ALPINA BL 320 E - кошачка за трева

BL 320 E - кошачка за трева ALPINA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BL 320 E ALPINA во PDF формат.

📄 320 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice ALPINA BL 320 E - page 186
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Безжична електрична косачка за трева
Марка Алпина
Модел BL 320 E
Ширина на сечење 32 см
Прилагодлива висина на сечење 20 - 60 mm (5 позиции)
Тип на напојување Литиум-јонска батерија
Напон на батеријата 40 V
Капацитет на корпата за собирање 30 L
Тежина 11,5 кг
Тип на мотор Електричен мотор без четки
Брзина на вртење 3200 врт/мин
Дијаметар на тркалата Предни: 15 см, Задни: 18 см
Рачка Склоплива за компактно складирање
Ниво на бучава (LpA) 82 dB(A)
Вибрации 2,5 m/s²
Безбедносна заштита Автоматско исклучување при преоптоварување
Тип на сечење Мулчирање и задно исфрлање
Одржување Чистење на куќиштето по секоја употреба
Гаранција 2 години
Поправливост Резервни делови достапни од производителот
Упатство за употреба Достапно онлајн бесплатно

Frequently Asked Questions - BL 320 E ALPINA

Како да ја стартувате косачката Alpina BL 320 E ?
Проверете дали батеријата е наполнета и вметната. Притиснете го безбедносното копче, а потоа повлечете ја рачката за стартување. Погледнете го упатството за повеќе детали.
Како да ја наполните батеријата на BL 320 E ?
Користете го приложениот полнач. Приклучете го во штекери поврзете ја батеријата. Светлото укажува на полнење. Целосното полнење трае околу 1 час.
Како да ја прилагодите висината на сечење ?
Повлечете ја рачката за прилагодување на куќиштето за да изберете една од 5 позиции на висина (20 до 60 мм). Секогаш запрајте ја косачката пред да прилагодувате.
Колкава е автономијата на батеријата ?
Со батерија од 40 V, автономијата е околу 30 до 45 минути во зависност од состојбата на тревата и висината на сечење.
Како да ја исчистите косачката по употреба ?
Исклучете ја батеријата. Користете четка или влажна крпа за да ја отстраните тревата од куќиштето и сечилата. Не користете воден млаз.
Кога треба да се острат или заменат сечилата ?
Редовно проверувајте ги сечилата. Ако се истапени или оштетени, наострете ги или заменете ги со оригинални Alpina сечила.
Што да направите ако косачката не стартува ?
Проверете го полнењето на батеријата, врските и дали е притиснато безбедносното копче. Ако проблемот продолжи, погледнете го делот за решавање проблеми во упатството.
Дали косачката е опремена со безбедносен систем ?
Да, BL 320 E има автоматско исклучување ако рачката се ослободи и заштита од преоптоварување.
Како да ја складирате косачката во зима ?
Исчистете ја темелно, извадете ја батеријата и чувајте ја на суво место заштитено од мраз. Косачката може да се склопи за компактно складирање.
Каде да најдете резервни делови за BL 320 E ?
Резервните делови се достапни од сервисот за поддршка на Alpina или на официјалната веб-страница. Користете го бројот на моделот за нарачување.

Прашања на корисниците за BL 320 E ALPINA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BL 320 E - ALPINA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BL 320 E на марката ALPINA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BL 320 E ALPINA

MK Тревоносачка на струја со оператор на нозе УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА

ВНИМАНИЕ: прочитајте го внимателно ова упатство пред да ја користите машината.

NL Lopend bediende elektrische grasmaaier GEBRUIKERSHANDLEIDING

[3] Максимална брзина при работа на моторот *

[4] Тежина на машината *

[5] Волтажа и вид на напојување

[6] Обем на косење

[8] Отстапување од мерењата

[13] Код на уредот за сечење

[15] Комплет за „мелење“

- За одреден податок, проверете дали истиот е посочен на етикетата за идентификација на машината

a) ЗАБЕЛЕШКА: вкупната посочена вредност за вибрациите е измерена со пробен метод за нормализирање и може да се користи за споредбена вредност на еден уред со друг. Вкупната вредност на вибрациите може да се користи и за прелиминарна проценка на изложеноста. b) ВНИМАНИЕ: емисијата на вибрациите при ефективна употреба може да се разликува од вкупната посочена вредност според начинот на употреба на уредот. Затоа е неопходно во текот на работата да се направат повеће безбедносни мерења за да се заштити операторот: носете чевли во текот на употребата, ограничете го времето на употреба на машината и скратете го времето кога треба да се притисне рачката за управување со забрзувачот.

3.1.1 Предвидена употреба

Само за акумулаторна косачка

ALPINA BL 320 E - Предвидена употреба - 1

  1. ОПШТО.... 1
  2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ 2
  3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА.... 6
    3.1 Опис на машината и предвидена употреба. 6
    3.2 Етикета за идентификација и главни компоненти (СЛ.1) 6
    3.3 Ознаки за безбедност 6
  4. МОНТИРАЊЕ....7
    4.1 Распакување (СЛ.2) 7
    4.2 Поставување на РАЧКАТА (СЛ. 3)...... 7
    4.3 Монтирање на вреćата за собирање (СЛ. 3. Тип „I“ и „II“)......8
  5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА.....8
    5.1 Двостепен ПРЕКИНУВАЧ (СЛ. 5)......8
  6. ПРЕЛИМИНАРНИ ОПЕРАЦИИ 8
    6.1 Регулација на висината на косењето (СЛ. 6)......8
    6.2 Поставување за косење и собирање на тревата во вреćата за собирање (СЛ. 7) ..... 8
  7. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА 8
    7.1 СТАРТУВАНЬЕ (СЛ. 8)...... 8
    7.2 КОСЕНЬЕ ТРЕВА (СЛ. 9) 8
    7.3 Стопирање (СЛ. 10)....9
  8. ОДРЖУВАНЬЕ 9
    8.1 Општо....9
    8.2 РЕДОВНО ОДРЖУВАНЬЕ....9
  9. СКЛАДИРАЊЕ.... 9
  10. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ 9
  11. ПОМОШ И ПОПРАВКА 10
  12. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА 10
  13. ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАНЬЕ 10
  14. НЕСООДВЕТНА РАБОТА 11

