LivingColors 6916431PH - далечински управувач PHILIPS - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit

Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil LivingColors 6916431PH PHILIPS au format PDF.

Page 116
Assistant notice
Powered by ChatGPT
En attente de votre message
Informations produit

Marque : PHILIPS

Modèle : LivingColors 6916431PH

Catégorie : далечински управувач

Téléchargez la notice de votre далечински управувач au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice LivingColors 6916431PH - PHILIPS et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil LivingColors 6916431PH de la marque PHILIPS.

MODE D'EMPLOI LivingColors 6916431PH PHILIPS

Исклучување / Вклучување

Далечински управувач

Ви благодариме што се одлучивте да купите Philips LivingColors далечински управувач! Тој ќе

ви помогне да поврзете различни Philips LivingColors, LivingWhites и LivingAmbiance производи

и да креирате совршен амбиент за соодветниот момент.

Ова упатство ќе ви помогне при…

1. Започнување со употреба

2. Креирање сопствен амбиент со светлина

3. Креирање светлосни сцени

4. Избирање и прилагодување на поединечните светилки

5. Одговор на често поставуваните прашања

6. Добивање дополнителна поддршка

1. Отпакувајте го далечинскиот управувач.

2. Отворете го одделот за батерии на далечинскиот управувач со притиснување

на копчето на задната страна. Вметнете ги 3-те AAA батерии (+ и – како што е

покажано) кои се вклучени во пакетот.

3. Поврзете го далечинскиот управувач со лампата(-ите) која би сакале да

ја контролирате: приближете го далечинскиот управувач до LivingColors,

LivingWhites или LivingAmbiance производот; потоа притиснете и задржете на

копчето “I”. Лампата ќе засвети 3 пати и потоа кратко ќе засвети со зелена боја

(доколку е лампа со светлина во боја). Задржете го копчето “I” додека не чуете

звучен сигнал од далечинскиот управувач. Лампата сега ќе биде поврзана со

далечинскиот управувач.

На истиот начин на далечинскиот управувач можете да поврзете повеќе лампи

(може да бидат поврзани до 50 лампи).

2. Креирање сопствен амбиент со светлина117

Со LivingColors производите, можете да креирате ваш сопствен амбиент преку:

1. Допирање на саканата боја на тркалцето за боја. Можете да го движите прстот

по тркалцето за боја за да ја прилагодите бојата.

2. Менување на заситеноста на бојата (додавање повеќе бела боја кон

тековната боја). Притиснете го копчето за зголемување на заситеност за

подлабока боја или копчето за намалување на заситеност за попастелна.

Доколку продолжите со притиснување на копчето за намалување на заситеност,

на крај ќе добиете бела боја.

3. Придушување. Засилете или намалете го интензитетот на светлината со

помош на копчињата за придушување.

4. Активирање на режимот за автоматско менување на боите. Повлечете

со прстот околу тркалцето за боја (еден полн круг) и кратко притиснете на

“I” (“Вклучено”); ќе слушнете сигнал, и LivingColors ќе премине во режим на

автоматско менување на боите: лампата ќе започне автоматски да ги менува

Можете да ја прилагодите брзината со која се менуваат боите. Брзината

може да се прилагоди во насока на движењето на стрелките на часовникот, од

побрзо (темно сина боја на тркалцето за боја) кон побавно (виолетова боја).

Можете да допрете каде било на тркалцето за боја. Додека сте во режим на

автоматско менување на боите, исто така можете да ги прилагодите заситеноста

и осветленоста на боите.

За да се вратите во режим на непроменливи бои, повторно повлечете со прстот

околу тркалцето за боја (еден полн круг) и потоа притиснете “0”.

5. Исклучување (“0”) и вклучување (“I”) на лампите.

Со LivingWhites производите, можете да креирате ваш сопствен амбиент преку придушување

и вклучување/исклучување на светилките, како што е опишано погоре. Кога ќе ја исклучите

белата светилка, светлината ќе се исклучи постепено. Ако сакате таа да се исклучи веднаш,

повторно притиснете го копчето “0”.

3. Креирање на светлосни сцени

Ако ви се допадне одредено поставување на светлината (на пример, црвена светлина со

мало придушување), можете да ја зачувате оваа сцена за лесно повикување: притиснете

и задржете на едно од копчињата за сцена, сè додека далечинскиот управувач не емитува

звучен сигнал. Вашата сцена сега е зачувана под копчето за сцена кое сте го притиснале. На

овој начин исто така можете да зачувате одреден режим за автоматско менување на боите.

Можете да продолжите со прилагодување на светилките по ваша желба. Кога ќе сакате да се

вратите на некоја зачувана сцена, само притиснете го копчето за сцена кое сте го притиснале

при зачувувањето.118

Ако далечинскиот управувач е поврзан на повеќе од една лампа, тој ќе ја зачува сцената за

сите лампи кои се поврзани со него. На пример, можете да зачувате сцена при која некои од

вашите лампи имаат придушена светлина, а некои имаат портокалова боја.

