BOSCH

GCG 18V600 - Non catégorisé BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GCG 18V600 BOSCH во PDF формат.

📄 211 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice BOSCH GCG 18V600 - page 148
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GCG 18V600

Категорија : Non catégorisé

Преземете ги упатствата за вашиот Non catégorisé во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GCG 18V600 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GCG 18V600 на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GCG 18V600 BOSCH

Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел Bosch Power Tools 1 609 92A 87Y | (27.09.2022)148 | Македонски соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните

u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи

Употреба и чување на батериски алат u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. 1 609 92A 87Y | (27.09.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 149 u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. u Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од

u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија. u Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар. Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. u Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис. Безбедносни напомени за батериски пиштоли

u По автоматското исклучување на пиштолот за силикон, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се

u При работа со батерискиот пиштол за силикон носете лична заштитна опрема, којашто е препорачана од производителот на потрошниот материјал. Напомени за ова ќе најдете на безбедносниот лист на потрошниот материјал. Во секој случај носете заштитни очила и ракавици, коишто се наменети за работа со хемиски супстанци. Во зависност од материјалот, потребни се и дополнителни заштитни мерки. u Овој електричен алат смее да се користи само за истиснување на заптивни смеси и лепила од комерцијални тубуларни ќеси и патрони. Истиснувањето на други материјали или употребата на специфични системи за пакување е строго забранета. u При обработка на испарливи или опасни супстанции треба да се внимава работното место да биде доволно проветрено и по потреба да се носи соодветен апарат за дишење. u Бидете сигурни дека тубуларните ќеси и патроните се со правилната големина за овој електричен алат. Бидете сигурни дека тубуларните ќеси и патроните одговараат за држачот за ќеси и патрони и дека тој е добро прицврстен во електричниот алат. Дури тогаш започнете со притискање на материјалот. u Никогаш не се обидувајте, да истиснувате материјал од погрешно насочен или затнат патрон. u За да избегнете опасности поради делови што одлетуваат, бидете сигурни дека електричниот алат никогаш не се употребува со лабаво капаче за затворање. Ако отворот за истекување е блокиран за време на употребата, мора да се замени. u За време на употребата на електричниот алат никогаш не го насочувајте истиот кон себе или кон други лица. u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. u Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Наменета употреба Пиштолот за силикон е наменет за нанесување заптивни смеси и лепила со различна вискозност на сува подлога без прашина и маснотии или за исполнување на фуги со материјалот што се употребува. Пиштолот за силикон може да се користи во околина заштитена од испрскана вода и на отворено. Bosch Power Tools 1 609 92A 87Y | (27.09.2022)150 | Македонски Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Капаче за затворање (2) Држач на ќеси и патрони (3) Затезна навртка (4) Пластична шајбна за истиснување за тубуларни

(5) Метална шајбна за истиснување за тубуларни

(6) Алуминиумски диспензер за истиснување (7) Назабена летва (8) Сврзно капаче (9) Држач за појасот за рамо (10) Повлекувач на назабената шина (11) Вртливо копче за брзина на движење (12) Отклучување на назабената шина (13) Прекинувач за вклучување/исклучување (14) Механизам за заклучување (15) Приказ за наполнетост на батеријата

(16) Копче за прикажување на наполнетоста на

(17) Копче за отклучување на батерија

Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Батериски пиштол за силикон GCG 18V-600 Број на дел 3 601 JC4 0.. Номинален напон V= 18 Патрон ml до 400 Тубуларна ќеса ml до 600

mm/s 7 Сила на истиснување kN 3,5 Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 – со батерија kg 2,6–3,6

°C –15…+50 Батериски пиштол за силикон GCG 18V-600 Препорачани акумулаторски батерии GBA 18V… ProCORE18V… Препорачани полначи GAL 18… GAX 18… GAL 36… A) без оптоварување, со највисока поставеност на вртливото копче, на 20–25°C B) во зависност од употребената батерија C) ограничена јачина при температури <0°C Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноEN62841-1. Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето соA, типично е помало од 70dB(A). Нивото на звучниот притисок при работењето може да ги надмине наведените вредности. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збир на три насоки) и несигурност K дадени се во согласност со EN62841-1: a