1. ОПШТО

Во ова упатство одредени поглавја содржат информации со одредена важност во однос на безбедноста и на функционалноста и се евидентирани на различни начини согласно овој критериум:

БЕЛЕШКА или ВАЖНО даваат

прецизни или други информации како што е претходно наведено, со цел да не се оштети машината или да не се предизвика штета.

Символот посочува на опасност.

Непочитувањето на мерките за претпазливост доведува до можност за лични или телесни повреди и оштетувања на трети лица.

Пасусите означени со квадратче со рамка и сиви точки посочуваат на изборни одлики коишто не се присутни кај сите модели дадени во ова упатство. Проверете дали таа одлика е присутна кај дадениот модел.

Сите индикации „напред“, „назад“, „десно“ и „лево“ се дадени во однос на позицијата за работа на операторот.

1.2 НАСОКИ

1.2.1 Слика

Сликите во ова упатство за употреба се нумерирани со 1, 2, 3 и така натаму.

Компонентите посочени на сликите се означени со буквите А, В, С и така натаму.

Насоката за компонентата С на сликата 2 се означува со изразот: "Видете на слика 2. С", или поедноставно „(слика 2.С)“.

Сликите се само за пример. Вистинските делови може да се разликуваат во однос на оние на сликата.

1.2.2 Наслови

Упатството е поделено на поглавја и пасуси. Насловот на пасус „2.1 Обука“ е заменето со „2. Безбедносни мерки“. Насоките за насловите или пасусите се означени со кратенки погл. или пас. и со соодветниот број. Пример: „погл. 2“ или „пас. 2.1”.

2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ

2.1 ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ АПАРАТИ

⚠️ ВНИМАНИЕ Прочитајте ги сите предупредувања во однос на безбедноста и целосното упатство. Непридржување кон предупредувањата и кон упатството може да предизвикаат електричен удар, изгореници и сериозни телесни повреди.

Сочувајте ги предупредувањата заедно со упатството за идна консултација.

Терминот „електричен апарат“ во предупредувањата се однесува на електричен апарат кој работи со напојување од електричната мрежа (жичен) или електричен апарат на батерии (безжичен).

1) Обезбедување на работната средина
а) Одржувајте ја работната површина чиста и добро осветлена. Темните и валкани области го олеснуваат случаувањето на несреći.
b) Не користете ги електричните апарати во средина каде постои ризик од експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови или нечистотија. Електричните делови предизвигуваат искри што може да ги запалат нечистотиите или испарувањата.
с) Децата и другите кои што се во близина треба да се оддалечат кога се користат електричните апарати. Одвлекување внимание може да предизвика губење контрола.

2) Електрична безбедност

a) Приклучоците на електричниот апарат треба да одговараат на приклучницата. Никогаш немојте да го модицирате приклучокот на кој било начин. Не користете приклучоци за адаптер со заземјени електрични апарати. Неизменетите приклучоци и соодветните штекери го намалуваат ризикот од електричен удар.

b) Избегнувајте контакт на телото со површини поврзани со земјата или поставени на земјата, како што се цевки, радијатори, кујни и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар ако телото ви е заземјено.

с) Не користете косилка во влажни или дождливи услови. Ова може да го зголеми ризикот од електричен удар.

d) Не оштетувајте го кабелот; Никогаш не користете го кабелот за носење, влечење или исключување на електричниот апарат. Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или подвижни делови. Оштетен или заплеткан кабел го зголемува ризикот од електричен удар.

e) Кога го користите електричниот апарат на отворено, користете продолжен кабел погоден за надворешна употреба. Употребата на соодветен кабел за надворешна употреба го намалува ризикот од електричен удар.
f) Ако е неизбежно да се користи електричниот апарат на влажно место, користете напојување заштитено со уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од електричен удар.
3) Лична безбедност
а) Бидете внимателни, контролирајте што се случаува и со целосно внимание служете се со електричните апарати. Не користете ги електричните апарати нога сте уморни или под влијание на лекови, алкохол или дрога. При растроеност, не користете го електричниот апарат бидејки може да предизвика тешки телесни оштетувања.
b) Употреба на заштитна облека. Секогаш ставајте заштитни очила. Носење на заштитна опрема како што се маска против прав, чевли против лизгање, заштитна кацига и заштита за уши го намалуваат ризикот од телесни повреди.
с) Избегнувајте нестандардизирани приклучоци. Проверете дали уредот е ислучен пред да ја ставите батеријата, го зафаćате или транспортирате електричниот апарат. Транспортирање на електричниот апарат со прстот на прекинувачот или поставување на батеријата кога прекинувачот е во позиција „ON“ (включено) со леснотија доведува до инциденти.
d) Отстранете ги сите клучеви или апарати за регулација пред да го включите електричниот апарат. Ако некој клуч или апарат останат во контакт со некој ротирачки дел може да дојде до тешки телесни повреди.
e) Не губете рамнотежа. Секогаш имајте сигурна потпора и соодветна рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот апарат во неочекувани ситуации.
f) Бидете облечени соодветно. Не носете широки алишта или накит. Косата, облеката и ракавиците треба да се држат настрана од деловите што се движат. Широка облека, накит или долга коса може да се закачат за деловите во движење.
g) Ако има уредите кои треба да бидат поврзани на системи за вшмукување и собирање прав, погрижете се да бидат поврзани и да се користат соодветно. Употребата на уреди за собирање прав може да ја намали опасноста од правта.
h) Не дозволувајте слободата стекната од честата употреба на апарати да ви овозможи да бидете самоуверени и да ги игнорирате принципите за безбедност на апаратот.

