ASC 1.3 E - кошачка за трева ALPINA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот ASC 1.3 E ALPINA во PDF формат.
Прашања на корисниците за ASC 1.3 E ALPINA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник ASC 1.3 E - ALPINA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. ASC 1.3 E на марката ALPINA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК ASC 1.3 E ALPINA
MK Електрични раздувувачи и прибирачи со напојување на струја и со оператор на нозе
ВНИМАНИЕ: прочитајте го внимателно ова упатство пред да ја користите машината.
NL Lopend bediende elektrische via het net aangedreven grasmatbeluchters en verticuteermachines
GEBRUIKERSHANDLEIDING
1.4 ОПАЗВАНЕ НА ОКОЛНАТА СРЕДА
• Предвидена употреба
⚠️ ВНИМАНИЕ Прочитајте ги сите предупредувања во однос на безбедноста и целосното упатство. Непридржување кон предупредувањата и кон упатството може да предизвикаат електричен удар, изгореници и сериозни телесни повреди.
Сочувајте ги предупредувањата заедно со упатството за идна консултација.
Терминот „електричен апарат“ во предупредувањата се однесувана електричен апарат којработи со напојување од електричната мрежа (жичен) или електричен апарат на батерии (безжичен).
1) Обезбедување на работната средина
а) Одржувајте ја работната површина чиста и добро осветлена. Темните и валкани области го олеснуваат случаувањето на несреći.
b) Не користете ги електричните апарати во средина каде постои ризик од експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови или нечистотија. Електричните делови предизвигуваат искри што може да ги запалат нечистотиите или испарувањата.
с) Децата и другите кои што се во близина треба да се оддалечат кога се користат електричните апарати. Одвлекување внимание може да предизвика губење контрола.
2) Електрична безбедност
a) Приклучоците на електричниот апарат треба да одговараат на приклучницата. Никогаш немојте да го модицирате приклучокот на кој било начин. Не користете приклучоци за адаптер со заземјени електрични апарати. Неизменетите приклучоци и соодветните штекери го намалуваат ризикот од електричен удар.
b) Избегнувајте контакт на телото со површини поврзани со земјата или поставени на земјата, како што се цевки, радијатори, кујни и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар ако телото ви е заземјено.
с) Не користете косилка во влажни или дождливи услови. Ова може да го зголеми ризикот од електричен удар.
d) Не оштетувајте го кабелот; Никогаш не користете го кабелот за носење, влечење или исклучување на електричниот апарат. Држете го кабелот
подалеку од топлина, масло, остри рабови или подвижни делови. Оштетен или заплеткан кабел го зголемува ризикот од електричен удар.
e) Кога го користите електричниот апарат на отворено, користете продолжен кабел погоден за надворешна употреба. Употребата на соодветен кабел за надворешна употреба го намалува ризикот од електричен удар.
f) Ако е неизбежно да се користи електричниот апарат на влажно место, користете напојување заштитено со уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од електричен удар.
3) Лична безбедност
а) Бидете внимателни, контролирајте што се случаува и со целосно внимание служете се со електричните апарати. Не користете ги електричните апарати кога сте уморни или под влијание на лекови, алкохол или дрога. При растроеност, не користете го електричниот апарат бидејки може да предизвика тешки телесни оштетувања.
b) Употреба на заштитна облека. Секогаш ставајте заштитни очила. Носење на заштитна опрема како што се маска против прав, чевли против лизгање, заштитна кацига и заштита за уши го намалуваат ризикот од телесни повреди.
