DREMEL CS12V - Пила

CS12V - Пила DREMEL - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CS12V DREMEL во PDF формат.

📄 645 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice DREMEL CS12V - page 474
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за CS12V DREMEL

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CS12V - DREMEL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CS12V на марката DREMEL.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CS12V DREMEL

① Прочитајте го упатството
② Носете заштита за слухот.
③ Носете заштитни очила.
④ Носете маска за заштита од прав.
⑤ Верзија на класа II
⑥ Не фрлајте ги електричните алати во домашната канта за отпадоци.
⑦ Потрошувачки ласерски производ од класа 1

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства

приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

▶ Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина.
Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.

Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.

▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ће се зголеми ризикот од струен удар.

▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.

▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.

▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под

476 | Македонски

дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.

▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
▶ Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат.

Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.

Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот.
Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош.

478 | Македонски

Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.

▶ Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет.
Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни напомени за кружни пили

Постапки на сечење

▶ ПАСНОСТ: Држете ги рацете подалеку од површината за сечење и од сечилото. Доколку ја држите пилата со двете раце, нема да се исечете со сечилото.
▶ Не посегнувајте под делот што се обработува. Заштитниот поклопец не може да ве заштити од сечилото доколку посегнете под делот што се обработува.
▶ Прилагодете ја длабочината на сечење според дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува треба да се гледа помалку од половина запчаник од сечилото.
▶ Никогаш не го држете делот што се обработува во рака, и не го поставувајте преку нога за време на сечењето. Поставете го делот што се обработува на стабилна платформа. Многу е важно правилно да ја изведувате работата, за да ја минимизирате изложеноста на телото, заглавувањето на сечилото или губењето контрола.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за сечилото да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за

сечење дојде во допир со жица под напон, може да ги изложи металлите делови на електричниот алат под напон и операторот може да добие струен удар.

▶ При процесот на сечење по должина, секогаш користете паралелен граничник или аголен граничник. Ова ја подобрува прецизноста на сечењето и ги намалува шансите за извиткување на сечилото.
Секогаш користете сечила со точна големина и форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор дупките. Сечилата што не се совпагаат со монтираниот тврд дел на пилата, ке се поместат надвор од центарот и ке изгубите контрола.
▶ Никогаш не користете оштетени или неправилни подлошки за сечила или гвинтови. Подлошките за сечила и гвинтовите се специјални изработени за вашата пила, за оптимално и безбедно работење.

Одбивање и слични предупредувања

  • одбивањето е ненадејна реакција на делот што се обработува заради приклештено, заглавено или нерамномерно сечило на пилата, предизвигувајки пилата да излезе од лежиштето и да отскокне кон операторот;
  • кога сечилото цврсто се приклештува или заглавува поради затворање на лежиштето, тоа се гаси и моторната реакција брзо ја враćа единицата кон операторот;
    – доколку сечилото се превитка или се измести за време на сечењето, запчаниците на задниот раб од сечилото може да се закопаат во горниот дел на дрвото предизвикувајки тоа да излезе од лежиштето и да отскокне кон операторот.

Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или несоодветни оперативни постапки или услови и може да се избегне со преземање на соодветните превентивни мерки наведени подолу.

Цврсто држете ја пилата и поставете ги рацете така што ке бидат отпорни на силите на одбивањето. Поставете го телото на едната страна од сечилото, но никако паралелно со него. Одбивањето може да предизвика пилата да отскокне наназад, но операторот може да ги контролира силите на одбивање доколку ги преземе соодветните мерки за претпазливост.
Koga сечилото се навалува или кога прекинува сечењето од која било причина, отпуштете го активаторот и држете го уредот неподвижен сё додека сечилото целосно не запре. Никогаш не ја отстранувајте пилата или не ја вметнувајте додека сечилото е во движење бидејки може да дојде до одбивање. Извршете проверки и поправки за да ја елиминирате причината за навалување на сечилото.

