HX3866/43 - Brosse a dents PHILIPS - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit
Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil HX3866/43 PHILIPS au format PDF.
Téléchargez la notice de votre Brosse a dents au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice HX3866/43 - PHILIPS et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil HX3866/43 de la marque PHILIPS.
MODE D'EMPLOI HX3866/43 PHILIPS
Вовед Добре дојдовте во Philips. Честитки за вашиот нов Sonicare Cordless Power Flosser. За да целосно ја искористите поддршката што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на philips.com/welcome.
Важни безбедносни информации Користете го производот само за неговата намена. Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите производот и неговите батерии и додатоци и зачувајте ги за во иднина. Погрешната употреба може да доведе до опасности и сериозни повреди. Забелешка: додатоците и функциите на различните производи се разликуваат. На пример, некои модели имаат ѕиден USB-адаптер или се опремени со повеќе режими.
Чувајте го полначот подалеку од вода. Проверете дали рачката е целосно сува пред да го поврзете кабелот USB-C. Полнете само со Philips WAA1001, WAA2001, UL или еквивалентни безбедносно одобрени адаптери со влезно рангирање (100 – 240 V~; 50/60 Hz; 3,5 W) и излезно рангирање (5 Vdc; 2,5 W). За списокот со адаптери, видете Philips.com/support Овој уред може да го користат деца и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостиг на искуство и знаење, доколку се под надзор или добиваат инструкции за користењето на уредот на безбеден начин и ги разбираат потенцијалните опасности. Децата не треба да го чистат или да го одржуваат уредот без надзор. Децата не треба да си играат со уредот. Користете само оригинални додатоци или потрошни средства на Philips.
Немојте да го полните резервоарот со топла вода. Топла вода може да предизвика изгореници. Немојте премногу да го притискате врвот на млазницата. За да избегнете физичка повреда, немојте да го полните резервоарот со топла вода. Немојте да ставате страни тела во резервоарот. Престанете да користите оштетена млазница. Менувајте ја млазницата на секои 6 месеци или порано ако се појават знаци на абење. Уредот не содржи делови што корисникот може да ги сервисира. Ако уредот се оштети, престанете да го користите и контактирајте со Центарот за грижа на корисниците во вашата држава (видете 'Гаранција и поддршка'). Не полнете го производот надвор или во близина на загреани површини. Максималната надморска височина на употреба е 4420 метри. Немојте да чистите ниту еден дел од производот во машината за миење садови. Овој уред е дизајниран само за чистење заби, непца и јазик. Овој производ е дизајниран само за чистење заби и непца. Не користете го за ниту една друга намена. (на пр., очи, нос и уши). Престанете да го користите апаратот и советувајте се со забар/лекар ако настане претерано крвавење по користењето, ако крвавењето продолжи да се појавува по 1 седмица од користењето или ако почувствувате непријатност или болка. Ако сте имале орална хируршка интервенција или операција на непцата во претходните 2 месеци, советувајте се со стоматологот пред да го користите уредов. Ако имате пејсмејкер или друг имплантиран уред, контактирајте со докторот или со производителот на имплантираниот уред пред употребата.
Ако имате прашања од медицинска гледна точка, консултирајте се со доктор пред да го користите уредов. Уредов е уред за лична нега и не е наменет за користење на повеќе пациенти во стоматолошка ординација или институција. Полнете го, користете го и чувајте го производот на температура помеѓу 0 °C и 40 °C. Чувајте ги производот и батериите подалеку од оган и немојте да ги изложувате на директна сончева светлина или високи температури. Ако производот се загрее премногу или почне да мириса, ја промени бојата или ако полнењето трае подолго од вообичаено, престанете со користењето и полнењето на производот и контактирајте со Philips. Не ставајте ги производите и нивните батерии во микробранови печки или на индукциски шпорети. Немојте да го отворате, изменувате, продупчувате, оштетувате или расклопувате производот или батеријата за да спречите батериите да се загреваат или да испуштаат токсични или опасни супстанции. Немојте да правите краток спој, премногу да ги наполнувате или обратно да ги полните батериите. Ако батериите се оштетени или протекуваат, избегнувајте контакт со кожата или очите. Ако се случи тоа, веднаш исплакнете добро со вода и побарајте лекарска помош.
Електромагнетни полиња (EMF) Овој Philips уред е во согласност со сите важечки стандарди и регулативи во врска со изложеноста на електромагнетни полиња.
Предвидена намена Philips Sonicare Cordless Power Flosser е орален иригатор наменет за отстранување забен камен и остатоци од храна помеѓу забите и на површината
на забот со цел да се намали расипувањето на забите и да се подобри и одржи здравјето на непцата. Овој производ е наменет за домашна употреба на потрошувачите и обично се користи најмалку еднаш на ден. Користењето од страна на деца (возраст над 6 години) треба да биде под надзор на возрасни лица.
