EB165 - Дувалка DOLMAR - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот EB165 DOLMAR во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Дувалка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник EB165 - DOLMAR и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. EB165 на марката DOLMAR.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК EB165 DOLMAR
МАКЕДОНСКИ (Оригинални упатства) ОПИС (Сл. 1 и Сл. 3) 1 Копче на лизгање за напојување/брзина
Дополнителна рачка 3 Кабел за струја 4 Држач за кабелот 5 Отвор за смукање 6 Копче за заклучување 7 Цевка на дувалката 8 Цевка на смукалката 9 Прерамка за преку рамо 10 Вреќа 11 Област со жлебови 12 Одвод на воздух 13 Отвор 14 Копче за заклучување СПЕЦИФИКАЦИИ Модел EB-165 Напон 22 0–240 V Фреквенција 5 0–60 Hz Влезна моќност 1 650 W Изолација Класа II Брзина на воздухот
Со цевка на дувалката 3 ,2 kg Со цевка на смукалката 3 ,8 kg Коефициент на смукање 8:1 Ниво на звучен притисок
Поради постојаното истражување и развој, техничките податоци дадени тука може да се менуваат без известување. Спецификациите може да се разликуваат од земја до земја. Тежина според EPTA-Procedure 01/2003
На вашиот алат можете да видите некои од следните симболи. Проучете ги и дознајте го нивното значење. Правилното толкување на овие симболи ќе ви овозможи да ракувате со алатот безбедно и ефективно. Овие симболи за предупредување се прикажани на алатот за да ве потсетат за мерките на претпазливост што треба да ги преземете додека работите со
Овој алат треба да го користат само лица кои ги имаат прочитано и разбрано сите упатства за безбедност и работење во прирачникот за оператори. Во секое време треба да бидете свесни за безбедноста на сите лица во работната област.
Држете ги луѓето настрана од опасната област!
Не користете го овој алат на дожд. Избегнувајте користење во влажни услови.
Кога го користите овој алат, секогаш носете заштитни очила и заштита за ушите.
Прочитајте ги упатствата за безбедност и работа во овој прирачник и ставете го на безбедно место заради идни консултации.
- 169 Опасен отвор за полнење. Дланките и стапалата држете ги понастрана од отворите додека машината е во функција.
Ротирачки вентилатори. Дланките и стапалата држете ги понастрана од отворите додека машината е во функција.
Извадете го приклучокот од машината пред одржување или доколку е оштетен кабелот.
Електричниот отпад не смее да се фрла во отпад заедно со отпадот од домаќинствата. Таму каде што постојат соодветни капацитети, тој треба да се рециклира. Проверете ја можноста за рециклирање кај вашите локални власти или кај вашиот продавач.
1. Важни безбедносни информации
Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и постари, и лица со намалени физички, сензорни и ментални способности или со недоволно искуство и знаење, доколку се под надзор или им се дадени упатства во врска со безбедното користење на апаратот и ги разбираат опасностите што можат да се случат. Деца не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не смеат да го прават деца без надзор. Внимателно прочитајте ги сите упатства за безбедност и ракување пред да започнете да го користите овој производ. Посебно внимание обрнете на деловите од овој прирачник за оператори кои ги носат симболите за предупредување и напомена. Доколку не се следат предупредувањата и упатствата, може да дојде до струен удар, изгореници и/или тешки повреди. Овој алат е наменет за дување и смукање. Никогаш не користете го алатот за други намени, како на пример за дување балони.
Алатот треба да биде поврзан само со струја со напон кој е еднаков на напонот наведен на плочката со името и може да се користи само еднофазна струја. Алатот има двојна изолација и затоа може исто така да се користи со штекери без заземјување. Зачувајте ги сите предупредувања и упатства за идни консултации.
Внимателно прочитајте ги упатствата. Запознајте се со контролите и со правилната употреба на алатот. Никогаш не дозволувајте деца да си играат со
Никогаш не дозволувајте алатот да го користат лица што не се запознаени со овие упатства. Локалните регулативи може да имаат дефинирано ограничување за возраста на операторот. Никогаш не ракувајте со алатот кога во близина има луѓе, особено деца или домашни миленици. Операторот или корисникот е одговорен за несреќи или опасни ситуации што можат да им се случат на луѓе или на нивниот имот.
