HX7420/02 - Електрична четка за заби PHILIPS - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот HX7420/02 PHILIPS во PDF формат.

📄 859 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice PHILIPS HX7420/02 - page 666
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : PHILIPS

Модел : HX7420/02

Категорија : Електрична четка за заби

Преземете ги упатствата за вашиот Електрична четка за заби во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник HX7420/02 - PHILIPS и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. HX7420/02 на марката PHILIPS.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК HX7420/02 PHILIPS

Добре дојдовте во семејството на Philips Sonicare! Оваа четка за заби ви овозможува да добиете супериорно отстранување на забен камен, побели заби и поздрави непца. Користејќи ја комбинацијата на нежна звучна технологија на Sonicare и клинички развиени и докажани функции, може да бидете сигурни дека го добивате најдоброто чистење, секој пат. Дополнителна поддршка и регистрација на производот ви се достапни на: www.philips.com/support Важни безбедносни информации Користете го производот само за неговата намена. Внимателно прочитајте ги овие информации пред да ги користите производот и неговите батерии и додатоци и зачувајте ги за во иднина. Погрешната употреба може да доведе до опасности и сериозни повреди. ПРЕДУПРЕДУВАЊА

Користете само оригинални додатоци или потрошни средства на Philips. Ако сте ги добиле, користете ги само оригиналните USB-кабел и USB-единица за напојување. Уредот не содржи делови што корисникот може да ги сервисира. Ако уредот се оштети, престанете да го користите и контактирајте со Центарот за грижа на корисниците во вашата држава. Ако USB-кабелот е оштетен, престанете да го користите. Чувајте ги полначите и патничката кутија за полнење подалеку од По чистењето, проверете дали полначите и патничките кутии за полнење се целосно суви пред да ги поврзувате истите. Овој уред може да го користат деца и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостиг на искуство и знаење, доколку се под надзор или добиваат инструкции за користењето на уредот на безбеден начин и ги разбираат потенцијалните опасности. Децата не треба да го чистат или да го одржуваат уредот без надзор. Децата треба да бидат под надзор за да се осигури дека не си играат со производот. Немојте да чистите ниту еден дел од производот во машината за миење садови. Немојте да ги користите адаптерите и полначите надвор или во близина на загреани површини. Овој уред е дизајниран само за чистење заби, непца и јазик.

Престанете да ја користите главата на четката со згмечени или извиткани влакна. Менувајте ја главата на четката на секои 3 месеци или порано ако се појават знаци на абење. Избегнувајте директен контакт со производи што содржат есенцијални масла или кокосово масло. Контактот може да доведе до вадење на Максималната надморска височина на употреба е 4500 метри. МЕДИЦИНСКИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА

Престанете да го користите апаратот и советувајте се со забар/лекар ако настане претерано крвавење по користењето, ако крвавењето продолжи да се појавува по 1 седмица од користењето или ако почувствувате непријатност или болка. Ако сте имале орална хируршка интервенција или операција на непцата во претходните 2 месеци, советувајте се со стоматологот пред да го користите уредов. Ако имате пејсмејкер или друг имплантиран уред, контактирајте со докторот или со производителот на имплантираниот уред пред употребата. Ако имате прашања од медицинска гледна точка, консултирајте се со доктор пред да го користите уредов. Уредов е уред за лична нега и не е наменет за користење на повеќе пациенти во стоматолошка ординација или институција. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА БАТЕРИЈАТА

Овој уред содржи батерии на полнење што смеат да се отстрануваат само од страна на обучени лица. Користете го производот само за неговата намена. Внимателно прочитајте ги овие информации пред да ги користите производот и неговите батерии и додатоци и зачувајте ги за во иднина. Погрешната употреба може да доведе до опасности и сериозни повреди. Доставените додатоци може да се разликуваат за различни Користете само оригинални додатоци и потрошни средства на Philips. Чувајте ги производот и батериите подалеку од оган и немојте да ги изложувате на директна сончева светлина или високи температури. Ако производот се загрее премногу или почне да мириса, ја промени бојата или ако полнењето трае подолго од вообичаено, престанете со користењето и полнењето на производот и контактирајте со Philips. Не ставајте ги производите и нивните батерии во микробранови печки или на индукциски шпорети. 668 Македонски

