HX7108/01 - Електрична четка за заби PHILIPS - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit

Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil HX7108/01 PHILIPS au format PDF.

Page 585
Assistant notice
Powered by ChatGPT
En attente de votre message
Informations produit

Marque : PHILIPS

Modèle : HX7108/01

Catégorie : Електрична четка за заби

Téléchargez la notice de votre Електрична четка за заби au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice HX7108/01 - PHILIPS et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil HX7108/01 de la marque PHILIPS.

MODE D'EMPLOI HX7108/01 PHILIPS

Средно слабо заредена

Вовед Добре дојдовте во семејството на Philips Sonicare! Оваа четка за заби ви овозможува да добиете супериорно отстранување на забен камен, побели заби и поздрави непца. Користејќи ја комбинацијата на нежна звучна технологија на Sonicare и клинички развиени и докажани функции, може да бидете сигурни дека го добивате најдоброто чистење, секој пат. Дополнителна поддршка и регистрација на производот ви се достапни на: www.philips.com/support

Важни безбедносни информации Користете го производот само за неговата намена. Внимателно прочитајте ги овие информации пред да ги користите производот и неговите батерии и додатоци и зачувајте ги за во иднина. Погрешната употреба може да доведе до опасности и сериозни повреди.

Користете само оригинални додатоци или потрошни средства на Philips. Ако сте ги добиле, користете ги само оригиналните USB-кабел и USB-единица за напојување. Уредот не содржи делови што корисникот може да ги сервисира. Ако уредот се оштети, престанете да го користите и контактирајте со Центарот за грижа на корисниците во вашата држава. Ако USB-кабелот е оштетен, престанете да го користите. Чувајте ги полначите подалеку од вода. По чистењето, проверете дали полначите и патничките кутии за полнење се целосно суви пред да ги поврзувате истите. Овој уред може да го користат деца и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостиг на искуство и знаење, доколку се под надзор или добиваат инструкции за користењето на уредот на безбеден начин и ги разбираат потенцијалните опасности. Децата не треба да го чистат или да го одржуваат уредот без надзор. Децата треба да бидат под надзор за да се осигури дека не си играат со производот. Немојте да чистите ниту еден дел од производот во машината за миење садови. Немојте да ги користите адаптерите и полначите надвор или во близина на загреани површини. Овој уред е дизајниран само за чистење заби, непца и јазик.

Престанете да ја користите главата на четката со згмечени или извиткани влакна. Менувајте ја главата на четката на секои 3 месеци или порано ако се појават знаци на абење. Избегнувајте директен контакт со производи што содржат есенцијални масла или кокосово масло. Контактот може да доведе до вадење на влакната. Максималната надморска височина на употреба е 4500 метри.

МЕДИЦИНСКИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА -

Престанете да го користите апаратот и советувајте се со забар/лекар ако настане претерано крвавење по користењето, ако крвавењето продолжи да се појавува по 1 седмица од користењето или ако почувствувате непријатност или болка. Ако сте имале орална хируршка интервенција или операција на непцата во претходните 2 месеци, советувајте се со стоматологот пред да го користите уредов. Ако имате пејсмејкер или друг имплантиран уред, контактирајте со докторот или со производителот на имплантираниот уред пред употребата. Ако имате прашања од медицинска гледна точка, консултирајте се со доктор пред да го користите уредов. Уредов е уред за лична нега и не е наменет за користење на повеќе пациенти во стоматолошка ординација или институција.

Овој уред содржи батерии на полнење што смеат да ги отстрануваат само обучени лица. Користете го производот само за неговата намена. Внимателно прочитајте ги овие информации пред да ги користите производот и неговите батерии и додатоци и зачувајте ги за во иднина. Погрешната употреба може да доведе до опасности и сериозни повреди. Доставените додатоци може да се разликуваат за различни производи. Користете само оригинални додатоци и потрошни средства на Philips. Чувајте ги производот и батериите подалеку од оган и немојте да ги изложувате на директна сончева светлина или високи температури. Ако производот се загрее премногу или почне да мириса, ја промени бојата или ако полнењето трае подолго од вообичаено, престанете со користењето и полнењето на производот и контактирајте со Philips. Не ставајте ги производите и нивните батерии во микробранови печки или на индукциски шпорети.

