BOSCH GIC 120 C Professional - Надзорна камера

GIC 120 C Professional - Надзорна камера BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GIC 120 C Professional BOSCH во PDF формат.

📄 169 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice BOSCH GIC 120 C Professional - page 122
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GIC 120 C Professional

Категорија : Надзорна камера

Преземете ги упатствата за вашиот Надзорна камера во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GIC 120 C Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GIC 120 C Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GIC 120 C Professional BOSCH

Безбедносни напомени Дигитална камера за проверка Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбеднос- ните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Камерата за проверка смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на камерата за проверка. Не работете со камерата за проверка во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Камерата за проверка создава искри, кои може да ја запалат правта или

Пред било каква интервенција на камерата за проверка (на пр. монтажа, одржување итн.) како и при транспорт и складирање, извадете ја батеријата од камерата за проверка. Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија. Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални пред- мети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар. При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници. Доколку се оштети батеријата или не се користи пра- вилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. Батериите полнете ги со полначи што се препо- рачани исклучиво од производителот. Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар. Користете батерии кои се соодветни на Вашата камера за проверка од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира или да се прегрее. По автоматското исклучување на камерата за проверка, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се

Не го насочувајте зракот светлина на лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост. Пред да ја употребите камерата за проверка, проверете го работното поле. Ниеден дел од камерата за проверка не смее да дојде во контакт со електрични кабли, подвижни делови или хемиски супстанци. Електричните кабли, што поминуваат во работното поле, исклучете ги од струјното коло. Овие мерки го намалуваат ризикот од експлозии, електричен удар или материјални штети. Носете соодветна лична заштитна опрема како заштитни очила, заштитни ракавици или заштитна маска за дишење, доколку постојат супстанци опасни по здравјето во работното поле. Каналите за одводнување или сличните области може да содржат цврсти, течни или гасовидни супстанци, кои се отровни, инфективни, имаат нагризувачко дејство или се опасни по здравјето на друг начин. Особено внимавајте на чистотата, доколку работите во полиња со супстанци опасни по здравјето. Не јадете за време на работата. Избегнувајте контакт со супстанци опасни по здравјето и по раб отата исчистете ги дланките и другите делови од телото што дошле во контакт со супстанците со топол раствор од сапун. Со тоа се намалува опасноста по здравјето. Не стојте во вода, доколку ја користите камерата за проверка. При работење во вода постои ризик од електричен удар.

Не го принесувајте магнетот 23 во близина на пејсмејкери. Магнетот создава поле, кое може да ја наруши функцијата на пејсмејкерите. Магнетот 23 држете го подалеку од магнетски носачи на податоци и уреди осетливи на магнет. Поради влијанието на магнетот, може да дојде до неповратно губење на податоците. Опис на производот и моќноста Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на камерата за проверка, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба. OBJ_BUCH-2385-004.book Page 122 Tuesday, November 7, 2017 9:09 AMМакедонски | 123 Bosch Power Tools 1 609 92A 3Z0 | (7.11.17) Употреба со соодветна намена Дигиталната камера за проверка е погодна за проверка на тешко достапни или темни места. По монтажата на испорачаното помошно средство на главата од камерата, таа е погодна и за поместување и отстранување на мали и лесни предмети (на пр. ситни шрафови). Дигиталната камера за проверка не смее да се користи за медицински цели. Таа исто така не е наменета за поправка на запушени цевки или влечење на кабли. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на камерата за проверка на графичката

1 Рачен уред 2 Копче за зголемување 3 Копче за вклучување-исклучување 4 Копче Галерија/Поставки (1. ниво) Копче OK/Бришење (2. ниво) 5 Копче Up is Up™ (1. ниво) Копче за прелистување нанапред (2. ниво) 6 Чкрапало за пуштање на фото или видео снимка или видео (режим на галерија) 7 Копче за осветлување/светлост (1. ниво) Копче за прелистување наназад (2. ниво) 8 Копче за префрлување меѓу режим на фотографиј

