CYBEX Solution G iFix - автоседиште

Solution G iFix - автоседиште CYBEX - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Solution G iFix CYBEX во PDF формат.

📄 136 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice CYBEX Solution G iFix - page 97

Прашања на корисниците за Solution G iFix CYBEX

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

L'email reste privé : il sert seulement à vous prévenir si quelqu'un répond à votre question.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот автоседиште во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Solution G iFix - CYBEX и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Solution G iFix на марката CYBEX.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Solution G iFix CYBEX

СЕРТИФИКАЦИЈА ОН R129/03 CYBEX Solution G i-Fix со автоматски каиш со три точки на фиксирање: 100 см - 150 см Возраст: од приближно 3 години до приближно 12

Без одобрение на органот за типска хомологација, седиштето за автомобил не смее да се менува или да се додава на каков било начин.

Со цел детето да биде заштитено правилно, апсолутно е неопходно да го користите седиштето за автомобил како што е опишано во овој

Не користете го пред детето да достигне висина од 100 см.

Ова седиште за автомобил може да се монтира само на седишта на возило што се одобрени за користење со системи за врзување деца во согласност со прирачникот на возилото.

Соодветно е само за седишта на возила со автоматски каиши со три точки за фиксирање одобрени во согласност со Регулативата бр. 16 на ОН или со споредлив стандард.

Не користете какви било носечки контактни точки освен оние опишани во упатството и означени на системот за врзување деца.

Целата површина на наслонот за грб на седиштето за автомобил мора да доаѓа во допир со наслонот за грб на возилото.

Каишот за рамо мора да минува нагоре и назад дијагонално. Никогаш не смее да минува напред во правец на горната точка на каишот во

Закопчувалката на каишот на возилото никогаш не смее да се вкрстува со наслонот за рака на седиштето. Ако фиксниот држач на каиш е премногу долг, седиштето за автомобил е несоодветно за користење во оваа позиција во возилото.

Каишот со три точки за фиксирање мора да минува само низ назначените жлебови. Жлебовите за водење на каишот се детално опишани во овој прирачник и означени се на седиштето за автомобил со зелена боја.

Скутниот каиш мора да минува што е можно пониско преку слабините на детето за да има максимален ефект при судир.

Пред секоја употреба треба да се погрижите автоматскиот сигурносен каиш за возило со три точки на фиксирање да биде приспособен правилно и добро прицврстен на телото на детето. Никогаш не превиткувајте го каишот!

Само оптимално приспособениот наслон за глава може да му понуди на детето максимална заштита и удобност, а истовремено да гарантира дека каишот за рамо се поставува без пречки.

Седиштето за автомобил мора секогаш да биде прицврстено правилно во возилото, дури и кога не се употребува.

Секогаш треба да бидете сигурни дека седиштето на автомобил не е заглавено кога ја затворате вратата на автомобилот или кога го приспособувате задното седиште.

Седиштето на автомобил е исто така тестирано и одобрено за користење без линеарните заштитници од страничен удар.

Багажот или кои било други предмети во возилото мора секогаш да бидат добро прицврстени. Во спротивно, може да се разлетаат низ автомобилот, што би можело да предизвика смртоносни повреди.

Седиштето за автомобил никогаш не смее да се употребува без навлаката на седиште. Погрижете се да се употребува само оригинална навлака на седиште CYBEX, бидејќи навлаката е клучен елемент за функционирање на седиштето.

Никогаш не оставајте го детето во автомобилот без надзор.

Деловите на системот за врзување деца се загреваат на сонце и може да предизвикаат изгореници на детската кожа. Заштитете ги детето и седиштето за автомобил од директно изложување на сончева

Сообраќајна несреќа може да предизвика оштетување на седиштето за автомобил што не може да се види со голо око. Заменете го седиштето за автомобил по сообраќајна несреќа. Ако се двоумите, советувајте се со застапникот или со производителот.

Не користете го ова седиште за автомобил подолго од 11 години. Седиштето за автомобил е изложено на големо оптоварување за време на рокот на траење на производот, што води до промени во квалитетот на материјалот со текот на времето.96

Пластичните делови може да се чистат со благо средство за чистење и топла вода. Никогаш не користете остри средства за чистење или белила!

