GSL 2 Professional - Ласерско ниво BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSL 2 Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Ласерско ниво во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSL 2 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSL 2 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSL 2 Professional BOSCH
Безбедносни напомени Површински ласер Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на мерниот уред. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ
Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење. Мерниот уред се испорачува со две ознаки за предупредување (на приказот на мерниот уред на графичката страница означени со број 2). Доколку текстот на ознаките за предупредување не е на Вашиот јазик, пред првата употреба прелепете го со испорачаните налепници на Вашиот јазик. Не го насочувајте ласерскиот зрак на лица или животни и не погледнувајте во него. Ово ј мерен уред создава ласерски зраци од класата 3R според IEC60825-1. Директен поглед во ласерскиот зрак – и од голема оддалеченост – може да ги оштети очите. Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак. Не ги користете ласерските очила како заштитни очила. Ласерските очила служат за подобро препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат од ласерското зрачење. Не ги користете ласерските очила како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои. Не вршете никакви промени на ласерскиот уред. OBJ_BUCH-1545-007.book Page 152 Tuesday, June 21, 2016 4:54 PMМакедонски | 153 Bosch Power Tools 1 609 92A 309 | (21.6.16) Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред. Избегнете ги рефлексиите од ласерскиот зрак на мазни површини како на пр. прозори или огледала. Оштетувањето на очите е возможно и од рефлексијата на ласерскиот зрак. Мерниот уред може да се користи од лица, кои знаат да ракуваат со ласерски уреди. Според EN 60825-1 м.д. спаѓа знаењето за биолошкото дејство на ласерот на очите и кожата, како и правилната употреба на ласерска заштита за избегнување на опасности. Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Мерниот уред секогаш поставувајте го, така што ласерските зраци ќе поминуваат доста погоре или подолу од висината на очите. На тој начин ќе бидете сигурни, дека нема да се оштети окото. Означете го полето, каде ќе се користи мерниот уред, со соодветни налепници за предупредувањ
за ласерот. На тој начин ќе избегнете, непознатите лица да се приближат до опасните зони. Не го складирајте го мерниот уред на места, каде имаат пристап неовластени лица. Лицата кои не се запознаени со користењето на мерниот уред, може да си наштетат себе си и на другите. При користењето на мерниот уред со класа на ласер 3R, обрнете внимание на можните национални прописи. Непридржувањето кон овие прописи може да доведе до повреди. Погрижете се, полето на ласерското зрачење да биде надгледувано или заштитено. Со ограничување на ласерското зрачење на контролирани полиња ќе ги избегнете оштетувањата на очите на неовластените
Пред било каква интервенција на мерниот уред (напр. монтажа, одржување итн.) како и при негов транспорт и одржување извадете ги батериите од мерниот уред. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија. Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар. При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници. Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар. Користете батерии кои се соодветни на Вашиот мерен уред од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Користете само оригинални Bosch батерии со напон кој е наведен на спецификационата плочка на Вашиот мерен уред. При користење на други батерии, на пр. имитации, истрошени батерии или непознати производители, постои опасност од повреди како и материјални штети доколку експлодира батеријата. Не ги принесувајте мерниот уред и целната табла за ласерот 10 во близина на пејсмејкери. Магнетот на мерниот уред и целната табла за ласерот создаваат поле, кое може да ја наруши функцијата на пејсмејкерите. Мерниот уред и целната табла за ласерот 10 држете ги подалеку од магнетски носачи на податоци и уреди осетливи на магнет. Поради влијанието на магнетите од мерниот уред и целната табла на ласерот може да дојде до неповратни загуби на податоците. Далечински управувач (GSL 2 Set) Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА. Далечинскиот управувач смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во функционалноста на далечинскиот