Немојте да го отворате, изменувате, продупчувате, оштетувате или расклопувате производот или батеријата за да спречите батериите да се загреваат или да испуштаат токсични или опасни супстанции. Немојте да правите краток спој, премногу да ги наполнувате или обратно да ги полните батериите. Уредот содржи батерии што не се заменуваат. Кога батеријата е при крај со траењето, уредот правилно ќе се фрли, погледнете го делот за Рециклирање. Полнете само со Philips HX6110, HYTCxx или безбедносно одобрени адаптери со номинална влезна моќност: 4,75 – 5,25 VDC, 1,5 W. Полнете го и користете го производот на температура помеѓу 0 °C и 40 °C. За да се избегне случаен спој на батериите по отстранувањето, не дозволувајте терминалите на батеријата да дојдат во контакт со метален предмет (на пр., паричка, шнола за коса, прстени). Не виткајте ги батериите во алуминиумска фолија. Залепете ги терминалите на батериите или ставете ги батериите во пластична кеса пред да ги Овој уред содржи литиум-јонска батерија што може да се полни. МОРА ДА СЕ РЕЦИКЛИРА ИЛИ ПРАВИЛНО ДА СЕ ФРЛИ. Услови за складирање и транспорт Температура -20 °C до +60 °C Електромагнетни полиња (EMF) Овој уред од Philips е во согласност со сите важечки стандардни и одредби во однос на изложеноста на електромагнетни полиња. Директива за радио опрема Со ова, Philips изјавува дека електричните четки за заби со тип на радиоопрема (Bluetooth, NFC) се во согласност со директивата 2014/53/ЕУ. - Интерфејсот за радиофреквенција на Bluetooth во соодветните производи работи на 2,4 GHz. - Максималната излезна моќност на Bluetooth-уредот е 3 dBm. - Интерфејсот за радиофреквенција на NFC во соодветните производи работи на 13,56 MHz. - Максималната РФ-моќност што се пренесува со уредот е 30,16 dBm. Целосниот текст на декларацијата за усогласеност со ЕУ е достапен на следнава интернет-адреса: www.philips.com/support Забелешка: Функциите на различните модели може да се разликуваат. Некои модели можеби не се опремени со Bluetooth или NFC.

ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА Следниве симболи може да се појавуваат на производот: Овој симбол значи да ги прочитате упатствата за употреба пред да го користите уредот. Овој симбол значи да го користите посоченото електрично напојување. Предвидена намена Електричните четки за заби Sonicare се наменети за отстранување на наталожениот забен камен и остатоци од храна од забите за да се намали расипувањето на забите и да се подобри и одржи оралното здравје. Вашата Philips Sonicare (сл. 1)

Копче за вклучување/исклучување Индикатор за интензитет Копче за режим/интензитет Индикатор за режим Потсетник за замена на глава на четка Индикатор за батерија Светлосен прстен Капак за главата на четката Паметна глава (глави) на четката Симбол BrushSync USB полнач (ѕидниот адаптер не е вклучен) 670 Македонски 13 Кутија за патување 14 Кутија за патување со полнач 15 USB-кабел Забелешка: Вклучените додатоци може да се разликуваат според купениот модел. Апликација Sonicare – Вовед Апликацијата Sonicare се спарува со вашата четка за заби за да ви овозможи поврзано искуство. Ако ја поврзете четката за заби со вашата сметка на апликацијата Sonicare, ќе може да го правите следново: - да го следите својот напредок при четкањето, - да добивате персонализирани совети и интерактивни препораки за подобрување на оралното здравје, - да пристапувате до целиот спектар на придобивки и да добивате тековни надградби. Апликацијата е компатибилна со широк спектар мобилни телефони. За да започнете со користење на апликацијата Sonicare: 1 Преземете ја апликацијата Sonicare на вашиот телефон. 2 Осигурете се Bluetooth за вашиот телефон да биде вклучен. 3 Подигнете ја четката за заби за да се осигурите дека е активна (вклучени светла). 4 Отворете ја апликацијата и следете ги чекорите. 5 Спарете ја четката за заби со апликацијата. 6 Создајте ја вашата сметка преку апликацијата. Завршете го ажурирањето на фирмверот, доколку е побарано, за пристап до најновите подобрувања и функции. 7 Редовно четкајте со четката за заби поврзана со апликацијата. Кога редовно ја синхронизирате четката за заби со апликацијата, ќе добивате ажурирања што ќе ви помогнат да го подобрите вашето орално здравје. 8 Редовно синхронизирајте. 9 Држете го телефонот блиску до четката за заби за оптимално префрлање податоци. За рачно синхронизирање: Поврзувајте ја вашата четка за заби со апликацијата на секои две седмици за да имате корист од нејзините функции/можности. За автоматско синхронизирање: дајте дозвола за локација додека ја поставувате апликацијата. Со давање дозвола за локација, вашиот телефон знае кога е во опсегот на поврзување на вашата четка за заби и

