CEXACT 2 Professional - Електрично лемење BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CEXACT 2 Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за CEXACT 2 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Електрично лемење во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CEXACT 2 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CEXACT 2 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CEXACT 2 Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
sl Izvima navodila
br Originalne upute za rad
et Alguoārane kasutusiuhend
Македонски...... Страница 168
Srpski ...... Strana 175
Slovenščina ....Stran 182
Hrvatski....Stranica 189
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел
соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
He го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за одвртувачи
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за прицврступавочот да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако прицврступавачите дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
▶ Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвikuва оштетување и може да предизвика електричен удар.
Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за завртување и одвртување на завртки како и за затегнување и одвртување на навртки во дадените граници на димензии и моćност. Тој смее да се приклучи на струјно напојување само преку струен уред од серијата на PUC-EXACT. Електричниот алат не е погоден да се користи како дупчалка; за да ги избегнете личните повреди и материјалните штети, никогаш не треба да го користите електричниот алат со спојка за ислучување за дупчење.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Алат за вметнување (на пр. бит за одвртувач)
(2) Прифат на алатот
(3) Брзозатегнувачка глава 4"
(4) Прстен за обележување
(5) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(6) LED-приказ на завртувањето на спојниците
(7) Кабел за приключок на струен уред PUC-EXACT
(8) Обрач за закачување
(9) Прекинувач за включување/исклучување
170 | Македонски
(10) Лизгач за избор на вртежен момент
(11) Чаура на кабелот од уредот
(12) Работно светло
(13) Приклучна чаура на струјниот уред PUC-EXACT
(14) Прекинувач за включување/исклучување на струјниот уред
(15) Жлеб во спојката на кабелот од уредот (7)
(16) LED-приказ за подготвеност за работа
(17) LED-приказ за пречка (преоптоварување)
(18) Приклучок на струјниот кабел
(19) Струен кабел
(20) Струен приключок
(21) Приклучна чаура за струјниот кабел
(22) Алат за подесување
(23) Плочка за подесување
(24) Рачка (изолирана површина на рачката)
Технички податоци
Електричен рамен одвртувач со старт на притискање C-EXACT 1 C-EXACT 1 C-EXACT 2
| Број на дел/артикл | 0 602 495207 | 0 602 495218 | 0 602 495208 | |
| Номинален напон V 36 36 36 | ||||
| Номинална струја A 1,0 1,0 1,0 | ||||
| Број на вртежи во празен од min | -1 | 1000 500 500 | ||
| макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO 5393 | Nmin-lbs | 0,2 - 0,81,8 - 7,1 | 0,2 - 0,81,8 - 7,1 | 0,5 - 2,04,4 - 17,7 |
| Правец на вртење | ΩΩ | ΩΩ | ΩΩ | |
| Прстен за обележување светло-зелен светло-зелен бела | ||||
| макс. завртки-∅ M 2,5 M 2,5 M 4 | ||||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 kg | Ibs | 0,871,4 | 0,871,4 | 0,871,4 |
| Вид на заштита | IP 20 | IP 20 | IP 20 | |
Електричен рамен одвртувач со старт на притискање С-ЕХАСТ 4 С-ЕХАСТ 4 С-ЕХАСТ 4
| Број на дел/артикл | 0 602 495 | 0 602 495 | 0 602 495 | |
| 205 | 206 | 217 | ||
| Номинален напон V 36 36 36 | ||||
| Номинална струја A 1,0 1,0 1,0 | ||||
| Број на вртежи во празен од min | 1 | 1000 | 1000 275 | |
| макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO 5393 | Nm in-lbs | 0,5 - 3,5 | 0,5 - 3,5 | 0,5 - 3,5 |
| 4,4 - 31,0 | 4,4 - 31,0 | 4,4 - 31,0 | ||
| Правец на вртење | ΩΩ | ΩΩ | ΩΩ | |
| Прстен за обележување | сив сив сив | |||
| макс. завртки-∅ | M 4 M 4 M 4 | |||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 kg | 0,87 | 0,87 | 0,87 | |
| Ibs | 1,4 | 1,4 | 1,4 | |
| Вид на заштита | IP 20 | IP 20 | IP 20 | |
Електричен рамен одвртувач со старт на притискање C-EXACT 6 C-EXACT 6
| Број на дел/артикл | 0 602 495215 | 0 602 495216 |
| Номинален напон | V 36 36 | |
| Номинална струја | A 1,0 1,0 | |