Не работете со далечинскиот управувач во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Далечинскиот управувач создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата. OBJ_BUCH-1545-007.book Page 153 Tuesday, June 21, 2016 4:54 PM154 | Македонски 1 609 92A 309 | (21.6.16) Bosch Power Tools Опис на производот и моќноста Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на површинскиот ласер и далечинскиот управувач, и држете ја отворена додека го читате упатството за
Употреба со соодветна намена Површински ласер Мерниот уред е наменет за проверка на рамноста на подните површини. Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен
Далечински управувач (GSL 2 Set) Далечинскиот управувач е наменет за контрола на површинските ласери во внатрешен простор. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на површинскиот ласер и далечинскиот управувач на графичката страница. Површински ласер 1 Излезен отвор за ласерскиот зрак 2 Натпис за предупредување на ласерот 3 Дршка 4 Приемна леќа за далечинскиот управувач (GSL 2 Set) 5 Приказ на состојбата на наполнетост 6 Фиксирање на поклопецот на преградата за батерија 7 Поклопец на преградата за батеријата 8 Прекинувач за вклучување/исклучување 9 Вртливо копче за подесување на висината 10 Целна табла за ласерот 11 Мерен врв на ласерската целна табла 12 Сериски број на површинскиот ласер 23 Батерија* Далечински управувач 13 Излезен отвор за инфрацрвен зрак 14 Копче за брзо вртењ е во правец спротивен на стрелките на часовникот 15 Копче за бавно вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот 16 Копче за постепено вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот 17 Копче за постепено вртење во правец на стрелките на
18 Копче за бавно вртење во правец на стрелките на
19 Копче за брзо вртење во правец на стрелките на
20 Поклопец на преградата за батерии на далечинскиот
21 Фиксирање на поклопецот од преградата за батерии на далечинскиот управувач 22 Сериски број Опрема/резервни делови 24 Ласерски очила* 25 Куфер
- Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Технички податоци Површински ласер GSL 2 GSL 2 Set Број на дел/артикл 3 601 K64 000 3 601 K64 001 3 601 K64 070 3 601 K64 0R0 ротирачка основа со моторен погон и далечинска
– без целна табла за ласерот – со целна табла за ласерот 10 м 20м 10 м 20м Точност при нивелирање ±0,3 мм/м ±0,3 мм/м Типично поле на самонивелирање ±4° ±4° Типично време на нивелирање <5с <5с Температура при работа –10 °C...+50 °C –10 °C ...+50 °C Температура при складирање –20°C...+70 °C –20°C...+70 °C релативна влажност на воздухот макс. 90% 90% Класа на ласер 3R 3R
1) Работното поле може да се намали поради неповолни услови на околината (напр. директна изложеност на сончеви зраци).
Серискиот број 12 на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот површински ласер. OBJ_BUCH-1545-007.book Page 154 Tuesday, June 21, 2016 4:54 PMМакедонски | 155 Bosch Power Tools 1 609 92A 309 | (21.6.16)
Напојување со енергија на површинскиот
Мерниот уред може да се користи или со обични батерии или со литиум-јонски батерии од Bosch. Работа со батерии (види слика B) За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии. За да ги ставите или извадите батериите, поместувањето по висина мора да се доведе во најниска позиција. Притоа свртете го копчето 9 на подесувањето по висина до крај во правец спротивен на стрелките на часовникот. За отворање на поклопецот на преградата за батерии 7 притиснете на блокадата 6 и отворете го поклопецот на преградата за батерии. Ставете ги батериите. Притоа внимавајте на половите во согласност со приказот на внатрешната страна на поклопецот од преградата за
