BOSCH Climate 5000i - Клима

Climate 5000i - Клима BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Climate 5000i BOSCH во PDF формат.

📄 268 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice BOSCH Climate 5000i - page 142
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : Climate 5000i

Категорија : Клима

Преземете ги упатствата за вашиот Клима во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Climate 5000i - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Climate 5000i на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Climate 5000i BOSCH

Содржина 1 Објаснување на симболите и безбедносни

1.1 Објаснување на симболите

Предупредување Во предупредувањата, сигналните зборови посочуваат кон типот и сериозноста на последиците ако не се следат мерките за избегнување на опасноста. Дефинирани се следните сигнални зборови и може да се употребуваат во овој документ:

ОПАСНОСТ означува дека ќе се случат тешки до смртни лични

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ означува дека може да се случат тешки до смртни лични повреди.

ВНИМАТЕЛНО означува дека може да се случат лесни до средни лични повреди. HAПOMEHA НАПОМЕНА значи дека може да се случат материјални штети. Важни информации Важните информации без опасности за лични или материјални штети се означени со прикажаниот симбол за информации. Таб. 1 1 Објаснување на симболите и безбедносни напомени . . .142

1.1 Објаснување на симболите. . . . . . . . . . . . . . . . . . . .142

2.4 Податоци за разладното средство . . . . . . . . . . . . . .144

3.2 Услови за местото на поставување. . . . . . . . . . . . . .145

3.3 Монтажа на уредот . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .145

3.3.1 Монтирање на внатрешната единица . . . . . . . . . . .145

3.3.2 Монтажа на надворешната единица . . . . . . . . . . . .145

3.4 Поврзување на цевките. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .146

3.4.1 Поврзување на разладните линии со

внатрешната и надворешната единица . . . . . . . . . .146

3.4.2 Поврзување одвод за кондензација на

внатрешната единица . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .146

3.4.3 Проверка за протекувања и полнење на

3.5.2 Поврзување на внатрешната единица. . . . . . . . . . .147

3.5.3 Поврзување на надворешната единица . . . . . . . . .147

4 Пуштање во употреба . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .148

4.1 Список на проверки за пуштање во употреба . . . .148

6 Заштита на животната средина и исфрлање во отпад . . .150 7 Технички податоци. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .151 Симбол Значење Предупредување за запаливи супстанци: разладното средство R32 во овој производ е во гасна состојба и има слаба запаливост и ниска токсичност (A2L или A2). Одржувањето треба да го спроведува квалификувано лице, кое ќе ги следи насоките во упатствата за одржување. Внимавајте при работата на насоките во упатствата за ракување.Објаснување на симболите и безбедносни напомени

1.2 Општи безбедносни напомени

H Напомени за целната група Овие упатства за монтажа се наменети за специјализирани лица за технологија за разладување и климатизација, како и за електро- техничари. Мора да се следат насоките во сите упатства релевантни за системот. Ако не се следат насоките, може да дојде до материјални штети и лични повреди, коишто може да бидат дури и смртоносни. ▶Прочитајте ги сите упатства за монтажа за сите компоненти на системот пред монтажата. ▶ Внимавајте на безбедносните напомени и предупредувањата. ▶ Внимавајте на националните и регионалните прописи, технички правила и регулативи. ▶ Документирајте го сработеното. H Прописна употреба Внатрешната единица е предвидена за инсталација во објект со поврзување со надворешната единица и дополнителните компоненти на системот, на пример, регулатори. Надворешната единица е предвидена за инсталација надвор од објект со поврзување со една или повеќе внатрешни единици и дополнителните компоненти на системот, на пример, регулатори. Секоја друга употреба се смета за непрописна. Непрописната употреба и штетите што резултираат од неа се исклучени од гаранцијата. За инсталација на специјални локации (подземно паркиралиште, балкон или други полуотворени