Можете да зачувате до 3 сцени (по една за секое копче за сцена).

4. Избирање и прилагодување на одделните лампи

Доколку на овој далечински управувач сте поврзале повеќе лампи, ќе можете да ги

контролирате истовремено или секоја одделно. За да контролирате лампа, треба да ја

изберете. Ова можете да го направите со помош на копчињата за избор на светилка. Кога

ќе биде избрана, лампата ќе засвети и индикаторот за избор на светилка на далечинскиото

управувач (сијаличка) ќе засвети. Тоа значи дека сега можете да ја прилагодувате избраната

Кога не е избрана лампа (индикаторот за избор на светилка е исклучен), сите ваши

прилагодувања ќе важат за сите лампи поврзани на далечинскиот управувач (на пример,

можете да ги придушите сите светилки во собата).

5. Често поставувани прашања

Што да направите ако…

o Лампа не емитува светлина

o Проверете ги местата на поврзување на кабелот со лампата. Проверете дали

приклучокот е правилно вметнат во штекерот.

o Извадете го кабелот за напојување и повторно приклучете го. Ако лампата

накратко се вклучи и потоа се исклучи, употребете го далечинскиот управувач за

да извршите повторно вклучување.

o Лампа не реагира на далечинскиот управувач

o Поврзете го далечинскиот управувач со лампата следејќи ја постапката опишана

во делот 1 од ова упатство.

o Проверете ги батериите во далечинскиот управувач. Батериите треба да бидат

правилно поставени (+ и -) и треба да бидат полни. Ако далечинскиот управувач

сè уште не работи, обидете се да ги замените батериите.

o Проверете дали лампата која се обидувате да ја поврзете со далечинскиот

управувач е означена со логото на SmartLink на амбалажата. Само производи

со SmartLink лого на амбалажата можат да се поврзуваат со овој далечински

o Копчињата трепкаат по употребата на далечинскиот управувач

o Ова значи дека батериите во далечинскиот управувач се (речиси) празни и

треба да се заменат.119

o Не можам да го активирам режимот на автоматско менување на боите

o Можно е далечинскиот управувач да не го препознал вашето “повлекување” со

прстот. Обидете се повторно, внимавајќи вашиот прст постојано да го допира

тркалцето за боја за време на кружното движење

o Моето прашање не е наведено тука

Ве молиме разгледајте го опширниот дел со често поставувани прашања на нашиот веб-сајт:

www.philips.com/livingambiance. Доколку сè уште не можете да најдете одговор на вашето

прашање, обратете се до Philips за помош (погледнете го делот 6 “Дополнителна поддршка”).

6. Дополнителна поддршка

За повеќе информации и во случај на проблем, ве молиме посетете ја веб-страницата на Philips

00800-PHILIPSL или 00800-74454775

Двегодишната гаранцијата од Philips е важечка доколку производот се употребува во

согласност со инструкциите за неговата примена. Рекламациите ќе бидат прифатени со

поднесување на оригинален доказ за купување (фактура, сметка или испратница) на кој се

наведени датумот на купување, името на продавачот и описот на производот.

Гаранцијата на Philips престанува со важност:

• При каква било промена, прецртување, бришење или нечитливост на документот за

купување или описот на производот.

• Дефекти предизвикани од оштетување, неисправни приклучоци или неправилно

• Доколку е предизвикан дефект при екстремни околности во однос на LivingColors

како удар на гром, поплава, пожар, несоодветна употреба или несовесност.

• Доколку LivingColors светилката е отварана или расклопувана.

Безбедносни инструкции:

Чувајте ги приклучокот и LivingColors производот подалеку од течности и влага.

• LivingColors производот е наменет само за внатрешна употреба. Не користете го на

влажни места, на пр. бањи или на отворено.

• LivingColors не претставува играчка со која би можеле да си играат децата.

• Не поставувајте го на жешки површини

• Заради безбедносни причини и според условите од гаранцијата, LivingColors и

приклучокот не смеат да се отвараат.

• Користете го единствено испорачаниот адаптер: употребата на различен адаптер може

да го оштети вашиот LivingColors.120

Чистење и одржување:

За да избегнете гребење, LivingColors далечинскиот управувач треба да се чисти единствено

со мека сува ткаенина.

Не употребувајте средства за чистење.

Не поставувајте го на жешки површини.

На крајот од работниот век отстранувањето на уредот направете го во согласност со

упатствата на локалните власти. Извадете ги батериите доколку сакате да го фрлите

далечинскиот управувач. Немојте да ги фрлате батериите со нормалниот отпад од

домаќинствата. Тие мора да бидат однесени на јавно место за собирање или кај застапник на

Philips, по што батериите ќе бидат отстранети на начин кој не е штетен за животната средина.

Технички спецификации: