BOSCH GardenPump 18 - Водена пумпа

GardenPump 18 - Водена пумпа BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GardenPump 18 BOSCH во PDF формат.

📄 311 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GardenPump 18 - page 217

Прашања на корисниците за GardenPump 18 BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Водена пумпа во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GardenPump 18 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GardenPump 18 на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GardenPump 18 BOSCH

mk Оригинално упатстро за работа

sr Originalno uputstvo za rad

s.l.izirma navodila

hr Originalne upute za rad

престане да функционира нормал- но.

Безбедносни напомени

▶ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства.

Непочитувањето на безбедносните предупредувања и упатства може

да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.

Толкување на символите на уредот

BOSCH GardenPump 18 - Толкување на символите на уредот - 1

Општи безбедносни правила.

BOSCH GardenPump 18 - Толкување на символите на уредот - 2

Прочитајте го упатството за употреба.

BOSCH GardenPump 18 - Толкување на символите на уредот - 3

Не користете ја машината ако е оштетен напојниот кабел.

BOSCH GardenPump 18 - Толкување на символите на уредот - 4

Полначот употребувајте го само во суви простории.

BOSCH GardenPump 18 - Толкување на символите на уредот - 5

Полначот е опремен со безбедносентрансформатор.

BOSCH GardenPump 18 - Толкување на символите на уредот - 6

Никогаш не насочувајте ја пералката директно кон луге, животни,

Ракувают мора да ракува со производот во склад со прописите. При ракувањето со уредот мора да ги земе пред вид конкретните услови. При работата мора да внимава на другите личности, а посебно на децата.
▶ Не дозволувајте им на деца, личности со ограничени физички, сензорни или психички ограничувања и/или недостаток на

знаење или на личности незапознаени со ова упатство да го употребуваат уредот. Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.

▶ Децата треба да бидат под надзор да не си играат со уредот.
▶ Не користете го уредот со течни растворувачи, неразредени киселини, ацетон или други средства како бензин, разредувачи или горивна нафта, бидејки нивните испарувања се лесно запалливи, експлозивни и отровни.
▶ Не прскајте азбестни и други материјали коишто се штетни по здравјето.
▶ Не користете го уредот со солена вода.
▶ Пумпата не треба да се користи на места, кадешто има лица во вода.
▶ Не употребувајте го уредот, ако температурата на водата е повисока од 35 °C.
▶ Од истекување на маслото за подмачкување, може да дојде до благо загадување на водата.
▶ При наводнувањето на градината внимавајте да чекорите сигурно, особено на нерамни или влажни површини.
▶ Внимавајте бурето за дождовница секогаш да е затворено со капак или слично, за во него да не паднат деца или животни.

▶ Не редете ништо во тркалото од пумпата додека пумпата работи.

Примена

▶ Пред употреба проверете дали уредот и дополнителната опрема се во функционална состојба и дали се безбедни за употреба. Не користете го уредот доколку не е во одлична состојба.
▶ Не вршете промени на уредот.

Несоодветните модификации може да влијаат на безбедноста на Вашиот уред, предизвикувајки зголемена бучава и вибрации и лоши перформанси.

▶ Работната единица секогаш прицврстете ја за зид или друга подлога.
Внимавајте при бушење на дупките.
▶ Никогаш не натопувајте ја работната единица.
▶ Пумпата работи само кога капакот на работната единица е затворен и клучот е цврсто на долната положба.
▶ Работната единица држете ја во сенка. Работната единица има термостат како безбедносна мерка. Ако е претопло, се гасне.
▶ Не носете, не бесете и не држете го уредот за кабелот. Заштитете го продолжниот кабел од топлина, масла и остри рабови.
▶ Некои предмети можат да отскокнат поради високиот

притисок на млазот. Носете лична заштита, на пример заштитни наочари.

