BOSCH GFF 18V-22 Professional - Пила

GFF 18V-22 Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GFF 18V-22 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 271 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GFF 18V-22 Professional - page 185
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GFF 18V-22 Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GFF 18V-22 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GFF 18V-22 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GFF 18V-22 Professional BOSCH

Македонски...... Страница 185

Srpski ...... Strana 193

Slovenščina ....Stran 201

Hrvatski ....Stranica 208

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност на електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност.

Грешките настанати како резултат

од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.

▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прав, безбедносни чевли кои не се лизгаат, шлем или заштита за уши, кои се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за

ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.

▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата,алиштата и ракавиците треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.

Употреба и чување на електричните алати

▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или сетот на батерии од електричниот алат, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на мојните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.

Безбедносни предупредувања за машина за склопување

▶ Дисковите за сечење мора да работат најмалку на брзината означена на алатот. Дисковите за сечење што се движат со поголема брзина од наведената, може да излетаат и да предизвикаат повреди.
▶ Секогаш користете заштита. Заштитата го заштитува операторот од скршените парчиња на дискот за сечење и случаен контакт со истиот.
▶ Секогаш користете плочести глодала во правилна големина и со соодветен отвор на прифатот. Плочести глодала, што не одговараат на монтажните делови на глодалката, нема да сечат рамно и може да доведат до губење на контролата.
Ставете го електричниот алат само кога е включен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува.
▶ Не посегајте со дланките во полето на глодање и во глодалката. Со другата рака држете ја дополнителната дршка. Доколку со двете дланки ја држите глодалката, нема да може да се повредите.
▶ Не глодајте никогаш над метални предмети, клинци и шрафови. Глодалката може да се оштети и да доведе до зголемени вибрации.
▶ Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за

снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвijuва оштетување.

▶ Не користете тапи или оштетени глодалки. Тапите или оштетените глодалки предизвикуваат зголемено триење, може да се заглават и да доведат до нерамнотежа.
▶ При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и стојте стабилно. Со електричниот апарат посигурно Ѽе управувате ако го држите со двете дланки.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ Секогаш користете го електричниот алат со испорачаната помошна рачка. Губењето на контролата може да доведе до повреди.
▶ Користете ги само алатите за вметнување наведени во ова упатство за користење. Не користете дискови за сечење или кружни сечила за пила.
▶ Проверете дали е фиксирано плочестото глодало пред да се вклучи.
▶ Притиснете го копчето за фиксирање на вретеното само доколку електричниот алат е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.
▶ Користете го електричниот алат само со вградена заштита од лизгање. Таа обезбедува прецизна работа со електричниот алат.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH GFF 18V-22 Professional - Безбедносни предупредувања за машина за склопување - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага.

Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

Опис на производот и перформансите

BOSCH GFF 18V-22 Professional - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот апарат е наменет за правење на жлебови за поврзување на плоснати типли на иверки, тврдо и меко дрво, шперплоча и лесонит.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Рачка (изолирана површина на рачката)
(2) Прекинувач за вклучување/исклучување
(3) Затегнувачки лост на аголниот граничник
(4) Висинска скала
(5) Аголна скала
(6) Средишна ознака - хоризонтално
(7) Заштита од лизгање
(8) Вртливо копче на граничникот подеслив по висина
(9) Граничник подеслив по висина
(10) Ознака за ширината на глодалото
(11) Средишна ознака - вертикално
(12) Затегнувачки лост на граничникот подеслив по висина
(13) Стрелка за правец на вртење на кукиштето
(14) Копче за блокирање на вретеното
(15) Дополнителна рачка (изолирана површина на рачката)
(16) Батерија ^a)
(17) Насадна плоча
(18) Аголен граничник
(19) Вртливо копче за подесување на длабочината на глодање
(20) Безбедносна навртка за подесување на длабочината на глодање
(21) Завртка за прилагодување за подесување на длабочината на глодање
(22) Млазници за всисување
(23) Кеса за прав
(24) Клуч со два отвори

188 | Македонски

(25) Затезна навртка
(26) Плочесто глодало
(27) Стрелка за правецот на вртење на плочестото глодало
(28) Венец за центрирање на приклучната прирабница
(29) Приключна прирабница
(30) Вретено на глодалото
(31) Стрелка за правецот на вртење на вретеното на глодалото
(32) Сигурносна подлошка за основната плоча
(33) Завртка за затворање на основната плоча
(34) Основна плоча
(35) Копче за отклучување на батерија ^a)
a) Овие додатоци не се включени во стандартниот опсег на испорака. Обемот на испорака е означен на пакувањето.

