AL1 38 LI - кошачка за трева ALPINA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AL1 38 LI ALPINA во PDF формат.
Прашања на корисниците за AL1 38 LI ALPINA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AL1 38 LI - ALPINA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AL1 38 LI на марката ALPINA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AL1 38 LI ALPINA
Сменете повредените или нечетливи етикети.
до коишто треба строго да се придржу
A) ОБУКА
1) ВНИМАНИЕ! Прочитајте го внимателно ова упатство пред да ја користите машината. Запознајте се со командите и правилното користење на машината. Научете брзо да го запирате моторот. Непридржувањето кон предупредувањата и кон упатството може да предизвикаат електричен удар, изгореници и сериозни повреди. Сочувајте ги предупредувањата заедно со упатството за идна консултација.
2) Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат машината, или други лица што не се запознаени со основните упатствата. Локалните законски прописи ја одредуваат минималната возраст на корисникот.
3) Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години, но и лица со намалени физички, сензорни и ментални способност или лица коишто немаат доволни познавања само доколку се под надзор или се подучувани за употребата на апаратот на безбеден начин и ги разбираат можните опасности. Децата не смее да си играат со апаратот. Децата не смее да го спроведуваат редовното чистење и одржување доколку не се под надзор.
4) Не користете ја тревокосачката никогаш кога во близина има лица, особено деца или животни.
5) Никогаш не користете ја машината доколку корисникот е во состојба на замор или изнемоштеност, или користел лекови, дрога, алкохол или други штетни супстанци што влијаат врз капацитетот за навремено реагирање или внимание.
6) Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или опасноста по други лица или нивниот имот. Во опсегот на одговорности на операторот спаға и проценката на можните ризици на теренот каде треба да се работи и затоа преземете ги сите неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате својата, но и безбедноста на другите особено на закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.
7) Во случај кога во опкружувањето на машината има други лица, проверете дали корисникот ги почитува упатствата што се содржани во ова упатство.
В) ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
1) Кога ја користите машината, секогаш носете отпорни работни чевли коишто не се лизгаат и долги пантолони. Не включувајте ја машината со боси нозе или отворени сандали. Избегнувајте да носите синцирчиња, бразлетни и алишта со делови што се виорат или имаат реси или ленти. Приберете ја косата доколку е долга. Секогаш ставајте заштита за уши.
2) Проверете ја темелно целата површина за работа и отстранете сè што би можело да биде отфрлено од машината и да ги оштети сечивото и моторот (камења, гранки, железни остатоци, коски, итн.).
3) Пред употреба, проверете ја машината детално и особено:
– во однос на уредот со сечивото, проверете дали навртките и уредот со сечивото се изабени или оштетени. Заменете го делот со уредот со сечивото ако сечивото и навртките се оштетени или истрошени
за да ја одржите рамнотежата. Евентуалните по- правки треба да се направат во специјализиран сер- висен центар.
- Безбедносната рачка треба да има слободно движење, без примена на сила и при отпуштање треба да се врати автоматски и бргу во неутрална позиција со што се одредува застанување на уредот со сечивото,
4) Пред да започнете со работа, секогаш поставете ги заштитите на излезот (вреја за собирање, заштита на станичниот испуст или заштита на задниот испуст).
1) Работете само на дневна светлина или при добро вештачко осветление и при услови на добра видливост. Оддалечете ги лицата, децата и животните од областа за работа.
2) Ако е можно, избегнувајте работа на мокра трева. Избегнувајте да работите кога врне и кога има невреме. Не користете ја машината кога времето е многу лошо, особено кога има можност од грмотевици.
3) Не изложувајте ја машината на дожд или влажни услови. Водата што може да навлезе во електричниот дел го зголемува ризикот од електричен удар.
4) Секогаш обезбедувајте правилно потпориште на за-
косени терени.
5) Никогаш не трчајте, туку одете избегнувајки при тоа да ве влече тревокосачката.
6) Секогаш обрнувајте внимание кога во близина има пречки коишто може да ја намалат видливоста.
7) Косете секогаш надолжно во однос на косината, во правец нагоре/надолу, но никогаш попреку внимавајки при тоа на менувањето на правецот, тркалата да не удираат на пречки (камења, гранки, корења и сл.) со што може да се предизвика странично лизгање, превртување или загуба на контролата врз машината.
8) Машината не смее да се користи на закосувања поголеми од 20° без оглед на правецот на движење.
9) Обрнете максимально внимание кога ја влечете тревокосачката кон себе. Погледнете зад неа пред и при движење наназад за да обезбедите дека нема никакви пречки.
10) Застанете го уредот со сечивото ако тревокосачката треба да се закоси при транспорт, кога се поминува преку терени без трева и кога тревокосачката се носи кон теренот на кој треба да се коси и обратно.
11) Внимавајте на сообраќајот кога машината се користи во близина на пат.
12) Не користете ја машината кога деловите се оштетени или ако нема вреќа за собирање, заштита за страничниот испуст или заштита за задниот испуст.
13) Обрнете особено внимание во присуство на стрмнини, дупки или препреки.
14) Внимателно включете го моторот според упатство-то и држете ги нозете подалеку од уредот со сечивото.
15) За време на палењето, двете раце треба да се ракофатот.
16) Не закосувајте ја тревокосачката во движење. Вклучувајте ја на рамни површини, исчистени од препреки и висока трева.
