BOSCH LR 60 Professional - примач

LR 60 Professional - примач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот LR 60 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 253 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH LR 60 Professional - page 186

Прашања на корисниците за LR 60 Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот примач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник LR 60 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. LR 60 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК LR 60 Professional BOSCH

Македонски...... Страница 185

Srpski ...... Strana 194

Slovenščina ....Stran 202

Hrvatski ......Stranica 210

Безбедносни напомени

BOSCH LR 60 Professional - Безбедносни напомени - 1

Сите упатства треба да се прочитают и да се внимава на нив. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши

функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. ДОБРО ЧУВАЛТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА.

▶ Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.

▶ Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.

За време на работата на мерниот уред се слушаат гласни сигнални тонови во одредени околности. Затоа држете го мерниот уред подалеку од ушите одн. други лица. Гласниот тон може да го оштети слухот.

BOSCH LR 60 Professional - Безбедносни напомени - 2

Не го принесувајте магнетот во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа.

Магнетот создава поле, кое може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди.

▶ Држете го мерниот уред подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетот може да дојде до неповратно губење на податоците.
▶ Внимание! При користењето на мерниот уред со Bluetooth® може да настанат пречки на другите уреди и системи, авиони и медицински апарати (на пр. пејсмејкер, апаратчиња за слушање). Исто така не може целосно да се исклучи можноста за повреда на луфе и животни во непосредна околина. Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во близина на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски уреди, области со опасност од експлозија и во близина на мински полиња. Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во авиони. Избегнувајте долготрајна употреба во директна близина на телото.

Ознаката со зборови Bluetooth® како и спликите (логоата) се регистрирани марки и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца преку Robert Bosch Power Tools GmbH.

Опис на производот и перформансите

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Ласерскиот приемник е наменет за брзо пронаогање на ротирачки ласерски зраци со бранова должна којашто е наведена во техничките податоци.

Ласерскиот приемник LR 60 е особено наменет за контрола на GRL 600 CHV преку Bluetooth®, а ласерскиот приемник LR 65 G за контрола на GRL 650 CHVG. Ласерскиот приемник е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на ласерскиот приемник на графичката страница.

(1) Приемно поле за ласерскиот зрак
(2) LED-приказ за правец „Ласерски зрак над средишната линија“
(3) LED средишна линија
(4) LED-приказ за правец „Ласерски зрак под средишната линија“
(5) Екран (предна и задна страна)
(6) Звучник
(7) Либела
(8) Куки за закачување
(9) Средишна ознака

(10) Магнет

(11) Прифат за држачот

(12) Сериски број

(13) Капак на преградата за батерии

(14) Фиксирање на капакот од преградата за батерии

(15) Копче У-оска

(16) Копче Х-оска

(17) Копче за режим CenterFind

(18) Копче за поставување точност на прием

(19) Копче за вклучување/исклучување

(20) Копче за сигнален тон/гласност

(21) Либела на држачот ^a)

(22) Референтна средишна линија на држачот ^3)

(23) Држач ^a)

(24) Вртливо копче на држачот ^a)

(25) Мерналетва ^a)

(26) Завртка за прицврстување на држачот ^a)

a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Елементи за приказ

(a) Приказ за наполнетост на батериите на ротирачкиот ласер
(b) Приказ за врска преку Bluetooth®
(c) Приказ за точност на прием
(d) Приказ на мерна единица
(e) Приказ на текст
(f) Приказ за правец „Ласерски эрак под средишната линија“
(g) Приказ за сигнален тон/гласност
(h) Приказ на средишната линија
(i) Приказ за батеријата на ласерски приемник
(j) Приказ за правец „Ласерски зрак над средишната линија“