Невнимателно дејство може да предизвика сериозни телесни повреди во дел од секундата.

4) Употреба и безбедносно ракување со електричниот апарат

a) Не презагревајте го електричниот апарат. Користете го електричниот алат приспособен на работните услови. Правилно користење на електричниот апарат обезбедува најдобра и најсигурна работа, според моќноста за која е создаден.

b) Не користете го електричниот апарат ако прекинувачот не е правилно поставен во позиција за вклучување или исклучување. Ако електричниот апарат не може да се вклучи со прекинувачот, тој е опасен за употреба и треба да се поправи.

с) Извадете го акумулаторот од неговото лежиште пред каква било регулација или менување делови или пред складирање на апаратот. Овие безбедносни мерки го намалуваат ризикот од случајно вклучување на електричниот апарат.

d) Одложете го електричниот апарат кога не го користите подалеку од дофат на деца и не давајте апаратот да го користат лица што не се запознале со истиот и не го прочитале ова упатство. Електричните апарати се опасни во рацете на неискусни корисници.

e) Редовно извршувајте проверка на електричниот апарат. Проверете дали подвижните делови се наместени правилно и слободни за движење, дека не се оштетени и елиминирајте ја секоја друга можност што може да повлијае врз функционалноста на овој апарат. Во случај на оштетувања, електричниот апарат треба да се поправи пред повторна употреба. Многу несреći се предизвикани од лошо одржување.

f) Одржувајте го апаратот наострен и исчистен од остатоци при косењето. Адекватно одржување од остатоци при косењето, со наострени сечила носи помалку случаи на заглавување и е полесно за контролирање.

g) Користете го електричниот апарат и додатоците во согласност со дадените упатства, земајки ги предвид условите за работа и видот на работата што треба да се изврши. Употребата на овој електричен апарат за работи што се разликуваат од предвидените може да предизвика опасни ситуации.

h) Одржувајте ги рачките и површините за фаќање суви, чисти и без траги од масло и масти. Лизгави рачки и површини за фаќање не дозволуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.

5) Помош

а) Електричниот апарат треба да го поправа квалификувано лице со примена само на

оригинални резервни делови. На тој начин се одржува безбедноста на електричниот апарат.

2.2 ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА КОСИЛКАТА

a) Не користете ја косилката при неповолни временски услови, особено нога постои ризик од гром. Ова го намалува ризикот од удар на гром.

b) Внимателно проверете ја областа каде што ће се користи косилката во случај да има можно присуство на диви животни. Косилката може да ги повреди дивите животни за време на работењето.

с) Внимателно проверете ја областа каде што ће се користи косилката и отстранете ги сите намења, стапчиња, жици, носки и други странски објенти. Фрлените предмети може да предизвикаат телесни повреди.

d) Пред употреба на косилката, секогаш визуелно проверувајте го сечилото и склопот на сечила за абење или оштетување. Изабениот или оштетениот дел го зголемува ризикот од повреда.

e) Пред употреба, проверете дали кабелот за напојување и кој било продолжен кабел не покажуваат знаци на оштетување или стареење. Не користете ја косилкато ако кабелот е оштетен или изабен. Ако кабелот е оштетен или изабен за време на употребата, исключете ја косилката и не допирајте го кабелот пред да го исключите од електричната мрежа. Оштетениот кабел за напојување или продолжен кабел може да предизвика електричен удар, пожар и/или сериозна повреда.

f) Често проверувајте ја вреќата за собирање трева за знаци на абење или расипување.

Изабена или оштетена торба за собирање трева може да го зголеми ризикот од повреда.

g) Штитниците треба да бидат на своего место. Штитниците треба да бидат функционални и правилно наместени. Лабава, оштетена или неисправна заштита може да предизвика телесени повреди.

h) Чувајте ги сите отвори за ладење чисти од остатоци. Попречени воздушни отвори и остатоци може да предизвикаат прегревање и опасност од пожар.

i) Секогаш носете заштитни и нелизгави обувки при користење на косилката. Не користете ја косилката со боси стапала или со отворени сандали. Ова ја намалува можноста за повреди на стапалата поради контакт со сечилото што се движи.

j) Секогаш носете долги панталони кога ја користите носилката за трева. Изложената кожа ја зголемува веројатноста за повреда од исфрлени предмети.

k) Не користете ја косилката на влажна трева. Одете, никогаш не трчајте. Ова го намалува ризикот од лизгање и пагање што може да предизвика повреда.

I) Не користете косилката на премногу стрмни падини. Ова го намалува ризикот од губење на контрола, лизгање и пагање што може да предизвика повреди.

m) Koga работите на падина, секогаш внимавајте на чекорите, секогаш работете попречно на падината, никогаш на нагорнина или надолнина, и бидете исключително претпазливи при менување на правецот. Ова го намалува ризикот од губење на контрола, лизгање и паѓање што може да предизвика повреди.

п) Бидете особено претпазливи при одење со косилката наназад или при повлекување на косилката кон себе. Сеногаш бидете свесни за опкружувањето. Ова го намалува ризикот од сопнување за време на работењето.

о) Држете го кабелот за напојување подалеку од сечилата. Оштетениот кабел за напојување може да предизвика електричен удар, пожар и/или сериозна повреда.