Додека ракувате со алатот, секогаш носете добри обувки и долги панталони. Облечете се соодветно - Не носете широка облека ниту накит. Тие можат да бидат потфатени од деловите што се движат. Се препорачува користење на цврсти ракавици и добри обувки кога работите
Носете заштита за косата за да ја соберете долгата коса. Носете заштитни очила додека работите. За да спречите иритација, се препорачува да носите заштитна маска на лицето. Пред употреба, проверете дали кабелот за струја е оштетен и изабен, а исто така проверете ја и неговата должина. Не користете го алатот доколку кабелот е оштетен или изабен. Никогаш не ракувајте со алатот доколку штитниците се дефектни или доколку нема безбедносни уреди, на пример, доколку не е наместена торбата за
Користете само продолжен кабел кој е отпорен на временски услови и соодветен на спецификациите на вашата машина.
Функционирање Кабелот секогаш треба да биде насочен кон задниот дел од алатот. Доколку кабелот се оштети за време на употребата, веднаш исклучете го од струја. НЕ ДОПИРАЈТЕ ГО КАБЕЛОТ ПРЕД ДА ГО ИСКЛУЧИТЕ ОД СТРУЈА. Не користете го алатот доколку кабелот е оштетен или
Не носете го алатот држејќи го за кабелот. Избегнувајте опасна околина - Не користете го алатот на влажни или водени локации. Исклучувајте го алатот од струја секогаш кога немате намера да го користите, пред да исчистете некакво затнување, пред проверка, чистење или работење на алатот. Доколку алатот вибрира невообичаено, веднаш исклучете го, исклучете од струја и проверете дали има некакви затнувања или оштетувања на единицата.
- 170 Со алатот ракувајте само при дневна светлина или при добро вештачко осветлување. Не истегнувајте се и секогаш одржувајте ја вашата
Проверувајте каде стоите на падини. Одете, никогаш немојте да трчате. Одржувајте ги чисти од отпад сите доводи на воздух
Никогаш не дувајте го отпадот во правец на луѓе што стојат во близина. Алатот треба да се испорача со дополнителен уред за прекин на струјата која не е посилна од 30 mA.
5. Одржување и чување
Сите завртки, навртки и шрафови треба да бидат добро стегнати за алатот да биде во безбедна работна состојба. Често проверувајте дали алатот е изабен или
Заменувајте ги истрошените или оштетените
Алатите што не ги користите чувајте ги во затворен простор. Кога не ги користите, алатите треба да се чуваат внатре, на суво и високо место или пак на заклучено место - подалеку од дофатот на деца.
Дополнителни правила за безбедност за дувалката/смукалката Секогаш носете соодветна заштитна облека кога работите со алатот за да избегнете повреди на лицето, очите, дланките, стапалата, главата или слухот. Користете заштитни очила или маска на лицето, високи чизми или цврсти обувки, долги панталони, работни ракавици, цврста капа и заштитни тампони за уши. Не вклучувајте го алатот кога е превртен наопаку или кога не е во работна позиција. Исклучете го моторот и исклучете го алатот од струја кога не го користите, кога е оставен без придружба, кога го чистите, кога го преместувате од едно на друго место или кога продолжениот кабел е заплеткан или оштетен. Не ракувајте со алатот кога сте во близина на луѓе, особено деца или домашни миленици. Исклучете го доколку тие се многу близу. Одржувајте безбедно растојание од најмалку 5 м од другите луѓе кога го користите апаратот. Никогаш не насочувајте ја цевката на дувалката кон луѓе што се во близина или кон домашни миленици. Никогаш не дувајте го отпадот во правец на луѓе што стојат во близина или кон домашни миленици. Операторот е одговорен за несреќи или опасни ситуации што можат да им се случат на луѓе или на нивниот имот. Не ракувајте со приклучокот или алатот со водени раце и не користете го алатот на дожд. Користете само продолжен кабел кој е означен за користење надвор. Чувајте го продолжениот кабел настрана од топлина, масло и остри рабови. Продолжениот кабел треба да биде прицврстен на начин што ќе спречи исклучување на приклучокот од него при работење со алатот.
