ML003G - Флеш MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот ML003G MAKITA во PDF формат.
| Вид на производ | LED безжична блиц лампа |
| Марка | Makita |
| Модел | ML003G |
| Извор на светлина | 20 LED, 12 W |
| Напојување | Литиум-јонска батерија 14,4 V / 18 V / 36 V DC |
| Димензии (Д × Ш × В) | 249 mm × 298 mm × 280 mm |
| Нето тежина | 3,4 kg (без батерија) |
| Степен на заштита | IP65 |
| Режими на осветлување | Висок / Низок (префрлување со притискање) |
| Агол на прилагодување | 240° (со ротациони копчиња) |
| Систем за заштита на батеријата | Да (автоматско исклучување при низок капацитет) |
| Компатибилност со статив | Да (опционален додаток, реф. GM00002073) |
| Компатибилни батерии | 14,4 V : BL1415N, BL1430B, BL1440, BL1460B ; 18 V : BL1815N, BL1820B, BL1830B, BL1840B, BL1850B, BL1860B ; 36 V : BL4020, BL4025, BL4040, BL4050F |
| Време на работа (висок режим) | Од 1,6 ч (BL1415N) до 13 ч (BL4050F) во зависност од батеријата |
| Време на работа (низок режим) | Од 4,0 ч (BL1415N) до 30 ч (BL4050F) во зависност од батеријата |
| Одржување и чистење | Избришете со крпа натопена во сапуница; не потопувајте во вода |
| Безбедност | Не гледајте директно во изворот на светлина; не покривајте; користете само оригинални Makita батерии; следете ги безбедносните упатства |
| Резервни делови и поправка | Изворот на светлина не може да се замени од корисникот; контактирајте овластен сервисен центар на Makita |
| Општи информации | Упатство за употреба достапно на повеќе јазици; гаранцијата се поништува ако се користат неавтентични батерии |
Frequently Asked Questions - ML003G MAKITA
Прашања на корисниците за ML003G MAKITA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Флеш во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник ML003G - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. ML003G на марката MAKITA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК ML003G MAKITA
Објаснување на општиот поглед
- Капак за заклучување 2. Капак за батерија 3. Сијалички на индикаторот
- Копче за проверка 5. Прекинувач 6. Избор на тип на осветленост
- Копче
СПЕЦИФИКАЦИИ
| Модел: ML003G | |
| LED 20 парчиња, 12Вати | |
| Извор на струја 14,4/18/36В ДЦ | |
| Димензии (Д × Ш × В) 249 mm × 298 mm × 280 mm | |
| Нето тежина 3,4 kg | |
| Дел за добивање на притисок 0,06 m ^2 | |
| Степен на заштита IP65 | |
- Спецификациите може да се разликуват од држава до држава.
• Димензиите се вклучувајки ја спуштената положба на рачката.
• Тежината не ја вклучува касетата со батерии. - Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите што се тука опишани се предмет на промена без најава.
Соодветна кутија за батерии и време на работа
| Напон | Соодветна батериска кутија | Време на работа (Приближно) | |
| Високо | Ниско | ||
| 14,4V | BL1415N | 1,6 часови | 4,0 часови |
| BL1430B | 3,0 часови | 8,0 часови | |
| BL1440 | 4,0 часови | 10 часови | |
| BL1460B | 5,5 часови | 13 часови | |
| 18V | BL1815N | 2,0 часови | 5,0 часови |
| BL1820B | 2,9 часови | 7,0 часови | |
| BL1830B | 4,0 часови | 9,0 часови | |
| BL1840B | 5,5 часови | 13 часови | |
| BL1850B | 7,0 часови | 17 часови | |
| BL1860B | 8,5 часови | 21 часови | |
| 36V | BL4020 | 5,0 часови | 12 часови |
| BL4025 | 6,0 часови | 14 часови | |
| BL4040 | 10 часови | 22 часови | |
| BL4050F | 13 часови | 30 часови | |
- Некои од касетите на батерии наведени погоре, може да не бидат достапни во зависност од вашиот регион на живеење.