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето. Полнење на батеријата u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за 1 609 92A 87Y | (27.09.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 151 полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред. Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја. Ставање на батеријата Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи. Вадење на батеријата За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила. Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина. Приказ за наполнетост на батеријата Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување. Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија. Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени. Тип на батерија GBA 18V... LED-светилки Капацитет Трајно светло 3× зелено 60–100% Трајно светло 2× зелено 30–60% Трајно светло 1× зелено 5–30% Трепкаво светло 1× зелено 0–5% Тип на батерија ProCORE18V... LED-светилки Капацитет Трајно светло 5× зелено 80–100% Трајно светло 4× зелено 60–80% Трајно светло 3× зелено 40–60% Трајно светло 2× зелено 20–40% Трајно светло 1× зелено 5–20% Трепкаво светло 1 × зелено 0–5% Напомени за оптимално користење на

Заштитете ја батеријата од влага и вода. Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето. Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.

Вметнување на тубуларната ќеса u Пред било каква интервенција на електричниот алат извадете ја батеријата. u Ако навртите држач за ќеси и патрони во пиштолот за силикон, внимавајте на тоа држачот да биде навистина навртен во навојот. Со другата рака цврсто држете го сврзното капаче, ако го навртувате држачот за ќеси и патрони! Пиштолот за силикон е стандардно испорачан за работа со тубуларни ќеси. Во овој случај, при прва употреба не е потребна модификација. Ако за прв пат го користите пиштолот за силикон или претходно се користела тубуларна ќеса, бидете сигурни дека се монтирани пластичната шајбна за истиснување(4) и металната шајбна за истиснување(5). Постапете на следниот начин: – Одвртете го капачето за затворање(1) од држачот за ќеси и патрони(2). – Ослободете ја назабената шина(7) со отклучувањето на назабената шина(12) и повлечете ја наназад. – Исечете ја тубуларната ќеса на предната страна и вметнете ја во држачот за ќеси и патрони. – Поставете соодветен отвор за истекување и затворете го држачот за ќеси и патрони(2) со капачето за затворање(1). – Внимателно вметнете ја отклучената назабена шина нанапред, додека пластичната шајбна за истиснување(4) не ја допре тубуларната ќеса. – Евентуално исечете го отворот за истекување според Вашите потреби. Ако пиштолот за силикон претходно се користел со патрон, постапете на следниот начин (види сликаA): – Ослободете ја назабената шина(7) со отклучувањето на назабената шина(12) и повлечете ја надолу. – Одвртете го држачот за ќеси и патрони(2) од пиштолот за силикон. – Извадете го алуминиумскиот диспензер за истиснување(6), свртете го за 180° (свитканата страна да покажува кон назад) и повторно вметнете го. Bosch Power Tools 1 609 92A 87Y | (27.09.2022)152 | Македонски – Поставете го алуминиумскиот диспензер за истиснување(6) на металната шајбна за истиснување(5) и врз тоа пластичната шајбна за истиснување(4). Свртете ја затезната навртка(3) на навојот и затегнете ја. – Навртете го држачот за ќеси и патрони(2) на пиштолот за силикон. Притоа цврсто држете го сврзното капаче(8). – Одвртете го капачето за затворање(1) од држачот за ќеси и патрони(2). – Исечете ја тубуларната ќеса на предната страна и вметнете ја во држачот за ќеси и патрони(2). – Поставете соодветен отвор за истекување и затворете го држачот за ќеси и патрони(2) со капачето за затворање(1). – Внимателно вметнете ја отклучената назабена шина нанапред, додека пластичната шајбна за истиснување(4) не ја допре тубуларната ќеса. – Евентуално исечете го отворот за истекување според Вашите потреби. Вметнување на патрон Ако пиштолот за силикон претходно се користел со патрон, постапете на следниот начин: – Ослободете ја назабената шина(7) со отклучувањето на назабената шина(12) и повлечете ја наназад. – Одвртете го капачето за затворање(1) од држачот за ќеси и патрони(2). – Исечете го патронот на предната страна и навртете отвор за истекување. – Вметнете го патронот и затворете го држачот за ќеси и патрони(2) со капачето за затворање(1). – Внимателно вметнете ја отклучената назабена шина нанапред, додека алуминиумскиот диспензер за истиснување(6) не го допре патронот. – Евентуално исечете го отворот за истекување според Вашите потреби. Ако пиштолот за силикон претходно се користел со тубуларна ќеса, постапете на следниот начин (види сликаB): – Ослободете ја назабената шина(7) со отклучувањето на назабената шина(12) и повлечете ја наназад. – Одвртете го држачот за ќеси и патрони(2) од пиштолот за силикон. – Извадете ги пластичната шајбна за истиснување(4) и металната шајбна за истиснување(5) со притискање на пластичната шајбна за истиснување надолу. – Извадете го алуминиумскиот диспензер за истиснување(6), свртете го за 180° (свитканата страна да покажува кон напред) и повторно вметнете го. Затегнете го алуминиумскиот диспензер за истиснување(6) со затезната навртка(3). – Навртете го држачот за ќеси и патрони(2) на пиштолот за силикон. Притоа цврсто држете го сврзното капаче(8). – Одвртете го капачето за затворање(1) од држачот за ќеси и патрони(2). – Исечете го патронот на предната страна и навртете отвор за истекување. – Вметнете го патронот и затворете го држачот за ќеси и патрони(2) со капачето за затворање(1). – Внимателно вметнете ја отклучената назабена шина нанапред, додека алуминиумскиот диспензер за истиснување(6) не го допре патронот. – Евентуално исечете го отворот за истекување според Вашите потреби.