480 | Македонски

▶ При рестартирање на пилата додека се наоја во делот што се обработува, насочете ја кон центарот на засекот така што запците да не го зафаќаат материјалот. Ако пилата се навали, може да се приближи или да се одбие од работното парче додека е во процес на рестартирање.
▶ Потпрете ги големите делови што се обработуваат за да го намалите ризикот од приклештување или одбивање на сечилото. Големите делови што ги обработувате се искривуваат под својата тежина. Потпирачите мора да се стават под двете страни на делот што го обработувате, покрај линијата на засекот и покрај работ на делот што го обработувате.
▶ Не користете тапи или оштетени сечила. Ненаострени или несоодветно поставени сечила прават тесни засеци создавајки прекумерно триење, извиткување на сечилото или одбивање.
▶ Длабочината на сечилото и рачките за прилагодување на косината мора да се прицврстат и да се осигураат пред да се направи засекот. Ако прилагоденото сечило се подигне за време на сечењето, може да предизвика навалување и одбивање.
▶ Обрнете дополнително внимание при сечење во постоечки сидови или други празнини. Испакнато сечило може да пресече предмети кои може да предизвикаат одбивање.

Функција на долен заштитен поклопец

▶ Пред секоја употреба проверете дали е правилно затворен долниот штитник. Не работете со пилата доколку долниот штитник не може слободно да се движи и веднаш се затвора. Никогаш не го стегајте или не го врзувајте долниот штитник додека е отворен. Ако пилата случајно падне, долниот штитник може да се извитка. Подигнете го долниот штитник со повлекување на рачката, и уверете се дека слободно се движи, и не го допирајте сечилото ниту некој друг дел, на аглите и длабочината на засекот.
▶ Проверете ја работата на пружината на долниот заштитен поклопец. Доколку заштитниот поклопец и пружината не функционираат правилно, мора да се сервисираат пред употреба. Долниот заштитен поклопец може побавно да работи поради оштетени делови, лепливи наслаги или наталожена нечистотија.
▶ Долниот штитник може рачно да се повлече за одредени засеци, како што се „убодни засеци“ и „аголни засеци”. Подигнете го долниот штитник со повлекување на рачката, и кога сечилото Ѽе го пробие материјалот, долниот штитник мора да се отпушки.За сите останати засеци, долниот штитник автоматски Ѽе работи.
▶ Секогаш внимавајте долниот штитник да го покрива сечилото пред да ја спуштите пилата на работна маса или на под.Незаштитено, разлабавено

сечило će предизвика враćање на пилата наназад, и сечење на се со што će дојде во допир. Внимавајте на времето што му е потребно на сечилото откако прекинувачот će се ослободи.

Дополнителни безбедносни напомени

▶ Не ги факајте исфрлените струготини со раце. Може да се повредите од ротирачките делови.
▶ Не работете со пилата над глава. Тогаш немате доволна контрола врз електричниот алат.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.
▶ Не го фиксирајте електричниот алат. Тој не е предвиден за работа на маса за сечење.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ При „длабински рез“ и неаголни резови треба да се постави водилката на пилата за да го спречи страничното поместување. Страничното поместување може да доведе до заглавување на листот на пилата и до повратен удар.
▶ Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите листови на пила може лесно да се скршат.
▶ Не сечете железни метали. Струготините би можеле да го запалат вшмукувачот за прав.
▶ Носете маска за заштита од прав.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.

482 | Македонски

▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата će се заштити од опасно преоптоварување.

DREMEL CS12V - | Македонски - 1

DREMEL CS12V - | Македонски - 2

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

▶ Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
He ја оштетувајте ознаката за предупредување на електричниот алат.
▶ Електричниот алат се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (види табела „Ознаки и нивно значење“).

DREMEL CS12V - | Македонски - 3

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреći или да ги оштетите очите.

▶ Не правете промени на ласерскиот уред. Можностите за подесување опишани во ова упатство за употреба можете безбедно да ги користите.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
▶ Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
▶ Вградениот ласер не го заменувајте со ласер од друг тип. Доколку се искористи ласер кој не е соодветен на овој електричен алат, може да има опасност за лицата.