р) Исключете го и извадете го приклучокот од приклучницата ако кабелот е заплеткан или оштетен. Заплетканите или оштетени кабли може да го зголемат ризикот од електричен удар.

q) Не допирајте ги сечилата и другите опасни подвижни делови додека уште се во движење. Ова го намалува ризикот од повреда од подвижните делови.

r) При отстранување на заглавен материјал или чистење на косилката, проверете дали сите прекинувачи за напојување се ислучени и дали кабелот за напојување е ислучен. Неочекуваното работење на косилката може да предизвика сериозни телесни повреди.

2.3 ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ КОСИЛКИ

1) Не користете ја машината во средина каде што постои ризик од експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови или нечистотија. Електричните делови предизвикуваат искри што може да ги запалат нечистотиите или испарувањата.

2) Држете го продолжениот кабел подалеку од уредот со сечило. Уредот со ечивото може да го оштети кабелот и да предизвика контакт со делови под напон.

3) Никогаш не поминувајте со тревокосачката врз електричниот кабел. За време на косење, треба секогаш да го влечете кабелот зад тревокосачката и секогаш кај штотуку покосената трева. Користете ја стегалката за кабелот како што е прикажано во ова упатство за да избегнете кабелот случајно да се заглави, обезбедувајки истовремено правилно приклучување без притисок врз приклучокот.

4) Уредот напојувајте го само преку диференцијал (RCD – уред за наизменична струја) со струја на прекин која не надминува 30 mA.

5) Приклучокот за машината треба да биде компатибилен со електричниот довод. Никогаш не преправајте го приклучокот. Не користете адаптери за машината што имаат заземјување. Приклучокот што не претрпел измена или не е адаптиран го намалува ризикот од електричен удар.
6) Ако кабелот за електрично напојување на машината е оштетен, треба да се замени само со оригинален резервен дел од страна на застапникот или во специјализиран сервисен центар.
7) Трајното поврзување на кој и да било електричен алат во ел. мрежа на даден објект треба да го направи квалификуван електричар следејки ги најстрого соодветните одредби. Неправилно поврзување може да предизвика сериозни телесни повреди, вклучувајки и смрт.
8) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Влажноста и ел. струја не се компатибилни:

– Ракувањето и поврзувањето на електричните кабли мора да се врши на суво место;
– Никогаш не ставајте го изворот на електрична енергија или кабелот во контакт со водена површина (бара или влажна трева);
– Поврзувањето меѓу каблите и приклучниците мора да биде од водоотпорен материјал. Користете продолжен кабел од интегрирани и водоотпорни делови кои може да се набават во трговија.
9) Каблите за напојување треба да се со квалитет не помал од типот H05RN-F или H05VV-F со минимален пресек од 1,5 мм2 и со препорачана максимальна должна од 25 м.
10) Пред да ја включите машината, прицврстете го кабелот за водилката.
11) Не користете го кабелот несоодветно. Не користете го кабелот за транспортирање, влечење или расклопување на машината. Чувајте го кабелот подалеку од извори на топлина, масло, орган или предмети во движење. Оштетен или пресечен кабел го зголемува ризикот од електричен удар.
12) Внимавајте продолжниот кабел да не се заплеткува во текот на работата за да избегнете прекумерно загревање.
13) Избегнувајте контакт на телото со површина со маса или со земја, како цевки, радијатори, кујнски апарати, фрижидери. Ризикот од електричен удар се поттикнува ако телото се најде на маса или земја.
14) Не прегревајте ја машината. Користете ја машината за наменетата работа. Правилно користење на машината обезбедува најдобра и најсигурна работа, според мојноста за која е создадена.

2.4 ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ

ALPINA BL 320 E - ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ - 1

Исклучете ја машината од напојувањето и тајте го соодветното упатство пред да започнете било дејства за одржување или поправка.

Носете соодветна облека и ракавици за работа во сите ситуации каде има ризик за рацете.

⚠️ Никогаш не користете ја машината со користени или оштетени делови. Оштетените или дефектните делови треба да се заменат, никогаш да не се поправаат. Користете само оригинални резервни делови: употребата на делови коишто не се оригинални и/или несоодветно поставени може да доведат до инциденти или телесни телесни повреди, а со тоа се ослободува производителот од секоја обврска или одговорност.

ВАЖНО Сите операции за одржување и регулација што не се опишани во ова упатство треба да ги спроведе застапникот или специјализиран сервисен центар бидејки знаат како и ги имаат неопходните инструменти со коишто работата ће се заврши правилно, земајки го во предвид првибитниот степен на безбедност на машината. Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се изгуби секоја форма на гаранција и секој облик на обврска на производителот.

  1. По секое користење, исключете ја машината од довод на ел. енергија и проверете ја да не има оштетувања.
  2. Сите завртки, навртки и лостови одржувајте ги соодветно прицврстени за да сте сигурни дека косачката е безбедна за работа. Редовното одржување е основен предуслов за безбедност и за одржување на правилна работа на машината.
  3. Редовно проверувајте дали навртките на уредот со сечило се правилно затегнати.
  4. Носете работни ракавици за ракување со уредот со сечило при расклопувањето и повторното склопување.
  5. Одржувајте ја рамнотежата на уредот со сечило кога се остри. Сите операции што се поврзани со уредот со сечило (вадење, острење, изедначување, повторно ставање и/или замена) се одговорни работи и бараат специфична компетентност покрај соодветни алати. Од безбедносни причини, истите треба секогаш да ги извршува специјализиран сервисен центар.
  6. Во текот на операциите за регулирање на машината, обрнете внимание и избегнувајте прстите да ви се наогаат заглавени во уредот со сечило во движење и фиксните делови на машината.
  7. Не допирајте го уредот со сечило додека е машината поврзана со извор на напојување и додека уредот со сечило не запре целосно. При интервенции на уредот со сечило, проверете дали уредот може да се движи и дали машината е исключена од струја.
  8. Честопати проверувајте ги заштитата на задниот испуст, заштитата на страничниот испуст, како и вреćата за собирање за да проверите дали

се изабени или оштетени. Заменете ги ако се оштетени.

