BOSCH

Easy HedgeCut 1235 Li - Градинарски ножици BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Easy HedgeCut 1235 Li BOSCH во PDF формат.

📄 282 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice BOSCH Easy HedgeCut 1235 Li - page 198
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : Easy HedgeCut 1235 Li

Категорија : Градинарски ножици

Преземете ги упатствата за вашиот Градинарски ножици во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Easy HedgeCut 1235 Li - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Easy HedgeCut 1235 Li на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Easy HedgeCut 1235 Li BOSCH

Безбедносни напомени Толкување на симболите Прочитајте го упатството за употреба. Не изложувајте го уредот на дожд. Извадете ја батеријата пред чистење, поправање или складирање на машината. Општи напомени за безбедност за електричните апарати Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. Поимот «електричен алат» во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел). Безбедност на работното место Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до несреќи. Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот. Електрична безбедност Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во ѕидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено. Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар. Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар. Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар. Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар. Безбедност на лица Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди. Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди. Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исклучен електричниот апарат, пред да го приклучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа. Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го вклучите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди. Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ OBJ_BUCH-1685-008.book Page 198 Tuesday, May 23, 2017 2:11 PMМакедонски | 199 Bosch Power Tools F 016 L81 736 | (23.5.17) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови. Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав. Користење и ракување со електричниот апарат Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат ќе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа. Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи. Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред. Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица. Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати. Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи. Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обѕир работните услови и дејноста што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации. Користење и ракување на батерискиот апарат Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар. Затоа користете батерии кои се предвидени за електричниот апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар. Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар. При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.

Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот

Безбедносни правила за електричните ножици за жива ограда Чувајте ги сите делови на своето тело подалеку од сечилото. Не обидувајте се да ги отстраните заглавените отпадоци од сечилото додека машината е вклучена. Заглавените отпадоци отстранувајте ги од сечилото само кога машината е исклучена. Еден момент на невнимание при работа со електричните ножици за жива ограда може да резултира со тешки повреди. Електричните ножици секогаш носете ги за рачката, и тоа само кога се исклучени. Кога ги пренесувате или складирате електричните ножици секогаш ставете ја заштитната футрола. Внимателното ракување со машината го намалува ризикот од

Работете со машината само на изолирани површини, зошто сечилото може да дојде во допир со скриени електрични инсталации. Ако сечилото дојде во допир со проводник на електрична енергија, преку металните делови на машината може да предизвика електричен удар кај ракувачот со

Дополнителни сигурносни напомени Оваа машина не е наменета на личности (и деца) со ограничени физички, сензорни или душевни можности, со недостаток на искуство и знаење, освен ако не им се обезбедени соодветни инструкции или надзор за употреба на машината од страна на личност одговорна за нивната безбедност. Внимавајте децата да не си играат со машината. OBJ_BUCH-1685-008.book Page 199 Tuesday, May 23, 2017 2:11 PM200 | Македонски F 016 L81 736 | (23.5.17) Bosch Power Tools При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот апарат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Додека ја користите машината, во круг од најмалку 3 метри не треба да има луѓе и животни. Ракувачот на машината е одговорен за безбедноста на трети лица во нејзината близина. Никогаш не држете ја машината за сечилото. Никогаш не дозволувајте им на деца и луѓе кои не се запознаени со овие инструкции да ја користат машината. Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот. Не користете ја машината кога во близина има животни, луѓе, а особено деца. Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други луѓе или имот. Не користете ја машината боси или со отворени сандали. Носете крути обувки и долги пантолони. Се препорачува носење на заштитни ракавици, очила и обувки. Не носете лабава облека или накит, којшто може да биде заплеткан во подвижните делови. Детално прегледајте ги растенијата коишто сакате да ги шишате и отстранете ги сите жици, кабли и други

Секогаш пред употреба проверете да не е оштетено или истрошено сечилото, носачот на сечилото или склопката за сечење. Никогаш не работете со оштетено или истрошено сечило. Дознајте како да ја запрете машината во итен случај. Шишајте само по дневна светлина или под добро осветлување. Никогаш ме употребувајте ги ножиците со расипани или немонтирани штитници.