с) Избегнувајте нестандардизирани приклучоци. Проверете дали уредот е ислучен пред да ја ставите батеријата, го зафајате или транспортирате електричниот апарат. Транспортирање на електричниот апарат со прстот на прекинувачот или поставување на батеријата кога прекинувачот е во позиција „ON“ (включено) со леснотија доведува до инциденти.
d) Отстранете ги сите клучеви или апарати за регулација пред да го включите електричниот апарат. Ако некој клуч или апарат останат во контакт со некој ротирачки дел може да дојде до тешки телесни повреди.
e) Не губете рамнотежа. Секогаш имајте сигурна потпора и соодветна рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот апарат во неочекувани ситуации.
f) Бидете облечени соодветно. Не носете широки алишта или накит. Косата, облеката и ракавиците треба да се држат настрана од деловите што се движат. Широка облека, накит или долга коса може да се закачат за деловите во движење.
g) Ако има уредите кои треба да бидат поврзани на системи за вшмукување и собирање прав, погрижете се да бидат поврзани и да се користат соодветно. Употребата на уреди за собирање прав може да ја намали опасноста од правта.
h) Не дозволувајте слободата стекната од честата употреба на апарати да ви овозможи да бидете самоуверени и да ги игнорирате принципите за безбедност на апаратот. Невнимателно дејство може да предизвика сериозни телесни повреди во дел од секундата.
4) Употреба и безбедносно ракување со електричниот апарат
a) Не презагревајте го електричниот апарат. Користете го електричниот алат приспособен на работните услови. Правилно користење на електричниот апарат обезбедува најдобра и најсигурна работа, според моќноста за која е создаден. b) Не користете го електричниот апарат ако прекинувачот не е правилно поставен во позиција за вклучување или исклучување. Ако електричниот апарат не може да се вклучи со прекинувачот, тој е опасен за употреба и треба да се поправи.
с) Извадете го акумулаторот од неговото лежиште пред каква било регулација или менување делови или пред складирање на апаратот. Овие безбедносни мерки го намалуваат ризикот од случајно вклучување на електричниот апарат.
d) Одложете го електричниот апарат кога не го користите подалеку од дофат на деца и не давајте апаратот да го користат лица што не се запознале со истиот и не го прочитале ова упатство. Електричните апарати се опасни во рацете на неискусни корисници.
e) Редовно извршувајте проверка на електричниот апарат. Проверете дали подвижните делови се наместени правилно и слободни за движење, дека не се оштетени и елиминирајте ја секоја друга можност што може да повлијае врз функционалноста на овој апарат. Во случај на оштетувања, електричниот апарат треба да се поправи пред повторна употреба. Многу несреći се предизвикани од лошо одржување.
f) Одржувајте го апаратот наострен и исчистен од остатоци при косењето. Адекватно одржување од остатоци при косењето, со наострени сечила носи помалку случаи на заглавување и е полесно за контролирање.
g) Користете го електричниот апарат и додатоците во согласност со дадените упатства, земајки ги предвид условите за работа и видот на работата што треба да се изврши. Употребата на овој електричен апарат за работи што се разликуваат од предвидените може да предизвика опасни ситуации.
h) Одржувајте ги рачките и површините за фаќање суви, чисти и без траги од масло и масти. Лизгави рачки и површини за фаќање не дозволуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.
5) Помош
а) Електричниот апарат треба да го поправа квалификувано лице со примена само на оригинални резервни делови. На тој начин се одржува безбедноста на електричниот апарат.
1.2 БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА СКАРИФИКАТОРИ И АЕРАТОРИ ЗА ТРЕВНИЦИ
a) Не користете ја машина при неповолни временски услови, особено кога постои ризик од гром. Ова го намалува ризикот од удар на гром. b) Внимателно проверете ја областа каде што ће се користи машина во случај да има можно присуство на диви животни. машина може да ги повреди дивите животни за време на работењето. c) Внимателно проверете ја областа каде што ће се користи машина и отстранете ги сите намења, стапчиња, жици, коски и други странски објекти. Фрлените предмети може да предизвикаат телесни повреди.
d) Пред употреба на машина, секогаш визуелно проверувајте го сечилото и склопот на сечила за абење или оштетување. Изабениот или оштетениот дел го зголемува ризикот од повреда.