- Времето на работа може да се разликува во зависност од видот на батеријата, статусот на полнење и состојбата на користење.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користете ги само касетите на батерии коишто се погоре наведени. Употребата на
други батериски кутии може да предизвика повреда и/или пожар.
Симболи
Следното нешто ги прикажува символите што се користат за опремата.
Бидете сигурни дека го разбирате нивното значење пред употреба.



- Прочитајте го упатството за користење.
- Само за земјите од ЕУ Поради присуството на опасни материи во опремата, отпадната електрична и електронска опрема, акумулаторите и батериите може да имаат негативно влијание врз животната средина и здравјето на лујето. Не фрлајте електрични и електронски апарати или батерии заедно со отпад од домајинството! Во согласност со Европската Регулатива за отпад од електрична и електронска опрема, за функционални и отпадни акумулатори и батерии, како и нивно прилагодување кон националните легислативи, отпадната електрична опрема, батериите и акумулаторите треба да се чуваат одделно и да се доставуваат до посебно место за собирање на комунален отпад, во согласност со прописите за заштита на животната средина. Ова е означено со симболот на пречкртана корпа за отпадоци поставена на опремата.
- Оптичко зрачење (УВ и ИР). Сведете ја на минимум изложеноста на очите или кожата.
- Не гледајте во ламбата за работа.
- Користете соодветен визир или друга заштита за очите.
- Обрнете посебна грижа и внимание!




⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: При користењето на апаратите, основните мерки на претпазливост треба секогаш да се следат, за да се намали ризикот од пожар, електричен удар и лични повреди, вклучувајки ги и следните нешта:
- Не гледајте во светлината, или не изложувајте ги очите на светлина. Може да дојде до оштетување на очите.
- Не ја покривајте сијаличката со платно, картон итн. Во спротивно може да настане пламен.
- Не изложувајте ја на дожд или снег. Не мијте ја во вода.
- Не допирајте ја внатрешноста на апаратот со пинцети, метални алатки итн.
- Кога апаратот не е во употреба, секогаш исключете го и извадете ја касетата на батеријата од апаратот.
- Не изложувајте ја апаратот на шок од отпуштање од раце, удар инт.
- Безбедносни информации за преносливи осветлувачи со батерии.
- Фрлањето на батериите треба да биде во склад со вашите локални прописи што се однесуваат на отстранувањето на опасни материјали.
- Не ја палете батеријата.
-
Дополнителни информации за осветлувачи.
-
Изворот на светлина којшто се содржи во оваа светилка треба да биде заменет единствено од страна на производителот или негов сервисер, или некое слично квалификувано лице.
-
Употреба и грижа за батериската алатка.
-
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Прочитајте ги упатства и предупредувања за безбедност. Доколку не ги следите предупредувањата или упатствата, може да предизвикате електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.
- Спречете ненамерно стартување на апаратот. Осигурете се дека прекинувачот е во ислучена позиција пред да се поврзете со батерискиот пакет, пред да го подигнете или носите апаратот. Носете го апаратот така што їе го држите прстот на прекинувачот или на енергетскиот апарат што има прекинувач за несреćни случаи.
- Исключете го батерискиот пакет од апаратот пред да направите било какви прилагодувања, да промените додатоци или да го ставите некаде апаратот. Ваквите превентивни безбедносни мерки го намалуваат ризикот од случајно вклучување на апаратот.
- Полнете ги единствено со полнач одреден од страна на производителот. Получот што е погоден за еден вид на батериски пакет може да предизвика ризик од пожар ако се користи со некој друг батериски пакет.
- Користете апарати единствено со специјално одредени батериски пакети. Користењето на било кои други батериски пакети може да создаде ризик од повреди или пожар.