или видео (1. ниво) Копче Назад (2. ниво) 9 Екран 10 Горен поклопец 11 Слот за микро-SD-картичка 12 Приклучок за микро-USB-кабел 13 Кабел за камерата 14 Глава на камерата 15 Светла на главата на камерата 16 Леќа на камерата 17 Батерија* 18 Копче за отклучување 19 Микро-USB-кабел 20 Micro-SD-картичка 21 Приклучок за камерата 22 Фиксирање на кабелот од камерата 23 Магнет 24 Куки 25 Огледало 26 Обвивка за батерискиот адаптер 27 Капаче за затворање на батерискиот адаптер 28 Отвор 29 Поклопец на преградата за

Елементи на приказот (избор) a Поставен фото или видео режим b Статусна лента c Поставено зголемување d Поставено осветлување/светлост e Состојба на наполнетост на акумулаторот/батериите f Ознака за префрлување меѓу режим на фотографија

g Ознака за режим на галерија/режим за поставки h Префрлување на репродукција на боја/црно-бела репродукција i Подесување на светлината на екранот j Подесување на датумот/времето на часовникот k Подесување на времетраењето на автоматското исклучување (Auto-Off-функција) l Подесување на времетраењ ето на светлото на екранот m Моментална зафатеност на меморијата на микро-SD-

*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Дигитална камера за проверка GIC 120 C GIC 120 C Број на дел/артикл 3 601 B41 2.. 3 601 B41 270 Номинален напон – со акумулатор –со батерии

Со батериски адаптер (може да се извади)

Со батериски адаптер (не може да се извади)

Најмал радиус на виткање на кабелот на камерата мм 25 25

Напојување со енергија Камерата за проверка може да се користи или со обични батерии или со литиум-јонски батерии од Bosch. Работа со батериски адаптер (може да се извади) (3 601 B41 2..) (види слика A) Батериите се ставаат во батерискиот адаптер. Батерискиот адаптер е наменет исклучиво за предвидената камера за проверка на Bosch и не смее да се користи со електрични апарати. За ставање на батериите ставете ја обвивката 26 на батерискиот адаптер во отворот 28. Ставете ги батериите според сликата на капачето за затворање 27 во обвивката. Ставете го капачето за затворање над обвивката, додека не се вклопи правилно и не легне рамно со дршката на камерата за проверка. За вадење на батериите притиснете на копчињата за отклучување 18 на капачето за затворање 27 и повлечете го капачето за затворање. Извлечете ја ставената обвивка 26 од отворот

Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет. Извадете ги батериите од камерата за проверка, доколку не ја користите подолго време. Доколку се подолго време складирани, батериите може да кородираат и да се испразнат. Работа со батерија (3 601 B41 2..) (види слика B) Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашата камера за проверка. Напомена: Користењето на батерии несоодветни за вашата камера за проверка може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на камерата за

Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не ú наштетува на батеријата.

ставање на наполнетиот акумулатор 17 ставете го во отворот 28, додека не се вклопи правилно и не легне рамно со дршката на камерата за проверка. За вадење на акумулаторот 17 притиснете на копчињата за отклучување 18 и извлечете го акумулаторот од отворот 28. Притоа не употребувајте сила. Работа со батериски адаптер (не може да се извади) (3 601 B41 270) (види слика C) За да го отворите поклопецот од преградата за батерии 29 притиснете на копчињата за отклучување 18 и извадете го поклопецот од преградата за батерии. При ставањето на батериите внимавајте на половите. Повторно ставете го поклопецот на преградата за батерии 29 и вклопете го правилно. Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет. Извадете ги батериите од камерата за проверка, доколку не ја користите подолго време. Доколку се подолго време складирани, батериите може да кородираат и да се испразнат.