▶ Внимавајте на барањата за местото на инсталација наведени во техничката документација. H Општи опасности предизвикани од разладното средство ▶Овој уред е наполнет со разладно средство R32. Гасот од разладното средство може да биде токсичен ако дојде во контакт со оган. ▶ Ако истече разладно средство за време на монтажата, темелно проветрете ја просторијата. ▶ По монтажата, проверете дали има некакво протекување на системот. ▶ Не ставајте никакви други супстанци во разладното коло освен наведеното разладно средство (R32). H Безбедност на електричните уреди за домашна употреба и слични намени Со цел да се избегнат опасности, важат следниве спецификации во однос на EN 60335-1: «Овој уред можат да го користат деца над 8- годишна возраст, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, или пак без искуство и знаење, земајќи предвид дека се под надзор или добиваат упатства како безбедно да го користат уредот и ги разбираат опасностите што произлегуваат од употребата. Децата не смеат да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето не смеат да се изведуваат од страна на деца без да бидат под надзор.» «Доколку се оштети кабелот за струја, истиот мора да го замени производителот или сервисна служба, или пак друго квалификувано лице со цел да се избегнат опасностите што произлегуваат од

H Предавање на корисникот Подучете го корисникот при предавањето на клима уредот за ракувањето и условите на работа на

▶Објаснете како се ракува со уредот – притоа, особено посветете внимание на тоа како се користи безбедно. ▶ Особено внимавајте на следниве точки: – Модификациите или сервисирањето смее да го врши само одобрен специјалист. – За уредот да работи безбедно и еколошки, задолжително е барем еднаш годишно да се проверува и да се чисти и одржува по потреба. ▶ Можните последици (лични до смртоносни повреди, или материјални штети) произлегуваат поради недостаток или несоодветна проверка, чистење и одржување. ▶Предајте ги упатствата за монтажа и ракување на корисникот за да ги има на располагање во иднина.

1.3 Напомени за овој прирачник

Ќе пронајдете збир од илустрации на крајот од овој прирачник. Текстот содржи упатувања кон илустрациите. Во зависност од моделот, вашиот производ може да се разликува од тој во илустрациите во овој прирачник.Податоци за производот Climate 5000i – 6721824787 (2021/09)

2 Податоци за производот

2.1 Изјава за сообразност

Овој производ соодветствува на европските и националните законски побарувања во поглед на конструкцијата и работата. Со CE-ознаката се упатува на тоа дека производот е сообразен во однос на сите применливи регулативи на ЕУ со кои се предвидува примената на ознаката. Целосниот текст од изјавата за сообразност можете да ја пронајдете на интернет: www.bosch-climate.rs.

2.2 Содржина на достава

Легенда за слика 1: [1] Надворешна единица (исполнета со разладно средство) [2] Внатрешна единица (исполнета со азот) [3] Филтер за ладен катализатор (црн) и биофилтер (зелен) [4] Издувно колено со заптивка (за надворешна единица со штендер или ѕидна конзола) [5] Далечинско управување [6] Држач за далечински управувач со завртка за прицврстување [7] Материјал за прицврстување (5 завртки и 5 типли) [8] Комплет памфлети за производната документација [9] 5-жичан комуникациски кабел (незадолжителна опрема) [10] 4 ублажувачи на вибрации за надворешната единица

2.3 Димензии и минимални растојанија

2.3.1 Внатрешна и надворешна единица

Легенда за слика 5: [1] Цевка за гас [2] Цевка за течност [3] Сифонски лак како отстранувач на масло Ако надворешната единица е поставена повисоко од внатрешната, поставете сифонски лак на не повеќе од 6 m и додајте други на секои 6m ( Слика 5, [1]). ▶Придржувајте се до максималната должина на цевката и максималната разлика во висината меѓу внатрешната и надворешната единица. Таб. 2 Должина на цевка и разлика во висина Таб. 3 Дијаметар на цевка во зависност од типот на уредот Таб. 4 Алтернативен дијаметар на цевка Таб. 5

2.4 Податоци за разладното средство

Овој уред содржи флуориран гас што предизвикува ефект на стаклена градина како разладно средство. Уредот е херметички затворен. Податоци за разладното средство согласно барањата од Регулативата на ЕУ бр. 517/2014 за флуорирани гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина можете да пронајдете во упатствата за ракување. Напомени за инсталатерот: кога дополнувате разладно средство, дополнителната и вкупната количина разладно средство треба да ги внесете во табелата «Податоци за разладното средство» во упатствата за ракување.