може да ги освежи податоците за четкање во апликацијата за да ги обезбеди најновите сознанија и препораки. Забелешка: Bluetooth на телефонот треба да е вклучен кога ја користите апликацијата, така што вашата четка за заби може да ги пренесе и ажурира податоците за четкање во апликацијата. Ако имате прашања за тоа зошто се собираат вашите податоци за четкање, проверете ја Изјавата за приватност на Sonicare, достапна во текот на целиот процес на поставување на апликацијата. Функции на апликацијата Електричната четка за заби Sonicare е опремена со паметни сензори за да ви дава повратни информации за вашите навики на четкање, вклучително со: - Дневни сесии на четкање - Потрошено време за секоја сесија на четкање - Применет притисок на четкање - Персонализирани совети и интерактивни препораки - Потсетник за замена на глава на четка (според вистинското Апликацијата Sonicare ги собира податоците преку паметните сензори и ги следи вашите навики на четкање со тек на време. Започнување Прикачување на главата на четката 1 Порамнете ја главата на четката, така што влакната ќе бидат поставени во истата насока со предниот дел на рачката. 672 Македонски 2 Цврсто притиснете ја главата на четката врз металниот издаден дел сѐ додека нема каде повеќе да оди. Забелешка: нормално е да има мал простор меѓу главата на четката и

Користење на четката за заби Philips Sonicare Ако ја користите вашата четка за заби Sonicare по прв пат, нормално е да чувствувате повеќе вибрации отколку кога користите неелектрична четка за заби. Вообичаено е за тие што ја користат по прв пат да вршат премногу притисок. Применете само нежен притисок и оставете четката за заби да го врши четкањето наместо вас. Следете ги долунаведените упатства за четкање за најдобро искуство. За да ви помогне да се префрлите на новата електрична четка за заби Sonicare, користете пониска поставка во првите 1 – 2 недели, а потоа префрлете се на повисока поставка. Упатства за четкање 1 Навлажнете ги влакната на четката и ставете мало количество паста за 45° 2 Ставете ја четката за заби со влакната кон забите под мал агол (45 степени). Притискајќи цврсто за влакната да достигнат до непцата или малку под линијата на непцата. Забелешка: Центарот на четката мора да биде во контакт со забите цело време.

3 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја вклучите Philips Sonicare. 45° 4 Нежно поставете ги влакната од четкичката на забите и непцата. Четкајте ги забите со мали движење напред-назад, така што влакната на четкичката ќе достигнуваат помеѓу забите. Продолжете со ова движење за целото време на четкањето. Забелешка: влакната од четката треба малку да се рашират. Не се препорачува да четкате како со рачна четка за заби. Забелешка: Доколку применувате премногу притисок, ќе добиете предупредување преку промена на вибрациите на рачката и трепкање во виолетова боја на светлото за повратни информации околу