Технички податоци

Ласерски приемник LR 60 LR 65 G
Број на дел3 601 K69 P.. 3 601 K69 T..
Приемни бранови должини 600–800 nm 500–570 nm
Макс. работно полеA)
– со GRL 600 CHV 300 m –
– со GRL 650 CHVG – 325 m
Приемен агол ± 35^ ± 35^
Приемна брзина на ротација > 120 min-1> 120 min-1
Точност на приемBIC)
– многу фино ± 0,5 mm ± 0,5 mm
– фино ± 1 mm ± 1 mm
– средно ± 2 mm ± 2 mm
– грубо ± 5 mm ± 5 mm
– многу грубо ± 10 mm ± 10 mm
Оперативна температура-10 °C ... +50 °C-10 °C ... +50 °C
Температура при складирање-20 °C ... +70 °C-20 °C ... +70 °C
Макс. оперативна висина над референтната висина2000 m2000 m
Макс. релативна влажност на воздухот90 %90 %
Степен на извалканост според IEC 61010-12D)2D)
Bluetooth® ласерски приемник
– Класа1 1
– КомпатибилностBluetooth® 5.0/4.X (Low Energy)E)Bluetooth® 5.0/4.X (Low Energy)E)
– Макс. опсег на сигналотF)100 m 100 m
– Опсег на оперативна фреквенција2402–2480 MHz2402–2480 MHz
– Јачина на испраќање макс.6,3 mW6,3 mW
Батерии2 × 1,5 V LR6 (AA)2 × 1,5 V LR6 (AA)
Времетраење на работа околу50 h50 h
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:20140,38 kg0,38 kg
Димензии (должина × ширина × висина)175 × 79 × 33 mm175 × 79 × 33 mm
Вид на заштитаIP 67IP 67

В) во зависност од растојанието помеѓу ласерскиот приемник и ротациониот ласер, како и од класата на ласер и видот на ротациониот ласер

D) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.

E) Kaj Bluetooth®-уредите со ниска енергија, во зависност од моделот и оперативниот систем не е возможно воспоставување на врската. Bluetooth®-уредите мора да поддржувает SPP профил.

F) Опсегот може многу да варира во зависност од надворешните услови, включително и приемникот што се употребува. Во затворените простории и со метални бариери (на пр. сидови, регали, куфери итн.) опсегот на Bluetooth ^ може значително да се намали.

Серискиот број на спецификационата плочка (12) служи за јасна идентификација на вашиот ласерски приемник.

Монтажа

Ставање/менување на батерии

За работа со ласерскиот приемник се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

Завртете ја блокадата (14) на капакот на преградата за батерии (на пр.со монета) во позиција 🚙️. Отворете го капакот на преградата за батерии (13) и ставете ги батериите.

Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.

Затворете го капакот на преградата за батерии (13) и свртете ја блокадата (14) на капакот на преградата за батерии во позиција

Приказот за батерии (i) ја прикажува наполнетоста на батеријата на ласерскиот приемник:

Приказ Капацитет

Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.

▶ Ако не го користите ласерскиот приемник подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање во ласерскиот приемник, батериите може да кородираат и да се испразнат.

Приказ за наполнетост на ротирачкиот ласер

Приказот за наполнетоста (a) ja прикажува наполнетоста на батеријата одн. на батериите на ротирачкиот ласер, кога ротирачкиот ласер е включен и постои врска преку Bluetooth® помеѓу ласерскиот приемник и ротирачкиот ласер.

Приказ Капацитет

Заштитете го ласерскиот приемник од влага и директно изложување на сончеви зраци.
He го изложувајте ласерскиот приемник на екстремни температури или осцилации во температурата. Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете го ласерскиот приемник најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или осцилации во температурата, прецизноста на ласерскиот приемник може да се наруши.

▶ Одржувајте го работниот простор без пречки кои може да го рефлектираат или попречат ласерскиот зрак. На пр., покријте ги рефлектирачките или сјајните површини. Не мерете преку стаклени панели или слични материјали. Може да се добијат погрешни резултати од мерењето преку рефлектирачки или попречен ласерски зрак.

