AL3 46 SE - кошачка за трева ALPINA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AL3 46 SE ALPINA во PDF формат.
| Тип на производ | Косилка за трева |
| Марка | Alpina |
| Модел | AL3 46 SE |
| Ширина на косење | 46 см |
| Тип на мотор | Електричен |
| Моќност | 1400 W |
| Висина на косење | Прилагодлива од 25 до 75 мм |
| Број на позиции на висина | 7 |
| Тип на сад за собирање | Мек или цврст, во зависност од верзијата |
| Капацитет на садот | 50 L |
| Тежина | 25 кг |
| Димензии (Д x Ш x В) | 130 x 50 x 100 см |
| Напојување | 230 V / 50 Hz |
| Должина на кабелот | 15 м |
| Стартување | Електрично со копче за притискање |
| Подесување на висина | Централно, со лост |
| Рачка | Склоплив за складирање |
| Тип на косење | Мулчирање или собирање |
| Ниво на бучава | 96 dB (A) |
| Вибрации | 6,5 m/s² |
| Одржување | Исчистете го шасијата по употреба, наострете ја сечилото |
| Безбедност | Двојно безбедносно копче, автоматско запирање |
| Резервни делови | Резервно сечило, сад, тркала, рачка |
| Гаранција | 2 години |
Frequently Asked Questions - AL3 46 SE ALPINA
Прашања на корисниците за AL3 46 SE ALPINA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AL3 46 SE - ALPINA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AL3 46 SE на марката ALPINA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AL3 46 SE ALPINA
МК Тревокосачка на струја со оператор на нозе - УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА ВНИМАНИЕ: прочитајте го внимателно ова упатство пред да ја користите машината.
Сменете повредените или нечетливи етикети.
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ до коишто треба строго да се придржувате
A) ОБУКА
1) ВНИМАНИЕ! Прочитајте го внимателно ова упатство пред да ја користите машината. Запознајте се со командите и правилното користење на машината. Научете брзо да го запирате моторот. Непридржување кон предупредувањата и кон упатството може да предизвикаат електричен удар, изгореници и сериозни повреди. Сочувајте ги предупредувањата заедно с упатството за идна консултација.
2) Не дозволувајте никогаш деца да ја употребува машината, или други лица што не се запознаени со ос- новните упатствата. Локалните законски прописи ја одредуваат минималната возраст на корисникот.
3) Овој апарат може да го користат деца постари о 8 години, но и лица со намалени физички, сензорни и ментални способност или лица коишто немаат доволни познавања само доколку се под надзор или се подучувани за употребата на апаратот на безбеден начин и ги разбираат можните опасности. Децата не смее да си играат со апаратот. Децата не смее да го спроведуваат редовното чистење и одржување доколку не се под надзор.
4) Не користете ја тревокосачката никогаш кога близина има лица, особено деца или животни.
5) Никогаш не користете ја машината доколку корисникот е во состојба на замор или изнемоштеност, или користел лекови, дрога, алкохол или други штетни супстанци што влијаат врз капацитетот за навремено реагирање или внимание,
6) Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или опасноста по други лица или нивниот имот. Во опсегот на одговорности на операторот спаға и проценката на можните ризици на теренот каде треба да се работи и затоа преземете ги сите неопходни (бедносни мерки за да ја гарантирате својата, но и безбедноста на другите особено на закосени, нерамлизгави или нестабилни терени.
7) Во случај кога во опкружувањето на машината има други лица, проверете дали корисникот ги почитува упатствата што се содржани во ова упатство.
В) ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
1) Кога ја користите машината, секогаш носете отпор-
ни работни чевли коишто не се лизгаат и долги па
толони. Не вклучувајте ја машината со боси нозе или
отворени сандали. Избегнувајте да носите ланчиња,
бразлетни и алишта со делови што се виорат или има-
ат реси или ленти. Приберете ја косата доколку е дол-
га. Секогаш ставајте заштита за уши.
2) Проверете ја темелно целата површина за работ и отстранете се што би можело да биде отфрлено од машината и да ги оштети сечивото и моторот (камења, гранки, железни остатоци, коски, итн.).