5 За да ги исчистите внатрешните површини на предните заби, свртете ја рачката на четката полунагоре и направете неколку вертикални преклопувачки движења на четкање на секој заб. 6 Откако ќе го завршите циклусот на четкање, може дополнително да ги четкате површините за џвакање на забите и местата каде што настануваат дамки. Може да го четкате и јазикот, со вклучена или исклучена четка за заби, како што претпочитате. Забелешка: Вашата четка за заби Philips Sonicare е безбедна за употреба на протези (главите на четките се трошат побрзо кога се користат на 674 Македонски протези) и забни реставрации (пломби, коронки, винири) доколку се правилно залепени и не се компромитирани. BrushPacer

За да се осигурите дека ќе четкате подеднакво во устата, поделете ја устата на 6 дела со функцијата BrushPacer. BrushPacer го дели времето на четкање на 6 еднакви сегменти и означува кога треба да преместите на следната област. Сегментите се назначуваат со кратка пауза во вибрациите. Четката за заби автоматски застанува на крајот од сесијата за Забелешка: Може да се додаде дополнително време кога ги користите режимите White или Gum Health.

Вашата електрична четка за заби е опремена со најмногу 4 различни режими: Clean, Sensitive, White и Gum Health. Според паметната глава на четката што ја користите, технологијата BrushSync автоматски ќе ги избере оптималниот режим и интензитет. За рачно да го смените режимот, притиснете го копчето за режим/интензитет кога четката за заби е исклучена. Сите глави на четките функционираат со секој режим. Clean Sensitive Gum Health White Придобивка Отстранува­ ње на забен

Clean Sensitive Gum Health White Четкајте го сегмент 20

четкајте го сегмент 20

четкајте го 20 секунди,

четкајте го 20 секунди,

четкајте ги 7,8,9 и 10 секој по 20

четкајте ги сегментите 7 и 8 секој по 20 секунди.

Интензитети Поставки за интензитет Вашата моќна четка за заби има 3 различни поставки за интензитет: - Висок интензитет (три светла) - Среден интензитет (две светла) - Низок интензитет (едно светло) Забелешка: Препорачуваме висок интензитет за најдобри резултати.

За рачно да го изберете посакуваниот интензитет, притиснете на копчето режим/интензитет кога четката за заби е вклучена за да кружите низ опциите. Поставката за интензитет може да се смени кога четката за заби е вклучена. Технологија BrushSync Технологијата BrushSync ѝ овозможува на главата на четката да комуницира со рачката користејќи микрочип. Симболот на дното од главата на четката означува дека главата е опремена со оваа технологија. Технологијата BrushSync овозможува: - Потсетник за замена на глава на четка - Спарување на режим BrushSync Philips Sonicare нуди широка лепеза на паметни глави за четка, опремени со технологијата BrushSync. За да го истражите целиот спектар на глави на четки за заби и ја најдете главата на четката што најмногу Ви одговара, одете на www.philips.com/toothbrush-heads за повеќе информации.

Повратни информации на сензорот за притисок BrushPacer SmarTimer EasyStart Потсетник за замена на глава на четка Режим на спарување на главата на четката Повратни информации на сензорот за притисок Четката за заби Sonicare го мери притисокот што го применувате додека четкате за да ги заштити непцата и забите од оштетување. 678 Македонски Ако премногу притискате, рачката ги менува звукот и вибрациите додека светка за повратни информации околу четкањето трепка во виолетова боја на дното на рачката сѐ додека не го намалите притисокот. Забелешка: Вашиот производ доаѓа со активирани Повратни информации на сензорот за притисок. За да ја деактивирате оваа функција (видете „Активирање или деактивирање на функциите”). BrushPacer

BrushPacer е тајмер за интервали што Ви помага да четкате рамномерно низ устата преку делење на устата на 6 делови. Забелешка: Може да се додаде дополнително време кога ги користите режимите White или Gum Health. SmarTimer SmarTimer означува дека циклусот на четкање завршил со автоматско исклучување на четката за заби на крајот од циклусот на четкање. Стоматолозите препорачуваат четкање не помалку од 2 минути двапати Забелешка: Ако го притиснете копчето за вклучување/исклучување откако ќе го започнете циклусот на четкање, четката за заби паузира. Ако го притиснете копчето за вклучување/исклучување во рок од 30 секунди, тајмерот продолжува да ви овозможува да го завршите циклусот на четкање. По пауза од 30 секунди, SmarTimer се ресетира. EasyStart Овој модел на Philips Sonicare доаѓа со деактивирана функција EasyStart. Функцијата EasyStart полека ја зголемува силата во текот на првите 14