Безбедносни напомени за полначи

▶ Овој полнач не е предвиден за употреба од деца и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или со недоволно искусство и знаење. Овој полнач може да го користат деца над 8 години како и лица со ограничени физички, сензорни и ментални способности

или со недоволно искусство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со полначот и ги разбираат опасностите кои може да произлезат поради тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.

▶ За време на користењето, чистењето и одржувањето надгледувајте ги децата. Така ќе се осигурате дека децата нема да си играат со полначот.
▶ Полнете само Dremelлитиум-јонски батерии со капацитет од 1,3 Ah. Напонот на батеријата мора да одговара на напонот за полнење на батеријата на полначот. Не полнете батерии за повторно полнење. Инаку постои опасност од пожар и експлозија.

DREMEL CS12V - Безбедносни напомени за полначи - 1

Користете го полначот само во затворени простории и држете го

подалеку од влага. Навлегувањето на вода во полнач го зголемува ризикот од електричен удар.

▶ Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се извалка, постои опасност од електричен удар.
▶ Пред секое користење, проверете ги полначот, како и кабелот и приклучокот. Не го користете полначот, доколку забележите оштетувања. Не отворајте го сами полначот и оставете го на поправка само кај Dremel или кај овластен сервисен центар кој ће користи само оригинални резервни делови. Оштетениот полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за електричен удар.
▶ Не го користете полначот на лесно запалива подлога (на пр. хартија, текстил итн.) одн. во запалива околина. Постои опасност од пожар заради затоплувањето на уредот што произлегува при полнењето.

Опис на производот и перформансите

DREMEL CS12V - Опис на производот и перформансите - 1

DREMEL CS12V - Опис на производот и перформансите - 2

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките

настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да

предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

484 | Македонски

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за сечење дрво, ламинат, пластика, рамен материјал од обоени метали како алуминиум и бакар со максимална дебелина од 2 mm.

Електричниот алат не е погоден за сечење сидарски конструкции, камен или плочки.

Овој производ е потрошувачки ласерски производ во согласност со EN 50689.

Полначот е наменет за полнење на Li-Ion батерии што може да се наполнуваат Dremel.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Приказ за наполнетост на батеријата
(2) Копче за вклучување/исклучување на ласерот
(3) Блокада при включување на прекинувачот за включување/ислучување
(4) Прекинувач за вклучување/исклучување
(5) Рачка (изолирана површина на рачката)
(6) Копче за отклучување
(7) Батерија
(8) Скала за подесување на длабочината на сечење
(9) Заштитен капак
(10) Лост за подесување на осцилаторен заштитен капак
(11) Адаптер за всисувачот за прав ^a)
(12) Паралелен граничник ^a)
(13) Основна плоча
(14) Осцилаторен заштитен капак
(15) Затезна завртка со подлошка
(16) Стезна прирабница
(17) Лист за кружната пила
(18) Жлеб за паралелниот граничник
(19) Порамнување со ласер
(20) Водилка за линијата за сечење

(21) Пеперутка-завртка за претходно избирање на аголот на косо сечење
(22) Завртка со внатрешна шестаголна глава за поставување на ласерот
(23) Завртка со вкрстена глава за странично поставување на ласерот
(24) Копче за блокирање на вретеното
(25) Скала на закосени агли
(26) Завртка за прицврстување за паралелен граничник
(27) Млазници за издувување
(28) Клуч со внатрешна шестаголна глава
(29) Полнач
(30) Зелен приказ за сostoјба на наполнетост
(31) Отвор за батеријата
(32) Пеперутка-завртка за претходно бирање на длабочината на резот
(33) Вретено на пилата
(34) Приключна прирабница
(35) Црево за всисување ^a)
(36) Завртка за подесување на длабочината на резот
(37) Пар стеги ^a)

a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандартниот обем на испорака.