3) Пред употреба, проверете ја машината детално и особено:
- во однос на сечивата, проверете дали навртки
те и уредот за косење се изабени или оштетени. Заменете го делот со уредот за косење ако сечивото и навртките се оштетени или истрошени за да ја одржите рамнотежата. Евентуалните поправки треба да се направат во специјализиран сервисен центар.
- Безбедносяната рачка треба да има слободно движење, без примена на сила и при отпуштање треба да се врати автоматски и бргу во неутрална позиција со што се одредува застанување на уредот за косење.
4) Пред секоја употреба, проверете дали кабелот за напојување и на продолжниот приклучок имаат знаци на оштетување или знаци на истрошеност заста-реност. Веднаш исключете го приклучокот од штекер ако кабелот или продолжниот кабел се оштетени или дресечени. НЕ ДОПИРАЈТЕ ГО КАБЕЛОТ ПРЕД ДА ГО ИСКЛУЧИТЕ ОД ИЗВОР НА НАПОЈУВАЊЕ. Никогаш не користете ја машината ако кабелот за напојување или продолжниот кабел се оштетени или изабени.
од Оштетен или изабен кабел може да предизвика контакт со делови под напон.
5) Пред да започнете со работа, секогаш поставете ги заштитите на излезот (вреќа за собирање, заштита на станичниот испуст или заштита на задниот испуст).
1) Работете само на дневна светлина или при добро
вештачко осветление и при услови на добра видли-
вост. Оддалечете ги лицата, децата и животните од
областа за работа.
2) Ако е можно, избегнувајте работа на мокра трева. Избегнувајте да работите кога врне и кога има невреме. Не користете ја машината кога времето е многу лошо, особено кога има можност од грмотевици.
3) Не изложувајте ја машината на дожд или влажни услови. Водата што може да навлезе во електричниот дел го зголемува ризикот од електричен удар.
4) Секогаш обезбедувајте правилно потпориште на за-
косени терени.
5) Никогаш не трчајте, туку одете избегнувајки при тоа да ве влече тревокосачката.
6) Секогаш обрнувајте внимание кога во близина има пречки коишто може да ја намалат видливоста.
a7) Косете секогаш надолжно во однос на косината, во правец нагоре/надолу, но никогаш попреку внимавајки при тоа на менувањето на правецот, тркалата да не удираат на пречки (камења, гранки, корења и сл.) со што може да се предизвика странично лизгање, превртување или загуба на контролата врз машината.
8) Машината не смее да се користи на закосувања по- големи од 20° без оглед на правецот на движење.
9) Обрнете максимально внимание кога јавлечете тревокосачката кон себе. Погледнете зад неа пред и при движење наназад за да обезбедите дека нема никакви пречки.
10) Застанете го уредот со сечивото ако тревокосачка- та треба да се закоси при транспорт, кога се поминува преку терени без трева и кога тревокосачката се носи кон теренот на кој треба да се коси и обратно.
11) Внимавајте на сообраќајот кога машината се користи во близина на пат.
„12) Не користете ја машината кога деловите се оштете-
ни или ако нема вреќа за собирање, заштита за страничниот испуст или заштита за задниот испуст.
13) Обрнете особено внимание во присуство на стрмнини, дупки или препреки.
14) Внимателно включете го моторот според упатство-то и држете ги нозете подалеку од уредот со сечивото.
15) За време на палењето, двете раце треба да се ракофатот.
16) Не закосувајте ја тревокосачката во движење. Вклучувајте ја на рамни површини, исчистени од препреки и висока трева.
17) Не приближувајте ги рацете или нозете до или под деловите што ротираат. Секогаш стојте оддалечено од отворот за празнење.
18) Не подигнувајте ја или не транспортирајте ја трево- косачката кога работи моторот.
19) Не преправајте или дезактивирајте ги безбедносните системи.
20) Кај моделите на погон, исключете ја спојницата за пренос на тркалата пред да го включите моторот.
21) Секогаш користете дополнителна опрема одобре- на од производителот на машината.
22) Не користете ја машината ако дополнителната/помошната опрема не се поставени на дадените точки.
