DREMEL DD12V - приклучок

DD12V - приклучок DREMEL - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот DD12V DREMEL во PDF формат.

📄 698 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice DREMEL DD12V - page 512
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за DD12V DREMEL

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник DD12V - DREMEL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. DD12V на марката DREMEL.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК DD12V DREMEL

① Прочитајте го упатството.
② Носете заштита за слух, заштитни очила и маска за прав.
③ Внимание – ласерско зрачење
④ Верзија на класа II
⑤ Не фрлајте ги електричните алати во домашната канта за отпадоци.
⑥ Ласерско зрачење. Не гледајте во зракот. Потрошувачки ласерски производ од класа 2.

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства

приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина.
Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.

Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.

▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ље се зголеми ризикот од струен удар.

▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.

▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.

▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.

▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли

514 | Македонски

коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, єе доведат до намалување на лични повреди.

Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несрека.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
▶ Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се

запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.

▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
▶ Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.

516 | Македонски

He го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни напомени за дупчалка-одвртувач

Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење или прицврстувачите дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
▶ Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.

▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата će се заштити од опасно преоптоварување.

DREMEL DD12V - Безбедносни напомени за дупчалка-одвртувач - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

▶ Од технолошки причини, функцијата за лоцирање на електричниот алат не може да гарантира целосна безбедност. За да ги исключите опасностите, задолжително користете други извори на информации како што се градежни планови, фотографии од фазата на изградба итн. Влијанијата од околината, како што се влажноста или близината до други електрични уреди што генерираат силни електрични, магнетни или електромагнетни полиња, влага, градежни материјали што содржат метал, материјали за изолација од алуминиум и проводни тапети или плочки може да влијаат на точноста на функцијата за лоцирање. Бројот, видот, големината и локацијата на предметите може да ги нарушат резултатите од мерењето.

Доколку во објектот има гасоводи, тогаш по секоја работа во сидовите, таваните или подовите проверете да не е оштетен некој гасовод.

▶ При прицврстување на предмети на суви сидови проверете дали има доволна носивост на сидот одн. на материјалите за прицврстување, особено при прицврстување на потконструкција.

Дополнителни безбедносни напомени за ласерска либела

▶ Никогаш не прекривајте ги предупредувачките знаци на ласерската либела.

DREMEL DD12V - Дополнителни безбедносни напомени за ласерска либела - 1

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите очите.

Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.

518 | Македонски

▶ Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
▶ Не правете промени на ласерскиот уред.
▶ Не оставајте ги децата да ја користат ласерската либела без надзор. Децата може ненамерно да ги заслепат другите лица или себеси.
▶ Ласерската либела се испорачува со знак за предупредување за ласер (означен на сликата на ласерската либела на страницата со слики).
Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.

DREMEL DD12V - | Македонски - 1

Заштитете ја ласерската либела од топлина, на пр. исто така од постојана изложеност на сончеви зраци, орган, вода или влажност. Инаку, постои опасност од експлозија.

Безбедносни напомени за полначи

Овој полнач не е предвиден за употреба од деца и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или со недоволно искусство и знаење. Овој полнач може да го користат деца над 8 години како и лица со ограничени физички, сензорни и ментални способности или со недоволно искусство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со полначот и ги разбираат опасностите кои може да произлезат поради тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.

▶ За време на користењето, чистењето и одржувањето надгледувајте ги децата. Така ќе се осигурате дека децата нема да си играат со полначот.

▶ Полнете само Dremelлитиум-јонски батерии со капацитет од 1,3 Ah. Напонот на батеријата мора да одговара на напонот за полнење на батеријата на полначот. Не полнете батерии за повторно полнење. Инаку постои опасност од пожар и експлозија.

DREMEL DD12V - Безбедносни напомени за полначи - 1

Користете го полначот само во затворени простории и држете го

подалеку од влага. Навлегувањето на вода во полнач го зголемува ризикот од електричен удар.

▶ Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се извалка, постои опасност од електричен удар.

▶ Пред секое користење, проверете ги полначот, како и кабелот и приклучокот. Не го користете полначот, доколку забележите оштетувања. Не отворајте го сами полначот и оставете го на поправка само кај Dremel или кај овластен сервисен центар кој їе користи само оригинални резервни делови. Оштетениот полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за електричен удар.
▶ Не го користете полначот на лесно запалива подлога (на пр. хартија, текстил итн.) одн. во запалива околина. Постои опасност од пожар заради затоплувањето на уредот што произлегува при полнењето.

