DML810 - Ламба MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот DML810 MAKITA во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Ламба во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник DML810 - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. DML810 на марката MAKITA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК DML810 MAKITA
(Д x Ш x В) 420 мм x 420 мм x 787 мм Нето тежина (без касета за батерија и кабел за напојување) 13,9 кг Степен на заштита DC: IP54 (напојување само со батерии) AC: IP20
- Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите тука подлежат на промена без најава.
- Спецификациите може да се разликуваат од држава до држава.
- Времињата на работење се приближни и може да се разликуваат во зависност од типот на батеријата, статусот на полнењето и условите на користење. Применлива касета за батерија и полнач Касета за батерија Модел D.C.14,4 V BL1415N / BL1430B / BL1460B Модел D.C.18 V BL1815N / BL1820B / BL1830B / BL1840B / BL1850B / BL1860B Полнач DC18RC / DC18RD / DC18RE / DC18SD / DC18SE / DC18SF / DC18SH / DC18WC
- Некои од касетите за батерии и полначите наведени погоре може да не се достапни зависно од регионот во кој живеете. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користете ги само касетите за батерии и полначите наведени погоре. Користењето какви било поинакви касети за батерии и полначи може да создаде ризик од повреда и/или
Долунаведените ги прикажуваат симболите што може да се користат кај опремата. Пред употребата, проверете дали го разбирате нивното значење. Прочитајте го упатството за користење. Ni-MH Li-ion Само за земјите на ЕУ Поради присуство на опасни компоненти во опремата, отпадната електрична и електронска опрема, акумулаторите и батериите може да влијаат негативно врз животната средина и човековото здравје. Не фрлајте ги електричните и електронските апарати или батериите во домашниот отпад! Во согласност со Европската директива за фрлање електрична и електронска опрема, акумулатори, батерии и отпадни акумулатори и батерии, како и нивната адаптација во државниот закон, отпадната електрична опрема, батериите и акумулаторите треба да се чуваат одделно и да се достават на посебно место за собирање општински отпад, во согласност со прописите за заштита на животната средина. Ова е означено со симболот на пречкртана корпа за отпадоци ставен на опремата. Посветете особена грижа и внимание.168 МАКЕДОНСКИ Оптичко зрачење (UV и IR). Минимално изложување на очи или
Не гледајте во работната ламбичка. Користете соодветен штит или заштита
Не користете го уредот на дожд или снег кога се користи со двонасочна струја. Копче за рестартирање на прекинувачот.
Овој производ содржи извори на светлина од класата на енергетска ефикасност <C> и <D>.
Алатот треба да се поврзува само со напојување со напон како што е назначено на плочката и може да работи само на еднофазна наизменична струја. Овој алат треба да се поврзе со заземјување додека се користи за заштита на операторот од струен удар. Користете само продолжни кабли со три жици кои имаат заземјување со три краци и штекови со три пола во кои влегува приклучникот на алатот. БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и сите упатства. Ако не се почитуваат предупредувањата и упатствата, може да дојде до струен удар, пожар или тешки повреди. ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И СЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА.
1. Кога уредот не се користи, секогаш
исклучувајте ја/извадете ја касетата за батеријата од алатот.
Не покривајте ја ламбичката, ниту заглавувајте го отворот на уредот со крпа или картон итн. Во спротивно, може да се предизвика пламен.
Кога го користите уредот со двонасочна струја, не користете го на влажни или мокри локации.
4. Не изложувајте го уредот на дожд или снег.
Никогаш немојте да го миете во вода.
5. Не користете го уредот во средини каде
што постои опасност од експлозија, како на пример во присуство на запаливи течности, гасови или прав.
Приклучоците за уредот мора да одговараат на штекерот. Никогаш и никако не менувајте ги приклучоците. Употребата на немодифицирани приклучоци и соодветни штекери ќе го намали ризикот од електричен удар.
7. Кога работите со уредот, избегнувајте
телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, микробранови печки или фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар ако вашето тело е заземјено.
8. Не злоупотребувајте го кабелот. Никогаш не
користете го кабелот за носење, влечење или за исклучување на уредот. Кабелот држете го настрана од топлина, масло, остри агли или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од електричен удар.