да почнете со шишање проверете да се монтирани сите рачки и штитници. Никогаш не работете со машина која не е целосно монтирана или на која се вршени недозволени преправки. Никогаш не држете ги ножиците за сечилото. Одржувајте рамнотежа секогаш кога шишате со електричните ножици. Стоите на сигурно тло и посебно внимавајте кога работите на скали или падини. Обрнувајте внимание на околината и бидете свесни за евентуалните опасности кои не ги слушате поради бучавата на машината. Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки, завртки и шрафови, за безбедна употреба на електричните ножици. Чувајте ја машината на суво, затворено место, повисоко од подот и вон дофат на деца. Поради безбедносни причини, веднаш заменете ги истрошените или оштетените делови. Не обидувате се сами да ја поправате машината, освен ако ја немате соодветната обука. Секогаш користете Bosch оригинални резервни

Со цел за заштита од контакт со подвижното сечило, тримерот е дизајниран со две рачки и на секоја од нив има прекинувач. За тримерот да се вклучи, двата прекинувачи мораат да се притиснат истовремено. Не употребувајте го уредот ако тој работи кога е притиснат само еден, или ниеден од двата прекинувачи. Напомени за оптимално користење на

Осигурајте се дека косачката е исклучена пред да и ја ставите батеријата. Ставањето на батеријата додека косачката работи може да предизвика несреќа. Употребувајте само Бош батерии наменети за оваа косачка. Употребата на некои други батерии може да предизвика повреда или пожар. Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување на сончеви зраци, оган, вода или влага. Постои опасност од експлозија. Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните

Користете батерии кои се соодветни на Вашиот производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира или да се прегрее. Не предизвикувајте краток спој на батеријата. Инаку, постои опасност од експлозија.

титете ја батеријата од влага и вода. Складирајте ја батеријата во граници на температура од –20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот летно време. Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. Безбедносни напомени за полначи Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од OBJ_BUCH-1685-008.book Page 200 Tuesday, May 23, 2017 2:11 PMМакедонски | 201 Bosch Power Tools F 016 L81 736 | (23.5.17) непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Добро чувајте ги овие упатства. Користете го полначот само откако ќе ги проучите сите функции и може да ги примените истите без ограничувања или откако ќе ги добиете потребните упатства. Овој полнач не е предвиден за користење од страна на деца и лица со намалени психички, физички или ментални способности или недоволно искуство и знаење. Овој полнач може да го користат деца над 8 години како и лица со намалени физички, сензорни и ментални способности или недоволно искуство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со полначот и ги разбираат опасностите кои може да произлезат поради тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди. Надгледувајте ги децата за време на користењето, чистењето и одржувањето. Така ќе се осигурате дека децата нема да си играат со полначот. Полнете само Bosch литиум- јонски акумулатори со капацитет од 1,5 Аh (од 3 акумулаторски ќелии). Напонот на батеријата мора да одговара на напонот за полнење на полначот. Не полнете повторно полнливи батерии. Инаку постои опасност од пожар и експлозија. Полначот држете го подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во полначот го зголемува ризикот од електричен удар. Полнете само литиум-јонски батерии од Bosch. Напонот на батеријата мора да одговара на напонот за полнење на батеријата. Инаку постои опасност од пожар и експлозија. Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се извалка, постои опасност од електричен удар. Пред секое користење, проверете го полначот, кабелот и приклучокот. Не го користете полначот, доколку приметите оштетувања. Не го отворајте сами полначот и оставете го на поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе користи само оригинални резервни делови. Оштетениот полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за електричен удар. Не го користете полначот на лесно запалива подлога (на пр. хартија, текстил итн.) односно во запалива околина. Постои опасност од пожар заради затоплувањето на уредот што произлегува при

Не ги покривајте отворите за проветрување на полначот. Инаку полначот може да се прегрее и да не функционира правилно.

Извадете ја батеријата пред чистење, поправање или складирање на машината.Секогаш носете заштитни ракавици кога работите со оштри сечила или во нивна близина. Редово прегледувајте ја косачката и замеувајте ги веднаш оштетените или изабените делови. Секогаш пред складирање подмачкајте ја машината со спреј за подмачкување. Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки, завртки и шрафови, за безбедна употреба на

Секогаш користете Bosch оригинални резервни

Подмачкувајте ја машината со спреј за подмачкување пред секоја употреба.