23) Исключете го уредот со сечивото, застанете го моторот и извадете го кабелот за напојување (внимавајки при тоа сите делови во движење да бидат застанати докрај):
- секојпат кога ја оставате тревокосачката без над зор,
– пред да ги отстранувате причините за блокирање или чистење на испусниот канал,
– пред проверка, чистење или работа врз машината,
- по удар во страни предмети. Проверете дали им евентуални оштетувања на машината и направете ги неопходните поправки пред да одново да ја ристите.
24) Исключете го уредот со сечивото и застанете моторот:
– секојпат кога ја вадите или поставувате вреćата за собирање,
- секојпат кога го вадите или поставувате дефлекторот за страничниот испуст.
– Пред да ја регулирате висината на косење ако оваа операција не била извршена од позицијата на операторот.
25) Во текот на работата, секогаш одржувајте безбедно растојание од уредот со сечивото која се определува со должината на ракофатот.
26) ВНИМАНИЕ – Во случај на дефект или инциденти во текот на работата, веднаш исключете го моторот и оддалечете ја машината внимавајки да не предизвикате други оштетувања. Во случај на инцидент со лична повреда или повреда на трето лице, пристапете веднаш кон постапката за давање најсоодветна прва помош за дадената состојба и обратете се во соодветен центар за здравствена заштита за неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето што може да предизвикаат дефект или повреди на лили или животни ако останат незабележано во машината.
27) ВНИМАНИЕ – нивото на бучавата и вибрациите дадени во ова упатство се максимальни вредности при употреба на машината. Употребата на елемент за косење којшто не е стабилен, движењето со преголема брзина, неодржувањето на машината, значително влијаат врз емисијата на бучава или вибрации. Затоа,
неопходно е да применувате заштитни мерки за да елиминирате можни оштетувања заради зголемена бучава или значителни вибрации. Редовно одржувајте ја машината, носете слушалки против бучава и правете паузи во работата.
D) ОДРЖУВАНЬЕ И ЧУВАНЬЕ
1) ВНИМАНИЕ! – Ислучете ја машината од напојувањеи прочитајте го соодветното упатство пред да започнете какви било дејства за одржување или поправка. Носете соодветна облека и ракавици за работа во сите ситуации каде има ризик за рацете.
2) ВНИМАНИЕ! – Никогаш не користете ја машината со користени или оштетени делови. Оштетените или дефектните делови треба да се заменат, никогаш да не се поправаат. Користете само оригинални резервни делови: употребата на делови коишто не се оригинални и/или несоодветно поставени може да доведат до инциденти или лични повреди, а со тоа се ослободува производителот од секоја обврска или одговорност.
3) Сите операција за одржување и регулација што не се опишани во ова упатство треба да ги спроведе застанникот или специјализиран сервисен центар бидејки знаат како и ги имаат неопходните инструменти со коишто работата ће се заврши правилно, земајки го во предвид првибитниот степен на безбедност на машината. Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се изгу-би секоја форма на гаранција и секој облик на обврска на производителот.
4) По секое користење, исключете ја машината од довод на ел. енергија и проверете ја да не има оштетувања.
5) Сите завртки и навртки одржувајте ги соодветно
авацврстени за да бидете сигурни дека машината е без- бедна за работа. Редовното одржување е основен пред- ујюлов за безбедност и за одржување на правилна рабо- та на машината.
б) Редовно проверувајте дали навртките на уредот за косење се правилно засегнати.
7) Носете работни ракавици за ракување со уредот со сечивото при вадење и иставање.
8) Одржувајте ја рамнотежата на уредот со сечивото кога се остри. Сите операции што се поврзани со уредот со сечивото (вадење, острење, изедначување, повторно ставање и/или замена) се одговорни работи и изискуваат специфична компетентност покрај соодветни алати. Од безбедносни причини, истите треба секогаш да ги извршува специјализиран сервисен центар.
9) Во текот на операциите за регулирање на машина- та, обрнете внимание и избегнувајте прстите да ви се наогаат заглавени во уредот со сечивото во движење и фиксните делови на машината.
10) Не допирајте го уредот со сечивото додека е машината поврзана во извор на напојување и додека сечивото не запре да се движи докрај. При интервенции на уредот со сечивото, проверете дали уредот може да се движи и дали машината е исключена од струја.
11) Честопати проверувајте ги заштитата за задниот ис- цауст, заштитата за страничниот испуст или заштитата на задниот испуст, како и вреќата за собирање за да проверите дека не се изабени или оштетени. Заменете ги ако се оштетени.