аметар на главата на камерата мм 8,5 8,5 Резолуција на екранот 320 x 240 320 x 240 Времетраење на работа околу ч 2

OBJ_BUCH-2385-004.book Page 124 Tuesday, November 7, 2017 9:09 AMМакедонски | 125 Bosch Power Tools 1 609 92A 3Z0 | (7.11.17) Состојба на наполнетост на акумулаторот/батериите При слаба наполнетост на акумулаторот/батериите најпрво се појавува ознаката на екранот. Доколку ознаката покажува дека батериите се празни, мора да ги замените акумулаторот/батериите, бидејќи не е возможно да вршите проверки. Монтирање на кабелот за камерата (види слика D) За користење на камерата за проверка, мора да се монтира кабелот на камерата 13 на рачниот уред 1. Ставете го приклучокот од кабелот на камерата 13 во правилна положба во приклучокот на камерата 21 додека не се вклопи. Демонтажа на кабелот на камерата (види слика E) За да го извадите кабелот на камерата 13 притиснете на блокадата 22 и извлечете го приклучокот од рачниот уред 1. Монтирање на огледало, магнет или куки (види слика F) Огледалото 25, магнетот 23 и куките 24 може да се мон- тираат како помошно средство на главата од камерата 14. Едно од трите помошни средства ставете го до крај во отворот на главата од камерата 14, како што е опишано на

Напомена: Магнетот 23 и куките 24 се погодни само за поместување и отстранување на лабаво поставени, мали и лесни предмети. При јако влечење може да се оштети камерата за проверка или помошното средство.

Заштитете го рачниот уред 1 и акумулаторот 17 од влага и директно изложување на сончеви зраци. Кабелот и главата на камерата се отпорни на вода доколку правилно се монтираат. Рачниот уред и батеријата не се заштитени од вода, при контакт со вода постои ризик од електричен удар или оштетување. Не ја изложувајте камерата за проверка на екстремни температури или осцилации во температурата. Напр. не ја оставајте долго време во автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете ја камерата за проверка најпрво да се аклиматизира, пред да ја ставите во употреба. Не ја користете камерата за проверка, доколку леќата на главата од камерата 14 е замаглена. Исклучете ја камерата за проверка, дури откако влагата ќе испари. Инаку, камерата за проверка може да се оштети. Вклучените светла 15 може да се вжештат за време на работата. Не ги допирајте светлата, за да избегнете изгореници. Ставање во употреба Ставање на микро-SD-картичката Отворете го горниот поклопец 10 и ставете ја микро-SD- картичката 20 до крај во слотот 11. Повторно затворете го горниот поклопец. Вклучување/исклучување За вклучување на камерата за проверка притиснете на копчето за вклучување-исклучување 3. На екранот 9 накратко ќе се прикаже стартниот екран. За исклучување на камерата за проверка, одново притиснете го копчето за вклучување-исклучување 3. Доколку не се притисне копче на камерата за проверка, таа автоматски се исклучува по истекот на поставеното времетраење (k). Регулирање на светлата на главата на камерата За да ја осветлите сликата на камерата на екранот , може да ги вклучите светлата 15 на главата од камерата и да ја регулирате светлината. Светлината може да се подеси во 4 степени 0 %, 25 %, 50 %, 100 %). За да ги вклучите светлата на камерата 15 и за да ја зголемите светлината притискајте на копчето 7, додека не се постигне саканата светлина. Не погледнувајте директно во светлата 15 и не ги насочувајте истите кон други лица. Светлината на светлата може да ги заслепи очите. За да ја намалите светлината и за да ги исклучите светлата на камерата 15 притискајте го копчето 7, додека не се постигне саканата светлина одн. не се исклучат светлата. Зголемување на сликата на екранот (зумирање) Со кратко притискање на копчето 2 можете да ја зголемите сликата на екранот за 1,5 или 2 пати. Вртење на сликата на екранот (Up is Up™) (види слика G) Со копчето 5 свртете ја сликата, така што на горната страна на екранот ќе се прикаже „горе“. Напомена: Ограничена функција при монтирано огледало 25 и/или при вертикално израмнување на кабелот од камерата 13. Креирање на фотографии/видеа