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет. Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе време, извадете ги батериите. Доколку се подолго време складирани, батериите може да кородираат и да се испразнат. Работа со батерија (види слика C) Користете само оригинални Bosch литиум-јонски батерии со напон кој е наведен на спецификационата плочка на Вашиот мерен уред. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар. Напомена: Користењето на батерии несоодветни за вашиот мерен уред може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на мерниот уред. Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Користете ги само полначите што се наведени на страницата со опрема. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија што се користи за Вашиот мерен уред. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не ú наштетува на батеријата. Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата, што дозволува полнење само на температура меѓу 0 °C и 45 °C. Со тоа се постигнува долг рок на употреба на батеријата. За да ги ставите или извадите батериите 23 поместувањето по висина мора да се доведе во најниска
а. Притоа свртете го копчето 9 на подесувањето по висина до крај во правец спротивен на стрелките на часовникот. За да ги ставите батериите 23 притиснете на блокадата 6 и отворете го поклопецот од преградата за батерии 7. Притиснете ја наполнетата батерија до крај во преградата за батерии и затворете го поклопецот. Работа со 1,5-Ah-батерија: За да може да го затворите поклопецот од преградата за батерии 7, мора да го извадите придушувачот од пенест материјал од внатрешната страна на поклопецот од преградата за
Серискиот број 12 на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот површински ласер. Далечински управувач RC 2 Број на дел/артикл 3 601 K69 C00 Работно поле 20м Температура при работа –10 °C...+50 °C Температура при складирање –20°C...+70 °C
2) Работното поле може да се намали поради неповолни услови на
околината (напр. директна изложеност на сончеви зраци). Серискиот број на спецификационата плочка 22 служи за јасна идентификација на вашиот мерен уред. OBJ_BUCH-1545-007.book Page 155 Tuesday, June 21, 2016 4:54 PM156 | Македонски 1 609 92A 309 | (21.6.16) Bosch Power Tools За да ги извадите батериите 23 притиснете на блокадата 6 и отворете го поклопецот од преградата за батерии 7. Извлечете ги батериите од преградата. Приказ на состојбата на наполнетост Трите зелени LED-сијалички на приказот за наполнетост 5 ја покажуваат состојбата на наполнетост на батериите 23. Напојување со енергија на далечинскиот управувач (GSL 2 Set) За работа со далечинскиот управувач се препорачува користење на алкално-мангански батерии. За да го отворите капакот од преградата за батерии 20 притиснете на механизмот за заклучување 21 и извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги батериите. Притоа внимавајте на половите во согласност со приказот на внатрешната страна на поклопецот од преградата за
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет. Доколку не сте го користеле далечинскиот управувач повеќе време, извадете ги батериите. Доколку се подолго време складирани, батериите може да кородираат и да се испразнат.
Ставање во употреба на површинскиот ласер Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци. Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или осцилации во температурата. Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете го мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или осцилации во температурата, прецизноста на мерниот уред може да се наруши. Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мерниот уред. По силните надворешни влијанија, треба да се провери точноста на нивелирањето на мерниот уред во овластена сервисна служба на Bosch. Исклучете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења. Поставување на мерниот уред Поставете го мерниот уред на цврста подлога на подната површина којашто треба да се провери. Точноста на нивелирањето може да биде под влијание на околната температура. Особено температурните разлики кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак. Бидејќи температурните разлики се
големи во близина на подот, мерниот уред треба секогаш да се поставува во средината на подната површина којашто треба да се провери. Вклучување/исклучување За вклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 8 во позиција „On“. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред испушта ласерски зраци од излезните отвори 1. Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни (особено не во висина на очите), и не погледнувајте директно во него (дури ни од голема оддалеченост). За Исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 8 во позиција „Off“. При исклучување, осцилирачката единица се