17) Не приближувајте ги рацете или нозете до или под деловите што ротираат. Секогаш стојте оддалечено од отворот за празнење.
18) Не подигнувајте ја или не транспортирајте ја трево-
косачката кога работи моторот.
19) Не преправајте или дезактивирајте ги безбедносните системи.
20) Кај моделите на погон, исключете ја спојницата за пренос на тркалата пред да го включите моторот.
21) Секогаш користете дополнителна опрема одобре-
на од производителот на машината.
22) Не користете ја машината ако дополнителната/помошната опрема не се поставени на дадените точки.
23) Исключете го уредот со сечивото, застанете го моторот и извадете го клучот (внимавајки при тоа сите делови во движење да бидат застанати докрај):
при транспорт на машината,
– секојпат кога ја оставате тревокосачката без надзор,
– пред да ги отстранувате причините за блокирање или чистење на испусниот канал,
– пред проверка, чистење или работа врз машината,
– по удар во страни предмети. Проверете дали има евентуални оштетувања на машината и направете ги неопходните поправки пред да одново да ја користите.
24) Исключете го уредот со сечивото и застанете го моторот:
– секојпат кога ја вадите или поставувате вреćата за собирање,
- секојпат кога го вадите или поставувате дефлекторот за страничниот испуст.
– Пред да ја регулирате висината на косење ако оваа операција не била извршена од позицијата на операторот.
25) Во текот на работата, секогаш одржувајте безбедно растојание од уредот со сечивото која се определува со должината на ракофатот.
26) ВНИМАНИЕ – Во случај на дефект или инциденти во текот на работата, веднаш исключете го моторот и оддалечете ја машината внимавајки да не предизвикате други оштетувања. Во случај на инцидент со лична повреда или повреда на трето лице, пристапете веднаш кон постапката за давање најсоодветна прва помош за дадената состојба и обратете се во одветен центар за здравствена заштита за неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето што може да предизвикаат дефект или повреди на лица или животни ако останат незабележано во машината.
27) ВНИМАНИЕ – нивото на бучавата и вибрациите дадени во ова упатство се максимальни вредности при употреба на машината. Употребата на елемент за косење којшто не е стабилен, движењето со преголема брзина, неодржувањето на машината, значително влијаат врз емисијата на бучава или вибрации. Затоа, неопходно е да применувате заштитни мерки за да елиминирате можни оштетувања заради зголемена бучава или значителни вибрации. Редовно одржувајте ја машината, носете слушалки против бучава и правете паузи во работата.
D) ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ
1) ВНИМАНИЕ! – извадете го клучот и прочитајте го соодветното упатство пред да започнете какви било дејства за одржување или поправка. Носете соодветна облека и ракавици за работа во сите ситуации каде има ризик за рацете.
2) ВНИМАНИЕ! – Никогаш не користете ја машината со користени или оштетени делови. Оштетените или
дефектните делови треба да се заменат, никогаш да не се поправаат. Користете само оригинални резервни делови: употребата на делови коишто не се оригинални и/или несоодветно поставени може да доведат до инциденти или лични повреди, а со тоа се ослободува производителот од секоја обврска или одговорност.
3) Сите операција за одржување и регулација што не се опишани во ова упатство треба да ги спроведе застапникот или специјализиран сервисен центар бидејки знаат како и ги имаат неопходните инструменти со коишто работата ће се заврши правилно, земајки го во предвид првобитниот степен на безбедност на машината. Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се изгуби секоја форма на гаранција и секој облик на обврска на производителот.
4) По секоја употреба,извадете го клучот и проверете дали некакви оштетувања на машината.
5) Сите завртки и навртки одржувајте ги соодветно зацврстени за да бидете сигурни дека машината е безбедна за работа. Редовното одржување е основен предуслов за безбедност и за одржување на правилна работа на машината.
6) Редовно проверувајте дали навртките на уредот со сечивото се правилно засегнати.
7) Носете работни ракавици за ракување со уредот со сечивото при вадење и иставање.
8) Одржувајте ја рамнотежата на уредот со сечивото кога се остри. Сите операции што се поврзани со уредот со сечивото (вадење, острење, изедначување, повторно ставање и/или замена) се одговорни работи и изискуваат специфична компетентност покрај соодветни алати. Од безбедносни причини, истите треба секогаш да ги извршува специјализиран сервисен центар.
9) Во текот на операциите за регулирање на машина- та, обрнете внимание и избегнувајте прстите да ви се наогаат заглавени во уредот со сечивото во движење и фиксните делови на машината.
10) Не допирајте го уредот со сечивото аконе сте го извадиле клучот и ако уредот со сечивото не е застанат докрај. При интервенции на уредот со сечивото, проверете дали уредот може да се движии дали е изваден клучот.
11) Честопати проверувајте ги заштитата за задниот испуст, заштитата за страничниот испуст или заштитата на задниот испуст, како и вреćата за собирање за да проверите дека не се изабени или оштетени. Заменете ги ако се оштетени.
12) Заменете ги етикетите со упатства и пораки за внимание ако се оштетени.
13) Чувајте ја машината на место до кое што не допираат децата.
14) Оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било средина.
15) За намалување на ризикот од запалување, одржувајте ги тревокосачката и машината, а особено моторот од остатоци од трева, листови и прекумерно масло. Извадете ја вреćата за собирање и не оставајте остатоци од покосена трева во затворен објект.