1) Страна на гасот или течноста

2) Измерено од долниот раб до долниот раб.

CL5000i 26 E ≤ 25 ≤ 10 CL5000i 35 E ≤ 25 ≤ 10 Дијаметар на цевка Тип на уред Страна на течноста [mm] Страна на гасот [mm] CL5000i 26 E 6,35 (1/4") 9,53 (3/8") CL5000i 35 E 6,35 (1/4") 9,53 (3/8") Дијаметар на цевка [mm] Алтернативен дијаметар на цевка [mm] 6,35 (1/4") 6 9,53 (3/8") 10 Спецификации на цевката Мин. должина на цевковод 3 m Стандардна должина на цевковод 5 m Дополнително разладно средство при должина на цевковод поголема од 5 m 12 g/m Дебелина на цевка ≥ 0,8 mm Дебела топлинска заштита ≥ 6 mm Материјал на топлинска заштита Полиетиленска пенаМонтажа

Опасност за повреди поради остри рабови! ▶ Носете заштитни ракавици при монтажата.

Опасност поради изгореници! Линиите на цевките се загреваат додека уредот работи. ▶ Осигурете се дека линиите се изладени пред да ги допирате. ▶ Проверете дали содржината на доставата е точна. ▶ Проверете дали има звук на шиштење од цевките на внатрешната единица поради негативен притисок.

3.2 Услови за местото на поставување

▶Придржувајте се до минималното растојание ( Слики 2 до 3). Внатрешна единица ▶Не монтирајте ја внатрешната единица во просторија со отворен извор на запалување (пр. отворен пламен, гасен уред или електрична греалка што се користи). ▶ Местото на монтажа не смее да се наоѓа на надморска височина поголема од 2000 m. ▶Одржувајте ги влезовите и излезите за воздух слободни и без препреки за да може воздухот да циркулира непречено. Во спротивно, уредот може да не работи задоволително и да се зголеми нивото на бучава. ▶ Држете ги телевизорот, радиото и другите вообичаени уреди барем 1 m од уредот или неговиот далечински управувач. ▶ Изберете ѕид за внатрешната единица којшто ги ублажува вибрациите. ▶Имајте ја предвид минималната потребна површина на просторијата. Таб. 6 Минимална површина на просторијата Ако точката на монтажа е ниска, тогаш подната површина мора да биде доволно голема. Надворешна единица ▶Не изложувајте ја надворешната единица на испарувања од машинско масло, извори на врела пареа, сулфурни гасови итн. ▶ Не монтирајте ја надворешната единица каде што е директно изложена на вода или морски ветер. ▶ Надворешната единица мора да биде заштитена од снег. ▶ Издувниот воздух или бучавата од работата на уредот не смее да ја вознемирува околината. ▶ Воздухот мора да има добра циркулација околу надворешната единица, но не смее уредот да биде изложен на силен ветер. ▶Кондензацијата што се создава при работата мора слободно да истекува и да не создава проблеми по околината. Ако е потребно, поставете црево низ кое ќе истекува. Во ладните региони, не се препорачува поставување на истечно црево бидејќи може да

▶Поставете ја надворешната единица на стабилна подлога.

3.3 Монтажа на уредот

HAПOMEHA Материјални штети поради непрописна монтажа! Непрописната монтажа може да предизвика уредот да отпадне од

▶Монтирајте го уредот само на цврст и рамен ѕид. Ѕидот мора да има капацитет да ја издржи тежината на уредот. ▶ Употребете завртки и типли наменети само за типот на ѕид и за тежината на уредот.