Немојте да го отворате, изменувате, продупчувате, оштетувате или расклопувате производот или батеријата за да спречите батериите да се загреваат или да испуштаат токсични или опасни супстанции. Немојте да правите краток спој, премногу да ги наполнувате или обратно да ги полните батериите. Уредот содржи батерии што не се заменуваат. Кога батеријата е при крај со траењето, уредот правилно ќе се фрли, погледнете го делот за Рециклирање. Полнете само со Philips HX6110 номинална влезна моќност: 4,75 – 5,25 VDC, 1,5 W. Полнете го и користете го производот на температура помеѓу 0 °C и 40 °C. За да се избегне случаен спој на батериите по отстранувањето, не дозволувајте терминалите на батеријата да дојдат во контакт со метален предмет (на пр., паричка, шнола за коса, прстени). Не виткајте ги батериите во алуминиумска фолија. Залепете ги терминалите на батериите или ставете ги батериите во пластична кеса пред да ги фрлате. Овој уред содржи литиум-јонска батерија што може да се полни. МОРА ДА СЕ РЕЦИКЛИРА ИЛИ ПРАВИЛНО ДА СЕ ФРЛИ.

Услови за складирање и транспорт Температура -20 °C до +60 °C

Електромагнетни полиња (EMF) Овој уред од Philips е во согласност со сите важечки стандардни и одредби во однос на изложеноста на електромагнетни полиња.

Директива за радио опрема Со ова, Philips изјавува дека електричните четки за заби со тип на радиоопрема (Bluetooth, NFC) се во согласност со директивата 2014/53/ЕУ. - Интерфејсот за радиофреквенција на Bluetooth во соодветните производи работи на 2,4 GHz. - Максималната излезна моќност на Bluetooth-уредот е 3 dBm. - Интерфејсот за радиофреквенција на NFC во соодветните производи работи на 13,56 MHz. - Максималната РФ-моќност што се пренесува со уредот е 30,16 dBm. Целосниот текст на декларацијата за усогласеност со ЕУ е достапен на следнава интернет-адреса: www.philips.com/support Забелешка: Функциите на различните модели може да се разликуваат. Некои модели можеби не се опремени со Bluetooth или NFC.

ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА Следниве симболи може да се појавуваат на производот:

Овој симбол значи да ги прочитате упатствата за употреба пред да го користите уредот.

Овој симбол значи да го користите посоченото електрично напојување.

Предвидена намена Електричните четки за заби Sonicare се наменети за отстранување на наталожениот забен камен и остатоци од храна од забите за да се намали расипувањето на забите и да се подобри и одржи оралното здравје.

Вашата Philips Sonicare (сл. 1) 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

Рачка Копче за вклучување/исклучување Режими (во зависност од моделот) Потсетник за замена на глава на четка Индикатор за батерија Додатоци: Капак за главата на четката Глава(глави) на четката за заби Симбол BrushSync USB полнач (ѕидниот адаптер не е вклучен) Кутија за патување

Забелешка: Вклучените додатоци може да се разликуваат според купениот модел. Забелешка: Ѕидниот адаптер не е вклучен. Препорачуваме каков било компатибилен адаптер IPX4 отпорен на прскање (може да се препознае по текстот „IPX4“ или по симболите на адаптерот).

Започнување Прикачување на главата на четката

1 Порамнете ја главата на четката, така што влакната ќе бидат поставени во истата насока со предниот дел на рачката.

2 Цврсто притиснете ја главата на четката врз металниот издаден дел сѐ додека нема каде повеќе да оди. Забелешка: нормално е да има мал простор меѓу главата на четката и рачката.