e) Пред употреба, проверете дали кабелот за напојување и кој било продолжен кабел не покажуваат знаци на оштетување или стареење. Не користете ја машина ако кабелот е оштетен или изабен. Ако кабелот е оштетен или изабен за време на употребата, исключете ја машина и не допирајте го кабелот пред да го исключите од електричната мрежа. Оштетениот кабел за напојување или продолжен кабел може да предизвика електричен удар, пожар и/или сериозна повреда.
f) Често проверувајте ја вреćата за собирање трева за знаци на абење или расипување. Изабена или оштетена торба за собирање трева може да го зголеми ризикот од повреда.
g) Штитниците треба да бидат на своето место. Штитниците треба да бидат функционални
и правилно наместени. Лабава, оштетена или неисправна заштита може да предизвика телесени повреди.
h) Чувајте ги сите отвори за ладење чисти од остатоци. Попречени воздушни отвори и остатоци може да предизвикаат прегревање и опасност од пожар.
i) Секогаш носете заштитни и нелизгави обувки при користење на машина. Не користете ја косилката со боси стапала или со отворени сандали. Ова ја намалува можноста за повреди на стапалата поради контакт со сечилото што се движи.
j) Секогаш носете долги панталони нога ја користите машина за трева. Изложената кожа ја зголемува веројатноста за повреда од исфрлени предмети.
k) Не користете ја машина на влажна трева. Одете, никогаш не трчајте. Ова го намалува ризикот од лизгање и паѓање што може да предизвика повреда.
I) Не користете машина на премногу стрмни падини. Ова го намалува ризикот од губење на контрола, лизгање и пагање што може да предизвика повреди. m) Нога работите на падина, секогаш внимавајте на чекорите, секогаш работете попречно на падината, никогаш на нагорнина или надолнина, и бидете исключително претпазливи при менување на правецот. Ова го намалува ризикот од губење на контрола, лизгање и пагање што може да предизвика повреди.
п) Бидете особено претпазливи при одење со косилката наназад или при повлекување на косилката кон себе. Секогаш бидете свесни за опкружувањето. Ова го намалува ризикот од сопнување за време на работењето.
о) Држете го кабелот за напојување подалеку од сечилата. Оштетениот кабел за напојување може да предизвика електричен удар, пожар и/или сериозна повреда.
р) Исключете го и извадете го приклучокот од приклучницата ако кабелот е заплеткан или оштетен. Заплетканите или оштетени кабли може да го зголемат ризикот од електричен удар.
q) Држете ја машината само за изолираните површини за држење, бидејни сечилото може да дојде во контакт со жици под напон или со кабелот за напојување. Контактот со жица под напон може да ги направи изложените метални делови од машината под напон и може да предизвика електричен удар кај операторот.
r) Не допирајте ги сечилата и другите опасни подвижни делови додена уште се во движење. Ова го намалува ризикот од повреда од подвижните делови.
s) При отстранување на заглавен материјал или чистење на машина, проверете дали сите прекинувачи за напојување се исключени и дали кабелот за напојување е ислучен. Неочекуваното работење на машина може да предизвика сериозни телесни повреди.
1.3 ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ
⚠️ Исключете ја машината од напојувањето и прочитајте го соодветното упатство пред да започнете какви било дејства за одржување или поправка. Носете соодветна облека и ракавици за работа во сите ситуации каде има ризик за рацете.
⚠️ Никогаш не користете ја машината со користени или оштетени делови. Оштетените или дефектните делови треба да се заменат, никогаш да не се поправаат. Користете само оригинални резервни делови: употребата на делови коишто не се оригинални и/или несоодветно поставени може да доведат до инциденти или телесни телесни повреди, а со тоа се ослободува производителот од секоја обврска или одговорност.
ВАЖНО Сите операции за одржување и регулација што не се опишани во ова упатство треба да ги спроведе застапникот или специјализиран сервисен центар бидејки знаат како и ги имаат неопходните инструменти со коишто работата ће се заврши правилно, земајки
го во предвид првибитниот степен на безбедност на машината. Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се изгуби секоја форма на гаранција и секој облик на обврска на производителот.