12) Заменете ги етикетите со упатства и пораки за внимание ако се оштетени.
13) Чувајте ја машината на место до кое што не допираат децата.
14) Оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било средина.
15) За намалување на ризикот од запалување, одржувајте ги тревокосачката и машината, а особено моторот од остатоци од трева, листови и прекумерно масло. Извадете ја вреќата за собирање и не оставајте остатоци од покосена трева во затворен објект.
Е) ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
1) Не користете ја машината во средина каде постои ризик од експлозија, во присуство на запаливи ма-терии, гасови или нечистотија. Електричните делови предизвикуваат искри што може да ги запалат нечи-стотиите или испарувањата.
2) Држете го продолжниот кабел подалеку од уредот со сечивото. Уредот со ечивото може да го оштети кабелот и да предизвика контакт со делови под напон.
3) Никогаш не поминувајте со тревокосачката врз електричниот кабел. За време на косење, треба секо- гаш да го влечете кабелот зад тревокосачката и секо- гаш кај штотуку покосената трева. Користете ја сте- галката за кабелот како што е прикажано во ова упат- ство за да избегнете кабелот случајно да се заглави, обезбедувајки истовремено правилно приклучување без притисок врз приклучокот.
4) Уредот напојувајте го само преку диференцијал (RCD – уред за наизменична струја) со струја на прекин која не надминува 30 mA.
5) Приклучокот за машината треба да биде компатибилен со електричниот довод. Никогаш не преправајте го приклучокот. Не користете адаптери за машината што имаат заземјување. Приклучокот што не претрпел измена или не е адаптиран го намалува ризикот од електричен удар.
6) Ако кабелот за електрично напојување на ната е оштетен, треба да се замени само со нален резервен дел од страна на застапникот или во специјализиран сервисен центар.
7) Трајното поврзување на кој и да било електричапарат во ел. мрежа на даден објект треба да гоправи квалификуван електричар следејки ги најстрогосоодветните одредби. Некоректно поврзување можеда предизвика сериозни повреди, вклучувајки и смрт. 8) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Влажноста и ел. струја несе компатибилни:
Ракувањето и поврзувањето на електричните кабли мора да се изведува на суво место,
– Никогаш не спојувајте извор на електрична енергија или кабел во мокра зона (бара или влажен терен);
- Поврзувањето меѓу каблите и штекерите мора да биде од водоотпорен материјал. Користете продолжен кабел од интегрирани и водоотпорни делови кои може да се набават во трговија.
9) Наблите за напојување треба да се со квалитет не помал од типот H05RN-F или H05VV-F со минимален пресек од 1,5 мм2 и со препорачана максимальна должина од 25 м.
10) Пред да ја включите машината, прицврстете го кабелот за водилката.
11) Не користете го кабелот несоодветно. Не користете го кабелот за транспортирање, влечење или расклопување на машината. Чувајте го кабелот подалеку од извори на топлина, масло, орган или предмети во движење. Оштетен или пресечен кабел го зголемува ризикот од електричен удар.
12) Внимавајте продолжниот кабел да не се заплетку-
ва во текот на работата за да избегнете прекумерно загревање.
13) Избегнувајте контакт на телото со површина со ма-
са или со земја, како цевки, радијатори, кујнски апара-
ти, фрижидери. Ризикот од електричен удар се поттик-
нува ако телото се најде на маса или земја.
14) Никогаш не прегревајте ја машината. Користете ја машината за наменетата работа. Правилно користење на машината обезбедува најдобра и најсигурна работа, според моќноста за која е создадена.
1) Секојпат кога е потребно движење, подигнување, транспорт или закосување на машината, треба:
– да носите заштитни ракавици,
– да ја зафатите машината на места кои нудат сигурен зафат, имајки ја предвид нејзината тежина и распределба на истата;
- да ангажирате соодветен број луге во согласност со тежината на машината и карактеристиките на средството за транспорт или за местото на кое треба да се донесе или земе истата.
– проверете дали кога работи машината, нема знаци на оштетувања или дефекти.
2) За време на транспорт, обезбедете ја соодветно машината со помош на јажиња или синцири.
G) ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
1) Заштитата на животната средина треба да се из-вршува релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на грағанските погодности и на просторот во кој живееме. Избегнувајте појава на еле- менти што го нарушуват непосредното опкружување.
маши2) Доследно следете ги локалните закони за фрлање оригина амбалажата, делови во распагање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина.
Овие отпадоци не смеат да се фрлаат во губре, туку епреба да се селектираат и да се однесат во соодветни обирни центри за рециклирање материјали.
3) Следете ги точно локалните закони за фрлање на материјалите кои ќе се резултат на сечењето.
4) При исфрлање од употреба, не оставајте ја машина-
та каде било во природата, туку предајте ја во собирен
центар во согласност со важечките локални закони.
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
ОПИС НА МАШИНАТА И ОПСЕГ НА УПОТРЕБА
Оваа машина претставува градинарска опрема и конкретно тревокосачка со оператор на нозе.
Машината во основа се состоит од мотор којшто при- движува уредот со сечивото со запци сместени во кар- тер и има тркала и рачка.
Операторот е во позиција да управува со машината и да ги включува главните команди држејки се секогаш зад рачката и на безбедно растојание од ротирачкиот уред со сечивото. Оддалечувањето на операторот од машината предизвикува запирање на и на ротирачкиот уред по неколку секунди.
Предвидена употреба
Ова машина е дизајнирана и произведена за косење (и собирање) трева во градини и на тревни површини со опсег наведен кај капацитетот за косење што спроведува во присуство на оператор којшто оди. Присуството на дополнителната опрема и на одредени уреди овозможува собирање на покосената трева, но може и да го предизвикува ефектот на „дробење“ и положување на покосената трева врз теренот.
Вид на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Оваа машина е наменета за „домашна употреба“.
Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба, поинаква од горенаведени- те, може да претставува опасност и да предизвика по- вреди и штети за лица и/или предмети.
Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):
– превоз на лица, деца или животни врз машината,
– при транспорт на машината,
– употреба на машината за влечење или буткање товар,
– употреба на машината за собирање лисја или гранки,
– употреба на машината за порамнување огради или за сечење вегетација што не е трева,
– употреба на машината од страна на повеќе луге,
– вклучување на сечивата врз терени на кои трева
ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И КОМПОНЕНТИ НА МАШИНАТА (видете ги сликите на страница ii)
- Ниво на акустична мокност
- Ознака за усогласеност со СЕ
- Година на производство
- Вид тревокосачка
- Сериски број
- Име и адреса на производителот
- Код на производ
- Номинална моїност и максимальна брзина на работата на моторот
- Тежина во кг.
- Волтажа и вид напојување
10a. Степен на електрична заштита - Ку́киште
- Мотор
- Уред со сечивото
- Заштита на заден испуст
14a. Дефлектор со страничен испуст (ако има)
14b. Заштита на страничен испуст (ако има): - Вреќа за собирање
- Ракофат
- Команда за палење
- Кука за електричниот кабел
- Рачка за включување на погонот
Веднаш по набавка на машината, запишете ги броевите за идентификација (3 – 4 – 5) во соодветното место
на последната страница од ова упатство.
Примерот со декларацијата за усогласеност се наога на последната страница од упатството.
ce

Не фрлајте го електричниот апарат заедно со домашен отпад. Во согласност со директивата на 2012/19/EU, отпадот што се состоит од електрични и електронски апарати е ваша одговорност и, во согласност со националните одредби, електрични- те апарати за фрлање треба да се фрлат засебно за да може подоцна повторно да се употребат на еко-компа- тибилен начин. Ако електричните апарати се одложат на губриште или на земја, штетните состојки може да стапат во контакт со елементите во почвата и да на- влезат во синцирот на исхрана, со што їе се нарушат вашето здравје и благосостојбата. За подетални ин- формации околу фрлањето на овој производ, контактирајте со компетентни институции за фрлање домашен отпад или со застапникот.
ОПИС НА ДАДЕНИТЕ СИМБОЛИ НА КОМАНДИТЕ (каде што е предвидено)
- ВНИМАНИЕ - палењето на моторот предизвикува истовремено активирање на уредот со сечивото.
- Застанување
- Движење
- Включен погон
- Ознаки за вреćата за собирање подигнато (a) = празна / спуштено (b) = полна
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ – со тревокосачката треба да се работи внимателно. За таа цел, на машината се немоставени илустрации наменети да ве потсетуваат за главните безбедносни мерки при употреба. Нивното значење е објаснето подолу. Затоа, препорачуваме внимателно да ги прочитате безбедносните мерки што се дадени во засебно поглавје на ова упатство. Заменете ги оштетените или нечитливите етикети.
- Внимание: Прочитајте го упатството за употреба пред да ја користите машината.
- Ризик од исфрлање. Држете ги лицата подалеку од опсегот на работа додека ја користите машината.
- Само за тревокосачка со мотор со внатрешно согорување.
- Внимание за уредот со сечивото за косење: сечивото продолжува да се движи по ислучувањето на моторот. Исключете го напојувањето пред да пристапите кон процедури за одржување или ако кабелот е оштетен.
- Внимание: држете го продолжниот кабел подалеку од уредот со сечивото.
- Ризик од посекотини. Уред со сечиво во движење. Никогаш не ставајте ги рацете или нозете во внатрешноста каде што е сместен уредот со сечивото.
ПРАВИЛА ЗА УПОТРЕБА
ЗАБЕЛЕШКА - соодветноста меѓу насоните дадени во ова упатство и соодветните слики (дадени на страниците 2 и понатаму) е претставена преку бројот кој му претходи на дадениот пасус.
1. КОМПЛЕТИРАЊЕ НА МОНТАЖАТА
ЗАБЕЛЕШКА Машината може да се доставува со некои веке монтирани делови.
ВНИМАНИЕ! Распакувањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина со довольно простор за поместување на машината и на амбалажата користејки секогаш соодветни алати. Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во согласност со важечките локални закони.
Комплетирајте ја монтажата на машината следејки ги инструкциите што се дадени низ страниците на упатството, а се однесуваат на секој дел за монтирање.
2. ОПИС НА КОМАНДИТЕ
ЗАБЕЛЕШКА значењето на дадените символи за командите е објаснето на претходните страници.
2.1 Двостепен прекинувач
Моторот се вклучува со помош на двостепен прекинувач за да се избегне случајно придвижување. За вклучување, притиснете го копчето (2) и повлечете ја рачката (1).
ВНИМАНИЕ! Палењето на моторот предизвину- ва истовремено активирање на уредот со сечивото.
Моторот автоматски се гаси со пуштање на рачката (1).
2.2 Регулација на висината на косењето
Регулацијата на висината за косење се изведува со помош на дадените рачки (1).
Сите четири тркала треба да се регулираат на ист висина.
ИЗВЕДУВАЈТЕ ЈА ОПЕРАЦИЈАТА КОГА УРЕДОТ СО СЕЧИВОТО Е ВО МИРУВАЊЕ.
2.3 Рачка за погонот (ако има)
Кај моделите со погон, движењето на тревокосачка- та се извршува со притискање на рачката (1) кон ра- кофатот.
Тревокосачката престанува да се движи со пуштање на рачката.
3. КОСЕНЬЕ ТРЕВА
ЗАБЕЛЕШКА оваа машина дозволува косење на тревникот на различни начини. Пред да започнете со работа, потребно е да ја поставите машината во правецот како што имате намера да косите. ИЗВЕДУВАЈТЕ ЈА ОПЕРАЦИЈАТА КОГА МОТОРОТ Е ИЗГАСНАТ.
3.1a Поставување за косење и собирање на тре- вата во врејата за собирање:
- Подигнете ја заштитата за заден испуст (1) и прикачете ја правилно вреćата за собирање (2) како што е посочено на сликата.
3.1b Поставување за косење и заден испуст на тревата:
- Извадете ја вреќата за собирање и проверете дали заштитата со задниот испуст (1) е стабилно спуштена.
- Кај моделите со страничен испуст: проверете дали заштитата со страничниот испуст (4) е спуштена.
3.1c Подготовка за косење и дробење на тревата (функција „дробење“ – mulching, ако е предвидено):
- Кај моделите со страничен испуст: проверете дали заштитата со страничниот испуст (4) е спуштена.