3.3.1 Монтирање на внатрешната единица

▶ Отворете го пакетот на горната страна и извадете ја внатрешната единица ( Слика 6). ▶Поставете ја внатрешната единица со стиропорот на неа на нејзината предна страна ( Слика 7). ▶ Одвртете ги завртките и монтажната плоча на задната страна на внатрешната единица. ▶ Одредете го местото каде што ќе биде монтирана земјаќи ги предвид минималните растојанија ( Слика 2). ▶ Прицврстете ја монтажната плоча на ѕидот со завртка и типла на горната средна точка и изнивелирајте ја ( Слика 8). ▶ Прицврстете ја монтажната плоча и со другите четири завртки и типли за да биде припиена за ѕидот. ▶ Издупчете отвор во ѕидот за црево (се препорачува отворот на ѕидот да се наоѓа позади самата внатрешна единица Слика 9). ▶ Ако е потребно, променете ја позицијата на истекување на кондензацијата ( Слика 10). Фитинзите за цевка на внатрешната единица во главно се наоѓаат на нејзината задна страна. Препорачуваме да ги издолжите цевките пред да ја прикачите внатрешната единица. ▶ Изведете ги фитинзите за цевките како во поглавјето 3.4. Изведете ги фитинзите за цевките како во поглавјето. ▶ Ако е потребно, подвиткајте ги цевките во посакуваната насока и направете отвор на страната на внатрешната единица ( Слика 12). ▶ Поставете ги цевките низ ѕидот и прикачете ја внатрешната единица на монтажната плоча ( Слика 13). ▶ Отворете го капакот и отстранете еден или двата филтерски вметоци ( Слика 14). ▶ Вметнете го филтерот што ви е доставен во филтерските вметоци и вратете ги вметоците назад. Ако треба да ја отстраните внатрешната единица од монтажната плоча: ▶Повлечете ја долната страна на прекривката во подрачјето на двата жлеба и повлечете ја внатрешната единица нанапред ( Слика 15).

3.3.2 Монтажа на надворешната единица

▶ Поставете го пакетот исправено. ▶ Исечете ги и отстранете ги ремените што го држат пакетот затворен. ▶ Отворете го пакетот горе и отстранете го пакувањето. ▶ Зависно од типот на монтажа, подгответе и монтирајте штендер или ѕидна конзола. ▶Поставете ја или прикачете ја надворешната единица и употребете ги доставените или од корисникот снабдените ублажувачи на вибрации за ногарките. ▶ При монтажа со штендер или ѕидна конзола, поставете го доставеното издувно колено со заптивка ( Слика 16). ▶ Отстранете го капакот за спојките за цевка ( Слика 17). ▶ Изведете ги фитинзите за цевките како во поглавјето 3.4. Изведете ги фитинзите за цевките како во поглавјето. ▶ Повторно поставете го капакот за спојките за цевка. Тип на уред Висина на монтажа [m]

површина на просторијата [m

3.4 Поврзување на цевките

3.4.1 Поврзување на разладните линии со внатрешната и

надворешната единица

Истекување на разладно средство поради неправилно

Ако фитинзите се постават неправилно, може да истече разладното средство. Механичките приклучоци и компресисики фитинзи за повеќекратна употреба не се дозволени во внатрешен простор. ▶ Само еднаш затегнете ги компресиските фитинзи. ▶Откако ќе ги одвртите компресиските фитинзи, повторно затегнете ги. Бакарните цевки се достапни во метри или инчи, но навојот на компресиските навртки е секогаш ист. Компресиските фитинзи на внатрешната и надворешната единица се изработени за инчи. ▶ При употреба на метрички бакарни цевки, компресиските навртки треба да се заменат со други што имаат одговарачки дијаметар ( Табела 7). ▶Одредување на дијаметар и должина на цевка ( Страница 144). ▶ Исечете ја цевката со секач за цевки ( Слика 11). ▶ Измазнете го крајот на цевката и исчистете го од деланки. ▶Поставете ја навртката на цевката. ▶ Проширете ја цевката со соодветен алат за да одговара на димензиите од Табела 7. Навртката мора да може лесно да се поставува на работ, но не и да испаѓа од него. ▶ Поврзете ја цевката и затегнете ја спојката со вртежната сила дадена во Табела 7. ▶ Повторете го чекорот горе за втората цевка. HAПOMEHA Намалена ефикасност поради размена на топлина меѓу разладните линии ▶Изолирајте ги топлински разладните линии одделно една од друга. ▶Поставете ја изолацијата на цевките и фиксирајте ја. Таб. 7 Спецификации за фитинзите за цевки