- По секое користење, исключете ја машината од довод на ел. енергија и проверете ја да не има оштетувања.
- Сите завртки, навртки и лостови одржувајте ги соодветно прицврстени за да сте сигурни дека косачката е безбедна за работа. Редовното одржување е основен предуслов за безбедност и за одржување на правилна работа на машината.
- Редовно проверувајте дали навртките на уредот со сечило се правилно затегнати.
- Носете работни ракавици за ракување со уредот со сечило при расклопувањето и повторното склопување.
- Одржувајте ја рамнотежата на уредот со сечило кога се остри. Сите операции што се поврзани со уредот со сечило (вадење, острење, изедначување, повторно ставање и/или замена) се одговорни работи и бараат специфична компетентност покрај соодветни алати. Од безбедносни причини, истите треба секогаш да ги извршува специјализиран сервисен центар.
- Во текот на операциите за регулирање на машината, обрнете внимание и избегнувајте прстите да ви се наогаат заглавени во уредот со сечило во движење и фиксните делови на машината.
- Не допирајте го уредот со сечило додека е машината поврзана со извор на напојување и додека уредот со сечило не запре целосно. При интервенции на уредот со сечило, проверете дали уредот може да се движи и дали машината е исключена од струја.
- Честопати проверувајте ги заштитата на задниот испуст, заштитата на страничниот испуст, како и вреќата за собирање за да проверите дали се изабени или оштетени. Заменете ги ако се оштетени.
- Заменете ги етикетите со упатства и пораки за внимание ако се оштетени.
- Чувајте ја машината на место недостапно за деца.
- Оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било просторија.
- За намалување на ризикот од запалување, одржувајте ги тревокосачката и машината, а особено моторот од остатоци од трева, листови и прекумерно масло. Извадете ја вреќата за собирање и не оставајте остатоци од покосена трева во затворен објект.
1.4 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на грағанските погодности и на просторот во кој живееме.
- Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат непосредното опкружување. Користете ја машината само во разумно време (не многу рано наутро и доцна навечер кога може да ги вознемирите лугето).
- Во текот на работата доага до одредено распрскување на маслото во средината, кое пак е неопходно за подмачкување на синцирот. Заради тоа, користете само биоразградливи масла, специфични за вакво користење. Употребата на минерално масло или моторно масло предизвигува сериозни штети на околината.
- Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, делови во распагање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смеат да се фрлаат во губре, туку треба да се селектираат и да се однесат во соодветни собирни центри за рециклирање материјали.
- Следете ги во целост локалните закони за фрлање на материјалите што се резултат на сечењето.
- При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони.

Не фрлајте ги електричните апарати заедно со домашен отпад. Во согласност со директивата на ЕУ 2012/19/ЕУ, отпадот што се состоит од електрични и електронски апарати е ваша одговорност и, во согласност со националните одредби, електричните апарати за фрлање треба да се фрлат засебно за да може подоцна повторно да се употребат на еко-компатибилен начин. Ако електричните алати се одложат на губриште или на земја, штетните состојки може да остварат контакт со елементите во почвата и да навлезат во синцирот на исхрана, со што ће ви се нарушат здравјето и благосостојбата. За подетални информации околу фрлањето на овој производ, контактирајте со компетентни институции за фрлање домашен отпад или со застапникот.

text_image
Засебното собирање на производите и искористените пакувања овозможува рециклирање на материјалите и повторна употреба. повторната употреба на рециклираните материјали спречува штета на животната средина и ја намалува потребата за примарни материјали.Оваа машина претставува градинарска опрема и конкретно раздувувач/прибирач на струјасо оператор на нозе.
Машината во основа се состоит од мотор којшто придвижува роторот за работа сместен во картер и има тркала и рачка. Операторот е во позиција да управува со машината и да ги вклучува главните команди држејки се секогаш зад рачката и на безбедно растојание. Оддалечувањето на операторот од машината предизвикува запирање на моторот по неколку секунди.