Ако надворешниот флексибилен кабел или кабелот на оваа светилка е оштетен, треба да се замени со специјален кабел или кабел што е исклучително достапен од производителот или неговиот агент за сервис.
Не гледајте директно во изворот на светлината.
11. Не ракувајте со приклучокот со влажна или
12. Секогаш поставувајте го уредот на рамно и
стабилно место. Во спротивно, може да дојде до несреќа од паѓањето.
13. Секогаш поставувајте го уредот во
Изворот на светлина што се содржи во оваа светилка треба да го замени само производителот или неговиот агент за сервис, или, пак, слично квалификувано лице.
15. Не оставајте го кабелот за напојување
исклучен од уредот додека се напојува од штекер. Тоа може да предизвика струен удар.
16. Не користете ја рачката за носење за
никаква друга намена освен за носење на уредот, како на пример подигање.
17. Не изложувајте го уредот на искри или
корозивна атмосфера итн. Користење и грижа за алатот на батерии
1. Полнете само со полначот одреден од
страна на производителот. Полнач што е соодветен за еден тип батерија може да создаде ризик од пожар кога се користи со друга батерија.
2. Исклучиво користете ги електричните
алати со конкретно наменети батерии. Користењето други батерии може да создаде ризик од повреда или пожар.
3. Кога батеријата не се користи, држете ја
настрана од други метални предмети, како што се спојувалки, монети, клучеви, шрафови или други мали метални предмети што можат да послужат како врска од еден на друг приклучок. Краткиот спој на батериските приклучоци може да доведе до изгореници или пожар.
4. При случаи на злоупотреба, од батеријата
може да истече течност. Избегнувајте контакт со неа. Ако дојде до ненамерен контакт, измијте со вода. Ако течноста дојде во допир со очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течноста што истекла од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.169 МАКЕДОНСКИ
5. Не користете батерии или алат што се
оштетени или менувани. Оштетените или менуваните батерии може да прикажуваат непредвидливо однесување што резултира со оган, експлозија или опасност од повреда.
6. Не изложувајте ги батериите или алатот
на оган или прекумерна температура. Изложувањето на оган или температура над 130°C може да предизвика експлозија.
7. Следете ги сите упатства за полнење
и не полнете ги батериите или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатството. Неправилното менување или менувањето на температури надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од оган. СЕРВИСИРАЊЕ
1. Сервисирањето на уредот мора да го извршува
само персонал што е квалификуван за поправки. Сервисирањето и одржувањето што го извршува неквалификуван персонал може да резултира со опасност од повреда.
2. При сервисирањето на уредов, користете
само идентични резервни делови за замена. Користењето неовластени делови или непочитувањето на упатствата за одржување може да создаде опасност од струен удар или
3. Не спалувајте го уредот, дури ни кога е многу
оштетен. Батериите може да експлодираат ако се стават во оган. Фрлете го уредот во согласност со локалните регулативи. Важни безбедносни упатства за касетата за батеријата
1. Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки за претпазливост на (1) полначот за батеријата, (2) батеријата и (3) производот што ја користи батеријата.
2. Не расклопувајте ја, ниту експериментирајте
со касетата за батеријата. Тоа може да резултира со оган, прекумерна топлина или експлозија.
3. Ако оперативното времето станало
прекумерно кратко, престанете веднаш со работа. Тоа може да резултира со ризик од прегревање, можни изгореници, па дури и експлозија.
4. Ако електролит навлезе во вашите очи,
измијте ги со чиста вода и побарајте медицинска нега веднаш. Тоа може да резултира со губење на вашиот вид.
5. Не предизвикувајте спој на касетата за
батеријата. (1) Не допирајте ги контактите со никаков проводлив материјал. (2) Избегнувајте да ја чувате касетата за батерија во сад со други метални предмети како што се шајки, монети и сл. (3) На изложувајте ја касетата за батеријата на вода или дожд. Краткиот спој на батеријата може да предизвика голем проток на електрична енергија, прегревање, можни изгореници, па дури и пад на напојувањето.
6. Не складирајте и не користете ги алатот
и касетата за батеријата на места каде што температурата може да достигне или надминува 50 °C (122 °F).
7. Не палете ја касетата за батеријата дури
и кога е многу оштетена или целосно потрошена. Касетата за батеријата може да експлодира ако се стави во оган.