Одржувајте ги чисти сите доводи на воздух од прашина, влакна, коса и друг материјал кои можат да го намалат протокот на воздух. Одржувајте стабилно растојание додека го користите алатот. Не исклучувајте го алатот во затворен или слабо проветрен простор или пак во присуство на запаливи и/или експлозивни супстанци, какви што се течности, гасови и талк. Не дозволувајте да ви биде одвлечено вниманието и секогаш концентрирајте се на тоа што го работите. Користете здрав разум. Никогаш не ракувајте со апаратот кога сте уморни, болни или под влијание на алкохол или други дроги. Не ракувајте со овој апарат кога долгата коса ви е пуштена или кога носите лабав накит. Врзете ја долгата пуштена коса назад и тргнете го лабавиот
Не дозволувајте алатот да собира материјали што горат или тлеат, како пепел, отпушоци итн. Не обидувајте се да собирате кршливи предмети какви што се стакло, пластика, порцелан итн. Не користете го при операција на смукање, без наместена вреќа за собирање отпад. Не користете го алатот ниту во режим на смукалка ниту во режим на дувалка врз површини со чакал. Алатот користете го само при добра дневна светлина или соодветно вештачко осветлување. Кога алатот не е во употреба, чувајте го на суво место и настрана од дофат на деца. После употреба, исклучете го алатот од струја и проверете дали е изабен и оштетен. Доколку имате и најмал сомнеж, стапете во контакт со овластен сервисен центар. Алатот користете го само во согласност со упатствата дадени во овој прирачник. Редовно проверувајте дали шрафовите се добро
Користете само резервни делови и додатоци препорачани од производителот. Не обидувајте се да го поправате алатот или да пристапувате до внатрешните делови. Контактирајте само со овластени сервисни центри. Се препорачува алатот да се користи со Уред за заштита (RCD) кој прекинува струја не посилна од
Внимателно извадете го производот и сите додатоци од кутијата. Внимателно проверете дали производот е можеби скршен или оштетен при транспортот. Не фрлајте го материјалот од пакувањето додека не го проверите внимателно производот и не го употребите. Доколку е оштетен или пак недостасува некој дел, стапете во контакт во вашиот сервисен центар за Dolmar за помош.
- 171 Алатот се испорачува со одредени делови кои не се составени. За да ги составите, постапете на следниот начин: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да спречите сериозна телесна повреда, прекинувачот треба да биде во позиција на ИСКЛУЧЕНО, алатот не треба да виде вклучен во струја, а вентилаторите треба да бидат сопрени пред да ги прикачувате или отстранувате цевките. СКЛОПУВАЊЕ КАКО ДУВАЛКА (Сл. 3) Лизгајте ја цевката за дување напред додека областите со жлебови на куќиштето на апаратот за дување не кликнат во отворите на цевката. СКЛОПУВАЊЕ КАКО СМУКАЛКА (незадолжителен прибор) (Сл. 2) Лизгајте ги предните и задните цевки на смукалката заедно додека не се заклучат. (Видете Сл. 2.) Притиснете го копчето за заклучување напред за да го ослободите влезот. Држете го влезот отворен. (Видете Сл. 2.1.) Вметнете го „зашилениот“ краен клип на цевката на смукалката во задниот клип. (Видете Сл. 2.2.) Вметнете го „кукастиот“ краен клип на цевката на смукалката во предниот клип. (Видете Сл. 2.3.) Притиснете го копчето за заклучување за да ја активирате цевката на смукалката. (Видете Сл. 2.4.) За да ги извадите цевките на смукалката, следете ги следните чекори по обратен редослед. Вметнете го адаптерот на вреќата во одводот на дувалката. Заклучете го адаптерот на вреќата со копчето за заклучување. За да ја извадите вреќата, едноставно притиснете на копчето за заклучување и извадете ја вреќата. (Видете Сл. 4.)
Можеби ќе треба да ја извадите цевката на дувалката или цевките на смукалката за да ја исчистите затнатата цевка или вентилаторот. МОНТИРАЊЕ НА ВРЕЌА СО ПРЕРАМКА ЗА НОСЕЊЕ ПРЕКУ РАМО (Сл. 4) Додека стоите во работна позиција, приспособете ја должината за да одговара на големината на операторот. Повлечете ја јамката за да продолжите, повлечете го ременот за да скратите. ФУНКЦИОНИРАЊЕ ПОВРЗУВАЊЕ НА КАБЕЛОТ ЗА СТРУЈА (Сл. 5) Прицврстете го продолжениот кабел на куќиштето на моторот со помош на држачот за кабел. Ова спречува случајно откачување на кабелот за струја. Поврзете го женскиот крај од продолжениот кабел со приклучокот на единицата. СТАРТУВАЊЕ/СТОПИРАЊЕ НА ДУВАЛКАТА/ СМУКАЛКАТА (Сл. 6) За да го вклучите, лизгајте го копчето на лизгање за напојување/брзина. ‘1’ покажува дека алатот работи со мала брзина, а ‘2’ со голема брзина. За да го исклучите, лизгајте го прекинувачот кон ‘0’.