Опис на производот и перформансите

DREMEL DD12V - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства.

Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за завртување и одвртување на завртки како и за дупчење во дрво, метал, керамика и пластика.

Електричниот алат е наменет и да бара метални и дрвени столпчиња, како и дрвени греди во сидовите и таваните од гипскартон во затворен простор.

Ласерската либела е наменета за одредување и проверка на хоризонтални и вертикални линии во затворен простор.

Овој производ е потрошувачки ласерски производ во согласност со EN 50689. Полначот е наменет за полнење на Li-Ion батерии што може да се наполнуваат Dremel.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Натпис за предупредување на ласерот
(2) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(3) Приказ за наполнетост на батеријата
(4) Прекинувач за вклучување/исклучување
(5) Приказ за најден предмет

520 | Македонски

(8) Копче за отклучување

(9) Батерија

(10) Ласерска либела

(11) Контактен прекинувач на функцијата за лоцирање

(12) Област за сензор на функцијата за лоцирање

(13) Работно светло

(14) 1/4"-шестаголен држач за алат

(15) Чаура за заклучување

(16) Прстен за подесување во претходно избран вртежен момент

(17) Рачка (изолирана површина на рачката)

(18) USB Type-C®-отвор ^a) ласерска либела

(19) Приказ за наполнетост на ласерската либела

(20) Копче за вклучување/исклучување на ласерската либела

(21) Либела за вертикално центрирање

(22) Либела за хоризонтално центрирање

(23) Излезен отвор за ласерскиот зрак

(24) USB-кабел

(25) Полнач

(26) Зелен приказ за состојба на наполнетост

(27) Отвор за батеријата

(28) Бит за одвртувач

(30) Вратило за прифат на ласерската либела

(31) Помош за обележување за функцијата за лоцирање

(32) Лепенка за ласерската либела

(33) Сериски број на ласерската либела

a) USB Type-C® и USB-C® се трговски ознаки за USB Implementers Forum.

b) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.

Технички податоци

Функција на навртување/дупчење:

Број на вртежи во празен од n_0^C) min^-1 0–800
Макс. дупка-∅
– Челик mm 12,7
– Дрво mm 12,7
Макс. завртување-∅ mm 10

Функција за лоцирање:

Макс. регистрирање на длабочина ^D)
– Метален држач mm 15,8
– Дрвена греда mm 15,8
Макс. оперативна висина преку референтната висинаm 2000
Макс. релативна влажност на воздухот % 80
Степен на извалканост според IEC 61010-1 2^E)

Функција на нивелирање со ласерска либела LL01:

Работен опсег до прибл. ^F) m3
Макс. оперативна висина преку референтната висинаm 2000
Релативна влажност на воздухот макс.% 80
Степен на извалканост според IEC 61010-1 2^E)

522 | Македонски

Батериска дупчалка-одвртувач DD12V

Класа на ласер 2
Тип на ласер mWnm< 1635
C_6 1
Тежина kg 0,057
Литиум-јонска батерија за ласерската либела:
– Приклучок за полнење USB Type-C®
– Номинален напон V 3,7
– Енергија Wh 0,666
– Препорачана околна температура при полнење°C 0 ... +45
– Дозволена околна температура при работење°C 0 ... +40
– Дозволена околна температура при складирање°C -20 ... +49
Мрежен напојувач:
– Излезен напон V 5,0
– Минимална излезна струја A 1,0

C) Мерено при 20-25 °C со батерија B12V20-01

D) во зависност од материјалот и големината на предметите, како и материјалот и costојбата на подлогата

E) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.

Серискиот број (33) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на ласерската либела.

ПолначGAL 12V-20
Класа на заштита☐/II
Струја за полнењеA)2,0 A
Напон на полнење на батеријата (автоматско препознавање на напон)3,6–12 V—

Полнач GAL 12V-20

Тежина ^B)

0,25 kg

A) Во зависност од температурата и типот на батеријата
В) Тежина без кабел за струја и без приклучок за струја

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-2.

Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со А, типично е помало од 70 dB(A). Нивото на звучниот притисок при работењето може да ги надмине наведените вредности. Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-2:

Завртување: a_h < 2,5 m/s^2, K = 1,5 m/s^2

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исключен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Батерија

Dremel продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.

524 | Македонски

Полнење на батеријата

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Ставање на батеријата

Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.

