YOUseries Vac - Прашка BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот YOUseries Vac BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Прашка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник YOUseries Vac - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. YOUseries Vac на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК YOUseries Vac BOSCH
Безбедносни напомени за всисувачи Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. u Овој всисувач не е предвиден за користење од страна на деца и лица со намалени психички, физички или душевни способности или недоволно искуство и знаење. Овој всисувач може да го користат деца над 8 години како и лица со ограничени физички, сензорни и ментални способности или со недоволно искуство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со всисувачот и ги разбираат опасностите кои може да произлезат од тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди. Bosch Power Tools 1 609 92A 4G2 | (19.12.2018)210 | Македонски u Не ги оставајте децата без надзор. Така ќе се осигурате дека децата нема да си играат со всисувачот.
Не всисувајте материјали штетни по здравјето, на пр. прав од буково или дабово дрво, камен, азбест. Овие материјали важат за канцерогени. Информирајте се за важечките одредби/закони во Вашата земја во врска со постапувањето со честички прав што се штетни по здравјето. u Користете го всисувачот само сако имате доволно информации за користењето. Деталните инструкции ја намалуваат опасноста од погрешна употреба и повреди.
Всисувачот е наменет само за всисување на суви материи. Навлегувањето на течности го зголемува ризикот од електричен удар. u ВНИМАНИЕ! Всисувачот смее да се користи и чува само во внатрешни простории.Навлегувањето на дожд и влага во горниот дел на всисувачот го зголемува ризикот од електричен удар. u Погрижете се за добра проветреност на работното место.u Всисувачот смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на всисувачот. u Пред користењето, проверете дали цревото за всисување е во беспрекорна состојба. При монтирањето на цревото на всисувачот, проверете да не излегува прав. Инаку може да ја вдишете правта. u Не го чистете всисувачот со директно насочен млаз вода. Навлегувањето на вода во горниот дел од всисувачот го зголемува ризикот од електричен удар. u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници. 1 609 92A 4G2 | (19.12.2018) Bosch Power ToolsМакедонски | 211 u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се
u Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар. u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија. u Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. u Не всисувајте жешка или запалива прав и во простории кои се под опасност од експлозија. Правта лесно може да се запали или да експлодира. Опис на производот и перформансите Употреба со соодветна намена Всисувачот е наменет за всисување и издувување на материјали што не се опасни по здравјето и суви материјали. Всисувачот е наменет исклучиво за употреба во домаќинството. Илустрација на компоненти Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказите на графичките страници на почетокот на упатството. (1) Копче за отклучување на контејнерот за прав (2) Копче за вклучување-исклучување (3)
(4) Приказ за наполнетоста на батеријата
(7) Куќиште на моторот Bosch Power Tools 1 609 92A 4G2 | (19.12.2018)212 | Македонски (8) Контејнер за прав (9) Млазница за фуги (10) Приклучок за мрежа
(во зависност од земјата) (11) USB-кабел
(12) Отвор за батерии (13) Копче за ослободување на батеријата
(14) Филтер за груба нечистотија (15) Филтер за финa прав (16) Игла за вадење
Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. B) USB Type-C
се трговски ознаки за USB Implementers Forum. Технички податоци Батериски всисувач за суви материјали Vac Број на дел/артикл 3 603 CD7 0.. Волумен на садот (бруто) l 0,25 макс. потпритисок (турбина) kPa 4,2 макс. количина на проток (турбина) m
10...+50 Препорачани батерии 1 607 A35 08. препорачан приклучок за мрежа 1 600 A01 6A. A) ограничена јачина при температури <0 °C Техничките податоци се на испорачаната батерија.
u Извадете ја батеријата, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред да направите на поставки на уредот, замена на деловите или тргање на всисувачот настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот. 1 609 92A 4G2 | (19.12.2018) Bosch Power ToolsМакедонски | 213 Полнење на батеријата (види сликаA) u Користете го само приклучокот за мрежа кој е наведен во техничките податоци. Само овој приклучок за мрежа е погоден за литиум-јонската батерија што се користи за Вашиот всисувач. Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на приклучокот за мрежа додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку батеријата е испразнета, всисувачот се исклучува со заштитен прекинувач. u По автоматското исклучување на всисувачот не го притискајте повторно копчето за вклучување-исклучување. Батеријата може да се оштети. Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата, што дозволува полнење само на температура меѓу 10 °C и 35 °C. Со тоа се постигнува долг животен век на батеријата. Можете да ја полните батеријата (3) одделно или во всисувачот. – Отворете го капакот (6). – Поврзете ја батеријата (3) преку USB-кабел (11) со приклучокот за мрежа (10). – Вметнете го приклучокот за мрежа (10) во приклучницата. Постапката на полнење започнува. Приказот за наполнетост на батеријата (4) го покажува напредокот на полнењето. За време на процесот на полнење се деактивира всисувачот и не може да се