На некои седишта на возилото изработени од чувствителни материјали, користењето може да остави дамки и/или да предизвика бледнеење. За да го спречите ова, може да ставите ќебе, крпа или сличен предмет под седиштето за автомобил за да го заштитите седиштето на возилото. ДЕЛОВИНАПРОИЗВОДОТ (1) Наслон за грб (2) Страничен наслон за глава (3) Перниче (4) Рачка за приспособување на висината на наслонот за глава (5) Водилка на каиш за рамо (6) Линеарна странична заштита од удари (L.S.P.) (7) Водилка на скутен каиш (8) Рачки за заклучување ISOFIX (9) Точки за закотвување ISOFIX (10) Копчиња за ослободување ISOFIX (11) Сигурносен показател ISOFIX (12) Оддел за чување на Упатството за корисник (13) Копче за ослободување на страничната заштита од удари (14) Копче за приспособува на

(15) Приспособлив наслон за глава ТОЧНАПОЗИЦИЈАВОВОЗИЛОТО Седиштето за автомобил може да се употребува со вовлечени рачки за заклучување ISOFIX (8) на седишта на возило опремени со автоматски каиш со три точки за фиксирање. За користењето на ISOFIX осврнете се на приложениот список со одобрени типови возила. Може да ја добиете најновата верзија на www.cybex-online.com. Кога детето ќе биде повисоко од 135 см, компатибилноста меѓу Solution G i-Fix и возилото може да се намали. Разгледајте го списокот со типови возила за да проверите дали детското седиште може да се употребува во сите позиции на наслонот на глава без ограничувања. Во особени случаи, детското седиште за автомобил може, исто така, да се употребува на предното патничко седиште. Секогаш почитувајте ги препораките на производителот на возилото. МОНТИРАЊЕНАСЕДИШТЕЗААВТОМОБИЛВОВОЗИЛОТО

1. Секогаш треба да бидете сигурни дека...

  • наслоните за грб во возилото се закочени во исправена позиција,
  • кога го монтирате седиштето за автомобил на предното патничко седиште, тоа е приспособено што е можно поназад, без да влијае врз жлебовите за водење на каишот.

2. Пред да го монтирате, бидете сигурни дека седиштето за автомобил е

во седечка позиција.

3. Ослободете ги копчињата за ослободување ISOFIX (10) за да ги протегнете

рачките за заклучување ISOFIX (8).

Копчињата за ослободување ISOFIX може да се ослободат самостојно, со што им се дозволува на рачките за заклучување ISOFIX да се приспособат независно.

4. Турнете ги рачките за заклучување ISOFIX (8) од основата онолку колку

5. Поставете го седиштето за автомобил на соодветното седиште во

6. Турнете ги рачките за заклучување ISOFIX (8) во точките за

закотвување ISOFIX (9) сè додека не се заклучат во соодветната позиција и не слушнете звук на заклучување. Бојата на двата индикатори ISOFIX (11) ќе се измени од црвена во зелена.

7. Бидете сигурни дека седиштето е добро прицврстено, обидувајќи се да

го извлечете од точките за закотвување ISOFIX (9).

8. Турнете го седиштето за автомобил кон наслонот за грб на седиштето

на возилото сè додека не се порамни целосно со наслонот за грб.

Ако потпирачот за глава на возилото претставува препрека, повлечете го целосно нагоре или отстранете го (освен кај седишта во возило завртени наназад).

9. Седиштето може да се намести во седечка или лежечка позиција со

притискање на копче за приспособување на позиција (14) и движење на седиштето нанапред или туркање наназад.97

ОТСТРАНУВАЊЕНАСЕДИШТЕТОЗААВТОМОБИЛОДВОЗИЛОТО Извршете ги чекорите за монтажа по обратен редослед.

1. Отклучете ги рачките за заклучување ISOFIX (8) на двете страни

туркајќи ги копчињата за ослободување ISOFIX (10) и истовремено влечејќи ги наназад.

2. Извадете го седиштето од точките за закотвување ISOFIX (9).

3. Отстранете го седиштето за автомобил и турнете ги рачките за

заклучување ISOFIX (8) целосно наназад во нивните транспортни

ПРИСПОСОБУВАЊЕНАНАСЛОНОТЗАГЛАВА Страничниот наслон за глава (2) може да се приспособи со помош на рачката за приспособување на висина на наслонот за глава (4) што се наоѓа во задниот дел на страничниот наслон за глава (2). Приспособете го наслонот за глава така што максималното растојание помеѓу рамото на детето и наслонот за глава да не е поголемо од 2 см (приближно 2 прста).

Висината на наслонот за глава може да се приспособи додека седиштето се монтира во автомобилот. РЕЖИМЗАПРАВИЛНОМОНТИРАЊЕ 100 см - 150 см ЗАКОПЧАЈТЕЈАДЕТСКАТА.