| Број на вртежи во празен од | min^-1 | 1000 500 |
| макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали споредISO 5393 | Nmin-lbs | 1,0 – 6,08,9 – 53,1 |
Електричен рамен одвртувач со старт на притискање С-ЕХАСТ 6 С-ЕХАСТ 6
| Правец на вртење | ΩΩ | ΩΩ | |
| Прстен за обележување црн црн | |||
| макс. завртки-∅ M 5 M 5 | |||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 kg | 0,87 | 0,87 | |
| Ibs | 1,4 | 1,4 | |
| Вид на заштита IP 20 IP 20 |
Електричен рамен одвртувач со старт на подигање C-EXACT 1 C-EXACT 1 C-EXACT 2
| Број на дел/артикл | 0 602 495202 | 0 602 495213 | 0 602 495203 | |
| Номинален напон V 36 36 36 | ||||
| Номинална струја A 1,0 1,0 1,0 | ||||
| Број на вртежи во празен од min | -1 | 1000 500 500 | ||
| макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO 5393 | Nmin-lbs | 0,2 - 0,81,8 - 7,1 | 0,2 - 0,81,8 - 7,1 | 0,5 - 2,04,4 - 17,7 |
| Правец на вртење | ΩΩ | ΩΩ | ΩΩ | |
| Прстен за обележување | светло-зелен | светло-зелен | бела | |
| макс. завртки-∅ | M 2,5 | M 2,5 M 4 | ||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | kgIbs | 0,871,4 | 0,871,4 | 0,871,4 |
| Вид на заштита | IP 20 IP 20 IP 20 | |||
Електричен рамен одвртувач со старт на подигање С-ЕХАСТ 4 С-ЕХАСТ 4 С-ЕХАСТ 4
| Број на дел | 0 602 495200 | 0 602 495201 | 0 602 495212 | |
| Номинален напон V 36 36 36 | ||||
| Номинална струја A 1,0 1,0 1,0 | ||||
| Број на вртежи во празен од | min^-1 | 1000 | 1000 275 | |
| Макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO 5393 | Nmin-lbs | 0,5 – 3,54,4 – 31,0 | 0,5 – 3,54,4 – 31,0 | 0,5 – 3,54,4 – 31,0 |
| Правец на вртење | ΩΩ | ΩΩ | ΩΩ | |
| Прстен за обележување | сив сив сив | |||
| Макс. завртување-∅ | M 2,5 | M 2,5 M 4 | ||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | kgIbs | 0,871,4 | 0,871,4 | 0,871,4 |
| Вид на заштита | IP 20 IP 20 IP 20 | |||
| Електричен рамен одвртувач со старт на подигање | С-ЕХАСТ 6 | С-ЕХАСТ 6 | |
| Број на дел/артикл | 0 602 495210 | 0 602 495211 | |
| Номинален напон | V 36 36 | ||
| Номинална струја | A 1,0 1,0 | ||
| Број на вртежи во празен од | min^-1 | 1000 500 | |
| макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO 5393 | Nmin-lbs | 1,0 – 6,08,9 – 53,1 | 1,0 – 6,08,9 – 53,1 |
| Правец на вртење | ΩΩ | ΩΩ | |
| Прстен за обележување црн црн | |||
172 | Македонски
Електричен рамен одвртувач со старт на подигање С-ЕХАСТ 6 С-ЕХАСТ 6
| макс. завртки-∅ M 5 M 5 | |||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 kg | Ibs | 0,87 | 0,87 |
| 1,4 | 1,4 | ||
| Вид на заштита IP 20 IP 20 |
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-2.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со А, типично изнесува 70 dB(A). Несигурност K = 3 dB. Нивото на звучниот притисок при работењето може да надмине и 80 dB(A).
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски эбир на три насоки) несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-2:
Завртување: a_n < 2,5 m/s^2 , K = 1,5 m/s^2 ,
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Монтажа
▶ Прекинете го струјното напојување, пред да почнете да го подесувате уредот, да менувате делови од опремата или доколку долго време не сте го користеле електричниот алат. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот алат.
Работна околина и складирање
Електричниот алат е ислучиво наменет за употреба во затворени простории.
За беспрекорна работа, дозволената околна температура треба да биде меѓу -5 °C и +50 °C (23 °F и 122 °F), при дозволена релативна влажност на воздухот меѓу 20 и 95 % без кондензација.
Електричниот рамен одвртувач треба да се складира на температура меѓу -20 °C (-4 °F) и 70 °C (158 °F), за да се избегнат штети на електрониката.
Уред за закачување
Со држачот за закачување (8) може да го прицврстите електричниот алат на уред за закачување.
▶ Редовно контролирајте ја состојбата на обрачот за закачување и куките на држачот за закачување.
Промена на алат
Ставање на алатот за вметнување
Извлечете ја брзозатегнувачката глава (3) нанапред. Ставете го алатот за вметнување (1) во прифатот за алат (2) и повторно олабавете ја брзозатегнувачката глава. Користете само алати за вметнување со соодветен крај за вметнување (1/4"-шестаголна глава).
