DREMEL Multi-Tool MM12V - Електричен мултифункционален алат

Multi-Tool MM12V - Електричен мултифункционален алат DREMEL - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Multi-Tool MM12V DREMEL во PDF формат.

📄 545 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice DREMEL Multi-Tool MM12V - page 400
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за Multi-Tool MM12V DREMEL

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Електричен мултифункционален алат во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Multi-Tool MM12V - DREMEL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Multi-Tool MM12V на марката DREMEL.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Multi-Tool MM12V DREMEL

① Прочитајте го упатството.
② Носете заштита за слухот.
③ Носете заштитни очила.
④ Носете маска за заштита од прав.
⑤ Верзија на класа II
⑥ Не фрлајте ги електричните алати во домашната канта за отпадоци.

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

▶ Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина.
Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ље се зголеми ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.

▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, єе доведат до намалување на лични повреди.

▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот

позициониран на прекинувают или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувают е включен, може да предизвика несреќа.

Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искусството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го

402 | Македонски

електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.

▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
▶ Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.

Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни напомени за мултифункционален алат

Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
Користете менгеме или некој друг практичен начин за да го обезбедите и прицврстите делот што се обработува на стабилна површина. Доколку го држите делот што се обработува со рака или го потпрете на вас, тоа ке биде нестабилно и може да изгубите контрола.
▶ Користете го електричниот алат само за суво брусење. Навлегувањето на вода во електричниот алат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Држете ги рацете подалеку од делот каде што се сече. Не факајте под делот што се обработува. Доколку дојдете во контакт со листовите за пила постои опасност од повреда.
Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот влече прав во кукиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрични опасности.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно ке управувате ако го држите со двете дланки.

404 | Македонски

▶ При менувањето на алатот што се вметнува носете заштитни ракавици. Алатот што се вметнува се вжештува по подолга употреба.
▶ Површината што треба да ја обработите не ја третирајте со течности што содржат раствор. При стругањето доаға до затоплување на материјалите и може да се создадат отровни испарувања.
▶ Бидете особено внимателни при користењето на стругачот и секачот. Алатките се многу остри, постои опасност од повреда.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

DREMEL Multi-Tool MM12V - | Македонски - 1

text_image max.50°C

DREMEL Multi-Tool MM12V - | Македонски - 2

Заштитете ги батериите од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

DREMEL Multi-Tool MM12V - | Македонски - 3

Не го принесувајте магнетот во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Магнетот создава поле, кое може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди.

▶ Држете го електричниот алат подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетот, може да дојде до неповратно губење на податоците.

Безбедносни напомени за полначи

Овој полнач не е предвиден за употреба од деца и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или со недоволно искусство и знаење. Овој полнач може да го користат деца над 8 години како и лица со ограничени физички, сензорни и ментални способности или со недоволно искусство и знаење, доколку се под надзор од лица

одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со полначот и ги разбираат опасностите кои може да произлезат поради тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.

▶ За време на користењето, чистењето и одржувањето надгледувајте ги децата. Така ће се осигурате дека децата нема да си играат со полначот.
▶ Полнете само Dremelлитиум-јонски батерии со капацитет од 1,3 Ah. Напонот на батеријата мора да одговара на напонот за полнење на батеријата на полначот. Не полнете батерии за повторно полнење. Инаку постои опасност од пожар и експлозија.

DREMEL Multi-Tool MM12V - Безбедносни напомени за полначи - 1

Користете го полначот само во затворени простории и држете го подалеку од влага. Навлегувањето на вода во полнач го зголемува ризикот од електричен удар.

▶ Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се извалка, постои опасност од електричен удар.
▶ Пред секое користење, проверете ги полначот, како и кабелот и приклучокот. Не го користете полначот, доколку забележите оштетувања. Не отворајте го сами полначот и оставете го на поправка само кај Dremel или кај овластен сервисен центар кој ће користи само оригинални резервни делови. Оштетениот полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за електричен удар.
▶ Не го користете полначот на лесно запалива подлога (на пр. хартија, текстил итн.) одн. во запалива околина. Постои опасност од пожар заради затоплувањето на уредот што произлегува при полнењето.

Опис на производот и перформансите

DREMEL Multi-Tool MM12V - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства.

Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за сечење и разделување на дрвени материјали, пластика, гипс, нежелезни метали и елементи за зацврстување (на пр. клинци, хефт иглици). Исто така е погоден за обработка на меки сидни плочки, за

406 | Македонски

отстранување фуга, како и за суво брусење и стругање на мали површини. Тој особено е погоден за работење близу рабови и на рамни површини.