3.4.2 Поврзување одвод за кондензација на внатрешната

Садот за кондензат на внатрешната единица е опремен со два приклучока. Фабрички се монтирани црево за кондензација и чепови, коишто можете да ги смените ( Слика 12). ▶ Поставете го цревото за кондензација така што ќе има пад за слевање на кондензатот.

3.4.3 Проверка за протекувања и полнење на системот

Проверка за протекувања Следете ги националните и локалните регулативи за проверката за протекувања. ▶ Отстранете ги капачињата од трите вентили ( Слика 18, [1], [2] и [3]). ▶ Поврзете Шрадер-отворач [6] и уред за мерење притисок [4] на Шрадер-вентилот [1]. ▶ Завртете го Шрадер-отворачот и отворете го Шрадер- вентилот [1]. ▶ Оставете ги вентилите [2] и [3] затворени и наполнете го системот со азот додека притисокот 10 % не го надмине максималниот работен притисок ( Страница 151). ▶ Проверете по 10 минути дали притисокот е променет. ▶ Испуштете го азотот додека не се достигне максималниот работен притисок. ▶ Проверете дали притисокот е променет по 1 час. ▶ Испуштете го азотот. Полнење на системот HAПOMEHA Дефектна функција поради погрешно разладно средство Надворешната единица е наполнета со разладно средство R32

▶Кога ќе мора да дополните разладно средство, наполнете го уредот само со истото средство. Не мешајте различни типови на разладно средство. ▶ Празнете го системот со вакуумска пумпа ( Слика 18, [5]) додека не достигне околу −1 bar (или околу. 500 Micron). ▶ Отворете го горниот вентил [3] (од страната на течноста). ▶ Проверете со уред за мерење притисок [4] дали има слободен

▶ Отворете го долниот вентил [2] (од страната на гасот). Разладното средство е распоредено низ системот. ▶На крајот, проверете го притисокот. ▶ Одвртете го Шрадер-отворачот [6] и затворете го Шрадер- вентилот [1]. ▶ Отстранете ги вакуумската пумпа, уредот за мерење притисок и Шрадер-отворачот. ▶ Поставете ги капачињата на вентилите. ▶ Вратете го капакот за спојките за цевки на надворешната единица. Надворешен дијаметар на цевка Ø [mm] Вртежна сила [Nm] Дијаметар на компресискиот отвор (A) [mm] Компресиски крај на

Однапред монтирана навојна компресиска

3.5 Електричен приклучок

3.5.1 Општи напомени

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасност по животот поради струен удар! Допирањето на електричните делови додека се под напон може да предизвика струен удар. ▶ Пред да работите на електричните делови: отповрзете ги сите полови на напојувањето (осигурувачи/LS-прекинувач) и осигурете ги од повторно вклучување. ▶ На електричниот систем смее да работи само лиценциран електричар. ▶Внимавајте на мерките за заштита согласно националните и меѓународните прописи. ▶ Ако во мрежното напојување има одреден безбедносен ризик, или пак се случи краток спој при инсталирањето, информирајте го операторот во писмена форма и не инсталирајте го уредот додека не го отстраните проблемот. ▶ Поврзете ги сите електрични приклучоци согласно шемата за електриката. ▶Отстранувајте ја изолацијата од каблите само со специјална алатка. ▶ Не поврзувајте други уреди на истиот штекер на којшто е поврзан