Технички податоци

Рачна кружна пила CS 12V
Број на делF 013 CS1 2..
Номинален напон V 12==
Номинален број на вртежи во празен од ^A) min ^-1 5000
Макс. длабочина на резот
– При агол на косо сечење од 0° mm 25,4
– При агол на косо сечење од 45° mm 15,9
Блокада за вретеното ●
Димензии на основната плоча mm 150 x 93
Макс. дијаметар на сечилото за пила mm 85
Мин. дијаметар на сечилото за пила mm 85

486 | Македонски

Рачна кружна пила CS 12V

Макс. дебелина на сечилото на пилата mm 1,5
Макс. отклон на запците на пилата mm 1,5
Мин. отклон на запците на пилата mm 0,7
Отвор за прифатот mm 15
Тежина ^B) kg 1,1–1,4
Препорачана околна температура при полнење°C 0 ... +35
Дозволена околна температура при работење ^C) и при складирање°C –20 ... +49
Препорачани акумулаторски батерии B12V ...
Препорачани полначи GAL 12V-20
Класа на ласер 1
Тип на ласер < 0,39 mW, 650 nm

A) Мерено при 20-25 °C со батерија B12V20-01.
В) во зависност од употребената батерија
C) ограничена мокност на температури < 0 °C

Полнач GAL 12V-20

Класа на заштита☐ / II
Струја за полнењеA)2,0 A
Напон на полнење на батеријата (автоматско препознавање на напон)3,6–12 V ——
ТежинаB)0,25 kg

A) Во зависност од температурата и типот на батеријата
В) Тежина без кабел за струја и без приключок за струја

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-5.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 90 dB(A); ниво на звучна јачина 98 dB(A). Несигурност K = 3 dB.

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-5:

Сечење на дрво: a_h < 2,5 m/s^2 , K = 1,5 m/s^2

Сечење на метал: a_h = 3,4 m/s^2 , K = 1,5 m/ s^2

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Батерија

Dremel продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.

Полнење на батеријата

u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Ставање на батеријата

Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.

488 | Македонски

Вадење на батеријата

За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчињата за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.

Приказ за наполнетост на батеријата

Приказот за наполнетост на акумулаторската батеријата при напола притиснат прекинувач за вклучување/исклучување ја прикажува состојбата за наполнетост на батеријата.

Приказ за контрола на температурата/заштита од преоптоварување

Црвениот LED-приказ Ви помага да ја заштитите батеријата од прегревање и моторот од преоптоварување.

Доколку LED-приказот свети непрекинато црвено, температурата на батеријата е превисока и електричниот алат автоматски се ислучува.

– Исключете го електричниот алат.

– Оставете ја батеријата да се олади, пред да продолжите со работата.

Доколку LED-приказот трепка црвено, електричниот алат е блокиран и автоматски се ислучува.

Извлечете го електричниот алат од делот што се обработува.

Штом се отстрани блокадата, електричниот алат продолжува да работи.

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од –20 °C до 49 °C. Не оставајте ја батеријата на пр. во автомобил во лето.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.

Полнач

Процес на полнење

▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на полначот.

i Проверете дали отворот за полнење и контактите на батеријата се без груба нечистотија. Проверете дали батеријата е целосно ставена.

Полнењето започнува штом мрежниот приключок на полначот се приклучи во прилучницата и батеријата се стави во отворот за полнење.

i Полнењето е можно само кога температурата на батеријата е во дозволениот температурен опсег на полнење (0–45 °C).

Паметниот процес на полнење автоматски ја открива состојбата на наполнетост на батеријата и ја полни со оптимална струја за полнење во зависност од температурата и напонот на батеријата.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

При континуирани или последователни циклуси на полнење без прекин, полначот може да се затопли. Ова е безопасно и не значи дека постои технички дефект на полначот.

Значење на елементите на приказот

Трепкачко светло на приказот за состојбата на наполнетост на батеријата

DREMEL CS12V - Значење на елементите на приказот - 1

Процесот на полнење се сигнализира со трепкање на приказот за Costaјба на наполнетост.

Непрекинато зелено светло на приказот за состојба на наполнетост на батеријата

DREMEL CS12V - Значење на елементите на приказот - 2

Непрекинатото светло на приказот за Costaјба на наполнетост сигнализира, дека батеријата е целосно наполнета или дека температурата на батеријата е надвор од дозволениот температурен опсег на полнење (0–45 °C) и затоа не може да се полни. Веднаш штом се постигне дозволениот температурен опсег, батеријата се полни.