четкања за да ви помогне да се навикнете на четкањето со Philips Sonicare. Функцијата EasyStart функционира со сите режими. *Одрекување од одговорност Кога четката за заби Philips Sonicare се користи за клинички испитувања, таа мора да се користи со висок интензитет со рачката целосно наполнета, а функцијата EasyStart деактивирана. За да активирате EasyStart (видете „Активирање или деактивирање на функциите”). Потсетник за замена на глава на четка Вашата четка Philips Sonicare е опремена со технологија BrushSync што го следи абењето на главата на четката. Забелешка: Оваа функција работи само со паметните глави на четки Philips Sonicare со технологијата BrushSync. 1 Кога ќе прикачите нова паметна глава за четка за заби по прв пат, рачката препознава дека имате глава за четка на Philips со технологија BrushSync и започнува да го следи абењето на главата на четката. 2 Со тек на време, врз основа притисокот што го применувате и вкупното време кога се користела главата на четката, рачката го следи абењето на главата на четката за да го определи оптималното време за замена на главата на четката. Оваа функција гарантира најдобро чистење и нега на вашите заби. 3 Кога индикаторот на потсетникот за менување на главата на четката ќе светне во портокалова боја, треба да ја замените главата на Забелешка: Сите паметни глави на четките за заби доаѓаат со активирана функција за потсетник за замена на главата на четката за заби. За да го деактивирате потсетникот за менување на главата на четката, видете „Активирање или деактивирање на функциите“. Режим на спарување на главата на четката Главите на четките со технологија BrushSync се опремени со микрочип кој комуницира со рачката и автоматски ја спарува со препорачаниот режим и интензитет. Повеќето глави на четки со технологија BrushSync 680 Македонски автоматски се спаруваат на режимот Clean. Главите на четката што имаат посебни придобивки се спаруваат само со соодветниот режим (кога е достапен), такви примери се: - G3 Premium Gum Care: Режим Gum Health - W3 Premium White или W DiamondClean (NAM) / W OptimalClean (ROW): Режим White - S2 Sensitive: Режим Sensitive Забелешка: Ако изберете да го промените режимот/интензитетот од препорачаната поставка, главата на четката ќе ја запомни избраната поставка за следните сесии на четкање. Активирање или деактивирање на функциите Можете да ги активирате или деактивирате следниве функции на вашата четка за заби: - EasyStart - Потсетник за замена на глава на четка - Повратни информации на сензорот за притисок Забелешка: Потсетникот за замена на главата на четката е компатибилен само со паметната глава за четка Sonicare. Паметната глава за четка мора да се прикачи на четката за заби за да се активира или деактивира потсетникот за заменување. Од рачката: Чекор 1: Поставете ја рачката на приклучен полнач/кутија за патување со полнач. Чекор 2: Притиснете и задржете го копчето за вклучување/исклучување: EasyStart Потсетник за Повратни информации замена на глава на сензорот за

Чекор 3: Пуштете го копчето за вклучување/исклучување кога ќе слушнете:

Ако видите дека левото LED светло за индикаторот за батерија трепка во зелена боја 2 пати и слушнете 3 тона, од потивок кон погласен, тогаш функцијата е активирана.