▶ Никогаш не користете го уредот без филтер, или со оштетен или валкан филтер.
▶ Не користете го приклучокот со овоздушувач за црево, на пример со приклучок за висок притисок.
▶ Капакот на работната единица секогаш треба да биде затворен.

Напомени за оптимално користење на батериите

▶ Не ја отворајте батеријата.

Постои опасност од краток спој.

BOSCH GardenPump 18 - Напомени за оптимално користење на батериите - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување

на сончеви зраци, орган, вода и влага. Постои опасност од експлозија.

▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот.

Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира или да се прегрее.

▶ Не предизвикувајте краток спој на батеријата. Инаку, постои опасност од експлозија.
▶ Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
▶ Наполнете го мерниот уред со испорачаниот полнач.
Невградената батерија чувајте ја понастрана, парички, клучеви, шајки, шрафчиња и други ситни метални предмети, кои можат да доведат до краток спој меѓу контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени побарајте помош од лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, дополнително побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.

Безбедносни напомени за полначи

BOSCH GardenPump 18 - Безбедносни напомени за полначи - 1

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и

упатства. Непочитувањето на безбедносните предупредувања и упатства може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.

Чувајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства за идни консултации.

▶ Користете го полначот само откако ке ги проучите сите функции и може да ги примените истите без ограничувања или откако ке ги добиете потребните упатства.
▶ Не дозволувајте им на деца, личности со ограничени физички, сензорни или психички ограничувања и/или недостаток на знаење или на личности незапознаени со ова упатство да го употребуваат уредот. Државните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.
▶ Надгледувајте ги децата. Така їе се осигурате дека децата нема да си играат со полначот.
▶ Полнете само Bosch литиум-јонски акумулатори со капацитет од 1,5 Ah (од 5 акумулаторски келии). Напонот на батеријата мора да одговара на напонот за полнење на батеријата на полначот. Не пробувајте да

полните батерии кои не се полнливи. Во спротивно, постои ризик од пожар и од експлозија.

BOSCH GardenPump 18 - Чувајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства за идни консултации. - 1

Полначот држете го подалеку од дожд и влага.

Навлегувањето на вода во полначот го зголемува ризикот од електричен удар.

▶ Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се извалка, постои опасност од електричен удар.
▶ Пред секое користење, проверете ги полначот, кабелот и приклучокот. Не го користете полначот, доколку забележите оштетувања. Не го отворајте сами полначот и оставете го на поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе користи само оригинални резервни делови. Оштетениот полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за електричен удар.

▶ Не го користете полначот на лесно запалива подлога (на пр. хартија, текстил итн.) одн. во запалива околина. Постои опасност од пожар заради затоплувањето на уредот што произлегува при полнењето.

▶ Не ги покривајте отворите за проветрување на полначот. Инаку полначот може да се прегрее и да не функционира правилно.

▶ За зголемена електрична безбедност, препорачуваме употреба на уред за резидуална струја со макс. јачина на струја од 30 mA. Секогаш проверете ја Физаштитната склопка пред употреба.

Складирање

▶ Кога постои опасност од замрзнување, на есен и на зима, извадете ја пумпата од напојувањето со вода.
▶ Пред складирање, секогаш испразнете ја водата од пумпата.
▶ Пумпата и работната единица складирајте ги во простор кој не мрзне.
▶ Секогаш вадете ја батеријата кога го складирате уредот внатре.

Одржување, опрема, резервни делови

▶ Пред да извршувате било какви операции на одржување на уредот, секогаш извадете ја батеријата.
▶ Може да се користат само додатна опрема и резервни делови одобрени од произведувачот на уредот. Оригиналната додатна опрема и оригиналните резервни делови гарантираат дека уредот може да се користи безбедно и без расипување.
▶ Поправките на уредот се вршат само во овластен Бош сервис.

Ознаки

Следните символи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги символите и нивното значење. Точната интерпретација на символите ће ви помогне подобро и побезбедно да го користите уредот.