490 | Македонски

Без вметната батерија непрекинатото светло на приказот за Costaјба на наполнетост, сигнализира дека мрежниот приключок е прилучен на приключницата и дека полначот е подготвен за работа.

Справување со грешки

Батеријата не се полни

DREMEL CS12V - Батеријата не се полни - 1

Батеријата не се полни и приказот за состојба на наполнетост свети непрекинато.

Причина: Полначот детектираше внатрешна грешка

Помош: Осигурете се дека сите батерии се целосно вметнати. Повлечете го струјниот приключок и повторно вметнете го. Доколку повторно се појави грешката, полначот оставете го на проверка во овластена сервисна служба за Dremel -електрични алати.

Причина: Температурата на батеријата е надвор од дозволениот опсег на температура на полнење

Помош: Почекајте додека температурата на батеријата не дојде повторно во рамки на дозволениот опсег на температура на полнење (0–45 °C).

Причина: Батеријата не е правилно вметната

Помош: Вметнете ја батеријата правилно во полначот.

Причина: контактите за батеријата и за полнење се валкани

Решение: исключете ја батеријата и исчистете ја батеријата и контактите за полнење (суви).

Причина: Батеријата е дефектна

Помош: Заменете ја батеријата.

Приказите не светат

Не свети приказ, батеријата не се полни.

Причина: приклучницата, струјниот кабел или полначот се дефектни

Решение: проверете дали полначот е поврзан со соодветна и исправна приклучница. Ако повторно се појави грешката, полначот оставете го на проверка во овластена сервисна служба, ако е потребно.

Причина: Струјниот приклучок на полначот не е (правилно) вметнат Помош: Вметнете го струјниот приклучок (целосно) во приклучницата.

Монтажа

Употребувајте само сечила за пила, чија максимально дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен алат.

Ставање/менување на сечилото за кружната пила

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат извадете ја батеријата.
▶ При ставањето на сечилото за пила носете заштитни ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила постои опасност од повреда.
▶ Користете само сечила на пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за користење и на електричниот алат и се проверени според EN 847-1:2017 и се соодветно означени.
Дозволениот број на вртежи на алатот што се вметнува мора да биде најмалку исто толку висок како највисокиот број на вртежи наведен на електричниот алат. Приборот кој се врти побрзо од дозволеното може да се скрши и да летне од алатот.
▶ Во никој случај не користете дискови за брусење како алат за вметнување.

Бирање на сечилото за пила

Прегледот за препорачани сечила за пила єе го најдете на крајот од ова упатство.

При замена на алатот, најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна од кукиштето на моторот.

▶ Копчето за блокирање на вретеното (24) активирајте го само доколку вретеното на пилата е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.

492 | Македонски

– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (28) одвртете ја затезната завртка (15) во правец на вртење ①.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак (14) и држете го цврсто.
– Извадете ја стезната прирабница (16) и сечилото за пилата (17) од вретеното на пилата (33).

При замена на алатот, најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна од куќиштето на моторот.

– Исчистете го сечилото за пила (17) и сите стезни делови што се монтираат.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак (14) и држете го цврсто.
– Поставете го сечилото за пила (17) на приклучната прирабница (34). Правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да одговара на стрелката за правец на вртење на заштитниот капак (14).
- Поставете ја стезната прирабница (16) и затегнете ја затезната завртка (15) во правец на вртење ②. Внимавајте на правилна положба на монтирање на прилучната прирабница (34) и стезната прирабница (16).
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (24) и држете го притиснато.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (28) затегнете ја стезната завртка (15) во правец на вртење ②. Затезниот момент треба да изнесува 6–9 Nm, што одговара на рачно затегнување плус ¼ вртење.

Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– За да постигнете висок степен на всисување на прав, користете соодветен всисувач заедно со овој електричен алат.