Вадење на батеријата

За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчињата за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.

Приказ за наполнетост на батеријата

Приказот за наполнетост на акумулаторската батеријата при напола притиснат прекинувач за вклучување/исклучување ја прикажува состојбата за наполнетост на батеријата.

Ако трепкаат двете надворешни LED-светилки на приказот за наполнетост, заменете ја батеријата.

Заштита од преоптоварување во зависност од температурата

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При прејако оптоварување или кога дозволената температура на батеријата ќе се надмине, електрониката на електричниот алат се ислучува.

Кога ће се прегрее, централната LED-светилка на приказот за наполнетост на батеријата трепка. Оставете ја батеријата, односно електричниот алат да се излади.

Кога е преоптоварен, левата и централната LED-светилка трепкаат истовремено. Намалете го притисокот и оптоварувањето на електричниот алат.

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од –20 °C до 49 °C. Не оставајте ја батеријата на пр. во автомобил во лето.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.

Полнач

Процес на полнење

▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на полначот.

i Проверете дали отворот за полнење и контактите на батеријата се без груба нечистотија. Проверете дали батеријата е целосно ставена.

Полнењето започнува штом мрежниот приключок на полначот се приклучи во приклучницата и батеријата се стави во отворот за полнење.

i Полнењето е можно само кога температурата на батеријата е во дозволениот температурен опсег на полнење (0–45 °C).

Паметниот процес на полнење автоматски ја открива состојбата на наполнетост на батеријата и ја полни со оптимална струја за полнење во зависност од температурата и напонот на батеријата.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

При континуирани или последователни циклуси на полнење без прекин, полначот може да се затопли. Ова е безопасно и не значи дека постои технички дефект на полначот.

Значење на елементите на приказот

Трепкачко светло на приказот за сostoјбата на наполнетост на батеријата

DREMEL DD12V - Значење на елементите на приказот - 1

Процесот на полнење се сигнализира со трепкање на приказот за состојба на наполнетост.

526 | Македонски

Непрекинато зелено светло на приказот за состојба на наполнетост на батеријата

DREMEL DD12V - Непрекинато зелено светло на приказот за состојба на наполнетост на батеријата - 1

Непрекинатото светло на приказот за Costaјба на наполнетост сигнализира, дека батеријата е целосно наполнета или дека температурата на батеријата е надвор од дозволениот температурен опсег на полнење (0–45 °C) и затоа не може да се полни. Веднаш штом се постигне дозволениот температурен опсег, батеријата се полни.

Без вметната батерија непрекинатото светло на приказот за Costaјба на наполнетост, сигнализира дека мрежниот приклучок е приключен на приклучницата и дека полначот е подготвен за работа.

Справување со грешки

Батеријата не се полни

DREMEL DD12V - Батеријата не се полни - 1

Батеријата не се полни и приказот за состојба на наполнетост свети непрекинато.

Причина: Полначот детектираше внатрешна грешка

Помош: Осигурете се дека сите батерии се целосно вметнати. Повлечете го струјниот приклучок и повторно вметнете го. Доколку повторно се појави грешката, полночат оставете го на проверка во овластена сервисна служба за Dremel -електрични алати.

Причина: Температурата на батеријата е надвор од дозволениот опсег на температура на полнење

Помош: Почекајте додека температурата на батеријата не дојде повторно во рамки на дозволениот опсег на температура на полнење (0–45 °C).

Причина: Батеријата не е правилно вметната

Помош: Вметнете ја батеријата правилно во полначот.

Причина: контактите за батеријата и за полнење се валкани

Помош: исключете ја батеријата и исчистете ја батеријата и контактите за полнење (суви).

Причина: Батеријата е дефектна

Помош: Заменете ја батеријата.

Приказите не светат

Не свети приказ, батеријата не се полни.

Причина: приклучницата, струјниот кабел или полначот се дефектни

Помош: проверете дали полначот е поврзан со соодветна и исправна приклучница. Ако повторно се појави грешката, полначот оставете го на проверка во областена сервисна служба, ако е потребно.

Причина: Струјниот приклучок на полначот не е (правилно) вметнат

Помош: Вметнете го струјниот приклучок (целосно) во приклучницата.

