LR 1 Professional - примач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот LR 1 Professional BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Ласерски приемник |
| Бренд | Bosch |
| Модел | LR 1 Professional |
| Димензии (Д x Ш x В) | 120 x 60 x 25 mm |
| Тежина | 180 g |
| Напојување | 2 батерии AA (1,5 V) |
| Автономија | Околу 50 часа |
| Детекциски опсег | До 120 m |
| Прецизност | ±1 mm |
| Фреквенција | Приемник за ротациони ласери |
| Степен на заштита | IP54 |
| Работна температура | -10 °C до +50 °C |
| Главни функции | Детекција на ласерски зрак, LED дисплеј, звучен сигнал, носач за прачка |
| Одржување и чистење | Чистење со сува крпа, избегнувајте растворувачи |
| Безбедност | Користете според упатствата, избегнувајте директен поглед |
| Резервни делови и поправка | Батериите се заменливи, не се обезбедени резервни делови |
| Општи информации | Употреба на градилиште, компатибилен со Bosch ласери |
Frequently Asked Questions - LR 1 Professional BOSCH
Прашања на корисниците за LR 1 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот примач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник LR 1 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. LR 1 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК LR 1 Professional BOSCH
Македонски.... Страница 191
Srpski....Strana 199
Slovenščina .... Stran 207
Hrvatski....Stranica 215
Eesti Lehekülg 223
Безбедносни напомени

Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. ДОБРО ЧУВАЛТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА.
▶ Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
▶ Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
▶ За време на работата на мерниот уред се слушаат гласни сигнални тонови во одредени околности. Затоа држете го мерниот уред подалеку од ушите одн. други лица. Гласниот тон може да го оштети слухот.

Не го принесувајте магнетот во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа.
Магнетот создава поле, кое може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди.
192 | Македонски
▶ Држете го мерниот уред подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетот може да дојде до неповратно губење на податоците.
Опис на производот и перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Ласерскиот приемник е наменет за брзо пронаогање на ротирачки ласерски зраци со бранова должна којашто е наведена во техничките податоци. Ласерскиот приемник е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на ласерскиот приемник на графичката страница.
(1) Копче за вклучување-исклучување
(2) Копче за поставување точност на прием
(3) Копче за сигнален тон
(4) Магнет
(5) Средишна ознака
(6) Приемно поле за ласерскиот зрак
(7) Екран (предна и задна страна)
(8) Либела
(9) Звучник
(10) Фиксирање на капакот од преградата за батерии
(11) Сериски број
(12) Капак на преградата за батерии
(13) Прифат за држачот
(14) Вртливо копче на држачот ^a)
(15) Мерналетва ^a)
(16) Завртка за прицврстување на држачот ^a)
(17) Држач ^a)
(18) Референтна средишна линија на држачот ^a)
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандартниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Елементи за приказ
(a) Приказ за правец „Ласерски зрак над средишната линија“
(b) Приказ за точност на прием „средно“
(c) Предупредување за батеријата
(d) Приказ за правец „Ласерски зрак под средишната линија“
(e) Приказ за сигналниот тон
(f) Приказ на средишната линија
(g) Приказ за точност на прием „фино“
Технички податоци
Ласерски приемник LR 1 LR 1 G
| Број на дел/артикл | 3 601 K15 40. 3 601 K69 70. | |
| Прием на бранови должини 635–650 nm 532–535 nm | ||
| Соодветно за ротирачки ласер GRL 250 HV | GRL 300 HVGRL 300 HVGRL 400 H | GRL 300 HVG |
| Работно подраче (радиус)A) со ротациски ласер | ||
| – GRL 250 HV 0,5–125 m – | ||
| – GRL 300 HV 0,5–150 m – | ||
| – GRL 300 HVG – 0,5–150 m | ||
| – GRL 400 H 0,5–200 m – | ||
| Приемен агол 120° 120° | ||
| Прием на брзината на ротација > 200 min | -1 | > 200 min-1 |
| Точност на приемB)C) | ||
| – „фино“ ±1 mm ±1 mm | ||
| – „средно“ | ±3 mm ±3 mm | |
| Оперативна температура | -10°C ... +50°C | -10°C ... +50°C |
| Температура при складирање | -20°C ... +70°C | -20°C ... +70°C |
Bosch Power Tools
1 609 92A 7LK | (05.05.2022)
194 | Македонски
Ласерски приемник LR 1 LR 1 G
| Макс. оперативна висина преку референтната висина | 2000 m | 2000 m |
| Макс. релативна влажност на воздухот | 90 % | 90 % |
| Степен на извалканост според IEC 61010-1 | 2^D) | 2^D) |
| Батерија 1 × 9 V 6LR61 1 × 9 V 6LR61 | ||
| Времетраење на работа околу. 50 h 50 h | ||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | 0,25 kg | 0,25 kg |
| Димензии (должина × ширина × висина) | 148 × 73 × 30 mm | 148 × 73 × 30 mm |
| Вид на заштита IP 65 (отпорно на | прав и прскање на вода) | IP 65 (отпорно на прав и прскање на вода) |
В) во зависност од растојанието помеѓу ласерскиот приемник и ротациониот ласер, како и од класата на ласер и видот на ротациониот ласер
D) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.
