HX3826/31 PHILIPS

HX3826/31 - Brosse_a_dents PHILIPS - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit

Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil HX3826/31 PHILIPS au format PDF.

Page 441
Assistant notice
Powered by ChatGPT
En attente de votre message
Informations produit

Marque : PHILIPS

Modèle : HX3826/31

Catégorie : Brosse_a_dents

Téléchargez la notice de votre Brosse_a_dents au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice HX3826/31 - PHILIPS et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil HX3826/31 de la marque PHILIPS.

MODE D'EMPLOI HX3826/31 PHILIPS

Важни безбедносни информации Користете го производот само за неговата намена. Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите производот и неговите батерии и додатоци и зачувајте ги за во иднина. Погрешната употреба може да доведе до опасности и сериозни повреди.

Чувајте го полначот подалеку од вода. По чистењето, проверете дали полначот е целосно сув пред да го поврзете со ѕидниот штекер. Овој уред може да го користат деца и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостиг на искуство и знаење, доколку се под надзор или добиваат инструкции за користењето на уредот на безбеден начин и ги разбираат потенцијалните опасности. Децата не треба да го чистат или да го одржуваат уредот без надзор. Децата не треба да си играат со уредот. Користете само оригинални додатоци или потрошни средства на Philips. Користете го само USB-полначот што доаѓа со производот. Не полнете го производот надвор или во близина на загреани површини. Немојте да чистите ниту еден дел од производот во машината за миење садови. За да избегнете физичка повреда, немојте да го полните резервоарот со топла вода. Немојте да ставате страни тела во резервоарот. Максималната надморска височина на употреба е 4420 метри. Овој производ е дизајниран само за чистење заби и непца. Не користете го за ниту една друга намена. (на пр., очи, нос и уши).

Престанете да го користите апаратот и советувајте се со забар/лекар ако настане претерано крвавење по користењето, ако крвавењето продолжи да се појавува по 1 седмица од користењето или ако почувствувате непријатност или болка. Ако сте имале орална хируршка интервенција или операција на непцата во претходните 2 месеци, советувајте се со стоматологот пред да го користите уредов. Ако имате пејсмејкер или друг имплантиран уред, контактирајте со докторот или со производителот на имплантираниот уред пред употребата. Ако имате прашања од медицинска гледна точка, консултирајте се со доктор пред да го користите уредов. Уредов е уред за лична нега и не е наменет за користење на повеќе пациенти во стоматолошка ординација или институција. Полнете и користете го производот на температура помеѓу 5°C и 40°C.

Безбедносни упатства за батеријата -

Овој уред содржи батерии на полнење што смеат да ги отстрануваат само обучени лица Користете го производот само за неговата намена. Внимателно прочитајте ги овие информации пред да ги користите производот и неговите батерии и додатоци и зачувајте ги за во иднина. Погрешната употреба може да доведе до опасности и сериозни повреди. Доставените додатоци може да се разликуваат за различни производи. Користете само оригинални додатоци и потрошни средства на Philips. Користете ја само единицата за напојување што може да се вади WAAxxxx. Чувајте ги производот и батериите подалеку од оган и немојте да ги изложувате на директна сончева светлина или високи температури.

Ако производот се загрее премногу или почне да мириса, ја промени бојата или ако полнењето трае подолго од вообичаено, престанете со користењето и полнењето на производот и контактирајте со Philips. Не ставајте ги производите и нивните батерии во микробранови печки или на индукциски шпорети. Немојте да го отворате, изменувате, продупчувате, оштетувате или расклопувате производот или батеријата за да спречите батериите да се загреваат или да испуштаат токсични или опасни супстанции. Немојте да правите краток спој, премногу да ги наполнувате или обратно да ги полните батериите. Уредот содржи батерии што не се заменуваат. Кога батеријата е при крај со траењето, уредот правилно ќе се фрли, погледнете го делот за рециклирање. За да се избегне случаен спој на батериите по отстранувањето, не дозволувајте терминалите на батеријата да дојдат во контакт со метален предмет (на пр., паричка, шнола за коса, прстени). Не виткајте ги батериите во алуминиумска фолија. Залепете ги терминалите на батериите или ставете ги батериите во пластична кеса пред да ги фрлате.

Електромагнетни полиња (EMF) Овој Philips уред е во согласност со сите важечки стандарди и регулативи во врска со изложеноста на електромагнетни полиња.

Вовед Добре дојдовте во Philips. Честитки за вашиот нов Sonicare Cordless Power Flosser. За да целосно ја искористите поддршката што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на philips.com/welcome.

Предвидена намена Philips Sonicare Cordless Power Flosser е орален иригатор наменет за отстранување забен камен и

444 Македонски остатоци од храна помеѓу забите и на површината на забот со цел да се намали расипувањето на забите и да се подобри и одржи здравјето на непцата. Овој производ е наменет за домашна употреба на потрошувачите и обично се користи најмалку еднаш на ден. Користењето од страна на деца треба да биде под надзор на возрасни лица.

