BOSCH UNIVERSALRAKE 900 - Електричен гребло

UNIVERSALRAKE 900 - Електричен гребло BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот UNIVERSALRAKE 900 BOSCH во PDF формат.

📄 299 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH UNIVERSALRAKE 900 - page 209
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за UNIVERSALRAKE 900 BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Електричен гребло во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник UNIVERSALRAKE 900 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. UNIVERSALRAKE 900 на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК UNIVERSALRAKE 900 BOSCH

Македонски....Страница 208

Srpski ...... Strana 217

Slovenščina ....Stran 226

Hrvatski ....Stranica 234

Безбедносни напомени Предупредување! Ве молиме прочитајте ги следниве упатства. Запознајте се со контролите и правилната употреба на производот. Чувајте го упатството за идни консултации.

Толкување на символите на уредот

BOSCH UNIVERSALRAKE 900 - Толкување на символите на уредот - 1

Општи безбедносни правила.

BOSCH UNIVERSALRAKE 900 - Толкување на символите на уредот - 2

Прочитајте го упатството за употреба.

BOSCH UNIVERSALRAKE 900 - Толкување на символите на уредот - 3

Внимавајте лицата кои се во близина да не бидат повредени од исфрлените

парчиња.

BOSCH UNIVERSALRAKE 900 - Толкување на символите на уредот - 4

Предупредување: Одржувајте безбедн

растојание од уредот додека работи.

BOSCH UNIVERSALRAKE 900 - Толкување на символите на уредот - 5

Предупредување: Не допирајте ги ротирачките сечила. Сечилата се оштри. Чувајте се од загуба на прстите.

BOSCH UNIVERSALRAKE 900 - Толкување на символите на уредот - 6

Исклучете го уредот и извадете го кабелот од утикачот пред поправање или чистење, доколку кабелот е превиткан или доколку го оставате уредот без надзор дури и на кратко. Напојниот кабел чувајте го понастрана од запците/сечилото.

BOSCH UNIVERSALRAKE 900 - Толкување на символите на уредот - 7

Почекајте сите компоненти на косачката да застанат пред да ги допрете.

Запците/сечилата продолжуваат да вртат и откако їе се ислучи уредот поради што може да предизвикаат повреди.

BOSCH UNIVERSALRAKE 900 - Толкување на символите на уредот - 8

Не употребувајте го производот кога врне и не оставајте го на дожд.

BOSCH UNIVERSALRAKE 900 - Толкување на символите на уредот - 9

Чувајте се од електричен удар.

BOSCH UNIVERSALRAKE 900 - Толкување на символите на уредот - 10

Држете го кабелот понастрана од сечилата.

BOSCH UNIVERSALRAKE 900 - Толкување на символите на уредот - 11

За чистење на уредот не употребувајте

високопритисна пералка или гумено црево.

BOSCH UNIVERSALRAKE 900 - Толкување на символите на уредот - 12

Внимателно проверете го полето на коешто єе работи уредот да нема диви или домашни животни. Дивите и

домашните животни можат да бидат повредени за време на употреба на машината. Проверете го детално полето на работа на машината и отстранете ги сите камења, гранки, жици, коски и други предмети. При ракувањето со машината внимавајте во густата трева да нема скриени диви или домашни животни, како ни стебла.

Ракување

▶ Никогаш не дозволувајте им на деца и луге кои не се запознаени со овие инструкции да го користат уредот. Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот. Чувајте го производот вон дофат на деца кога не го употребувате.
▶ Не дозволувајте им на деца, личности со ограничени физички, сензорни или психички ограничувања и/или недостаток на знаење или на личности незапознаени со ова упатство да го употребуват уредот. Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.
▶ Не употребувајте го уредот ако сте болни или под влијание на алкохол, дрога или лекови.
▶ Никогаш не употребувајте го уредот во близина на лица, а посебно деца и животни.
▶Децата треба да бидат под надзор да не си играат со уредот.

▶ Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други луге или имот.
▶ Секогаш носете заштита за слухот и очите, кога работите со машината.
▶ Не користете отворени гумени обувки ниту сандали кога го користите уредот. Носете крути обувки и долги пантолони. Никогаш немојте да го користите уредот боси.
▶ Детално прегледајте го теренот каде што єе го обработувате и отстранете ги сите камења, стапови, жици, коски и други предмети.
▶ Пред секоја употреба прегледајте да не недостига или е оштетен некој забец.
▶ Заменете ја целата низа на оштетени или истрошени запци и завртки, за да се избегне неравнотежа. Внимавајте при употреба на уредите со повеće запци, бидејки ротацијата на еден забец може да предизвика вртење и на другите запци.
▶ Одете полека, не трчајте.
▶ Гребајте/прозрачувајте само при дневна светлина или при добро осветлување.
▶ Ако е можно, избегнувајте да ја употребувате мажината по влажна трева, или обезбедете дополнителни мерки на претпазливост од лизгање.