• Предвидена употреба
Оваа машина е дизајнирана и произведена за раздувување и прибирање од теренот во присуство на оператор на нозе.
Разликата во ефектот на производот врз теренот се постигнува со различно взаемно поставување на роторот за работа и од длабочината на теренот.
• Несоодветна употреба
Која и дае друга употреба, поинаква одгоренаведените, може да претставува опасност и да предизвика повреди и штети за лица и/или предмети.
Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):
– превоз на лица, деца или животни врз машината,
– при транспорт на машината,
– употреба на машината за влечење или буткање товар,
– употреба на машината од страна на повеќе луге.
– спуштање и активирање на роторот за работа на тврди почви или во присуство на чакал или камења.
2.2 ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И КОМПОНЕНТИ НА МАШИНАТА (СЛ. А)
- Ниво на акустична моїност
- Ознака за усогласеност
- Година на производство
- Тип на машина
- Сериски број
- Име и адреса на производителот
- Код на производ
- Мокност на моторот
- Тежина во кг.
- Волтажа и вид напојување
- Ракофат
- Мотор
- Ротор за работа (со цврсто сечиво или пружина)
- Штитник
- Вреќа за собирање
- Регулација на длабочината на продирање
- Команда за палење
- Кука за електричниот кабел
2.3 БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
машината треба да се користи внимателно. За таа цел, на машината се поставени илустрации наменети да ве потсетуваат за главните безбедносни мерки при употреба. Нивното значење е објаснето подолу. Затоа, препорачуваме внимателно да ги прочитате безбедносните мерки што се дадени во засебно поглавје на ова упатство. Заменете ги оштетените или нечитливите етикети.
Прочитајте го упатството пред да ја користите машината.

Опасност! Оваа машина може да биде опасна за вас или за другите доколку не се користи правилно.

Опасност! Ризик од исфрлање. Оддалечете ги лујето што е можно подалеку од местото на работа кога ја користите машината.

Внимание! Исключете го напојувањето пред да пристапите кон процедури за одржување или ако кабелот е оштетен. Никогаш не ставајте ги рацете или нозете во внатрешноста каде што е сместен уредот со сечило.

Внимание! Држете го продолжениот кабел подалеку од уредот со сечило.

Внимание! Ризик од изложување на шум и прашина. Носете акустичка заштита и заштита за очите.

Опасност! Веднаш исключете го приключокот од штекер ако кабелот (или продолжниот кабел) се оштетени или пресечени.

Класа II: Двојна изолазија.
ВАЖНО Дадените етикети што се скинале или не се читливи, треба да се заменат. Побарајте нови етикети од соодветен центар или од овластениот сервисер.
[61] Номинална моїност
[62] Максимална брзина при работа на моторот
[63] Тежина на машината
[64] Обем на сечење
[65] Ниво на измерен акустичен притисок
[66] Несигурност за мерење
[67] Ниво на измерена акустична моїност
[68] Ниво на гарантирана акустична моїност
[69] Ниво на измерени вибрации
[70] Код на роторот за работа со цврсто сечиво
[71] Код на роторот за работа со пружина
Примерот за изјавата за сообразност се наога на последната страница во упатството.
ЗАБЕЛЕШКА - Декларираната вкупна вредност на вибрации и декларираната вредност на емисија на бучава се измерени според стандарден метод на тестирање и може да се користат за споредување на една машина со друга;
- Декларираната вкупна вредност(и) на вибрации и декларираната вредност(и) на емисија на бучава може да се користат и при прелиминарна проценка на изложеноста.
- Емисиите на вибрации и бучава за време на реалната употреба на машината може да се разлинуваат од декларираната вкупна вредност во зависност од тоа нако се користи машината и потребата да се идентифинуваат безбедносни мерки за заштита на операторот врз основа на проценка на изложеноста при реални услови на употреба (земајки ги предвид сите фази од работниот циклус, нако што се исклучувањето на машината и времето на мирување, нако и времето на активирање).