Вашиот Philips Sonicare Power Flosser 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14

Млазница Ротор на млазницата Копче за ослободување на млазницата Копче за вклучување/исклучување Индикатор за интензитет Копче за интензитет Индикатор за режим (само за конкретни модели) Копче за режим (само за конкретни модели) Индикаторско светло на батеријата Приклучок за полнење со капаче Чување на млазницата во резервоарот Резервоар Врата за полнење на резервоарот Футрола за млазницата (само за конкретни модели) 15 Патна торбичка (само за конкретни модели) 16 Мал приклучок од USB-A за C7 17 Адаптер за напојување со USB-A (само за конкретни модели) Забелешка: содржината на кутијата може да не ги содржи сите прикажани ставки во зависност од конфигурацијата на производот што сте го купиле.

Млазници За да видите каков тип на млазници имате, проверете го кодот на основата на млазницата. Секој тип на млазница обезбедува различни придобивки.

Standard (Стандардна) млазница со еден млаз на вода за отстранување остатоци и забен камен.

Мека гумена млазница за удобност и лесно позиционирање за лица со чувствителни непца.

Мека гумена млазница што ја насочува водата во вкрстен млаз што нежно го отстранува забниот камен за лесно темелно чистење.

Забелешка: содржината на кутијата може да не ги содржи сите прикажани ставки во зависност од конфигурацијата на производот што сте го купиле.

Режими и интензитети Режими (само за конкретни модели) Во зависност од вашиот модел, вашиот Cordless Power Flosser е опремен со еден или два различни режими. Ако имате уред со два режима, притиснете го копчето за режим за да менувате помеѓу стандардниот Clean (за чистење) режим и режимот Deep Clean (за темелно чистење) за да го изберете саканиот режим. Ако имате уред со еден режим, тој веќе е во режим за Clean (чистење).

446 Македонски Clean (2000 и 3000 Series) Овој режим, со тајмер, обезбедува постојан притисок на водата за одлично чистење. Тајмерот укажува кога треба да се префрлите на следниот дел од устата преку кратка пауза во протокот на вода на секои 15 секунди. Овој Cordless Power Flosser доаѓа со активиран тајмер.

За да го активирате или деактивирате тајмерот Кога Cordless Power Flosser е исклучен, притиснете и задржете го копчето за избор на интензитет 3 секунди. - Кога е деактивиран, индикаторското светло на батеријата ќе трепне портокалово еднаш - Кога е активиран, индикаторското светло на батеријата ќе трепне зелено двапати Deep clean (3000 Series) Овој режим ја користи Puls Wave (технологијата на пулсирачки бран) за да ве води од заб до заб, користејќи силни и нежни пулсирања на водата за темелно чистење. Со Puls Wave (технологијата на пулсирачки бран), протокот на вода се зголемува и се намалува во интензитет, обезбедувајќи кратка пауза за време на која можете да ја поместите млазницата на следниот простор помеѓу забите.

Интензитети Вашиот Cordless Power Flosser доаѓа со три различни поставки за интензитет. За да го промените интензитетот на поставката што ја сакате, притиснете го копчето за интензитет. Забелешка: се препорачува да започнете да го користите безжичниот Power Flosser со најмалиот интензитет и да го зголемувате интензитетот во текот на неколку недели.

Започнување Полнење на Cordless Power Flosser 1 Нежно повлечете го и завртете го капакот на портата за полнење на задниот дел од Cordless Power Flosser за да се прикаже портата за полнење.

2 Приклучете го кабелот USB-A во приклучокот за полнење на задната страна на Cordless Power Flosser. Забелешка: Проверете дали рачката е целосно сува пред да го поврзете кабелот USB-A.

3 Поврзете го кабелот USB-A во USB ѕиден адаптер од 5 V. Забелешка: ѕидниот адаптер не е вклучен во сите модели. Користете само адаптер IPX4 од 5 V.

4 Индикаторот за батерија трепка додека се полни (видете „Полнење”). Забелешка: може да бидат потребни до 8 часа за батеријата целосно да се наполни, но може да го користите Cordless Power Flosser и пред целосно да се наполни. Забелешка: вратете го капакот на портата за полнење на Cordless Power Flosser кога не се полни активно.

Полнење на резервоарот Наполнете го резервоарот со млака вода. Постојат два лесни начини да се наполни резервоарот.