Кога е во режим на смукање (незадолжителен додаток), дувалката МОРА да биде поставена во голема брзина. ДРЖЕЊЕ НА АЛАТОТ Пред да ракувате со алатот, застанете во работна
Проверете го следното: дали носите соодветна облека, како на пример чизми, заштитни очила, заштита за ушите/слухот, ракавици, долги панталони и кошула со долги
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да избегнете сериозна телесна повреда, носете заштитни очила кои се во согласност со EN 166 или ANSI Z87.1 секогаш кога ракувате со овој алат. Носете маска на лицето или маска за заштита од прашина на правливи локации. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да спречите сериозна телесна повреда или оштетување на алатот, проверете дали цевката на дувалката или цевките на смукалката и вреќата се на место пред да ракувате со единицата. СОВЕТИ ЗА РАБОТЕЊЕ (Сл. 7) Пред да го вклучите алатот, потрудете се тој да не биде насочен кон лица ниту кон растресит отпад. Проверете дали апаратот е во добра работна состојба. Проверете дали цевките и штитниците се на место и стегнати. Кога работите, апаратот секогаш држете го со обете
Цврсто фатете ги и предната и задната рачка или
За да го намалите ризикот од губење на слух поради јачината на звукот, потребно е да носите заштита за
Користете ја прерамката за носење преку рамо кога го користите апаратот како смукалка. Вреќата треба да биде правилно наместена и патентот затворен (кога се користи како смукалка). Со електрична опрема работете во разумно време - ниту рано наутро, ниту доцна навечер, за да не ги вознемирувате луѓето. Придржувајте се до времињата наведени во локалните регулативи. Вообичаено препорачано време е меѓу 9:00 наутро и 17:00 часот попладне, од понеделник до сабота. За да го намалите нивото на бука, ограничете го бројот на парчиња на опрема што се користат истовремено. За да го намалите нивото на бука, работете со алатот со мала брзина, доколку е тоа возможно. Користете гребла и метли за да го растресете отпадот пред да започнете да го дувате. На места со многу прав, треба малку да ги навлажните површините. Задржете ја водата користејќи електрични дувалки наместо црева кај голем број алати за тревници и градини, вклучително и за површини какви што се сливници, скривалишта, поплочени дворишта, веранди и градини.
- 172 Внимавајте на децата и домашните миленици, отворените прозорци или свежо измиените автомобили и внимателно издувајте го настрана
Исчистете после користење на дувалки и друг вид на опрема. Отпадот фрлете на соодветен начин.
Отворот на смукалката треба да биде целосно затворен и заклучен. ОТВОРИ ЗА ВОЗДУХ Никогаш немојте да ги покривате отворите за воздух. Во нив не смее да има препреки и отпад. Тие секогаш треба да бидат чисти заради правилно ладење на моторот. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да избегнете сериозна телесна повреда, не носете лабава облека или предмети какви што се марами, врвки, синџири, вратоврски итн. коишто би можеле да бидат повлечени во отворите за воздух. За да бидете сигурни дека долгата коса нема да биде повлечена во отворите за воздух, врзете ја косата назад. РАБОТЕЊЕ КАКО ДУВАЛКА Цврсто држете ја дувалката. Дувајте од едната до другата страна со млазницата на висина од неколку инчи над земјата или подот. Полека одете напред со апаратот, одржувајќи го на едно место акумулираниот отпад пред вас. Повеќете операции на дување на суво е подобро да се извршуваат со мала брзина. Дувањето со голема брзина е подобро за придвижување на потешки предмети, како на пример голема количина на отпад или чакал. РАБОТЕЊЕ КАКО СМУКАЛКА (незадолжителен
Цврсто држете го алатот, навалувајќи ги цевките на смукалката (5–10 см), а дувањето користете го за да го соберете лесниот отпад. Отпадот ќе влезе во вреќата. Предмети какви што се мали листови и гранчиња ќе бидат вшмукани како што ќе поминат покрај куќиштето на вентилаторот. За да може вреќата да трае подолго, често празнете ја. ЧИСТЕЊЕ НА ЗАТНАТА ЦЕВКА/ВЕНТИЛАТОР ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да избегнете сериозна телесна повреда, проверете дали апаратот е исклучен и приклучокот изваден од штекерот пред да започнете со чистење на вентилаторот. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да избегнете сериозна телесна повреда, секогаш носете ракавици за да се заштитите од перките на вентилаторот или други остри предмети. Лизгајте го копчето на лизгање за напојување/струја до позиција на ИСКЛУЧЕНО и почекајте додека единицата не се исклучи целосно. Исклучете го апаратот од струја. Извадете ја цевката на дувалката или цевките на смукалката и вреќата.