Серискиот број на спецификационата плочка (11) служи за јасна идентификација на вашиот ласерски приемник.
Информација за бучава

Нивото на звучен притисок на сигналниот тон оценето со А, на 0,2 m растојание изнесува до 95 dB(A).
Не го држете ласерскиот приемник близу до увото!
Монтажа
Вметнување/менување на батеријата
За работа со ласерскиот приемник се препорачува користење на алкално-мангански батерии.
Извлечете го нанадвор механизмот за фиксирање (10) на преградата за батерии и отворете го поклопецот на преградата за батерии (12). Ставете ја батеријата.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.
Доколку предупредувањето за батеријата (с) се појави прв пат на екранот (7), ласерскиот приемник може да работи уште околу 3 h.
Доколку не сте го користеле ласерскиот приемник подолго време, извадете ги батериите од него. При подолго складирање, батериите во ласерскиот приемник може да се кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
▶ Заштитете го ласерскиот приемник од влага и директно изложување на сончеви зраци.
He го изложувајте ласерскиот приемник на екстремни температури или осцилации во температурата. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете го ласерскиот приемник најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или осцилации во температурата, прецизноста на ласерскиот приемник може да се наруши.
▶ Одржувајте го работниот простор без пречки кои може да го рефлектираат или попречат ласерскиот зрак. На пр., покријте ги рефлектирачките или сјајните површини. Не мерете преку стаклени панели или слични материјали. Може да се добијат погрешни резултати од мерењето преку рефлектирачки или попречен ласерски зрак.
Поставување ласерски приемник (види слика А)
Поставете го ласерскиот приемник на оддалеченост најмалку 0,5 m од ротирачкиот ласер. Кај ротирачките ласери со повеće режими на работа изберете хоризонтален или вертикален режим со највисоката ротирачка брзина.
196 | Македонски
Поставете го ласерскиот приемник, на тој начин што ласерскиот зрак їе достигне до полето за прием (6). Порамнете го на тој начин, така што ласерскиот зрак пага напречно на приемното поле (како што е прикажано на сликата).
Вклучување/исклучување
▶ При включување на ласерскиот приемник се слуша гласен сигнален тон. Затоа држете го ласерскиот приемник подалеку од ушите одн. други лица при включувањето. Гласниот тон може да го оштети слухот.
За вклучување на ласерскиот приемник, притиснете го копчето за вклучување-исклучување (1). Кратко светнуваат сите прикази на екранот и се огласуваат двата сигнални тона.
По вклучувањето на ласерскиот приемник, точноста на прием секогаш е поставена на „средно“ и сигналниот тон е ислучен.
За исклучување на ласерскиот приемник, одново притиснете на копчето за вклучување-исклучување (1).
Доколку за околу 10 min не се притисне на ниедно копче на ласерскиот приемник и до приемното поле (6) 10 min не достигне ласерски зрак, тогаш ласерскиот приемник автоматски се ислучува заради заштита на батеријата. Исклучувањето се означува со сигнален тон.