Поставување ласерски приемник (види слика А)

Поставете го ласерскиот приемник, на тој начин што ласерскиот зрак ќе достигне до полето за прием (1). Порамнете го на тој начин, така што ласерскиот зрак паға напречно на приемното поле (како што е прикажано на сликата).

Кај ротирачките ласери со повеće режими на работа изберете хоризонтален или вертикален режим со највисоката ротирачка брзина.

Вклучување/исклучување

▶ При включување на ласерскиот приемник се слуша гласен сигнален тон. Затоа држете го ласерскиот приемник подалеку од ушите одн. други лица при включувањето. Гласниот тон може да го оштети слухот.

За вклучување на ласерскиот приемник, притиснете го копчето за вклучување-исклучување (19). Сите прикази на екранот, како и сите LED-светилки кратко светнуваат и се слуша сигнален тон.

За ислучување на ласерскиот приемник, држете го копчето за вклучување-исклучување (19) додека сите LED-светилки кратко светнат и екранот се ислучи. Освен поставувањето на осветлувањето на екранот, сите други поставки при ислучување на ласерскиот приемник їе се зачуваат.

Доколку за околу 10 min, не се притисне на ласерскиот приемник и до приемното поле (1) 10 min не достигне ласерски зрак, тогаш ласерскиот приемник автоматски се ислучува заради заштита на батериите.

Поврзување со ротирачкиот ласер

При испораката, ротирачкиот ласер и испорачаниот ласерски приемник се веće поврзани преку Bluetooth®. При веće постоечка поврзаност, приказот ја покажува поврзаноста преку Bluetooth® (b) на екранот на ласерскиот приемник.

За одново да се поврзе ласерскиот приемник или за да поврзете друг ласерски приемник со ротирачкиот ласер, држете го копчето Bluetooth ^ на ротирачкиот ласер онолку долго додека на екранот се појави ознаката за воспоставување на врската со далечинскиот управувач/ласерски приемник. Држете ги притиснати копчињата за X-оска (16) и Y-оска (15) на ласерскиот приемник додека на приказот за текст (e) на ласерскиот приемник P-- не се појави.

Успешното воспоставување на врската ће се потврди на екранот на ротирачкиот ласер. На приказот за текст (e) на ласерскиот приемник се појавува РОК.

Доколку не се воспостави врска помеѓу ротирачкиот ласер и ласерскиот приемник, тогаш се појавува во

приказот за текст (e) на ласерскиот приемник PNK и на екранот на ротирачкиот ласер їе се прикаже известување за грешка за неуспешната врска. За справување со грешки внимавајте на упатството за употреба на ротирачкиот ласер.

Прикази за правец

Ке се прикаже позицијата на ласерскиот зрак во приемното поле (1):

– на екранот (5) на предната и задната страна на ласерскиот приемник со приказот на правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (f), приказот на правец „Ласерски зрак над средишната линија“ (j) одн. приказот за средишна линија (h),
– опционално со црвената LED-светилка за приказот на правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (4), сината LED-светилка за приказот на правец „Ласерски зрак над средишната линија“ (2) како и зелената LED средишна линија (3) на предната и задната страна на ласерскиот приемник,
- опционално со сигнален тон.

Кога ласерскиот зрак за прв пат поминува низ приемното поле (1) секогаш се огласува краток сигнален тон и кратко засветуваат црвената LED-светилка за приказот на правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (4) како и сината LED-светилка за приказот на правец „Ласерски зрак над средишната линија“ (2) (дури и кога сигналниот тон и/или LED-приказите за правец се исключени).

Ласерскиот приемник е поставен прениско: Доколку ласерскиот зрак поминува низ горната половина на приемното поле (1), на екранот се појавува приказот за правец „Ласерски зрак над средишната линија“ (j).

При включени LED-светилки, свети сината LED-светилка за приказот на правец „Ласерски зрак над средишната линија“ (2).

Доколку сигналниот тон е включен, се слуша сигнал со бавен такт.

Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката нагоре. Со доближување кон средишната ће се прикаже само врвот на приказот за правец „Ласерски зрак над средишната линија“ (j).

Ласерскиот приемник е поставен превисоко: Доколку ласерскиот зрак поминува низ долната половина на приемното поле (1), на екранот се појавува приказот за правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (f). При включени LED-светилки, свети црвената LED-светилка за приказот на правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (4).

Доколку сигналниот тон е включен, се слуша сигнал со забрзан такт.

Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката надолу. Со доближување кон средишната їе се прикаже само врвот на приказот за правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (f).

Ласерскиот приемник е поставен во средина: Доколку ласерскиот зрак поминува низ полето за прием (1) на висина на средишната линија, на екранот светнува приказот за средишна линија (h).

При включени LED-светилки, свети зелената LED-средишна линија (3).

При включен сигнален тон се слуша непрекинат тон.

Функција на зачувување на последниот прием:

Доколку ласерскиот приемник се движи на тој начин што ласерскиот зрак повторно излегува надвор од приемното поле (1), трепка за кратко време последниот прикажан приказ на правец „Ласерски зрак над средишната линија“ (j) или приказот на правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (f). Овој приказ може да се вклучи или исклучи преку менито за подесување.

Ако ласерскиот зрак го пресретне приемното поле (1), тогаш растојанието помеѓу ласерскиот зрак и средишната линија на ласерскиот приемник во приказот за текст (e) ће се прикаже на екранот како апсолутна вредност.

Мерната единица на приказот за висина може да се промени во менито за подесување („mm“ или „in“).

Осветлување на екранот

Екраните (5) на предната и задната страна на ласерскиот приемник располагаат со осветлување на екранот.

Осветлувањето на екранот е включено:

- при вклучување на ласерскиот приемник,

– со секое притискање на копчињата,

– кога ласерскиот зрак се движи над приемното поле (1).

Осветлувањето на екранот автоматски се ислучува:

- 30 s по секое притискање на копчињата, доколку ласерски зрак не достигнал до приемно поле

- 2 min откако не е притиснато копче и доколку позицијата на ласерскиот зрак во приемното поле не се менува.

Осветлувањето на екранот може да се исклучи во менито за подесување.

Поставката за осветлувањето на екранот їе се зачува при ислучувањето на ласерскиот приемник. По вклучување на ласерскиот приемник, осветлувањето на екранот е секогаш включено.

Поставки

Изберете ја поставката на приказот за средишна линија

Може да одредите со колкава точност їе се прикаже позицијата на ласерскиот зрак на приемното поле (1) како во „средина“.

Актуелната поставка на приказот на средишната линија може да се види на приказот за точност на приемот (с).

За да се промени точноста на приемот, притискајте на копчето за подесување Точност на приемот (18) додека на екранот се прикаже посакуваната поставка. Со секое притискање на копчето за подесување Точност на прием на кратко се појавува соодветната вредност на точноста на приемот во приказот за текст (e).

Поставката за точност на приемот їе се зачува при исклучувањето.

Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак

Позицијата на ласерскиот зрак на полето за прием (1) се прикажува со сигнален тон.

Може да ја промените гласноста или да го исключите сигналниот тон.

За менување одн. исклучување на сигналниот тон, притискајте на копчето Сигнален тон (20), додека на екранот не се прикаже посакуваната јачина. При пониска гласност, приказот за сигнален тон (g) се појавува на екранот со една црта, при повисока гласност со 3 црти, а при исключен сигнален тон се губи.

Независно од поставката за сигнален тон, се огласува краток низок тон при првото пресретнување на ласерскиот зрак со приемното поле (1) за потврдување.

Поставката на сигналниот тон ке се зачува при исклучувањето на ласерскиот приемник.

Мени за подесување

Повикување на менито за подесување: Притиснете истовремено кратко на копчето X-оска (16) и на копчето Y-оска (15).