▶ Не гребајте/прозрачувајте на особено стрмни падини.
▶ Работата на коси површини може да биде опасна:
- На коси површини или на влажна трева обезбедете стабилен и сигурен чекор.
- Секогаш гребајте/прозрачувајте попреку на падините, а никогаш горе-долу.
- Бидете особено внимателни кога ја менувате насоката на косењето.
▶ Бидете многу внимателни кога одите наназад или ја влечете косачката.
▶ Секогаш туркајте ја машината кога гребате/прозрачувате, никогаш не повлекувајте ја кон себе.
Запците/сечилото мораат да мируваат кога ја навалувате машината за да ја поместите, кога преминувате преку површини без трева и кога ја пренесувате машината до и од местото на работа.
▶ Не користете ја косачката со оштетени штитници или браници, или без заштитна опрема, на пример соодветен штит или контејнер за трева.
▶ Моторот исклучувајте го стоејки со стапалата подалеку од ротирачките сечила.
▶ Не навалувајте ја косачката при палење или стартување на моторот, освен ако тоа не е неопходно за косење на висока

трева. Во тој случај, не навалувајте ја повеќе отколку што е апсолутно неоходно, и тоа оној дел којшто е најдалеку од ракувачот. Двете раце треба да Ви бидат на рачката пред да ја спуштите косачката.

▶ Не доближувајте ги рацете и стапалата до ротирачките делови.
▶ Кога косите, стоите што е можно подалеку од косачката.
▶ Не носете ја косачката и не влечете ја додака моторот работи.
▶ При складирање на уредот, внимавајте тој да стои на подот со сите 4 тркала.
▶ Уредот носете го само за рачката за носење. Ракувајте внимателно со рачката.
▶ Не вршете промени на уредот.

Несоодветните модификации може да влијаат на безбедноста на Вашиот уред, предизвикувајки зголемена бучава и вибрации и лоши перформанси.

▶ При прилагодување на машината, внимавајте да не ви се вплеткаат стапалата или рацете во запците/сечилата и при прицврстување на деловите.
▶ Избегнувајте работа со уредот при лоши временски услови, на пример кога постои ризик од грмотевици.
▶ Периодично проверувајте го напојниот кабел и продолжниот кабел којшто го користите. Не поврзувајте ја косалката на

напојна мрежа со оштетени кабли. Доколку кабелот е оштетен, не допирајте го додека е приключен на струја. На оштетениот кабел може да се дојде во допир со голи проводници. Чувајте се од струјни удари.

▶ Не допирајте ги запците пред да ја исклучите машината од напојување и пред во потполност да застанат.
▶ Напојниот и продолжниот кабел држете ги подалеку од запците.

Запците можат да го оштетат кабелот и да дојдат во контакт со голи жици. Внимавајте, постои опасност од електричен удар.

Извлечете го кабелот од утикачот:

– Секогаш кога ја оставате косачката без надзор.
– Пред отстранување на пречка.
– Пред прегледување, чистење и поправка на машината.
– Веднаш по удирање во тврд предмет. Веднаш по оштетување прегледајте ја машината и извршете ги неопходните поправки.
– Ако косачката почне да вибрира неконтролирано (проверете веднаш).

Приклучување на струја

▶ Волтажата прикажана на натписната плочка мора да биде иста со волтажата на електричната мрежа.

▶ Советуваме овој уред да биде приключен на струја преку утикач со заштитен уред за заостаната струја што се активира при промена на јачината на струјата од 30 mA.
▶ При замената на напојниот кабел користете само кабли препорачани од производителот на косачката. Бројот на нарачката и видот на кабелот пронајдете ги во упатството за употреба.
▶ Ниикогаш не допирајте го утикачот со мокри раце.
▶ Не газете ги, не превиткувајте ги и не тегнете ги напојниот или продолжниот кабел, бидејći на тој начин можат да се оштетат. Заштитете го кабелот од топлина, масло и оштри рабови.
▶ Користениот продолжен кабел мора да биде водоотпорен и со соодветен пресек односно дебелина. Врската не смее да се наога во вода.
▶ Секогаш носете заштитни ракавици кога работите со оштри сечила или сте во нивна близина.