Внимателно отстранете го материјалот што ја блокира цевката или вентилаторот. Проверете ги перките за да видите дали се оштетени. Вртете ги перките на вентилаторот со рака за да проверите дали затнувањето е целосно исчистено. Вратете ја назад цевката на дувалката или цевките на смукалката и вреќата. Вклучете го апаратот во струја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не користете вода за чистење на вашиот производ, користете само сува крпа. Никогаш не користете бензин, растворувач, алкохол или слично. Може да дојде до губење на бојата, деформација или пукнатини. Исклучете го и откачете го од струја пред да започнете со чистење или проверување на вашиот
Вреќата треба секогаш да ја празните. Производот секогаш чувајте го на суво место, каде што кабелот нема да може лесно да се оштети. ЧИСТЕЊЕ НА ВРЕЌАТА ЗА СОБИРАЊЕ ОТПАД Испразнете ја вреќата за собирање отпад после секоја употреба за да избегнете нејзино абење и блокирање на протокот на воздух кој би го намалил перформансот на апаратот. Вреќата за собирање отпад треба да ја чистите секогаш кога е тоа потребно. Со заштитени очи, превртете ја вреќата после првото празнење и силно истресете ја од прашината и отпадот. РАСХОДУВАЊЕ Електричниот отпад не смее да се фрла заедно со отпадот од домаќинствата. Таму каде што постојат соодветни капацитети, тој треба да се рециклира. Проверете ја можноста за рециклирање кај вашите локални власти или кај вашиот продавач. ИНФОРМАЦИИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ Пред да започнете со чистење или одржување, секогаш проверувајте дали приклучокот е исклучен од струја. Кога ќе завршите со користење на алатот, секогаш проверувајте дали производот е чист и без нечистотија и отпад. Не користете растворувачи за чистење на алатот. Чувајте го алатот на суво место и настрана од дофат
ОДРЖУВАЊЕ НА КАБЕЛОТ ЗА СТРУЈА Доколку кабелот за струја треба да се замени, оваа задача треба да ја изврши овластен сервисен центар за да избегнете опасност. Доколку е оштетен кабелот, тој мора да биде заменет во сервисен центар на Dolmar за да се избегне
- 173 РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ ПРОБЛЕМ МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ Алатот не дува или не
Полна вреќа 1. Испразнете ја вреќата.
2. Блокирана цевка 2. Исчистете ја блокадата.
3. Блокиран вентилатор 3. Исчистете ја блокадата.
4. Нечиста вреќа 4. Исчистете ја вреќата.
5. Скината вреќа 5. Заменете ја вреќата.
6. Вреќата е отворена 6. Затворете ја вреќата.
7. Алатот е исклучен од струја
7. Вклучете го во штекер или во продолжен
Алатот е исклучен од струја.
1. Проверете дали кабелот за струја е вклучен
2. Копчето на лизгање за
напојување/брзина е во позиција на ИСКЛУЧЕНО.
вреќата не се правилно
Проверете ги цевките на смукалката и вреќата за да видите дали дозволуваат прекинувачот да функционира кога се правилно монтирани.
4. Отворот за довод/капакот не
Проверете дали отворот/капакот е целосно затворен и заклучен.
5. Можеби е настанат спој
во струјното коло во домаќинството.
Проверете ја струјната табла и ресетирајте ја ако е потребно.174 Само за европски земји Изјава за сообразност на ЕЗ Ние, производителите: Makita Europe N.V., со деловна адреса: Jan-Baptist Vinkstraat 2, 3070 Kortenberg, Белгија Го овластуваме Yasushi Fukaya за составување на техничката датотека и изјавуваме под наша лична одговорност дека производот(-ите); Ознака: Електрична дувалка Ознака на тип(-ови): EB-165 Ги исполнува сите релевантни одредби на 2006/42/ЕЗ и се произведени во согласност со следниве усогласени стандарди:
EN 60335-1:2012+A11:2014, IEC 60335-2-100:2002
& EN 15503:2009+A1:2013 и исто така ги исполнува сите релевантни одредби на следните директиви на ЕЗ/EУ: 2014/30/EУ (2004/108/ЕЗ до 19.04.2016 г.), 2011/65/EУ, 2000/14/ЕЗ Постапката за оценување на сообразноста што се бара согласно Директивата 2000/14/ЕЗ е во согласност со Анекс V. Измерено ниво на звучна моќност: 102,5 dB (A) Гарантирано ниво на звучна моќност: 103 dB (A) Место и датум на давање на изјавата: Kortenberg,
Notice-Facile