За промена на поставка во под-менито: Притиснете го копчето X-osка (16) или копчето Y-osка (15), за да менувате помеfy поставките. Последната избрана поставка ќе се зачува автоматски кога ќе го напуштите менито.

Менување подмени: Кратко притиснете го копчето за режим CenterFind (17) за да одите во следното подмени.

Напуштање на менито за подесувањето: Притискајте го копчето за режим CenterFind (17), додека не се ислучи менито за подесување. Алтернативно, менито за подесување автоматски їе се ислучи по околу 10 s по последното притискање на копчето.

Следниве подменија се достапни:

- Мерни единици за приказ на релативна висина: При повикување на менито за мерни единици се појавува актуелната одбрана мерна единица во приказот за текст (e), достатните мерни единици може да се видат во приказот Мерна единица (d).

– LED-прикази за насока (LED): Трите LED-прикази за насока (2), (4) како и (3) може да се сменат во осветленоста или да се исключат. LED-светилките светат во избраната поставка.

- Осветлување на екранот (LIT): Осветлувањето на екранот може да се вклучи (LED-светилката свети зелено) или да се исклучи (LED-светилката свети црвено).

– Функција за зачувување на последниот прием (MEM): Приказот за насока, на кој ласерскиот зрак го напушило полето за прием, може да биде включено (LED-светилката свети зелено) или исключено (LED-светилката свети црвено).

– Централни функции (CF/CL) (LR 65 G): Може да бирате помећу режимот CenterFind (CF) и режимот CenterLock (CL). Актуелниот режим се појавува на приказот за текст (e).

Освен поставувањето на осветлувањето на екранот, сите други поставки при ислучување на ласерскиот приемник їе се зачуваат.

функции

Во режимот CenterFind, ротирачкиот ласер се обидува автоматски да го порамни ласерскиот зрак на средишната линија на ласерскиот приемник со движење на ротирачката глава нагоре-надолу.

При хоризонтална положба на ротиричкиот ласер во однос на X-оска на ротиричкиот ласер, на Y-оска или на двете оски, ласерскиот зрак може истовремено да се порамни (види „Определување на навалувањето со режимот CenterFind (види слика D)“, Страница 191).

При вертикална положба на ротирачкиот ласер, можно е само едно порамнување на У-оската.

Стартување на режимот CenterFind:
BOSCH LR 60 Professional - функции - 1

Поставете го ротирачкиот ласер и ласерскиот приемник така што ласерскиот приемник е во правец на X-оската или Y-оската на ротирачкиот ласер. Порамнете го ласерскиот приемник така што саканата оска лежи во десниот агол на приемното поле (1).

Доколку ласерскиот зрак треба да биде порамнет на двете оски, тогаш поставете еден ласерски приемник поврзан со ротирачкиот ласер во правец на оските X и Y. Секој ласерски приемник мора да биде во рамките на полето на вртење од ±8,5 % на ротирачкиот ласер. Включете го ротирачкиот ласер во режим на вртење.

LR 65 G: Во менито за подесување, централната функција мора да биде поставена на режимот CenterFind (CF). Доколку ротирачкиот ласер е порамнет на две оски, тоа се однесува за двата ласерски приемника.

За стартување на режимот CenterFind за X-оската држете притиснато на копчето за режим CenterFind (17), или држете притиснато на копчето за режим CenterFind (17) со копчето за X-оска (16).

За стартување на режимот CenterFind за Y-оската држете притиснато на копчето за режим CenterFind (17) со копчето за Y-оска (15).

Ако ласерскиот зрак треба да се порамни на двете оски во исто време, режимот CenterFind мора да започне одделно кај секој ласерски приемник.

По стартувањето на режимот CenterFind, ротирачката глава се движи горе-долу на ротирачкиот ласер. За време на пребарувањето се појавува на приказот за текст (e) CFX (X-osка) одн. CFY (Y-osка).