Доколку мерниот уред не се движи околу 30 мин. одн. не се контролира преку далечински управувач, тога
автоматски се исклучува заради заштита на батериите. По автоматското исклучување, исклучете го мерниот уред на прекинувачот за вклучување/исклучување 8 и по потреба повторно вклучете го. GSL 2 Set: По автоматското исклучување, може повторно да го вклучите мерниот уред со притискање на некое копче на далечинскиот управувач. Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак. При пречекорување на највисоката дозволена работна температура од 50 °C се исклучува заради заштита на ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи. Работа со батерија: Литиум-јонската батерија е заштитена со „Electronic Cell Protection (ECP)“ од длабинско празне ње. Доколку батеријата е испразнета, мерниот уред се исклучува со заштитен прекинувач. Доколку мерниот уред автоматски се изгаси поради испразнета батерија, исклучете го со прекинувачот за вклучување/исклучување 8. Наполнете ја батеријата пред да го вклучите повторно мерниот уред. Инаку батеријата може да се оштети. Нивелирање на мерниот уред Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање ±4°. Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се движат повеќе. Доколку не е возможно автоматско нивелирање, напр. бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од 4° од хоризонталата, ласерските линии трепкаат. Поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4°, ласерските линии светат непрекинато. LED Капацитет Трајно светло 3 x зелено 2/3 Трајно светло 2 x зелено 1/3 Трајно светло 1 x зелено <1/3 Трепкаво светло 1 x зелено Резерва OBJ_BUCH-1545-007.book Page 156 Tuesday, June 21, 2016 4:54 PMМакедонски | 157 Bosch Power Tools 1 609 92A 309 | (21.6.16) При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски, а при поголеми промени на положбата можно е на друга висина. По повторното нивелирање, проверете го покривањето на двете ласерски линии на референтната точка (види „Израмнување на мерниот уред по висина“, страна 157), за да ги избегнете грешките во висина. Израмнување на мерниот уред по висина Мерниот уред емитира две ласерски линии, кои се видливи на растојание од околу 50 cm пред мерниот алат на подната површина. Линиите мора да се поклопуваат на оваа референтна точка, на којашто првиот пат беа видливи на подната површина. Притоа свртете го копчето на 9 на подесувањето по висина во одн. во правец спротивен на стрелките на часовникот, додека не се преклопат двете ласерски линии на референтната точка и не се види само една ласерска линија. Доколку двете ласерски линии не може да се преклопат со вртење на подесувањето по висина, тоа значи дека мерниот уред е значително повисоко или пониско од подната површина. Поставете го мерниот уред на друга точка на подната површина со помала висинска разлика и таму преклопете ги двете ласерски линии. Ставање во употреба на далечинскиот управувач (GSL 2 Set) Заштитете го далечинскиот управувач од влага и директно изложување на сончеви зраци. Не го изложувајте далечинскиот управувач на екстремни температури или осцилации во температурата. Напр. не ја оставајте долго време во автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете го далечинскиот управувач најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. Се додека има доволно напон во батеријата, далечинскиот управувач е подготвен за работа. Сигналите на далечинскиот управувач треба да достигнат до приемната леќа 4 во директен правец од напред и косо од горе. Доколку далечинскиот управувач не може да се насочи директно на приемната леќа, се намалува работното подрачје. Со рефлексии на сигналот (напр. на ѕидовите) дометот може да се подобри и при индиректен
Вклучувањето на мерниот уред со далечински управувач е возможно дури по автоматското исклучување на мерниот уред, доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 8 е сè уште во позиција „On“.