Ако видите дека левото LED светло за индикаторот за батеријата трепка во портокалова боја еднаш и слушнете 3 тона, од погласно кон потивко, тогаш функцијата е деактивирана. Полнење и статус на батеријата Оваа четка за заби Philips Sonicare е дизајнирана да обезбеди во просек 42 сесии на четкање, секоја сесија по 2 минути (21 дена, доколку се користи двапати дневно) при целосно наполнета батерија. Индикаторот за батеријата го покажува статусот на батеријата кога ја завршувате 2-минутната сесија за четкање, кога ја паузирате четката за заби или додека се полни. Забелешка: Потребни се до 24 часа за батеријата целосно да се наполни пред првото користење, но може да ја користите четката за заби Philips Sonicare и пред целосно да се наполни. Забелешка: Полнењето на вашата четка за заби Philips Sonicare во кутијата за патување може да трае до 48 часа.

Полнење на полнач 1 Прикачете го USB кабелот за полнење на ѕиден адаптер, приклучете го ѕидниот адаптер во електричен ѕиден штекер. 682 Македонски 2 Поставете ја рачката на полначот. 3 Поврзете го прикачениот USB-кабел со единицата за влезно напојување од 5V DC. - Полнете само со компатибилни полначи или безбедносно одобрени адаптери Philips со номинална влезна моќност: 100 – 240 V~; 50/60 Hz; 3,5 W и номинална надворешна моќност 5V DC; 2,5 W. - Електрично напојување наведено од страна на UL или сертифицирано според 1310 класа 2 (само NAM). 4 Индикаторот на батеријата и светлосниот прстен се палат, рачката трепка двапати и сите светла на рачката се палат нагоре од долниот дел на рачката. 5 Трепкачкото светло на индикаторот за батерија покажува дека четката за заби се полни. 6 Кога рачката е на полначот и батеријата е целосно наполнета, LEDсветлата на индикаторот на батеријата почнуваат да трепкаат во зелена боја. Откако батеријата ќе биде полна, зеленото светло останува постојано запалено 30 секунди, а потоа се исклучува. Полнење со кутијата за патување

Забелешка: Вклучените додатоци може да се разликуваат според купениот модел. 1 Вметнете го USB кабелот во кутијата за патување со полнач. 2 Поврзете го прикачениот USB-кабел со единицата за влезно напојување од 5V DC. - Полнете само со компатибилни полначи или безбедносно одобрени адаптери Philips со номинална влезна моќност: 100 – 240 V~; 50/60 Hz; 3,5 W и номинална надворешна моќност 5V DC; 2,5 W.

Електрично напојување наведено од страна на UL или сертифицирано според 1310 класа 2 (само NAM). Важно: Ѕидниот адаптер мота да биде безбеден извор со екстра низок напон, компатибилен со електричните рангирања означени на долниот дел од уредот. 3 Поставете ја рачката во кутијата за патување со полнач. - Рачката емитува 2 кратки звучни сигнали за да се потврди дека рачката е правилно поставена за полнење. - Трепкачкото светло на индикаторот за батерија покажува дека четката за заби се полни. 4 Кутијата за патување ќе ја полни вашата четка за заби сѐ додека не се наполни целосно. - Кога рачката целосно ќе се наполни, индикаторот за батеријата засветува во зелена боја 30 секунди, а потоа се исклучува. Забелешка: Полнењето на рачката со кутијата за полнење при патување може да трае подолго отколку на полначот. Статус на батеријата Статус на батеријата (рачка во приклучен полнач/кутија за патување со полнач) Кога рачката е поставена на полначот или во кутијата за патување со полнач, индикаторот на батеријата го прикажува нивото на батеријата. Статус на батеријата Број на трепкачки LED сијалички LED боја

Трепка зелено додека не се наполни целосно, а потоа зелено 30 секунди, па се исклучува Статус на батеријата (кога рачката не е приклучена во полначот/кутијата за патување со полнач) Кога четката за заби е активна, индикаторот за батерија на долниот дел од рачката го прикажува нивото на батеријата. 684 Македонски Статус на батеријата Боја на LED

1 со 3 звучни сигнали

1 со 2 звучни сигнали

портокалова боја Забелешка: За да штеди енергија, индикаторот на батеријата ќе се исклучи кога нема да се користи. Забелешка: Кога батеријата е целосно празна, четката за заби се исклучува. Поставете ја четката за заби на полначот за да ја наполните. Забелешка: За целосна наполнетост на батеријата во секое време, може да ја држите вашата четка за заби на полначот кога не се користи.