Електрична безбедност

BOSCH UNIVERSALRAKE 900 - Електрична безбедност - 1

Предупредување! Пред секое одржување или чистење на производот,

згаснете го и исключете го од напојување. Истото важи и ако кабелот е оштетен, прекинат или сплеткан.

▶ По ислучувањето на уредот, сечилата вртат уште неколку секунди.
▶ Внимание – не допирајте ги ротирачките сечила/запци.

Вашиот уред е со двојна изолација и не му е потребно заземјување.

Работниот напон е 230 V AC, 50 Hz (за земји вон ЕУ 220 V или 240 V).

Употребувајте само одобрени продолжни кабли. За подетални информации обратете се во Вашиот Бош сервис.

За подобра безбедност користете резидуален уред (РЦД) кој се активира на отстапување од 30 mA.

Резидуалниот уред треба да се проверува пред секоја употреба.

Чувајте го напојниот и продолжниот кабел понастрана од подвижните делови, за да се избегне оштетување на кабелот и негов контакт со металните делови.

Кабелските врски (приклучник и приклучница) треба да бидат суви и да не лежат на теренот.

Напојниот и продолжниот кабел мора редовно да се проверуваат за евентуални оштетувања и да се користат само кога се во беспрекорна состојба.

Ако напојниот кабел е оштетен, мора да се поправи од страна на овластен сервис на Бош. Употребете само одобрен продолжен кабел.

Користете само продолжни кабли, кабел, водови за жици и макари со

кабли што се во согласност со EN 61242 / IEC 61242 или IEC 60884-2-7 и се од типот H05VVV-F или H05RN-F.

Ако сакате да користите продолжен кабел при употреба на уредот, потребни ви се следните димензии на кабли:

  • Пресек 1,25 mm² или 1,5 mm²
    – Максимална должна 30 m за продолжниот кабел или 60 m за кабел на навој со ФИ-заштитна склопка

Совет: Ако користите продолжен кабел, тој мора да биде заземјен преку напојната мрежа, во склад со важечките прописи.

За дополнителни информации контактирајте лиценциран електричар или најблискиот Bosch сервис.

BOSCH UNIVERSALRAKE 900 - Предупредување! Пред секое одржување или чистење на производот, - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Несоодветните продолжни кабли можат да бидат

опасни. Продолжниот кабел, утикачот и спојот со продолжниот кабел мораат да бидат водоотпорни.

Напомени за производите, коишто не се продаваат во ВБ:

ВНИМАНИЕ: За Ваша безбедност потребно е утикачот на уредот да е приключен на продожен кабел.

Спојката на продолжниот кабел мора да биде заштитена од прскање на вода, да се состоит од гума или да биде обложена со гума.

Продолжниот кабел мора да се користи со растеретување од напрегање.

Одржување

▶ Секогаш носете заштитни ракавици кога работите со запците/сечилото или сте во нивна близина.

▶ Проверете сите навртки, подлошки и завртки да се цврсто прицврстени со цел за безбедна работа со уредот.

▶ Редовно проверувајте ја Costaјбата на вреćата дали е изабена или оштетена.

▶ Редовно прегледувајте го уредот и заменувајте ги веднаш оштетените или изабените делови.

▶ Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови.

▶ Пред складирање уредот треба да биде сув и чист. По потреба исчеткајте го со сува, мека четка.

Ознаки

Следните символи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги символите и нивното значење. Точната интерпретација на символите ће ви помогне подобро и побезбедно да го користите уредот.

ОзнакаЗначење
[5020]Правец на движење
[СВН6]Правец на реакција
BOSCH UNIVERSALRAKE 900 - Ознаки - 1Носете заштитни ракавици
[09173]Тежина

214 | Македонски

ОзнакаЗначење
Вклучување
Исклучување
Дозволена функција
Забранети акции

Употреба со соодветна намена

Уредот е наменет за лично користење и гребање, скарирање или проветрување на домашни тревници. Уредот не е наменет за режење и поткастрување огради. Уредот е наменет за употреба во ниво тлото на земјата.