– Погрижете се за добра проветреност на работното место.

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Монтирање на адаптер за всисување (види слика В)

Адаптерот за всисување (11) вметнете го во млазниците за издувување (27) на електричниот алат.

На адаптерот за всисување (11) може да се приклучи црево за всисување со дијаметар од 19 mm.

▶ Адаптерот за всисување не смее да се монтира без приключено надворешно всисување. Инаку каналот за всисување може да се запуши.
▶ На адаптерот за всисување не смее да се приклучува кеса за прав. Инаку системот за всисување може да се запуши.

Заради обезбедување на оптимално всисување, адаптерот за всисување (11) мора редовно да се чисти.

Надворешно всисување

Поврзете го цревото за всисување (35) со всисувач за прав (опрема).

Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прашина ке го најдете на крајот од ова упатство.

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.

Работа

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за включување/исклучување постои опасност од повреди.

Начини на работа

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат извадете ја батеријата.

Подесување на длабочината на сечење (види слика С)

▶ Подесете ја длабочината на сечење на дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува, треба да биде видливо помалку од полната висина на запците.

494 | Македонски

Олабавете ја пеперутка-завртката (32). За помала длабочина на сечење подигнете го електричниот алат од основната плоча (13), а за поголема притиснете го кон основната плоча (13). Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина на сечење (8). Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (32).

Поставете ја максимальната длабочина на сечење (види „Подесување на длабочината на сечење (види слика C)“, Страница 493).

Олабавете ја пеперутка-завртката (21) и поставете ја скалата (25) на 0°. Повторно зацврстете ја пеперутка завртката (21).

Проверете дали сечилото за пила (17) и основната плоча (13) се под прав агол (90°) еден на друг. Ако не се, приспособете ја завртката (36) на основната плоча со помош на клуч со внатрешна шестаголна глава од 2,5 mm (не е включен).

Подесување на аголот на закосување (види слика E)

Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна на заштитниот капак (9).

Олабавете ја пеперутка-завртката (21). Навалувајте ја пилата странично. Саканата димензија подесете ја на скалата (25). Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (21).

Напомена: При сечење со закосување длабочината на сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за подесување на длабочината на сечење (8).

Ознаката за сечење 0° ја прикажува позицијата на сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката за сечење 45° ја прикажува позицијата на сечилото за пила при сечење под агол од 45°.

Ставање во употреба

Вклучување/исклучување

За стартување на електричниот алат, прво притиснете ја блокадата при включување (3) надолу, потоа притиснете и задржете го прекинувачот за включување/исклучување (4).

За да го исключите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4).

Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за включување/ислучување (4) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.

Сопирачка за исфрлување од брзина

Вградената сопирачка за исфрлање од брзина го намалува вибрирањето на сечилото за пила по ислучување на електричниот алат.

Означување на линијата за сечење (види слика G)

Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може точно да го позиционирате за сечење, без да го отворате осцилаторниот заштитен капак.

– За да го направите ова, включете го ласерскиот зрак со копчето за вклучување/исклучување на ласерот (2).
– Насочете ги ознаките на делот што се обработува на десниот раб на линијата на ласерот.

Напомена: пред сечењето, проверете дали линијата за сечење е се уште правилно прикажана. Ласерскиот зрак може да се измести, на пр. поради вибрации при интензивна употреба.

Совети при работењето

Заштитете ги сечилата за пила од удари.

Насочете го електричниот алат рамномерно и со мал притисок во насоката на сечење за да добиете добар квалитет од сечењето. Прекумерното движење значително го намалува работниот век на алатите за вметнување и може да го оштети електричниот алат.

Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително зависит од состојбата и формата на запците на сечилото за пила. Затоа користете само остри и соодветни сечила за пила за делот што го обработувате.

Сечење на дрво

Правилниот избор на сечило за пила зависи од видот, квалитетот на дрвото и од тоа дали єе се прават должински или напречни резови.

При должински резови на смреки, настануваат долги, спирални струготини.

Правта што настанува при обработка на даб и бука е особено штетна по здравјето, затоа работете со всисувач за прав.

