GRT 18V-33 Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GRT 18V-33 Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GRT 18V-33 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GRT 18V-33 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GRT 18V-33 Professional BOSCH
Безбедносни напомени Толкување на симболите на уредот Општи безбедносни правила. Прочитајте го упатството за употреба. Носете заштита за очи, слух и глава. Носете чевли кои не се лизгави. Носете заштитни ракавици. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Држете ги посматрачите понастрана. Не употребувајте го овој производ кога има
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Растојанието помеѓу машината и други трети страни мора да биде најмалку 15 м (50 ft). ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пазете се од делчиња кои се исфрлаат. Пазете се од повратните удари. Не користете ножеви за сечкање. Не користете ножеви за пила. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Тргнете ја батеријата пред сервисирање. За чистење на уредот не употребувајте високопритисна пералка или гумено црево. Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). F 016 L94 542 | (07.02.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 225 Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен
u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните
u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на Bosch Power Tools F 016 L94 542 | (07.02.2023)226 | Македонски деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи
Употреба и чување на батериски алат u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. u Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија. u Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар. Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. u Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис. Безбедносни напомени за тримери за трева, косилки и режачи со четки за пила u Не користете го уредот при невреме, особено не кога има грмотевици. Со тоа ќе ја намалите опасноста од удар на гром. u Темелно проверете ја областа и површината каде ќе работите да не има диви животни. Дивите животни можат да бидат повредени кога машината е во
u Проверете го детално полето каде ќе работите и отстранете ги сите камења, гранки, жици, коски и други предмети. Исфрлените делови може да предизвикаат повреди. u Пред да ја користите машината, секогаш проверувајте дали алатката за сечење или листот за пила и единицата за сечење или режење не се оштетени. Оштетените делови го зголемуваат ризикот од повреда. u Следете ги упатствата за промена на алатките кои се вметнуваат. Неправилно затегнатите навртки или завртки за листот на пилата може или да го оштетат листот на пилата или да го откачат. u Номиналната брзина на листот за пила мора да биде најмлаку толку висока колку што е наведената максимална брзина за оваа машина. Листот од пилата што се врти побрзо од номиналната брзина може да се скрши и да летаа наоколу. u Носете заштита за очи, слух и глава и заштитни ракавици. Соодветната лична заштитна опрема ќе ги намали повредите од летечки делчиња или случајниот контакт со линијата на сечење или листот од пилата. u Секогаш носете заштитни чевли кога ракувате со машината. Никогаш не работете боси или со отворени сандали. Ова ќе го намали ризикот од повреди на стапалото при контакт со ротирачкиот лист
u Секогаш носете долги панталони кога ракувате со машината. Голата кожа значи зголемена веројатноста за повреда во случај на исфрлени предмети. u Држете се понастрана од случајните минувачи кога ракувате со машината. Исфрлените делови може да предизвикаат сериозни повреди. u Секогаш користете ги двете раце кога работите со машината. Држете ја машината со двете раце за да избегнете губење контрола. F 016 L94 542 | (07.02.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 227 u Држете ги ножиците само за изолираните рачки, зошто сечилото може да дојде во допир со скриени електрични инсталации. Контактот на алатите за сечење со струјниот кабел може металните делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до електричен удар. u Секогаш бидете сигурни дека сте на цврста тло и употребувајте ја машината само кога стоите на рамна стабилна површина. Лизгава подлога или нестабилни површини може да доведат до губење на рамнотежата и контролата над електричниот уред. u Не ракувајте со машината на премногу стрмни падини. Ова го смалува ризикот од губење контрола, лизгање и паѓање, се што може да доведе до повреда. u Кога работите на косини, проверете дали имате сигурна основа; секогаш работете преку нагибот, никогаш нагоре или надолу и бидете исклучително внимателни кога го менувате работниот смер. Ова го смалува ризикот од губење контрола, лизгање и паѓање, се што може да доведе до повреда. u Кога работите, држете ги сите делови од телото подалеку од линијата за сечење или листот за пила. Пред да го вклучите уредот, уверете се дека линијата за сечење или листот не допираат ништо. Момент на невнимание при работа со машината може да предизвика повреда за вас но и за другите. u Не ракувајте со машината над нивото на вашиот струк, односно половината. Ова помага да се избегне случаен контакт со линијата за сечење или листот за пила и овозможува подобра контрола врз машината во неочекувани ситуации. u Бидете подготвени кога во пролет ќе сечете грмушки и дрво што се протиснати или напнато од други гранки и дрвја така да сее спремнои да излетаат наназад. Кога дрвените фиданки се опуштаат, како и жбунови или грмушки може да го погодат корисникот и / или да ја извадат машината од