- Кога батерискиот пакет не е во употреба, чувајте го подалеку од други метални објекти, како што се спојувалки, монети, клучеви, шајки, шрафови или други мали метални предмети што можат да предизвикаат конекција на еден терминал со друг. Кратењето на приклучокот на батеријата заедно може да предизвика изгореници или пожар.
- Во услови на злоупотреба, течноста може да излезе од батериите; избегнувајте контакт. Ако дојде до случаен контакт, веднаш исплакнете со вода. Ако дојде до контакт на течноста со очите, дополнително побарајте и медицинска помош. Течноста исфрлена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
- Не користете го батерискиот пакет или апарат што се оштетени или изменети. Оштетените или изменети батерии можат да покажат непредвидливо однесување, што може да резултира со пожар, експлозија или ризик од повреда.
- Не изложувајте го батерискиот пакет или апаратот на прекумерна температура. Изложеноста на пожар или на температури над 130 °C (265 °F) може да предизвика експлозија.
- Следете ги сите упатства за полнење на батериите и не полнете го батерискиот пакет или апаратот надвор од температурниот опсег одреден во упатствата. Неправилното полнење или полнењето на температури надвор од одредениот температурен опсег, може да ја оштети батеријата и да го зголеми ризикот од пожар.
- Сервисирањето треба да биде изведено од страна на квалификувано лице за поправка, кое што користи само идентични делови за замена. Со ова ће се осигура дека се одржува безбедноста на производот.
-
Не менувајте, ниту обидувајте се да го поправите апаратот или батерискиот пакет, освен на начинот којшто е наведен во упатствата за користење и грижа.
-
Важни безбедносни упатства за батериската кутија.
- Пред да ја користите касетата на батеријата, прочитајте ги сите упатства и ознаки за предупредување за (1) полночат на батерии, (2) батеријата и (3) производот што користи батерии.
- Не ја расклопувајте и не ја оштетувајте касетата на батеријата. Тоа може да предизвика пламен, преголемо загревање или експлозија.
- Ако времето на работење станало многу кратко, веднаш престанете со работењето. Тоа може да резултира со ризик од прегревање, можни изгореници, па дури и експлозија.
- Ако електролитот ви влезе во очите, исплакнете ги со чиста вода и веднаш побарајте медицинска помош. Тоа може да резултира со губење на видот.
- Не скратувајте ја касетата на батеријата.
- Не складирајте и користете го апаратот и касетата на батеријта на места каде што температурата може да достигне или надмине 50 °C (122 °F).
- Немојте да ја заковувате, сечете, кршите, фрлате или удирате касетата на батеријата од тврд предмет. Тоа може да предизвика пламен, преголемо загревање или експлозија.
- Не користете оштетена батерија.
- Содржаните литиум-јонски батерии подлежат под условите на Законот за Опасни Материи. При комерцијален транспорт на пример од трети страни, шпедитери, мора да се почитуваат специјалните услови за пакување и етикетирање. За подготовка на предметот којшто се испорачува, потребна е консултација со експерт за опасни материјали. Ве молиме почитувајте ги и евентуално подеталните национални регулативи. Залепете ги со лента или маскирајте ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на таков начин, што нема да може да се движи во пакувањето.
- Користете ги батериите единствено со производите одредени од Makita. Инсталирањето на батериите во несоодветни производи може да резултира со пожар, прекумерна топлина, експлозија или истекување на електролитот.
- Ако алатот не се користи подолг временски период, батеријата мора да се отстрани од него.
- За време на употребата и после употребата, касетата на батеријата може да поприми топлина која може да предизвика изгореници. Внимавајте кога ги допирате загреаните касети на батериите.
- Не допирајте го терминалот на касетата веднаш по употреба бидејки може да биде толку загреан што ќе ви предизвика изгореници.
- Не дозволувајте деланки, прав или нечистотија да навлезе во трминалите и отворите на касетата на батеријата. Тоа може да предизвика слаби перформанси или расипување на уредот или на касетата на батеријата.