Користење на четката за заби Philips Sonicare Ако ја користите вашата четка за заби Sonicare по прв пат, нормално е да чувствувате повеќе вибрации отколку кога користите неелектрична четка за заби. Вообичаено е за тие што ја користат по прв пат да вршат премногу притисок. Применете само нежен притисок и оставете четката за заби да го врши четкањето наместо вас. Следете ги долунаведените упатства за четкање за најдобро искуство. За да ви помогне да се префрлите на новата електрична четка за заби Sonicare, користете пониска поставка во првите 1 – 2 недели, а потоа префрлете се на повисока поставка.

1 Навлажнете ги влакната на четката и ставете мало количество паста за заби. 45°

2 Ставете ја четката за заби со влакната кон забите под мал агол (45 степени). Притискајќи цврсто за влакната да достигнат до непцата или малку под линијата на непцата. Забелешка: Центарот на четката мора да биде во контакт со забите цело време.

3 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја вклучите Philips Sonicare.

45° 4 Нежно поставете ги влакната од четкичката на забите и непцата. Четкајте ги забите со мали движење напред-назад, така што влакната на четкичката ќе достигнуваат помеѓу забите. Продолжете со ова движење за целото време на четкањето.

Забелешка: влакната од четката треба малку да се рашират. Не се препорачува да четкате како со рачна четка за заби. Забелешка: Ако премногу притискате, ќе бидете алармирани преку промена во вибрациите на рачката.

5 За да ги исчистите внатрешните површини на предните заби, свртете ја рачката на четката полунагоре и направете неколку вертикални преклопувачки движења на четкање на секој заб. 6 Откако ќе го завршите циклусот на четкање, може дополнително да ги четкате површините за џвакање на забите и местата каде што настануваат дамки. Може да го четкате и јазикот, со вклучена или исклучена четка за заби, како што претпочитате. Забелешка: Вашата четка за заби Philips Sonicare е безбедна за употреба на протези (главите на четките се трошат побрзо кога се користат на протези) и забни реставрации (пломби, коронки, винири) доколку се правилно залепени и не се компромитирани.

BrushPacer 2 1 3 4 6

За да се осигурите дека ќе четкате подеднакво во устата, поделете ја устата на 6 дела со функцијата BrushPacer. BrushPacer го дели времето на четкање на 6 еднакви сегменти и означува кога треба да преместите на следната област. Сегментите се назначуваат со кратка пауза во вибрациите. Четката за заби автоматски застанува на крајот од сесијата за четкање. Забелешка: Може да се додаде дополнително време кога го користите режимот White (кога е достапно).

Режими Вашата електрична четка за заби е опремена со најмногу 2 различни режими: Clean и White. Според паметната глава на четката што ја користите, технологијата BrushSync автоматски ќе ги избере оптималниот режим и интензитет. За рачно да го смените режимот/интензитетот, притиснете на копчето за вклучување/исклучување во рок од 2 секунди од започнувањето или продолжувањето на четкањето додека работи четката за заби. Сите глави на четките функционираат со секој режим.

Отстранување на забен камен

Отстранување на забен камен и површински дамки

Препорачано ниво на Високо интензитет

Вкупно време на четкање

Секој сегмент четкајте го 20 секунди.

Секој сегмент четкајте го 20 секунди,

потоа четкајте ги сегментите 7 и 8 секој по 20 секунди. 7

Интензитети (само 5300) Поставки за интензитет Вашата електрична четка за заби има 2 различни интензитета: - Висок интензитет - Низок интензитет Забелешка: Препорачуваме висок интензитет за најдобри резултати. За рачно да го изберете вашиот посакуван интензитет, притиснете на копчето за вклучување во рок од 2 секунди од започнувањето или продолжувањето на четкањето кога четката за заби е вклучена за менување помеѓу опциите.

Технологија BrushSync

Технологијата BrushSync ѝ овозможува на главата на четката да комуницира со рачката користејќи микрочип. Симболот на дното од главата на четката означува дека главата е опремена со оваа технологија. Технологијата BrushSync овозможува: - Потсетник за замена на глава на четка - Режим BrushSync и спарување на интензитет Забелешка: Достапноста на спарувањето на режимот BrushSync зависи од моделот на вашата четка за заби. Philips Sonicare нуди широка лепеза на паметни глави за четка, опремени со технологијата BrushSync. За да го истражите целиот спектар на глави на четки за заби и ја најдете главата на четката што најмногу Ви одговара, одете на www.philips.com/toothbrush-heads за повеќе информации.

