CEXACT 1 Professional - некатегоризирано BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CEXACT 1 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 292 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice BOSCH CEXACT 1 Professional - page 168
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : CEXACT 1 Professional

Категорија : некатегоризирано

Преземете ги упатствата за вашиот некатегоризирано во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CEXACT 1 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CEXACT 1 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CEXACT 1 Professional BOSCH

Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните

u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. 1 609 92A 6L4 | (18.05.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 169 u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи

Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. Безбедносни напомени за одвртувачи u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за прицврстувачот да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако прицврстувачите дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар. u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување и може да предизвика електричен удар. u Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти. u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за завртување и одвртување на завртки како и за затегнување и одвртување на навртки во дадените граници на димензии и моќност. Тој смее да се приклучи на струјно напојување само преку струен уред од серијата на PUC-EXACT. Електричниот алат не е погоден да се користи како дупчалка; за да ги избегнете личните повреди и материјалните штети, никогаш не треба да го користите електричниот алат со спојка за исклучување за дупчење. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Алат за вметнување (напр. бит за одвртувач) (2) Прифат на алатот (3) Брзозатегнувачка глава ¼" (4) Прстен за обележување (5) Прекинувач за менување на правецот на вртење (6) LED-приказ на завртувањето на спојниците (7) Кабел за приклучок на струен уред PUC-EXACT (8) Обрач за закачување (9) Прекинувач за вклучување/исклучување Bosch Power Tools 1 609 92A 6L4 | (18.05.2021)170 | Македонски (10) Лизгач за избор на вртежен момент (11) Чаура на кабелот од уредот (12) Работно светло (13) Приклучна чаура на струјниот уред PUC-EXACT (14) Прекинувач за вклучување/исклучување на струјниот уред (15) Жлеб во спојката на кабелот од уредот (7) (16) LED-приказ за подготвеност за работа (17) LED-приказ за пречка (преоптоварување) (18) Приклучок на струјниот кабел (19) Струен кабел (20) Струен приклучок (21) Приклучна чаура за струјниот кабел (22) Алат за подесување (23) Плочка за подесување (24) Рачка (изолирана површина на рачката) Технички податоци Електричен рамен одвртувач со старт на притискање C-EXACT1 C-EXACT1 C-EXACT2 Број на дел/артикл

Номинален напон V 36 36 36 Номинална струја A 1,0 1,0 1,0 Број на вртежи во празен од min

макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO5393

Номинален напон V 36 36 36 Номинална струја A 1,0 1,0 1,0 Број на вртежи во празен од min

макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO5393

Номинален напон V 36 36 Номинална струја A 1,0 1,0 Број на вртежи во празен од min

макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO5393

in-lbs 1,0 – 6,0 8,9 – 53,1 1,0 – 6,0 8,9 – 53,1 1 609 92A 6L4 | (18.05.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 171 Електричен рамен одвртувач со старт на притискање C-EXACT6 C-EXACT6 Правец на вртење Прстен за обележување црн црн макс. завртки-Ø M 5 M 5 Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 kg lbs 0,87 1,4 0,87 1,4 Вид на заштита IP20 IP20 Електричен рамен одвртувач со старт на подигање C-EXACT1 C-EXACT1 C-EXACT2 Број на дел/артикл

Номинален напон V 36 36 36 Номинална струја A 1,0 1,0 1,0 Број на вртежи во празен од min

макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO5393

Номинален напон V 36 36 36 Номинална струја A 1,0 1,0 1,0 Број на вртежи во празен од min

Макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO 5393

in-lbs 0,5 – 3,5 4,4 – 31,0 0,5 – 3,5 4,4 – 31,0 0,5 – 3,5 4,4 – 31,0 Правец на вртење Прстен за обележување сив сив сив Макс. завртување-Ø M 2,5 M 2,5 M 4 Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 kg lbs 0,87 1,4 0,87 1,4 0,87 1,4 Вид на заштита IP 20 IP 20 IP 20 Електричен рамен одвртувач со старт на подигање C-EXACT6 C-EXACT6 Број на дел/артикл

