BOSCH GIC 120 Professional - Надзорна камера

GIC 120 Professional - Надзорна камера BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GIC 120 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 122 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice BOSCH GIC 120 Professional - page 75
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GIC 120 Professional

Категорија : Надзорна камера

Преземете ги упатствата за вашиот Надзорна камера во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GIC 120 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GIC 120 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GIC 120 Professional BOSCH

Безбедносни напомени Дигитална камера за проверка Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Камерата за проверка смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на камерата за

Не работете со камерата за проверка во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Камерата за проверка создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Не го насочувајте зракот светлина на лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост. Пред да ја употребите камерата за проверка, проверете го работното поле. Ниеден дел од камерата за проверка не смее да дојде во контакт со електрични кабли, подвижни делови или хемиски супстанци. Електричните кабли, што поминуваат во работното поле, исклучете ги од струјното коло. Овие мерки го намалуваат ризикот од експлозии, електричен удар или материјални штети. Носете соодветна лична заштитна опрема како заштитни очила, заштитни ракавици или заштитна маска за дишење, доколку постојат супстанци опасни по здравјето во работното поле. Каналите за одводнување или сличните области може да содржат цврсти, течни или гасовидни супстанци, кои се отровни, инфективни, имаат нагризувачко дејство или се опасни по здравјето на друг начин. Особено внимавајте на чистотата, доколку работите во полиња со супстанци опасни по здравјето. Не јадете за време на работата. Избегнувајте контакт со супстанци опасни по здравјето и по работата исчистете ги дланките и другите делови од телото што дошле во контакт со супстанците со топол раствор од сапун. Со тоа се намалува опасноста по здравјето. Не стојте во вода, доколку ја користите камерата за проверка. При работење во вода постои ризик од електричен удар.

Не го принесувајте магнетот 16 во близина на пејсмејкери. Магнетот создава поле, кое може да ја наруши функцијата на пејсмејкерите. Магнетот 16 држете го подалеку од магнетски носачи на податоци и уреди осетливи на магнет. Поради влијанието на магнетот, може да дојде до неповратно губење на податоците. Опис на производот и моќноста Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на камерата за проверка, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба. Употреба со соодветна намена Дигиталната камера за проверка е погодна за проверка на тешко достапни или темни места. По монтажата на испорачаното помошно средство на главата од камерата, таа е погодна и за поместување и отстранување на мали и лесни предмети (на пр. ситни шрафови). Дигиталната камера за проверка не смее да се користи за медицински цели. Таа исто така не е наменета за поправка на запушени цевки или влечење на кабли. Светлото на главата од камерата е наменето да го осветли директно полето на работа на камерата за проверка и не е погодно за просторно осветлување во домаќинството. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на камерата за проверка на графичката

1 Рачен уред 2 Копче за вклучување-исклучување 3 Црно/бело копче 4 Копче за осветлување/светлост 5 Екран 6 Копче за зголемување 7 Кабел за камерата 8 Глава на камерата 9 Светла на главата на камерата 10 Леќа на камерата OBJ_BUCH-2377-001.book Page 75 Thursday, February 26, 2015 9:55 AM76 | Македонски 1 609 92A 122 | (26.2.15) Bosch Power Tools 11 Преграда за батериите на извлекување 12 Поклопец на преградата за батеријата 13 Фиксирање на поклопецот на преградата за батерија 14 Приклучок за камерата 15 Фиксирање на кабелот од камерата 16 Магнет 17 Куки 18 Огледало Елементи на приказот a Статусна лента b Поставено зголемување c Поставено осветлување/светлост d Приказ на батерии e Compass View со референтна точка (Up-Indicator) *Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци

Ставање/менување на батерии За работа со камерата за проверка се препорачува користење на алкално-мангански батерии. За да го отворите поклопецот од преградата за батерии 12 притиснете на блокадата 13 и отворете го поклопецот од преградата за батерии 12. Извлечете ја преградата за батерии 11 и ставете ги батериите. Притоа внимавајте на половите во согласност со приказот на внатрешната страна од преградата за батерии 11. Ставете ја преградата за батерии 11 до крај и затворете го поклопецот 12. При слаба наполнетост на батериите најпрво се појавува ознаката на екранот. Доколку ознаката покажува дека батериите се празни, мора да ги замените батериите, бидејќи не е возможно да вршите проверки. Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет. Извадете ги батериите од камерата за проверка, доколку не ја користите подолго време. Доколку се подолго време складирани, батериите може да кородираат и да се испразнат. Монтирање на кабелот за камерата (види слика A) За користење на камерата за проверка, мора да се монтира кабелот на камерата 7 на рачниот уред 1. Ставете го приклучокот од кабелот на камерата 7 во правилна положба во приклучокот на камерата 14 додека не се вклопи. Демонтажа на кабелот на камерата (види слика B) За да го извадите кабелот на камерата 7 притиснете на блокадата 15 и извлечете го приклучокот од рачниот уред

Монтирање на огледало, магнет или куки (види слика C) Огледалото 18, магнетот 16 и куките 17 може да се монтираат како помошно средство на главата од камерата

Едно од трите помошни средства ставете го до крај во отворот на главата од камерата 8, како што е опишано на

Напомена: Магнетот 16 и куките 17 се погодни само за поместување и отстранување на лабаво поставени, мали и лесни предмети. При јако влечење може да се оштети камерата за проверка или помошното средство.