Изберете ја поставката на приказот за средишна линија
Со копчето Поставување на точноста на прием (2) може да утврдите со која точност ње се прикаже позицијата на ласерскиот зрак на приемното поле како „средно“:
– Точност при мерење „фино“ (приказ (g) на екранот),
– Точност при мерење „средно“ (приказ (b) на екранот).
При секоја промена на поставката за точност се слуша сигнален тон.
Прикази за правец
Ке се прикаже позицијата на ласерскиот зрак во приемното поле (6):
– на екранот (7) на предната и задната страна на ласерскиот приемник со приказот на правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (d), приказот на правец „Ласерски зрак над средишната линија“ (a) одн. приказот за средишна линија (f),
– опционално со сигнален тон (види „Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак“, Страница 197).
Ласерскиот приемник е поставен прениско: Доколку ласерскиот зрак поминува низ горната половина на приемното поле (6), на екранот се појавува приказот за правец „Ласерски зрак над средишната линија“ (a).
Доколку сигналниот тон е включен, се слуша сигнал со бавен такт.
Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката нагоре. Со доближување
кон средишната линија ће се прикаже само врвот на приказот за правец „Ласерски зрак над средишната линија“ (a).
Ласерскиот приемник е поставен превисоко: Доколку ласерскиот зрак поминува низ долната половина на приемното поле (6), на екранот се појавува приказот за правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (d).
Доколку сигналниот тон е включен, се слуша сигнал со забрзан такт.
Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката надолу. Со доближување кон средишната линија єе се прикаже само врвот на приказот за правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (d).
Ласерскиот приемник е поставен во средина: доколку ласерскиот зрак поминува низ полето за прием (6) на висина на средишната линија (5), на екранот светнува приказот за средишна линија (f).
При включен сигнален тон се слуша непрекинат тон.
Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак
Позицијата на ласерскиот зрак на полето за прием (6) се прикажува со сигнален тон.
Сигналниот тон може да го поставите во две различни јачини на звукот.
За вклучување одн. менување на сигналниот тон, притискајте на копчето Сигнален тон (3), додека на екранот не се прикаже посакуваната јачина на звукот. При средна јачина на звукот, приказот за сигнален тон (e) трепка на екранот, при повисока јачина на звукот приказот за сигналниот тон непрекинато свети, при ислучен сигнален тон - се гаси.
Израмнување со либела
Со помош на либелата (8) може вертикално да го порамните ласерскиот приемник. Навалениот приемник води кон погрешно мерење.
Означување
На средишната ознака (5) од десната и од левата страна на ласерскиот приемник може да ја означите позицијата на ласерскиот зрак, доколку тој поминува низ средината на приемното поле (6).
Средишната ознака се наога 45 mm од горниот раб на мерниот уред.
При обележувањето ласерскиот приемник мора да биде прецизно израмнет вертикално (при хоризонтален ласерски зрак) одн. израмнет хоризонтално (при вертикален ласерски зрак), инаку ознаките će се поместат во однос на ласерскиот зрак.
198 | Македонски
Ласерскиот приемник може да го прицврстите со држачот (17) како и на мерна летва (15) (опрема), како и на други помошни средства со ширина од 65 mm.
Затегнете го држачот (17) со завртката за прицврстување (16) во прифатот (13) на задната страна од ласерскиот приемник.
Олабавете го вртливото копче (14) на држачот, притиснете го истиот на пр. на мерната летва (15) и повторно завртете го вртливото копче (14).
Референтната средишна линија (18) на држачот се наога на истата висина како и средишната ознака (5) и може да се употреби за означување на ласерскиот зрак.
Доколку не е потребно безбедно прицврстување, може да го залепите ласерскиот приемник со помош на магнети (4) на челичните делови.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Одржувајте ја чистотата на ласерскиот приемник.
Не го потопувајте ласерскиот приемник во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така їе најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Ласерскиот приемник, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не го фрлајте ласерскиот приемник и батериите во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, ласерските приемници што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.