Ако ласерскиот зрак го пресретне приемното поле (1) во висина на средишната линија на ласерскиот приемник, се појавува приказот за средишна линија (h) како и на приказот за текст (e) XOK (X-оска) одн. YOK (Y-оска). На ротирачкиот ласер се прикажува вредноста на пронајденото навалување. Режимот CenterFind автоматски завршува.

Прекинување на режимот CenterFind:

За да го прекинете режимот CenterFind притиснете го копчето за режим CenterFind (17) и држете го притиснато.

Справување со грешки:

Доколку ласерскиот зрак не може во рамките на полето на вртење да ја најде средишната линија на ласерскиот приемник, се појавува на приказот за текст (e) ERR и сите LED-прикази за насока светат. Притиснете на некое копче на ротирачкиот ласер за да го затворите известувањето за грешка на ласерскиот приемник. Повторно позиционирајте го ротирачкиот ласер и ласерскиот приемник, така што ласерскиот приемник се наоја во рамките на полето на вртење од ±8,5 % на ротирачкиот ласер. Осигурете се дека ласерскиот приемник е порамнет со X-оската одн. У-оската така што ласерскиот зрак може хоризонтално да поминува низ приемното поле (1). Потоа стартувајте го одново режимот CenterFind.

LR 65 G: Доколку двете оски на ротирачкиот ласер треба да бидат порамнети со еден ласерски приемник, истата централна функција мора да биде поставена на двата ласерски приемника. Комбинација од режимот CenterFind и режимот CenterLock не е можна. Доколку на некоја оска е веће поставен режимот CenterLock и на друга оска е стартуван режимот CenterFind, на приказот за текст се појавува (e) наизменично ERR и CL. На двата ласерски приемника поставете го режимот CenterFind и одново стартувајте ја функцијата.

Определување на навалувањето со режимот CenterFind (види слика D)

Со помош на режимот CenterFind, навалувањето на една површина може да биде измерено до макс. 8,5 %. За да го направите ова, поставете го ротирачкиот ласер на едниот крај на навалената површина во хоризонтална положба на статив. Х-оската или У-оската на ротирачкиот ласер мора да биде порамнета во една линија со навалувањето што треба да се определи. Включете го ротирачкиот ласер и оставете го да се израмни. Прицврстете го ласерскиот приемник со држачот на мерна летва (25). Поставете ја мерната летва близу до мерниот уред (на истиот крај на навалената површина). Порамнете го ласерскиот приемник на мерната летва во висината, така што ласерскиот зрак на ротирачкиот ласер е прикажан како во средина ①.

Потоа поставете ја мерната летва со ласерскиот приемник на другиот крај на навалената површина на ②. Осигурете се дека положбата на ласерскиот приемник на мерната летва останува непроменета.

Стартувајте го режимот CenterFind за оската што е порамнета со навалената површина. По завршувањето на режимот CenterFind, на ротирачкиот ласер ќе се прикаже навалувањето на површината.

Режим CenterLock (LR 65 G)

Во режимот CenterLock, ротирачкиот ласер се обидува автоматски да го порамни ласерскиот зрак на средишната линија на ласерскиот приемник со движење на ротирачката глава нагоре-надолу. За разлика од режимот CenterFind, позицијата на ласерскиот приемник постојано се проверува и навалувањето на ротирачкиот ласер автоматски се прилагодува. На екранот на ротирачкиот ласер не се прикажани вредностите на навалување.

Порамнување е можно за X-оската и за Y-оската кај хоризонтална положба како и кај вертикална положба на ротирачкиот ласер.

Стартување на режимот CenterLock:
BOSCH LR 60 Professional - Режим CenterLock (LR 65 G) - 1

Поставете го ротирачкиот ласер и ласерскиот приемник така што ласерскиот приемник е во правец на X-оската или Y-оската на ротирачкиот ласер. Порамнете го ласерскиот приемник така што саканата оска лежи во десниот агол на приемното поле (1).