Полначот е наменет за полнење на Li-Ion батерии што може да се наполнуваат Dremel.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Отвори за вентилација
(2) Затезна глава
(3) Работно светло
(4) Лист за сечење со вдлабнување
(5) Магнет
(6) Стега
(7) Прифат на алатот
(8) Прекинувач за включување/исклучување
(9) Блокада при вклучување
(10) Батерија
(11) Копче за отклучување на батерија
(12) Рачка (изолирана површина на рачката)
(14) Приказ за видот на режим
(15) Копче за режим на работа
(16) Приказ за наполнетост на батеријата
(17) Отвор за батеријата
(18) Зелен приказ за состојба на наполнетост
(19) Полнач
(20) Брусна плоча
(21) Брусен лист

(13) Блокада на прекинувачот за вклучување/исклучување

Технички податоци

Батериски мултифункционален алат MM12V
Број на делF 013 CM1 201
Номинален напон V= 12

Батериски мултифункционален алат MM12V

Број на вртежи во празен од n_0 min^-1 7000–20000
Агол на осцилација лево/десно ° 1,6
Тежина^A) kg 0,79
препорачана околна температура при полнење°C 0 ... +35
дозволена околна температура при работење ^B) и при складирање°C –20 ... +49
препорачани акумулаторски батерии B12V ...
Препорачан полнач GAL 12V-20

A) без батерија (тежината на батеријата може да ја најдете на www.dremel.com.)
В) ограничена мокност на температури < 0 °C

Полнач GAL 12V-20

Класа на заштита 回/II
Струја за полнењеA)2,0 A
Напон на полнење на батеријата (автоматско препознавање на напон)3,6–12 V =
ТежинаB)0,25 kg

A) Во зависност од температурата и типот на батеријата
В) Без струен кабел

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-4.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 88 dB(A); ниво на звучна јачина 96 dB(A). Несигурност K = 3 dB.

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-4 (брусење), EN 62841-2-11 (сечење):

Брусење: a_h=2,0 m/s^2(K=1,5 m/s^2) ,

Сеченье: a_h = 16,7 m/s^2 (K = 1,5 m/s^2) .

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба

408 | Македонски

меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Батерија

Dremel продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.

Полнење на батеријата

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Ставање на батеријата

Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.

Вадење на батеријата

За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчињата за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.

Приказ за наполнетост на батеријата

Приказот за наполнетост на акумулаторската батеријата при напола притиснат прекинувач за вклучување/исклучување ја прикажува состојбата за наполнетост на батеријата.

LED Капацитет

Ако трепкаат двете надворешни LED-светилки на приказот за наполнетост, заменете ја батеријата.

Заштита од преоптоварување во зависност од температурата

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При прејако оптоварување или кога дозволената температура на батеријата ќе се надмине, електрониката на електричниот алат се исклучува.

При прегревање на батеријата, левата и централната LED-светилка трепкаат истовремено. Оставете ја батеријата, односно електричниот алат да се излади. При преоптоварување трепка десната LED-светилка. Намалете го притисокот и оптоварувањето на електричниот алат.

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 49 °C. Не оставајте ја батеријата на пр. во автомобил во лето.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.

Полнач

Процес на полнење

▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на полначот.

410 | Македонски

i Проверете дали отворот за полнење и контактите на батеријата се без груба нечистотија. Проверете дали батеријата е целосно ставена.

Полнењето започнува штом мрежниот приключок на полначот се приклучи во приklучницата и батеријата се стави во отворот за полнење.

i Полнењето е можно само кога температурата на батеријата е во дозволениот температурен опсег на полнење (0–45 °C).

Паметниот процес на полнење автоматски ја открива состојбата на наполнетост на батеријата и ја полни со оптимална струја за полнење во зависност од температурата и напонот на батеријата.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

При континуирани или последователни циклуси на полнење без прекин, получают може да се затопли. Ова е безопасно и не значи дека постои технички дефект на полначот.

Значење на елементите на приказот

Трепкачко светло на приказот за состојбата на наполнетост на батеријата

DREMEL Multi-Tool MM12V - Трепкачко светло на приказот за состојбата на наполнетост на батеријата - 1

Процесот на полнење се сигнализира со трепкање на приказот за состојба на наполнетост.