8 префрлувајте помеѓу фото или видео режим. Моментално поставениот режим на снимање a ќе се прикаже на статусната лента b. Со копчето 6 снимете фотографија во соодветниот режим одн. стартувајте или завршете видео снимка. Режим на галерија/режим на поставки Со притискање на копчето 4, на копчињата 8, 7, 5 и 4 им се доделува друга функција (согласно приказот на екранот) (2. ниво). Користете ги овие копчиња согласно приказот на екранот. Со кратко притискање на копчето 4 ќе се отвори Режимот на галерија. Со притискање на копчето 4 можете да ја видите сликата во полна големина и со притискање на копчето 6 да пуштите едно видео. OBJ_BUCH-2385-004.book Page 125 Tuesday, November 7, 2017 9:09 AM126 | Македонски 1 609 92A 3Z0 | (7.11.17) Bosch Power Tools Со долго притискање на копчето 4 ќе се отвори Режимот Поставки. Возможни се следните поставки: –Репродукција на боја (црвена точка)/црно-бела репродукција (зелена точка) (h) – Светлина на екранот (i) – Датум/време на часовникот (j) –Auto-Off-функција: Времетраење на неактивноста на камерата за проверка, по која истата се исклучува (k) –Времетраење на осветленост на екранот (l) – Зафатеност на меморијата/форматирање на микро-SD- картичката (m). Статусна лента Статусната лента b се отвора околу 2 секунди на екранот по секое притискање на копчињата. Таа ги покажува: – поставениот режим на снимање (a) –датумот/времето на часовникот – поставеното зголемување (c) – поставената светлина (d) –состојбата на наполнетост на акумулаторот/батериите (e). Префрлање на слики и видеа Префрлањето на слики и видеа е возможно само доколку е ставена микро-SD-картичката 20. Камерата за проверка може да се поврзе со помош на микро-USB-кабел 19 со компјутер за да се префрлаат слики и видеа. Камерата за проверка на екранот покажува со една ознака дека е поврзана со компјутер. На компјутерот камерата за проверка е прикажана како надворешен диск. Акумулаторот на камерата за проверка не може да се полни преку приклучокот 12. Приклучете микро-USB-кабел за пренос на податоци Отворете го горниот поклопец 10 и ставете го правилно микро-USB-кабелот 19 во приклучокот 12. По преносот на податоци извадете го микро-USB-кабелот и повторно затворете го горниот поклопец. Совети при работењето Испитајте ја околината што сакате да ја проверите, а особено внимавајте на пречките или опасните места. Свиткајте го кабелот на камерата 13 така што главата на ка- мерата ќе може лесно да се воведе во околината која треба да се истражи. Внимателно водете го кабелот на камерата. Осветленоста на светлата на камерата 15 прилагодете ја на тој начин што сликата добро ќе се препознае. На пр. кај предметите што имаат јака рефлексија, може да се постигне подобра слика со помалку светло. Доколку предметите што се бараат се прикажани нејасно, тогаш намалете го или зголемете го растојанието помеѓу главата на камерата 14 и преметот. Напомени за оптимално користење на батериите Заштитете ја батеријата од влага и вода. Складирајте ја батеријата во граници на температура од –20 °C до 50 °C. не ја оставајте батери јата на пр. во автомобилот летно време. Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување. Дефект – Причини и помош Одржување и сервис Одржување и чистење Не го потопувајте рачниот уред 1 во вода или други

Постојано одржувајте ја чистотата на камерата за проверка. Исчистете ги камерата за проверка и сите други помошни средства темелно, особено доколку сте работеле во области со супстанци опасни по здравјето. Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори. Особено редовно чистете ја леќата на камерата 16 и внимавајте на влакненцата. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема. За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се Причина Помош Приказ на грешка на екранот Кабелот на камерата не е монтиран. Монтирајте го кабелот на камерата. Микро-SD- картичката не е ставена одн. не е правилно ставена. Ставете ја микро-SD- картичката и вметнете ја до крај. OBJ_BUCH-2385-004.book Page 126 Tuesday, November 7, 2017 9:09 AMSrpski | 127 Bosch Power Tools 1 609 92A 3Z0 | (7.11.17) внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Камерата за проверка, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ја фрлајте камерата за проверка и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земји во рамки на ЕУ Според европската регулатива 2012/19/EU електричните уреди што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.