▶Внимавајте да не помешате кој е фазен, а кој е неутрален спроводник. Инаку може да предизвикате дефект на функциите. ▶ Ако сте постојано приклучени за струјната мрежа, поставете заштита од преголем напон и прекинувач на колото дизајниран за 1,5-кратно поголема потрошувачка од максималната потрошувачка на уредот. ▶ За уреди со фиксен приклучок во струја каде што струјата што протекува може да е појака од 10 mA, препорачуваме да поставите заштитен прекинувач за диференцијална струја (RCD) со измерена диференцијална струја на активирање не повисока од 30 mA.

3.5.2 Поврзување на внатрешната единица

Внатрешната единица се поврзува со надворешната единица преку 5-жичан комуникациски кабел од типот H07RN-F. Проводниот пречник на комуникацискиот кабел треба да биде најмалку 1,5 mm

HAПOMEHA Материјални штети поради погрешно поврзана внатрешна

Внатрешната единица се снабдува со струја преку надворешната

▶Поврзувајте ја внатрешната единица само на надворешната. За поврзување на комуникацискиот кабел: ▶ Кренете го горниот капак ( Слика 19). ▶ Отстранете ги завртките и отстранете го капакот од контролниот

▶ Отстранете ги завртките и отстранете го капакот [1] за приклучните клеми ( Слика 20). ▶ Отворете го влезот за кабелот [3] на задната страна на внатрешната единица и протнете го кабелот. ▶Осигурајте го кабелот со стегите [2] и поврзете ги клемите W, 1(L), 2(N), S и . ▶Внимавајте како се назначени жиците во однос на клемите за поврзување. ▶ Вратете ги капаците. ▶ Спроведете го кабелот до надворешната единица.

3.5.3 Поврзување на надворешната единица

Со надворешната единица се поврзува кабел за струја (3-жичан), а за внатрешната единица комуникациски кабел (5-жичан). Користете кабли од типот H07RN-F со доволен спроводен пречник и осигурете го приклучокот со осигурувач ( Табела 8). Таб. 8 ▶ Отстранете ги завртките и капакот за електричните приклучоци ( Слика 21). ▶ Осигурете го комуникацискиот кабел со стегите и поврзете го со клемите W, 1(L), 2(N), S и (назначете ги жиците на приклучните клеми како кај внатрешната единица) (

▶Осигурајте го кабелот со стегите и приклучете го за клемите L, N и . ▶ Вратете го капакот.

≥1,5mm 2Пуштање во употреба Climate 5000i – 6721824787 (2021/09)

4Пуштање во употреба

4.1 Список на проверки за пуштање во употреба

По успешното инсталирање со проверка за протекување и поставен електричен приклучок, можете да го тестирате системот. ▶ Приклучете го уредот во струја. ▶ Вклучете ја внатрешната единица со далечинскиот управувач. ▶ Притиснете на копчето Mode за да го изберете режимот на ладење ('). ▶Притискајте го копчето за стрелка (/) за намалување на температурата додека не дојдете до најниската температура што може да се постави. ▶ Тестирајте дали лади добро во времетраење од 5 минути. ▶ Притиснете го копчето Mode за да го изберете режимот за греење (%). ▶Притискајте го копчето за стрелка (.) за покачување на температурата додека не дојдете до највисоката температура што може да се постави. ▶ Тестирајте дали загрева добро во времетраење од 5 минути. ▶ Уверете се дека преградата за насочување на воздухот се движи

При собна температура под 17 °C режимот за ладење мора да се вклучи рачно. Таквиот рачен режим е предвиден само за тестирање и итни случаи. ▶ Во нормални случаи, секогаш се користи далечинскиот управувач. За рачно да го вклучите режимот на ладење: ▶ Исклучете ја внатрешната единица. ▶ Притиснете го копчето за рачен режим на ладење двапати со помош на тенок предмет ( Слика 23). ▶ Притиснете го копчето Mode на далечинскиот управувач за да излезете од рачно поставениот режим за ладење. Рачната работа не е возможна кај системи на мулти-сплит клима уреди.