Доколку ласерскиот зрак треба да биде порамнет на двете оски, тогаш поставете еден ласерски приемник поврзан со ротирачкиот ласер во правец на оските X и Y. Секој ласерски приемник мора да биде во рамките на полето на вртење од ±8,5 % на ротирачкиот ласер. Включете го ротирачкиот ласер во режим на вртење.

Во менито за подесување на ласерскиот приемник, мора да биде поставена функцијата за центрирање на режимот CenterLock (CL). Доколку ротирачкиот ласер е порамнет на две оски, тоа се однесува за двата ласерски приемника.

За стартување на режимот CenterLock за X-оската држете притиснато на копчето за режим CenterFind (17), или држете притиснато на копчето за режим CenterFind (17) со копчето за X-оска (16).

За стартување на режимот CenterLock за Y-оската држете притиснато на копчето за режим CenterFind (17) со копчето за Y-оска (15).

Ако ласерскиот зрак треба да се порамни на двете оски во исто време, режимот CenterLock мора да започне одделно кај секој ласерски приемник.

По стартувањето на режимот CenterLock, ротирачката глава се движи горе-долу на ротирачкиот ласер. За време на пребарувањето се појавува на приказот за текст (e) CLX (X-оска) одн. CLY (Y-оска).

Ако ласерскиот зрак го пресретне приемното поле (1) во висина на средишната линија на ласерскиот приемник, се појавува приказот за средишна линија (h) како и на приказот за текст (e) LOC. Ознаката CenterLock за соодветната оска се прикажува на екранот при стартување на ротирачкиот ласер.

Ако се промени положбата на ласерскиот приемник или ротирачкиот ласер, навалувањето на ротирачкиот ласер автоматски се прилагодува.

▶ При работа со режимот CenterLock задолжително внимавајте ротацискиот ласер и ласерскиот приемник да не се движат неконтролирано. Со автоматското прилагодување на навалувањето кај секоја промена на позицијата може да настане погрешно мерење.

Прекинување на режимот CenterLock:

За да го прекинете режимот CenterLock или да го завршите, притиснете го копчето за режим CenterFind (17) и држете го притиснато. Ако ласерскиот зрак бил успешно порамнет со средишната линија на ласерскиот приемник во овој момент, поставеното навалување на ротирачкиот ласер се задржува дури и ако режимот е откажан CenterLock.

Справување со грешки:

Доколку ласерскиот зрак не може да ја најде средишната линија на ласерскиот приемник во рок од 2 min (без оглед на тоа дали режимот е започнат или по промена на положба), се појавува на приказот за текст (e) ERR и сите LED-прикази за правец светат.

Притиснете на некое копче на ротирачкиот ласер за да го затворите известувањето за грешка на ласерскиот приемник. Повторно позиционирајте го ротирачкиот ласер и ласерскиот приемник, така што ласерскиот приемник се наоћа во рамките на полето на вртење од ±8,5 % на ротирачкиот ласер. Осигурете се дека ласерскиот приемник е порамнет со X-оската одн. У-оската така што ласерскиот зрак може хоризонтално да поминува низ приемното поле (1). Потоа стартувајте го одново режимот CenterLock.

Доколку двете оски на ротирачкиот ласер треба да бидат усогласени со еден ласерски приемник, истата централна функција мора да биде поставена на двата ласерски приемника. Комбинација од режимот CenterLock и режимот CenterFind не е можна.

Доколку на едната оска е веќе поставен режимот CenterFind и на другата оска е стартуван режимот CenterLock, на приказот за текст се појавува (e) наизменично ERR и CF. На двата ласерски приемника поставете го режимот CenterLock и одново стартувајте ја функцијата.

Филтер за заштита на стробоскоп

Ласерскиот приемник има електронски филтер за стробоскопски светла. Филтрите ги заштитуваат на пр. пречките од светлата за предупредување од градежни машини.

Совети при работењето

Израмнување со либела

Со помош на либелата (7) може вертикално да го порамните ласерскиот приемник. Навалениот приемник води кон погрешно мерење.