Полнење на ласерската либела

▶ За полнење, користете само USB-мрежен напојувач, чиј излезен напон и минимална излезна струја ги исполнуваат барањата во поглавјето „Технички податоци“. Почитувајте го упатството за користење на USB-мрежниот дел.
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот напојувач.
▶ Полнете ја батеријата преку USB-приклучок само на околни температури меѓу 0 °C и +45 °C. Полнење надвор од температурниот опсег може да ја оштети батеријата или да ја зголеми опасноста од пожар.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Кога батеријата е празна, ласерската линија се исклучува. Наполнете ја батеријата. За да го направите ова, поврзете го USB Type-C®-приклучокот (18) преку USB-кабел (24) со USB-напојување. Приклучете го USB-напојувањето на струјната мрежа.

Приказот за наполнетост (19) на ласерската либела (10) свети за време на процесот на полнење. Доколку батеријата е целосно наполнета, се гаси приказот за наполнетост.

Ако ласерската либела е включено за време на полнењето, процесот на полнење се прекинува. Откако їе се исклучи ласерската либела, процесот на полнење продолжува.

528 | Македонски

Кога полнењето ће заврши, исключете го USB-кабелот (24). Заштитете го USB Type-C®-приклучокот (18) од прашина и вода.

Монтажа

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При
невнимателно притискање на прекинувают за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ При менување на алатот носете заштитни ракавици. Алатот за
вметнување може да се загрее при подолга работа.

Користете само алати за вметнување со соодветен крај за вметнување (1/4"-шестаголен).

Турнете го алатот за вметнување во прифатот за алат додека не кликне (14).

За да го извадите алатот за вметнување, повлечете ја наназад чаурата за заклучување (15) и извадете го алатот за вметнување од прифатот за алат.

Отстранување/вметнување на ласерската либела (види слика В)

За нивелирање, лизнете ја ласерската либела (10) надвор од отворот (30) на електричниот алат.

По употреба, лизнете ја ласерската либела назад во отворот (30).

Напомена: ласерската либела (10) може да се вметне само во отворот во положбата прикажана на сликата. Не користете сила.

Ласерската либела (10) може да остане во отворот кога електричниот алат се користи за која било примена (навртување, дупчење, лоцирање).

Всисување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Погрижете се за добра проветреност на работното место.

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Употреба

Функција на дупчење/навртување

Избирање на вртежниот момент

Со прстенот за подесување на вртежниот момент (16) може да го изберете потребниот вртежен момент во степени. При правилно подесување, алатот што се вметнува ќе се стопира, откако завртката цврсто ќе се заврти во материјалот одн. откако ќе се постигне поставениот вртежен момент. Во позицијата 🚗️ пружината за спојување е деактивирана, на пр. за дупчење или навртување големи завртки. На овој степен ќе постигнете максимален вртежен момент.

При одвртување на завртки евентуално може да одберете повисока поставка одн. да поставите на ознаката

Подесување на правецот на вртење (види слика С)

▶ Прекинувачот за менување на правецот на вртење (2) активирајте го само кога електричниот алат е во мирување. Инаку може да предизвика штети.

Десен тек: За дупчење и завртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (2) налево до крај.

Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (2) на десно до крај.

Блокада при вклучување: за блокирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (4), притиснете го прекинувачот за насока на вртење (2) во средишната положба.

Вклучување/исклучување

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) и држете го притиснат.

Работното светло (13) свети при малку или целосно притиснат прекинувач за включување/исклучување (4) и овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.

530 | Македонски

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4).

Поставување на број на вртежи

Бројот на вртежите на включениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку їе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (4).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (4) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.

Сопирачка за исфрлување од брзина

При отпуштање на прекинувачот за включување/исклучување (4) се закочува ротацијата и со тоа се спречува повторното стартување на алатот што се вметнува.

При завртување на завртки, прекинувачот за вклучување/исклучување (4) отпуштете го дури откако завртката цврсто їе биде завртена во материјалот. На тој начин главата на завртката нема да навлезе во материјалот.

▶ Електричниот алат ставете го на завртката само доколку е ислучен. Доколку алатите што се вметнуваат се включени и се вртат, тие може да се превртат.

При дупчење во метал, користете само беспрекорно наострени HSS дупчалки (HSS = висококапацитетно брзо сечење со челик). Квалитетот е загарантиран преку Dremel програмата за опрема.

По подолго работење со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.