Вашиот Philips Sonicare Power Flosser (сл. 1) 1 2 3 4 5 6 7
Млазница Ротор на млазницата Копче за ослободување на млазницата Копче за вклучување/исклучување Индикатор за интензитет Копче за интензитет Индикатор за режим (само за конкретни модели) 8 Копче за режим (само за конкретни модели) 9 Индикаторско светло на батеријата 10 Приклучок за полнење USB-C 11 Чување на млазницата во резервоарот 12 Резервоар 13 Врата за полнење на резервоарот 14 Футрола за млазницата (само за конкретни модели) 15 Патна торбичка (само за конкретни модели) 16 Кабел за полнење USB-C 17 Ѕиден USB-адаптер од 5V (само за конкретни модели) Забелешка: содржината на кутијата може да не ги содржи сите прикажани ставки во зависност од конфигурацијата на производот што сте го купиле.
Млазници За да видите каков тип на млазници имате, проверете го кодот на основата на млазницата. Секој тип на млазница обезбедува различни придобивки.
Standard (Стандардна) млазница со еден млаз на вода за отстранување остатоци и забен камен.
Мека гумена млазница за удобност и лесно позиционирањ е за лица со чувствителни непца.
Мека гумена млазница што ја насочува водата во вкрстен млаз што нежно го отстранува забниот камен за лесно темелно чистење.
Забелешка: содржината на кутијата може да не ги содржи сите прикажани ставки во зависност од конфигурацијата на производот што сте го купиле.
Режими и интензитети Режими (само за конкретни модели) Во зависност од вашиот модел, вашиот Cordless Power Flosser е опремен со еден или два различни режими. Ако имате уред со два режима, притиснете го копчето за режим за да менувате помеѓу стандардниот Clean (за чистење) режим и режимот Deep Clean (за темелно чистење) за да го изберете саканиот режим. Ако имате уред со еден режим, тој веќе е во режим за Clean (чистење).
Clean (Чистење) Овој режим, со тајмер, обезбедува постојан притисок на водата за одлично чистење. Тајмерот укажува кога треба да се префрлите на следниот дел од устата преку кратка пауза во протокот на вода на секои 15 секунди. Овој Cordless Power Flosser доаѓа со активиран тајмер. За да го активирате или деактивирате тајмерот Кога Cordless Power Flosser е исклучен, притиснете и задржете го копчето за избор на интензитет 3 секунди. - Кога е деактивиран, индикаторското светло на батеријата ќе трепне портокалово еднаш - Кога е активиран, индикаторското светло на батеријата ќе трепне зелено двапати Deep clean (Темелно чистење): Овој режим ја користи Puls Wave (технологијата на пулсирачки бран) за да ве води од заб до заб, користејќи силни и нежни пулсирања на водата за темелно чистење. Со Puls Wave (технологијата на пулсирачки бран), протокот на вода се зголемува и се намалува во интензитет, обезбедувајќи кратка пауза за време на која можете да ја поместите млазницата на следниот простор помеѓу забите.
Интензитети Вашиот Cordless Power Flosser доаѓа со три различни поставки за интензитет. За да го промените интензитетот на поставката што ја сакате, притиснете го копчето за интензитет. Забелешка: се препорачува да започнете да го користите безжичниот Power Flosser со најмалиот интензитет и да го зголемувате интензитетот во текот на неколку недели.
Започнување Полнење на Cordless Power Flosser 1
Нежно повлечете го и завртете го капакот на портата за полнење на задниот дел од Cordless Power Flosser за да се прикаже портата за полнење.
2 Приклучете го кабелот за полнење USB-C во портата за полнење USB-C на задната страна на Cordless Power Flosser. Забелешка: Проверете дали рачката е целосно сува пред да го поврзете кабелот USB-C. 3 Поврзете го USB-кабелот во USB ѕиден адаптер од 5 V. Забелешка: ѕидниот адаптер не е вклучен во сите модели. Користете само адаптер IPX4 од 5 V. 4 Индикаторот за батерија трепка додека се полни (видете 'Полнење'). Забелешка: може да бидат потребни до 4 часа за батеријата целосно да се наполни, но може да го користите Cordless Power Flosser и пред целосно да се наполни. Забелешка: вратете го капакот на портата за полнење на Cordless Power Flosser кога не се полни активно.
Полнење на резервоарот Наполнете го резервоарот со млака вода. Постојат два лесни начини да се наполни резервоарот. Забелешка: при полнење на резервоарот, не надминувајте ја максималната линија за полнење.
Забелешка: извадете го полначот од Cordless Power Flosser пред да го полните резервоарот и да го користите уредот. Опција 1: Отворете го капачето на преклоп од страната на резервоарот и наполнете го резервоарот преку страничната порта за брзо полнење. Опција 2: Извиткајте за да го откачите резервоарот и наполнете го преку широкиот отвор. 2 Наполнете го резервоарот. 1
3 Извиткајте го резервоарот за да повторно го прикачите.