  1. Заменете ги етикетите со упатства и пораки за внимание ако се оштетени.
  2. Чувајте ја машината на место недостапно за деца.
  3. Оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било просторија.
  4. За намалување на ризикот од запалување, одржувајте ги тревокосачката и машината, а особено моторот од остатоци од трева, листови и прекумерно масло. Извадете ја вреćата за собирање и не оставајте остатоци од покосена трева во затворен објект.

2.5 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на грағанските погодности и на просторот во кој живееме.

  • Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат непосредното опкружување. Користете ја машината само во разумно време (не многу рано наутро и доцна навечер кога може да ги вознемирите лугето).
  • Во текот на работата доага до одредено распрскување на маслото во средината, кое пак е неопходно за подмачкување на синцирот. Заради тоа, користете само биоразградливи масла, специфични за вакво користење. Употребата на минерално масло или моторно масло предизвигува сериозни штети на околината.
  • Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, делови во распагање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смеат да се фрлаат во губре, туку треба да се селектираат и да се однесат во соодветни собирни центри за рециклирање материјали.
  • Следете ги во целост локалните закони за фрлање на материјалите што се резултат на сечењето.
  • При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони.

ALPINA BL 320 E - ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 1

Не фрлајте ги електричните апарати заедно со домашен отпад. Во согласност со директивата на ЕУ 2012/19/ЕУ, отпадот што се состоит од електрични и електронски апарати е ваша одговорност и, во согласност со националните одредби, електричните апарати за фрлање треба да се фрлат засебно за да може подоцна повторно да се употребат на еко-компатибилен начин. Ако електричните алати се одложат на губриште или на земја, штетните состојки може да остварат контакт со елементите во почвата и да навлезат во синцирот на исхрана, со што ће ви се нарушат здравјето и благосостојбата. За подетални

информации околу фрлањето на овој производ, контактирајте со компетентни институции за фрлање домашен отпад или со застапникот.

ALPINA BL 320 E - ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 2

Засебното собирање на производите и искористените пакувања овозможува рециклирање на материјалите и повторна употреба. повторната употреба на рециклираните материјали спречува штета на животната средина и ја намалува потребата за примарни материјали.

3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА

3.1 ОПИС НА МАШИНАТА И ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА

Оваа машина претставува градинарска опрема и конкретно тревокосачка со оператор на нозе.

Машината во основа се состоит од мотор којшто придвижува уредот со сечило со запци сместени во картер и има тркала и ракофат.

Операторот е во позиција да управува со машината и да ги вклучува главните команди држејки се секогаш зад ракофатот и на безбедно растојание од ротирачкиот уред со сечилото. Оддалечувањето на операторот од машината предизвикува запирање на и на ротирачкиот уред по неколку секунди.

3.1.1 Предвидена употреба

Оваа машина е дизајнирана и произведена за косење (и собирање) трева во градини и на тревни површини со опсег наведен кај капацитетот за косење што се спроведува во присуство на оператор којшто оди.

3.1.2 Несоодветна употреба

Која и да е друга употреба, поинаква од горенаведените, може да претставува опасност и да предизвика повреди и штети на лица и/или предмети. Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):

– превоз на возрасни лица, деца или животни со машината;
– при транспорт на машината;
– употреба на машината за влечење или туркање товар;
– употреба на машината за собирање лисја или остатоци;
– употреба на машината за порамнување огради или за сечење вегетација што не е трева;
– употреба на машината од страна на повекемина;
– ракување со ротирачкиот уред на терени на кои нема трева.

ВАЖНО Несоодветната употреба на машината доведува до отфрлање на гаранцијата и ја отфрла секоја одговорност на производителот, префрлувајки ги на корисникот произлезените обврски предизвикани од телесни повреди или оштетувањата лично или на трети лица.

Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Наменета е за „домашна употреба“.

3.2 ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И ГЛАВНИ КОМПОНЕНТИ (СЛ.1)

  1. Ниво на акустична моїност
  2. Ознака на сообразност
  3. Година на производство
  4. Тип на косилка
  5. Сериски број
  6. Името и адресата на производителот
  7. Код на производот
  8. Номинална моїност и максимальна работна брзина на моторот
  9. Тежина во кг
  10. Напон и фреквенција на напојувањето
    10a. Степен на електрична заштита.
  11. Ку́киште
  12. Мотор
  13. Уред со сечило
  14. Заштита на заден испуст
  15. Вреќа за собирање
  16. Рачка
  17. Команда за менување на брзината
  18. Кука за електричниот кабел

Запишете ги податоците за идентификација за машината на соодветните места на дадената етикета од внатрешната страна на капакот.

Примерот со декларацијата за усогласеност се наога на последната страница од упатството.

3.3 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

На машината има символи (сл. 2). Нивната задача е да го потсетуваат операторот на постапките што треба да ги следи внимателно и со задолжителни мерки за претпазливост.

Прочитајте го упатството пред да ја користите машината.

ALPINA BL 320 E - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 1

ALPINA BL 320 E - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 2

ALPINA BL 320 E - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 3

Опасност! Оваа машина може да биде опасна за вас или за другите доколку не се користи правилно.

Опасност! Ризик од исфрлање.

Оддалечете ги лугето што е можно подалеку од местото на работа кога ја користите машината.

напојувањето пред да пристапите кон процедури за одржување или ако кабелот е оштетен. Никогаш не ставајте ги рацете или нозете во внатрешноста каде што е сместен уредот со сечило.

ALPINA BL 320 E - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 4

Внимание! Држете го продолжениот кабел подалеку од уредот со сечило.