u Бидете особено внимателни кога сечете подраснати и млади дрвја. Мекиот и тенок материјал може да се заплетка во листот, да Ве повлече кон себе и да Ве исфрли од рамнотежа. u Чувајте ја машината под контрола и не допирајте ги листовите за пила или другите опасни делови додека тие се уште се движат. Ова го намалува ризикот од повреда од подвижните делови. u Бидете сигурни дека прекинувачот е згаснат и кабелот исклучен кога сакате да отстраните заглавена пречка од уредот или ја сервисирате машината. Неочекуваното активирање на машината при отстранување на заглавени материјал може да доведе до сериозни повреди. u Носете ја машината исклучена и свртена настрана од вашето тело. Правилното ракување со машината ќе ја намали веројатноста за случаен контакт со листот
u Секогаш ставајте го заштитното капаче на металните сечила кога ја пренесувате или чувате машината. Правилното ракување со машината ќе ја намали веројатноста за случаен контакт со листот на
u Користете само заменски навои, глави за сечење и листови за пила како што е наведено од производителот. Неадекватни резервни делови може да го зголемат ризикот од кршење и повреда. Повлекување - причини и соодветни безбедносни упатства u Повлекување е ненадејно движење на машината настрана, нанапред или наназад што може да се случи ако ножот е фатен или заглавен на предмет како што е трупец или фиданка. Може да биде толку сериозно што машината и / или операторот се фрлени во која било насока и потенцијално ја губат контролата врз машината. Чукањето со нож и опасностите поврзани со него може да се избегнат со преземање на мерките на претпазливост опишани подолу. u Држете ја машината со двете раце и поставете ги рацете во позиција каде што можете да ги апсорбирате силите на одвраќање. Држете се лево од машината. Повлекување од неочекуваното движење на машината може да го зголеми ризикот од повреда. Со преземањето на потребните мерки корисникот може да ја совлада силата од повратен
u Кога листот за пила се заглави или прекинува со сечењето од било која причина, исклучете ја машината и држете го уредот неподвижен се додека листот за пила целосно не запре. Никогаш не ја отстранувајте пилата или не ја вметнувајте додека сечивото е во движење бидејќи може да дојде до одбивање. Извршете проверки и поправки за да ја елиминирате причината за заглавување на
u Не користете тапи или оштетени листови за пила. Тапите или оштетени листови за пила го зголемуваат ризикот од заглавување на тримерот или заглавување на предмет што може да доведе до повратен удар. u Секогаш бидете сигурни дека имате добар поглед на материјалот што треба да се исече. Повратниот удар е поверојатен да настане во области каде што е тешко да се гледа што и како се сече материјалот. u Исклучете ја машината ако се приближи друго лице додека работите со неа. Други луѓе можат полесно да бидат погодени и повредени од сечилото на ротирачката пила во случај на повратни удари. Специјални безбедносни информации u Оставете ги заштитните поклопци на нивното место. Заштитните капаци мора да бидат оперативни и правилно прицврстени. Лабава, оштетена или неисправна заштитна покривка може да предизвика
Bosch Power Tools F 016 L94 542 | (07.02.2023)228 | Македонски u Не дозволувајте им на деца, личности со ограничени физички, сензорни или психички ограничувања и/или недостаток на знаење или на личности незапознаени со ова упатство да го употребуваат уредот. Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот. u Децата треба да бидат под надзор да не си играат со
u Не употребувајте го уредот со сечило во близина на напојната мрежа/кабли. u Проверете го производот дали е оштетен како удрил во тврд предмет или кога има прекумерни вибрации. u Кога ја скратувате линијата за сечење, внимавајте да не се исечете. u Кога го исклучувате производот, секогаш бидете сигурни дека моторот и главата за сечење се целосно во мирување. u Косете висока и густа трева во фази за да избегнете груб резултат. (види слика N) u Потисниот диск или подлошка (24) служи, кога треба лесно да се поддржи производот при употребување со цел за да се заштити ножот од пречки како што се, на пример, дрвјата. u За време на употребата, потисната подлошка не треба да ја прекинува нормалната работа на уредот ако е поставен на земја. u