Е) ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
1) Не користете ја машината во средина каде постои ризик од експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови или нечистотија. Електричните делови предизвикуваат искри што може да ги запалат нечистотиите или испарувањата.
2) Никогаш не прегревајте ја машината. Користете ја машината за наменетата работа. Правилно користење на машината обезбедува најдорва и најсигурна работа, според мојноста за која е создадена.
3) Користете само полначи за полнење на батериите што ги препорачува производителот. Несоодветен полнач за батеријата може да предизвика електричен удар, прегревање или протекување на корозивната течност од батеријата.
4) Користете само батерии со спецификации што се предвидени за вашиот апарат. Употреба на други батерии може да предизвика повреди и ризик од пламен.
5) Батерија во неисправна Costaјба може да предизвика протекување на течноста. Избегнувајте контакт со течноста. Во случај на случаен контакт, исплакнете со вода. Во случај на контакт на течноста со очите, консултирајте се со доктор. Истечената течност од батеријата може да предизвика иритација на кожата и изгореници.
6) Проверете дали апаратот е ислучен пред да ја ставите батеријата. Ставање батерија во включен електричен апарат може да предизвика пожар.
7) Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку од канцелариски прибор, пари, клучеви, игли, навртки и други мали метални предмети што може да предизвикаат краток спој на контактите. Краток спој на контактите на батеријата може да доведе до експлозија и пламен.
8) Акумулаторот не смее никогаш да се отвора.
9) Никогаш не фрлајте ги искористените батерии во орган – ОПАСНОСТ ОД ЕКСПЛОЗИЈА!
10) Поврзувајте го полначот за батерии само за при-
клучок со напон на струјата како што е посочено на
етикетата за идентификација.
11) Користете само оригинален акумулатор.
12) За време на продолжена употреба, акумулаторот може да се прегрее. Оставете го да се излади пред да го полните.
13) Не чувајте ги акумулаторот и полначот за батерии на дофат на деца.
14) Не користете го полначот за батерии на места каде има запаливи испарувања или супстанци.
15) Полнете ги акумулаторите само со температураMEГУ 10°C и 40°C.
16) Никогаш не чувајте ги акумулаторите во средина со температури повисоки од 40°C.
17) Никогаш не предизвикувајте краток спој меѓу контактите на акумулаторите и не поврзувајте ги со метални предмети.
18) За време на транспорт на акумулаторите, обрнете внимание контактите да не дојдат во спој меѓу себе и не користете метални кутии за транспорт.
19) Краток спој на акумулаторот може да предизвика експлозија. Во секој случај, краткиот спој го оштетува акумулаторот.
20) Редовно контролирајте дали е оштетен кабелот на полначот на батерии. Ако е кабелот оштетен, мора да се смени целиот полнач на батерии.
21) Полнете ги акумулаторите докрај пред да ги одложите за зимскиот период.
22) Заштитете го полночат за батеријата од влијанија на дожд или влага. Со навлегување на водата во полночат за батерија се зголемува ризикот за краток спој.
23) Одржувајте го полначот за батеријата чист. Акумулација на нечистотија може да предизвика краток спој.
24) Не користете го полначот за батеријата во среди-
на каде има запаливи супстанци или лесно запаливи површини, како што се хартија, ткаенина и слично. За време на полнењето, батеријата се загрева и може да предизвика орган.
25) Дефектен полнач за батерија или неправилна употреба на полночат може да предизвика емисија на гасови што може да ги иритираат респираторните патишта. Вентилирајте ја просторијата со свеж воздух и посетете доктор во случај на двоумење.
26) Чистете ги периодично отворите за вентилација на батеријата со помош на мека, сува и чиста четкичка.
1) Секојпат кога е потребно движење, подигнување, транспорт или закосување на машината, треба:
– да носите заштитни ракавици,
– да ја зафатите машината на места кои нудат сигурен зафат, имајки ја предвид нејзината тежина и распределба на истата;
– да ангажирате соодветен број луге во согласност со тежината на машината и карактеристиките на средството за транспорт или за местото на кое треба да се донесе или земе истата.
– проверете дали кога работи машината, нема знаци на оштетувања или дефекти.
2) За време на транспорт, обезбедете ја соодветно машината со помош на јажиња или синцири.
G) ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
1) Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на грағанските погодности и на просторот во кој живееме. Избегнувајте појава на елементи што го нарушуват непосредното опкружување.
2) Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, делови во распаѓање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смеат да се фрлаат во ўубре, туку треба да се селектираат и да се однесат во соодветни собирни центри за рециклирање материјали.
3) Следете ги точно локалните закони за фрлање на материјалите кои ње се резултат на сечењето.
4) При исфрлање од употреба, не оставајте ја машина- та каде било во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони.
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
ОПИС НА МАШИНАТА И ОПСЕГ НА УПОТРЕБА
Оваа машина претставува градинарска опрема и конкретно тревокосачка со оператор на нозе.
Машината во основа се состоит од мотор којшто при- движува уредот со сечивото со запци сместени во кар- тер и има тркала и рачка.
Операторот е во позиција да управува со машината и да ги вклучува главните команди држејки се секогаш зад рачката и на безбедно растојание од ротирачкиот уред со сечивото. Оддалечувањето на операторот од машината предизвикува запирање на и на ротирачкиот уред по неколку секунди.