Заштитете го рачниот уред 1 и батериите од влага и директно сончево зрачење. Кабелот и главата на камерата се отпорни на вода доколку правилно се монтираат. Сепак рачниот уред и батеријата не се заштитени од вода, при контакт со вода постои ризик од електричен удар или оштетување. Не ја изложувајте камерата за проверка на екстремни температури или осцилации во температурата. Напр. не ја оставајте долго време во автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете ја камерата за проверка најпрво да се аклиматизира, пред да ја ставите во употреба. Не ја користете камерата за проверка, доколку леќата на главата од камерата 8 е замаглена. Исклучете ја камерата за проверка, дури откако влагата ќе испари. Инаку, камерата за проверка може да се оштети. Дигитална камера за проверка GIC 120 Број на дел/артикл 3 601 B41 1.. Номинален напон волти= 6,0 Температура при работа °C –10...+50 Температура на складирање (рачен уред без батерии) °C –20...+60 Релативна влажност на

Најмал радиус на виткање на кабелот на камерата мм 25 Дијаметар на главата на

мм 8,5 Резолуција на екранот 320 x 240 Времетраење на работа околу ч5,0

Тежина согласно EPTA- Procedure 01/2003 кг 0,5 Димензии (Должина x Ширина x Висина) мм 197 x 85 x 49

1) без замаглување2) при 50% осветленост на светлата во главата на камерата

OBJ_BUCH-2377-001.book Page 76 Thursday, February 26, 2015 9:55 AMМакедонски | 77 Bosch Power Tools 1 609 92A 122 | (26.2.15) Вклучените светла 9 може да се вжештат за време на работата. Не ги допирајте светлата, за да избегнете изгореници. Ставање во употреба Вклучување/исклучување За вклучување на камерата за проверка притиснете на копчето за вклучување-исклучување 2. На екранот 5 накратко ќе се прикаже стартниот екран. Напомена: Доколку кабелот за камерата не е монтиран при вклучувањето, екранот покажува порака за грешка. За исклучување на камерата за проверка, одново притиснете го копчето за вклучување-исклучување 2. Доколку не се притисне копче на камерата за проверка околу 20 мин., таа автоматски се исклучува заради заштита на батеријата. Регулирање на светлата на главата на камерата За да ја осветлите сликата на камерата на екранот , може да ги вклучите светлата 9 на главата од камерата и да ја регулирате светлината. Светлината може да се подеси во 4 степени 0 %, 25 %, 50 %, 100 %). За да ги вклучите светлата на камерата 9 и за да ја зголемите светлината притискајте на копчето 4, додека не се постигне саканата светлина. Не погледнувајте директно во светлата 9 и не ги насочувајте истите кон други лица. Светлината на светлата може да ги заслепи очите. За да ја намалите светлината и за да ги исклучите светлата на камерата 9 притискајте го копчето 4, додека не се постигне саканата светлина одн. не се исклучат светлата. Зголемување на сликата на екранот (зумирање) Со кратко притиска ње на копчето 6 можете да ја зголемите сликата на екранот за 1,5 или 2 пати. Црно/бело копче Со кратко притискање на копчето 3 можете да го менувате екранот меѓу репродукција на боја и црно-бела репродукција. Со црно-белата репродукција може да се подобри контрастот. Compass view со референтна точка (Up-Indicator) (види слика D) Со долго притискање на копчето 3 ќе дојдете до Compass View e. Жолтата референтна точка (Up-Indicator) притоа покажува, каде физички се наоѓа сликата „горе“. Напомена: Ограничена функција при монтирано огледало 18 и/или при вертикално израмнување на кабелот од камерата 7. Статусна лента Статусната лента a се отвора околу 2 секунди на екранот по секое притискање на копчињата. Таа ги покажува: – поставеното зголемување (b) – поставената светлина (c) –состојбата на наполнетост на батериите (d). Совети при работењето Испитајте ја околината што сакате да ја проверите, а особено внимавајте на пречките или опасните места. Свиткајте го кабелот на камерата 7 така што главата на камерата ќе може лесно да се воведе во околината која треба да се истражи. Внимателно водете го кабелот на

Осветленоста на светлата на камерата 9 прилагодете ја на тој начин што сликата добро ќе се препознае. На пр. кај предметите што имаат јака рефлексија, може да се постигне подобра слика со помалку светло. Доколку предметите што се бараат се прикажани нејасно, тогаш намалете го или зголемете го растојанието помеѓу главата на камерата 8 и преметот. Одржување и сервис Одржување и чистење Не го потопувајте рачниот уред 1 во вода или други

Постојано одржувајте ја чистотата на камерата за проверка. Исчистете ги камерата за проверка и сите други помошни средства темелно, особено доколку сте работеле во области со супстанци опасни по здравјето. Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори. Особено редовно чистете ја леќата на камерата 10 и внимавајте на влакненцата. Сервисна служба и совети при користење За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на камерата за проверка. Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и