Ставање во употреба Поставување на брзина на движење Брзината на движење на назабената летва(7) може да ја регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/ исклучување(13). Со вртливото копче за брзина на движење(11) можете однапред да ја поставите максималната брзина на движење на назабената летва(7). Високите вредности значат висока стапка на движење, ниските вредности значат ниска стапка на движење. Можете исто така да ја промените претходно избраната вредност за време на

Количината на истиснат материјал дополнително зависи од големината на отворот за истекување. Вклучување/исклучување За вклучување на пиштолот за силикон притиснете го заклучувањето(14) надолу. Потоа кратко притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување(13). За исклучување на пиштолот за силикон отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување(13). Назабената шина(7) веднаш се движи во позиција на мирување во за да се спречи дополнително притискање на материјалот. Ако прекинувачот за вклучување/исклучување(13) се притисне повторно во рок од околу 10секунди по исклучувањето, назабената шина(7) се движи со максимална брзина во последната работна позиција. Кога ќе се достигне оваа позиција, движењето повторно се прилагодува на поставената брзина на движење. За заклучување на прекинувачот за вклучување/ исклучување(13) за заштита од случајно вклучување, притиснете го заклучувањето(14) нагоре. Заштита од преоптоварување во зависност од температурата При надминување на дозволивата температура се исклучува пиштолот за силикон. Оставете го пиштолот за силикон да се излади и повторно вклучете го. 1 609 92A 87Y | (27.09.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 153 Совети при работењето u Почитувајте ги напомените на производителот на материјалите што треба да се нанесат! Одредени материјали може да се користат само во одреден температурен опсег или да се нанесуваат само на специфична подлога. u Отворете и користете го патронот според податоците од производителот. u Исечете го отворот за истекување дури кога материјалот е сигурен во држачот за ќеси и

u Држачот за појасот за рамо не служи како заштита од паѓање. Користете го држачот(9) за појасот за рамо исклучиво за прицврстување на појасот на

Регулирајте ја брзината на движење, така што материјалот што треба да се нанесе ќе може да го нанесете рамномерно со еден потег, без да морате да

Внимавајте на тоа, површината на која треба да се нанесе материјалот да биде чиста, без маснотии и сува. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да

По секоја употреба темелно исчистете ги капачето за затворање, отворот за истекување, држачот за ќеси и патрони, како и назабената шина со шајбната за истиснување според спецификациите на производителот на потрошниот материјал. Батеријата и рачката може да се исчистат со влажна крпа. Пиштолот за силикон не мора да се одржува и не содржи делови, што треба да се менуваат или одржуваат. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете

Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земјите од ЕУ: Според европската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи. Bosch Power Tools 1 609 92A 87Y | (27.09.2022)154 | Srpski

EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: *