Ознака Значење

Правец на движење
Правец на реакција
Вклучување
Исклучување
Дозволена функција
Забранети акции
CLICK!Чујна бучава
Тежина
Максимална длабочина на потопување
максимална температура на водата

Употреба со соодветна намена

Производот е наменет за домашна употреба, за наводнување цвеќе, тревници и зеленчук со испумпување вода од буре за дождовница. Производот може да се користи и за чистење во помал обем.

Не употребувајте го производот во базен или на надморска височина преку 2000 m.

Нумерирањето на напишаните компоненти се однесува на приказот на уредот на страните со цртежи.

(1) Прекинувач за вклучување/исклучување
(2) Приказ за наполнетост на батеријата
(3) Приказ за пречки
(4) Tajmer сијаличка
(5) Копче за местење на тајмерот
(6) Работна единица
(7) Рачка за затворање
(8) Држач за буре
(9) Безбедносна завртка

(10) Сиден држач

(11) Водилка за цревото

(12) Приклучок со овоздушувач за цревото

(13) Црево за сврзување

(14) Универзален приклучок

(15) Фиксатор за цревото

(16) Кабелска стега

(17) Филтер

(18) Пумпа за дождовница

(19) Приклучок за цревото

(20) Приклучен кабел

(21) Утикач

(22) Батерија

Пумпа за дождовница GardenPump 18
Пумпа Работна единица
Број на артикл3 600 HC4 1..3 600 HC4 0..
Капацитет (Q) l/h 1800
Висина на употреба (H) м 17,5
1.8m Максимална длабочина на потопувањем 1,8
35°C max максимальна температура на водата°C 35
Номинален напон V 18 18
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 кг 0,6 0,6
Сериски број види ја натписнатаплочка на уредотвиди ја натписната плочка на уредот

Користете ја пумпата само со оперативната единица на пумпата за дождовница GardenPump 18.

222 | Македонски

Батерија Литиум-јонска

Препорачана околна температура при полнење °C 0 ... +45
Дозволена околна температура при полнење ^A) и при складирање °C -20 ... +50
Номинален напон V 18
Број на їелии при капацитет на батерија
– Батерија со 1,5 Ah 5
– Батерија со 2,0 Ah 5
– Батерија со 2,5 Ah 5
– Батерија со 3,5 Ah 5
– Батерија со 4,0 Ah 10
– Батерија со 6,0 Ah 10

A) ограничена јачина при температури <0 °C

Полнач AL 1810 CV

Број на артикл
EU 2 607 226 385
UK 2 607 226 387
Струја за полнење А 1,0
Време на полнење (празна батерија)
– Батерија со 1,5 Ah мин 94
– Батерија со 2,0 Ah мин124
– Батерија со 2,5 Ah мин154
– Батерија со 3,0 Ah мин185
– Батерија со 4,0 Ah мин244
– Батерија со 6,0 Ah мин364
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014кг0,17
Класа на заштита /

Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.

Полнење на батеријата

▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на полначот.

Батеријата е опремена со температурен монитор кој дозволува полнење само на температури од 0 °C до 35 °C степени. Така се обезбедува долготрајност на батеријата.

Совет: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.

Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не ї наштетува на батеријата.

Litiyum-јонската батерија е заштитена од длабинско празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. При празна батерија производот е опремен со заштита од включување: Пумпата не работи повеće.

Внимавајте на напомените за отстранување на батериите.

Полнењето започнува кога полначот е приключен во утикач и батеријата (22) е вметната во полначот (23).

Поради интелигентниот процес на полнење, автоматски се препознава Costaјбата на наполнетост на батеријата и ће биде наполнета со оптималниот капацитет во зависност од температурата и напонот на батеријата.

Така се негува батеријата и при чување во полначот постојано е наполнета.