Номинален напон V 36 36 Номинална струја A 1,0 1,0 Број на вртежи во празен од min

макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO5393

in-lbs 1,0 – 6,0 8,9 – 53,1 1,0 – 6,0 8,9 – 53,1 Правец на вртење Прстен за обележување црн црн Bosch Power Tools 1 609 92A 6L4 | (18.05.2021)172 | Македонски Електричен рамен одвртувач со старт на подигање C-EXACT6 C-EXACT6 макс. завртки-Ø M 5 M 5 Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 kg lbs 0,87 1,4 0,87 1,4 Вид на заштита IP20 IP20 Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN62841-2-2. Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A, типично изнесува 70 dB(A). Несигурност K=3 dB. Нивото на звучниот притисок при работењето може да надмине и 80dB(A). Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збир на три насоки) несигурност K дадени се во согласност со EN62841-2-2: Завртување: a

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

u Прекинете го струјното напојување, пред да почнете да го подесувате уредот, да менувате делови од опремата или доколку долго време не сте го користеле електричниот алат. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот алат. Работна околина и складирање Електричниот алат е исклучиво наменет за употреба во затворени простории. За беспрекорна работа, дозволената околна температура треба да биде меѓу –5 °C и +50 °C (23 °F и 122 °F), при дозволена релативна влажност на воздухот меѓу 20 и 95 % без кондензација. Електричниот рамен одвртувач треба да се складира на температура меѓу –20 °C (–4 °F) и 70 °C (158 °F), за да се избегнат штети на електрониката. Уред за закачување Со држачот за закачување (8) може да го прицврстите електричниот алат на уред за закачување. u Редовно контролирајте ја состојбата на обрачот за закачување и куките на држачот за закачување. Промена на алат Ставање на алатот за вметнување Извлечете ја брзозатегнувачката глава (3) нанапред. Ставете го алатот за вметнување (1) во прифатот за алат (2) и повторно олабавете ја брзозатегнувачката глава. Користете само алати за вметнување со соодветен крај за вметнување (1/4"-шестаголна глава). u При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да се случи да не може да се контролира. Вадење на алатот за вметнување Извлечете ја брзозатегнувачката глава (3) нанапред. Извадете го алатот за вметнување (1) од прифатот за алат (2) и повторно олабавете ја брзозатегнувачката глава. Приклучување на струјното напојување (види сликиA - B) Електричниот алат се испорачува без струен уред. За приклучување на струјно напојување потребен ви е струен уред PUC-EXACT. u Користете го струјниот уред PUC-EXACT исклучиво со електричните алати што се предвидени за него. Работата на другите електрични уреди може да доведе до уништување на PUC-EXACT и овие уреди. u Никогаш не се обидувајте да го приклучите електричниот алат C-EXACT директно на струјната мрежа. Не користете продолжен кабел. Со тоа може електричниот алат C-EXACT да се оштети. 1 609 92A 6L4 | (18.05.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 173 u Користете исклучиво оригинален кабел! Пред секое користење проверете дали е оштетен уредот, кабелот и приклучокот. Кабелот не смее да се поправа, туку мора да се замени. u Одржувањето и поправката треба да се изведуваат само од страна на квалификуван стручен персонал. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот алат. Секогаш поврзете го прво електричниот алат со струјниот уред PUC-EXACT, пред да го приклучите струјниот уред на струјна мрежа. Вметнете го кабелот од уредот (7) во приклучната чаура (13) на струјниот уред PUC-EXACT. Внимавајте жлебот (15) точно да одговара на спојката на кабелот на уредот на игличките од приклучната чаура. Завртете ја чаурата (11) во правец на стрелките на часовникот на приклучната чаура. Кај електричните рамни одвртувачи со старт на подигање внимавајте да не го ставите одвртувачот на лостот за подигање, пред да го приклучите струјниот уред PUC-EXACT на струјна мрежа. На тој начин ќе го спречите невнимателното ставање во употреба на одвртувачот. Кај електричните рамни одвртувачи со старт на притискање внимавајте да не го притискате аксијално одвртувачот, пред да го приклучите струјниот уред PUC- EXACT на струјна мрежа. На тој начин ќе го спречите невнимателното ставање во употреба на одвртувачот. Прво вметнете го приклучокот (18) на мрежниот кабел (19) во приклучната чаура (21) на струјниот уред PUC- EXACT. Сега можете PUC-EXACT да го приклучите на струјното напојување, со вметнување на мрежниот приклучок (20) во приклучница со заштитен контакт. Секогаш поврзете го прво струјниот кабел со струјниот уред PUC-EXACT, пред да го ставите струјниот приклучок (20) во приклучницата, инаку постои опасност од електричен удар.

Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. Поставете го правецот на вртење Десен тек: При испораката, електричниот алат е подесен за завртување на завртки и навртки (десен тек). Прекинувачот за правец на вртење (5) не е

Лев тек: За олабавување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за правец на вртење (5). Со вртење на притиснатиот прекинувач за правец на вртење ова може да се блокира. u Прекинувачот за менување на правецот на вртење(5) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од. Вклучување/исклучување на струјниот уред PUC-EXACT (види сликаA) Најпрво мора да го активирате струјниот уред PUC-EXACT за да може да го вклучите електричниот алат C-EXACT (види „Приклучување на струјното напојување (види сликиA - B)“, Страница172). За вклучување на струјниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (14) на струјниот уред во позиција „1“. LED-приказот што свети зелено (16) покажува кога струјниот уред е подготвен за работа. PUC-EXACT-1: Доколку LED-приказот свети (17), има

За исклучување на струјниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување на струјниот уред (14) во позиција „0“. Вклучување/исклучување на електричниот

Одвртувачите имаат спојка за исклучување која зависи од вртежниот момент и се подесува во дадените граници. Таа реагира доколку се постигне подесениот вртежен момент. Електричен рамен одвртувач со старт на подигање За вклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9) до крај. Електричниот алат автоматски се исклучува, штом се постигне подесениот вртежен момент. u При предвремено отпуштање на прекинувачот за вклучување/исклучување (9) претходно подесениот вртежен момент нема да се постигне. Електричен рамен одвртувач со старт на притискање За вклучување на електричниот алат, поставете го алатот за вметнување на завртката и со лесен аксијален притисок притиснете на одвртувачот. Електричниот алат автоматски се исклучува, штом се постигне подесениот вртежен момент. u При предвремено отпуштање на одвртувачот, напр. доколку алатот за вметнување на одвртувачот се лизне од завртката, нема да се постигне претходно избраниот вртежен момент. При вклучување на електричниот алат или со краток притисок на прекинувачот за десно-лево (5) ја активирате LED-работната светилка. LED светилката се гаси по околу 2 минути по последното завртување. u Не гледајте директно во него, може да ве заслепи. Совети при работењето u Прекинете го струјното напојување, пред да почнете да го подесувате уредот, да менувате Bosch Power Tools 1 609 92A 6L4 | (18.05.2021)174 | Македонски делови од опремата или доколку долго време не сте го користеле електричниот алат. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот алат. u Електричниот алат ставете го на навртката/ завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се превртат. Подесување на вртежниот момент (види сликиC - D) Вртежниот момент зависи од преднапонот на пружината на исклучната спојка. Исклучната спојка се отпушта веднаш штом се постигне поставениот вртежен момент како во десен, така и во лев тек. За подесување на индивидуалниот вртежен момент, користете го само алатот за поставување (22) што е испорачан со уредот. – Турнете го лизгачот (10) од електричниот алат целосно наназад. – Вметнете го алатот за поставување (22) во прифатот за алат (2) и полека свртете го. – Веднаш штом забележите мала испакнатина (плочка за подесување (23)) на спојката, вметнете го алатот за поставување (22) во оваа испакнатина и свртете го. Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава повисок вртежен момент, а вртењето во правец спротивен од стрелките на часовникот создава помал вртежен момент. – Извадете го алатот за поставување (22). Турнете го лизгачот (10) повторно нанапред, за да ја заштитите спојката од нечистотија. Напомена: Потребната поставка зависи од видот на сврзувањето и најдобро може да се одреди со практичен обид. Проверете го завртувањето со клуч за вртежен