Доколку не го употребувате, извадете го приклучокот за мрежа (10) од струја. Ставање и вадење на батеријата (види слики B1−B2) u Не употребувајте сила при ставање на батеријата. Батеријата е дизајнирана на тој начин што може да се вметне само во правилна позиција во всисувачот. – Вметнете ја батеријата (3) до крај во преградата за батерии(12). – За вадење на батеријата (3) притиснете ги копчињата за отклучување(13) на батеријата и извлечете ја од преградата за батерии(12). Внимавајте на напомените за отстранување. Bosch Power Tools 1 609 92A 4G2 | (19.12.2018)214 | Македонски Приказ за наполнетоста на батеријата Приказот за наполнетост на батеријата (4) се активира автоматски, штом батеријата (3) се придвижи. Приказот за наполнетост на батеријата (4) се гаси по неколку секунди, ако батеријата (3) веќе не се движи. За време на процесот на работа со всисувачот се исклучува приказот за наполнетост на батеријата (4). Полнење Батерија одделно или во всисувач (при движење) Постапка на полнење (батерија со приклучен приклучок за мрежа) 100 % Зелено (непрекинато)
Напомена: По подолго чување и некористење на батеријата (3) можно е да не се активира приказот за наполнетост на батеријата (4). Ова ја штити батеријата (3) од длабоко празнење. Штом се наполни батеријата (3), приказот повторно се активира. Во овој случај се продолжува времето на полнење. Приказот за наполнетост на батеријата (4) се гаси по неколку минути откако целосно ќе се наполни батеријата (3). Напомена: Приказот за наполнетост на батеријата (4) трепка бело, ако температурата се наоѓа надвор од дозволената околна температура. Веднаш штом повторно се постигне дозволениот опсег на температура, автоматски започнува процесот на полнење. За време на процесот на полнење приказот за наполнетост на батеријата (4) трепка зелено. Монтирање на опремата за всисување Опремата за всисување може да се спои директно со контејнерот за прав(8). – Вметнете ги деловите од опремата за всисувачот цврсто во приклучокот на контејнерот за прав(8) и еден во друг. 1 609 92A 4G2 | (19.12.2018) Bosch Power ToolsМакедонски | 215
u Извадете ја батеријата, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред да направите на поставки на уредот, замена на деловите или тргање на всисувачот настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот. u Внимавајте на тоа капакот на USB тип-C
-портата (6) да биде затворен за време на работата. На тој начин ќе избегнете влегување на прав. Ставање во употреба u Пред всисувањето бидете сигурни дека единицата на филтерот е цврсто
u Користете само неоштетен филтер (без пукнатини, дупчиња итн.). Веднаш заменете го оштетениот филтер. Вклучување/исклучување – За вклучување на всисувачот притиснете го копчето за вклучување- исклучување(2). – За исклучување на всисувачот, одново притиснете го копчето за вклучување- исклучување(2). Одржување и сервис Одржување и чистење u Извадете ја батеријата, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред да направите на поставки на уредот, замена на деловите или тргање на всисувачот настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот. u Одржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. – Повремено исчистете го куќиштето на всисувачот со влажна крпа. – Исчистете ги извалканите контакти за полнење со сува крпа. Чистење на контејнерот за прав (види слики C1–C2) Чистете го контејнерот за прав(8) по секоја употреба, за да го одржите оптималниот перформанс на всисувачот. – Држете го всисувачот малку навален надолу, за да не испадне правта од контејнерот за прав при отворање на всисувачот. Bosch Power Tools 1 609 92A 4G2 | (19.12.2018)216 | Македонски – Притиснете на копчето за отклучување(1) и извадете го контејнерот за прав(8) од куќиштето на моторот(7). – Истресете го контејнерот за прав(8) над соодветен сад за отпад. – Доколку е потребно, исчистете го филтерот(види „Чистење на филтерот (види сликиD1–D5)“, Страница216). – Поставете го контејнерот за прав (8) под куќиштето на моторот (7) и затворете го со ротационо движење, додека не слушнете да се вклопи. Чистење на филтерот (види сликиD1–D5) Филтерот за фина прав(15) не смее да се чисти влажен. – Држете го всисувачот малку навален надолу, за да не испадне правта од контејнерот за прав при отворање на всисувачот. – Притиснете на копчето за отклучување(1) и извадете го контејнерот за прав(8) од куќиштето на моторот(7). – Исчеткајте го филтерот за груба нечистотија(14). – Свртете ги единицата на филтерот (филтер за груба нечистотија(14) и филтерот за фина прав(15)) до крај во правец на вртење „Бравата е отклучена“ и извадете ги од куќиштето на моторот. – Повлечете го филтерот за фина прав(15) за иглата за вадење(16) од филтерот за груба нечистотија (14). – Внимателно потчукнете го филтерот за фина прав(15) над соодветен сад за отпад. По потреба исчеткајте ги ламелите на филтерот за фина прав со мека
– Вградувањето се врши по обратен редослед.
При недоволна јачина на всисување проверете: – Дали контејнерот за прав(8) е полн? ▷ (види „Чистење на контејнерот за прав (види слики C1–C2)“, Страница215) – Дали филтрите((14), (15)) се затнати со прав? ▷ (види „Чистење на филтерот (види сликиD1–D5)“, Страница216) – Дали наполнетоста на батеријата (3) е премногу мала? ▷ (види „Полнење на батеријата (види сликаA)“, Страница213) Редовното празнење на садот за прав и чистењето на филтерот гарантираат оптимален перформанс на всисување. Доколку и понатаму не може да се постигне истата јачина на всисување, однесете го всисувачот во сервисната служба. 1 609 92A 4G2 | (19.12.2018) Bosch Power ToolsМакедонски | 217 Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема. За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10- цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални
Bosch Power Tools 1 609 92A 4G2 | (19.12.2018)218 | Srpski Отстранување Всисувачот, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не го фрлајте всисувачот и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земјите од ЕУ: Според европската регулатива 2012/19/ЕУ всисувачите што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/ЕЗ мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Notice-Facile