▶ При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да се случаи да не може да се контролира.
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете ја брзозатегнувачката глава (3) нанапред. Извадете го алатот за вметнување (1) од прифатот за алат (2) и повторно олабавете ја брзозатегнувачката глава.
Приклучување на струјното напојување (види слики А - В)
Електричниот алат се испорачува без струен уред. За приклучување на струјно напојување потребен ви е струен уред PUC-EXACT.
▶ Користете го струјниот уред PUC-EXACT ислучиво со електричните алати што се предвидени за него. Работата на другите електрични уреди може да доведе до уништување на PUC-EXACT и овие уреди.
▶ Никогаш не се обидувајте да го приключите електричниот алат С-ЕХАСТ директно на струјната мрежа. Не користете продолжен кабел. Со тоа може електричниот алат С-ЕХАСТ да се оштети.
▶ Користете ислучиво оригинален кабел! Пред секое користење проверете дали е оштетен уредот, кабелот и приклучокот. Кабелот не смее да се поправа, туку мора да се замени.
▶ Одржувањето и поправката треба да се изведуваат само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ће бидете сигурни во безбедноста на електричниот алат.
Секогаш поврзете го прво електричниот алат со струјниот уред PUC-EXACT, пред да го приключите струјниот уред на струјна мрежа.
Вметнете го кабелот од уредот (7) во приклучната чаура (13) на струјниот уред PUC-EXACT. Внимавајте жлебот (15) точно да одговара на спојката на кабелот на уредот на игличките од приклучната чаура. Завртете ја чаурата (11) во правец на стрелките на часовникот на приклучната чаура.
Кај електричните рамни одвртувачи со старт на подигање внимавајте да не го ставите одвртувачет на лостот за подигање, пред да го приключите струјниот уред PUC-EXACT на струјна мрежа. На тој начин їе го спречите невнимателното ставање во употреба на одвртувачет.
Кај електричните рамни одвртувачи со старт на притискање внимавајте да не го притискате аксијално одвртувачот, пред да го приключите струјниот уред РУС-ЕХАСТ на струјна мрежа. На тој начин їе го спречите невнимателното ставање во употреба на одвртувачот.
Прво вметнете го приключокот (18) на мрежниот кабел (19) во прилучната чаура (21) на струјниот уред PUC-EXACT. Сега можете PUC-EXACT да го прилучите на струјното напојување, со вметнување на мрежниот приключок (20) во прилучница со заштитен контакт.
Секогаш поврзете го прво струјниот кабел со струјниот уред PUC-EXACT, пред да го ставите струјниот приклучок (20) во приклучницата, инаку постои опасност од електричен удар.
Употреба

Користете лична заштитна опрема.
Секогаш носете заштита за очи.
Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто
се користат за соодветни услови, ке доведат до намалување на лични повреди.
Поставете го правецот на вртење

Десен тек: При испораката, електричниот алат е подесен за завртување на завртки и навртки (десен тек). Прекинувачот за правец на вртење (5) не е притиснат.

Лев тек: За олабавување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за правец на вртење (5). Со вртење на притиснатиот прекинувач за правец на вртење ова може да се блокира.
▶ Прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.
Вклучување/исклучување на струјниот уред PUC-EXACT (види слика А)
Најпрво мора да го активирате струјниот уред PUC-EXACT за да може да го включите електричниот алат С-EXACT (види „Приклучување на струјното напојување (види слики А - В)“, Страница 172).
За вклучување на струјниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (14) на струјниот уред во позиција „1“.
LED-приказот што свети зелено (16) покажува кога струјниот уред е подготвен за работа. PUC-EXACT-1: Доколку LED-приказот свети (17), има пречка.
За исклучување на струјниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување на струјниот уред (14) во позиција „0“.
Вклучување/исклучување на електричниот алат

Одвртувачите имаат спојка за ислучување која зависи од вртежниот момент и се подесува во дадените граници. Таа реагира доколку се постигне подесениот вртежен момент.
Електричен рамен одвртувач со старт на подигање За вклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9) до крај Електричниот алат автоматски се исклучува, штом се постигне подесениот вртежен момент.
▶ При предвремено отпуштање на прекинувачот за вклучување/исклучување (9) претходно подесениот вртежен момент нема да се постигне.
Електричен рамен одвртувач со старт на притискање За вклучување на електричниот алат, поставете го алатот за вметнување на завртката и со лесен аксијален притисок притиснете на одвртувачот.
Електричниот алат автоматски се исклучува, штом се постигне подесениот вртежен момент.
▶ При предвремено отпуштање на одвртувачет, на пр. доколку алатот за вметнување на одвртувачет се лизне од завртката, нема да се постигне претходно избраниот вртежен момент.
