UniversalLevel 3 - Ласерско ниво BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот UniversalLevel 3 BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Ласерско ниво во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник UniversalLevel 3 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. UniversalLevel 3 на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК UniversalLevel 3 BOSCH
Безбедносни напомени Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД. u Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење. u Мерниот уред се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна). u Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата
Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите очите. u Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак. u Не правете промени на ласерскиот уред. u Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење. u Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои. u Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред. 1 609 92A 857 | (14.09.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 183 u Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица. u Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Опис на производот и перформансите Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење. Употреба со соодветна намена Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални и вертикални линии, како и точки на вертикалата. Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен простор. Овој производ е потрошувач-ласерски уред според EN50689. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница. (1) Излезен отвор за ласерскиот зрак (2) Прекинувач за вклучување/исклучување (3) Копче за ласерскиот вид на работа (4) Предупредување за батеријата (5) Приказ за режимот на работа на ласерот (6) Сериски број (7) Натпис за предупредување на ласерот (8) Фиксирање на капакот од преградата за батерии (9) Капак на преградата за батерии (10) Прифат на стативот 1/4" (11)
(12) Ласерски заштитни очила
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Bosch Power Tools 1 609 92A 857 | (14.09.2022)184 | Македонски Технички податоци Ласер со вкрстени линии UniversalLevel 3 Број на дел 3603F639.. Работно поле до околу
10m Агол на отворање на ласерската линија 120° Точност на нивелирање B)C) – Ласерски линии ±0,5mm/m – Ласерска точка ±1,0mm/m Поле на самонивелирање ±4° Време на нивелирање <4s Оперативна температура +5°C…+40°C Температура при складирање –20°C…+70°C Макс. оперативна висина преку референтната висина 2000m Макс. релативна влажност на воздухот 90% Степен на извалканост според IEC61010-1 2
Класа на ласер 2 Ласерски линии – Тип на ласер <10mW, 630–650nm – C₆ 10 – Отстапување 50×10mrad (целосен агол) Ласерска точка – Тип на ласер <1mW, 630–650nm – C₆ 1 – Отстапување 0,8mrad (целосен агол) Прифат за стативот 1/4" Батерии 3×1,5VLR6(AA) Времетраење на работа околу.
Тежина согласно EPTA-Procedure01:2014 0,54kg 1 609 92A 857 | (14.09.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 185 Ласер со вкрстени линии UniversalLevel 3 Димензии (должина×ширина×висина) 131×75×126mm A) Работното поле може да се намали поради неповолни услови на околината (на пр. директна изложеност на сончеви зраци).
кај 20–25°C C) Дадените вредности предвидуваат нормални до поволни услови на околината (на пр. нема вибрации, нема магла, нема чад, нема изложеност на сончеви зраци). По екстремни температури може да дојде до отстапување во точноста. D) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација. Серискиот број (6) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред.
Ставање/менување на батерии За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански
За да го отворите капакот од преградата за батерии(9) притиснете на механизмот за заклучување(8) и извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии. Доколку батериите се слаби, предупредувањето за батерија(4) свети црвено. Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет. u Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се
Ставање во употреба u Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви u Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. Bosch Power Tools 1 609 92A 857 | (14.09.2022)186 | Македонски При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши. u Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. Доколку се оштети мерниот уред, може да се наруши прецизноста. По тежок пад или удар, споредете ги ласерската линија за контрола со познатата хоризонтална или вертикална референтна линија. u Исклучете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења. Вклучување/исклучување За вклучување на мерниот уред притиснете на прекинувачот за вклучување/ исклучување (2) во позиција On. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта ласерски линии од излезните отвори (1). u Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост. За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/ исклучување (2) во позиција Off. При исклучување, осцилирачката единица се
u Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак. Начини на работа Мерниот уред има три начини на работа, кои може да ги промените во било кое
Начин на работа Режим на вкрстени линии со автоматика за нивелирање (види сликаA): Мерниот уред емитува една хоризонтална и една вертикална ласерска
Режимот на вкрстени линии и режимот на точка на вертикала со автоматика за нивелирање (види сликаB): Мерниот уред емитува една хоризонтална и две вертикални ласерски линии, како и една точка на вертикалата надолу. Двете вертикални ласерски линии паѓаат под прав агол една кон друга. Режим на вкрстени линии со автоматика за нивелирање (види сликаC): Мерниот уред емитува една хоризонтална и една вертикална ласерска
1 609 92A 857 | (14.09.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 187 По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во режим со вкрстени линии со автоматика за нивелирање. За да го смените режимот на работа, притискајте на копчето за режим на работа на ласерот(3), додека не се прикаже саканиот режим на работа со светење на соодветните прикази за режими на работа на ласерот(5). Автоматика за нивелирање Работење со автоматика за нивелирање Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на стативот(11). Изберете еден од начините на работа со автоматиката за нивелирање. Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°. Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се движат повеќе. Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од 4° од хоризонталата, ласерот се исклучува. Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на ласерските зраци во однос на референтните точки, за да се избегнат грешките при поместување. Работење со функција за навалување Изберете еден од режимите на работа за режим на вкрстени линии со функција за навалување. При работа со функција за навалување автоматиката за нивелирање е исклучена. Мерниот уред може да го држите слободно во рака или да го поставите на навалена подлога. Ласерските зраци повеќе не се нивелираат и не мора да се вертикално една кон друга. Совети при работењето u За обележување користете ја секогаш средината на ласерската точка одн. ласерската линија. Големината на ласерската точка одн. ширината на ласерската линија се менува согласно растојанието. Bosch Power Tools 1 609 92A 857 | (14.09.2022)188 | Македонски Работење со статив (опрема) Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (10) на навојот на стативот (11) или обичен фото статив. Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот. Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите мерниот уред. Ласерски заштитни очила (опрема) Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото. u Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење. u Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои. Примери за работа (види слики D–F) Примери за можностите на примена на мерниот уред ќе најдете на графичките
Notice-Facile