Паралелниот граничник (12) овозможува прецизни резови по должината на делот што се обработува, како на пример сечење на ленти со исти димензии. Поставете ја саканата ширина на надворешниот раб на основната плоча со помош на скалата на водилките на паралелниот граничник/адаптерот за шините водилки.

496 | Македонски

За обработка на големи парчиња или за сечење на прави рабови, на делот што се обработува може да зацврстите една даска или лајсна како помошен граничник и да ја водите кружната пила со основната плоча по должината на помошниот граничник.

Приспособување на ласерот (види слики G-H)

За да го усогласите ласерот (19), ће ви треба дел за обработка со праволиниски раб, клуч со внатрешна шестаголна глава од 1,5 mm, одвртувач со вкрстена глава и ноже.

Напомена: не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување (4) додека го подесувате ласерот. Во спротивно, електричниот алат може да се вклучи, што може да доведе до повреди и оштетување на опремата.

За да го приспособите ласерот (19), постапете на следников начин:

– Вметнете ја батеријата (7).
– Повлечете го назад осцилаторниот заштитен капак (14) и поставете го електричниот алат со сечилото за пила на работ на делот што се обработува.
– Притиснете го копчето (2) за да го включите ласерот. Ласерот останува включен само кратко време за да ја зачува батеријата.
– Олабавете ја завртката со внатрешна шестаголна глава (22) со дадениот клуч со внатрешна шестаголна глава (28).
– Вметнете го ножето во отворот на предната страна на електричниот алат. Вртете го ласерот (19) додека ласерската линија не биде паралелна со работ на делот што се обработува. Потоа повторно прицврстете ја завртката со внатрешна шестаголна глава (22).
– Ако сакате да ја поместите ласерската линија налево, свртете ја завртката со вкрстена глава (23) навнатре (линијата се поместува налево) или малку олабавете ја завртката со вкрстена глава (23) (линијата се поместува надесно). Проверете дали ласерската линија е паралелна со работ на делот што се обработува. Ако не е, повторете го целиот процес.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При

невнимателно притискање на прекинувают за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш слободно да се движи и да се затвора. Пределот околу осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде чист. Отстранете ги прашината и струганиците со четка.

Необложените сечила за пила може да се заштитат од корозија со тенок слој на безкиселинско масло. Пред сечењето, отстранете го маслото, за да не остави дамки на дрвото.

Остатоците од смола и лепак на сечилото за пила го нарушуваат квалитетот на сечењето. Затоа, чистете ги сечилата за пила веднаш по употребата.

Поправка и гаранција

Препорачуваме одржувањето и поправките да се вршат во сервисните центри на Dremel.

Гаранцијата за овој производ на Dremel е во согласност со прописите специфични за земјата. Штетата предизвикана од нормално абење, преоптоварување или неправилно ракување е исключена од гаранцијата.

Во случај на поплака, испратете го алатот и/или полначот до дилерот заедно со доказ за купување.

Податоци за контакт на Dremel

Дополнителни информации за поправки, гаранција, производи на Dremel, корисничка служба и телефонска поддршка може да најдете на www.dremel.com.

Транспорт

Litiyum-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на истите од страна на трети лица воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени за пакување и означување со етикети. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на барањата во Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на истите од страна на трети лица воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени за пакување и означување со етикети. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

498 | Македонски

Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

DREMEL CS12V - Отстранување - 1

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

DREMEL CS12V - Отстранување - 2

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Електричните алати кои повеке не се употребливи и неисправни или користени акумулаторски батерии/батерии мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.

Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и електронска опрема може да има штетни ефекти врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 497).

Srpski

Simboli

① Pročitajte ovo uputstvo
② Nosite zaštitu za sluh.
③ Nosite zaštitne naočare.
④ Nosite zaštitnu masku za prašinu.
⑤ Verzija klase II
⑥ Ne bacajte električni alat u kućni otpad!.
⑦ Laserski proizvod klase 1 za korisnike

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : DREMEL

Модел : CS12V

Категорија : Пила