Кога ја ставате батеријата, внимавајте ножот за сечење да не дојде во контакт со вашето тело или други предмети, вклучувајќи го и подот. Може да се врти при стартување и да предизвика повреда или оштетување на производот и/или обкетот. u Избегнувајте неправилно држење на телото и секогаш одржувајте стабилна равнотежа. На коси површини чекорете внимателно и стабилно. Одете полека мирно, не трчајте. u Се препорачува да се прават соодветни паузи при подолготрајно користење на уредот. u При подолга работа со производот (или со други машини) ракувачот е изложен на влијанието на вибрации, што може да доведе до појава на болеста Бели прсти (Рејноов феномен) или Синдром на карпален тунел. u Овие состојби го оштетуваат сетилото за допир и терморегулацијата на дланките, предизвикуваат чувство на трнење и горење, како и нервни или циркуларни оштетувања и некроза на ткивото. u Ако имате симптоми на преголема изложеност на вибрации, обратете се кај лекар. Овие симптоми вклучуваат трнење, губење на сетилото за допир, вкочанетост, пецкање, боцкање, болка, загуба на сила, промени на бојата или состојбата на кожата. Овие симптоми се јавуваат во прстите, дланките и зглобовите. Напомени за оптимално користење на
u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, вода и влага. Постои опасност од експлозија. u Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спајалици, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар. u Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени побарајте помош од лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. u Не предизвикувајте краток спој на батеријата. Инаку, постои опасност од експлозија. u Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. u Наполнете го мерниот уред со испорачаниот
Следните симболи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги симболите и нивното значење. Точната интерпретација на симболите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го користите уредот. Ознака Значење Правец на движење Правец на реакција
Исклучување Дозволена функција Забранети акции CLICK! Чујна бучава
F 016 L94 542 | (07.02.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 229 Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства. Непочитувањето на безбедносните предупредувања и упатства може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозни
Видете ги илустрациите на крајот на упатството. Употреба со соодветна намена Градинарскиот алат е наменет за отсекување трева, лесен коров, плевел, коприва, садници, мали грмушки и жбунови. Производот е наменет за употреба на земја. вградени компоненти (види слика A − U) Нумерирањето на напишаните компоненти се однесува на приказот на уредот на страните со цртежи. (1)
(2) Брава на прекинувачот за вклучување / исклучување (3) Прекинувач за вклучување/исклучување (4) Копче за отворање на батеријата (5)
(6) Заштита од повратен удар (7) Заштитна хауба (8) Завртка за монтажа на заштитната хауба (9)
(10) Држач за прицврстување за штитникот (11) Безбедносна рачка (12) Рачка за монтирање завртка (13) Завртка за монтажа на рачката (14) Ремен за носење (15) Држач за каиш за носење преку рамо (16)
(17) Приказ за наполнетост на батеријата (18) Стрелка на калем (19)
(20) Копче за водилката на конецот (21) Дистанцери за растојание (22) Заштита за листот за пилата (23) Лист за пила (24) Подлошка за миење (25) Навртката за монтажа на ножот
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Тример за тревник / Моторна косилка за шишање
V 18 18 Број на вртежи
- со акумулатор кг 3,8 кг (1,5 Ah) − 4,9 кг (12,0 Ah) 3,9 кг (1,5 Ah) − 5,0 кг (12,0 Ah) - без батерија кг 3,5 3,6 Сериски број види ја плочката со податоци на апаратот Препорачана околна температура при полнење °C 0 ... +35 0 ... +35 Дозволена околна температура при работење
во зависност од употребената батерија
Нивото А од проценетата бучава изнесува обично:
– Вредност на емисија на вибрации a
– Вредност на емисија на вибрации a
= 1,3 = 1,3 Бидејќи декларираната(е) вкупна вредност(и) на вибрации и декларираната(е) вредност(и) на емисија на бучава се измерени според стандардизиран тест метод и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Навередната/-ните вкупна(и) вредност(и) на вибрации и наведената/-ните вредност(и) за емисија на бучавост(а) исто така може да се користат за прелиминарна проценка на изложеноста. Бидејќи емисиите на вибрации и бучава за време на вистинската употреба на електричниот алат може да се разликуваат од декларираните вредности, во зависност од начинот на кој се користи електричниот алат, особено од типот на предметот што се обработува; и потребата да се воспостават безбедносни мерки за заштита на операторот, врз основа на проценка на изложеноста на вибрации за време на реалните услови на употреба (земајќи ги предвид сите делови од работниот циклус, како што се времињата кога електричниот алат е исклучен и времето кога е вклучена е, но работи без оптоварување).
Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето. Полнење на батеријата u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред. Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја. Ставање на батеријата Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи. Вадење на батеријата За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила. F 016 L94 542 | (07.02.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 231 Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина. Приказ за наполнетост на батеријата Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување. Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија. Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени. Тип на батерија GBA 18V... LED-светилки Капацитет Трајно светло 3× зелено 60–100% Трајно светло 2× зелено 30–60% Трајно светло 1× зелено 5–30% Трепкаво светло 1× зелено 0–5% Тип на батерија ProCORE18V... LED-светилки Капацитет Трајно светло 5× зелено 80–100% Трајно светло 4× зелено 60–80% Трајно светло 3× зелено 40–60% Трајно светло 2× зелено 20–40% Трајно светло 1× зелено 5–20% Трепкаво светло 1 × зелено 0–5% Напомени за оптимално користење на
Заштитете ја батеријата од влага и вода. Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето. Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување. Одржување на батеријата За да постигнете оптимална употреба на батеријата следете ги следните упатства и мерки на претпазливост: – Заштитете ја батеријата од влага и вода. – Чувајте ја батеријата во граници на температура од– 20°C до 50°C. Не оставајте ја батеријата на пример во автомобил во летен период. – Батеријата полнете ја одвоено, а не додека стои во
– Не оставајте ја батеријата во косачката изложена на дирекна сончева светлина. – Оптималната температура за чување на батеријата изнесува 5 °C. – Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. Скратеното време на работа по полнењето покажува дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Монтажа и користење Цел при ракувањето Слика Страна Илустрација на компоненти
Монтирање на заштитната хауба
Монтирајте ја заштитната шипка
Монтажа на заштитата од повратни удари/ Забелешка за деснораките
Монтажа на заштитата од повратни удари/Забелешка за
Поставете го ременот за на рамо
Наполнете ја и вметнете
Вклучување/исклучување
Монтирајте го конецот
Надополнување на конецот
Отстранете ја макарата
Монтирајте го сечилото
Лесно тапкајте со долниот дел со макарата за да продолжите со навојот. Системот Про-Тап ослободува приближно 10mm на секоја страна од макарата. Ако шавот е прекинат во близина на отворот за вметнување, повторете го тапкањето неколку пати за да може да сечете со целосен дијаметар од 33см. EasyWind Уредот за намотување EasyWind овозможува вметнување на конецот за намотување без да мора да се расклопува
Ако конецот на бобината треба повторно да се вчита: – Исечете 3m конец (прибор). – Порамнете ги стрелките на масичката за да покажуваат кон копчето водилка на (20) конецот. – Гурните конац за калем у ушицу са ознаком „Убаците конац“ и провуците је кроз и преко на другу страну. Конецот треба да биде со иста должина од двете
– Свртете го копчето на водилката за конец (20) во спротивна страна од стрелките на часовникот, за да го намотате конецот на бобината (видете ги стрелките на бобината) додека не остане приближно 10 цм конец за машина на секоја страна. Против-заплеткување Алатот за кастрење трева е опремен со функција против заплеткување која овозможува континуирана работа без
Кога уредот ќе се заглави при режење, моторот автоматски ќе ја ротира макарата спротивно од стрелките на часовникот 3 секунди за да го отстрани заглавувањето. Откако ќе го направите ова, алатката за режење ќе работи повторно во правец на стрелките на часовникот како и обично. Ако блокадата не може да се отстрани, алатката за режење запира. За помош по други прашања видете го поглавјето за решавање на проблеми Отстранување грешки. Отстранување грешки Симптом Можна причина Помош Моторот не се
Празна батерија Проверете го индикаторот за нивото на наполнетост на батеријата и наполнете ја
Батеријата е преладна/претопла Пуштете батеријата да се загрее/олади Батеријата не е целосно вметната Вметнете ја батеријата правилно Има трева која се замотала околу калемот Отстранете ја батеријата и отстранете ја и
