашина приклучете правосмукалка.6. Штом ќе го вметнете сечилото во склад со упатствата за употреба, алатот е спремен за работа. СЛИКА 5-97. Вклучете го алатот и оставете го да ја постигне вистинската брзина пред да отпочнете да го обработувате парчето. НЕМОЈТЕ да вклучувате на „ON“ и „OFF“ додека алатот е под оптоварување.8. Притиснете ја папучата врз Вашето работно парче за да оневозможите искокнување. За да ги минизирате вибрациите, држете го Вашето работно парче со обете раце близу до сечилото.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ПОГЛАВЈЕТО ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ ВО ОВОЈ ПРИРАЧНИК.9. Немојте прејако да го туркате Вашето работно парче кон сечилото. Овие сечила се за деликатна примена. Затоа е важно сечилото да има време да го пресече материјалот. Прекумерниот притисок врз работното парче ќе доведе до лом на сечилото.10. Пред да почнете да работите на Вашиот проект, направете неколку пробни сечења на отпаден материјал. РЕЖИМ НА РАБОТА СО ДРЖЕЊЕ В РАКА 1. Притискајте на копчето брзо деблокирање додека ја тргате електромоторната пила од нејзината основа. СЛИКА 132. Штом алатот ќе биде тргнат, електромоторната пила можете да ја држите в рака. СЛИКА 143. Додека сечете во режимот на работа со држење в рака, внимавајте на тоа цврсто да го држите алатот. СЛИКА 144. Пробајте да ја израмните површината на уредот со дното на Вашето работно парче за да ги намалите вибрациите. СЛИКА 15 КОРИСНИ ИДЕИ И ПРЕДЛОЗИ За корисни совети и често поставувани прашања, посетете нè на: www.dremel.com. ОДРЖУВАЊЕ Превентивното одржување што го вршат неовластени лица може да доведе до замена на внатрешните жици и компоненти, кое може да предизвика сериозни опасности. Ние Ви препорачуваме сервисирањето на сите алати да се врши во сервисите на Dremel. За да избегнете повреди поради ненадејно вклучување на алатот или електричен шок, секогаш исклучете го алатот од штекер пред сервисирање или чистење. ЧИСТЕЊЕ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНАТ НЕСРЕЌИ, ПРЕД ЧИСТЕЊЕ СЕКОГАШ ИСКЛУЧЕТЕ ЈА АЛАТКАТА И /ИЛИ ПОЛНАЧОТ ОД ИЗВОРОТ НА СТРУЈА. Алатот најдобро се чисти со сув компримиран воздух. Секогаш носете заштитни очила кога ги чистите алатките со компримиран водух.Отворите за вентилација и прекинувачите мора да се одржуваат чисти и без туѓи материи. Не обидувајте се да го чистите алатот со пикање на остри предмети низ отворите. !

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОДРЕДЕНИ СРЕДСТВА ЗА ЧИСТЕЊЕ И РАСТВОРУВАЧИ МОЖАТ ДА ГИ ОШТЕТАТ ПЛАСТИЧНИТЕ ДЕЛОВИ. Некои од нив се: бензин, јаглерод тетрахлорид, хлорирани растворувачи, амонијак и детергенти за домаќинството кои содржат амонијак. СЕРВИС И ГАРАНЦИЈА

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВНАТРЕ НЕМА ДЕЛОВИ ШТО МОЖЕ ДА ГИ СЕРВИСИРА КОРИСНИКОТ. Превентивното одржување што го вршат неовластени лица може да има за резултат неисправно поврзување на внатрешните жици и компоненти,кое, пак, може да предизивка сериозни опасности. Ние Ви препорачување сервисирањето на сите алати да се врши во сервисите на Dremel. СЕРВИСЕРИ: Пред сервисирањето, исклучете ја алатката и/или полначот од изворот на струја.Овој продукт на DREMEL има гаранција во склад со одредбите пропишани со закон/специфични за земјата; оштетувањата поради нормалното користење и абење, преоптоварување или непрописно користење се изземени од гаранцијата.Во случај на рекламација, алатот или полначот испратете ги до Вашиот дистрибутер во нерасклопена состојба, заедно со доказот за купување. КОНТАКТ СО DREMEL За повеќе информации во врска со асортиманот на фирмата Dremel, поддршка и телефонски број посетете нè на www.dremel.com. Dremel, Konijnenberg 60, 4825 BD Breda, Холандија