Непрекинато зелено светло на приказот за состојба на наполнетост на батеријата

DREMEL Multi-Tool MM12V - Непрекинато зелено светло на приказот за состојба на наполнетост на батеријата - 1

Непрекинатото светло на приказот за Costaјба на наполнетост сигнализира, дека батеријата е целосно наполнета или дека температурата на батеријата е надвор од дозволениот температурен опсег на полнење (0–45 °C) и затоа не може да се полни. Веднаш штом се постигне дозволениот температурен опсег, батеријата се полни.

Без вметната батерија непрекинатото светло на приказот за Costaјба на наполнетост, сигнализира дека мрежниот приклучок е приключен на приклучницата и дека полначот е подготвен за работа.

Справување со грешки

Батеријата не се полни

DREMEL Multi-Tool MM12V - Справување со грешки - 1

Батеријата не се полни и приказот за состојба на наполнетост свети непрекинато.

Причина: Полначот детектираше внатрешна грешка

Помош: Осигурете се дека сите батерии се целосно вметнати. Повлечете го струјниот приклучок и повторно вметнете го. Доколку повторно се појави грешката, полночат оставете го на проверка во овластена сервисна служба за Dremel-електрични алати.

Причина: Температурата на батеријата е надвор од дозволениот опсег на температура на полнење

Помош: Почекајте додека температурата на батеријата не дојде повторно во рамки на дозволениот опсег на температура на полнење (0–45 °C).

Причина: Батеријата не е правилно вметната

Помош: Вметнете ја батеријата правилно во полначот.

Причина: контактите за батеријата и за полнење се валкани

Помош: исключете ја батеријата и исчистете ја батеријата и контактите за полнење (суви).

Причина: Батеријата е дефектна

Помош: Заменете ја батеријата.

Приказите не светат

Не свети приказ, батеријата не се полни.

Причина: приклучницата, струјниот кабел или полначот се дефектни

Помош: проверете дали полначот е поврзан со соодветна и исправна приклучница. Ако повторно се појави грешката, полначот оставете го на проверка во овластена сервисна служба, ако е потребно.

Причина: Струјниот приклучок на полначот не е (правилно) вметнат

Помош: Вметнете го струјниот приклучок (целосно) во приклучницата.

412 | Македонски

Монтажа

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Замена на алатот

▶ При менување на алатот носете заштитни ракавици. Доколку го допирате алатот за вметнување, постои опасност од повреда.

Избор на алатот за вметнување

Внимавајте на алатите за вметнување кои се предвидени за Вашиот електричен алат.

Алат за вметнување MM12V
Dremel осцилирачки алати за вметнување
STARLOCK
STARLOCK PLUS
STARLOCK MAX

Монтирање/менување на алатот што се вметнува (види слики А-С)

Доколку треба, изведете го монтираниот алат за вметнување.

За таа цел свртете ја затезната глава (2) спротивно од стрелките на часовникот, додека да може да го извадите алатот за вметнување од стегата (6).

Поставете го соодветниот алат за вметнување (на пр. лист за сечење со вдлабнување (4)) во прифатот за алат (7), така што коленото їе покажува надолу (погледнете ја slikата на графичката страница, натписот на алатот што се вметнува се чита од горната страна).

Завртете го алатот за вметнување во соодветна позиција за односната работа. Притоа можни се три позиции на 30° (види слика В). Уверете се дека алатот за вметнување се вклопува во сите запци на држачот за алатот (7).

За полесна монтажа, вградениот магнет (5) го држи електричниот алат во посакуваната позиција.

За да го заклучите алатот за вметнување свртете ја затезната глава (2) во правецот на стрелките од часовникот, додека не слушнете да се вклопи.

▶ Проверете дали е стабилен алатот за вметнување. Доколку алатот за вметнување е погрешно или не е сигурно зацврстен, може да се олабави за време на работењето и да предизвика опасност.

Во согласност со материјалот што се обработува и обемот на стругање, на располагање ви се различни брусни листови:

DREMEL Multi-Tool MM12V - Монтирање/менување на алатот што се вметнува (види слики А-С) - 1За претходно брусење, на пр. за груби нерендани греди и даскигрубо 60
Темен брусен лист: сите дрвени материјали (на пр. тврдо дрво, меко дрво, иверица, градежни плочи), метални материјали, стаклено влакно, пластикаЗа рамно брусење и израмнување на мали нерамнинисредно 120
За завршно и фино брусење на дрвофино 240
DREMEL Multi-Tool MM12V - Монтирање/менување на алатот што се вметнува (види слики А-С) - 2Бел брусен лист: боја, лак, филер, китЗа брусење на боја грубо 80
За брусење на претходно намачкана боја (на пр. за израмнување на нерамнини од четката, капки боја и извалкани места)средно 120
За крајно брусење на основната боја пред лакирањефино 240
DREMEL Multi-Tool MM12V - Монтирање/менување на алатот што се вметнува (види слики А-С) - 3Дијамантски брусен лист: сидарски конструкции, камен, цемент, тенкослоен малтерЗа измазнување, обликување и кршење на рабовигрубо 60