Повратни информации на сензорот за притисок BrushPacer SmarTimer EasyStart Потсетник за замена на глава на четка Режим на спарување на главата на четката

Повратни информации на сензорот за притисок Четката за заби Sonicare го мери притисокот што го применувате додека четкате за да ги заштити непцата и забите од оштетување. Ако примените преголем притисок, рачката ќе ги смени вибрацијата и звукот сѐ додека не го намалите притисокот. Забелешка: Вашиот производ доаѓа со активирани Повратни информации на сензорот за притисок. За да ја деактивирате оваа функција (видете „Активирање или деактивирање на функциите”).

BrushPacer е тајмер за интервали што Ви помага да четкате рамномерно низ устата преку делење на устата на 6 делови. Забелешка: Кога е достапно, може да се додаде дополнително време кога го користите режимот White.

SmarTimer SmarTimer означува дека циклусот на четкање завршил со автоматско исклучување на четката за заби на крајот од циклусот на четкање. Стоматолозите препорачуваат четкање не помалку од 2 минути двапати дневно. Забелешка: Ако го притиснете копчето за вклучување/исклучување откако ќе го започнете циклусот на четкање, четката за заби паузира. Ако го притиснете копчето за вклучување/исклучување во рок од 30 секунди, тајмерот продолжува да ви овозможува да го завршите циклусот на четкање. По пауза од 30 секунди, SmarTimer се ресетира.

EasyStart Овој модел на Philips Sonicare доаѓа со деактивирана функција EasyStart. Функцијата EasyStart полека ја зголемува силата во текот на првите 14 четкања за да ви помогне да се навикнете на четкањето со Philips Sonicare. Функцијата EasyStart функционира со сите режими. Забелешка: Функцијата EasyStart е активирана на серијата 5500. *Одрекување од одговорност Кога четката за заби Philips Sonicare се користи за клинички испитувања, таа мора да се користи со висок интензитет со рачката целосно наполнета, а функцијата EasyStart деактивирана. За да активирате EasyStart (видете „Активирање или деактивирање на функциите”).

Потсетник за замена на глава на четка Вашата четка Philips Sonicare е опремена со технологија BrushSync што го следи абењето на главата на четката.

596 Македонски Забелешка: Оваа функција работи само со паметните глави на четки Philips Sonicare со технологијата BrushSync. 1 Кога ќе прикачите нова паметна глава за четка за заби по прв пат, рачката препознава дека имате глава за четка на Philips со технологија BrushSync и започнува да го следи абењето на главата на четката. 2 Со тек на време, врз основа притисокот што го применувате и вкупното време кога се користела главата на четката, рачката го следи абењето на главата на четката за да го определи оптималното време за замена на главата на четката. Оваа функција гарантира најдобро чистење и нега на вашите заби.

3 Кога индикаторот на потсетникот за менување на главата на четката ќе светне во портокалова боја, треба да ја замените главата на четката. Забелешка: Сите паметни глави на четките за заби доаѓаат со активирана функција за потсетник за замена на главата на четката за заби. За да го деактивирате потсетникот за менување на главата на четката, видете „Активирање или деактивирање на функциите“.

Режим на спарување на главата на четката Главите на четките со технологија BrushSync се опремени со микрочип кој комуницира со рачката и автоматски ја спарува со препорачаниот режим и интензитет. Повеќето глави на четки со технологија BrushSync автоматски се спаруваат на режимот Clean. Главите на четката што имаат посебни придобивки се спаруваат само со соодветниот режим (кога е достапен), такви примери се: - W3 Premium White или W DiamondClean (NAM) / W OptimalClean (ROW): Режим White (кога е достапно) Забелешка: Ако изберете да го промените режимот/интензитетот од препорачаната поставка, главата на четката ќе ја запомни вашата избрана поставка за следните сесии на четкање.