Вметнување и отстранување млазници Вметнете ја саканата млазница во рачката. Притиснете ја млазницата надолу додека не слушнете „клик“. Забелешка: осигурете се дека млазницата е целосно вметната и израмнета со горниот дел од уредот. За да ја отстраните млазницата, притиснете го копчето за ослободување на млазницата и извлечете ја од рачката.
Користење на Cordless Power Flosser Пред да го вклучите уредот, насочете го врвот на млазницата кон мијалникот. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување на рачката за да го вклучите Cordless Power Flosser. Оставете водата да прска во мијалникот. Исклучете го уредот откако водата ќе се испразни од уредот. 2 Ставете го врвот на млазницата во устата. Наведнете се врз мијалникот и делумно затворете ги усните околу врвот на млазницата за да се избегне прскање. Оставете доволно простор за да дозволите водата да тече од устата во мијалникот. 1
3 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување на рачката за да го вклучите Cordless Power Flosser. 4 Кога е вклучен Cordless Power Flosser:
a Поставете го врвот на млазницата веднаш над линијата на непцата под агол од 90°. Забелешка: за млазницата Quad Stream нежно притиснете, така што врвот на млазницата да биде во контакт со линијата на непцата и забите. b Почнувајќи од задните заби на горната или долната вилица, лизгајте го врвот на млазницата вдолж линијата на непцата и паузирајте кратко помеѓу секој заб.
c Продолжете да чистите и од внатрешната (15 секунди) и од надворешната (15 секунди) страна на забите, вкупно 30 секунди во еден лак на устата. Забелешка: не заборавајте да ги исчистите забите од внатрешната страна. Забелешка: може да го користите роторот на млазницата за да го свртите и позиционирате врвот на млазницата и да ги исчистите забите од внатрешната страна. d Повторете во другиот лак на устата уште 15 секунди одвнатре и 15 секунди однадвор сè додека не се исчистат сите простори околу и помеѓу забите во траење од најмалку една минута. Забелешка: може да го запрете протокот на вода за време на употребата со притискање на копчето за вклучување/исклучување на Cordless Power Flosser. Забелешка: ако изберете да го дополните резервоарот за време на употребата, исклучете го уредот додека го полните резервоарот, а потоа продолжете од местото каде што сте застанале додека не се исчистат сите простори околу и помеѓу забите во траење од најмалку една минута.
Чистење ортодонтски брикети со млазницата Quad Stream 1
За чистење околу ортодонтските брикети, ставете го врвот на млазницата над секоја од нив.
406 Македонски 2 Нежно вртете го врвот на млазницата околу брикетите во мал круг пред да се преместите на брикетот на следниот заб.
По секоја употреба 1 Исклучете го Cordless Power Flosser. 2 Откачете го и испразнете го резервоарот 3 Извадете ја млазницата од рачката со притискање на копчето за ослободување на млазницата на горниот дел од рачката 4 Исплакнете ја млазницата под чешма 5 Исушете го вишокот вода од млазницата, од надворешната страна на рачката и резервоарот 6 Вметнете ја млазницата назад во рачката или користете ја опцијата (видете 'Чување') за чување на млазницата во резервоарот. Забелешка: за да се олесни сушењето, отворете го капакот на портата за полнење на резервоарот или оставете го Cordless Power Flosser расклопен помеѓу употребите.
Полнење Статус на батеријата Овој Cordless Power Flosser е дизајниран да обезбедува најмалку 25 сесии на чистење, секоја со траење од 1 минута. Индикаторот за батерија го покажува статусот на батеријата кога ќе ја завршите 1-минутната сесија на чистење или кога ќе го паузирате безжичниот Power Flosser. Кога безжичниот Power Flosser се полни
Статус на батеријата
Индикатор за батерија
Постојано зелено светло
Трепкачко зелено светло
Забелешка: индикаторот за батерија ќе трепка додека не се наполни целосно. Кога ќе се наполни целосно и уште е вклучен, светлото ќе биде постојано зелено 30 секунди и потоа ќе се исклучи Кога безжичниот Power Flosser не се полни
Статус на батеријата
Индикатор за батерија
Постојано зелено светло
Трепкачко портокалово светло 5 секунди и безжичниот Power Flosser автоматски се исклучува Забелешка: кога ќе се појави индикаторот за слаба батерија, безжичниот Power Flosser е дизајниран да обезбедува најмалку 3 сесии на чистење, секоја со траење од 1 минута.
Чистење Cordless Power Flosser треба да се чисти еднаш неделно. Чистете ги уредот и додатоците на следниов начин. Додатоците може да се разликуваат според моделот.