8. Не заковувајте ја, сечете ја, фрлајте ја,
испуштајте ја касетата за батерија, ниту удирајте ја од тврд предмет касетата за батеријата. Таквото однесување може да резултира со оган, прекумерна топлина или експлозија.
9. Не користете оштетена батерија.
10. Содржаните батерии со литиумови јони
се подложни на условите во Правилата за опасни предмети. За комерцијален транспорт на пр. од трети лица и посредници, мора да се следат посебните услови на пакувањата или ознаките. При подготовка на предметот кој треба да се испрати, консултирајте се со експерт за опасни материјали. Исто така, следете ги потенцијално подеталните национални правила. Залепете ги со леплива лента или маскирајте ги отворените контакти, а батеријата спакувајте ја, така што нема да се движи слободно во пакувањето.
11. Кога ја фрлате во отпад касетата за
батеријата, извадете ја од алатот и фрлете ја на безбедно место. Почитувајте ги локалните законски прописи што се однесуваат на фрлање во отпад на батеријата.
12. Користете ги батериите само со
производите назначени од Makita. Монтирањето батерии на неусогласените производи може да резултира со пожар, прекумерна топлина, експлозија или истекување на електролитот.
13. Доколку алатот не се користи подолг
временски период, батеријата мора да се извади од алатот.
14. Пред и по употребата, касетата за
батеријата може да прими топлина што може да предизвика изгореници или изгореници од ниска температура. Внимавајте како ракувате со жешките касети за батерии.
15. Не допирајте го терминалот на алатот
непосредно по употребата бидејќи може да се загрее доволно за да предизвика изгореници.
16. Не дозволувајте деланки, прав или земја
да се заглават во терминалите, отворите и жлебовите на касетата за батерија. Тоа може да предизвика греење, запалување, пукање и дефект на алатот или касетата за батерија, што ќе резултира со изгореници или телесна повреда.170 МАКЕДОНСКИ
17. Освен ако алатката не поддржува употреба
на електричните далноводи со висок напон во близина, не користете ја касетата за батерија во близина на електричните далноводи со висок напон. Тоа може да резултира со дефект или пад на напојувањето на алатот или касетата за батерија.
18. Држете ја батеријата подалеку од деца.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО. ВНИМАНИЕ: Користете само оригинални батерии на Makita. Користењето неоригинални батерии на Makita или батерии што се изменети може да резултира со распукување на батеријата, предизвикувајќи пожар, телесна повреда и оштетување. Тоа исто така ќе ја поништи гаранцијата на Makita за алатот и полначот на Makita. Совети за одржување максимален работен век на батеријата
Заменете ја касетата за батеријата пред целосно да се испразни. Секогаш запирајте ја работата со алатот и заменете ја касетата за батеријата кога ќе забележите дека алатот дава помала моќност.
2. Никогаш немојте да полните целосно полна
касета за батерија. Прекумерното полнење го скратува работниот век на батеријата.
3. Полнете ја касетата за батеријата на собна
температура од 10°C - 40°C. Дозволете загреаната касета за батерија да се олади пред да ја ставите на полнење.
4. Кога не ја користите касетата за батерија,
извадете ја алатот или полначот.
Полнете ја касетата за батеријата доколку не ја користите подолго време (повеќе од шест месеци). ОПИС НА ДЕЛОВИТЕ ► Сл.1 1 Рачка за носење 2 Индикатор за осветленост 3 Копче за менување на осветленоста4 Копче на прекинувачот за напојување5 Копче за менување на просторот за осветлување6 Отвор за катанец 7 Капак на батеријата 8 Блокирање на капакот 9 Кабел за напојување 10 Кука за кабелот за напојување 11 Капак за електричниот приклучок 12 Штекер за двонасочна струја 13 Копче за рестартирање на прекинувачот14 Довод на двонасочна струја - - НАПОМЕНА: Обликот на приклучокот на кабелот за напојување се разликува од земја во земја. ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ ВНИМАНИЕ: Пред секое нагодување или проверка на уредот, секогаш проверувајте дали е исклучен и касетата за батеријата е
Монтирање или отстранување на касетата за батеријата ВНИМАНИЕ: Секогаш исклучувајте го уредот пред да го монтирате или да ја отстраните касетата за батеријата. ВНИМАНИЕ: Држете ги уредот и касетата за батеријата цврсто кога ја монтирате или вадите касетата за батеријата. Ако не ги држите цврсто уредот и касетата за батеријата, тие може да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно оштетување, како и до телесна повреда. ВНИМАНИЕ: Внимавајте да не си ги фатите прстите помеѓу уредот и касетата за батерија кога ја полните касетата за батерија како и помеѓу уредот и капакот на батеријата кога го затворате капакот на батеријата. За да ја монтирате касетата за батеријата, ослободете ја бравата на капакот и отворете го капакот на батеријата. ► Сл.2: 1. Блокирање на капакот 2. Капак на
За монтирање на касетата за батерија, порамнете го јазичето на касетата за батерија со жлебот во куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја докрај додека не се блокира во место при што ќе се слушне звук. Потоа затворете го капакот на батеријата. ► Сл.3: 1. Копче 2. Касета за батерија За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете ја од уредот додека го лизгате копчето на предната страна на касетата.