u Вртежниот момент поставете го само во наведените граници на јачина, инаку нема да одговара на спојката за исклучување. Обележување на поставките на вртежниот момент За обележување на индивидуално подесен вртежен момент, прстенот за обележување (4) може да го замените со прстен за обележување во друга боја. Притиснете го прстенот за обележување (4) со тенок одвртувач, шпатула или слично. Секогаш користете го електричниот алат со прстен за обележување, за да бидете сигурни дека куќиштето е заштитено од прав и нечистотија. Приказ за завртувања (зелена/црвена LED светилка) Со постигнување на претходно поставениот вртежен момент, спојката за исклучување се отпушта. LED- приказот (6) свети зелено. Доколку претходно поставениот вртежен момент не се постигне, LED-приказот (6) свети црвено и се слуша звучен сигнал. Завртувањето на спојниците мора да се изведе уште еднаш. Заштита од рестартирање кај електричните рамни одвртувачи со старт на подигање Доколку при завртувањето на спојниците се активира спојката за исклучување, моторот се исклучува. Повторното вклучување е возможно дури по 0,3 секунди пауза. Притоа се избегнува невнимателно зацврстување на веќе фиксираните спојници. Заштита од рестартирање кај електричните рамни одвртувачи со старт на притискање Електричните алати немаат заштита од рестартирање и може повторно да се вклучат непосредно по автоматското исклучување. Одржување и сервис Одржување и чистење u Исклучете го струјниот уред PUC-EXACT од струјната мрежа, пред да го исчистите. Така ќе избегнете опасност од струен удар. Исклучувањето на струјниот уред не е доволно. Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста. Подмачкување на електричниот алат средство за подмачкување: Специјална маст за погони (225 ml) Број на дел/артикл 3 605 430 009 Моликотна маст Моторно масло SAE 10/SAE 20 – По првите 150 работни часа, исчистете го куќиштето со растворувач. Следете ги напомените на производителот на растворувачот за користење и фрлање. На крај подмачкајте го куќиштето со специјална маст за погони од Bosch. Повторете го процесот на чистење по околу 300 работни часа од првото чистење. – Подмачкајте ги подвижните делови на спојката за исклучување по 100000 завртувања со неколку капки моторно масло SAE 10/SAE 20. Подмачкајте ги лизгачките делови и оние што се тркалаат со моликотна маст. Проверете дали е изабена спојката, за да се осигурате дека нема да влијае на повторливоста и прецизноста. На крај, мора одново да се постави вртежниот момент на спојката. u Одржувањето и поправката треба да се изведуваат само од страна на квалификуван стручен персонал. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот алат. Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги извршува брзо и сигурно. u Средствата за подмачкување и чистење отстранете ги на еколошки прифатлив начин. Внимавајте на законските прописи. 1 609 92A 6L4 | (18.05.2021) Bosch Power ToolsSrpski | 175

Струјните уреди од серијата PUC-EXACT може да ги најдете кај Вашиот специјализиран трговец. За комплетната квалитетна програма на опрема може да се информирате на интернет на www.bosch-pt.com и www.boschproductiontools.com или кај Вашиот специјализиран трговец. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете

EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: *

рамен одвртувач со старт на притискање/

рамен одвртувач со старт на