Прекинувачот е расипан Обратете се во Bosch служба за корисници Неисправни внатрешни инсталации во уредот Обратете се во Bosch служба за корисници Главата за режење е блокирана Отстранете ја главата за режење, исчистете ги сите затнувања и повторно ставете ја главата за
преоптоварен Тревата е превисока/ прегуста Постепено сечете Лошо косење Уредот е преоптоварен Поместувајет го уредот побавно Премногу конец за сечење Намотајте го конецот за сечење (види слика J) и проверете го сечилото Заштитна обвивка е обложена со нечистотии Исчистете ја внатрешноста на заштитната хауба Уредот не сече Конецот е прекраток/прекинат Уфрлете во линијата за сеченје со помош на автоматското движење Про-Тап (види слика J) Празна макара Заменете го калемот (види слика J) Конецот за сечење се повлекува назад во
Конецот е прекраток/прекинат Извадете ја макарата и повторно ставете го конецот (види слика J) F 016 L94 542 | (07.02.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 233 Симптом Можна причина Помош Конецот често се кине Конецот е заплеткан на макарата Извадете ја макарата и повторно намотајте го конецот (види сликаJ) Неправилно ракување со тримерот Косете само со врвот на конецот за косење; избегнувајте допирање со камења, ѕидови и други цврсти предмети. Редовно прилагодувајте ја линијата за сечење како би го користиле целиот пречник Линијата што се користи за сечење има премал
Користете ја предложената линија за сечење Силни вибрации Конецот е скинат види слика J Нерамнотежа во главата за сечење или во
Отстранете ги нечистотиите од главата за сечење. Проверете ја главата за сечење (види сликаM) и контактирајте со службата за корисници на Bosch во случај на оштетување Макара/сечило неправилно инсталиран Правилно вметнете ги сите делови (види сликаM) Заштитниот капак не е правилно наместен Монтирајте го заштитниот капак правилно Навртката за монтажа на ножот е олабавена Затегнете ја навртката за склопување на ножот (20Nm) (види сликаM) Функцијата Anti- Tangle не ја отстранува блокадата Електричниот алат се користи погрешно Користете го електричниот алат правилно и вклучете го и исклучувајте го брзо и неколку
Блокадата е премногу тешка за системот да може сам да се отстрани без рачна помош Отстранете ја батеријата и отстранете ја блокадата рачно Одржување и сервис Одржување, чистење и чување u Извадете ја батеријата од машината пред да работите на неа (на пример пред редовно одржување, замена на делови и слично), како и пред транспорт и складирање. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/ исклучување, постои опасност од повреди. u Одржувајте ги уредот и отворите за проветрување чисти, за да функционираат добро и безбедно. Исчистете го и одржувајте го производот пред складирање. Не редете други предмети врз уредот. Никогаш не прскајте го уредот со вода. Никогаш не потопувајте го уредот во вода. Уредот складирајте го на безбедно, суво место вон допир
Не редете други предмети врз уредот. Не оставајте го производот на подот. Може да се сопнете преку него. Проверете сите навртки, подлошки и завртки да се цврсто прицврстени со цел за безбедна работа со уредот. Редовно прегледувајте го уредот и заменувајте ги веднаш оштетените или изабените делови. Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови. Производот не смее да се менува, секоја измена може да доведе до повреди. Острење и балансирање на сечилото Правилното острење и балансирање на сечилото бара многу вежбање. Bosch препорачува да користите одобрено заменско сечило. Замена на сечилото може да се врши и во одобрен сервисен центар. Транспорт на машина за сечење При транспорт и складирање сечилото секогаш треба да се прекрие со соодветен штитник. Носете ја косилката во едната рака, добро избалансирано на ременот, со додаток за сечење кон задната страна. Обезбедете ја косилката од превртување и поместувања за време на транспортот. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Bosch Power Tools F 016 L94 542 | (07.02.2023)234 | Srpski Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните уреди, батериите, опремата и амбалажите треба да се сортираат за повторна употреба. Не фрлајте ги уредите и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земјите од ЕУ: Според европската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.
Notice-Facile