4.3 Предавање на корисникот

▶ Кога системот е поставен, предајте го прирачникот со упатствата за монтажа на корисникот. ▶Објаснете му на корисникот како да ракува со системот со помош на упатствата за ракување. ▶ Препорачајте му на корисникот да ги прочита внимателно упатствата за ракување. 5 Отстранување дефекти

5.1 Дефекти со приказ на код

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасност по животот поради струен удар! Допирањето на електричните делови додека се под напон може да предизвика струен удар. ▶ Пред да работите на електричните делови: отповрзете ги сите полови на напојувањето (осигурувачи/LS-прекинувач) и осигурете ги од повторно вклучување. Ако се случи некаков дефект со работата на уредот, приложете го прикажаниот код за дефект (пр. EH 02). Ако некој дефект не престане и по 10 минути: ▶ Исклучете ја и повторно вклучете ја внатрешната единица. Ако дефектот продолжи: ▶ Јавете се во корисничката служба и кажете го кодот на дефект и дајте податоци за уредот. 1 Надворешната и внатрешната единица се прописно монтирани. 2 Цевките се прописно

  • проверени дали протекуваат. 3 Поставен е соодветен одвод за кондензација и истиот е тестиран. 4 Електричниот приклучок е прописно поврзан.
  • Напојувањето со струја е во нормален опсег
  • Заштитниот спроводник е прописно поставен
  • Кабелот за поврзување е цврсто приклучен

5 Сите капаци се поставени и прицврстени. 6 Преградата за насочување на воздухот на внатрешната единица е правилно монтирана и актуаторот е на место.Отстранување дефекти

Таб. 11 Код за дефект Можна причина EC 07 Бројот на вртежи на фенот на надворешната единица е надвор од нормала EC 51 Грешка со параметрите на надворешната единица во EEPROM EC 52 Дефект со температурниот сензор T3 (калем на кондензаторот) EC 53 Дефект со температурниот сензор T4 (надворешна температура) EC 54 Дефект со температурниот сензор на TP (линија за испуштање на компресорот) EC 56 Дефект со температурниот сензор на T2B (испуст на испарувачкиот калем; само кај мулти-сплит клима уреди) EH 0A EH 00 Грешка со параметрите на внатрешната единица во EEPROM EH 0b Комуникациски дефект меѓу плочата на главното струјно коло на внатрешната единица и дисплејот EH 02 Грешка во препознавањето на сигналот за нула премин EH 03 Бројот на вртежи на вентилаторот на внатрешната единица е надвор од нормала EH 60 Дефект со температурниот сензор T1 (собна температура) EH 61 Дефект со температурниот сензор T2 (средина на испарувачкиот калем) EL 0C

1) Откривањето протекување не е возможно во системи на мулти-сплит клима уреди.

Нема доволно разладно средство или истекува, или пак има дефект со температурниот сензор T2 EL 01 Комуникациски дефект меѓу внатрешната и надворешната единица PC 00 Дефект со IPM-модулот или IGBT-заштитата од прекумерна струја PC 01 Заштита против прекумерен или пренизок напон PC 02 Температурна заштита на компресорот или заштита од прегревање на IPM-модулот, или пак заштита против преголем

PC 03 Заштита од пренизок напон PC 04 Дефект со модулот на инвертер компресорот PC 08 Заштита од преоптоварување со струја PC 40 Комуникациски дефект меѓу главното струјно коло на надворешната единица и главното струјно коло на погонот на компресорот −− Проблем со режимот на работа на внатрешната единица; режимот на работа на внатрешната единица мора да се усогласи со тој на надворешната. Дефект Можна причина Решение Моќноста на внатрешната единица е можеби