Предвидена употреба
Оваа машина е дизајнирана и произведена за косење (и собирање) трева во градини и на тревни површини со опсег наведен кај капацитетот за косење што се спроведува во присуство на оператор којшто оди.
Присуството на дополнителната опрема и на одреде- ни уреди овозможува собирање на покосената трева, но може и да го предизвикува ефектот на „дробење“ и положување на покосената трева врз теренот.
Вид на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Оваа машина е наменета за „домашна употреба“.
Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба, поинаква од горенаведени- те, може да претставува опасност и да предизвика по- вреди и штети за лица и/или предмети.
Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):
– превоз на лица, деца или животни врз машината,
– при транспорт на машината,
– употреба на машината за влечење или буткање товар,
– употреба на машината за собирање лисја или гранки,
– употреба на машината за порамнување огради или за сечење вегетација што не е трева,
– употреба на машината од страна на повеќе луге,
– вклучување на сечивата врз терени на кои нема трева
ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И КОМПОНЕНТИ НА МАШИНАТА (видете ги сликите на страница ii)
- Ниво на акустична моїност
- Ознака за усогласеност со СЕ
- Година на производство
- Вид тревокосачка
- Сериски број
- Име и адреса на производителот
- Код на производ
- Режим за моторот
- Тежина во кг.
-
Напон на напојување
10a. Степен на електрична заштита -
Ку́киште
- Мотор
- Уред со сечивото
- Заштита на заден испуст
- Вреќа за собирање
- Ракофат
- Команда за палење
- Вратичка за пристап до одделот за батеријата
- Безбедносен клуч (уред за дезактивирање)
- Батерија (акумулатор)
21.1 Производител
21.2 Волтажа и капацитет - Полнач за батерија
22.1 Производител
22.2 Волтажа и вид напојување / потрошувачка
22.3 Волтажа и енергија за полнење
Веднаш по набавка на машината, запишете ги броевите за идентификација (3 – 4 – 5) во соодветното место на последната страница од ова упатство.
Примерот со декларацијата за усогласеност се наоға на последната страница од упатството.

Не фрлајте го електричниот апарат заедно со домашен отпад. Во согласност со директивата на 2012/19/EU, отпадот што се состоит од електрич- во согласност со националните одредби, електричните апарати за фрлање треба да се фрлат засебно да да може подоцна повторно да се употребат на еко-компатибilen начин. Ако електричните апарати се одложат на губриште или на земја, штетните состојки може да стапат во контакт со елементите во почвата и да навлезат во синцирот на исхрана, со што ће се нарушат вашето здравје и благосостојбата. За подетални информации околу фрлањето на овој производ, контактирајте со компетентни институции за фрлање домашен отпад или со застапникот.
ОПИС НА ДАДЕНИТЕ СИМБОЛИ НА КОМАНДИТЕ (каде што е предвидено)
- ВНИМАНИЕ - палењето на моторот предизвикува истовремено активирање на уредот со сечивото.
- Застанување
- Движење
- Активирано електрично коло (включена машина)
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ – со тревокосачката треба да се работи внимателно. За таа цел, на машината се поставени илустрации наменети да ве потсетуваат за главните безбедносни мерки при употреба. Нивното значење е објаснето подолу. Затоа, препорачуваме внимателно да ги прочитате безбедносните мерки што се дадени во засебно поглавје на ова упатство.
Заменете ги оштетените или нечитливите етикети.
- Внимание: прочитајте го упатството за употреба пред да ја користите машината.
- Ризик од исфрлање. Оддалечете ги лугето што е можно подалеку од местото на работа кога ја користите машината.
- Само за електрична тревокосачка со напојување на струја.
- Само за електрична тревокосачка со напојување на струја.
- Внимавајте на уредот со сечивото за косење: Никогаш не ставајте ги рацете или нозете во внатрешноста науредот со сечивото. Уредот со сечивото продолжува да се врти и по ислучување на моторот. Извадете го уредот за дезактивирање пред одржување.
- Не изложувајте ја машината на дожд или влага.
- Внимавајте на уредот со сечивото за косење: Уредот со сечивото продолжува да се врти и по ислучување на моторот.
-
Полнач за батеријата опремен со безбедносен трансформатор
-
Користете го само во сува средина
- Прочитајте го упатството за употреба пред користење
- Не изложувајте го акумулаторот на сонце кога температурата е повисока од 45 °C.
- Не потопувајте го акумулаторот во вода и не изложувајте го на влага
- Не фрлајте ги батериите во орган. ОПАСНОСТ ОД ЕКСПЛОЗИЈА!
ПРАВИЛА ЗА УПОТРЕБА
ЗАБЕЛЕШКА - соодветноста меѓу насоките дадени во ова упатство и соодветните слики (дадени на страниците їх и понатаму) е претставена преку бројот кој му претходи на дадениот пасус.
1. КОМПЛЕТИРАЊЕ НА МОНТАЖАТА
ЗАБЕЛЕШКА Машината може да се доставува со некои веке монтирани делови.
ВНИМАНИЕ! Распакувањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина со довольно простор за поместување на машината и на амбалажата користејни секогаш соодветни алати. Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во согласност со важечките локални закони.