чувањето со далечински управувач не е возможно. Процес на мерење Рачно вртење (GSL 2) Свртете го горниот дел на мерниот уред на местото коешто сакате да го проверите. По вртењето почекајте, додека не се изнивелира мерниот уред и ласерските линии не се движат повеќе. Дури тогаш проверете дали се преклопуваат ласерските линии. Автоматско вртење (GSL 2 Set) Свртете го горниот дел на мерниот уред со помош на далечинскиот управувач, за да ја проверите површината. Не е возможно рачно вртење. Може да избирате помеѓу следниве видови на ротација: Процена на резултатите од мерењето (види слики D– G) Двете ласерски линии покажуваат, дали површината лежи на иста висина како и референтната точка (види „Израмнување на мерниот уред по висина“, страна 157): – Сите точки на коишто двете ласерски линии лежат преклопувајќи се една преку друга, се наоѓаат на иста висина како референтната точка. – Доколку двете ласерски линии се видливи една покрај друга или се прекинати, тогаш висината на подната површина на ова место отстапува од референтната
За да го измерите отстапувањето на подната површ
поставете ја целната табла за ласерот 10 на местото коешто треба да се провери. Свртете ја целната табла на ласерот, така што левата ласерска линија ќе поминува точно на левата референтна линија на целната табла на ласерот. Поместете го горниот дел на целната табла на ласерот нагоре одн. надолу, додека врвот 11 на целната табла на ласерот не налегне на местото коешто треба да се измери. На позицијата на десната ласерска линија на целната табла на ласерот може да ја прочитате висинската разлика помеѓу референтната точка и мерната точка во
Притиснете го копчето 19, за да стартувате брза, континуирана ротација во правец на стрелките на часовникот. Со одново притискање на копчето 19 ротацијата завршува. Притиснете го копчето 14, за да стартувате брза, континуирана ротација во правец спротивен на стрелките на часовникот. Со одново притискање на коп чето 14 ротацијата завршува. Притиснете го копчето 18, за да стартувате бавна, континуирана ротација во правец на стрелките на часовникот. Со одново притискање на копчето 18 ротацијата завршува. Притиснете го копчето 15, за да стартувате бавна, континуирана ротација во правец спротивен на стрелките на часовникот. Со одново притискање на копчето 15 ротацијата
Притиснете го копчето 17 за еднократна, кратка ротација во правец на стрелките на часовникот. За понатамошно поединечно движење, притиснете го одново копчето 17. Притиснете го копчето 16 за еднократна, кратка ротација во правец спротивен на стрелките на
. За понатамошно поединечно движење, притиснете го одново копчето 16. OBJ_BUCH-1545-007.book Page 157 Tuesday, June 21, 2016 4:54 PM158 | Македонски 1 609 92A 309 | (21.6.16) Bosch Power Tools Доколку двете ласерски линии се оддалечуваат на подната површина една од друга во константен агол, тоа значи дека подната површина е под нагиб. Совети при работењето Внимавајте целата ширина на ласерските линии да се преклопува една преку друга. Ширината на ласерските линии се менува со оддалечувањето. Транспорт на мерниот уред Рачката 3 помага за полесен транспорт на мерниот уред. По потреба, преклопете ја рачката нагоре. Ласерски очила (опрема) Ласерските очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин црвеното светло на ласерот изгледа посветло за
Не ги користете ласерските очила како заштитни очила. Ласерските очила служат за подобро препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат од ласерското зрачење. Не ги користете ласерските очила како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои. Напомени за оптимално користење на батериите Заштитете ја батеријата од влага и вода. Складирајте ја батеријата во граници на температура од 0°C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот летно време. Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување. Одржување и сервис Одржување и чистење Пред било каква интервенција на мерниот уред (напр. монтажа, одржување итн.) како и при негов транспорт и одржување извадете ги батериите од мерниот уред. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Складирајте го и транспортирајте го површинскиот ласер само во испорачаниот куфер. Постојано одржувајте ја чистотата на површинскиот ласер и далечинскиот управувач. Не ги потопувајте површинскиот ласер и далечинскиот управувач во вода или други течности. Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори. Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата. Доколку површинскиот ласер или далечинскиот управувач се расипе и покрај грижливото одржување во согласност со напомените на производителот, поправката треба да се изврши само од страна на овластената сервисна служба за Bosch-електрични алати. Не ги отворајте површинскиот ласер и далечинскиот управувач
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на површинскиот ласер и далечинскиот управувач. Во случај да треба да се поправи, пратете го површинскиот ласер во куферот. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Површинскиот ласер, далечинскиот управувач, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не го фрлајте површинскиот ласер, далечинскиот управувач и батериите во домашната канта за ѓубре! OBJ_BUCH-1545-007.book Page 158 Tuesday, June 21, 2016 4:54 PMSrpski | 159 Bosch Power Tools 1 609 92A 309 | (21.6.16) Само за земји во рамки на ЕУ Според европската регулатива 2012/19/EU електричните уреди што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Notice-Facile