Технички податоци

Аератор / скарификатор на тревникUniversalRake 900UniversalVerticut 1100
Број на артикл3 600 H8A 0..3 600 H8A 1..
Номинална јачинаW9001100
Ширина на стазатасм3232
Волумен, корпа за треваI5050
Механизам
– Пружни запци--
– Нишачко сечило--
Собирен системJet Collect системJet Collect систем
Работна височинамм+10/+5/0/-5+5/0/-5/-10
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014кг10,010,5
Заштитна класа☐/II☐/II
Сериски бројвиди ја плочката со податоци на апаратот

Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Сите вредности во ова упатство се измерени при употреба под 2000 метри надморска висина.

Информации за бучава/вибрации

3 600 H8A 0..3 600 H8A 1..
Утврдени вредности на емисија на бучава EN 50636-2-92
Измереното А ниво на бучава изнесува обично:
– Звучен притисокdB(A)8180
– Несигурност КdB= 2,5= 2,5
– Звучна јачинаdB(A)9393
– Несигурност КdB= 1,0= 1,2

Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 50636-2-92

– Вредност на емисија на вибрации a_h m/s^2 4,02,9
– Несигурност K m/s^2 = 1,6= 1,5

Монтажа и користење

▶ Не приклучувајте го производот на струја доколку не е во потполност склопен.

Цел на користењетоСликаСтрана
Обем на испоракаA289
МонтажаB289
Приклучување на продолжниот кабел
Склопување на корпата за треваC290
Монтажа на собирната корпаD290
Прилагодување на работната висинаE291
Вклучување-/исклучување на UniversalRake 900F291
Вклучување-/исклучување на UniversalVerticut 1100G292
Одржување, чистење и чувањеH292

Совети при работењето

Гребање и прозрачување на тревници

BOSCH UNIVERSALRAKE 900 - Гребање и прозрачување на тревници - 1

flowchart
graph TD
    A["Start"] --> B{Condition}
    B -->|Yes| C["Action"]
    B -->|No| D["End"]

Ставете го алатот на работ на тревникот и тоа поблиску до електричното напојување. Свртете се со грб кон утикачот.

Кабелот ставете го на спротивната страна од онаа на којашто работите.

При гребање/ прозрачување на тревникот не дозволувајте моторот да се преоптовари.

UniversalRake 900:

При преоптоварување, моторот забавува и звукот се менува. Во тој случај престанете со работа и пуштете ја рачката од менувачот и подесете да напоголема работна висина. Во спротивно моторот може да се оштети.

UniversalVerticut 1100:

BOSCH UNIVERSALRAKE 900 - UniversalVerticut 1100: - 1

Моторот е опремен со безбедносно сечење, коешто се активира ако сечилото се заплетка, застане и моторот се преоптовари. Згаснете го уредот ако дојде до тоа.

Безбедносното ислучување се ресетира само кога єе ја ослободите рачката на менувачот.

Повлечете го приклучокот за напојување, отстранете ги сите блокади и почекајте една минута пред повторно да

го стартирате производот, за да може безбедносното ислучување да се ресетира.

▶ Секогаш носете заштитни ракавици кога работите со запците/сечилото или сте во нивна близина.

Совет: Ако чекате да се ресетира безбедносното ислучување и прерано ја притиснете рачката на прекинувачот, додека производот е поврзан со утикачот, времето за ресетирање за безбедносното ислучување ќе се продолжи.

Ако машината повторно се исклучи, подигнете ја работната височина или одложете ја работата, до подобрување на условите. Прочитајте ја оваа Табела на проблеми и Совети за гребење и прозрачување тревници.

Совети за гребење и прозрачување тревници

Најдобри услови за гребење и прозрачување на тревници се кога тревата е кратка и умерено влажна.

Гребењето и прозрачувањето на тревникот кога земјата е премногу мека или премногу сува може да го оштети тревникот и да резултира со лошо собирање.

– Уништете ја мовта со соодветно средство пред гребењето/прозрачувањето.
- Стартувајте го уредот на најголема работна височина и намалувајте ја според потребата.
– Гребете/прозрачувајте го тревникот прво во еден правец, а една седмица подоцна и во другиот правец, додека целиот тревник не биде обработен.
- Отстранувањето на мовта и коровот може да влијае на гребењето/прозрачувањето и да остави траги во зависност од состојбата на тревникот.

Совет: Ако има многу дрвени отпадоци (на пример лисја, гранки и слично) на површината, прво соберете ги нив со машината поставувајки ја на работна височина 3 или 4.