Трепкаво светло на приказот за наполнетост на батеријата

BOSCH GardenPump 18 - Трепкаво светло на приказот за наполнетост на батеријата - 1

Процесот на брзо полнење се сигнализира со трепкање на приказот за полнење на батеријата.

Трајно светло на приказот за наполнетост на батеријата

BOSCH GardenPump 18 - Трајно светло на приказот за наполнетост на батеријата - 1

Трајното светло на приказот за наполнетост на батеријата сигнализира, дека батеријата е целосно наполнета или дека температурата на батеријата е надвор од дозволените

граници на температура за полнење и затоа не може да се наполни. Што се постигне дозволената граница на температура, батеријата е наполнета.

Без вметната батерија трајното светло на приказот за полнење на батеријата сигнализира дека струјниот приклучок е приключен на приклучницата и полначот е подготвен за работа.

Монтажа

Прицврстете го држачот за зид (10) покрај бурето за вода. Внимавајте на тоа дека растојанието до борето за вода е ограничено поради должената на приклучниот кабел.

Растојанието до бурето со висината на бурето не смее да биде поголемо од должината на кабелот.

При монтажата на сид, користете ја мустрата за дупчиња, за да ги означите позициите на шрафовите на сидот.

Ако немате можност да монтирате на сид, испорачаниот држач за буре (8) може да се прицврсти дирекно на ивицата на бурето.

Совет: При повишена температура, термостатот ја исклучува работната единица. Затоа, држачот на единицата треба бездруго да биде монтиран во сеновито место.

Вклучување на работната единица (види слика С)

Во случај на држач за сид, извадете ја сигурносната завртка (9) од држачот за сид, закачете ја работната единица(6) горе на држачот за сид и прицврстете ја оддолу со сигурносната завртка (9).

Во случај на држач за буре, закачете ја работната единица на држачот.

Одредување на потребната должна на кабелот и цревото за поврзување (види слика D)

Совет: Ставете ја пумпата околу 50 mm над дното на бурето, освен пред складирање, што може да ја оштети пумпата.

Измерете ја висината X и дијаметарот Д на бурето како и растојанието на местото на монтажа на работната единица E.

Должината на кабелот L _1 ke ја пресметате по следнава формула:

H + D + E - 250 mm

Должината L_2 на цревото на поврзување Ѽе ја пресметате по следнава формула: H – 130 mm

Одмотување на кабелот и продолжување на цревото за поврзување (види слика E)

Намотајте го вишокот кабел околу пумпата (18) и прицврстете го на дадената клема (16).

Извадете го овоздушувачот за цревото (12) со цревото за поврзување од фиксаторот на водилката за цревото (11). Пресечете го цревото за поврзување на должина L₂, и монтирајте го приключокот со овоздушувач за цревото (12) повторно на преостанатото црево за поврзување.

Ставете го овоздучувачот за црево (12) со цревото за поврзување во фиксаторот на водилката за цревото (11).

Цревото за поврзување можете и да не го скратувате, туку да го оставите. Притоа внимавајте на тоа дека овоздушувачот на цревото функционира само кога е монтиран на предвиденото место.

Поврзување на цревото за поврзување и кабелот (види слика F)

Насочете ги двополните утикачи (21) одоздола на единицата после резот и притиснете го утикачот додека соседема влезе во приклучокот.

Завртете ја навртката за врзување за да го зацврстите утикачот и да спречите влегување во вода.

Ставете го универсалниот приклучок (14) на цревото за поврзување (13) на приклучокот за црево (19) на пумпата.

Ставање на пумпата во бурето за вода и приклучување на цревото за наводнување (види слика G)

Ставете ја пумпата на монтираното црево за поврзување да плови.

Пумпата е опремена со обезвоздушување за полесна замена. Еден вентил го затвора воздухот кога пумпата работи. Вентилот при мрдање на пумпата предизвикува звук.

Закачете ја водилката за цревото на работ на бурето за дождовница и осигурајте се дека пумпата се наоға во предвидената положба.