Активирање или деактивирање на функциите Можете да ги активирате или деактивирате следниве функции на вашата четка за заби:

- EasyStart - Потсетник за замена на глава на четка - Повратни информации на сензорот за притисок Забелешка: Потсетникот за замена на главата на четката е компатибилен само со паметната глава за четка Sonicare. Паметната глава за четка мора да се прикачи на четката за заби за да се активира или деактивира потсетникот за заменување. Од рачката: Чекор 1: Поставете ја рачката на приклучен полнач/кутија за патување со полнач. Чекор 2: Притиснете и задржете го копчето за вклучување/исклучување:

Потсетник за Повратни информации замена на глава на сензорот за на четка притисок

Чекор 3: Пуштете го копчето за вклучување/исклучување кога ќе слушнете: 1 титкање

Заедно со: Ако видите дека левото LED светло за индикаторот за батерија трепка во зелена боја 2 пати и слушнете 3 тона, од потивок кон погласен, тогаш функцијата е активирана.

598 Македонски Ако видите дека левото LED светло за индикаторот за батеријата трепка во портокалова боја еднаш и слушнете 3 тона, од погласно кон потивко, тогаш функцијата е деактивирана.

Полнење и статус на батеријата Оваа четка за заби Philips Sonicare е дизајнирана да обезбеди во просек 42 сесии на четкање, секоја сесија по 2 минути (21 дена, доколку се користи двапати дневно) при целосно наполнета батерија. Индикаторот за батеријата го покажува статусот на батеријата кога ја завршувате 2-минутната сесија за четкање, кога ја паузирате четката за заби или додека се полни. Забелешка: Потребни се до 24 часа за батеријата целосно да се наполни пред првото користење, но може да ја користите четката за заби Philips Sonicare и пред целосно да се наполни.

Полнење Полнење на полнач 1 Прикачете го USB кабелот за полнење на ѕиден адаптер, приклучете го ѕидниот адаптер во електричен ѕиден штекер.

2 Поставете ја рачката на полначот. 3 Поврзете го прикачениот USB-кабел со единицата за влезно напојување од 5V DC. - Полнете само со компатибилни полначи или безбедносно одобрени адаптери Philips со номинална влезна моќност: 100 – 240 V~; 50/60 Hz; 3,5 W и номинална надворешна моќност 5V DC; 2,5 W. - Електрично напојување наведено од страна на UL или сертифицирано според 1310 класа 2 (само NAM). 4 Индикаторот на батеријата и светлосниот прстен се палат, рачката трепка двапати и сите светла на рачката се палат нагоре од долниот дел на рачката. 5 Трепкачкото светло на индикаторот за батерија покажува дека четката за заби се полни.

Македонски 6 Кога рачката е на полначот и батеријата е целосно наполнета, LEDсветлата на индикаторот на батеријата почнуваат да трепкаат во зелена боја. Откако батеријата ќе биде полна, зеленото светло останува постојано запалено 30 секунди, а потоа се исклучува.

Статус на батеријата Статус на батеријата (рачка на приклучен полнач) Кога рачката е поставена на полначот, индикаторот на батеријата го прикажува нивото на батеријата. Статус на батеријата

Број на трепкачки LED сијалички

Трепка зелено додека не се наполни целосно, а потоа зелено 30 секунди, па се исклучува

Статус на батеријата (кога рачката не e на приклучен полнач) Кога четката за заби е активна, индикаторот за батерија на долниот дел од рачката го прикажува нивото на батеријата.

Статус на батеријата Боја на LED сијаличка

Постојано зелено светло

Постојано зелено светло

Постојано зелено светло

1 со 3 звучни сигнали по четкање

Трепка во портокалова боја

1 со 2 серии од по 5 звучни сигнали

Трепка во портокалова боја

Забелешка: За да штеди енергија, индикаторот на батеријата ќе се исклучи кога нема да се користи. Забелешка: Кога батеријата е целосно празна, четката за заби се исклучува. Поставете ја четката за заби на полначот за да ја наполните.