- Подигнете ја заштитата со страничниот испуст (1) и поставете го капакот на дефлекторот (5) во отворот на испустот држејки го лесно закосено надесно, тука фиксирајте го со вметнување на двата клина (6) во предвидените отвори сё додека не предизвикате придвижување на забецот во факалката (7).
За да го извадите капакот на дефлекторот (5), подигнете ја заштитата со заден испуст (1) и притиснете во центарот за да се откачи забецот (7).
3.1d Поставување за косење и страничен испуст на тревата (ако е пред- видено):
- Подигнете ја заштитата со страничниот испуст (1) и поставете го капакот на дефлекторот (5) во отворот на испустот држејки го лесно закосено надесно, тука фиксирајте го со вметнување на двата клина (6) во предвидените отвори сё додека не предизвикате придвижување на забецот во факалката (7).
- Вметнете го дефлекторот во страничниот испуст (8) како што е прикажано на сликата.
- Затворете ја заштитата со страничниот излез (4) за да може да се блокира дефлекторот со странич-ниот испуст (8).
За да го извадите капакот на дефлекторот (5), подигнете ја заштитата со заден испуст (1) и притиснете во ацентарот за да се откачи забецот (7).
3.2 Палење
Закачете го продолжниот кабел правилно како што е посочено.
За включување на моторот, притиснете го безбеднос-
-ното копче (2) и повлечете ја рачката (1) на прекину- вачот.
3.3 Косење трева
При косење, ел. кабел треба секогаш да се наоға одза- ди и на веке покосениот терен.
Изгледот на тревникот ке има поубав изглед ако косењето се изведува секогаш на иста висина и наи- зменично во два правци.
Кога вреќата за собирање трева ће се наполни, собирањето нема да биде ефикасно и звукот на машината се менува.
За да ја извадите и испразните вреќата за собирање:
– пуштете ја рачката на прекинувачот и почекајте да се смири уредот со сечивото,
- подигнете ја заштитата за заден испуст, зафатете ги ракофатите и извадете ја вреćata за собирање држејки ја исправено.
- Во случај на „дробење“ или задно исфрлање на тревата: секогаш избегнувајте да косите огромна количина на трева. Никогаш не косете повеće од една третина од вкупната висина на едно поминување!
Прилагодете ја брзината на движење во согласност со условите на тревникот и со количината на положената трева.
- Во случај на страничен испуст (ако е предвидено): се препорачува да се изврши преглед за да се избегне исфрлање на покосената трева на делот од тревникот што треба да се коси.
- Во случај на врећа за собирање со сигнализатор за содржината (ано има): за време на работата, кога уредот со сечивото се движи, сигнализаторот подигнат што посочува дека вреćата собира покосена трева. Кога ће се спушти, посочува дека вреćата е полна и треба да се испразни.
Совети за третман на тревникот
Секој вид на присутна трева има различни каракте- ристики и може да бара различни режими на косење на тревникот. Прочитајте ги секогаш упатствата што се содржани на пакувањето на семето во однос на ви- сината на косење во однос на условите на растење во пределот каде е посадена.
Треба да се трудите поголемиот дел од тревата од ист вид и со едно или повеќе видови ливчиња. Ако ливчињата се покосат целосно, се оштетува тревникот и идното косење ће биде многу тешко.
Генерално, вреди да се следат следните упатства:
- многу ниско косење предизвикува корнење и проретчување на тревната површина со што остануваат „голи места“,
– на лето, косењето треба да е највисоко за да се избегне исушување на теренот,
– не косете ја тревата кога е наводнувана. Тоа же да ја намали ефикасноста на уредот со сечиво-то врз тревата бидејки ће се лепи и ће предизвика заглавување со залепена трева, - во случај на делумно израсната трева, најдобро прво да се искоси на најголема висина што ја дозволува машината, проследено со второ косење по два или три дена.
3.4 Завршување со работа
На крајот на работата, отпуштете ја рачката (1). Исключете го продолжниот кабел ПРВО од главниот штекер (2) а ПОТОА од прекинувачот на тревокосачката (3).
ПОЧЕКАЛТЕ УРЕДОТ СО СЕЧИВОТО ДА ЗАСТАНЕ пред да извршите каква било интервенција на трево- косачката.