Функција за лоцирање

▶ Заштитете го електричниот алат од влага и директно изложување на сончеви зраци.
▶ Не изложувајте го електричниот алат на екстремни температури или температурни осцилации. Оставете го електричниот алат да се стабилизира пред да ја користите функцијата за лоцирање кога има големи температурни флуктуации. При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на лоцирањето може да се наруши.
▶ Избегнувајте удари и превртувања на електричниот алат. По силните надворешни влијанија и при девијации во функционалноста, електричниот алат треба да се провери во овластена сервисна служба на Dremel.

▶ За да избегнете влијание врз мерењето, држете го електричниот алат само за назначените површини за држење (17), додека се одредува локацијата. Раката не смее да ја допира површината за време на мерењето.
▶ Не прикачувајте никакви налепници или етикети на полето на сензорот (12) или на задниот дел од полето на сензорот. Металните знаци особено влијаат на резултатите од мерењето.

DREMEL DD12V - Функција за лоцирање - 1

Не носете ракавици за време на мерењето и проверете дали сте довольно заземјени. Недоволното заземјување може да влијае на лоцирањето.

DREMEL DD12V - Функција за лоцирање - 2

За време на мерењето, избегнувајте да бидете во близина на уреди кои испуштаат силни електрични, магнетни или електромагнетни полиња, како што се мобилни телефони, лаптопи или таблети. Доколку е можно, деактивирајте ги соодветните функции кај сите уреди чие зрачење може да влијае на мерењето или исключете ги уредите.

Започнување/завршување на функцијата за лоцирање

▶ Пред да лоцирате, проверете дали полето на сензорот (12) е влажно. Доколку е влажно, исушете го електричниот алат со крпа.
Доколку електричниот алат бил изложен на големи температурни разлики, оставете го да се прилагоди на температурата пред да лоцирате.

Отстранете го алатот за вметнување од прифатот за алат (14).

За започнување на функцијата за лоцирање, поставете го електричниот алат со полето на сензорот (12) целосно на површината. Контактниот прекинувач (11) мора да се притиска додека не кликне. Приказот за калибрација (7) се вклучува.

Контактниот прекинувач мора да се притиска и држи постојано за време на процесот на мерење.

За запирање на функцијата за лоцирање, подигнете го електричниот алат од површината, така што контактниот прекинувач (11) да се ослободи со кликнување. Сите прикази се ислучуваат.

Кога ће го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (4), се исклучува и функцијата за лоцирање.

▶ Кога го поставувате и складирате електричниот алат, погрижете се контактниот прекинувач да не е притиснат или извадете ја батеријата од

532 | Македонски

електричниот алат. Кога ће се притисне контактниот прекинувач, функцијата за лоцирање се активира и на тој начин може да се испразни батеријата.

Подножјето на полето на сензорот (12) се испитува до максимальната длабочина на откривање со помош на електричниот алат. Уредот автоматски бара метал и дрво при секое мерење.

Значење на приказите:

DREMEL DD12V - | Македонски - 1

Кога свети жолтиот приказ за калибрација (7), функцијата за лоцирање автоматски се калибрира. Држете го полето на сензорот (12) притиснато на површината (без поместување на електричниот алат) додека не се изгасне приказот.

DREMEL DD12V - | Македонски - 2

Кога свети зелениот приказ за локација (6), функцијата за лоцирање е подготвена за мерење. Поместете го електричниот алат полека по површината во правец на стрелката.

DREMEL DD12V - | Македонски - 3

natural_image Simple white equilateral triangle on black background (no text or symbols)

Кога свети црвениот приказ за најден предмет (5), во подлогата е откриен раб на метален или дрвен предмет. Работ е под помошта за обележување (31) и може да се означи на подлогата во овој момент (види слика D).

Напомена: откако ње означите предмет со пенкало, мора да започнете ново мерење, бидејки пенкалото може да влијае на

мерењето.

Поставете го електричниот алат со полето на сензорот на површината што треба да се испита. Почекајте додека не се изгасне жолтиот приказ за калибрација (7) и не се вклучи зелениот приказ за лоцирање (6).

Потоа движете го електричниот алат во права линија во насока на стрелката, нанесувајки лесен притисок на површината, без да го кревате или да го менувате притисокот. Цврсто и рамно држете го електричниот алат за рачката (17). Не менувајте го држењето за време на мерењето и особено не посегнувајте во полето на сензорот (12).

Движењето на електричниот алат по површината треба да биде попречно на предметот што се бара. Затоа, држете го електричниот алат вертикално кога барате хоризонтални предмети и хоризонтално кога барате вертикални предмети (види слика E).