За најдобав резултат искосете го тревникот пред повторно засејување. Подобрете ја густината на тревата со додавање висококвалитетно семе на празните или ретки места после гребењето/прозрачувањето. Дозволете новото семе да пушки корен пред да го нагубрите, а по потреба наводнувајте за семето да не се исуши.

Најдобро време за гребење/прозрачување е пролет и доцна есен.

Тревникот исто така може да се одржува и со гребење/ прозрачување на поголема работна височина после секои шест косења.

Отстранување грешки

Во следната табела се прикажани симптомите на проблеми и како тие да се отстранат, доколку машината не работи како што треба. Ако сепак не можете да го пронајдете и отстраните проблемот, обратете се во овластен сервис.

▶ Предупредување: Пред прегледување и барање на проблемот, згаснете го уредот и исключете го од напојување.

СимптомМожна причинаПомош
Косачката не работиНема снабдување со струјаПроверете и включете
Утикачот е неисправенКористете друг утикач
Продолжниот кабел е оштетенПроверете го кабелот и ако е потребно заменете го
Прегорен осигурувачАко осигурувачот постојано прегорува, проверете го напојувањето со струја или обратете се кај Бош служба за корисници
Можна е затнатостПроверете под косачката и по потреба исчистете ја (секогаш носете заштитни ракавици)
Безбедносното исклучување е активно (само UniversalVerticut 1100)Види под^A)
Височината на гребење/проветрување и премногу ниска за дадените условиЗголемете ја работната височина
Роторот застануваОтстранете ја пречката (секогаш носете заштитни ракавици)
Блокирани странични решеткиОтстранете ги отпадоците од надворешната страна на решетките
Собирната корпа е полнаРедовно празнете ја собирната корпа
Уредот работи со прекиниПродолжниот кабел е оштетенПроверете го кабелот и ако е потребно заменете го
Неисправни внатрешни инсталации во косачкатаОбратете се во Bosch служба за корисници
Оштетен/изгубен забец/сечилоОбратете се во Bosch служба за корисници
Премногу влажна работа подлогаПодесете на поголема работа висина (видете „Совети за гребање и прозрачување на тревници“)
Премногу растителни отпадоци на работната подлогаВиди под^A)
Можна е затнатостПроверете под косачката и по потреба исчистете ја (секогаш носете заштитни ракавици)
Височината на гребење/проветрување и премногу ниска за дадените условиЗголемете ја работната височина
Тревата е превисокаИскосете ја тревата
Многу нерамна работа површинаЗголемете ја работната височина
Собирната корпа е полнаРедовно празнете ја собирната корпа
Уредот работи со потешкотии или шкрипи ременотРаботната височина е пренискаПодесете на поголема работа висина (видете „Поставување на работа висина“)
Запците/сечилото не ротираатЗапците/сечилото спеткани во треватаОтстранете ја пречката (секогаш носете заштитни ракавици)
Ременот се лизга или е оштетенОбратете се во Bosch служба за корисници
Јаки вибрации/бучаваЗапците/сечилото е оштетеноОбратете се во Bosch служба за корисници
Лошо собирањеПочвата е премногу влажна за гребање/прозрачувањеПодесете на поголема работа висина (види „Совети за гребање и прозрачување на тревници“)
Височината на гребење/проветрување и премногу ниска за дадените условиЗголемете ја работната височина
Можна е затнатостПроверете под косачката и по потреба исчистете ја (секогаш носете заштитни ракавици)
Блокирани странични решеткиОтстранете ги отпадоците од надворешната страна на решетките
Недостасуваат опружни запци (само UniversalRake 900)Обратете се во Bosch служба за корисници

A) Ако има многу дрвени отпадоци (на пример лисја, гранки, итн.) на површината, прво соберете ги нив со машината поставувајки ја на работна височина 3 или 4.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така їе најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Опремата, додатоците и пакувањето треба да се рециклираат на еколошки начин.

BOSCH UNIVERSALRAKE 900 - Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под: - 1

Не фрлајте го уредот во губре!

Само за земјите од ЕУ:

Според европейската уредба 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивното транспонирање во националното законодавство,

производите кои повеće не се употребуваат мора да се собираат одделно и да се рециклираат на еколошки здрав начин.

Srpski

Sigurnosne napomene Pažnja! Pažljivo pročitajte sledeća uputstva. Upoznajte se sa upravljačkim elementima i namenskom upotrebom proizvoda. Molimo spremite uputstvo za upotrebu na sigurno mesto radi buduće upotrebe.

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : UNIVERSALRAKE 900

Категорија : Електричен гребло