3. КОМПЛЕТИРАЊЕ НА МОНТАЖАТА
ЗАБЕЛЕШКА машината може да се доставува со некои вење монтирани делови
- распакувањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина со довольно простор за поместување на машината и на амбалажата користејни секогаш соодветни алати. Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во согласност со важечките локални закони.
3.1 МОНТИРАЊЕ НА РАКОФАТОТ (СЛ. 1.1)
Вметнете го долниот дел на ракофатот (1) во отворите на кукиштето и фиксирајте со дадените навртки (2). Фиксирајте ги двата централни елементи (4) за долниот дел (1) со регулаторите (5) и доставените навртки како што е прикажано.
Поставете ја стегалката за кабелот (6) во прикажаната позиција и фиксирајте ја со навртката и мутерот (7).
Монтирајте го горниот дел на ракофатот (8) користејки ги регулаторите (5) и приложените навртки како што е прикажано.
Поставете ја стегалката за кабелот (9) во прикажаната позиција и приключете го електричниот кабел (10).
3.2 МОНТИРАЊЕ НА РАКОФАТОТ (СЛ. 1.2)
Вметнете ја рамката (1) во вреќата (2) и прицврстете ги пластичните шипки (3) со помош на одвртка, како што е прикажано на цертежот.
4. ОПИС НА КОМАНДИТЕ
Моторот се вклучува со помош на двостепен прекинувач за да се избегне случајно придвижување. За вклучување, притиснете го копчето (2) и повлечете ја рачката (1).

- палењето на моторот предизвинува времено активирање на роторот за работа.
Моторот автоматски се гаси со пуштање на рачката (1).
4.2 РЕГУЛАЦИЈА НА ДЛАБОЧИНАТА НА ПРОДИРАЊЕ (СЛ. 2.2)
Рачката (1) дозволува внимателна регулација на позицијата на роторот за работа на разни висини, а со тоа и промена на длабочината на продирање на запците на роторот за работа во теренот.

- преминот од една во друга позиција треба да зведе нога роторот за работа мирува.
5. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
5.1 ПРЕЛИМИНАРНИ ОПЕРАЦИИ
Машината се доставува со два различни ротори за работа за да се постигне функцијата за типот на потребната работа:
– со пружина (1) за расчистување и раздувување на површината на теренот,
– со цврсти сечива (2) за протресување на теренот.
За да го извадите роторот за работа:
– исключете ја машината од довод на ел. енергија,
– ставете ракавици за работа и превртете ја машината,
– одвртете ги двете навртки (3) поставени од десната страна на машината,
– подигнете го роторот за работа од деснта страна и извадете го левата страна,
– отстранете ја пластичната потпора (4),
За да го поставите роторот за работа:
– ставете ја пластичната потпора (4) на лежиштето (5) кај краевите на роторот за работа,
– вметнете го прво левиот крај (6) на роторот за работа во издадената оска (7), внимавајки на порамнувањето со запците (7a) на оската,
– вметнете го десниот крај со портората (4) на свое место со рамната страна (46) свртена кон надвор,
– поставете и зашрафете ги докрај двете навртки (3).
5.1.2 Регулација на длабочината на продирање (СЛ. 3.2)
Изберете ја длабочината на продирање за да одговара на потребната работа и на типот на поставениот ротор на роторот за работа, следејки ги овие основни насоки:
«1» = Пренос (за преместување на машината со подигнат ротор на роторот за работа којшто не го допира теренот).
«2» = Соротор на роторот за работа сопружина и вреја за собирање, за површинско расчистување на листови и трева и за раздувувње на теренот при што положените материи се собираат,
«2» = Со ротор на роторот за работа со цврсти сечина и вреќа за собирање, за површинско протресување на теренот при што положените материи се собираат,
«3» «4» = Čo ротор на роторот за работа со цврсти сечина и без вреќа за собирање, за длабинско протресување на теренот при што положените материи се оставаат на теренот. При оптимални услови, може да ја монтирате и вреќата и да ги соберете положените материи бидејки тоа не предизвикува затнување на роторот на роторот за работа.