1. Поставете го скутниот каиш во зелените водилки на скутен каиш (7) на

седиштето за автомобил.

2. Повлечете го каишот за рамо за да го притегнете скутниот каиш.

3. На страната на седиштето за автомобил што се наоѓа до

закопчувалката, каишот за рамо и скутниот каиш мора да се внесат заедно во водилката на скутниот каиш (7).

4. Влечете го каишот за рамо низ водилката на каиш за рамо (5) сè додека

не влезе во водилката на каиш.

5. Бидете сигурни дека каишот за рамо минува преку клучната коска

на детето и дека не го допира вратот на детето. Ако е потребно, приспособете ја висината на страничниот наслон за глава (2) за да ја измените позицијата на каишот. ПРИСПОСОБУВАЊЕНАЛЕЖЕЧКАТАПОЗИЦИЈА

1. За да го поставите седиштето во лежечка позиција, притиснете го

копчето за приспособување на позиција (14) во дното на предниот дел на перничето (3).

2. За да го вратите седиштето од лежечка во седечка позиција, притиснете

го повторно копчето за приспособување на позиција (14) и водете го седиштето нагоре и притискајте благо врз перничето (3). ЛИНЕАРНАСТРАНИЧНАЗАШТИТАОДУДАРИ(L.S.P.) Ако линеарната странична заштита од удари (6) доаѓа во конфликт со вратата на автомобилот или ако влијае врз количината на слободен простор на патничкото седиште, може да ја извадите. За да го направите тоа, притиснете го копчето за ослободување на линеарната странична заштита од удари (13). За да го најдете ова копче, треба да се отстрани навлаката на наслонот за глава. За да ја поставите повторно L.S.P. (6) на седиштето, следете ги упатствата за отстранување по обратен редослед. ЛЕЖЕЧКИНАСЛОВЗАГЛАВА Приспособливиот наслон за глава (15) помага да се спречи опасноста главата на детето да паѓа нанапред додека спие. Може да се постави во една од три позиции. Туркајте го приспособливиот наслон за глава (15) напред сè додека не го поставите во саканата позиција.

Главата на детето секогаш треба да го допира приспособливиот наслон за глава.98

ОТСТРАНУВАЊЕИПОВТОРНОПОСТАВУВАЊЕНАНАВЛАКАТА

Навлаката на седиштето за автомобил се состои од три дела (наслон за глава, наслон за грб и перниче). Тие се прицврстени во соодветна позиција на неколку места со дрикер-копчиња и еластични ленти. Штом ќе ги откопчате додатоци, ќе може да ги отстраните поединечните делови на навлаката. За да ги поставите повторно навлаките на седиштето, следете ги упатствата за отстранување по обратен редослед.

Навлаката може да се пере само на температура од 30°C, на програма за благо перење, бидејќи во спротивно може да се јави бледнеење на материјалот на навлаката. Перете ја навлаката одделно од друга облека и не сушете ја во машина за сушење алишта или на директна сончева светлина! ГАРАНЦИЈАНАПРОИЗВОДИТЕЛОТИРЕГУЛАТИВИЗА ОТСТРАНУВАЊЕВООТПАД CYBEX GmbH (Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth, Германија) за овој производ ви дава 3 години гаранција. Гаранцијата важи во земјата во која производот му е продаден на клиентот во малопродажба. Содржината на гаранцијата и сите основни информации потребни за потврдување на гаранцијата може да се најдат на нашата почетна страница go.cybex-online.com/manufacturer-warranty-car-seats. Ако гаранцијата е прикажана во описот на производот, тоа нема да влијае врз вашите законски права кон нас во поглед на дефекти. Почитувајте ги регулативите за отстранување во отпад во вашата земја.99 CNR CERTIFIKACIJA UN R129/03 CYBEX Solution G i-Fix sa automatskim pojasem na tri tačke vezivanja: 100 cm – 150 cm Starost: od približno 3 godine do približno 12 godina HvalavamštosteseodlučilizaSolutionGi-Fixprilikomizboraautosjedišta zavašedijete. PažljivopročitajteovaUputstvazaupotrebuprijepostavljanjaauto sjedištausvojautoiuvijekihdržitepriruci,uzatonamijenjenom odjeljku (12). VAŽNEINFORMACIJE

Асистент за прирачник
Powered by Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : CYBEX

Модел : Solution G iFix

Категорија : автоседиште