Следните ознаки се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот апарат. OBJ_BUCH-1685-008.book Page 201 Tuesday, May 23, 2017 2:11 PM202 | Македонски F 016 L81 736 | (23.5.17) Bosch Power Tools Употреба со соодветна намена Електричните ножици се дизајнирани за шишање и поткастрување живи огради и грмушки во домашни

Технички податоци Ознака Значење Носете заштитни ракавици Носете заштитни очила. Правец на движење

Исклучување Дозволена функција Забранети акции

Висина на шишање мм 350 450 Отвор на запците мм 15 15 Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 кг 1,9 2,0 Сериски број Видете го серискиот број (натписна плочка) на електричните ножици.

Аh1,51,5 Број на батериски ќелии

Аh2,02,0 Број на батериски ќелии

Аh2,52,5 Број на батериски ќелии

OBJ_BUCH-1685-008.book Page 202 Tuesday, May 23, 2017 2:11 PMМакедонски | 203 Bosch Power Tools F 016 L81 736 | (23.5.17) Информации за бучава/вибрации Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745-2-15. Измерените А-вредности на врева изнесуваат просечно: Звучен притисок 67 дБ (А); Силина на звук 87 дБ (А). Несигурност К=3 дБ. Носете звучна заштита! Вкупна вредност на вибрации а

Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.

Струја за полнење мА 3000 3000 Дозволени граници на температура за полнење °C 0 – 45 0–45 Време на полнење при капацитет на батеријата од

Струја за полнење мА 1500 1500 Дозволени граници на температура за полнење °C 0–45 0–45 Време на полнење при капацитет на батеријата од

Полнење на батеријата Не употребувајте друг полнач. Приложениот полнач е наменет за литиум-јонската батерија што се наоѓа во оваа косачка. Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на полначот. Полначите означени со 230 волти исто така може да се користат и на 220 волти. Батеријата е опремена со температурен монитор кој дозволува полнење само на температури од 0 °C до 45 °C степени. Така се обезбедува долготрајност на батеријата. Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија има «Electronic Cell Protection (ECP)» против потполно празнење. Кога батеријата е скоро празна косачката престанува да работи со цел да се заштити од оштетување: сечилата не се вртат. Не притискајте го копчето за вклучување откако косачката автоматски престанала да работи. Батеријата може да се

Процес на полнење Полнењето започнува кога полначот е приклучен во утикач и батеријата е вметната во него. Поради интелигентниот процес на полнење, веднаш се препознава состојбата на наполнетост на батеријата и ќе биде наполнета со оптималниот капацитет во зависност од температурата и напонот на батеријата. Така се негува батеријата и при чување во полначот постојано е наполнета. Напомена: Полнењето е можно само ако температурата на батеријата е во границите на дозволената температура, види ги «Техничките податоци». AL 1130 CV Трепкав зелен приказ за полнење на

Процесот на брзо полнење се сигнализира со трепкање на зелениот приказ за полнење на батеријата. Напомена: Процесот на брзо полнење е возможен, само доколку температурата на батеријата е во дозволените граници на температура за полнење, види го делот «Технички податоци». Траен зелен приказ за полнење на батеријата Трајното светло на зелениот приказ на батеријата сигнализира, дека батеријата е целосно наполнета. Конечно батеријата може веднаш да се употреби. Откако ќе ја извадите батеријата трајното светло на приказот за полнење на батеријата , сигнализира дека струјниот приклучок е сеуште приклучен на ѕидната дозна и полначот е подготвен за работа. Траен црвен приказ за полнење на батеријата Трајното светло на црвениот приказ за полнење на батеријата сигнализира, дека температурата на батеријата е надвор од дозволените граници на температура за полнење, види го делот «Технички податоци». Веднаш штом се постигнат дозволените граници на температура, полначот се префрла автоматски на брзо полнење. Трепкав црвен приказ за полнење на