448 Македонски Забелешка: при полнење на резервоарот, не надминувајте ја максималната линија за полнење. Забелешка: извадете го полначот од Cordless Power Flosser пред да го полните резервоарот и да го користите уредот. Опција 1: Отворете го капачето на преклоп од страната на резервоарот и наполнете го резервоарот преку страничната порта за брзо полнење. Опција 2: 1 Извиткајте за да го откачите резервоарот и наполнете го преку широкиот отвор. 2 Наполнете го резервоарот.

3 Извиткајте го резервоарот за да повторно го прикачите.

Вметнување и отстранување млазници Вметнете ја саканата млазница во рачката. Притиснете ја млазницата надолу додека не слушнете „клик“. Забелешка: осигурете се дека млазницата е целосно вметната и израмнета со горниот дел од уредот.

За да ја отстраните млазницата, притиснете го копчето за ослободување на млазницата и извлечете ја од рачката.

Користење на Cordless Power Flosser 1 Пред да го вклучите уредот, насочете го врвот на млазницата кон мијалникот. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување на рачката за да го вклучите Cordless Power Flosser. Оставете водата да прска во мијалникот. Исклучете го уредот откако водата ќе се испразни од уредот. 2 Ставете го врвот на млазницата во устата. Наведнете се врз мијалникот и делумно затворете ги усните околу врвот на млазницата за да се избегне прскање. Оставете доволно простор за да дозволите водата да тече од устата во мијалникот. 3 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување на рачката за да го вклучите Cordless Power Flosser. 4 Кога е вклучен Cordless Power Flosser: Забелешка: За време на користењето, не притискајте го копчето за ослободување на млазницата. a Поставете го врвот на млазницата веднаш над линијата на непцата под агол од 90°. Забелешка: за млазницата Quad Stream нежно притиснете, така што врвот на млазницата да биде во контакт со линијата на непцата и забите.

450 Македонски b Почнувајќи од задните заби на горната или долната вилица, лизгајте го врвот на млазницата вдолж линијата на непцата и паузирајте кратко помеѓу секој заб.

Продолжете да чистите и од внатрешната (15 секунди) и од надворешната (15 секунди) страна на забите, вкупно 30 секунди во еден лак на устата.

Забелешка: не заборавајте да ги исчистите забите од внатрешната страна. Забелешка: може да го користите роторот на млазницата за да го свртите и позиционирате врвот на млазницата и да ги исчистите забите од внатрешната страна. d Повторете во другиот лак на устата уште 15 секунди одвнатре и 15 секунди однадвор сè додека не се исчистат сите простори околу и помеѓу забите во траење од најмалку една минута. Забелешка: може да го запрете протокот на вода за време на употребата со притискање на копчето за вклучување/исклучување на Cordless Power Flosser. Забелешка: Cordless Power Flosser автоматски се исклучува по 2 минути. Забелешка: ако изберете да го дополните резервоарот за време на употребата, исклучете го уредот додека го полните резервоарот, а потоа продолжете од местото каде што сте застанале додека не се исчистат сите простори околу и помеѓу забите во траење од најмалку една минута.

Чистење ортодонтски брикети со млазницата Quad Stream 1 За чистење околу ортодонтските брикети, ставете го врвот на млазницата над секоја од нив.

2 Нежно вртете го врвот на млазницата околу брикетите во мал круг пред да се преместите на брикетот на следниот заб.

По секоја употреба 1 Исклучете го Cordless Power Flosser. 2 Откачете го и испразнете го резервоарот 3 Извадете ја млазницата од рачката со притискање на копчето за ослободување на млазницата на горниот дел од рачката 4 Исплакнете ја млазницата под чешма 5 Исушете го вишокот вода од млазницата, од надворешната страна на рачката и резервоарот 6 Вметнете ја млазницата назад во рачката или користете ја опцијата (видете „Чување”) за чување на млазницата во резервоарот. Забелешка: за да се олесни сушењето, отворете го капакот на портата за полнење на резервоарот или оставете го Cordless Power Flosser расклопен помеѓу употребите.

Полнење Статус на батеријата Овој Cordless Power Flosser е дизајниран да обезбедува најмалку 25 сесии на чистење, секоја со траење од 1 минута.

452 Македонски Индикаторот за батерија го покажува статусот на батеријата кога ќе ја завршите сесијата на чистење, односно кога ќе го паузирате Power Flosser. Забелешка: По 2 минути употреба, уредот ќе се исклучи. Кога безжичниот Power Flosser се полни

Статус на батеријата

Индикатор за батерија

Постојано зелено светло

Трепкачко зелено светло Забелешка: индикаторот за батерија ќе трепка додека не се наполни целосно. Кога ќе се наполни целосно и уште е вклучен, светлото ќе биде постојано зелено 30 секунди и потоа ќе се исклучи Кога безжичниот Power Flosser не се полни

Статус на батеријата

Индикатор за батерија

Постојано зелено светло

Трепкачко портокалово светло 5 секунди и безжичниот Power Flosser автоматски се исклучува Забелешка: кога ќе се појави индикаторот за слаба батерија, безжичниот Power Flosser е дизајниран да обезбедува најмалку 3 сесии на чистење, секоја со траење од 1 минута.