Рачка на четката за заби 1 Отстранете ја главата на четката за заби и исплакнете ги областа на металниот издаден дел и копчињата со топла вода. Осигурете се дека ќе отстранувате какви било траги од паста за заби на рачката и околу копчињата најмалку еднаш неделно, но по можност по секое

Внимание: Не туркајте го гуменото капаче врз металниот издаден дел или околу копчињата со остри предмети, затоа што тоа може да предизвика оштетување. 2 Избришете ја целата површина на рачката со влажна крпа. Забелешка: Не допирајте ја рачката на мијалникот за да го отстраните вишокот вода. 3 Исушете ја рачката со мека крпа или пешкир. Глава на четката за заби 1 Плакнете ги главата и влакната на четката за заби по секое користење. 2 Најмалку еднаш неделно, вадете ја главата на четката од рачката и плакнете ја спојката на главата на четката со топла вода. Капачето за патување плакнете го секогаш кога е потребно и исушете го. Користете само на сува глава за четка. Забелешка: Капачето за главата на четката се користи за цели за испорака и не е наменето за постојано користење.

1 Исклучете го полначот од струја пред да го чистите. 2 Избришете ја површината на полначот со влажна крпа. 3 Исушете го полначот со мека крпа или пешкир. Кутија за патување Исплакнете со топла вода и користете влажна крпа за да ја исчистите кутијата за патување и оставете да се исуши. Кутија за патување со полнач 1 Исклучете ја кутијата за патување со полнач пред чистењето. 2 Користете влажна крпа за да ја избришете површината на кутијата за патување и оставете да се исуши. 686 Македонски

Ако не планирате да го користите производот подолго време, исклучете го од електричниот штекер, исчистете го и складирајте го на ладно и суво место подалеку од сончева светлина.

Заменувајте ги главите на четката Philips Sonicare на секои 3 месеци за да се постигнат оптимални резултати. За замена, користете само глави на четка на Philips Sonicare. Лоцирање на бројот на моделот Видете на долната страна од рачката на четката за заби Philips Sonicare за бројот на моделот (на пример, HX740x). Решавање проблеми (ROW) Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми што може да ги имате со уредот. Доколку не можете да го решите проблемот со помош на информациите дадени подолу, одете на www.philips.com/support и ставете го вашиот број на модел за да побарате список од најчесто поставуваните прашања или јавете се во Центарот за грижа на корисници во вашата земја.

Не можам целосно да ја прикачам главата на четката. Има мал простор помеѓу главата на четката и

Овој простор е нормален и е потребен за да главата на четката соодветно вибрира. Главата на четката мора да може да се мрда за да се создаде правилниот интензитет на вибрации. Вибрациите на мојата Главата на четката за четка за заби Philips заби е преблиску до Sonicare се послаби од телото на рачката.

Отстранете ја главата на четката за заби од рачката и повторно поставете ја на металниот издаден дел, оставајќи мала празнина. (1 – 2 mm).

Четката за заби престанува да работи. Батеријата е празна. Наполнете ја рачката од четката за заби на

Ја наполнив мојата четка за заби, ама таа функционира само кратко време. Рачката на четката за заби не е поставена вертикално на полначот, што доведува до тоа да нема полнење. Поставете ја рачката вертикално на основата за полнење и осигурете се дека полначот е

ИСКЛУЧОЦИ ОД ГАРАНЦИЈАТА Што не е покриено со гаранцијата: - Приклучоци за уста, вклучувајќи глави за четката и млазници. - Оштетување предизвикано од употреба на неовластени резервни делови или неовластени глави на четка за заби. - Оштетување предизвикано од погрешно користење, запоставување, промени или неовластени поправки. - Нормално трошење и абење, вклучувајќи скршени делчиња, гребаници, абразии, промена на бојата или избледување. ИМПЛИЦИТНИ ГАРАНЦИИ КАКВИ БИЛО ИМПЛИЦИТНИ ГАРАНЦИИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ ИМПЛИЦИТНИТЕ ГАРАНЦИИ ЗА МЕРКАНТИБИЛНОСТ И СООДВЕТНОСТ ЗА ОПРЕДЕЛЕНА НАМЕНА, ЌЕ БИДАТ ОГРАНИЧЕНИ НА ВРЕМЕТРАЕЊЕТО НА ИЗРЕЧНИТЕ ГАРАНЦИИ ШТО СЕ ДАДЕНИ ПОГОРЕ. ВО НЕКОИ ДРЖАВИ НЕ ВАЖАТ ОГРАНИЧУВАЊАТА ЗА ВРЕМЕТРАЕЊЕТО НА ИМПЛИЦИТНИТЕ