ALPINA BL 320 E - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 5

Само за косилки на батерија

ALPINA BL 320 E - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 6

Опасност! Не изложувајте ја на дожд или влага.

ALPINA BL 320 E - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 7

Внимание! уредот со сечило продолжува да се врти и по ислучување на моторот.

ВАЖНО Дадените етикети што се скинале или не се читливи, треба да се заменат. Побарајте нови етикети од соодветен центар или од овластениот сервисер.

4. МОНТИРАЊЕ

ALPINA BL 320 E - МОНТИРАЊЕ - 1

Безбедносните одредби што треба да ги следите се дадени во поглавје 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

За потребите на складирање и транспорт, одредени компоненти на машината веројатно не се монтирани во фабриката, туку треба да се монтираат по вадење на амбалажата следејки ги следните упатства.

ALPINA BL 320 E - МОНТИРАЊЕ - 2

Распакувањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина со довольно простор за поместување на машината и на амбалажата користејни секогаш соодветни алати. Не користете ја машината пред да завршите со сите постапки наведени во поглавјето „МОНТИРАЊЕ“.

4.1 РАСПАКУВАЊЕ (СЛ. 2)

  1. Отворете го пакувањето внимателно за да не ги расфрлите деловите.
  2. Прочитајте ја документацијата во кутијата каде се наведени овие упатства.
  3. Извадете ги од кутијата сите делови што не се монтирани.
  4. Извадете ја машината од кутијата.
  5. Фрлете ги кутијата и амбалажата согласно локалните одредби.

4.2 ПОСТАВУВАЊЕ НА РАЧКАТА (СЛ. 3)

4.2.1 Рачката (Тип „I“)

  1. Вметнете ги долниот десен (1) и лев (2) дел на ракофатот во соодветните отвори и фиксирајте со дадените навртки (3).
  2. Поставете ја стегалката за кабелот (4) во горниот дел на рачката (5) на посочената позиција и фиксирајте ја со доставените шрафови (6) и навртки (7).
  3. Фиксирајте го горниот дел на рачката (5) за задните делови меѓу ракофатите (8) и доставените навртки како што е прикажано користејки еден од двата предвидени отвори за прилагодување на висината на рачката според ставата на операторот.
  4. Порамнете ги запците на прекинувачот (9) со водилката на потпората (10) и придвижете го прекинувачот (9) во правецот што го покажуваат стрелките докрај обезбедувајки стабилност при составувањето.
  5. Поставете ја стегалката за кабелот (11) во прикажаната позиција и приключете го кабелот (12).

4.2.2 Рачката (Тип „II“)

  1. Поставете ги долниот десен (1) и лев (2) дел на рачката врз навртките (3а) коишто излегуваат од кукиштето и фиксирајте ги со доставените ракофати (3).
  2. Поставете ја стегалката за кабелот (4) во горниот дел на рачката (5) на посочената позиција и фиксирајте ја со доставените шрафови (6) и навртки (7).
  3. Фиксирајте го горниот дел на рачката (5) за задните делови меѓу ракофатите (8) и доставените навртки како што е прикажано користејки еден од двата предвидени отвори за прилагодување на висината на рачката според ставата на операторот.
  4. Порамнете ги запците на прекинувачот (9) со водилката на потпората (10) и придвижете го прекинувачот (9) во правецот што го покажуваат

стрелките докрај обезбедувајки стабилност при составувањето.

  1. Поставете ја стегалката за кабелот (11) во прикажаната позиција и приключете го кабелот (12).

4.3 МОНТИРАЊЕ НА ВРЕҚАТА ЗА СОБИРАЊЕ (СЛ. 3. ТИП „І“ И „II“)

  1. Монтирајте ја дршката (1) на горниот дел од вреćата за собирање (2) и вметнете ја на соодветните места со кликнување.
  2. Ставете го продолжетокот (3) врз основата од задната страна на вреćата за собирање (4) и вметнете ја на соодветните места со кликнување.
  3. Монтирајте ги двата дела (2) и (4) внимавајки да ги вметнете докрај куките во лежиштата со кликнување.

5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА

ВНИМАНИЕ! Стартувањето на моторот предизвикува истовремено активирање на уредот со сечило.

ALPINA BL 320 E - КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА - 1

Запирање

ALPINA BL 320 E - КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА - 2

Движење

Моторот се вклучува со помош на двостепен прекинувач за да се избегне случајно приджување. Стартување:

  • притиснете го копчето (2);
  • повлечете ја рачката (1).

ALPINA BL 320 E - КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА - 3

Стартувањето на моторот предизвинува истовремено активирање на уредот со сечило.

БЕЛЕШКА Моторот автоматски се ислучува со отпуштање на рачката (1).

6. ПРЕЛИМИНАРНИ ОПЕРАЦИИ

ЗАБЕЛЕШКА оваа машина дозволува

косење на тревникот на различни начини. Пред да започнете со работа, потребно е да ја поставите машината во правецот како што имате намера да косите. ИЗВЕДУВАЛТЕ ЈА ОПЕРАЦИЈАТА КОГА МОТОРОТ Е ИЗГАСНАТ.

За да ја регулирате висината на косењето, закосете ја машината на страна и поставете ги оските на тркалата на еден од трите предвидени запци од внатрешната страна на куќиштето,

Висината треба да биде иста за двете оски.

ALPINA BL 320 E - ПРЕЛИМИНАРНИ ОПЕРАЦИИ - 1

Изведете ја операцијата нога уредот со ило е во мирување.