5.1.3 Прикачување на врејата (СЛ. 3.3)
Подигнете го штитникот (1) и приврзете ја вреćата правилно (2) како што е посочено на сликата.
5.2 ПАЛЕЊЕ (СЛ. 3.4)
Закачете го продолжниот кабел правилно како што е посочено.
За вклучување на моторот, притиснете го безбедносното копче (2) и повлечете ја рачката (1) на прекинувачот.
5.3 РАЗДУВУВАЊЕ И ПРОТРЕСУВАЊЕ НА ТЕРЕНОТ (СЛ. 3.5)
Во текот на работата, ел. кабел треба секогаш да биде закачен и на веке третираниот терен.
Најдобрите резултати се постигнуваат со две поминувања со временско растојание од една седмица, со вкрстување на правците.
ЗАБЕЛЕШКА Совети за третман на тревникот
- Со текот на времето, на теренот се формира површински слој со коров и остатоци од тревата коишто го намалуваат пристапот на кислородот и спречуваат продирање на водата и хранливите состојки, но и предизвикуваат влошување на изгледот и пожолтување на тревникот.
- Идеалниот период за раздувување и протресување на тревникот е на есен или на пролет.
- Оптимални услови за работа се кога тревата е ниска и делумно влажна, работата на многу сув или многу мокар терен го отежнува собирањето на материите и може да го оштети тревникот.
- Секогаш е потребно да се отстранат листовите од тревникот пред да го раздувате и протресете теренот.
- Со површинска обработка за доставување кислород (со намалено продирање на запците во теренот) се отстранува површинскиот закоравен слој.
- Со зголемување на степенот на продирање во теренот (протресување) се зголемува дејството на отстранување на слојот подлабоко на теренот и истовремено се постигнува раздвојување на корените на тревата, а со нивно бројно зголемување, се постигнува изглед на побогат тревник со погуста трева.
5.4 ВАДЕЊЕ НА ВРЕҚАТА (СЛ. 3.6)
За вадење и празнење на вреćата:
– пуштете ја рачката на прекинувачот (1) и почекајте да се смири роторот за работа,
– подигнете го штитникот (2), фатете ја дршката и извадете ја вреćата одржувајки ја во исправена позиција.
5.5 ЗАВРШУВАНЬЕ СО РАБОТА (СЛ. 3.7)
На крајот на работата, отпуштете ја рачката (1). Исклучете го продолжниот кабел ПРВО од главниот штекер (2), а ПОТОА од прекинувачот на машината (3).
⚠️ ПОЧЕКАЈТЕ РОТОРОТ ЗА РАБОТА ДА ЗАСТАНЕ пред да извршите каква било интервенција на машината.
ВАЖНО Во случај кога во текот на работата моторот їе престане да работи заради прегревање, неопходно е да почекате приближно 5 мин. пред повторно да го включите.
6. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
ВАЖНО неопходно е редовно и правилно одржување за долготрајно одржување на безбедносното ниво и првобитната исполнителност на машината.
Чувајте ја тревокосачката на суво место
1) Носете цврсти заштитни ракавици при секоја интервенција за чистење, одржување и регулација на машината.
2) Исчистете ја машината по секоја завршена работа: отстранете ги остатоците и калта што се наталожиле на роторот за работа и запците за да избегнете тие да се исушат со што ће биде тешко подоцна да се отстранат.
3) Избегнувајте да користите бензин или растворувачи на пластичните делови на машината за да не ги оштетите. Гаранцијата не ги покрива оштетувањата на пластичните делови предизвикани ос употреба на бензин или растворувачи.