- Освен ако уредот не е наменет за употреба во близина на високонапонска струја, не ја користете касетата на батеријата во близина на високонапонска струја. Тоа може да предизвика лошо функционирање или расипување на уредот или на касетата на батеријата.
- Чувајте ја батеријата подалеку од деца.
- Совети за одржување на максимальниот рок на траење на батеријата.
- Наполнете ја касетата на батеријата пред целосно да се испразни. Секогаш запрете го работењето на алатката и наполнете ја касетата на батеријата, кога ќе забележите помала мојност на алатката.
- Никогаш не полнете ја до крај касетата на батеријата. Преполнувањето го скратува работниот век на батеријата.
- Касетата на батеријата полнете ја на собна температура на 10 °C - 40 °C (50 °F - 104 °F). Пред полнењето оставете ја врелата касета на батеријата да се излади.
- Кога не ја користите касетата на батеријата, извадете ја од уредот или од полначот.
- Наполнете ја касетата на батеријата ако не планирате да ја користите подолг временски период (повеće од шест месеци).
⚠️ ВНИМАНИЕ: Користете само оригинални Makita батерии. Користењето на неоригинални Makita батерии, или батерии што биле изменети, може да резултира со пукање на батеријата што ѐе предизвика пожар, лични повреди и оштетувања. Toa исто така ѐе ја поништи Makita гаранцијата за Makita алатот и полночат.
Зачувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошно користење.
ОПИС НА ФУНКЦИЈАТА
⚠️ ВНИМАНИЕ:
- Секогаш осигурете се дека апаратот е ислучен и касетата на батеријата е отстранета, пред да ја прилагодите или проверите функцијата на апаратот.
Инсталирање или отстранување на касетата на батеријата
⚠️ ВНИМАНИЕ:
- Цврсто држете ги самоот апарат и батериската кутија при инсталирање или отстранување на кутијата. Неисполнувањето на условот за цврсто држење на апаратот и касетата на батеријата, може да предизвика нивно лизгање од вашите раце и да резултира со оштетување на апаратот и касетата на батеријата и лична повреда.
- Бидете претпазливи да не ги приклештите прстите(от) помећу апаратот и батериската кутија при полнење на кутијата, како и помећу апаратот и капакот на батеријата при затворање на самиот капак.
За да ја инсталирате батериската кутија, ослободете го капакот за заклучување и отворете го капакот на батеријата. (Fig.1) Вметнете ја батериската кутија. Порамнете го јазичето на касетата на батеријата со жлебот на куќиштето и лизнете ја на своето место. Вметнете ја целосно, сё додека не легне на своето место и не се чуе мало кликнување.
Ако можете да го видите црвениот индикатор на горната страна од копчето, тогаш таа не е целосно заклучена на своето место. Потоа затворете го капакот на батеријата. За да ја извадите батериската кутија, лизгајте ја од апаратот истовремено додека го лизгате копчето на предната страна од кутијата. (Fig. 2)
⚠️ ВНИМАНИЕ:
- Секогаш инсталирајте ја батериската кутија целосно на своето место. Ако не постапите така, таа може случајно да испадне од апаратот, предизвивувајки повреда кај вас или на некој кој што е околу вас.
- Немојте со сила да ја инсталирате касетата на батеријата. Ако касетата на батеријата не лизне лесно внатре, тогаш не е правилно вметната.
Укажува на преостанатиот капацитет на батеријата (Fig. 3)
(Само за батериски кутии со индикатор)
Притиснете го копчето за проверка на касетата на батеријата, за да се означи преостанатиот капацитет на батеријата. Сијаличките на индикаторот светнуваат во текот на неколку секунди.
| Сијалички на индикаторот | Преостанат капацитет | ||
| Осветлено | Исклучено | Трепка | |
| 75% до 100% | |||
| 50% до 75% | |||
| 25% до 50% | |||
| 0% до 25% | |||
| Наполнете јабатеријата. | |||
| Можно е даима дефект собатеријата. | |||
БЕЛЕШКА:
- Во зависност од условите за работа и температурата на околината, показателот може малку да се разликува од реалниот капацитет.