6.2 ПОСТАВУВАЊЕ ЗА КОСЕНЬЕ И СОБИРАЊЕ НА ТРЕВАТА ВО ВРЕКАТА ЗА СОБИРАЊЕ (СЛ. 7)

  • Подигнете ја заштитата за заден испуст (1)
  • прикачете ја правилно вреćата за собирање (2)

ЗАБЕЛЕШКА Кога вреќата за собирање трева їе се наполни, собирањето нема да биде ефикасно и звукот на машината се менува.

За да ја извадите и испразните вреćата за собирање:

– пуштете ја рачката на прекинувачот и почекајте да се смири уредот со сечивото,
– подигнете ја заштитата за заден испуст, зафатете ги ракофатите и извадете ја вреćата за собирање држејки ја исправено.

7. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА

7.1 СТАРТУВАЊЕ (СЛ. 8)

Закачете го продолжениот кабел правилно како што е прикажано.

За да го стартувате моторот:

  • притиснете го безбедносното копче (2);
  • и повлечете ја рачката (1).

ВАЖНО При косење, ел. кабел треба секогаш да се наога одзади и на веке искосениот терен.

БЕЛЕШКА Изгледот на тревникот ће има поубав изглед ако косењето се изведува секогаш на иста висина и наизменично во двете насоки (1,2).

7.3 СТОПИРАЊЕ (СЛ. 10)

Кога работата е завршена:

  1. ослободете ја рачката (1).
  2. Исключете го продолжниот кабел ПРВО од главниот штекер (2) а ПОТОА од прекинувачот на тревокосачката (3).

⚠️ ПОЧЕКАЛТЕ ДОДЕНА УРЕДОТ СО СЕЧИЛО НЕ ЗАПРЕ пред да извршите каква било интервенција на косилката.

ВАЖНО Во случај кога во текот на работата моторот ће престане да работи заради прегревање, неопходно е да почекате околу 5 мин. пред повторно да го включите.

8. ОДРЖУВАНЬЕ

8.1 ОПШТО

⚠️ Безбедносните одредби што треба да ги следите се дадени во поглавје 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.
⚠️ Пред да извршите наква било контрола, чистење или интервенција за одржувањето/регулирање на машината:

- Запрете ја машината.

- Исклучете ја машината од изворот на струја.

- Осигурете се дека сеноја подвижна компонента е застаната.

- Почекајте да се олади моторот.

- Прочитајте ги соодветните упатства.

- Носете соодветна облека, работни чевли и заштитни очила.

⚠️ Секоја работа поврзана со регулирање и одржување треба да се спроведе со изгаснат мотор и кога машината не е поврзана со извор за напојување со електрична енергија.

БЕЛЕШКА Чувајте ја косилката на суво место.

8.2 РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ

Зачестеноста и висот на интервенција се дадени во „Табелата за одржување“ (поглавје 13).

ВАЖНО Сите работи за одржување и регулација коишто не се опишани во ова упатство треба да се извршат кај застапникот или во овластен сервис.

ВАЖНО Неопходно е редовно и правилно одржување за долготрајно одржување на

безбедносното ниво и првобитната работна состојба на машината.

1) Носете цврсти заштитни ракавици при секоја интервенција за чистење, одржување и регулација на машината.
2) По секое косење, отстранете ги остатоците од трева и кал кои се наталожиле од внатрешната страна на кујиштето за да избегнете тие да предизвикаат потешкотии при подоцнежно палење поради сушење.
3) Секогаш проверувајте дали отворите за вентилација се ослободени од остатоци од косењето.

8.2.1 Сервисирање на уредот со сечило

ВАЖНО Секоја интервенција врз уредот со сечило мора да се извршува во специјализиран сервис каде што има посоодветна опрема.

БЕЛЕШКА Во табелата „ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ" е даден кодот на уредот со сечило.

  • Поставете го уредот со сечивото (2) со знакот свртен кон теренот (СЛ. 11),
  • Зашрафете ја централната навртка (1) со
    динамометричен клуч со калибрација од 15 Nm..

8.2.2 Чистење на машината

Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на моторот и на електричните делови (сл. 12).

Не користете абразивни течности за чистење на кујиштето.

9. СКЛАДИРАЊЕ

Кога машината треба да се складира:

  1. исчистете ја машината темелно;
  2. проверете го интегритетот на машината;

  3. одложете ја машината:

  4. исчистете ја машината темелно;

  5. проверете го интегритетот на машината;
  6. одложете ја машината:

• во сува просторија;
• и засолнета од лоши временски услови;
• и на место надвор од дофат на деца;
• увервајки дека сте ги тргнале клучевите и опремата што ја користевте при одржувањето.

10. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ

Секојпат кога е потребно движење, подигнување, транспорт или закосување на машината:

  • Запрете ја машината додека целосно не запрат сите подвижни делови.
    • Носете заштитни ракавици.

  • Фатете ја машината на места кои нудат сигурен зафат, имајки ја предвид нејзината тежина и распределба на истата.

  • Ангажирајте соодветен број на луге според тежината за машината.
  • Проверете дали кога работи машината, нема знаци на оштетувања или дефекти.

Кога ја носите машината со возило или на приколка:

  • Користете пречки за отпор со соодветна должна и ширина.
  • Спуштете ја плочата со уредот со сечило.
  • Поставете ја на начин да не претставува опасност за никого.
  • Цврсто блокирајте ја во текот на транспортот со јажиња или синцири за да избегнете превртување.

Ова упатство ги претставува сите неопходни индикации за управување со машината и за правилно одржување што ги извршува корисникот. Сите интервенции за регулација и одржување што не се опишани во ова упатство треба да ги спроведе застапникот или специјализиран сервисен центар бидејки знаат како и ги имаат неопходните инструменти со коишто работата ће се заврши правилно, земајки го во предвид првобитниот степен на безбедност и условите на машината.

Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се изгуби секоја форма на гаранција и секој облик на обврска на производителот.