Кога трепка сијаличката црвено приказ за полнење на батеријата сигнализира друг проблем при полнењето, види го поглавието «Отстранување грешки». AL 1115 CV Трепкаво светло на приказот за наполнетост на

Процесот на брзо полнење се сигнализира со трепкање на приказот за полнење на батеријата. Трајно светло на приказот за наполнетост на

Трајно светло на приказот за наполнетост на батеријата сигнализира, дека батеријата е целосно наполнета или дека температурата на батеријата е надвор од дозволените граници на температура за полнење и затоа не може да се наполни. Што се постигне дозволената граница на температура, батеријата е наполнета. Цел на користењето Слика Страна Обем на испорака

Вменетнување на батеријата

Одржување на сечилата

OBJ_BUCH-1685-008.book Page 204 Tuesday, May 23, 2017 2:11 PMМакедонски | 205 Bosch Power Tools F 016 L81 736 | (23.5.17) Откако ќе ја извадите батеријата трајното светло на приказот за полнење на батеријата , сигнализира дека струјниот приклучок е сеуште приклучен на ѕидната дозна и полначот е подготвен за работа. Совети за полнењето При континуирани или последователни циклуси на полнење без прекин, полначот може да се затопли. Ова е безопасно и не значи дека постои технички дефект на

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Совети за работа Држете го уредот на доволна оддалеченост од телото. Стојте сигурно и стабилно. При складирање, не закачувајте го уредот за рачката или за шкрапалото. Анти-блок механизам Ако сечилото се заплетка, тоа го оптоварува моторот. Интелигентна микроелектроника го препознава ова оптоварување и неколку пати ја менува насоката на моторот, за да го ослободи заплетканиот материјал. Diese hörbare Umschaltung dauert bis zu 3 s an. Ова слушливо менување трае до 3 секунди. Потоа уредот продолжува со работа во нормален режим, или сечилото останува отворено (на пример ако некое метално парче го блокира уредот). Отстранување грешки Проблем Можна причина Решение Косачката не работи Празна батерија Наполнете ја батеријата, исто така погледнете во «Забелешки за полнење» Безбедносниот прекинувач не е соодветно

види «Монтажа и ракување» за правилна

Неисправни внатрешни инсталации во

Побарајте помош од сервис Прекинувачот е расипан Побарајте помош од сервис Насоката на вртење на моторот се менува па застанува на околу 3 секунди види «Совети за работа» (Анти-блок

Моторот работи но сечилото мирува Внатрешна грешка Побарајте помош од сервис Сечилото е тапо Tапо сечило Наострете го сечилото Сечилото има рецки Дадете го сечилото на преглед/поправка Преголемо триење поради недостаток на подмачкување Подмачкајте со спреј за подмачкување Сечилото не се движи Празна батерија Наполнете ја батеријата, исто така погледнете во «Забелешки за полнење» Машината е расипана Побарајте помош од сервис Јаки вибрации/бучава Машината е расипана Побарајте помош од сервис

а кратко трае Преголемо триење поради недостаток на подмачкување Подмачкајте со спреј за подмачкување Сечилото треба да се исчисти Исчистете го сечилото Батеријата не е сосем полна Наполнете ја батеријата, исто така погледнете во «Забелешки за полнење» OBJ_BUCH-1685-008.book Page 205 Tuesday, May 23, 2017 2:11 PM206 | Македонски F 016 L81 736 | (23.5.17) Bosch Power Tools Сервисна служба и совети при

www.bosch-garden.com За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на уредот.

Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Не фрлајте ја косачката со комуналниот отпад! Само за земји во рамки на ЕУ Според Европската директива 2012/19/EU електричната и електронската опрема што веќе не е употреблива, како и според Европската директива 2006/66/EC неисправните и потрошените акумулатори и батерии мора да се собираат одвоено од комуналниот отпад и да се одлагаат на начин што не е штетен по околината.

Литиум-јонска: Прочитајте ги упатствата во поглавието «Транспорт». Се задржува правото на промена. Приказот за наполнетост на батеријата свети непрекинато Не е возможен процес на

Каталожен номер mk EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Безжични електрични ножици за жива