1.1a Монтирање на рачката (Тип „I“ - Модел 340)
Вметнете ги долниот десен (11) и лев (12) дел на ракофатот во соодветните отвори и фиксирајте со дадени-те навртки (13) и мутери (13a).
Поставете ја горната страна на ракофатот (14) и блокирајте го за двата задни дела (11) и (12) меѓу горните дршки (15) (претходно извадени од нивните лежишта), вметнати во еден од двата отвора (3) или (4) со цел да се постигне крајната сакана висина.
За да се регулира силата на отпорот, треба да се деблокира секоја од дршките (15) и да се зашрафи или отшрафи на вратилото до каде што е потребно за да се обезбеди стабилно фиксирање на горниот дел (14) врз двата задни дела на ракофатите (11) и (12) без примена на прекумерна сила за блокирање или деблокирање. Приклучете ги кабелот (16) и стегалките (17) и (18) како што е посочено.
1.1b Монтирање на рачката (Тип „II“ - Модел 340)
Вметнете ги долниот десен (11) и лев (12) дел на ракофатот во соодветните отвори и фиксирајте со дадени-те навртки (13) и мутери (13a).
Поставете ја горната страна на ракофатот (14) и блокирајте го за двата задни дела (11) и (12) меѓу горните регулатори (15) (претходно извадени од нивните лежишта), вметнати во еден од двата отвора (3) или (4) со цел да се постигне крајната сакана висина.
Приключете ги кабелот (16) и стегалките (17) и (18) како што е посочено.
1.1c Монтирање на рачката (Тип „III“ - Модел 380)
Поставете ги во позиција за работа двата задни дела на ракофатот (11) и (12) коишто се веће поставени внимавајки да се совпадне клинот обележен со «>» ИСКЛУЧИВО со еден од двата жлеба обележени со «1» или «2» на забалото за да се постигне саканата
висина, а потоа блокирајте ги двете задни дршки (13). Позицијата треба да биде иста за двете страни. Поставете ја горната страна на ракофатот (14) и блокирајте го за двата задни дела (11) и (12) меѓу горните дршки (15) (претходно извадени од нивните лежишта), вметнати во еден од двата отвора (3) или (4) со цел да се постигне крајната сакана висина. За да се регулира силата на отпорот, треба да се деблокира секоја од дршките (15) и да се зашрафи или отшрафи на вратилото до каде што е потребно за да се обезбеди стабилно фиксирање на горниот дел (14) врз двата задни дела на ракофатите (11) и (12) без примена на прекумерна сила за блокирање или деблокирање. Приклучете ги кабелот (16) и стегалките (17) и (18) како што е посочено.
1.1d Монтирање на рачката (Тип „IV“ - Модел 380)
Поставете ги во позиција за работа двата задни дела на ракофатот (11) и (12) коишто се веке поставени внимавајки да се совпадне клинот обележен со «»ИСКЛУЧИВО со еден од двата жлеба обележени со «1» или «2» на забалото за да се постигне саканата висина, а потоа блокирајте ги двата задни регулятори (13).
Позицијата треба да биде иста за двете страни.
Поставете ја горната страна на ракофатот (14) и блокирајте го за двата задни дела (11) и (12) меѓу горните регулатори (15) (претходно извадени од нивните лежишта), вметнати во еден од двата отвора (3) или (4) со цел да се постигне крајната сакана висина.
Приключете ги кабелот (16) и стегалките (17) и (18) како што е посочено.
1.2 Монтирање на врејата за собирање
Спојте ги меѓу себе двете странични компоненти (1) и (2) на вреćата за собирање и потоа поставете го горниот дел (3) закачувајки ги правилно сите периметрални спојници.
Монтирајте ја дршката (4) на горниот дел од вреќата за собирање и вметнете ја на соодветните места со кликнување.
1.3 Исклучување и полнење на батеријата
Машината се доставува со делумно наполнета батерија којашто е вметната во своето лежиште.
Пред употреба на машината, извадете ја батеријата и наполнете ја докрај како што е посочено во точка 4.4.
2. ОПИС НА КОМАНДИТЕ
ЗАБЕЛЕШКА значењето на дадените символи за командите е објаснето на претходните страници.
2.1 Безбедносен клуч (уред за дезактивирање)
Активирањето и гаснењето на електричното коло на машината се одвивают со помош на безбедносниот клуч (ured за дезактивирање) поставен во внатрешности на одделот за батеријата.
Отворете ја вратичката (1) и вметнете го клучот (2) за да овозможите палење на моторот.
Треба да притиснете на крилцето за исклучување за да го извадите клучот.
Со вадење на клучот, комплетно се дезактивира електричното коло за да се спречи неконтролирана употреба на машината.
2.2 Двостепен прекинувач
Моторот се включува со помош на двостепен прекинувач за да се избегне случајно придвижување.
За палење, притиснете го копчето (2), повлечете една од двете рачки (1) и почекајте 2-3 секунди да се запали моторот.
ВНИМАНИЕ! Палењето на моторот предизвивнува истовремено активирање на уредот за косење.
Моторот автоматски се гасне со пуштање на двете рачки (1).
2.3 Регулација на висината на косењето
Регулацијата на висината за косење се изведува со помош на дадените рачки (1). ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ СО ЗАСТАНАТ УРЕД ЗА КОСЕЊЕ.