Прицврстете едно црево за наводнување со обична спојка за црева на приклучокот со овоздушувач за цревото (12).

Совет: Не користете спојка за црева со автостоп, бидејки може да пречи на протокот.

Примена на затвореното буре за дождовница

Пумпата може да се користи и со затворено буре за дождовница. Во зависност од моделот, користете ги точките за пристап до кабелот и цревата на горниот дел од тапанот. Во некои случаи мора да исечете отвори. Осигурајте се дека не оставате остри рабови.

224 | Македонски

Ставање на батеријата (види слика Н)

За отворање на работната единица (6) кренете ја рачката за заклучување (7) нагоре и турнете го капакот на работната единица надолу. Турнете ја батеријата (22) одгоре на работната единица, додека да се вглави.

Затворете го капакор и турнете ја рачката за заклучување надолу. Пумпата може да стартува само ако работната единица е заклучена со рачката за заклучување.

Завршување на монтажата (види слика I)

Осигурајте се дека бурето за дождовница е затворено со капак или слично, за да не можат во него да паднат деца или животни.

Ракување

Ако пумпата не може да повлече вода, автоматски се вклучува заштитата од работа на суво.

Вклучување / Исклучување (види слика J)

За вклучување на пумпата притиснете го копчето за вклучување / исклучување (1). Индикаторот за наполнетост свети.

Индикаторот за наполнетост (2) го покажува нивото на наполнетост на батеријата:

ЛЕД светло Состојба на
наполнетост
Постојано зелено светло > 50 %
Постојано жолто светло 50 % - 20 %
Трајно црвено светло < 20 %
Трепка црвено светло Празно, извадете јабатеријата инаполнете ја

Совет: Ако индикаторот покажува грешка во уредот, види поглавие „Грешки - причини и помош“.

За гаснење на пумпата, притиснете го повторно копчето за вклучување / исклучување (1).

За да го активирате тајмерот, притиснете го, при включена пумпа, копчето за подесување (5).

После едно притискање, времето на работа їе биде 5 min. Со секое следно притиснување, времето на работа се продолжува по 5 min, до максимальни 15 min.

Избраното време ће се прикаже според соодветната сијаличка LED (4).

По истекот на зададеното време, пумпата автоматски се гаси.

За да го исключите тајмерот, притиснете го копчето за подесување (5) толку пати, додека се појави ознаката (4).

За отворање на работната единица (6) мрднете ја рачката за подесување (7) нагоре и турнете го капакот надолу.

Притиснете го копчето за подесување и повлечете ја батеријата (22) нагоре од работната единица. Притоа не употребувајте сила.

Затворете го капакот за да спречите влегување на влага.

Пумпата (18) е опремена со филтер (17) за избегнување оштетувања за време на работата. Редовно проверувајте и чистете го филтерот.

Повлечете го филтерот нагоре. Исчистете го филтерот во течна вода и вратете го во пумпата.