Забелешка: За целосна наполнетост на батеријата во секое време, може да ја држите вашата четка за заби на полначот кога не се користи.

Чистење Рачка на четката за заби

1 Отстранете ја главата на четката за заби и исплакнете ги областа на металниот издаден дел и копчињата со топла вода. Осигурете се дека ќе отстранувате какви било траги од паста за заби на рачката и околу копчињата најмалку еднаш неделно, но по можност по секое користење. Внимание: Не туркајте го гуменото капаче врз металниот издаден дел или околу копчињата со остри предмети, затоа што тоа може да предизвика оштетување. 2 Избришете ја целата површина на рачката со влажна крпа. Забелешка: Не допирајте ја рачката на мијалникот за да го отстраните вишокот вода. 3 Исушете ја рачката со мека крпа или пешкир.

Глава на четката за заби

1 Плакнете ги главата и влакната на четката за заби по секое користење. 2 Најмалку еднаш неделно, вадете ја главата на четката од рачката и плакнете ја спојката на главата на четката со топла вода. Капачето за патување плакнете го секогаш кога е потребно и исушете го. Користете само на сува глава за четка.

602 Македонски Забелешка: Капачето за главата на четката се користи за цели за испорака и не е наменето за постојано користење.

Полнач 1 Исклучете го полначот од струја пред да го чистите. 2 Избришете ја површината на полначот со влажна крпа. 3 Исушете го полначот со мека крпа или пешкир.

Кутија за патување Исплакнете со топла вода и користете влажна крпа за да ја исчистите кутијата за патување и оставете да се исуши.

Чување Ако не планирате да го користите производот подолго време, исклучете го од електричниот штекер, исчистете го и складирајте го на ладно и суво место подалеку од сончева светлина.

Замена Заменувајте ги главите на четката Philips Sonicare на секои 3 месеци за да се постигнат оптимални резултати. За замена, користете само глави на четка на Philips Sonicare.

Лоцирање на бројот на моделот Видете на долната страна од рачката на четката за заби Philips Sonicare за бројот на моделот (на пример, HX740x).

Решавање проблеми (ROW) Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми што може да ги имате со уредот. Доколку не можете да го решите проблемот со помош на информациите дадени подолу, одете на www.philips.com/support и ставете го вашиот број на модел за да побарате список од најчесто поставуваните прашања или јавете се во Центарот за грижа на корисници во вашата земја.

Не можам целосно да ја прикачам главата на четката. Има мал простор помеѓу главата на четката и рачката.

Овој простор е нормален и е потребен за да главата на четката соодветно вибрира. Главата на четката мора да може да се мрда за да се создаде правилниот интензитет на вибрации.

Вибрациите на мојата Главата на четката за четка за заби Philips заби е преблиску до Sonicare се послаби од телото на рачката. порано.

Отстранете ја главата на четката за заби од рачката и повторно поставете ја на металниот издаден дел, оставајќи мала празнина. (1 – 2 mm).

Четката за заби престанува да работи.

Батеријата е празна.

Наполнете ја рачката од четката за заби на полначот.

Ја наполнив мојата четка за заби, ама таа функционира само кратко време.

Рачката на четката за заби не е поставена вертикално на полначот, што доведува до тоа да нема полнење.

Поставете ја рачката вертикално на основата за полнење и осигурете се дека полначот е приклучен.

ИСКЛУЧОЦИ ОД ГАРАНЦИЈАТА Што не е покриено со гаранцијата: - Приклучоци за уста, вклучувајќи глави за четката и млазници. - Оштетување предизвикано од употреба на неовластени резервни делови или неовластени глави на четка за заби. - Оштетување предизвикано од погрешно користење, запоставување, промени или неовластени поправки. - Нормално трошење и абење, вклучувајќи скршени делчиња, гребаници, абразии, промена на бојата или избледување.