414 | Македонски

Ставање/менување на брусниот лист на основната брусна плоча (види слика D)

Основната брусна плоча (20) е опремена со леплива лента, така што брусните листови со леплива лента може брзо и едноставно да се прицврстат.

Истресете ја лепливата лента од основната брусна плоча (20) пред да ја наместите на брусниот лист (21), за да овозможите оптимално слепување.

Брусниот лист (21) ставете го израмнето на едната страна од основната брусна плоча (20), потоа поставете го брусниот лист на основната брусна плоча и притиснете го добро.

За вадење на брусниот лист (21) фатете го за врвот и извлечете го од основната брусна плоча (20).

Може да ги користите брусните листови, крпи за полирање и чистење од серијата Delta 93 mm на програмата за опрема на Dremel и Bosch.

Опремата за брусење како крпи/филц за полирање не се зацврстува на истиот начин на брусната плоча.

Работете со додатоци за брусење како на пр. брусни листови или брусни плочи максимум во режимот на работа „SAND“. Преголемиот број на осцилации во други режими на работа значително го зголемува абењето на алатите за вметнување или може да доведе до нивно предвремено расипување.

Почитувајте ги информациите наведени на пакувањето на алатите за вметнување.

Всисување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Погрижете се за добра проветреност на работното место.

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Употреба

Ставање во употреба

Подесување на режимот на работа (види слика E)

Напомена: режимот на работа може да се промени само доколку електричниот алат е исклучен.

Електричниот алат ги има следните режими на работа, во кои максимальната брзина на осцилација е оптимизирана за соодветните примени:

DREMEL Multi-Tool MM12V - Подесување на режимот на работа (види слика E) - 1

Режимот на работа „MAX RANGE“ е погоден за апликации каде што е потребна максимальна брзина на осцилација на електричниот алат.

DREMEL Multi-Tool MM12V - Подесување на режимот на работа (види слика E) - 2

Режимот на работа „SCRAPE“ е погоден за стругање и отстранување слоеви од боја или лепило, залепени теписи и други површини.

DREMEL Multi-Tool MM12V - Подесување на режимот на работа (види слика E) - 3

Режимот на работа „GROUT“ е погоден за отстранување фуги (вклучувајки оштетена и напукната фуга).

DREMEL Multi-Tool MM12V - Подесување на режимот на работа (види слика E) - 4

Режимот на работа „SAND“ е погоден за брусење површини, агли и рабови.

DREMEL Multi-Tool MM12V - Подесување на режимот на работа (види слика E) - 5

Режимот на работа „CUT“ е погоден за сечење меки метали, дрво, гипс картон и пластика.

По вметнувањето на батеријата, се поставува режимот на работа „MAX RANGE“. За да го промените режимот на работа, притискајте го копчето за режим на работа (15) неколку пати додека не светне саканиот режим на работа во приказот за режим на работа (14).

Поставката за режим на работа се зачувува кога електричниот алат е исклучен и се брише само кога ќе се извади батеријата.

Внимание: Почитувајте го максимальниот број на осцилации наведен на алатите за вметнување или на нивното пакување. На пример, со алати за брусење работете најмногу во режим „SAND“.

416 | Македонски

Вклучување/исклучување (види слика F)

▶ Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.

За вклучување на електричниот алат прво повлечете ја бравата за

вклучување (9) подалеку од прекинувают за вклучување/исклучување ①.

Потоа притиснете го и држете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8).

За заклучување на прекинувают за вклучување/исклучување (8) задржете го целосно, потоа притиснете дополнительно на блокадата (13) и отпуштете го прекинувают за вклучување/исклучување (8).

Константната електроника одржува постојан број на осцилации при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.

За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8). Доколку прекинувачот за вклучување/

исклучување (8) е блокиран, најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.

Алтернативно, за ослободување на блокадата може да го притиснете копчето за режим на работа (15) или блокадата (13).