3. КОСЕНЬЕ ТРЕВА
• Автономија на батеријата
Автономијата на батеријата (што значи обработена површина тревник пред повторно полнење) вообичаено е условена со:
a) факторите на средината на работа коишто предизвикуват најголема потрошувачка на батеријата, – косење на густа, висока, влажна трева,
b) однесувањето на операторот кој треба да избегнува:
– често палење и гаснење во текот на работата,
– премногу ниска поставеност на висината на косење во однос на тревата,
– премногу голема брзина на движење во однос на тревата што треба да се покоси.
ЕЛЕКТРОНСКИ АДАПТЕР НА ВРТЕЖИ
Оваа машина се состоит од електронски систем „ЕЛЕКТРОНСКИ АДАПТЕР ЗА ВРТЕЖИ“ којшто го регулира бројот на вртежи на моторот согласно моćноста која што е неопходна во текот на косењето на тревата. Системот „ЕЛЕКТРОНСКИ АДАПТЕР ЗА ВРТЕЖИ“ ja оптимизира автономијата на акумулаторот. Кога тревата е ниска (минимална моćност), машината работи со мал број вртежи (ја намалува предвидената бучава), зголемувајки ја автономијата на акумулаторот. Кога тревата е висока (максимална моćност), машината работи со голем број вртежи (ја зголемува предвидената бучава), намалувајки ја автономијата на акумулаторот.
За да се зголеми автономијата на батеријата, секо- гаш треба:
– да се коси тревата кога тревникот е сув,
– да се коси тревата често за да не достигне преголема висина,
– да се постави најдобрата висина за косење кога тревата е многу висока и да се спроведе уште едно косење на нископоставена висина,
- да не се користи машината со функцијата „дробење“ кога тревата е многу висока.
Во случај кога сакате да ја користите машината за многу долга работа и користите стандардна батерија, може:
– да набавите втора стандардна батерија за да ја замените веднаш потрошената батерија без да треба да ја прекинувате работата,
– да набавите батерија со поголема автономија во однос на стандардната батерија (видете 5.1).
ЗАБЕЛЕШКА оваа машина дозволува косење на тревникот на различни начини. Пред да започнете со работа, потребно е да ја поставите машината во правецот како што имате намера да косите. ИЗВЕДУВАЈТЕ ЈА ОПЕРАЦИЈАТА КОГА МОТОРОТ Е ИЗГАСНАТ.
3.1a Поставување за косење и собирање на тревата во врејата за собирање:
– Подигнете ја заштитата за заден испуст (1) и прикачете ја правилно вреćата за собирање (2) како што е посочено на сликата.
3.1b Поставување за косење и заден испуст на тревата:
- Извадете ја вреćата за собирање и проверете дали заштитата со задниот испуст (1) е стабилно спуштена.
3.1c Подготовка за косење и дробење на тревата (функција „дробење“ – mulching, ако е предвидено):
- Подигнете ја заштитата на задниот испуст (1), вметнете го капакот на дефлекторот (5) во отворот на испустот и придвижете го докрај за да се спои правилно со внатрешниот профил на рамот на отворот на испустот.
За да го извадите капакот на дефлекторот (5), подигнете ја заштитата на задниот испуст (1) и извлечете го држејки го подигнат за да се откачи од задниот профил на рамот на отворот на испустот.
3.2 Палење
Проверете дали батеријата е наполнета и правилно вметната во своето лежиште како што е посочено во точка 4.4.
Отворете ја вратичката (1), потоа вметнете го безбедносниот клуч (2), со тоа што треба да слушнете звук на „кликнување“.
За вклучување на моторот, притиснете го безбедносното копче (4) и повлечете една од двете рачки (3) на прекинувачот.
3.3 Косење трева
Изгледот на тревникот їе има поубав изглед ако косењето се изведува секогаш на иста висина и наи- зменично во два правци.
Кога вреќата за собирање трева ће се наполни, собирањето нема да биде ефикасно и звукот на машината се менува.
За да ја извадите и испразните вреćata за собирање:
– пуштете ја рачката на прекинувачот и почекајте да се смири уредот со сечивото,
– подигнете ја заштитата за заден испуст, зафатете ги ракофатите и извадете ја вреćата за собирање држејки ја исправено.
- Во случај на „дробење“: секогаш избегнувајте да косите огромна количина на трева. Никогаш не ко-сете повеќе од една третина од вкупната висина на едно поминување! Прилагодете ја брзината на движење во согласност со условите на тревникот и со количината на положената трева.
Совети за третман на тревникот
Секој вид на присутна трева има различни карактеристики и може да бара различни режими на косење на тревникот. Прочитајте ги секогаш упатствата што се содржани на пакувањето на семето во однос на висината на косење во однос на условите на растење во пределот каде е посадена.
Треба да се трудите поголемиот дел од тревата да е од ист вид и со едно или повеје видови ливчиња. Ако ливчињата се покосат целосно, се оштетува тревникот и идното косење ће биде многу тешко.
Генерално, вреди да се следат следните упатства:
- могу ниско косење предизвигува корнење и проретчување на тревната површина со што остануваат „голи места“,
– на лето, косењето треба да е највисоко за да се избегне исушување на теренот,
– не косете ја тревата кога е наводнувана. Тоа може да ја намали ефикасноста на уредот со сечивото врз тревата бидејки ће се лепи и ће предизвика заглавување со залепена трева,
– во случај на делумно израсната трева, најдобро е прво да се искоси на најголема висина што ја дозволува машината, проследено со второ косење по два или три дена.