ИМПЛИЦИТНИ ГАРАНЦИИ КАКВИ БИЛО ИМПЛИЦИТНИ ГАРАНЦИИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ ИМПЛИЦИТНИТЕ ГАРАНЦИИ ЗА МЕРКАНТИБИЛНОСТ И СООДВЕТНОСТ ЗА ОПРЕДЕЛЕНА НАМЕНА, ЌЕ БИДАТ ОГРАНИЧЕНИ НА ВРЕМЕТРАЕЊЕТО НА ИЗРЕЧНИТЕ ГАРАНЦИИ ШТО СЕ ДАДЕНИ ПОГОРЕ. ВО НЕКОИ ДРЖАВИ НЕ ВАЖАТ ОГРАНИЧУВАЊАТА ЗА ВРЕМЕТРАЕЊЕТО НА ИМПЛИЦИТНИТЕ ГАРАНЦИИ.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПРАВНИТЕ ЛЕКОВИ ВО НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ PHILIPS ИЛИ КОЈА БИЛО ОД НЕГОВИТЕ КОМПАНИИ СОРАБОТНИЦИ ИЛИ ПОДРУЖНИЦИ, НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ЗА КАКВИ БИЛО ПОСЕБНИ, ИНЦИДЕНТНИ ИЛИ КОНСЕКВЕНТНИ ОШТЕТУВАЊА ВРЗ ОСНОВА НА ПРЕКРШУВАЊЕТО НА ГАРАНЦИЈАТА, ПРЕКРШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ, НЕБРЕЖНОСТ, ДЕЛИКТ ИЛИ КАКВА БИЛО ДРУГА ПРАВНА ТЕОРИЈА. ТАКВИТЕ ОШТЕТУВАЊА ВКЛУЧУВААТ, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ, ЗАГУБА НА ЗАШТЕДА ИЛИ ПРИХОДИ; ЗАГУБА НА ПРОФИТ; ЗАГУБА НА КОРИСТЕЊЕ; ПОБАРУВАЊА НА ТРЕТИ СТРАНИ ВКЛУЧУВАЈЌИ, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ, ЗАБАРИ И ЗАБНИ ХИГИЕНИЧАРИ; И ТРОШОК ЗА КАКВА БИЛО ЗАМЕНСКА ОПРЕМА ИЛИ УСЛУГИ. НЕКОИ ДРЖАВИ НЕ ОВОЗМОЖУВААТ ИСКЛУЧУВАЊЕ ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ИНЦИДЕНТНИ ИЛИ КОНСЕКВЕНТНИ ШТЕТИ.

Гаранција и поддршка (ROW) Доколку ви се потребни информации или поддршка, посетете ја страницата www.philips.com/support или прочитајте го летокот со меѓународната гаранција.

Исклучоци од гаранцијата Што не е покриено со гаранцијата: - Приклучоци за уста, вклучувајќи глави за четката и млазници. - Оштетување предизвикано од употреба на неовластени резервни делови или неовластени глави на четка за заби. - Оштетување предизвикано од погрешно користење, запоставување, промени или неовластени поправки. - Нормално трошење и абење, вклучувајќи скршени делчиња, гребаници, абразии, промена на бојата или избледување.

Овој симбол означува дека електричните производи и батерии не треба да се фрлаат во обичниот отпад од домаќинствата. Придржувајте се до прописите во вашата земја за посебно собирање на електрични производи и батерии. Вградената батерија на полнење мора да ја отстрани квалификуван професионалец кога производот ќе се отфрли. Упатствата за отстранување на вградени батерии на полнење може да ги најдете на www.philips.com/support. Користете ја лентата за пребарување на почетната страница за поддршка на Philips за да го внесете бројот на моделот на четката за заби и за да го најдете вашиот производ. Бројот на моделот започнува со „HX“ (на пример, HX123A) и може да се најде на долниот дел од вашата четка за заби. Упатствата за отстранување на батеријата се во делот за Решавање проблеми и Поправка на страницата за поддршка на производот. Ако батериите се оштетени или протекуваат, избегнувајте контакт со кожата или очите. Ако се случи тоа, веднаш исплакнете добро со вода и побарајте лекарска помош. Кога ракувате со батериите, осигурете се дека рацете, производот и батериите се суви.