Означување

На средишната ознака (9) од десната и од левата страна на ласерскиот приемник може да ја означите позицијата на ласерскиот зрак, доколку тој поминува низ средината на приемното поле (1).

При обележувањето ласерскиот приемник мора да биде прецизно израмнет вертикално (при хоризонтален ласерски зрак) одн. израмнет хоризонтално (при вертикален ласерски зрак), инаку ознаките ќе се поместат во однос на ласерскиот зрак.

Ласерскиот приемник може да го прицврстите со држачот (23) како и на мерна летва (25) (опрема), како и на други помошни средства со ширина од 65 mm.

Затегнете го држачот (23) со завртката за прицврстување (26) во прифатот (11) на задната страна од ласерскиот приемник.

Олабавете го вртливото копче (24) на држачот, притиснете го истиот на пр. на мерната летва (25) и повторно завртете го вртливото копче (24).

Со помош на либелата (21) можете држачот (23) и со тоа ласерскиот приемник хоризонтално да ги порамните. Навалениот приемник води кон погрешно мерење.

Референтната средишна линија (22) на држачот се наога на истата висина како и средишната ознака (9) и може да се употреби за означување на ласерскиот зрак.

Доколку не е потребно безбедно прицврстување, може да го залепите ласерскиот приемник со помош на магнети (10) на челичните делови.

Поправање дефекти

Приказ на текст (е) Проблем Помош
PNKВоспоставувањето на врската прекуBluetooth® за ротирачкиот ласерGRL 600 CHV одн. GRL 650 CHVG е неуспешноНакратко притиснете го копчето за вклучување/исклучување на ротирачкиот ласер за да го затворите известување за грешка. Повторно започнете го воспоставувањето на врската.Ако врската не може да се воспостави, контактирајте jaBoschслужбата за корисници.
ERRКалибрација на ротирачкиот ласерGRL 600 CHV одн. GRL 650 CHVG е неуспешнаПрочитајте и следете го упатството за употреба за GRL 600 CHV одн. GRL 650 CHVG.
РежимCenterFindодн.режимCenterLockнеуспешноПритиснете на некое копче за да ја затворите функцијата. Проверете ја положбата на ротирачкиот ласер и ласерскиот приемник пред повторно да ја започнете функцијата.
LR 65 G:
ERR и CL наизменичноРежимотCenterFindне може да стартува бидејки ротирачкиот ласервеće работи во режимотCenterLock.На двата ласерски приемника поставете го режимотCenterFindи одново стартувајте ја функцијата.
ERR и CF наизменичноРежимотCenterLockне може да стартува бидејки ротирачкиот ласервеće работи во режимотCenterFind.На двата ласерски приемника поставете го режимотCenterLockи одново стартувајте ја функцијата.

Доделување функции

Функција можна со LR 60 и GRL 600 CHV Ротирачки ласер со црвен
ласерски зрак(600–800 nm)
Приказ за наполнетост на ротирачкиот ласер ● –
Приказ за правец за положбата на ласерскиот зрак ● ●
Приказ на релативната висина ● ●
Режим CenterFind-
Режим CenterLock--
Функција можна со LR 65 G и GRL 650 CHVG Ротирачки ласер со зелен
ласерски зрак(500–570 nm)
Приказ за наполнетост на ротирачкиот ласер ● –
Приказ за правец за положбата на ласерскиот зрак ● ●
Приказ на релативната висина ● ●
Режим CenterFind-
Режим CenterLock-

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Одржувајте ја чистотата на ласерскиот приемник.

Не го потопувајте ласерскиот приемник во вода или други течности.

Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така їе најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

194 | Srpski

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Ласерскиот приемник, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH LR 60 Professional - Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под: - 1

Не го фрлајте ласерскиот приемник и батериите во домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Според европейската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, ласерските приемници што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : LR 60 Professional

Категорија : примач