Ако не сте сигурни за усогласувањето на предметот во сидот, тогаш направете вкрстено мерење.

При првото скенирање, предметите се прикажуваат само грубо. Движете го електричниот алат над истата област неколку пати за прецизно да го лоцирате предметот.

Ако не се најде предмет, електричниот алат можеби бил поставен на површината преку метален или дрвен предмет. Калибрирањето на уредот со помош на предмет влијае на чувствителноста на мерењето. Подигнете го електричниот алат од површината и започнете ново мерење на друга точка.

Напомена за лоцирање:

– Отстранете ги сите метални предмети како прстени, часовници и накит од близината на електричниот алат за да не влијаат врз резултатите од мерењето.
– Не допирајте го задниот дел од полето на сензорот (12).
– Не допирајте ја површината што треба да ја прегледате со рака или кој било друг дел од вашето тело.
– Секогаш движете го електричниот алат полека за да постигнете максимальна чувствителност.
– Ако површината е нерамна или многу груба, ставете тенко парче картон на површината и движете го електричниот алат преку картонот. Електричниот алат нека се калибрира над картонот.
– Длабочината на откривање на мерењето зависи од материјалот и големината на предметите, како и од материјалот и состојбата на површината и може да биде помала од максимальната длабочина на откривање.
– Каблите и цевките во сидот, исто така, може да се прикажат како предмети.

▶ Пред да дупчите во сид, сечете или глодате, треба да се заштитите од опасности и со помош на други извори на информации. Бидејки на резултатите од мерењето може да влијаат фактори на околината или состоитјбата на сидот, може да има опасност иако црвениот приказ за најден предмет (5) не свети.

Функција на нивелирање со ласерска либела

▶ Заштитете ја ласерската либела од влага и директно изложување на сончеви зраци.
▶ Не изложувајте ја ласерската либела на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не оставајте ја долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете ја ласерската либела прво да се аклиматизира, пред да ја ставите во употреба. При

534 | Македонски

екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на ласерската либела може да се наруши.

▶ Избегнувајте удари и превртувања на ласерската либела. Доколку се оштети ласерската либела, може да се наруши прецизноста. По тежок пад или удар, споредете ги ласерските линии за контрола со познатата хоризонтална или вертикална референтна линија.
За обележување, секогаш користете ја само средината на ласерската линија. Ширината на ласерската линија се менува со оддалечувањето.

Вклучување/исклучување на ласерската либела

За вклучување на ласерската либела притиснете го копчето за вклучување/исклучување (20). Ласерската либела емитува ласерски зрак од излезниот отвор веднаш по вклучувањето (23).

▶ Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.

За исклучување на ласерската либела притиснете го копчето за включување/исклучување (20).

He оставајте ја ласерската либела без надзор кога е включена и задолжително исключете ја по употреба. Други лица би можеле да бидат заслепени од ласерскиот эрак.

Ако ласерската либела е во погрешна положба, ласерскиот зрак нема да биде вертикален или хоризонтален, дури и ако либелата е центрирана. Оптималната точност во нивелирањето се постигнува само ако ласерската либела е правилно поставена:

– Кога се порамнува хоризонтално користејки ја либелата за хоризонтално порамнување (22), излезниот отвор за ласерскиот зрак (23) мора да биде насочен надесно.
– Кога се порамнува вертикално користејки ја либелата за вертикално порамнување (21), излезниот отвор за ласерскиот зрак (23) мора да биде насочен нагоре.

Прицврстување на ласерската либела со лепенки (види слика G)

Ласерската либела (10) може да се прикачи на површината со лепенки (32). Површината мора да биде сува и цврста.

Јачината на прилепување на лепенките не е загарантирана на влажни, многу нечисти површини со остри рабови или површини со многу текстура. Кога е прикачена на такви несоодветни површини, ласерската либела (10) може да падне и да се оштети или да ја оштети површината на која е прикачена.

Пред секоја употреба, тестирајте дали лепенките (32) ће се залепат на саканата површина и дали ласерската либела може да се отстрани без да се оштети површината.

Прицврстување на ласерската либела:

– Притискајте ги лепенките (32), додека не омекнат. Притиснете по една лепенка (32) во вдлабнатините на задната страна на ласерската либела (10). Израмнете ги лепенките и цврсто притиснете ги.
– Држете ја ласерската либела (10) на мало растојание од површината.
– Користете ја ласерските либели за хоризонтално и вертикално нивелирање.
– Притиснете ја ласерската либела (10) со лепенките (32) цврсто на површината.