ВАЖНО Во случај кога во текот на работата моторот ће престане да работи заради прегревање, неопходно е да почекате приближно 5 минути пред повторно да го включите.
4. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
Чувајте ја тревокосачката на суво место.
ВАЖНО Неопходно е редовно и правилно одржување за долготрајно одржување на безбедносното ниво и првобитната работна Costaјба на машината.
Секоја работа поврзана со регулирање и одржување треба да се спроведе со изгаснат мотор и кога машината не е поврзана со извор за напојување со електрична енергија.
1) Носете цврсти заштитни ракавици при секоја
интервенција за чистење, одржување и регулација на машината.
2) По секое косење, отстранете ги остатоците од трева и кал кои се наталожиле од внатрешната страна на кујиштето за да избегнете тие да предизвикаат потешкотии при подоцнежно палење заради исушување. Кај моделите кај кои има предвидено страничен испуст, треба да се извади дефлекторот на испустот (ако е поставен - видете 3.1.г).
e3) Секогаш проверувајте дали отворите за вентилација се ослободени од остатоци од косењето.
4) Лакот од внатрешниот дел на кукиштето може да отпадне заради абразивното дејство на покосената трева. Во тој случај, треба спремно да интервени-рате со премачкување лак против 'рғосување за да се спречи создавање 'рға која го кородира металот.
4.1 Одржување на уредот со сечење
Секоја интервенција врз уредот со сечивото мора да се извршува во специјализиран сервис каде што има по-соодветна опрема.
Со оваа машина предвидено е да се користи уред со да есечиво коешто го носи кодот посочен во табелата на страница ii.
Заради развојот на производот, уредот со сечивото треба со време да се замени со други со соодветни ка-рактеристики за замена и функционална безбедност.
Поставете го уредот со сечивото (2) со знакот свртен кон теренот, следејки го посочениот редослед на сли- ката.
Зашрафете ја централната навртка (1) со динамоме- тричен клуч со калибрација од 15 Nm. МО-
4.2 Чистење на машината
Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на моторот и на електричните делови.
He користете абразивни течности за чистење на кујиштето.
4.3 Регулација на преносот
Нај моделите со погон, правилната затегнатост на ремените се постигнува за половина од навртката (1) сё додека не се постигне посочената мерка (6мм).
ВНИМАНИЕ! заради ваша лична безбедност, изречно е забрането монтирање на каква било дополнителна опрема што не е наведена во следниот список и е соодветна за моделот и типот на вашата машина.
5.1 Комплет за „дробење“ - Mulching (ако не е доставено)
Ја дроби ситно покосената трева и ја распределува врз тревникот, што е алтернатива за косење во вреќата за собирање (кај машини каде е предвидено истото).
- ДИЈАГНОСТИКА
| Што да правите нога... | |
| Потекло на проблемот Де | ство за поправка |
| 1. Електричната тревокосачка не работи | |
| Нема довод на струја до машината | Проверете го напојувањето со ел. енергија |
| 2. Тревокосачката на струја фрла искри | |
| Амперажата на изворот за напојувањето не е задоволителна | Поврзете ја машината со извор на ел. енергија со задоволителен број ампери |
| Вклучени се други електрични апарати | Не поврзувајте други апарати во истиот период и во истиот приключок за напојување со ел. енергија |
| 3. Исносената трева веће не се собира во вреќата за собирање | |
| Уредот со сечивото наишол на препрека | Наострете го уредот со сечивото или заменете го.Проверете ги крилцата кои ја насочуваат тревата кон вреќата за собирање |
| Внатрешноста на шасијата е извалкана. | Исчистете ја внатрешноста на шасијата за да го олесните исфрлањето на тревата кон вреќата за собирање |
| 4. Тревата тешко се коси | |
| Уредот со сечивото не е добро поставен | Наострете го уредот со сечивото или заменете го |
| 5. Машината почнува да вибрира на ненормален начин | |
| Оштетување или разлабавени делови | Запрете ја машината и исключете го кабелот за напојување:Проверете дали има оштетувањаПроверете дали деловите се разлабавени и затегнете гиИзвршете ги проверките, замените или поправките во специјализиран центар |
Во случај на какво било двоумене или проблем, контактирајте со Овластениот сервис во непосредна близина или со Застапникот.