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПРАВНИТЕ ЛЕКОВИ ВО НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ PHILIPS ИЛИ КОЈА БИЛО ОД НЕГОВИТЕ КОМПАНИИ СОРАБОТНИЦИ ИЛИ ПОДРУЖНИЦИ, НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ЗА КАКВИ БИЛО ПОСЕБНИ, ИНЦИДЕНТНИ ИЛИ КОНСЕКВЕНТНИ ОШТЕТУВАЊА ВРЗ ОСНОВА НА ПРЕКРШУВАЊЕТО НА ГАРАНЦИЈАТА, ПРЕКРШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ, НЕБРЕЖНОСТ, ДЕЛИКТ ИЛИ КАКВА БИЛО ДРУГА ПРАВНА ТЕОРИЈА. ТАКВИТЕ ОШТЕТУВАЊА ВКЛУЧУВААТ, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ, ЗАГУБА НА ЗАШТЕДА ИЛИ ПРИХОДИ; ЗАГУБА НА ПРОФИТ; ЗАГУБА НА КОРИСТЕЊЕ; ПОБАРУВАЊА НА ТРЕТИ СТРАНИ ВКЛУЧУВАЈЌИ, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ, ЗАБАРИ И ЗАБНИ ХИГИЕНИЧАРИ; И 688 Македонски ТРОШОК ЗА КАКВА БИЛО ЗАМЕНСКА ОПРЕМА ИЛИ УСЛУГИ. НЕКОИ ДРЖАВИ НЕ ОВОЗМОЖУВААТ ИСКЛУЧУВАЊЕ ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ИНЦИДЕНТНИ ИЛИ КОНСЕКВЕНТНИ ШТЕТИ. Гаранција и поддршка (ROW) Доколку ви се потребни информации или поддршка, посетете ја страницата www.philips.com/support или прочитајте го летокот со меѓународната гаранција. Исклучоци од гаранцијата Што не е покриено со гаранцијата: - Приклучоци за уста, вклучувајќи глави за четката и млазници. - Оштетување предизвикано од употреба на неовластени резервни делови или неовластени глави на четка за заби. - Оштетување предизвикано од погрешно користење, запоставување, промени или неовластени поправки. - Нормално трошење и абење, вклучувајќи скршени делчиња, гребаници, абразии, промена на бојата или избледување. Рециклирање

Овој симбол означува дека електричните производи и батерии не треба да се фрлаат во обичниот отпад од домаќинствата. Придржувајте се до прописите во вашата земја за посебно собирање на електрични производи и батерии. Вградената батерија на полнење мора да ја отстрани квалификуван професионалец кога производот ќе се отфрли. Упатствата за отстранување на вградени батерии на полнење може да ги најдете на www.philips.com/support. Користете ја лентата за пребарување на почетната страница за поддршка на Philips за да го внесете бројот на моделот на четката за заби и за да го најдете вашиот производ. Бројот на моделот започнува со „HX“ (на пример, HX123A) и може да се најде на долниот дел од вашата четка за заби. Упатствата за отстранување на батеријата се во делот за Решавање проблеми и Поправка на страницата за поддршка на производот.

Ако батериите се оштетени или протекуваат, избегнувајте контакт со кожата или очите. Ако се случи тоа, веднаш исплакнете добро со вода и побарајте лекарска помош. Кога ракувате со батериите, осигурете се дека рацете, производот и батериите се суви. 690 Русский