- Првата (лево на крај) светилка на индикаторот єе светка кога єе работи заштитниот систем на батеријата.
Користењето на батерии кои не се оригинал Макита, или батерии што биле сменети, ќе ја поништат Макита гаранцијата за самоот апарат и полначот.
Вклучување на тип на осветлување и осветленост (Fig. 4)
-
Прекинувач: Притиснете го прекинувачот еднаш, за да се вклучи светлото (Со истиот тип на осветленост како и во последното сетирање). Притиснете го прекинувачот повторно, за светлото да се исклучи.
-
Избор на тип на осветленост: Секвенцата на осветленост е: Висок степен / Низок степен / Висок степен за секое притискање кога светлото е включено.
Апаратот е опремен со систем за заштита на батеријата за да го продолжи траењето на самата батерија. Кога батеријата ће се испразни, ЛЕД светлата се гаснат, освен една ЛЕД светилка, како што е илустрирано. Потоа приближно пет до десет минути подоцна, системот автоматски ја прекинува струјата.
РАБОТА
⚠️ ВНИМАНИЕ:
- Секогаш ставајте го апаратот на рамно и цврсто место. Во спротивно може да се случа несреќа при паѓање на истиот.
Прилагодување на аголот на светлината (Fig. 6)
Олабавете ги копчињата од двете страни. Прилагодете го аголот на светлината (опсегот на прилагодување е 240°). Потоа повторно затегнете ги копчињата.
⚠️ ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да не ги фатите прстот(те) при прилагодување на аголот на светлината.
Користење со статив (опционален додаток)
⚠️ ВНИМАНИЕ:
- Внимателно прочитајте го упатството за употреба на додатоците пред да ги користите заедно со светлото.
Можете да ја ставите светлината на стативот за да ја завршите работата. (Fig. 7)
⚠️ ВНИМАНИЕ:
- Бидете внимателни да не го испуштите апаратот кога го прикачувате уредот на стативот.
- Ставете го стативот на рамна и цврста површина со цел да го спречите од пагање.
- Раширете ги ногарките од стативот до максимум.
- Не го користете стативот ако ветрот е силен.
- Проверете дали апаратот е безбедно прицврстен на стативот.
- Отстранете го апаратот кога го носите или кога ги преклопувате ногарките на стативот.
- Бидете внимателни да не ја потфатите раката во ногарките на стативот при склопување на истиот.
ОДРЖУВАЊЕ
⚠️ ВНИМАНИЕ:
- Секогаш осигурајте се дека апаратот е ислучен и касетата на батеријата е отстранета, пред да се обидете да извршите инспекција или одржување на производот.
- Никогаш не користете петрол, бензин, разредувач, алкохол или нешто слично. Може да дојде до промена на бојата, деформација или пукнатини.
Само процедурата за одржување опишана во овој прирачник со упатства може да биде извршена од страна на корисникот. Секоја друга поправка мора да биде извршена во овластени сервисни центри за Макита.
Чистење
⚠️ ВНИМАНИЕ:
- Не го мијте никогаш уредот во вода.
Од време на време, избришете го надворешниот дел (самата површина на апаратот) од апаратот користејки крпа натопена во вода со сапуница.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОДАТОЦИ
ВНИМАНИЕ:
- Овие додатоци или прилози се препорачуваат за употреба со вашиот Макита апарат наведен во овој прирачник. Употребата на било какви други додатоци или прилози може да претставува ризик од повреда за корисниците. Користете го додатокот или прилогот само за наведената намена.
Доколку ви е потребна било каква помош или повеće детали во врска со овие додатоци, контактирајте го вашиот локален сервисен центар за Макита.
• Статив [Дел број: GM00002073]
БЕЛЕШКА:
- Некои делови од списокот може да бидат включени во пакетот за апаратот како стандартни додатоци. Тие можат да се разликуваат од една земја до друга.