3.4 Завршување со работа
На крајот на работата, отпуштете ги двете рачки (1). ПОЧЕКАЛТЕ ДА ЗАСТАНЕ СЕЧИВОТО ЗА КОСЕНЕ пред да извршите каква било интервенција на тревокосачката.
Отворете ја вратичката (2) и извадете го безбедносниот клуч (3) со притиснување на крилцето за исклучување.
ВАЖНО Во случај кога во текот на работата моторот їе престане да работи заради прегревање, неопходно е да почекате приближно 5 минути пред повторно да го включите.
4. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
Чувајте ја тревокосачката на суво место.
ВАЖНО Неопходно е редовно и правилно одржување за долготрајно одржување на безбедносното ниво и првобитната работна Costaјба на машината.
Секоја работа поврзана со регулирање и одржување треба да се спроведе со изгаснат мотор и кога машината не е поврзана со извор за напојување со електрична енергија.
1) Носете цврсти заштитни ракавици при секоја интервенција за чистење, одржување и регулација на машината.
2) По секое косење, отстранете ги остатоците од трева и кал што се наталожиле од внатрешната страна на кујиштето за да избегнете тие да предизвикаат потешкотии при подоцнежно палење заради исушување.
3) Секогаш проверувајте дали отворите за вентилација се ослободени од остатоци од косењето.
ВНИМАНИЕ! Тизвадете го безбедносниот клуч пред да ја одложите машината и пред да спроведете
каква било интервенција за чистење и одржување.
Ако е неопходно, машината може да се одложи верти- кално закачена за кука.
ВНИМАНИЕ! Обезбедете куката или соодвет- ниот систем за фиксирање да се адекватни за да ја издржат тежината на машината. Обрнете внимание и надгледувајте соодветно за да се спречи деца или животни да се начуваат по машината со што ње до- дадат дополнителен товар на куката.
Закачете ја машината на начин уредот за косење да остане насочено кон сид или со соодветна заштита за да не претставува опасност во случај на случаен или ненамерен контакт со возрасни лица, деца или животни.
При вертикално одложување на машината, деблокирајте ги дршките (1 – Тип „III“) или разлабавете ги регулаторите (2 – Тип „IV“) и свртете го ракофатот напред за да се совпадне клинот обележен со «>» ИСКЛУЧИВО со жлебот означен со «S» на забалото, а потоа блокирајте ги дршките (1 – Тип „III“) или регулаторите (2 – Тipo “IV”).
Позицијата треба да биде иста за двете страни.
4.2 Одржување на уредот со сечење
Секоја интервенција врз уредот со сечивото мора да се извршува во специјализиран сервис каде што има по-соодветна опрема.
Со оваа машина предвидено е да се користи уред со сечиво коешто го носи кодот посочен во табелата на страница іх.
Заради развојот на производот, уредот со сечивото треба со време да се замени со други со соодветни карактеристики за замена и функционална безбедност. Поставете го уредот со сечивото (2) со знакот свртен кон теренот, следејки го посочениот редослед на сликата.
Затегнете ја централната навртка (1) со динамометрички клуч од 30 Nm (за моделот 340) или 16-20 Nm (за моделите 380).
4.3 Чистење на машината
Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на моторот и на електричните делови.
Не користете абразивни течности за чистење на кујиштето.
4.4 ПОЛНЕЊЕ И ГРИЖА ЗА БАТЕРИЈАТА
ЗАБЕЛЕШКА
- Батеријата треба да се чува во средина и на температура меѓу +7C° и +40°C. Во случај кога се поставува во машината во средина каде има можност да се надминат овие ограничувања, потребно е да се извади батеријата и да се постави одново на соодветно место.
- За време на употребата, батеријата е заштитена од комплетно празнење преку заштитниот уред кој што ја ислучува машината и ја блокира работата.
- Батеријата се доставува со заштита што го прекинува полнењето ако температурата во средина не е меѓу 0 и +45 °C.
- Батеријата може да се полни во секој момент, дури и делумно без ризик од оштетување.
4.4a Проверка на состојбата на батеријата
За да го проверите статусот на наполнетост на батеријата (4), притиснете го копчето (4a) коешто активира четири ЛЕД-светилки (4b) коишто го ваат следното:
| ЛЕД-светилка Полнење на батеријата | |
| 4 ЗЕЛЕНИ 100% | |
| 3 ЗЕЛЕНИ 70% | |
| 2 ЗЕЛЕНИ 45% | |
| 1 ЗЕЛЕНА 10% - Наполнете ја батеријата | |
| Ништо Батеријата е полна под 10% и треба веднаш да се наполни. Ако и по 30 минути не засвети ниту една ЛЕД-светилка, тоа значи дека батеријата има дефект и треба да се замени. | |
4.4b Исклучување и полнење а батеријата
Батеријата треба да се наполни по секоја работа.
За полнење на батеријата:
- отворете ја вратичката (1), потоа извадете го безбедносниот клуч (2),
– притиснете го долното крилце (3) и извадете ја батеријата (4),
– ставете ја батеријата (4) во нејзиното лежиште на полначот на батеријата (5) потурнувајки ја докрај.
– поврзете го полначот на батерии (5) во извор на ел. енергија со соодветен напон како оној што е посочен на етикетата.