Обезбедете го електричниот алат од ненамерно вклучување со лизгање на блокадата при вклучување (9) во правец на прекинувачот за вклучување/исклучување ②.

Напомена: Доколку електричниот алат автоматски се изгаси поради испразнети или прегреани батерии, исключете го со прекинувачот за вклучување/исклучување (8).

Наполнете ја батеријата одн. оставете го електричниот алат да се излади, пред повторно да го включите. Инаку батеријата може да се оштети.

Работната светилка (3) ја подобрува видливоста на самого работно место. Таа се вклучува и исклучува автоматски со електричниот алат.

▶ Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.

Контрола на бројот на осцилации

Бројот на осцилации на включениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку єе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (8).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (8) се постигнува мал број на осцилации. Со зголемување на притисокот, бројот на осцилации се зголемува до максимальниот број на осцилации на зададениот режим на работа.

Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.

Напомена: преголемиот број на осцилации значително го зголемува абењето на алатите за вметнување или може да доведе до нивно предвремено расипување.

Совети при работењето

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.

Напомена: Не ги затворајте процепите за вентилација (1) на електричниот алат за време на работата, инаку се намалува животниот век на електричниот алат.

Работен принцип

Со помош на осцилирачкиот погон, алатот за вметнување осцилира до 20000 пати во минута. Ова овозможува прецизно работење на тесен простор.

DREMEL Multi-Tool MM12V - Работен принцип - 1

Работете со низок и рамномерен контактен притисок, инаку работните перформанси їе се намалат и алатот за вметнување може да се заглави.

DREMEL Multi-Tool MM12V - Работен принцип - 2

Движете го електричниот алат напред-назад додека работите за да не се загрее премногу и да не заглави алатот за вметнување.

Сечење

▶ Користете само неоштетени, беспрекорни листови за пила. Искривените или неостри листови за пила може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето или да предизвикаат повратен удар.
▶ При сечење на лесни градежни материјали, внимавајте на законските одредби и препораки на производителот на материјалот.
▶ Смеат да се обработуваат само меки материјали како дрво, гипс картон и сл. при сечење со вдлабнување!
▶ Проверете да не има електрични кабли зад делот што треба да се исече.
Пред сечењето со HCS-листови за сечење во дрво, шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на нив има туғи тела како на пр. клинци,

418 | Македонски

шрафови и сл. Доколку има, отстранете ги или употребете биметални листови за сечење.

Сечење

Напомена: При сечењето на сидни плочки внимавајте на тоа дека електричните алати се изабуваат по долготрајна употреба.

Брусење

Капацитетот на отстранување и сликата на брусење во главно се одредуваат според изворот на брусниот лист, бројот на осцилации и притисокот на површината.

Само беспрекорните брусни листови може да придонесат за добар капацитет на брусење и одржување на електричниот алат.

Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.

Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот алат и предвремено откажување на брусната плоча.

За прецизно брусење на агли, рабови и тешко достапни места може да работите со врвот или еден раб од основната брусна плоча.

При селективно брусење, брусниот лист може многу да се затопли. Намалете го бројот на осцилации и притисокот на површината и оставајте го брусниот лист да се олади.

Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го користете за други материјали.

Користете само оригинална опрема за брусење на Dremel или Bosch.

Стругање

При стругањето одберете повисок степен на број на осцилации.

Работете на мека подлога (на пр. дрво) со рамен агол и намалено притискање. Инаку стругачот може да ја исече подлогата.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При

невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Редовно чистете ги Riff-алатите за вметнување со жичана четка.

Поправка и гаранција

Препорачуваме одржувањето и поправките да се вршат во сервисните центри на Dremel.

Гаранцијата за овој производ на Dremel е во согласност со прописите специфични за земјата. Штетата предизвикана од нормално абење, преоптоварување или неправилно ракување е исклучена од гаранцијата.

Во случај на поплака, испратете го алатот и/или полначот до дилерот заедно со доказ за купување.

Податоци за контакт на Dremel

Дополнителни информации за поправки, гаранција, производи на Dremel, корисничка служба и телефонска поддршка може да најдете на www.dremel.com.

Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

DREMEL Multi-Tool MM12V - Отстранување - 1

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Електричната и електронската опрема или искористените батерии што веке не се употребливи мора да се собира посебно и да се фрла на еколошки начин. Користете ги соодветните системи за собирање. Неправилното фрлање може да биде штетно за животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.

420 | Srpski

Srpski

Simboli

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : DREMEL

Модел : Multi-Tool MM12V

Категорија : Електричен мултифункционален алат