Технички податоци

Глодалка за плоснати типли GFF 18V-22
Број на дел3 601 F20 1..
Номинален напон V= 18
Номинален број на вртежиA)min-111000
Длабочина на глодање макс. B)mm 22
Навојот на вретено mm M10 x 1,25
Дијаметар на отворот на плочестото глодалоmm 22
Дијаметар на плочестото глодало макс.mm 105
Дебелина на плочестото глодало макс.mm4
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014C)kg 3,0–4,0
Препорачана околна температура при полнење°C 0 ... +35
Дозволена околна температура при работењеD) и при складирање°C –15 ... +50
Препорачани акумулаторски батерииGBA 18V...ProCORE18V...
Препорачани полначи GAL 18...GAX 18...GAL 36...

A) Вистинскиот број на вртежи во празен од не смее да го надмине номиналниот број на вртежи во празен од и затоа е помал.

В) Се постигнува со плочестите глодала со дијаметар од 105 mm

С) во зависност од употребената батерија

D) ограничена јачина при температури < 0 °C

Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 60745-2-19.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 80 dB(A); ниво на звучна јачина 91 dB(A). Несигурност K = 3 dB.

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-19:

$$ a _ {n} < 2, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}. $$

Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.

Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.

За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој уредот е исключен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.

Батерија

Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.

Полнење на батеријата

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Ставање на батеријата

Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.

Вадење на батеријата

За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.

Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.

Приказ за наполнетост на батеријата

Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат Costaјбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, Costaјбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.

Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.

Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.

Трајно светло 2 × зелено 30–60 %

Трајно светло 1 × зелено 5–30 %

Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 %

Трајно светло 4 × зелено 60–80 %

Трајно светло 3 × зелено 40–60 %

Трајно светло 2 × зелено 20–40 %

Трајно светло 1 × зелено 5–20 %

Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 %

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.

Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.

Монтажа

Ставање/менување на плочестото глодало (видете слики А–В)

▶ Отстранете ја батеријата пред да извршите каква било работа на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алат, итн.). Постои ризик од повреда ако прекинувачот за вклучување/ исклучување се вклучи ненамерно.
▶ При вметнување и менување на плочестите глодала се препорачува да се носат заштитни ракавици.
▶ Заштитете ги плочестите глодала од удари.

Електричниот алат може да се ракува со Bosch- плочестите глодала 3 608 641 013 (дијаметар 105 mm) или со комерцијално достапни плочести глодала со ист или помал дијаметар (<105 mm).

– Доколку е потребно, поставете го аголниот граничник (18) на 0° (види „Подесување на аголот на глодање“, Страница 191) и граничникот прилагодлив во висина (9) на максимальната висина (види „Подесување на граничникот подеслив по висина“, Страница 190).
– Свртете го електричниот апарат со основната плоча (34) нагоре.
– Олабавете ја завртката за затворање (33) со околу 3 вртења.
– Отворете ја основната плоча (34) нагоре. Држете го електричниот уред, така што основната плоча нема да се врати назад.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (14) и држете го притиснато.
– Олабавете ја затезната навртка (25) со испорачаниот клуч со два отвори (24) и извадете ја.
– Доколку е потребно, извадете го плочестото глодало (26) и исчистете го.
– Доколку е потребно, извадете ја приклучната прирабница (29) и исчистете ја.
– Поставете ја приклучната прирабница (29) на вретеното на глодалото (30), така што венецот за центрирање (28) (дијаметар 22 mm) ће лежи на горната страна. Приклучната прирабница мора да се вклопи на двата раба на вретеното за глодање (блокада на вртењето).
– Поставете го чистото плочесто глодало (26), како што е прикажано на сликата, на приклучната прирабница (29), така што стрелката за правец на вртење (27) ће може да се види на плочестото глодало и ће се усогласи со стрелката за правец на вртење на вретеното на глодалото (31). Отворот за прифат на плочестото глодало мора да се вклопи во венецот за центрирање (28) на приклучната прирабница.