Можеби е извалкан разменувачот на топлина на надворешната или внатрешната единица. ▶ Исчистете го разменувачот на топлина на надворешната или внатрешната единица. Премалку разладно средство ▶ Проверете ги цевките за протекувања и ако треба отстранете ги протекувањата. ▶ Дополнете разладно средство. Не функционира надворешната или внатрешната единица. Нема струја ▶ Проверете го приклучокот за струја. ▶ Вклучете ја внатрешната единица. Проверете го заштитниот прекинувач за диференцијална струја или осигурувачот вграден во уредот

се активирал. 1) Осигурувачот за заштита од прекумерна струја се наоѓа на главното струјно коло. Спецификациите се испечатени на главното струјно коло и се наоѓаат и во техничките податоци на страница 151. Употребувајте само керамички осигурувачи отпорни на експлозија. ▶ Проверете го приклучокот за струја. ▶ Проверете ги заштитниот прекинувач за диференцијална струја и осигурувачот. Надворешната или внатрешната единица започнува и запира ненадејно. Премалку разладно средство во системот. ▶ Проверете ги цевките за протекувања и ако треба отстранете ги протекувањата. ▶ Дополнете разладно средство. Премногу разладно средство во системот. Извлечете малку од разладното средство со уред за шмукање на разладно средство. Во разладното средство има влага или нечистотии. ▶ Испуштете го разладното средство. ▶ Наполнете ново разладно средство. Преголеми флуктуации во напонот. ▶ Инсталирајте регулатор на напонот. Компресорот е дефектен. ▶ Заменете го компресорот.Заштита на животната средина и исфрлање во отпад Climate 5000i – 6721824787 (2021/09)

6 Заштита на животната средина и исфрлање во

Заштитата на животната средина е корпоративен принцип на групацијата Bosch. Квалитетот на производите, економичноста и заштитата на животната средина се од еднаква важност за нас. Строго се придржуваме до законите и прописите за заштитата на животната

За да ја заштитиме животната средина, ги користиме најдобрата можна технологија и материјали, земајќи ги предвид економските

Кога се работи за пакувањето и амбалажата, вклучени сме во националните системи за рециклирање со цел да се загарантира оптимално рециклирање. Сите употребени материјали за пакувањето се поволни во однос на животната средина и може да се рециклираат.

Старите уреди содржат вредни материјали коишто може да се пренаменат. Лесно се расклопуваат компонентите. Пластиката е означена. Така можете да ги сортирате и рециклирате или исфрлите различните компоненти. Електрични и електронски стари уреди Овој симбол значи дека производот не смее да се исфрла во отпад со обичниот отпад од домаќинството, туку мора да се однесе во соодветен центар за рециклажа каде што ќе се истретира, рециклира и

Симболот важи за земјите со прописи за електронски отпаден материјал, на пример, европската регулатива 2012/19/EG за електронски и електрични стари уреди. Таквите прописи ги дефинираат општите услови што се однесуваат на враќањето и рециклирањето на електронските стари уреди што се на сила во поединечните земји. Со оглед дека електронските уреди содржат опасни супстанци, мора да се рециклираат за да се минимизираат можните ризици по животната околина и човековото здравје. Освен тоа, рециклирањето на електронските отпадни материјали помага да се зачуваат производните ресурси. За повеќе информации околу еколошкиот начин на исфрлање на електрични и електронски стари уреди, обратете се кај локалните надлежни власти, во комуналното претпријатие или таму каде што сте го купиле производот.

е информации ќе пронајдете овде: www.weee.bosch-thermotechnology.com/ Разладно средство R32 Уредот содржи флуориран гас со ефект на стаклена градина R32 (потенцијал на глобално затоплување од

) со слаба запаливост и ниска токсичност (A2L или A2). Содржената количина е наведена на фабричката табличка на надворешниот уред. Разладните средства се опасност за животната средина и мора да се соберат и исфрлат на посебен начин.

1) поради Прилог 1 од Директивата (ЕУ) бр. 517/2014 на Европскиот

парламент и на советот од 16. април 2014 година.Технички податоци