- Само овластените сервиси за помош може да ги извршуваат поправките и одржувањето што се под гаранција.

  • Овластените сервисни центри користат само оригинални резервни делови. Оригиналните резервни делови и дополнителна опрема се специјално дизајнирани за машината.
  • Резервните делови и дополнителната опрема што не одобрени, употребата на резервни делови и дополнителна опрема што не се оригинални ја поништуваат гаранцијата.
  • Препорачуваме да ја однесете машината еднаш годишно во овластен сервис за одржување, помош и контрола на безбедносните уреди.

12. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА

Гаранцијата ги покрива сите штети на материјалите и производството. Корисникот треба внимателно да ги следи сите упатства кои се дадени до приложената документација.

Гаранцијата не ги покрива штетите настанати затоа што:

  • Не сте се запознале со приложената документација.
  • Не сте внимателни.
  • Употребата и монтирањето не се правилни или конзистентни.
  • Се користат резервни делови коишто не се оригинални.
  • Се користи дополнителна опрема која не е одобрена ниту доставена од производителот.

Гаранцијата не покрива и:

- Нормално абење на потрошните материјали како што се уредот со сечило, безбедносните светла.

- Нормално абење.

Купувачот е заштитен со соодветните државни закони. Правата на купувачот кои се предвидени во дадените државни закони на ниеден начин не ја лимитираат оваа гаранција.

  1. ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
ИнтервенцијаПериод
МАШИНА
Контрола на сите спојки; безбедносни проверки / проверка на командите; проверка на заштитата на задниот испуст; проверка на вреćата за собирање; проверка на уредот со сечило.Пред употреба
Општо чистење и контрола; Проверка на можни оштетувања на машината. Ако е потребно, контактирајте со овластен сервисен центар.На крајот на секоја употреба
Замена на уредот со сечило.-
ЕЛЕКТРИЧНО НАПОЈУВАЊЕ
Проверете го интегритетот на електричниот кабел и состојбата на приключочите.Ако електричниот кабел е оштетен, їе се замени. Контактирајте со овластен сервисен центарПред употреба
  1. НЕСООДВЕТНА РАБОТА
Што да правите кога...
Потекло на проблемот Дејство за поправка
1. Електричната тревокосачка не работи
Нема довод на струја до машината Проверете го напојувањето со ел. енергија
2. Тревокосачката на струја фрла искри
Амперажата на изворот за напојувањето не е задоволителнаПоврзете ја машината со извор на ел. енергија со задоволителен број ампери
Вклучени се други електрични апарати Не поврзувајтедруги апарати во истиот период и во истиот приключок за напојување со ел. енергија
3. Искосената трева веће не се собира во врећата за собирање
Уредот со сечило нашол на препрека Наострете го уредот со сечило, заменете гоПроверете ги крилцата кои ја насочуваат тревата кон вреćата за собирање
Внатрешноста на шасијата е извалкана Исчистете ја внатрешноста на шасијата за да го олесните исфрлањето на тревата кон вреćата за собирање
4. Тревата тешко се коси
Уредот со сечило не е добро поставен Наострете го уредот со сечило, заменете го
5. Машината почнува да вибрира на ненормален начин
Оштетување или разлабавени делови Запрете ја машина и исключете го кабелот за напојувањеПроверете дали има оштетувањаПроверете дали деловите се разлабавени и затегнете гиИзвршете ги проверките, замените или поправките воспецијализиран центар
6. Моторот се гаси во текот на работата.
Интервенирајте на термичката заштита при прегревање на моторот.Запрете ја машината и ислучете го кабелот за напојување.Секогаш проверувајте дали отворите за вентилација се ослободени од остатоци од косењето.

Контактирајте со застапникот за помощ ако проблемите опстојуваат откако сте ги направиле горепосочените операции.

INHOUDSOPGAVE

  1. ALGEMEEN 1
  2. VEILIGHEIDSVOORSCHRIFTEN 2
  3. LEER DE MACHINE KENNEN....6
    3.1 Beschrijving machine en beoogd gebruik ... 6
    3.2 Identificatielabel en Hoofdonderdelen (AFB. 1)....6
    3.3 Veiligheidssignalen 6
  4. MONTAGE 7
    4.1 Uitpakken (AFB.2)....7
    4.2 Montage van de STEEL (AFB.3)....7
    4.3 Montage van de opvangzak (AFB.4, Type "I" en type "II")......8
  5. BEDIENINGSELEMENTEN 8
    5.1 SCHAKELAAR met tweevoudige bediening (Afb. 5) 8
  6. VOORAFGAANDE WERKZAAMHEDEN......8
    6.1 Afstelling van de maaihoogte (Afb. 6)......8
    6.2 Voorbereiding voor het maaien en opvangen van het gras in de opvangzak (Afb. 7)...... 8
  7. GEBRUIK VAN DE MACHINE 8
    7.1 STARTEN (AFB. 8)......8
    7.2 HET GRAS MAAIEN (AFB. 9)....8
    7.3 Stop (AFB. 10) 9
  8. ONDERHOUD 9
    8.1 Algemeen....9
    8.2 GEWOON ONDERHOUD....9
  9. STALLING 9
  10. HANTERING EN TRANSPORT ....10
  11. ASSISTENTIE EN HERSTELLINGEN....10
  12. GARANTIEDEKKING....10
  13. TABEL ONDERHOUD....10
  14. PROBLEMEN IDENTIFICATIE....11

1. ALGEMEEN

1.1 HOE DE HANDLEIDING LEZEN

МК • Содржината и сликите во Упатството за корисникот се подготовени ислучиво за ST. S.p.A. и се заштитени со авторски права – забрането е секое делумно или целосно неовластено репродуцирање или измена на документот.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : ALPINA

Модел : BL 320 E

Категорија : кошачка за трева