190 | Македонски

  • Завртете ја затегнувачката навртка (25) на вретеното на глодалото (30). Затегнете ја затегнувачката навртка, додека го притискате копчето за блокада на вретеното (14), со клучот за две дупки (24).
    ▶ Проверете дали плочестото глодало е правилно монтирано и може слободно да се врти.
    – Повторно склопете ја основната плоча (34). Внимавајте на тоа, сигурносната подлошка (32) да лежи над основната плоча.
    – Затегнете ја завртката за затворање (33).
    ▶ Проверете дали основната плоча (34) е сигурно заклучена.

Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место.

Правта лесно може да се запали.

По потреба исчистете ги прилучоците за вшмукување (22). За таа цел, отворете ја основната плоча (34) на (види „Ставање/менување на плочестото глодало (видете слики А–В)“, Страница 189) и извлечете ги прилучоците за всисување.

Надворешно всисување (погледнете ја страната со опрема)

Малку завртете ја млазницата на цревото за всисување (опрема) на млазницата за всисување (22). Приключете го цревото за вшмукување на вшмукувач за прав.

Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.

Сопствено всисување со кеса за прав (погледнете ја страната со опрема)

При мали зафати со глодалото може да ја употребите кесата за прав (23).

Малку завртете ја млазницата на кесата за прав (23) на млазницата за всисување (22).

Редовно празнете ја кесата за прав (23), за оптимално да се одржи собирањето на прав.

Притоа извлечете ја кесата за прав (23), отворете го патентот и испразнете ја кесата за прав.

Употреба

Подесување на длабочината за глодање

BOSCH GFF 18V-22 Professional - Подесување на длабочината за глодање - 1

Со вртливото копче (19) може да ја утврдите длабочината на глодање. Вртливото копче има позиции за фиксирање за шест големини на плоснати типли.

Распоред на позициите за фиксирање според плоснатите типли и длабочина на глодање:

Позиција за фиксирањеПлосната типла Длабочина на глодање во mm^A)
0 Бр. 0 8
10 Бр. 10 10
20 Бр. 20 12,3
S Simplex 13
D Duplex 14,7
MAX – 22

A) Се постигнува со плочестите глодала со дијаметар од 105 mm

Кога користите остри плочести глодала или плочести глодала со помал дијаметар (<105 mm), можеби їе треба повторно да се прилагоди длабочината на глодањето. Притоа олабавете ја безбедносната навртка (20). Со вртење на завртката за прилагодување (21) во правец на стрелките на часовникот може да ја намалите длабочината на глодање одн. со вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот да ја зголемите. Проверете ја подесената длабочина на глодање со пробно глодање. На крај повторно затегнете ја безбедносната завртка (20).

Подесување на граничникот подеслив по висина

Со граничникот подеслив по висина (9) може да го утврдите растојанието помеѓу горната страна на делот што се обработува и жлебот што треба да се изглода.

За монтажа на граничникот подеслив по висина (9) поставете го истиот на аголниот граничник (18) и свртете го со вртливото копче (8) во водилката на аголниот граничник.

Напомена: при монтажата не употребувајте сила! Доколку е во правилна позиција, граничникот (9) може лесно да се поместува.

BOSCH GFF 18V-22 Professional - Подесување на граничникот подеслив по висина - 1

text_image (12) (4) (8) (9)

Со помош на вртливото копче (8) поставете го саканото растојание на висинската скала (4). Потоа затегнете го затегнувачкиот лост (12).

За да се позиционира жлебот во средината на делот што се обработува, мора да го поставите граничникот подеслив по висина на половина од дебелината на делот што се обработува.

Пример: При 18 mm дебелина на делот што се обработува, поставете ја висинската скала на 9 mm.

За да го извадите граничникот подеслив по висина (9) олабавете го затегнувачкиот лост (12) и одвртете го граничникот со вртливото копче (8) нагоре од аголниот граничник (18).

Подесување на аголот на глодање

Аголниот граничник (18) овозможува едноставно глодање на закосувања.

BOSCH GFF 18V-22 Professional - Подесување на аголот на глодање - 1

text_image (3) (18)

За да го поместите аголниот граничник (18) олабавете го затегнувачкиот лост (3). Навалете го аголниот граничник, додека не се постави саканиот агол на аголната скала (5) (на 0°, 30°, 45°, 60° и 90° се наогаат точките за фиксирање). Потоа затегнете го затегнувачкиот лост (3).