6.1 ОДРЖУВАЊЕ НА РОТОРИТЕ (СЛ. 4.1)
Роторите за работа со запци се состоит од разни елементи составени во фабрика и не се заменуваат едно по едно. Доколку едно од сечивата или пружините се оштетат, треба да се смени целиот ротор за работа или да се обратите кај застапникот за поправка.
Замената треба да се спроведе како што е посочено во поглавје 5.1.1.
Со оваа машина предвидено е да се користи ротор со цврсти сечива (1) или со пружина (2) коишто го носат кодот посочен во табелата на страница 2.
Заради развојот на производот, горепосочените ротори треба со време да се заменат со други, со соодветни характеристики за замена и функционална безбедност.
6.2 ЧИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА (СЛ. 4.2)
Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на моторот и на електричните делови.
Не користете абразивни течности за чистење на кујиштето.
7. З АШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на грағанските погодности и на просторот во кој живееме.
- Избегнувајте постоење на елементи што го нарушуваат непосредното опкружување.
-
Следете ги точно локалните закони за фрлање на отпадните материјали.
– Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, деловите во распагање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смее да се фрлаат во губре, туку треба да се селектираат и да се однесат во соодветни собирни центри за рециклирање материјали.
– При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони. -
ДИЈАГНОСТИКА
| Што да правите кога... | |
| Потекло на проблемот Дејство за поправка | |
| 1. Машината не работи | |
| Нема довод на струја до машината | Проверете го напојувањето со ел. енергија. |
| 2. При вклучувањето на машината се фрлаат искри | |
| Амперажата на изворот за напојувањето не е задоволителна. | Поврзете ја машината со извор на ел. енергија со задоволителен број ампери. |
| Вклучени се други електрични апарати. | Не поврзувајте други апарати во истиот период и во истиот приклучок за напојување со ел. енергија. |
| 3. Машината се гаси во текот на работата | |
| Заштитата се вклучува Почекајте | најмалку 5 минути и пред да ја включите машината одново |
| 4. Машината се гасне честопати во текот на работата или работи на неправилен начин | |
| Тешки услови на работа Проверете дали регулацијата на роторот за работа е направена согласно условите на тревникот и/или дали е регулиран на највисоката позиција. | |
| Затнување на роторот за работа | Исклучете ја машината од довод на ел. енергија, ставете заштитни ракавиции и исчистете ги роторот за работа и непосредното негово опкружување. |
| Намалете ја количината на собраните материи со намалување на длабочината на продирање на роторот за работа. | |
| Затнување на вреćата засобирање | Празнете ја редовно вреćатапред да се наполни докрај. |
| 5. Незадоволителни или недозволени услови | |
| Ротор за работа и со сечиваили пружина коишто сеизабени или ги нема | Заменете го роторот за работасо оригинален резервен дел |
| Тревата е многу висока Искосете ја тревата назадоволителна висина. | |
| Теренот е многу мокар Регулирај | те го роторот заработа на највисоката позицијаи престанете со работасё додека не се подобратусловите на теренот. |
Во случај на какво било двоумене или проблем, контактирајте со Овластениот сервис во непосредна близина или со Застапникот.
INHOUDSOPGAVE
- VEILIGHEIDSVOORSCHRIFTEN.... 1
- LEER DE MACHINE KENNEN 3
- VERVOLLEDIG DE MONTAGE.... 4
- BESCHRIJVING VAN DE COMMANDO'S....5
- GEBRUIK VAN DE MACHINE....5
- GEWOON ONDERHOUD 6
- BESCHERMING VAN DE OMGEVING 6
- STORINGEN 6
1. VEILIGHEIDSVOORSCHRIFTEN
1.1 ALGEMENE VEILIGHEIDSVOORSCHRIFTEN VOOR DE ELEKTRISCHE GEREEDSCHAPPEN
МК • Содржината и сликите во Упатството за корисникот се подготовени ислучиво за ST. SpA и се заштитени со авторски права – забрането е секое делумно или целосно неовластено репродуцирање или измена на документот.