Чистење Cordless Power Flosser треба да се чисти еднаш неделно. Чистете ги уредот и додатоците на следниов начин. Додатоците може да се разликуваат според моделот.

Предупредување: не чистете го Cordless Power Flosser додека се прикачени кабелот за

полнење и адаптерот. Откачете го кабелот од уредот и затворете го капакот на портата за полнење пред да го чистите. Резервоар Нежно извадете го резервоарот од Cordless Power Flosser со вртење. Резервоарот може да се мие рачно со топла вода и благ сапун или да се исчисти во горната решетка на машината за миење садови. Рачка Кога е потребно, може да ја исчистите рачката со бришење со мека крпа и благ сапун. Млазници - Редовно чистење: отстранете ја млазницата од рачката. Исплакнете го врвот под топла вода. - На секои неколку месеци или ако вашата млазница се затне: потопете ја млазницата во сад со 2 дела вода и 1 дел оцет 5 минути. Исплакнете ја млазницата со топла вода. Внатрешни компоненти, црево и рачка Наполнете го резервоарот со топла вода и додајте 1 – 2 лажици бел оцет. Насочете ја млазницата кон мијалникот и вклучете го Cordless Power Flosser за да помине растворот низ него додека резервоарот не се испразни. Исплакнете повторувајќи со полн резервоар со чиста топла вода. Кутија за чување на млазницата Кутијата за чување може рачно да се измие во топла вода со благ сапун или да се исчисти во горната решетка на машината за миење садови. Патна торбичка Исчистете ја патната торбичка бришејќи ја со мека крпа и мешавина од топла вода со благ сапун. Избришете ја патната торбичка со крпа за да се исуши.

Чување Чување на млазницата во резервоарот Вашиот Cordless Power Flosser е дизајниран, така што може да чувате една млазница закачена на долниот дел од рачката на Cordless Power Flosser во резервоарот. За да ја користите оваа функционалност: 1 Завртете го резервоарот да се откачи.

2 Извадете ја млазницата со притискање на копчето за исфрлање на млазницата на задниот дел од рачката.

3 Вметнете го долниот дел на млазницата во долниот дел на безжичниот Power Flosser.

4 Извиткајте го резервоарот за да повторно го прикачите. Забелешка: исушете ја внатрешноста на резервоарот и млазницата пред да ја користите оваа функционалност. Забелешка: за да се олесни сушењето, отворете го капакот на портата за полнење на резервоарот или оставете го Cordless Power Flosser расклопен помеѓу употребите. Забелешка: Ако не планирате да го користите производот подолго време, исклучете го од

електричниот штекер, исчистете го и складирајте го на ладно и суво место подалеку од сончева светлина.

Предупредување: не ставајте други предмети во резервоарот. Особено, не чувајте го кабелот за полнење или ѕидниот адаптер во резервоарот

Замена Заменувајте ги млазниците на секои 6 месеци или веднаш кога ќе се оштетат. За да купите додатоци или резервни делови, одете на philips.com или кај локалниот дистрибутер на Philips Sonicare.

Лоцирање на бројот на моделот Бројот на моделот на вашиот уред се наоѓа на кутијата. 2000 Series – (за сите модели HX3801) 3000 Series – (за сите модели HX3804, HX3805, HX3806)

Гаранција и поддршка За информации за производот, поддршка и упатства за корисникот онлајн, посетете ја: www.philips.com/support или прочитајте ја брошурата за меѓународна гаранција.

Ограничување на гаранцијата Условите од меѓународната гаранција не го покриваат следново: - Резервоар - Млазници - Оштетување предизвикано од употреба на неовластени резервни делови или неовластени млазници - Оштетување предизвикано од погрешно користење, запоставување, промени или неовластени поправки - Нормално трошење и абење, вклучувајќи скршени делчиња, гребаници, абразии, промена на бојата или избледување

Овој симбол означува дека електричните производи и батерии не треба да се фрлаат во обичниот отпад од домаќинствата. Придржувајте се до прописите во вашата земја за посебно собирање на електрични производи и батерии.

Отстранување на вградена батерија на полнење СОДРЖИ ЛИТИУМ-ЈОНСКА ЌЕЛИЈА ШТО МОЖЕ ДА СЕ ПОЛНИ. МОРА ДА СЕ РЕЦИКЛИРА ИЛИ ПРАВИЛНО ДА СЕ ФРЛИ. Вградената батерија на полнење мора да ја отстрани квалификуван професионалец кога производот ќе се отфрли. Упатствата за отстранување на вградени батерии на полнење може да ги најдете на www.philips.com/support.