▶ Внимавајте на тоа, по поместувањето на аголот на глодање, ниту граничникот подеслив по висина (9) ниту насадната плоча (17) да не се најдат во излезното поле на плочестото глодало. Заради проверка притиснете го излезот на глодалото, додека електричниот алат е исклучен, на пр. на работ на масата, додека не се види плочестото глодало. Максимално извлеченото глодало не смее да го допира граничникот подеслив по висина (9) одн. насадната плоча (17).

Ставање во употреба

Отстранете ја батеријата пред да извршите каква било работа на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алат, итн.). Постои ризик од повреда ако прекинувают за вклучување/ исклучување се вклучи ненамерно.
▶ Електричниот алат смее да се вклучи, доколку основната плоча (34) е фиксирана со завртката за затворање (33) и сигурносната подлошка (32).
▶ Пред вклучувањето, проверете дали автоматското враćање на моторната единица функционира беспрекорно. Притиснете го излезот на глодалото на пр. на раб на маса, додека не се види плочестото глодало. Доколку притисокот е опуштен, плочестото глодало мора целосно да се врати во основната плеча.

Вклучување/исклучување

За вклучување на електричниот апарат притиснете на прекинувают за вклучување/исклучување (2) нанапред, а за фиксирање притиснете го нанапред надолу.

За исклучување на електричниот апарат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) наназад, така што тој ќе отскокне во првобитната позиција.

Заштита од рестартирање

Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на струја.

За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/исклучување (2) ставете го во ислучена положба и одново включете го електричниот алат.

фин старт

Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот момент при вклучување и го зголемува рокот на траење на моторот.

Совети при работењето

▶ При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и стојте стабилно. Со електричниот апарат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
▶ Не посегајте со дланките во полето на глодање и плочестото глодало.

BOSCH GFF 18V-22 Professional - Совети при работењето - 1

При работата, со едната рака држете ја рачката (1), а со другата дополнителната дршка (15).

Ставете го електричниот алат само кога е включен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува.

Процесот на глодање вршете го со константна брзина.

Утврдување на позицијата на глодање

Вертикалната средишна ознака (11) на аголниот и висинскиот граничник ја покажува средината на глодањето (вертикално на плочестото глодало).

Максималната ширина на глодање се прикажува преку двете ознаки (10) на граничникот подеслив по висина (9).

При висинското позиционирање помага хоризонталната средишна ознака (6) на основната плоча, којашто ја покажува хоризонталната средина на плочестото глодало.

На кукиштето на електричниот апарат, стрелката (13) го покажува правецот на вртење на плочестото глодало.

Глодање на жлебни споеви

На графичките страници їе најдете примери за следните споеви:

Бирање на плоснати типли
BOSCH GFF 18V-22 Professional - Глодање на жлебни споеви - 1

text_image 8-12 mm 0 12-15 mm 10 >15 mm 20 >25 mm

За солидно поврзување користете што е можно поголема плосната типла (ламели). Bosch нуди соодветни плоснати

типли во својата програма на опрема (погледнете ја страната со опрема на крајот од упатството за употреба).

При глодање на делови со дебелина под 16 mm ставете ја насадната плоча (17) на аголниот граничник (18). На тој начин жлебот нема да лежи преблиску до горната страна на делот што се обработува. При пресметката на хоризонталната позиција на глодање внимавајте на дебелината на насадната плоча.

Користете ја насадната плоча (17) и при споеви под закосен агол на тенки делови за обработка, за да не биде предлабок жлебот.

При глодањето на тесни делови за обработка по можност користете го граничникот подеслив по висина (9).

Притоа внимавајте ознаките што се наогаат на него да лежат на максималната ширина на глодање (10) во делот што се обработува.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

По потреба исчистете ги и подмачкајте ги водилките. Притоа користете ислучиво масло коешто не е смолесто (на пр. масло за машина за шиење).

Дополнително затегнување на затегнувачкиот лост

По потреба може да ја подесите затегнувачката сила на затегнувачниот лост (3) и (12). Притоа олабавете го затегнувачкиот лост и одвртете го. Поместете го затегнувачкиот лост најмалку 30° во правец спротивен на стрелките на часовникот и повторно завртете го.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH GFF 18V-22 Professional - Отстранување - 1

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GFF 18V-22 Professional - Отстранување - 2

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Според европейката директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 193).

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GFF 18V-22 Professional

Категорија : Пила