Грешки - причини и помош

Пумпа за дождовница

BOSCH GardenPump 18 - Грешки - причини и помош - 1

Светлото за грешки трепка црвеноБатеријата е премногу топла/ладна Пуштете батеријата да се загрее/олади
Светлото за грешки трепка жолтоАктивирана е заштитата од работа на суво Исклучете го уредот и ставете ја пумпата во вода
Пумпата не се вклучуваРаботната единица не е потполно затворена Затворете го капакот на работната единица и турнете ја рачката за заклучување надолу
Батеријата не е (правилно) вметната Правило ставете ја батеријата
Кабелот не е (правилно) приключен Правилно до крај притиснете го кабелот во утикач и осигурајте го со навлака
Празна батерија Наполнете ја батеријата
Пумпата/водата е замрзната Извадете ја пумпата и почекајте да се стопи мразот
Пумпата работи амасо смален капацитетили нема работенпритисок/притисокоте нерамномеренЗапушен воден филтер Извадете го и исчистете го филтерот
Премалку вода Проверете го нивото на водата и осигурајте седека пумпата е потполно натопена
Воздух во пумпата или цревото Извадете ја прскалката на цревото и пуштете јапумпата да работи со приключено црево, седодека водата не почне рамномерно да тече
Монтирана е спојка за црево со автостоп Спојката за црево заменете ја со спојка безавтостоп
Цревото е затнато Проверете го цревото да не е затнато илипревиткано
После гаснење напумпата, вода ипонатаму течеНе е монтиран приклучок со овоздушувач зацревотоМотирајте го приложениот приклучок соовоздушувач за цревото
Приклучок со овоздушувач за цревото не емонтиран на вистинското местоПриклучок со овоздушувач за цревотопоставете го така, што ќе бите потопен во вода
Трепка црвениотиндикатор набатеријата.Не е возможенпроцес на полнењеКонтактите на батеријата се извалкани Исчистете ги контактите на батеријата; на пр.повеќе пати вметнете ја и извадете јабатеријата, по потреба заменете ја
Дефектна батерија Менување на батеријата
Индикаторот набатеријата не трепказа време наполнењетоСтрујниот приклучок на полначот не е(правилно) вметнатСтрујниот приклучок (целосно) е вметнат восидната дозна
Утикачот, струјниот кабел или полначот седефектниПроверете го струјниот напон, а полначотоставете го на проверка во авторизиранасервисна служба за Bosch-електрични алати

Одржување, чистење, складирање

Одржување

Совет: Следниве операции извршувајте ги редовно, за да обезбедите долготрајна и сигурна употреба на уредот.

▶ Поправките на уредот се вршат само во овластен Бош сервис.

Проверете да се поставени и прицврстени сите заштитни капаци и штитници. Пред употреба спроведете ги сите неопходни проверки и поправки.

Редовно проверувајте го уредот за очигледни недостатоци, како што се лабави фитинзи и истрошени или оштетени делови.

Исклучете ја пумпата и извадете ја батеријата. Извадете ја пумпата со цревото за поврзување од бурето. Разделете го приключниот кабел од работната единица и цревото за поврзување од пумпата.

Испразнете ја водата од пумпата.

Исчистете ја надворешноста на пумпата со мека четка и крпа. Не треба да се користат детергенти и полири.

Отстранете ја сета нечистотија, посебно исчистете го филтерот.

Намотајте го кабелот на пумпата и фиксирајте го во клемата. Откачете ја работната единица од сидот / бурето.

Уредот чувајте го на место каде што не може да замрзне.

При складирање внимавајте кабелот да не е приклештен. Не превиткувајте го цревото за поврзување.

Одржување на батеријата

За да постигнете оптимална употреба на батеријата следете ги следните упатства и мерки на претпазливост:

  • Заштитете ја батеријата од влага и вода.
  • Складирајте ја батеријата во граници на температура од -20 °C bis 50 °C. Не оставајте ја батеријата на пример во автомобил на лето.
    – Батеријата полнете ја одвоено, а не додека стои во уредот.
    – Не оставајте ја батеријата во косачката изложена на дирекна сончева светлина.
  • Оптималната температура за чување на батеријата изнесува 5 °C.
    – Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.

Скратеното време на работа по полнењето покажува дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Сервисна служба и совети при користење

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

226 | Srpski

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Litiyum-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку кујиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжижи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH GardenPump 18 - Отстранување - 1

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GardenPump 18 - Отстранување - 2

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за эубре!

Само за земјите од ЕУ:

Според европейката регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 226).

Srpski

Sigurnosne napomene

▶ UPOZORENJE! Čitajte savete o sigurnosti i uputstva. Propusti kod poštovanja saveta o sigurnosti i uputstava mogu prouzrokovati električni udar, požar i/ili teške povrede.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GardenPump 18

Категорија : Водена пумпа