Секогаш монтирајте ја касетата за батеријата целосно. Во спротивно, може ненадејно да испадне од уредот, предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг околу вас. ВНИМАНИЕ: Немојте да ја монтирате касетата за батеријата на сила. Ако касетата не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е поставена правилно. НАПОМЕНА: Може да се монтираат најмногу две касети за батерија, иако уредот користи една касета за батерија за работа.171 МАКЕДОНСКИ Укажување на преостанатиот капацитет на батеријата Само за батерии со индикатор ► Сл.4: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
Притиснете го копчето за проверка на касетата за батеријата за укажување на преостанатиот капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички светнуваат неколку секунди. Индикаторски ламбички Преостанат
Запалено Исклучено Трепка 75% до 100% 50% до 75% 25% до 50% 0% до 25% Наполнете ја батеријата.
неисправна. НАПОМЕНА: Во зависност од условите на користење и амбиенталната температура, индикацијата може да се разликува во мала мера од реалниот капацитет. НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на индикаторот ќе трепка кога работи системот за заштита на батеријата. Систем за заштита на уредот/
Овој уред е опремен со систем за заштита. Овој систем автоматски го прекинува напојувањето за да го продолжи работниот век на уредот и на батеријата. Уредот автоматски ќе се исклучи за време на работењето ако тој или батеријата се најдат под еден од следниве услови. Заштита од преоптоварување Кога со уредот се работи на начин што предизвикува повлекување прекумерно висока струја, тој автоматски запира без никаква индикација. Во оваа ситуација, извадете ја и монтирајте ја касетата за батерија кога ја користите со еднонасочна струја или притиснете го копчето за рестартирање на прекинувачот кога користите двонасочна струја. Потоа, повторно вклучете го уредот за да се рестартира. ► Сл.5: 1. Копче за рестартирање на прекинувачот Заштита од прекумерно празнење Кога капацитетот на батеријата ќе се намали, LED- ламбичките се гасат освен делот од LED-ламбичките како што е прикажано. Потоа, приближно пет до десет минути подоцна, системот автоматски го прекинува напојувањето. Во таа ситуација, извадете ја касетата за батеријата од уредот и наполнете ја. ► Сл.6 Отвор за катанец За заштита од кражба на касетите со батерии, се обезбедува отвор за катанец. ► Сл.7: 1. Отвор за катанец
ВНИМАНИЕ: Уредов е наменет за комерцијална употреба. Не користете го уредот за употреба во домаќинството. Вклучување/исклучување на
Притиснете го копчето на прекинувачот за напојување за да го вклучите уредот. Притиснете го копчето на прекинувачот за напојување повторно за да го исклучите уредот. ► Сл.8: 1. Копче на прекинувачот за напојување НАПОМЕНА: Уредот се вклучува на истиот режим како последната поставка. Менување на осветленоста Притиснете го копчето за менување на осветленоста додека уредот работи. Осветленоста се намалува секојпат кога ќе го притиснете копчето за менување на осветленоста. Осветленоста ќе се врати на највисока кога се работи на најниска осветленост. ► Сл.9: 1. Копче за менување на осветленоста Менување на просторот за осветлување Притиснете го копчето за менување на просторот за осветлување додека уредот работи. ► Сл.10: 1. Копче за менување на просторот за осветлување Просторот за осветлување се менува секојпат кога ќе го притиснете копче за менување на просторот за осветлување како што е прикажано. ► Сл.11172 МАКЕДОНСКИ Користење со напојување со двонасочна струја Опционален прибор ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не користете го уредот кога кабелот или приклучокот се оштетени. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не ракувајте со приклучокот со влажна или мрсна рака. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не оставајте го кабелот за напојување исклучен од уредот додека се напојува од струја. Малите деца може да стават активен приклучок во устата и да предизвикаат повреда. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не ставајте го активниот приклучок или кабелот во устата. Тоа може да предизвика струен удар. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Осигурете се дека вредноста на напонот на главното напојување одговара на онаа кај уредот. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Штекерот што е приклучен мора да се заземјен. Кога го користите уредот со двонасочна струја, користете го кабелот за напојување што е доставен со уредот. Вметнете го приклучокот во доводот на двонасочна струја и потоа вметнете го другиот крај во штекерот. ► Сл.12: 1. Кабел за напојување 2. Капак за електричниот приклучок (довод на двонасочна струја) 3. Приклучок (за уредот) 4. Приклучок (за штекер) ВНИМАНИЕ: Осигурете се дека прво сте го вметнале приклучокот во уредот, потоа вметнете го другиот крај во штекерот. ВНИМАНИЕ: Секогаш затворајте го капак за електричниот приклучок цврсто кога кабелот за напојување не е приклучен. НАПОМЕНА: Дури и кога работи на напојување со еднонасочна струја, уредот автоматски се менува во режим на напојување со двонасочна струја кога е приклучен кабелот за напојување. НАПОМЕНА: Напојувањето со двонасочна струја не ја полни батеријата што е вметната во уредот. НАПОМЕНА: Обликот на приклучокот на кабелот за напојување се разликува од земја во земја. Меѓусебно поврзано користење Опционален прибор ВНИМАНИЕ: Не поврзувајте ниеден друг уред освен DML810 во штекер за двонасочна
ВНИМАНИЕ: Секогаш користете го кабелот за напојување што е доставен со уредот. ВНИМАНИЕ: Не поврзувајте меѓусебно уреди над максималниот број уреди за меѓусебно поврзување наведен во упатството. Кога го користите уредот што е меѓусебно поврзан со друг уред, поврзете ги со кабел за напојување. Вметнете го приклучокот во доводот на двонасочна струја на уредот за да се напојува, а потоа вметнете го другиот крај во штекерот за двонасочна струја од уредот за напојување. ► Сл.13: 1. Штекер за двонасочна струја НАПОМЕНА: Кога ги користите уредите што се меѓусебно поврзани, операциите како вклучување/ исклучување, менување на осветленоста и менување на просторот за осветлување не се поврзани. Треба да се работи со секој уред. Организирање на кабелот за
Цврсто намотајте го кабелот за напојување на куката за кабелот за напојување. ► Сл.14: 1. Кабел за напојување 2. Кука за кабелот за напојување
ВНИМАНИЕ: Пред секоја проверка или одржување, секогаш проверувајте дали уредот е исклучен и касетата за батеријата е извадена. ЗАБЕЛЕШКА: За чистење, не користете нафта, бензин, разредувач, алкохол или слично. Тие средства ја вадат бојата и може да предизвикаат деформации или пукнатини. За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на производот, поправките, одржувањата или дотерувањата треба да се вршат во овластени сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш со резервни делови од Makita. ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР ВНИМАНИЕ: Овој прибор или додатоци се препорачуваат за користење со алатот од Makita дефиниран во упатството. Со користење друг прибор или додатоци може да се изложите на ризик од телесни повреди. Користете ги приборот и додатоците само за нивната назначена намена. Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот, прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
- Оригинална батерија и полнач на Makita НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие може да се разликуваат од држава до држава.173 СРПСКИ СРПСКИ (Оригинално упутство) ТЕХНИЧКИ ПОДАЦИ Модел: DML810 LED 0,2 W x 202 Номинални напон AC 100 V – 240 V, 50/60 Hz DC 14,4V / 18V Светлосни флукс 5.500 lm / 3.000 lm / 1.500 lm
6. Немојте да складиштите и користите
Светли Искључено Трепће Од 75% до 100% Од 50% до 75% Од 25% до 50% Од 0% до 25%
Notice-Facile