Предупредување: не чистете го Cordless Power Flosser додека се прикачени кабелот за полнење и адаптерот. Откачете го кабелот од уредот и затворете го капакот на портата за полнење пред да го чистите. Резервоар Нежно извадете го резервоарот од Cordless Power Flosser со вртење. Резервоарот може да се мие рачно со топла вода и благ сапун или да се
408 Македонски исчисти во горната решетка на машината за миење садови. Рачка Кога е потребно, може да ја исчистите рачката со бришење со мека крпа и благ сапун. Млазници - Редовно чистење: отстранете ја млазницата од рачката. Исплакнете го врвот под топла вода. - На секои неколку месеци или ако вашата млазница се затне: потопете ја млазницата во сад со 2 дела вода и 1 дел оцет 5 минути. Исплакнете ја млазницата со топла вода. Внатрешни компоненти, црево и рачка Наполнете го резервоарот со топла вода и додајте 1 – 2 лажици бел оцет. Насочете ја млазницата кон мијалникот и вклучете го Cordless Power Flosser за да помине растворот низ него додека резервоарот не се испразни. Исплакнете повторувајќи со полн резервоар со чиста топла вода. Кутија за чување на млазницата Кутијата за чување може рачно да се измие во топла вода со благ сапун или да се исчисти во горната решетка на машината за миење садови. Патна торбичка Исчистете ја патната торбичка бришејќи ја со мека крпа и мешавина од топла вода со благ сапун. Избришете ја патната торбичка со крпа за да се исуши.
Чување Чување на млазницата во резервоарот Вашиот Cordless Power Flosser е дизајниран, така што може да чувате една млазница закачена на долниот дел од рачката на Cordless Power Flosser во резервоарот. За да ја користите оваа функционалност:
Завртете го резервоарот да се откачи.
2 Извадете ја млазницата со притискање на копчето за исфрлање на млазницата на задниот дел од рачката.
3 Вметнете го долниот дел на млазницата во долниот дел на безжичниот Power Flosser.
4 Извиткајте го резервоарот за да повторно го прикачите. Забелешка: исушете ја внатрешноста на резервоарот и млазницата пред да ја користите оваа функционалност. Забелешка: за да се олесни сушењето, отворете го капакот на портата за полнење на резервоарот или оставете го Cordless Power Flosser расклопен помеѓу употребите. Забелешка: Ако не планирате да го користите производот подолго време, исклучете го од електричниот штекер, исчистете го и складирајте го на ладно и суво место подалеку од сончева светлина.
Предупредување: не ставајте други предмети во резервоарот. Особено, не чувајте го кабелот за полнење или ѕидниот адаптер во резервоарот
Замена Заменувајте ги млазниците на секои 6 месеци или веднаш кога ќе се оштетат. За да купите додатоци или резервни делови, одете на philips.com или кај локалниот дистрибутер на Philips Sonicare.
Често поставувани прашања Прашање
Може ли да користам течност за плакнење на устата или есенцијални масла во мојот резервоар?
Не се препорачува да се користат есенцијални масла во резервоарот. Течноста за плакнење на устата може да се измеша со вода и да се користи во резервоарот. По користењето течност за плакнење на устата, исплакнете го уредот за да спречите затнување со делумно полнење на резервоарот со топла вода и вклучување на производот со врвот насочен кон мијалникот додека резервоарот не се испразни.
Дали други млазници ќе одговараат на мојот безжичен Power Flosser на Philips Sonicare?
Само млазниците на безжичниот Power Flosser на Philips Sonicare ќе работат со овој уред. Млазниците од други брендови и млазниците на Philips AirFloss не се компатибилни со овој производ.
Колку често треба да ја заменувам млазницата?
Ве советуваме да ја заменувате млазницата по 6 месеци употреба. Можете да најдете повеќе информации за купување резервни делови на philips.com
Гаранција и поддршка За информации за производот, поддршка и упатства за корисникот онлајн, посетете ја: www.philips.com/support или прочитајте ја брошурата за меѓународна гаранција.
Ограничување на гаранцијата Условите од меѓународната гаранција не го покриваат следново: - Млазници - Оштетување предизвикано од употреба на неовластени резервни делови или неовластени млазници - Оштетување предизвикано од погрешно користење, запоставување, промени или неовластени поправки - Нормално трошење и абење, вклучувајќи скршени делчиња, гребаници, абразии, промена на бојата или избледување
Овој симбол означува дека електричните производи и батерии не треба да се фрлаат во обичниот отпад од домаќинствата. Придржувајте се до прописите во вашата земја за посебно собирање на електрични производи и батерии.
Отстранување на вградена батерија на полнење Вградената батерија на полнење мора да ја отстрани квалификуван професионалец кога производот ќе се отфрли. Упатствата за отстранување на вградени батерии на полнење може да ги најдете на www.philips.com/support.
Notice Facile