Секогаш отстранувајте ја ласерската либела кога ќе завршите со мерењето или кога се обработува површината (на пр. со дупчење, завртување или ударно дупчење).

Отстранување на ласерската либела:

– Подигнете ја ласерската либела (10) со примена на лесен притисок на едната страна и полека извлечете ја од површината.
– Ако треба, може да ја свртите ласерската либела со мали движења на занишување и на тој начин да ја олабавите.

При вметнување на ласерската либела (10) во отворот (30) лепенките (32) може да останат на ласерската либела, но треба да бидат покриени за да се заштитат од нечистотија (на пр. со обложена хартија).

Може да и да ги откачите лепенките (32) и да ги чувате засебно. Притискајте ги лепенките додека повторно не омекнат пред повторно да ги употребите.

Ако лепенките се валкани или веке не се лепат на мазни површини, тие мора да се заменат.

Израмнување со ласерска линија (види слики H-J)

Со помош на ласерската либела (10), може на пр. да израмнувате предмети на сидот:

– Хоризонтално (со ласерската либела поставена хоризонтално),
– Вертикално едно врз друго (со ласерската либела поставена вертикално),
– Под кој било агол (со ласерската либела усогласена со референтните точки како што се оградите на скалите).

Држете ја ласерската либела (10) на сидот или прицврстете ја со лепенките (32).

Напомена: хоризонталното порамнување со помош на ласерската либела е можно само на сидот на кој е прикачена ласерската либела. Дури и ако

536 | Македонски

ласерската линија може да се види на соседните sidови, таа не мора да оди хоризонтално на овие sidови.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Ако батеријата на ласерската либела веке не работи, контактирајте со овластен сервисен центар за електрични алати на Dremel.

Ако треба да се замени кабелот на полначот, тоа мора да се направи во Dremel или во овластен сервис за електрични алати на Dremel за да се избегнат опасности.

Не потопувајте го електричниот алат и ласерската либела во вода или други течности.

Избришете ги нечистотиите со сува, мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.

Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.

Поправка и гаранција

Препорачуваме одржувањето и поправките да се вршат во сервисните центри на Dremel.

Гаранцијата за овој производ на Dremel е во согласност со прописите специфични за земјата. Штетата предизвикана од нормално абење, преоптоварување или неправилно ракување е исключена од гаранцијата.

Во случај на поплака, испратете го алатот и/или полначот до дилерот заедно со доказ за купување.

Податоци за контакт на Dremel

Дополнителни информации за поправки, гаранција, производи на Dremel, корисничка служба и телефонска поддршка може да најдете на www.dremel.com.

Транспорт

Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на барањата во Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на истите од страна на трети лица воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени за пакување и означување со етикети. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

DREMEL DD12V - Отстранување - 1

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

DREMEL DD12V - Отстранување - 2

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Електричните алати кои повеće не се употребливи и неисправни или користени акумулаторски батерии/батерии мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.

Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и електронска опрема може да има штетни ефекти врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.

Батерии:

Литиум јон: внимавајте на напомените во делот Транспорт(види „Транспорт“, Страница 537).

▶ При отстранување, вградените батерии смеат да се извадат само од страна на стручен персонал. Со отворање на обвивката на кујиштето, ласерската либела може да се уништи.

538 | Srpski

За да ја извадите батеријата од ласерската либела, притискајте на ласерската либела додека целосно не се испразни батеријата. Одвртете ги завртките на куќиштето и извадете ја обвивката на куќиштето, за да ги извадите батериите. За да избегнете краток спој, извадете ги поединечно еден по друг приклучоците на батеријата и на крај изолирајте ги половите. Дури и при целосното празнење во батеријата има преостанат капацитет, којшто може да се ослободи во случај на краток спој.

Srpski

Simboli

① Pročitajte ovo uputstvo.
② Nosite zaštitu za sluh, zaštitne naočare i zaštitnu masku za prašinu.
③ Pažnja – lasersko zračenje
④ Verzija klase II
⑤ Ne bacajte električni alat u kućni otpad.
⑥ Lasersko zračenje. Nemojte da gledate u zrak. Laserski proizvod klase 2 za korisnike.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : DREMEL

Модел : DD12V

Категорија : приклучок