При вклучување на електричниот алат или со краток притисок на прекинувачот за десно-лево (5) ja активирате LED-работната светилка. LED светилката се гаси по околу 2 минути по последното завртување.
▶ Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
Совети при работењето
▶ Прекинете го струјното напојување, пред да почнете да го подесувате уредот, да менувате
174 | Македонски
делови од опремата или доколку долго време не сте го користеле електричниот алат. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот алат.
▶ Електричниот алат ставете го на навртката/завртката само доколку е ислучен. Доколку алатите што се вметнуваат се включени и се вртат, тие може да се превртат.
Подесување на вртежниот момент (види слики C - D)
Вртежниот момент зависи од преднапонот на пружината на исклучната спојка. Исклучната спојка се отпушта веднаш штом се постигне поставениот вртежен момент како во десен, така и во лев тек.
За подесување на индивидуалниот вртежен момент, користете го само алатот за поставување (22) што е испорачан со уредот.
– Турнете го лизгачот (10) од електричниот алат целосно наназад.
– Вметнете го алатот за поставување (22) во прифатот за алат (2) и полека свртете го.
- Веднаш штом забележите мала испакнатина (плочка за подесување (23)) на спојката, вметнете го алатот за поставување (22) во оваа испакнатина и свртете го.
Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава повисок вртежен момент, а вртењето во правец спротивен од стрелките на часовникот создава помал вртежен момент.
– Извадете го алатот за поставување (22). Турнете го лизгачот (10) повторно нанапред, за да ја заштитите спојката од нечистотија.
Напомена: Потребната поставка зависи од видот на сврзувањето и најдобро може да се одреди со практичен обид. Проверете го завртувањето со клуч за вртежен момент.
▶ Вртежниот момент поставете го само во наведените граници на јачина, инаку нема да одговара на спојката за исклучување.
Обележување на поставките на вртежниот момент
За обележување на индивидуално подесен вртежен момент, прстенот за обележување (4) може да го замените со прстен за обележување во друга боја. Притиснете го прстенот за обележување (4) со тенок одвртувач, шпатула или слично.
Секогаш користете го електричниот алат со прстен за обележување, за да бидете сигурни дека куќиштето е заштитено од прав и нечистотија.
Приказ за завртувања (зелена/цирвена LED светилка)
Со постигнување на претходно поставениот вртежен момент, спојката за ислучување се отпушта. LED-приказот (6) свети зелено.
Доколку претходно поставениот вртежен момент не се постигне, LED-приказот (6) свети црвено и се слуша звучен сигнал. Завртувањето на спојниците мора да се изведе уште еднаш.
Заштита од рестартирање кај електричните рамни одвртувачи со старт на подигање
Доколку при завртувањето на спојниците се активира спојката за исклучување, моторот се исклучува.
Повторното вклучување е возможно дури по 0,3 секунди пауза. Притоа се избегнува невнимателно зацврстување на веке фиксираните спојници.
Заштита од рестартирање кај електричните рамни одвртувачи со старт на притискање
Електричните алати немаат заштита од рестартирање и може повторно да се включат непосредно по автоматското ислучување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Исключете го струјниот уред PUC-EXACT од струјната мрежа, пред да го исчистите. Така ће избегнете опасност од струен удар. Ислучувањето на струјниот уред не е довольно.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
Подмачкување на електричниот алат

средство за подмачкување:
Специјална маст за погони (225 ml)
– По првите 150 работни часа, исчистете го кукиштето со растворувач. Следете ги напомените на производителот на растворувачот за користење и фрлање. На крај подмачкајте го кукиштето со специјална маст за погони од Bosch. Повторете го процесот на чистење по околу 300 работни часа од првото чистење.
– Подмачкајте ги подвижните делови на спојката за исклучување по 100000 завртувања со неколку капки моторно масло SAE 10/SAE 20. Подмачкајте ги лизгачките делови и оние што се тркалаат со моликотна маст. Проверете дали е изабена спојката, за да се осигурате дека нема да влијае на повторливоста и прецизноста. На крај, мора одново да се постави вртежниот момент на спојката.
▶ Одржувањето и поправката треба да се изведуваат само од страна на квалификуван стручен персонал. Само на тој начин ће бидете сигурни во безбедноста на електричниот алат.
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги извршува брзо и сигурно.
▶ Средствата за подмачкување и чистење отстранете ги на еколошки прифатлив начин. Внимавајте на законските прописи.
Опрема
Струјните уреди од серијата PUC-EXACT може да ги најдете кај Вашиот специјализиран трговец.
За комплетната квалитетна програма на опрема може да се информирате на интернет на www.bosch-pt.com и www.boschproductiontools.com или кај Вавиот специјализиран трговец.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивната имплементација во националното право, електричните алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.