Полнењето на батеријата трае 1.5 - 3.5 часа во завис- ност од капацитетот на батеријата и на преостанатото полнење во неа.
Полнењето (5) е дијагностичко, со ЛЕД-светилки што ги обезбедуваат информациите за Costaјбата на наполнетост на батеријата, согласно следната табела:
| ЛЕД-светилка (5а) | Значење |
| ЗЕЛЕНО (Трепка) | Батеријата се полни |
| ЗЕЛЕНО | Батеријата е наполнета докрај |
| ЦРВЕНО | Батеријата е прегреана: извадете ја батеријата и оставете ја да се излади околу 30 минути. |
| Изгаснато | Нема батерија или не е правилно вметната |
| ЦРВЕНО(трепка)посочу- | Неправилно полнење или можно оштетување на батеријата: во тој случај, извадете ја батеријата и ставете ја одново за 2 часа: ако ЛЕД-светилките ја посочуваат состојбата на батеријата, тоа значи дека батеријата е во добра состојба и полнењето може да продолжи како вообичаено. Во спротивно:– исключете го полночат на батеријата од струја и потоа повторно включете го по неколку минути,– извадете ја батеријата од полно-чот и потоа повторно ставете ја по неколку минути.Ако и по овие обиди, ЛЕД-светилката (5b) не посочи на состојба на полнење и продолжи да трепка, тоа значи дека батеријата е оштетена и треба да се смени. |
4.4c Повторно поставување на батеријата во машината
Кога полнењето е завршено:
– притиснете го долното крилце (3), извадете ја батеријата (4) (избегнувајте ја да чувате долго во полначот кога полнењето ће заврши),
- исклучете го полначот на батеријата (5) од довод на ел. енергија,
– отворете ја вратичката (1) на машината, вметнете ја батеријата (4) на своето место во машината и притиснете ја докрај за да ја блокирате на местото со што ће обезбедите електричен контакт.
– затворете ја докрај вратичката (1).
ВНИМАНИЕ! Заради ваша лична безбедност, из- речно е забрането монтирање на каква било дополни- телна опрема што не е наведена во следниот список и е соодветна за моделот и типот на вашата машина.
5.1 Дополнителни батерии
Има батерии со различен квалитет наменети за одредени работни задачи. Списокот со батерии коишто се соодветни да се користат со оваа машина се наога во табелата на страна «ix».
- ДИЈАГНОСТИКА
| Што да правите кога ... | |
| Потекло на проблемот | Дејство за поправка |
| 1. Го притиснавте копчето, но моторот не се пали | |
| Нема безбедносен клучили истиот не е правилновметнат | Ставете го клучоттака што да слушнете„кликнување“(видете 3.2) |
| Нема батерија или не еставена правилно | Отворете ја вратичкатаи проверете далибатеријата е убавоположена (видете 4.4) |
| Празна батерија Проверувајте јасостојбата нанаполнетост и наполнетеја батеријата (видете 4.4) | |
| Термичка заштита севклучува | Оставете ја машината дасе излади |
| Моторот не се вклучуваведнаш | Држете го копчетопритиснато 1-3 секунди(видете 2.2) |
| 2. Моторот се гаси во текот на работата | |
| Батеријата не е правилновметната | Отворете ја вратичкатаи проверете далибатеријата е убавоположена (видете 4.4) |
| Празна батерија Проверувајте јасостојбата нанаполнетост инаполнете ја батеријата(видете 4.4) | |
| Заштитата се вклучува Почекајте најмалку5 минути и потоазапалете ја машинатаодново | |
| Пречки што гопопречуваат вртењето науредот со сечивото | Извадете гобезбедносниот клуч,ставете ракавици заработа и извадете гитревата и остатоцитеод внатрешната странана машината и/или одканалот за исфрлање |
| 3. Моторот работи, но уредотсо сечивото не се врти | |
| Фиксирањето науредот со сечивото еразлабавено | Веднаш застанете гомоторот и контактирајтесо Сервисен центар(видете 4.2) |
| 4. Има бучава и/или прекумерни вибрации вотекот на работата | |
| Фиксирањето науредот со сечивото еразлабавено или уредотсо сечивото е оштетен | Веднаш застанете гомоторот и контактирајтесо Сервисен центар(видете 4.2) |
| 5. Автономијата на батеријата е незадоволителна | |
| Условите за работа семногу тешки и бараатпоголема потрошувачкана енергијата | Подобрете ја употребата(видете 4.4) |
| Батеријата не е доволназа работниките потреби | Користете и вторабатерија или поголемабатерија (видете 5.2) |
| 6. Полначот не ја полни батеријата(црвената сијаличка се пали или свети) | |
| Батеријата не епоставена правилно вополначот | Проверете далипоставеноста е правилна(видете 4.4) |
| Условите во средината заработа не се соодветни | Полнете ја батеријата восредина со соодветнатемпература (видете 4.4) |
| Нечисти контакти Исчистете ги контактите | |
| 7. Полначот не ја полни батеријата (не свети ниедна сијаличка) | |
| Нема напон кај полначот на батеријата | Проверете дали приключокот е вметнат и дали има довод на ел. енергија |
| Полначот на батеријата има дефект | Заменете го дефектниот дел со оригинален |
Во секоја друга ситуација којашто не е опфатена во табелата, консултирајте се со продавачот или со сервисен центар.